Вембли стадион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vembli-stadion/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Mar 2023 16:24:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вембли стадион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vembli-stadion/ 32 32 Голем концерт посветен на Украина и жртвите од војната: Поканетите се „Ролинг стоунс“, „Ју-ту“, Адел, Пол Макартни, Пинк, Ноел Галагер, „Флоренс енд д’Машин“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/golem-kontsert-posveten-na-ukraina-i-zhrtvite-od-vojnata-pokanetite-se-roling-stouns-ju-tu-adel-pol-makartni-pink-noel-galager-florens-end-d-mashin/ Mon, 06 Mar 2023 17:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=616548

За налето е најавен голем концерт за помош во живо, посветен на Украина и жртвите од војната. Концертот е планиран за 24 јуни на „Вембли“ стадионот во Лондон, Велика Британија, како поддршка на украинскиот народ, а и „за да се изврши дополнителен притисок“ врз рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Сан“ (The Sun).

„Ова ќе биде нешто големо. Ќе настапат најдобрите музичари популарни низ целиот свет. Тоа е нешто што луѓево сакаат да го направат веќе некое време, но сега ги одредивме времето и местото. Веќе ги поканивме најголемите музички ѕвезди, но свесни сме дека поради густиот распоред и со така ненадеен повик, можеби нема сите да дојдат“, изјави неименуван извор за таблоидот.

Меѓу поканетите се „Ролинг стоунс“, „Ју-ту“, Адел, Пол Макартни, Пинк, Ноел Галагер, „Флоренс енд д'Машин“ и многу други пејачи и групи.

„Ние сме оптимисти за овој концерт, бидејќи многумина веќе се согласија да настапат. Ова ќе биде одлична можност за бендовите кои се политички активни и се залагаат против војната - како 'Ју-ту', дополнително да ја истакнат состојбата во Украина. Така, концертот секако може да изврши дополнителен притисок врз Русите и Путин“, додава изворот.

Но, можен проблем и пречка може да биде ако настанот се поклопи со Фестивалот во Гластонбери. Добротворниот концерт, според таблоидот, е замислен како оној во 1985 година, кога се собираа пари за жртвите од глад во Етиопија.

The post Голем концерт посветен на Украина и жртвите од војната: Поканетите се „Ролинг стоунс“, „Ју-ту“, Адел, Пол Макартни, Пинк, Ноел Галагер, „Флоренс енд д’Машин“ appeared first on Република.

]]>

За налето е најавен голем концерт за помош во живо, посветен на Украина и жртвите од војната. Концертот е планиран за 24 јуни на „Вембли“ стадионот во Лондон, Велика Британија, како поддршка на украинскиот народ, а и „за да се изврши дополнителен притисок“ врз рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Сан“ (The Sun).

„Ова ќе биде нешто големо. Ќе настапат најдобрите музичари популарни низ целиот свет. Тоа е нешто што луѓево сакаат да го направат веќе некое време, но сега ги одредивме времето и местото. Веќе ги поканивме најголемите музички ѕвезди, но свесни сме дека поради густиот распоред и со така ненадеен повик, можеби нема сите да дојдат“, изјави неименуван извор за таблоидот. Меѓу поканетите се „Ролинг стоунс“, „Ју-ту“, Адел, Пол Макартни, Пинк, Ноел Галагер, „Флоренс енд д'Машин“ и многу други пејачи и групи. „Ние сме оптимисти за овој концерт, бидејќи многумина веќе се согласија да настапат. Ова ќе биде одлична можност за бендовите кои се политички активни и се залагаат против војната - како 'Ју-ту', дополнително да ја истакнат состојбата во Украина. Така, концертот секако може да изврши дополнителен притисок врз Русите и Путин“, додава изворот. Но, можен проблем и пречка може да биде ако настанот се поклопи со Фестивалот во Гластонбери. Добротворниот концерт, според таблоидот, е замислен како оној во 1985 година, кога се собираа пари за жртвите од глад во Етиопија.

The post Голем концерт посветен на Украина и жртвите од војната: Поканетите се „Ролинг стоунс“, „Ју-ту“, Адел, Пол Макартни, Пинк, Ноел Галагер, „Флоренс енд д’Машин“ appeared first on Република.

]]>