вељко беливук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veljko-belivuk/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Apr 2024 10:44:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вељко беливук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veljko-belivuk/ 32 32 На мекиците кај Звицер, Веља невоља планирал да го убие и водачот на „Шкаљарците“ Вукотиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-mekitsite-kaj-zvitser-vela-nevola-planiral-da-go-ubie-i-vodachot-na-shkalartsite-vukotik/ Thu, 18 Apr 2024 20:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=767498

Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кои во јануари 2021 година беа кај водачот на Кавачкиот клан Радојe Звицер на мекици  за раѓање на неговиот син имале големи планови.

https://republika.mk/vesti/balkan/apsena-vo-tsrna-gora-poradi-mekitsite-na-zvitser/

Но, покрај прославата, имале и пеколен план да го убијат лидерот на спротиставениот Шкаљарски кан Јован Вукотиќ. Ова произлегува од Скај комуникацијата што ја имале Миљковиќ, Беливук, Звицер и црногорскиот екс полицаец Петар Лазовиќ.

Сепак планот не се остварил бидејќи Вукотиќ не дошол тие денови во Црна Гора.

 

The post На мекиците кај Звицер, Веља невоља планирал да го убие и водачот на „Шкаљарците“ Вукотиќ appeared first on Република.

]]>

Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кои во јануари 2021 година беа кај водачот на Кавачкиот клан Радојe Звицер на мекици  за раѓање на неговиот син имале големи планови. https://republika.mk/vesti/balkan/apsena-vo-tsrna-gora-poradi-mekitsite-na-zvitser/ Но, покрај прославата, имале и пеколен план да го убијат лидерот на спротиставениот Шкаљарски кан Јован Вукотиќ. Ова произлегува од Скај комуникацијата што ја имале Миљковиќ, Беливук, Звицер и црногорскиот екс полицаец Петар Лазовиќ. Сепак планот не се остварил бидејќи Вукотиќ не дошол тие денови во Црна Гора.  

The post На мекиците кај Звицер, Веља невоља планирал да го убие и водачот на „Шкаљарците“ Вукотиќ appeared first on Република.

]]>
И сопругите на Беливук и Миљковиќ ќе одговараат за перење на пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/i-soprugite-na-belivuk-i-milkovik-ke-odgovaraat-za-perene-na-pari/ Mon, 25 Sep 2023 13:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=684974

Јавното обвинителство за организиран криминал Србија поднесе обвинителен акт против Вељко Беливук, неговата сопруга Бојана, Марко Миљковиќ и неговата сопруга Тања, како и уште неколку обвинети поради сомнение дека со пари од криминал купувале станови и земјиште, дознава српски „Курир“.

За потсетување, Специјалното обвинителство на 1 септември 2021 година покрена истрага против осомничените поради сомнение дека со валкани пари купиле поголем број луксузни автомобили и друг движен имот, како и катастарски парцели во Белград, обично во име на трети лица.

Во декември истата година, во истрагата беа вклучени и свекрвата на Беливук, Снежана Ѓорѓевиќ, како и обвинетиот член на групата Филип Ивановски и неговата невенчана сопруга Марија Милутинов.

The post И сопругите на Беливук и Миљковиќ ќе одговараат за перење на пари appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство за организиран криминал Србија поднесе обвинителен акт против Вељко Беливук, неговата сопруга Бојана, Марко Миљковиќ и неговата сопруга Тања, како и уште неколку обвинети поради сомнение дека со пари од криминал купувале станови и земјиште, дознава српски „Курир“. За потсетување, Специјалното обвинителство на 1 септември 2021 година покрена истрага против осомничените поради сомнение дека со валкани пари купиле поголем број луксузни автомобили и друг движен имот, како и катастарски парцели во Белград, обично во име на трети лица. Во декември истата година, во истрагата беа вклучени и свекрвата на Беливук, Снежана Ѓорѓевиќ, како и обвинетиот член на групата Филип Ивановски и неговата невенчана сопруга Марија Милутинов.

The post И сопругите на Беливук и Миљковиќ ќе одговараат за перење на пари appeared first on Република.

]]>
Состојба на опсада пред Специјалниот суд во Белград: Веља Невоља првпат очи во очи со сведокот соработник Срѓан Лалиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sostojba-na-opsada-pred-specijalniot-sud-vo-belgrad-velja-nevolja-prvpat-ochi-vo-ochi-so-svedokot-sorabotnik-srgjan-lalikj/ Mon, 05 Sep 2022 08:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=547523

Во Специјалниот суд во Белград денеска треба да продолжи прелиминарното рочиште за Вељко Беливук - Веља Невоља и другите обвинети за седум убиства и многу други кривични дела.

На деношното рочиште треба првпат во судницата да се сретнат и да се соочат Беливук и Срѓан Лалиќ, кој стана сведок соработник.

https://republika.mk/vesti/balkan/nasmeaniot-kasap-na-velja-nevolja-e-pushten-od-zatvor-otkako-gi-otkri-krvavite-tajni-na-klanot-srgjan-lalikj-e-prefrlen-na-tajna-lokacija/

Како и на претходните судења, мерките за безбедност пред судот се огромни, како што е и по целата траса на патот по кој беа донесени обвинетите кои престојуваат во Централниот затвор.

[caption id="attachment_547525" align="aligncenter" width="640"] Фото: Курир[/caption]

Беливук и Марко Миљковиќ се во притвор во зградата на Специјалниот суд.

[caption id="attachment_547526" align="aligncenter" width="640"] Фото: Курир[/caption]

Во судот, првпат пристигна и сопругата на убиениот Горан Михајловиќ, која дојде во придружба на адвокатот Драгослав Љубичановиќ, пишува „Курир.рс“.

[caption id="attachment_547530" align="aligncenter" width="640"] Фото: Курир[/caption]

Во судот дојде и адвокатот Никола Ристовиќ, кој во петокот им го откажа полномошното на Беливук и Миљковиќ.

Во Специјалниот суд на рочиштето, во бел мантил пристигна и единствената жена на која и се суди како член на кланот на Беливук - Слаѓана Секулиќ.

[caption id="attachment_547532" align="aligncenter" width="640"] Фото: Курир[/caption]

 

The post Состојба на опсада пред Специјалниот суд во Белград: Веља Невоља првпат очи во очи со сведокот соработник Срѓан Лалиќ appeared first on Република.

]]>

Во Специјалниот суд во Белград денеска треба да продолжи прелиминарното рочиште за Вељко Беливук - Веља Невоља и другите обвинети за седум убиства и многу други кривични дела. На деношното рочиште треба првпат во судницата да се сретнат и да се соочат Беливук и Срѓан Лалиќ, кој стана сведок соработник. https://republika.mk/vesti/balkan/nasmeaniot-kasap-na-velja-nevolja-e-pushten-od-zatvor-otkako-gi-otkri-krvavite-tajni-na-klanot-srgjan-lalikj-e-prefrlen-na-tajna-lokacija/ Како и на претходните судења, мерките за безбедност пред судот се огромни, како што е и по целата траса на патот по кој беа донесени обвинетите кои престојуваат во Централниот затвор. [caption id="attachment_547525" align="aligncenter" width="640"] Фото: Курир[/caption] Беливук и Марко Миљковиќ се во притвор во зградата на Специјалниот суд. [caption id="attachment_547526" align="aligncenter" width="640"] Фото: Курир[/caption] Во судот, првпат пристигна и сопругата на убиениот Горан Михајловиќ, која дојде во придружба на адвокатот Драгослав Љубичановиќ, пишува „Курир.рс“. [caption id="attachment_547530" align="aligncenter" width="640"] Фото: Курир[/caption] Во судот дојде и адвокатот Никола Ристовиќ, кој во петокот им го откажа полномошното на Беливук и Миљковиќ. Во Специјалниот суд на рочиштето, во бел мантил пристигна и единствената жена на која и се суди како член на кланот на Беливук - Слаѓана Секулиќ. [caption id="attachment_547532" align="aligncenter" width="640"] Фото: Курир[/caption]  

The post Состојба на опсада пред Специјалниот суд во Белград: Веља Невоља првпат очи во очи со сведокот соработник Срѓан Лалиќ appeared first on Република.

]]>
„Насмеаниот касап“ на Веља Невоља е пуштен од затвор: Откако ги откри крвавите тајни на кланот, Срѓан Лалиќ е префрлен на тајна локација https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nasmeaniot-kasap-na-velja-nevolja-e-pushten-od-zatvor-otkako-gi-otkri-krvavite-tajni-na-klanot-srgjan-lalikj-e-prefrlen-na-tajna-lokacija/ Fri, 02 Sep 2022 08:20:47 +0000 https://republika.mk/?p=546640

Срѓан Лалиќ, попознат како информатичарот или насмеаниот касап на Вељко Беливук - Веља Невоља и Марко Миљковиќ, кој, по спогодба со обвинителството е осуден на 18 години затвор, е пуштен на слобода, објавува „Политика“.

Лалиќ бил ослободен од притворското одделение на Окружниот затвор во Белград, каде што беше од апсењето во февруари минатата година. Тој е однесен на тајна локација, а сега за него се грижат припадници на Единицата за заштита на сведоци на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Лалиќ е во програмата за заштита според Законот за програма за заштита на учесниците во кривичната постапка. Програмата во која влезе овој обвинет сведок опфаќа збир на мерки предвидени со закон кои се применуваат со цел да се заштити животот, здравјето, физичкиот интегритет, слободата или имотот на заштитеното лице. Се спроведува доколку учесниците во кривичната постапка и лицата блиски до нив се изложени на животна опасност со давање изјави или информации значајни за докажување во постапката, а без тоа сведочење или информација докажувањето во кривичната постапка би било тешко или невозможно - објаснува соговорникот на „Политика“.

Лалиќ ќе биде сослушан пред судскиот совет кој ја води постапката против обвинетите членови на кланот на Беливук, откако сите обвинети ќе ја дадат својата одбрана, а по давањето на сведочењето од него повеќе нема да се бара да присуствува на судењата.

До неодамна, блискиот соработник на Беливук и Миљковиќ, кого нарекуваат „насмеаниот месар“, поради фотографијата на која е насмеан додека ја држи главата на една од жртвите, според неофицијални информации, во изјавата што ја дал на обвинителот, која потоа ја потпишал со своја рака, открил кој стои зад убиството на инвеститорот Мирко Којиќ - Која, екс полицаец и кум Марко Миљковиќ, најблискиот соработник на Беливук, за исчезнувањето и ликвидацијата на Теодор Гаќеша, сопственик на „Пинк“такси, како и за исчезнувањето на Мирослав Ранковиќ, косопственик на споменатото такси здружение.

Според истите информации, Лалиќ открил и како функционирала организираната криминална група, улогите на нејзините членови и нивната соработка со водачот на „кавачкиот клан“ Радое Звицер, но и како групата ги перела парите што ги стекнала со извршување на криминални дејствија.

Според зборовите на соговорникот на „Политика“ близок до истрагата, дел од информациите што Лалиќ ги кажал на обвинителот „се совпаѓаат“ со знаењето на полицијата и обвинителството, но тие секако треба да се истражат и потоа да се анализираат како дел од сите други информации.

Бидејќи за сето ова е потребно извесно време, ќе се почека евентуалното продолжување на обвинението против Беливук и Миљковиќ и другите членови на нивниот клан додека да се заврши тоа. Истражителите сакаат да имаат цврсти обвинувања кои нема да паднат во судскиот процес и кои дополнително ќе ја убедат јавноста во бруталноста на сторителите на делото - вели соговорникот на „Политика“.

Според неговите зборови, покрај неколкуте исчезнувања и убиства, Лалиќ зборувал и за злосторствата извршени во Грција - во Атина и на Крф, во кои биле убиени четворица „шкаљарци“, за судбината на луѓето кои ги извршиле овие злосторства, а кои сè уште се водат како исчезнати, но и за улогата на Звицер во овие ликвидации.

The post „Насмеаниот касап“ на Веља Невоља е пуштен од затвор: Откако ги откри крвавите тајни на кланот, Срѓан Лалиќ е префрлен на тајна локација appeared first on Република.

]]>

Срѓан Лалиќ, попознат како информатичарот или насмеаниот касап на Вељко Беливук - Веља Невоља и Марко Миљковиќ, кој, по спогодба со обвинителството е осуден на 18 години затвор, е пуштен на слобода, објавува „Политика“. Лалиќ бил ослободен од притворското одделение на Окружниот затвор во Белград, каде што беше од апсењето во февруари минатата година. Тој е однесен на тајна локација, а сега за него се грижат припадници на Единицата за заштита на сведоци на Министерството за внатрешни работи на Србија.
Лалиќ е во програмата за заштита според Законот за програма за заштита на учесниците во кривичната постапка. Програмата во која влезе овој обвинет сведок опфаќа збир на мерки предвидени со закон кои се применуваат со цел да се заштити животот, здравјето, физичкиот интегритет, слободата или имотот на заштитеното лице. Се спроведува доколку учесниците во кривичната постапка и лицата блиски до нив се изложени на животна опасност со давање изјави или информации значајни за докажување во постапката, а без тоа сведочење или информација докажувањето во кривичната постапка би било тешко или невозможно - објаснува соговорникот на „Политика“.
Лалиќ ќе биде сослушан пред судскиот совет кој ја води постапката против обвинетите членови на кланот на Беливук, откако сите обвинети ќе ја дадат својата одбрана, а по давањето на сведочењето од него повеќе нема да се бара да присуствува на судењата. До неодамна, блискиот соработник на Беливук и Миљковиќ, кого нарекуваат „насмеаниот месар“, поради фотографијата на која е насмеан додека ја држи главата на една од жртвите, според неофицијални информации, во изјавата што ја дал на обвинителот, која потоа ја потпишал со своја рака, открил кој стои зад убиството на инвеститорот Мирко Којиќ - Која, екс полицаец и кум Марко Миљковиќ, најблискиот соработник на Беливук, за исчезнувањето и ликвидацијата на Теодор Гаќеша, сопственик на „Пинк“такси, како и за исчезнувањето на Мирослав Ранковиќ, косопственик на споменатото такси здружение. Според истите информации, Лалиќ открил и како функционирала организираната криминална група, улогите на нејзините членови и нивната соработка со водачот на „кавачкиот клан“ Радое Звицер, но и како групата ги перела парите што ги стекнала со извршување на криминални дејствија. Според зборовите на соговорникот на „Политика“ близок до истрагата, дел од информациите што Лалиќ ги кажал на обвинителот „се совпаѓаат“ со знаењето на полицијата и обвинителството, но тие секако треба да се истражат и потоа да се анализираат како дел од сите други информации.
Бидејќи за сето ова е потребно извесно време, ќе се почека евентуалното продолжување на обвинението против Беливук и Миљковиќ и другите членови на нивниот клан додека да се заврши тоа. Истражителите сакаат да имаат цврсти обвинувања кои нема да паднат во судскиот процес и кои дополнително ќе ја убедат јавноста во бруталноста на сторителите на делото - вели соговорникот на „Политика“.
Според неговите зборови, покрај неколкуте исчезнувања и убиства, Лалиќ зборувал и за злосторствата извршени во Грција - во Атина и на Крф, во кои биле убиени четворица „шкаљарци“, за судбината на луѓето кои ги извршиле овие злосторства, а кои сè уште се водат како исчезнати, но и за улогата на Звицер во овие ликвидации.

The post „Насмеаниот касап“ на Веља Невоља е пуштен од затвор: Откако ги откри крвавите тајни на кланот, Срѓан Лалиќ е префрлен на тајна локација appeared first on Република.

]]>
Им се смееја на жртвите и се шегуваа: Сопругата на убиенот Гокси за средбата очи во очи со Беливук и Миљковиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/im-se-smeeja-na-zrtvite-i-se-sheguvaa-soprugata-na-ubienot-goksi-za-sredbata-ochi-vo-ochi-so-belivuk-i-miljkovikj/ Thu, 17 Mar 2022 10:33:30 +0000 https://republika.mk/?p=474162

Јелена Величковиќ, сопругата на еден од жртвите на Вељко Беливук и неговиот криминален клан, Горан Величковиќ - Гокси, во судница првпат во животот застана очи во очи со луѓето на ѕверски начин го убија нејзиниот сопруг.

Како што стои во обвинението, Гокси, кој беше еден од водачите на навивачите на Партизан, бил киднапиран од кланот на Вељко Беливук и убиен во август 2020 година во куќата во Ритопек. На Величковиќ му била отсечена главата, а деловите од телото биле исецкани, па остатоците биле мелени во индустриска машина за месо. Во текот на истрагата се појавија и фотографии од тортурата врз него, кои членовите на кланот ги разменувале меѓу себе.

Мојот сопруг беше добар човек, навивач на Партизан, не беше како оние на кои им се суди - Јелена ја почнува својата приказна за српски „Курир“.

Јелена детално го објаснува моментот кога обвинетите Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, влегле во судницата и се соочиле со најблиските на нивните жртви.

Полни се со себе, немаат ни грам сожалување за семејствата на убиените кои седеа таму во иста просторија со нив. За нормален човек нивното однесување е несфатливо. Едноставно како да не се свесни дека убиле и згмечиле луѓе во мелница за месо! Кога човек ќе убие куче, тој е повеќе виновен.

 

Кога влегоа во судницата почнаа да се смеат и да се шегуваат, не можевме да слушнеме што зборуваат, но беше очигледно дека се многу расположени. Тие се однесуваат како овие излегувања од затвор кога ги носат на суд да се кул. Тие се исклучително опуштени и се чини дека се полни со оптимизам - вели Јелена.

Јелена раскажува дека со уште една вдовица на убиен од кланот и законски застапници на семејството, седеле пред сведоците-соработници, Никола Спасојевиќ и Бојан Хрватин.

Тие двајца се однесуваа нормално, беа тивки. Кога Вељко Беливук помина покрај нас извика: „Пи*ко“. Жената што седеше до мене и јас се погледнавме, мислевме дека нам ни се обраќа, а потоа се свртевме и сфативме дека тоа е порака за сведоците-соработници. Беливук беше крајно арогантен и безобразен на судењето, не знам како успеав да се задржам да не кажам нешто - вели Јелена.

https://republika.mk/vesti/balkan/tenzichno-na-sudenjeto-na-velja-nevolja-po-vleguvanje-vo-sudnica-belivuk-gi-navreduval-i-im-se-zakanuval-na-svedocite/

За разлика од Беливук, Марко Миљковиќ, бил многу помирен.

Марко Миљковиќ молчеше, но постојано со голема омраза гледаше во сведоците-соработници. Ако погледот би можел да убие, неговиот поглед сигурно ќе ги убиеше - вели Јелена.

Таа раскажува дека претходно, во една ситуација, го имала сретнато сведокот Бојан Хрватин, кој е личноста која го намамила нејзиниот сопруг во кланицата во Ритопек.

Тој беше повреден и мојот сопруг го однесе на лекар. Се запознавме тогаш во кафуле, цело време ми персираше, а и коментираше дека моето дете е убаво како за на реклама. Сега го видов по втор пат. Се свртев и го погледнав, а тој не го сврте погледот.

 

Тоа е човек кој веќе еднаш ги имал закрвавено рацете, па можеше да се очекува дека ќе го направи тоа и по вторпат.. Тој беше ослободен од затвор во мај 2020 година, а мојот сопруг беше убиен во август истата година. Дали тој се кае за тоа - не знам. Мислам дека, сепак, има голема разлика меѓу 15 години затвор и доживотен затвор, можеби затоа се спогоди со обвинителството - вели Јелена Величковиќ.

The post Им се смееја на жртвите и се шегуваа: Сопругата на убиенот Гокси за средбата очи во очи со Беливук и Миљковиќ appeared first on Република.

]]>

Јелена Величковиќ, сопругата на еден од жртвите на Вељко Беливук и неговиот криминален клан, Горан Величковиќ - Гокси, во судница првпат во животот застана очи во очи со луѓето на ѕверски начин го убија нејзиниот сопруг. Како што стои во обвинението, Гокси, кој беше еден од водачите на навивачите на Партизан, бил киднапиран од кланот на Вељко Беливук и убиен во август 2020 година во куќата во Ритопек. На Величковиќ му била отсечена главата, а деловите од телото биле исецкани, па остатоците биле мелени во индустриска машина за месо. Во текот на истрагата се појавија и фотографии од тортурата врз него, кои членовите на кланот ги разменувале меѓу себе.
Мојот сопруг беше добар човек, навивач на Партизан, не беше како оние на кои им се суди - Јелена ја почнува својата приказна за српски „Курир“.
Јелена детално го објаснува моментот кога обвинетите Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, влегле во судницата и се соочиле со најблиските на нивните жртви.
Полни се со себе, немаат ни грам сожалување за семејствата на убиените кои седеа таму во иста просторија со нив. За нормален човек нивното однесување е несфатливо. Едноставно како да не се свесни дека убиле и згмечиле луѓе во мелница за месо! Кога човек ќе убие куче, тој е повеќе виновен.   Кога влегоа во судницата почнаа да се смеат и да се шегуваат, не можевме да слушнеме што зборуваат, но беше очигледно дека се многу расположени. Тие се однесуваат како овие излегувања од затвор кога ги носат на суд да се кул. Тие се исклучително опуштени и се чини дека се полни со оптимизам - вели Јелена.
Јелена раскажува дека со уште една вдовица на убиен од кланот и законски застапници на семејството, седеле пред сведоците-соработници, Никола Спасојевиќ и Бојан Хрватин.
Тие двајца се однесуваа нормално, беа тивки. Кога Вељко Беливук помина покрај нас извика: „Пи*ко“. Жената што седеше до мене и јас се погледнавме, мислевме дека нам ни се обраќа, а потоа се свртевме и сфативме дека тоа е порака за сведоците-соработници. Беливук беше крајно арогантен и безобразен на судењето, не знам како успеав да се задржам да не кажам нешто - вели Јелена.
https://republika.mk/vesti/balkan/tenzichno-na-sudenjeto-na-velja-nevolja-po-vleguvanje-vo-sudnica-belivuk-gi-navreduval-i-im-se-zakanuval-na-svedocite/ За разлика од Беливук, Марко Миљковиќ, бил многу помирен.
Марко Миљковиќ молчеше, но постојано со голема омраза гледаше во сведоците-соработници. Ако погледот би можел да убие, неговиот поглед сигурно ќе ги убиеше - вели Јелена.
Таа раскажува дека претходно, во една ситуација, го имала сретнато сведокот Бојан Хрватин, кој е личноста која го намамила нејзиниот сопруг во кланицата во Ритопек.
Тој беше повреден и мојот сопруг го однесе на лекар. Се запознавме тогаш во кафуле, цело време ми персираше, а и коментираше дека моето дете е убаво како за на реклама. Сега го видов по втор пат. Се свртев и го погледнав, а тој не го сврте погледот.   Тоа е човек кој веќе еднаш ги имал закрвавено рацете, па можеше да се очекува дека ќе го направи тоа и по вторпат.. Тој беше ослободен од затвор во мај 2020 година, а мојот сопруг беше убиен во август истата година. Дали тој се кае за тоа - не знам. Мислам дека, сепак, има голема разлика меѓу 15 години затвор и доживотен затвор, можеби затоа се спогоди со обвинителството - вели Јелена Величковиќ.

The post Им се смееја на жртвите и се шегуваа: Сопругата на убиенот Гокси за средбата очи во очи со Беливук и Миљковиќ appeared first on Република.

]]>
Во страв да не ги отрујат Беливук и Миљковиќ не јадат ништо во затвор, нарачуваат од надвор преку свои луѓе кои први каснуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-strav-da-ne-gi-otrujat-belivuk-i-miljkovikj-ne-jadat-nishto-vo-zatvor-narachuvaat-od-nadvor-preku-svoi-lugje-koi-prvi-kasnuvaat/ Tue, 15 Mar 2022 12:34:49 +0000 https://republika.mk/?p=473149

Водачите на озлогласената српска криминална група, Вељко Беливук (36) и Марко Миљковиќ - Месар (30), обвинети за најмалку пет убиства и други тешки кривични дела, повеќе од една година во затвор живеат во страв од одмазда и да не бидат отруени од некого.

Како што за „Информер“ раскажува добро упатен извор, тие двајца, секогаш кога можат, нарачуваат храна „од надвор“, а потоа строго се грижат доставувачите на пакети да бидат луѓе од доверба. Се плашат дека некој може да им подметне отров, слично како што се сомнева дека пред повеќе од две години се обиделе да му стават цијанид во храната на Јован Вукотиќ, еден од водачите на „Шкаљарците“, додека тој беше во притвор во Белград.

https://republika.mk/vesti/balkan/ja-presretnale-zena-mu-dodeka-mu-odela-vo-poseta-lugje-na-velja-nevolja-sakale-vo-zatvor-da-go-otrujat-shkaljarecot-vukotikj/

Изворот на весникот открива дека Беливук и Миљковиќ се речиси параноични кога станува збор за земање храна во притворот.

Во мензата се обидуваат да земат само фабрички спакувани намирници, а кога нарачуваат храна однадвор, се јасни дека пакетите ги доставува некој на кој му веруваат, некој кој прв ќе ја проба храната за да се увери дека не е отруена - открива изворот.

Според изворот, и Беливук и Миљковиќ по цел ден вежбаат во ќелија и тоа всушност им е единственото хоби. За читање книги не се заинтересирани.

Иако со својот арогантен однос се обидуваат да остават впечаток на опасни криминалци, избегнуваат секаков конфликт со чуварите и се трудат да одржуваат коректни односи со нив. Тие го почитуваат куќниот ред и досега не иницирале инциденти со други приведени - вели изворот на весникот.

На прашањето како лидерите на клановите се справуваат со тоа што им се заканува доживотен затвор за страшните злосторства и дали се свесни дека, најверојатно, никогаш нема да бидат ослободени, соговорникот истакнува дека Беливук и Миљковиќ се обидуваат јавно да покажуваат загриженост и страв.

Сосема е сигурно дека се свесни за тоа, но се трудат никој да не го види тоа. Со оглед на нивното однесување од 4 февруари минатата година, од кога се во притвор, верувам дека во понатамошната судска постапка ќе одат на се или ништо, во смисла дека ќе продолжат да се однесуваат арогантно, како водачи на моќна банда, од која постои закана за одмазда кон политичарите и полицајците кои наредиле нивно апсење - вели изворот.

https://republika.mk/vesti/balkan/tenzichno-na-sudenjeto-na-velja-nevolja-po-vleguvanje-vo-sudnica-belivuk-gi-navreduval-i-im-se-zakanuval-na-svedocite/

Како пример за ароганцијата на Беливук, соговорникот го наведува примерот како тој се подготвил за првото појавување пред судскиот совет во средата, на подготвителното рочиште.

Наместо да облече одело или нешто соодветно за во судот, Беливук се однесуваше во стилот: „Не ми е гајле, јас сум гангстер, па така и ќе се облечам“. Потоа на суд се појави во бела маичка, додека Миљковиќ беше во црно, практично во боите на Партизан, како да се договориле. Тоа беше јасна порака и до судот и до јавноста дека продолжуваат да контролираат голем број навивачи и дека нема да покажат ни најмало каење за ужасните злосторства што ги направија под плаштот на навивачката група „Принципи“, а во корист на „Кавачкиот клан“ - вели соговорникот на „Информер“.

The post Во страв да не ги отрујат Беливук и Миљковиќ не јадат ништо во затвор, нарачуваат од надвор преку свои луѓе кои први каснуваат appeared first on Република.

]]>

Водачите на озлогласената српска криминална група, Вељко Беливук (36) и Марко Миљковиќ - Месар (30), обвинети за најмалку пет убиства и други тешки кривични дела, повеќе од една година во затвор живеат во страв од одмазда и да не бидат отруени од некого. Како што за „Информер“ раскажува добро упатен извор, тие двајца, секогаш кога можат, нарачуваат храна „од надвор“, а потоа строго се грижат доставувачите на пакети да бидат луѓе од доверба. Се плашат дека некој може да им подметне отров, слично како што се сомнева дека пред повеќе од две години се обиделе да му стават цијанид во храната на Јован Вукотиќ, еден од водачите на „Шкаљарците“, додека тој беше во притвор во Белград. https://republika.mk/vesti/balkan/ja-presretnale-zena-mu-dodeka-mu-odela-vo-poseta-lugje-na-velja-nevolja-sakale-vo-zatvor-da-go-otrujat-shkaljarecot-vukotikj/ Изворот на весникот открива дека Беливук и Миљковиќ се речиси параноични кога станува збор за земање храна во притворот.
Во мензата се обидуваат да земат само фабрички спакувани намирници, а кога нарачуваат храна однадвор, се јасни дека пакетите ги доставува некој на кој му веруваат, некој кој прв ќе ја проба храната за да се увери дека не е отруена - открива изворот.
Според изворот, и Беливук и Миљковиќ по цел ден вежбаат во ќелија и тоа всушност им е единственото хоби. За читање книги не се заинтересирани.
Иако со својот арогантен однос се обидуваат да остават впечаток на опасни криминалци, избегнуваат секаков конфликт со чуварите и се трудат да одржуваат коректни односи со нив. Тие го почитуваат куќниот ред и досега не иницирале инциденти со други приведени - вели изворот на весникот.
На прашањето како лидерите на клановите се справуваат со тоа што им се заканува доживотен затвор за страшните злосторства и дали се свесни дека, најверојатно, никогаш нема да бидат ослободени, соговорникот истакнува дека Беливук и Миљковиќ се обидуваат јавно да покажуваат загриженост и страв.
Сосема е сигурно дека се свесни за тоа, но се трудат никој да не го види тоа. Со оглед на нивното однесување од 4 февруари минатата година, од кога се во притвор, верувам дека во понатамошната судска постапка ќе одат на се или ништо, во смисла дека ќе продолжат да се однесуваат арогантно, како водачи на моќна банда, од која постои закана за одмазда кон политичарите и полицајците кои наредиле нивно апсење - вели изворот.
https://republika.mk/vesti/balkan/tenzichno-na-sudenjeto-na-velja-nevolja-po-vleguvanje-vo-sudnica-belivuk-gi-navreduval-i-im-se-zakanuval-na-svedocite/ Како пример за ароганцијата на Беливук, соговорникот го наведува примерот како тој се подготвил за првото појавување пред судскиот совет во средата, на подготвителното рочиште.
Наместо да облече одело или нешто соодветно за во судот, Беливук се однесуваше во стилот: „Не ми е гајле, јас сум гангстер, па така и ќе се облечам“. Потоа на суд се појави во бела маичка, додека Миљковиќ беше во црно, практично во боите на Партизан, како да се договориле. Тоа беше јасна порака и до судот и до јавноста дека продолжуваат да контролираат голем број навивачи и дека нема да покажат ни најмало каење за ужасните злосторства што ги направија под плаштот на навивачката група „Принципи“, а во корист на „Кавачкиот клан“ - вели соговорникот на „Информер“.

The post Во страв да не ги отрујат Беливук и Миљковиќ не јадат ништо во затвор, нарачуваат од надвор преку свои луѓе кои први каснуваат appeared first on Република.

]]>
Завет со крв: Соработниците на Веља Невоља морале „да ги закрват“ рацете за да ја добијат неговата доверба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zavet-so-krv-sorabotnicite-na-velja-nevolja-morale-da-gi-zakrvat-racete-za-da-ja-dobijat-negovata-doverba/ Mon, 14 Mar 2022 12:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=472583

Сведокот-соработник во судењето на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, Бојан Хрватин открива бизарни детали за тоа како двајцата лидери на криминалниот клан ја проверувале лојалноста на сите оние кошто сакае да се придружат на групата.

Беливук и Миљковиќ, лично учествувале во речиси сите егзекуции, а покрај нив, според Обвинителството за организиран криминал, во крвавите злосторства учествувале и 11 нивни најблиски соработници. Според извор на српски „Курир“, само „избраните“ можеле да отидат во куќата во Ритопек, каде што се извршувале егзекуциите и која членовите на криминалната група ја нарекле „кланица“.

Беливук и Миљковиќ не му верувале на секој од членовите на групата и во куќата во Ритопек дозволувале да дојдат само луѓе од нивна најголема доверба. Таа доверба била стекнувана преку таканаречените завети - вели изворот.

Тој објаснува дека сведокот-соработник во обвинителството зборувал за тоа како функционирале заветите, објаснувајќи дека пред да го изврши кривичното дело во кое учествувал, прво морал да „ги извалка рацете со крв“ заедно со другите членови на групата.

Без такво нешто не постои некоја голема доверба во никого, едноставно тоа е така на улица. Можете „да бидете другарчиња“ колку сакате, но за да се биде дел од сериозните работи, додека човек, во навијачка смисла, не се истепа со некого, дури немаме три-четири тепачки заедно во кои си го чуваме грбот, нема доверба. Додека не крвавиме заедно или додека не убиеме некого, нема доверба - се наведува изјавата на Хрватин во обвинителниот акт против кланот, напишан на 322 страници.

Бојан Хрватин беше уапсен неколку месеци по останатите членови на групата и се согласи да соработува со обвинителството за намалување на казната. Тој детално ги опишува убиствата на Лазар Вукичевиќ, Александар Глигоријевиќ, Здравко Радојевиќ, Горан Величковиќ и Милан Љепоја извршени до Беливук и неговите соработници.

Врз основа на договорот со обвинителството тој треба да биде осуден на 15 години затвор, а во обвинението против кланот се наведени имињата на оние членови на групата кои успеале да ја добијат довербата на лидерите.

 

The post Завет со крв: Соработниците на Веља Невоља морале „да ги закрват“ рацете за да ја добијат неговата доверба appeared first on Република.

]]>

Сведокот-соработник во судењето на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, Бојан Хрватин открива бизарни детали за тоа како двајцата лидери на криминалниот клан ја проверувале лојалноста на сите оние кошто сакае да се придружат на групата. Беливук и Миљковиќ, лично учествувале во речиси сите егзекуции, а покрај нив, според Обвинителството за организиран криминал, во крвавите злосторства учествувале и 11 нивни најблиски соработници. Според извор на српски „Курир“, само „избраните“ можеле да отидат во куќата во Ритопек, каде што се извршувале егзекуциите и која членовите на криминалната група ја нарекле „кланица“.
Беливук и Миљковиќ не му верувале на секој од членовите на групата и во куќата во Ритопек дозволувале да дојдат само луѓе од нивна најголема доверба. Таа доверба била стекнувана преку таканаречените завети - вели изворот.
Тој објаснува дека сведокот-соработник во обвинителството зборувал за тоа како функционирале заветите, објаснувајќи дека пред да го изврши кривичното дело во кое учествувал, прво морал да „ги извалка рацете со крв“ заедно со другите членови на групата.
Без такво нешто не постои некоја голема доверба во никого, едноставно тоа е така на улица. Можете „да бидете другарчиња“ колку сакате, но за да се биде дел од сериозните работи, додека човек, во навијачка смисла, не се истепа со некого, дури немаме три-четири тепачки заедно во кои си го чуваме грбот, нема доверба. Додека не крвавиме заедно или додека не убиеме некого, нема доверба - се наведува изјавата на Хрватин во обвинителниот акт против кланот, напишан на 322 страници.
Бојан Хрватин беше уапсен неколку месеци по останатите членови на групата и се согласи да соработува со обвинителството за намалување на казната. Тој детално ги опишува убиствата на Лазар Вукичевиќ, Александар Глигоријевиќ, Здравко Радојевиќ, Горан Величковиќ и Милан Љепоја извршени до Беливук и неговите соработници. Врз основа на договорот со обвинителството тој треба да биде осуден на 15 години затвор, а во обвинението против кланот се наведени имињата на оние членови на групата кои успеале да ја добијат довербата на лидерите.  

The post Завет со крв: Соработниците на Веља Невоља морале „да ги закрват“ рацете за да ја добијат неговата доверба appeared first on Република.

]]>
Тензично на судењето на Веља Невоља: По влегување во судница Беливук ги навредувал и им се заканувал на сведоците https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tenzichno-na-sudenjeto-na-velja-nevolja-po-vleguvanje-vo-sudnica-belivuk-gi-navreduval-i-im-se-zakanuval-na-svedocite/ Thu, 10 Mar 2022 09:38:23 +0000 https://republika.mk/?p=470454

На почетокот на судењето на Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и припадниците на нивната криминална група во зградата на Специјалниот суд во Белград, владееше состојба на полициска опсада. Одлуката да се спроведат такви силни безбедноси мерки веднаш се покажа како исправна, со оглед на тоа што веднаш по влегување во судницата, првообвинетиот, Вељко Беливук, почнал да им се заканува на сведоците соработници, пишува „Курир.рс“.

Според зборовите на изворот на „Курир“, атмосферата во судницата била напната, затоа што во истата просторија, покрај обвинетите, биле и двајца сведоци-соработници, Бојан Хрватин и Никола Спасојевиќ, кои со Обвинителството за организиран криминал склопија догивор за сведочење во замена за помала казна и детално ги открија и опишаа суровите злосторства на криминалниот клан на Беливук.

Хрватин и Спасојевиќ не седеле во делот за обвинети, туку во другиотдел од судницата, додека околу нив имало голем број полицајци.

Штом влезе во судницата, Беливук се сврти кон делот во кој седеа Хрватин и Спасојевиќ и почна да им вика „пи“ки“, алудирајќи на тоа што тие двајца, кои според сопствено признание учествувале во убиствата и отстранувањето на труповите, „го издале кланот и прифатиле соработка со надлежните органи“ - објаснува изворот, кој вели дека луѓе запознаени со приликите, тие негови зборови ги протолкувале како сериозна закана.

Покрај сведоците-соработници, очи во очи со обвинетите Беливук и Миљковиќ се нашле и вдовиците на убиените Горан Величковиќ, Милан Љепоја и Здравко Радојевиќ, кои во оваа постапка имаат статус на оштетени.

Сопругата на покојниот Горан Вечичковиќ, кој исто така бил навивач на Партизан, се обидела да влезе во судницата со маица на која бил иштампан ликот на нејзиниот сопруг со натписот: „Горе на небото е вистинската армија“.

Стражарите не и дозволија да влезе така облечена, па таа облече капут - вели изворот.

The post Тензично на судењето на Веља Невоља: По влегување во судница Беливук ги навредувал и им се заканувал на сведоците appeared first on Република.

]]>

На почетокот на судењето на Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и припадниците на нивната криминална група во зградата на Специјалниот суд во Белград, владееше состојба на полициска опсада. Одлуката да се спроведат такви силни безбедноси мерки веднаш се покажа како исправна, со оглед на тоа што веднаш по влегување во судницата, првообвинетиот, Вељко Беливук, почнал да им се заканува на сведоците соработници, пишува „Курир.рс“. Според зборовите на изворот на „Курир“, атмосферата во судницата била напната, затоа што во истата просторија, покрај обвинетите, биле и двајца сведоци-соработници, Бојан Хрватин и Никола Спасојевиќ, кои со Обвинителството за организиран криминал склопија догивор за сведочење во замена за помала казна и детално ги открија и опишаа суровите злосторства на криминалниот клан на Беливук. Хрватин и Спасојевиќ не седеле во делот за обвинети, туку во другиотдел од судницата, додека околу нив имало голем број полицајци.
Штом влезе во судницата, Беливук се сврти кон делот во кој седеа Хрватин и Спасојевиќ и почна да им вика „пи“ки“, алудирајќи на тоа што тие двајца, кои според сопствено признание учествувале во убиствата и отстранувањето на труповите, „го издале кланот и прифатиле соработка со надлежните органи“ - објаснува изворот, кој вели дека луѓе запознаени со приликите, тие негови зборови ги протолкувале како сериозна закана.
Покрај сведоците-соработници, очи во очи со обвинетите Беливук и Миљковиќ се нашле и вдовиците на убиените Горан Величковиќ, Милан Љепоја и Здравко Радојевиќ, кои во оваа постапка имаат статус на оштетени. Сопругата на покојниот Горан Вечичковиќ, кој исто така бил навивач на Партизан, се обидела да влезе во судницата со маица на која бил иштампан ликот на нејзиниот сопруг со натписот: „Горе на небото е вистинската армија“.
Стражарите не и дозволија да влезе така облечена, па таа облече капут - вели изворот.

The post Тензично на судењето на Веља Невоља: По влегување во судница Беливук ги навредувал и им се заканувал на сведоците appeared first on Република.

]]>
Објавен ценовникот на „валканиот“ полицаец кој му оддавал тајни од истрагата на Беливук https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/objaven-cenovnikot-na-valkaniot-policaec-koj-mu-oddaval-tajni-od-istragata-na-belivuk/ Tue, 18 Jan 2022 21:07:31 +0000 https://republika.mk/?p=446524

Информациите од полициската, а подоцна и од обвинителската истрага против Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и другите членови на оваа криминална група, „валкан“ полициски инспектор ги наплаќал прво 500, а по апсењето на членовите на оваа група и по 5.000 евра. Според обвинението на Специјалното обвинителство, ова била сумата која поранешниот инспектор од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), Божидар Столиќ, ја земал од Беливук за да му каже какви докази полицијата против припадниците на кланот Беливук-Миљковиќ.

Информациите ги продавал од крајот на јануари 2020 година до неговото аспење во јуни 2021 година.

Посредник меѓу Столиќ и членовите на криминалната група бил Филип Голубовиќ, кој во текот на истрагата го признал делото, но не открил кому ги пренесувал информациите.

Според исказот на Голубовиќ, со инспекторот Столиќ се запознал во април 2019 година додека бил во притвор поради дрога. Столиќ бил полицаецот што го испрашувал Голубовиќ за исчезнувањето на Горан Михајловиќ, млад човек за кој се верува дека е една од жртвите на војната меѓу шкаљарскиот и кавачкиот клан, чиј огранок во Србија се смета за токму бандата Беливук-Миљковиќ.

 

The post Објавен ценовникот на „валканиот“ полицаец кој му оддавал тајни од истрагата на Беливук appeared first on Република.

]]>

Информациите од полициската, а подоцна и од обвинителската истрага против Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и другите членови на оваа криминална група, „валкан“ полициски инспектор ги наплаќал прво 500, а по апсењето на членовите на оваа група и по 5.000 евра. Според обвинението на Специјалното обвинителство, ова била сумата која поранешниот инспектор од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), Божидар Столиќ, ја земал од Беливук за да му каже какви докази полицијата против припадниците на кланот Беливук-Миљковиќ. Информациите ги продавал од крајот на јануари 2020 година до неговото аспење во јуни 2021 година. Посредник меѓу Столиќ и членовите на криминалната група бил Филип Голубовиќ, кој во текот на истрагата го признал делото, но не открил кому ги пренесувал информациите. Според исказот на Голубовиќ, со инспекторот Столиќ се запознал во април 2019 година додека бил во притвор поради дрога. Столиќ бил полицаецот што го испрашувал Голубовиќ за исчезнувањето на Горан Михајловиќ, млад човек за кој се верува дека е една од жртвите на војната меѓу шкаљарскиот и кавачкиот клан, чиј огранок во Србија се смета за токму бандата Беливук-Миљковиќ.  

The post Објавен ценовникот на „валканиот“ полицаец кој му оддавал тајни од истрагата на Беливук appeared first on Република.

]]>