велосипедска трка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/velosipedska-trka/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 18:23:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png велосипедска трка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/velosipedska-trka/ 32 32 Патот за мавровско Леуново ќе биде блокиран поради велосипедска трка за 8 Септември https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/patot-za-mavrovsko-leunovo-ke-bide-blokiran-poradi-velosipedska-trka-za-8-septemvri/ Fri, 06 Sep 2024 18:01:09 +0000 https://republika.mk/?p=813916

На 08.09.2024 во период од 09:00 до 16:30 часот во мавровското село Леуново, по повод државниот празник 8 септември, ќе се одржи традиционална велосипедска трка на која ќе учествуваат повеќе категории на натпреварувачи.

На овој патен правец во тој период сообраќајот ќе биде целосно блокиран, а за безбедноста на учесниците и гледачите покрај редарите на организаторот, во поголемиот дел ќе се грижат полициски службеници со возилата од Секторот за внатрешни работи-Тетово, кои ќе бидат ангажирани за оваа цел.

СВР-Тетово ги повикува учесниците на трката да се придржуваат до знаците и другите уреди поставени од организаторот и возачите - целосно да ја почитуваат забраната во периодот додека трае трката.

The post Патот за мавровско Леуново ќе биде блокиран поради велосипедска трка за 8 Септември appeared first on Република.

]]>

На 08.09.2024 во период од 09:00 до 16:30 часот во мавровското село Леуново, по повод државниот празник 8 септември, ќе се одржи традиционална велосипедска трка на која ќе учествуваат повеќе категории на натпреварувачи. На овој патен правец во тој период сообраќајот ќе биде целосно блокиран, а за безбедноста на учесниците и гледачите покрај редарите на организаторот, во поголемиот дел ќе се грижат полициски службеници со возилата од Секторот за внатрешни работи-Тетово, кои ќе бидат ангажирани за оваа цел. СВР-Тетово ги повикува учесниците на трката да се придржуваат до знаците и другите уреди поставени од организаторот и возачите - целосно да ја почитуваат забраната во периодот додека трае трката.

The post Патот за мавровско Леуново ќе биде блокиран поради велосипедска трка за 8 Септември appeared first on Република.

]]>
Меморијална велосипедска тура „Коце Ѓорѓиев“ од Демир Капија до локалитетот „Бел рај“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/memorijalna-velosipedska-tura-kotse-gorgiev-od-demir-kapija-do-lokalitetot-bel-raj/ Fri, 14 Jul 2023 18:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=661462

Осмата по ред велосипедска меморијална тура „Коце Ѓорѓиев“ ќе се реализира во недела од Демир Капија до локалитет „Бел рај“, информираат од Спортски клуб „Клисура“.

Стартот е во девет часот од плоштадот Демир Капија. Се вози преку клисурата, асфалт 10 километри плус 16 километри земјен пат, вкупно 26 километри во еден правец. Турата се вбројува во полесни тури и нема значителна висинска разлика, соопштија организаторите.

Ќе има неколку попатни паузи за вода и ужина во клисурата и во Миравци.

Пристигнување во локалитетот „Бел рај“ е помеѓу 11 и 11.30 часот, каде што ќе има поголема пауза и одмор, а враќањето назад кон Демир Капија е во попладневните часови по 16 часот.

Задолжителни се технички исправен велосипед, кацига, резервна гума, вода, заштита од сонце, опрема за капење и позитивно расположение. Потребно е одобрение или дозвола од родител за учество на малолетни лица, додаде организаторот.

Клубот има обезбедено едно возило за логистичка поддршка. 

The post Меморијална велосипедска тура „Коце Ѓорѓиев“ од Демир Капија до локалитетот „Бел рај“ appeared first on Република.

]]>

Осмата по ред велосипедска меморијална тура „Коце Ѓорѓиев“ ќе се реализира во недела од Демир Капија до локалитет „Бел рај“, информираат од Спортски клуб „Клисура“.
Стартот е во девет часот од плоштадот Демир Капија. Се вози преку клисурата, асфалт 10 километри плус 16 километри земјен пат, вкупно 26 километри во еден правец. Турата се вбројува во полесни тури и нема значителна висинска разлика, соопштија организаторите.
Ќе има неколку попатни паузи за вода и ужина во клисурата и во Миравци. Пристигнување во локалитетот „Бел рај“ е помеѓу 11 и 11.30 часот, каде што ќе има поголема пауза и одмор, а враќањето назад кон Демир Капија е во попладневните часови по 16 часот. Задолжителни се технички исправен велосипед, кацига, резервна гума, вода, заштита од сонце, опрема за капење и позитивно расположение. Потребно е одобрение или дозвола од родител за учество на малолетни лица, додаде организаторот. Клубот има обезбедено едно возило за логистичка поддршка. 

The post Меморијална велосипедска тура „Коце Ѓорѓиев“ од Демир Капија до локалитетот „Бел рај“ appeared first on Република.

]]>
Не тргнувајте со возило низ Скопје, речиси сите улици ќе бидат затворени, автобусите ќе возат по изменет возен ред https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ne-trgnuvajte-so-vozilo-niz-skopje-rechisi-site-ulici-kje-bidat-zatvoreni-avtobusite-kje-vozat-po-izmenet-vozen-red/ Sat, 17 Sep 2022 06:34:19 +0000 https://republika.mk/?p=551615

Министерството за внатрешни работи информира дека на со почеток во 16.00 часот ќе се одржат велосипедска трка –  „Куп на Град Скопје 2022“ и прв меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“ поради што ќе има посебен сообраќаен режим во Градот.

-Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 17.09.2022 (сабота) со почеток во 16.00 часот во организација на Велосипедската федерација на Македонија ќе се одржи велосипедска трка –  „Куп на Град Скопје 2022“. Трката ќе се одвива по следнава траса – старт на ул.„Димитрие Чуповски“ кај порта „Македонија“, право по ул.„11 Октомври“ кон зградата на Собрание на РСМ до крстосница со ул.„Филип Втори Македонски“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“ до влезот на ГТЦ. Понатаму се поминува под ГТЦ и се доаѓа до Порта Македонија каде се продолжува право по ул.„Димитрие Чуповски“ се до крстосница со ул.„Даме Груев“ кај Палома Бјанка и назад по ул.„Димитрие Чуповски“ се до стартно-целната позиција, соопштуваат од МВР.

https://republika.mk/vesti/skopje/vikendov-blokirani-ulicite-vo-skopje-jsp-so-poseben-vozen-red/

Од таму додаваат дека истиот ден во исто време во организација на фолклорен ансамбл „Григор Прличев“ ќе се одржи прв меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“ со зафаќање на јавна површина на дел од ул.„Ѓорче Петров“ на потег од крстосницата со ул.„Никола Пушкаров“ до крстосницата со ул.„Македонска Војска“ во Скопје.

-Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, потенцираат од МВР.

Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните

The post Не тргнувајте со возило низ Скопје, речиси сите улици ќе бидат затворени, автобусите ќе возат по изменет возен ред appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информира дека на со почеток во 16.00 часот ќе се одржат велосипедска трка –  „Куп на Град Скопје 2022“ и прв меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“ поради што ќе има посебен сообраќаен режим во Градот.
-Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 17.09.2022 (сабота) со почеток во 16.00 часот во организација на Велосипедската федерација на Македонија ќе се одржи велосипедска трка –  „Куп на Град Скопје 2022“. Трката ќе се одвива по следнава траса – старт на ул.„Димитрие Чуповски“ кај порта „Македонија“, право по ул.„11 Октомври“ кон зградата на Собрание на РСМ до крстосница со ул.„Филип Втори Македонски“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“ до влезот на ГТЦ. Понатаму се поминува под ГТЦ и се доаѓа до Порта Македонија каде се продолжува право по ул.„Димитрие Чуповски“ се до крстосница со ул.„Даме Груев“ кај Палома Бјанка и назад по ул.„Димитрие Чуповски“ се до стартно-целната позиција, соопштуваат од МВР.
https://republika.mk/vesti/skopje/vikendov-blokirani-ulicite-vo-skopje-jsp-so-poseben-vozen-red/ Од таму додаваат дека истиот ден во исто време во организација на фолклорен ансамбл „Григор Прличев“ ќе се одржи прв меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“ со зафаќање на јавна површина на дел од ул.„Ѓорче Петров“ на потег од крстосницата со ул.„Никола Пушкаров“ до крстосницата со ул.„Македонска Војска“ во Скопје.