венец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/venec/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Mar 2024 13:34:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png венец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/venec/ 32 32 На денешен ден Прличев во Атина бил овенчан со „Ловоров венец“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-deneshen-den-prlichev-vo-atina-bil-ovenchan-so-lovorov-venets/ Mon, 25 Mar 2024 13:34:35 +0000 https://republika.mk/?p=758561

Во 1860 година на традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби „Ловоров венец“ за поемата “Сердарот”.

Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1830 – Охрид, 6 февруари 1893) е истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики и епохата во која живее и работи, класицизмот и романтизмот, како стилски белези. Според македонската енциклопедија, тој е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб.
Поемата е напишана во 1860 година, а за нејзиното значење доволно зборува и фактот што поради неа бил наречен „втор Хомер“. Оригинално е напишана на грчки јазик како „О Арматалос“, но при крајот на животот Прличев ја превел на македонски јазик. Во меѓувреме, по дознавањето за трагичната смрт на неговите драги пријатели, браќата Миладиновци, веднаш се вратил во Македонија. 1871 година е доста важна година во неговиот живот, кога ја препејува егендарната поема „Илијада“, по што е наречен втор Хомер.
Григор Прличев е еден од најпознатите писатели во македонската литература од 19-от век. Делата на овој преродбеник и литерат, зрачат со епохалност, симболичност и енергија која ја воведе македонската литература во едно ново поглавје. Неговата работа и дело го претставуваат како еден од најпродуктивните македонски писатели од периодот кога Македонија водела силна битка со културната преродба.

The post На денешен ден Прличев во Атина бил овенчан со „Ловоров венец“ appeared first on Република.

]]>

Во 1860 година на традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби „Ловоров венец“ за поемата “Сердарот”. Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1830 – Охрид, 6 февруари 1893) е истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики и епохата во која живее и работи, класицизмот и романтизмот, како стилски белези. Според македонската енциклопедија, тој е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб. Поемата е напишана во 1860 година, а за нејзиното значење доволно зборува и фактот што поради неа бил наречен „втор Хомер“. Оригинално е напишана на грчки јазик како „О Арматалос“, но при крајот на животот Прличев ја превел на македонски јазик. Во меѓувреме, по дознавањето за трагичната смрт на неговите драги пријатели, браќата Миладиновци, веднаш се вратил во Македонија. 1871 година е доста важна година во неговиот живот, кога ја препејува егендарната поема „Илијада“, по што е наречен втор Хомер. Григор Прличев е еден од најпознатите писатели во македонската литература од 19-от век. Делата на овој преродбеник и литерат, зрачат со епохалност, симболичност и енергија која ја воведе македонската литература во едно ново поглавје. Неговата работа и дело го претставуваат како еден од најпродуктивните македонски писатели од периодот кога Македонија водела силна битка со културната преродба.

The post На денешен ден Прличев во Атина бил овенчан со „Ловоров венец“ appeared first on Република.

]]>