Великаните на Манаки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/velikanite-na-manaki/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Mar 2024 09:07:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Великаните на Манаки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/velikanite-na-manaki/ 32 32 Великаните на Браќа Манаки во Кинотека: „Неверојатната судбина на Амели Пулен“ во чест на Бруно Делбонел https://arhiva3.republika.mk/scena/film/velikanite-na-braka-manaki-vo-kinoteka-neverojatnata-sudbina-na-ameli-pulen-vo-chest-na-bruno-delbonel/ Wed, 06 Mar 2024 09:06:30 +0000 https://republika.mk/?p=751152

Вториот месец од ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ започнува со култниот филм „Неверојатната судбина на Амели Пулен“ на Жан-Пјер Жуне.

Кинематографер е французинот БРУНО ДЕЛБОНЕЛ, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2011 година, кој за овој филм беше номиниран за Оскар и ја освои наградата за најдобра кинематограферска работа на Европските филмски награди.

Среда, 6.3. во 20:00 во Кинотека и понеделник 11.3. во 20:00 во Центар за култура Битола.

Ова е можеби најпознатиот филм на големиот француски режисер Жан Пјер Жене. Веднаш по премиерата филмот ги освои симпатиите на публиката, како и на критиката, а две децении подоцна има стекнато култен статус. Ниту еден француски филмски протагонист на овој век не е толку сакан како Амели, за неа е создаден мјузикл и е именуван нов вид жаба.

ЛАУРЕАТИТЕ НА МАНАКИ

НЕВЕРОЈАТНАТА СУДБИНА НА АМЕЛИ ПУЛЕН

(Le Fabuleux Destin d’Amélie Poulain)

Игран филм, Франција

2001, 154 мин., колор, 35 мм

Режија: Жан-Пјер Жене (Jean-Pierre Jeunet)

Сценарио: Гијом Лоран (Guillaume Laurant)

Улоги: Одри Тату, Метју Касовиц, Руфус, Лорета Кравота, Серж Мерлин (Audrey Tautou, Mathieu Kassovitz, Rufus, Lorella Cravotta, Serge Merlin)

Директор на фотографија:  Бруно Делбонел (Bruno Delbonnel)

 

Амели е млада Парижанка која поради низа несреќни околности во нејзиното детство се свртува кон фантазијата. Таа наоѓа задоволство во навидум бизарни, но всушност сосем обични работи. Како, на пример, фрлање камчиња по каналот Сан Мартан. Еден ден таа го наоѓа изгубеното богатство на непознато момче кое некогаш живеело во нејзиниот стан. Воодушевена од своето откритие, Амели решава да го најде овој млад човек и да го направи среќен. Така таа ја започнува својата мисија да ги исполни животите на луѓето околу неа со љубов и среќа. Додека им помага на другите, Амели сфаќа дека не е во состојба да си помогне себеси, дека е осамена и неостварена во љубовта. Таа се вљубува во Нино, млад човек со чудни интереси, со кого се обидува да воспостави контакт.

Ова е можеби најпознатиот филм на големиот француски режисер Жан Пјер Жене. Веднаш по премиерата филмот ги освои симпатиите на публиката, како и на критиката, а две децении подоцна има стекнато култен статус. Ниту еден француски филмски протагонист на овој век не е толку сакан како Амели, за неа е создаден мјузикл и е именуван нов  вид на жаба. Музиката за филмот ја компонираше Јан Тиерсен, а главната музичка тема на La Valse d’Amelie стана еден вид химна на градот Париз.

Подеднакво препознатлива е и кинематографијата на познатиот француски кинематограф и редовен соработник на Жан-Пјер Жене, Бруно Делбонел, со пријатните нијанси на зелената и црвената боја, како и прекрасните пејсажи на големиот град, со кои нè вовлекува во фантастичниот дух на Париз. Бруно Делбонел е еден од најеминентните современи светски кинематографи, кој освен со Жене има соработувано со режисерски имиња како Браќата Коен, Тим Бартон, Џо Рајт, Александар Сокуров.  Добитник е на  Специјалната награда Златна камера 300 на  ИФФК „Браќа Манаки“ во 2011 година за особен придонес во светската филмска уметност.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

 

The post Великаните на Браќа Манаки во Кинотека: „Неверојатната судбина на Амели Пулен“ во чест на Бруно Делбонел appeared first on Република.

]]>

Вториот месец од ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ започнува со култниот филм „Неверојатната судбина на Амели Пулен“ на Жан-Пјер Жуне.

Кинематографер е французинот БРУНО ДЕЛБОНЕЛ, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2011 година, кој за овој филм беше номиниран за Оскар и ја освои наградата за најдобра кинематограферска работа на Европските филмски награди.

Среда, 6.3. во 20:00 во Кинотека и понеделник 11.3. во 20:00 во Центар за култура Битола.

Ова е можеби најпознатиот филм на големиот француски режисер Жан Пјер Жене. Веднаш по премиерата филмот ги освои симпатиите на публиката, како и на критиката, а две децении подоцна има стекнато култен статус. Ниту еден француски филмски протагонист на овој век не е толку сакан како Амели, за неа е создаден мјузикл и е именуван нов вид жаба.

ЛАУРЕАТИТЕ НА МАНАКИ НЕВЕРОЈАТНАТА СУДБИНА НА АМЕЛИ ПУЛЕН (Le Fabuleux Destin d’Amélie Poulain) Игран филм, Франција 2001, 154 мин., колор, 35 мм Режија: Жан-Пјер Жене (Jean-Pierre Jeunet) Сценарио: Гијом Лоран (Guillaume Laurant) Улоги: Одри Тату, Метју Касовиц, Руфус, Лорета Кравота, Серж Мерлин (Audrey Tautou, Mathieu Kassovitz, Rufus, Lorella Cravotta, Serge Merlin) Директор на фотографија:  Бруно Делбонел (Bruno Delbonnel)   Амели е млада Парижанка која поради низа несреќни околности во нејзиното детство се свртува кон фантазијата. Таа наоѓа задоволство во навидум бизарни, но всушност сосем обични работи. Како, на пример, фрлање камчиња по каналот Сан Мартан. Еден ден таа го наоѓа изгубеното богатство на непознато момче кое некогаш живеело во нејзиниот стан. Воодушевена од своето откритие, Амели решава да го најде овој млад човек и да го направи среќен. Така таа ја започнува својата мисија да ги исполни животите на луѓето околу неа со љубов и среќа. Додека им помага на другите, Амели сфаќа дека не е во состојба да си помогне себеси, дека е осамена и неостварена во љубовта. Таа се вљубува во Нино, млад човек со чудни интереси, со кого се обидува да воспостави контакт. Ова е можеби најпознатиот филм на големиот француски режисер Жан Пјер Жене. Веднаш по премиерата филмот ги освои симпатиите на публиката, како и на критиката, а две децении подоцна има стекнато култен статус. Ниту еден француски филмски протагонист на овој век не е толку сакан како Амели, за неа е создаден мјузикл и е именуван нов  вид на жаба. Музиката за филмот ја компонираше Јан Тиерсен, а главната музичка тема на La Valse d’Amelie стана еден вид химна на градот Париз. Подеднакво препознатлива е и кинематографијата на познатиот француски кинематограф и редовен соработник на Жан-Пјер Жене, Бруно Делбонел, со пријатните нијанси на зелената и црвената боја, како и прекрасните пејсажи на големиот град, со кои нè вовлекува во фантастичниот дух на Париз. Бруно Делбонел е еден од најеминентните современи светски кинематографи, кој освен со Жене има соработувано со режисерски имиња како Браќата Коен, Тим Бартон, Џо Рајт, Александар Сокуров.  Добитник е на  Специјалната награда Златна камера 300 на  ИФФК „Браќа Манаки“ во 2011 година за особен придонес во светската филмска уметност.   Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари  

The post Великаните на Браќа Манаки во Кинотека: „Неверојатната судбина на Амели Пулен“ во чест на Бруно Делбонел appeared first on Република.

]]>
Великаните на Манаки: „Големиот Лебовски“ во Кинотека во чест на Роџер Дикинс https://arhiva3.republika.mk/scena/film/velikanite-na-manaki-golemiot-lebovski-vo-kinoteka-vo-chest-na-rodher-dikins/ Wed, 21 Feb 2024 11:58:00 +0000 https://republika.mk/?p=745797

Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и 50-годишниот јубилеј на Кинотеката на РСМ, во наредните неколку месеци фестивалот, Кинотеката и Центарот за култура Битола ќе организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“.

Во Кинотека филмовите од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ ќе се прикажуваат секоја среда од 20:00, а во Центарот за култура Битола секој понеделник од 20:00.

Трет  е британецот Роџер Дикинс со филмот ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ (1998, ИМДБ 8.1), но не хиерархиски, туку по редот на прикажувањето (21 февруари). Дикинс е двоен оскаровец, добитник на Златната Камера 300 за животен опус во 2018 година и еден од најголемите живи кинематографери. Режисери на филмот се постојаните соработници на Дикинс, браќата Џоел и Итан Коен.

21 ФЕВРУАРИ (СРЕДА) 20:00ч

ВЕЛИКАНИТЕ НА „БРАЌА МАНАКИ“
ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ
(The Big Lebowski)
Игран филм, САД
1998, 117 мин., колор, 35мм
Режија: Џоел Коен, Итан Коен (Joel Coen, Ethan Coen)
Сценарио: Џоел Коен, Итан Коен (Joel Coen, Ethan Coen)
Кинематографер: Роџер Дикинс (Roger Deakins)
Улоги: Џеф Бриџис, Џон Гудман, Џулиан Мур, Стив Бушеми, Дејвид Хадлстон, Џон Тортуро (Jeff Bridges, John Goodman, Julianne Moore, Steve Buscemi, David Huddleston, John Turturro)

Џеф „The Dude“ Лебовски (игран од Џеф Бриџис) е опуштен, мрзелив и страстен играч на куглање од Лос Анѓелес. Тој е жртва на напад, во кој му го уништуваат неговиот скапоцен тепих. Дознава дека нападот е поради погрешен идентитет, го помешале со милионерот кој се вика исто како него – Џеф Лебовски. Ќе замине да побара замена за својот уништен тепих и ги ангажира своите пријатели од кугланата да му помогнат.
ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ е американски филм од 1998 година, напишан, продуциран и режиран од најпознатите браќа на современиот американски филм, Џоел и Итан Коен. Филмот е крими-комедија лабаво инспирирана од делата на Рејмонд Чендлер, со сложен заплет кој на крајот не е толку важен, колку што остава простор да се развијат широка лепеза на исклучителни и неверојатни (offbeat) карактери.
ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ не поминува толку добро кај критиката во времето кога се појавува. Но, со тек на време, станува култен филм, до таа мера што во 2005 г. се основа движење/религија Дјудеизaм(Dudeism) која е посветена на ширење на филозофијата и начинот на живот на главниот лик во филмот. ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ денеска е еден од најпрепознатливите филмови на браќата Коен, каде се присутни сите елементи од нивниот стил: ексцентрични ликови, генијални комични секвенци и духовити идиосинкратични дијалози.
Кинематографер на овој филм е Роџер Дикинс, добитник на наградата Златна Камера 300 за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2018 година и еден од најголемите живи мајстори на филмската камера. 16 пати е номиниран за Оскар за најдобра кинематографска работа, а добитник е на две статуетки Оскар. Петкратен добитник е на ASC наградата на Американското здружение на кинематограферите, како и на наградата на ASC за животен опус. Петкратен добитник е и на наградата БАФТА за најдобра кинематографска работа, како и двократен добитник на наградата Independent Spirit Award за најдобра кинематографска работа. Редовно соработува со канадскиот режисер Денис Вилнев и со британскиот режисер Сем Мендез, а соработувал и со Мартин Скорсезе и Френк Дарабонт (БЕГСТВО ОД ШОШЕНК).

The post Великаните на Манаки: „Големиот Лебовски“ во Кинотека во чест на Роџер Дикинс appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и 50-годишниот јубилеј на Кинотеката на РСМ, во наредните неколку месеци фестивалот, Кинотеката и Центарот за култура Битола ќе организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“. Во Кинотека филмовите од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ ќе се прикажуваат секоја среда од 20:00, а во Центарот за култура Битола секој понеделник од 20:00. Трет  е британецот Роџер Дикинс со филмот ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ (1998, ИМДБ 8.1), но не хиерархиски, туку по редот на прикажувањето (21 февруари). Дикинс е двоен оскаровец, добитник на Златната Камера 300 за животен опус во 2018 година и еден од најголемите живи кинематографери. Режисери на филмот се постојаните соработници на Дикинс, браќата Џоел и Итан Коен. 21 ФЕВРУАРИ (СРЕДА) 20:00ч ВЕЛИКАНИТЕ НА „БРАЌА МАНАКИ“ ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ (The Big Lebowski) Игран филм, САД 1998, 117 мин., колор, 35мм Режија: Џоел Коен, Итан Коен (Joel Coen, Ethan Coen) Сценарио: Џоел Коен, Итан Коен (Joel Coen, Ethan Coen) Кинематографер: Роџер Дикинс (Roger Deakins) Улоги: Џеф Бриџис, Џон Гудман, Џулиан Мур, Стив Бушеми, Дејвид Хадлстон, Џон Тортуро (Jeff Bridges, John Goodman, Julianne Moore, Steve Buscemi, David Huddleston, John Turturro) Џеф „The Dude“ Лебовски (игран од Џеф Бриџис) е опуштен, мрзелив и страстен играч на куглање од Лос Анѓелес. Тој е жртва на напад, во кој му го уништуваат неговиот скапоцен тепих. Дознава дека нападот е поради погрешен идентитет, го помешале со милионерот кој се вика исто како него – Џеф Лебовски. Ќе замине да побара замена за својот уништен тепих и ги ангажира своите пријатели од кугланата да му помогнат. ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ е американски филм од 1998 година, напишан, продуциран и режиран од најпознатите браќа на современиот американски филм, Џоел и Итан Коен. Филмот е крими-комедија лабаво инспирирана од делата на Рејмонд Чендлер, со сложен заплет кој на крајот не е толку важен, колку што остава простор да се развијат широка лепеза на исклучителни и неверојатни (offbeat) карактери. ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ не поминува толку добро кај критиката во времето кога се појавува. Но, со тек на време, станува култен филм, до таа мера што во 2005 г. се основа движење/религија Дјудеизaм(Dudeism) која е посветена на ширење на филозофијата и начинот на живот на главниот лик во филмот. ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ денеска е еден од најпрепознатливите филмови на браќата Коен, каде се присутни сите елементи од нивниот стил: ексцентрични ликови, генијални комични секвенци и духовити идиосинкратични дијалози. Кинематографер на овој филм е Роџер Дикинс, добитник на наградата Златна Камера 300 за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2018 година и еден од најголемите живи мајстори на филмската камера. 16 пати е номиниран за Оскар за најдобра кинематографска работа, а добитник е на две статуетки Оскар. Петкратен добитник е на ASC наградата на Американското здружение на кинематограферите, како и на наградата на ASC за животен опус. Петкратен добитник е и на наградата БАФТА за најдобра кинематографска работа, како и двократен добитник на наградата Independent Spirit Award за најдобра кинематографска работа. Редовно соработува со канадскиот режисер Денис Вилнев и со британскиот режисер Сем Мендез, а соработувал и со Мартин Скорсезе и Френк Дарабонт (БЕГСТВО ОД ШОШЕНК).

The post Великаните на Манаки: „Големиот Лебовски“ во Кинотека во чест на Роџер Дикинс appeared first on Република.

]]>
Великаните на „Браќа Манаки“ во Центар за култура Битола: Синоќа специјална проекција на „Персона“ снимена од Свен Никвист https://arhiva3.republika.mk/scena/film/velikanite-na-braka-manaki-vo-tsentar-za-kultura-bitola-sinoka-spetsijalna-proektsija-na-persona-snimena-od-sven-nikvist/ Wed, 14 Feb 2024 08:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=743905

Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по повод 45-тото издание и 50-годишнината на Кинотека, синоќа имаше специјална проекција на „Персона“ во Малата сала на Центарот за култура во Битола.

Ова ремек дело од 1966 година, креација на познатиот шведски кинематографер Свен Никвист - добитник на два Оскари и инаугуративната награда за животно дело Златна камера 300 на ИФФК од меѓународниот почеток на фестивалот во 1998 година - ја истакнува соработката на Никвист со легендарниот режисер Бергман.

Свен Никвист, познат по својот минималистички пристап, славно има изјавено дека постигнувањето едноставност е сложено патување, кое му одзело три децении. Неговата техника вклучува минимално осветлување, автентични локации и мајсторство на кадри одблиску, правејќи ги жените во неговите филмови да изгледаат исклучително убави. Филмот „Персона“ служи како доказ за неговата вештина во кинематографијата одблиску, позиционирајќи го меѓу најдобрите камери во историјата.

Ретроспективата, со која се слават одредниците на фестивалот и на Кинотеката, ќе претстави 17 филмски богатства до крајот на мај. Проекциите се закажани секоја среда во 20:00 часот во скопската Кинотека и секој понеделник во 20:15 часот во Центарот за култура во Битола, на кои се прикажуваат филмовите кои ги заслужиле најголемите признанија на ИФФК „Браќа Манаки“ во текот на четири децении.

На фестивалот, заедно со Кинотеката и Центарот за култура во Битола, ќе биде прикажана ретроспектива на иконски филмови фотографирани од минати лауреати на „Браќа Манаки“.

 

По филмот „Персона“, вториот филм од ретроспективата (19 февруари) е ПАРИЗ, ТЕКСАС (1984, ИМДБ 8.1), снимен од холандскиот кинематографер Роби Милер, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Милер, култниот Вим Вендерс.

 

Трет е британецот Роџер Дикинс со филмот ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ (1998, ИМДБ 8.1), но не хиерархиски, туку по редот на прикажувањето (26 февруари). Дикинс е двоен оскаровец, добитник на Златната Камера 300 за животен опус во 2018 година и еден од најголемите живи кинематографери. Режисери на филмот се постојаните соработници на Дикинс, браќата Џоел и Итан Коен.

 

Последен февруарски филм (4 март) од ретроспективата е ВЛЕЗИ ВО ПРАЗНИНАТА (2009, ИМДБ 7.2) снимен од белгискиот кинематографер Беноа Деби, добитник на Златна Камера 300 во 2010 година токму за кинематограферската работа на овој филм. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Деби, француско-аргентинскиот enfant terrible Гаспар Ное.

 

 

The post Великаните на „Браќа Манаки“ во Центар за култура Битола: Синоќа специјална проекција на „Персона“ снимена од Свен Никвист appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по повод 45-тото издание и 50-годишнината на Кинотека, синоќа имаше специјална проекција на „Персона“ во Малата сала на Центарот за култура во Битола. Ова ремек дело од 1966 година, креација на познатиот шведски кинематографер Свен Никвист - добитник на два Оскари и инаугуративната награда за животно дело Златна камера 300 на ИФФК од меѓународниот почеток на фестивалот во 1998 година - ја истакнува соработката на Никвист со легендарниот режисер Бергман. Свен Никвист, познат по својот минималистички пристап, славно има изјавено дека постигнувањето едноставност е сложено патување, кое му одзело три децении. Неговата техника вклучува минимално осветлување, автентични локации и мајсторство на кадри одблиску, правејќи ги жените во неговите филмови да изгледаат исклучително убави. Филмот „Персона“ служи како доказ за неговата вештина во кинематографијата одблиску, позиционирајќи го меѓу најдобрите камери во историјата. Ретроспективата, со која се слават одредниците на фестивалот и на Кинотеката, ќе претстави 17 филмски богатства до крајот на мај. Проекциите се закажани секоја среда во 20:00 часот во скопската Кинотека и секој понеделник во 20:15 часот во Центарот за култура во Битола, на кои се прикажуваат филмовите кои ги заслужиле најголемите признанија на ИФФК „Браќа Манаки“ во текот на четири децении. На фестивалот, заедно со Кинотеката и Центарот за култура во Битола, ќе биде прикажана ретроспектива на иконски филмови фотографирани од минати лауреати на „Браќа Манаки“.   По филмот „Персона“, вториот филм од ретроспективата (19 февруари) е ПАРИЗ, ТЕКСАС (1984, ИМДБ 8.1), снимен од холандскиот кинематографер Роби Милер, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Милер, култниот Вим Вендерс.   Трет е британецот Роџер Дикинс со филмот ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ (1998, ИМДБ 8.1), но не хиерархиски, туку по редот на прикажувањето (26 февруари). Дикинс е двоен оскаровец, добитник на Златната Камера 300 за животен опус во 2018 година и еден од најголемите живи кинематографери. Режисери на филмот се постојаните соработници на Дикинс, браќата Џоел и Итан Коен.   Последен февруарски филм (4 март) од ретроспективата е ВЛЕЗИ ВО ПРАЗНИНАТА (2009, ИМДБ 7.2) снимен од белгискиот кинематографер Беноа Деби, добитник на Златна Камера 300 во 2010 година токму за кинематограферската работа на овој филм. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Деби, француско-аргентинскиот enfant terrible Гаспар Ное.    

The post Великаните на „Браќа Манаки“ во Центар за култура Битола: Синоќа специјална проекција на „Персона“ снимена од Свен Никвист appeared first on Република.

]]>