Вело Марковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/velo-markovski/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Oct 2022 10:00:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вело Марковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/velo-markovski/ 32 32 Министерот Сали преку Фејсбук ги покани професорите Даниловски, Пановски и Марковски во новата Комисија за заразни болести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-sali-preku-fejsbuk-gi-pokani-profesorite-danilovski-panovski-i-markovski-vo-novata-komisija-za-zarazni-bolesti/ Sun, 30 Jan 2022 16:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=451631

Министерот за здравство, Беким Сали, попладнево преку објава на Фејсбук ги покани професорите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски во новата Комисија за заштита на населенито од заразни болести.

Според најавите, а во согласност со законските надлежности, како министер за здравство на Република Македонија, наскоро ќе ја формирам Комисијата за заразни болести. Таа е советодавен орган во чиј состав се истакнати експерти кои преку научни толкувања ќе ни овозможат ефикасно, навремено и ажурно да предлагаме мерки во согласност со епидемиолошката состојба. Непобитен факт е дека сегашните околности бараат засилено и координирано дејствување, врз основа на стручни и реалистични проценки, објави попладнево на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Беким Сали.

Тој додава:

Оттука, како министер најавував дека промените во ова тело ќе бидат во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области. Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Драган Даниловски, д-р. Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа.

Чест и задоволство ми е јавно да го упатам повикот до овие експерти врз основа на внимателното следење на јавната дебата околу нивното можно вклучување во Комисијата за заразни болести. Гласот на науката е клучен во борбата против Ковид-19. Да го искористиме на најдобриот начин!

Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници, објави министерот Сали.

 

The post Министерот Сали преку Фејсбук ги покани професорите Даниловски, Пановски и Марковски во новата Комисија за заразни болести appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, Беким Сали, попладнево преку објава на Фејсбук ги покани професорите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски во новата Комисија за заштита на населенито од заразни болести.
Според најавите, а во согласност со законските надлежности, како министер за здравство на Република Македонија, наскоро ќе ја формирам Комисијата за заразни болести. Таа е советодавен орган во чиј состав се истакнати експерти кои преку научни толкувања ќе ни овозможат ефикасно, навремено и ажурно да предлагаме мерки во согласност со епидемиолошката состојба. Непобитен факт е дека сегашните околности бараат засилено и координирано дејствување, врз основа на стручни и реалистични проценки, објави попладнево на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Беким Сали.
Тој додава:
Оттука, како министер најавував дека промените во ова тело ќе бидат во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области. Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Драган Даниловски, д-р. Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа. Чест и задоволство ми е јавно да го упатам повикот до овие експерти врз основа на внимателното следење на јавната дебата околу нивното можно вклучување во Комисијата за заразни болести. Гласот на науката е клучен во борбата против Ковид-19. Да го искористиме на најдобриот начин! Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници, објави министерот Сали.
 

The post Министерот Сали преку Фејсбук ги покани професорите Даниловски, Пановски и Марковски во новата Комисија за заразни болести appeared first on Република.

]]>