Велика Стојкова Серафимовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/velika-stojkova-serafimovska/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jan 2024 18:54:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Велика Стојкова Серафимовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/velika-stojkova-serafimovska/ 32 32 Стојкова Серафимовска: СДСМ седум години не ја имплементира националната стратегија за култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/stojkova-serafimovska-sdsm-sedum-godini-ne-ja-implementira-natsionalnata-strategija-za-kultura/ Fri, 12 Jan 2024 20:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=732424

Културата треба да биде одраз на општеството и државата, таа треба да ја рефлектира државата и општеството и да биде независна. СДСМ културата ја направи алатка за поткусурување. Каде потфрли? Потфрли во тоа што ние 7 години немаме квалитетна и имплементативна национална стратегија за културата, се донесе еден документ во 2018-та но тоа не беше стратегија туку тоа беше памфлет далеку од стратегија. Сега година дена касни другата стратегија за национална стратегија и немаат компас“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска, во гостување во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа.

Таа додаде дека нема капитална театарска претстава, музичко сценско дело, опера или балет, капитален проект во културата, ниту пак капитална инвестиција во културата.

Кога нема национална стратегија институциите не знаат што да прават тие импровизираат, немаат насока и немаат план на работа. СДСМ дојдоа со памфлет програма, се беше апстрактно „ќе“ на крајот на краиштата тие се ќе Влада, културното наследство девастирано, културните институции девастирани, директорите кој од кој по криминоген. Што се случува со агенција за филм? една година се збори дека тој директор е криминоген и не го разрешуваат. Тој директор и покрај што има неколку пријави сеуште располага со многу пари“, изјави Стојкова Серафимовска.

Таа истакна дека Владата на СДСМ и ДУИ е импровизација која е на стаклени нозе.

Страшно е што се случува во културното наследство имаме состојба на посебен Закон за Старата скопска чаршија и таму имаме рушење на култни објекти во кој Владата се изјаснува дека тоа се непознати сторители“, вели Стојкова Серафимовска.

The post Стојкова Серафимовска: СДСМ седум години не ја имплементира националната стратегија за култура appeared first on Република.

]]>

Стојкова-Серафимовска: ВМРО-ДПМНЕ има сериозен одржлив и економски план за чиста животна средина и намалување на аерозагадувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojkova-serafimovska-vmro-dpmne-ima-seriozen-odrzhliv-i-ekonomski-plan-za-chista-zhivotna-sredina-i-namaluvane-na-aerozagaduvaneto/ Thu, 04 Jan 2024 13:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=729627

На денешната прес конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова-Серафимовска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што министерката за животна средина ги обвини општините дека не доволно работеле на спроведување на мерките за заштита на животната средина, алудирајќи на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ дека не доволно се ангажирале за да се подобри квалитетот на амбиенталниот воздух и дали ВМРО-ДПМНЕ има план за тоа истакна дека СДСМ и ДУИ не ги исполнија мерките за заштита на животната средина и аерозагадувањето а ВМРО-ДПМНЕ има сериозен одржлив и економски план за чиста животна средина и намалување на аерозагадувањето.

„Секако дека ВМРО-ДПМНЕ има план кој што ќе го предложи во програмата за претстоечките избори во мај и тој план е издржан и ги содржи сите оние мерки кои што ги кажавме а кои што не се содржат во планот на СДСм. Во однос на општините и во однос на она што СДСМ постојано го повторува дека ингеренциите се на локалната самоуправа и тоа не е точно и ќе ви кажам зошто не е точно. Бидејќи и покрај ветувањата на СДСМ дека ќе се засили коренсподенцијата односно комуникацијата помеѓу локалниот и државниот инспекторат за животна средина ние такво нешто не добивме ниту како предлог законско решение ниту пак такви ингеренции некој доби тоа многу добро се виде во последната случка она што се случи во Ѓорче Петров каде што локалниот инспектор детектира прекршување на закон а додека стигне до државниот инспектор сето тоа се покри. Значи и тоа ветување дека ќе има вмрежување не се исполни. Втора работа локалната самоуправа односно градоначалниците имаат одредени ограничени ингеренции но што може да видиме, ние можеме да видиме дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја завршија својата работа во однос на она што е во нивниот план. Односно ги исчистија депониите во Ѓорче Петров се направи голем парк наместото на депонијата, истото се случи и во Бутел, понатаму градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ како што е градоначалникот на Аеродром и градоначалникот на Кисела Вода како што добро знаете ги избришаа градежните маркици на тоа место ставија паркови, ставија зеленило за граѓаните. Но не може во Ѓорче Петров да се реши аерозагадувањето се додека геријатрија, болницата за геријатрија не се смени бидејќи се загрева на најлошиот квалитет на мазут. И тие владини згради кои што се во општините тие не зависат од локалната самоуправа не зависат од градоначалниците туку зависат од владата. А владата и покрај тоа што уште во 2020 и претходно во 2016 го имаше напишано во својата програма тоа дека ќе ги смени загадувачите и ќе ги стави на еколошки начин на греење тоа не го направи еве и во 2024 требаше во 2022 тоа да биде најдоцна така да сите оние префрлања од страна на владата дека локалната самоуправа не работи добро тоа е буквално сами себе си пукаат во нога. До пред две години тие ја држеа комплетно и локалната и централната власт ништо не направија состојбата со аерозагадувањето е влошена многу повеќе од што беше. Едно од решенијата секако дека е и гасификација меѓу тоа како што видовме во изминатите седум години една цевка не е поставена. Ние имаме сериозен одржлив и економски план за чиста животна средина и за намалување на аерозагадувањето, секако не можеме да очекуваме дека за една година ова може да се реши но мораме да почнеме да ги спроведуваме мерките оние кои што СДСМ и ДУИ не ги спроведоа а ги ветија“ нагласи Стојкова-Серафимовска.

The post Стојкова-Серафимовска: ВМРО-ДПМНЕ има сериозен одржлив и економски план за чиста животна средина и намалување на аерозагадувањето appeared first on Република.

]]>

На денешната прес конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова-Серафимовска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што министерката за животна средина ги обвини општините дека не доволно работеле на спроведување на мерките за заштита на животната средина, алудирајќи на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ дека не доволно се ангажирале за да се подобри квалитетот на амбиенталниот воздух и дали ВМРО-ДПМНЕ има план за тоа истакна дека СДСМ и ДУИ не ги исполнија мерките за заштита на животната средина и аерозагадувањето а ВМРО-ДПМНЕ има сериозен одржлив и економски план за чиста животна средина и намалување на аерозагадувањето. „Секако дека ВМРО-ДПМНЕ има план кој што ќе го предложи во програмата за претстоечките избори во мај и тој план е издржан и ги содржи сите оние мерки кои што ги кажавме а кои што не се содржат во планот на СДСм. Во однос на општините и во однос на она што СДСМ постојано го повторува дека ингеренциите се на локалната самоуправа и тоа не е точно и ќе ви кажам зошто не е точно. Бидејќи и покрај ветувањата на СДСМ дека ќе се засили коренсподенцијата односно комуникацијата помеѓу локалниот и државниот инспекторат за животна средина ние такво нешто не добивме ниту како предлог законско решение ниту пак такви ингеренции некој доби тоа многу добро се виде во последната случка она што се случи во Ѓорче Петров каде што локалниот инспектор детектира прекршување на закон а додека стигне до државниот инспектор сето тоа се покри. Значи и тоа ветување дека ќе има вмрежување не се исполни. Втора работа локалната самоуправа односно градоначалниците имаат одредени ограничени ингеренции но што може да видиме, ние можеме да видиме дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја завршија својата работа во однос на она што е во нивниот план. Односно ги исчистија депониите во Ѓорче Петров се направи голем парк наместото на депонијата, истото се случи и во Бутел, понатаму градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ како што е градоначалникот на Аеродром и градоначалникот на Кисела Вода како што добро знаете ги избришаа градежните маркици на тоа место ставија паркови, ставија зеленило за граѓаните. Но не може во Ѓорче Петров да се реши аерозагадувањето се додека геријатрија, болницата за геријатрија не се смени бидејќи се загрева на најлошиот квалитет на мазут. И тие владини згради кои што се во општините тие не зависат од локалната самоуправа не зависат од градоначалниците туку зависат од владата. А владата и покрај тоа што уште во 2020 и претходно во 2016 го имаше напишано во својата програма тоа дека ќе ги смени загадувачите и ќе ги стави на еколошки начин на греење тоа не го направи еве и во 2024 требаше во 2022 тоа да биде најдоцна така да сите оние префрлања од страна на владата дека локалната самоуправа не работи добро тоа е буквално сами себе си пукаат во нога. До пред две години тие ја држеа комплетно и локалната и централната власт ништо не направија состојбата со аерозагадувањето е влошена многу повеќе од што беше. Едно од решенијата секако дека е и гасификација меѓу тоа како што видовме во изминатите седум години една цевка не е поставена. Ние имаме сериозен одржлив и економски план за чиста животна средина и за намалување на аерозагадувањето, секако не можеме да очекуваме дека за една година ова може да се реши но мораме да почнеме да ги спроведуваме мерките оние кои што СДСМ и ДУИ не ги спроведоа а ги ветија“ нагласи Стојкова-Серафимовска.  

The post Стојкова-Серафимовска: ВМРО-ДПМНЕ има сериозен одржлив и економски план за чиста животна средина и намалување на аерозагадувањето appeared first on Република.

]]>
Стојкова Серафимовска: Со злоупотребата на европско знаменце на законите, Владата го засегнува археолошкото наследство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojkova-serafimovska-so-zloupotrebata-na-evropsko-znamentse-na-zakonite-vladata-go-zasegnuva-arheoloshkoto-nasledstvo/ Wed, 24 May 2023 07:25:02 +0000 https://republika.mk/?p=644139

„Нема компас ништо во оваа Влада, никој не знае каде оди, немаме стратегија за култура, за заштита на културно наследство бидејќи двете стратегии завршија минатата година, ниту пак има најава дека се изготвува нова стратегија”, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” на Телевизија Алфа.

Таа истакна дека од една страна власта вели дека го повлекла законот за културно наследство и нема да има никаква опасност, а од друга страна ги ставаат трите збора наоѓалишта и археолошки информации.

„Во овие нови 5 пакет закони кои ни се дадени има најава дека ќе биде засегнато и археолошкото наследство, зошто е тоа така? Затоа што во законот за урбанистичко планирање се изнесуваат работите за да се забрза со градба. Таму во еден член се спомнува археолошки информации и зборот наоѓалишта а пак тој закон е многу поврзан со законот за градба кои ќе бидат процедурите. Тоа е се со намера да се забрза процесот многу рокови се скратени”, кажа Стојкова Серафимовска.

Таа изјави дека сега со ова ние во моментов немаме траса, а едно од најголемите забелешки е дека се гласа нешто на жими мајка и никој не знае што ќе биде.

Стојкова Серафимовска кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се буни против европското злоупотребено знаменце затоа што не може вака брзо и по секоја цена со скратени постапки за се.

The post Стојкова Серафимовска: Со злоупотребата на европско знаменце на законите, Владата го засегнува археолошкото наследство appeared first on Република.

]]>

„Нема компас ништо во оваа Влада, никој не знае каде оди, немаме стратегија за култура, за заштита на културно наследство бидејќи двете стратегии завршија минатата година, ниту пак има најава дека се изготвува нова стратегија”, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” на Телевизија Алфа.
Таа истакна дека од една страна власта вели дека го повлекла законот за културно наследство и нема да има никаква опасност, а од друга страна ги ставаат трите збора наоѓалишта и археолошки информации.
„Во овие нови 5 пакет закони кои ни се дадени има најава дека ќе биде засегнато и археолошкото наследство, зошто е тоа така? Затоа што во законот за урбанистичко планирање се изнесуваат работите за да се забрза со градба. Таму во еден член се спомнува археолошки информации и зборот наоѓалишта а пак тој закон е многу поврзан со законот за градба кои ќе бидат процедурите. Тоа е се со намера да се забрза процесот многу рокови се скратени”, кажа Стојкова Серафимовска.
Таа изјави дека сега со ова ние во моментов немаме траса, а едно од најголемите забелешки е дека се гласа нешто на жими мајка и никој не знае што ќе биде. Стојкова Серафимовска кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се буни против европското злоупотребено знаменце затоа што не може вака брзо и по секоја цена со скратени постапки за се.

The post Стојкова Серафимовска: Со злоупотребата на европско знаменце на законите, Владата го засегнува археолошкото наследство appeared first on Република.

]]>
Стојкова Серафимовска: Ако не се применат забелешките на Венецијанската комисија, ќе дојде до колизија меѓу законот за употреба на македонскиот јазик и законот за употреба на јазиците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojkova-serafimovska-ako-ne-se-primenat-zabeleshkite-na-venetsijanskata-komisija-ke-dojde-do-kolizija-megu-zakonot-za-upotreba-na-makedonskiot-jazik-i-zakonot-za-upotreba-na-jazitsite/ Tue, 09 May 2023 14:14:23 +0000 https://republika.mk/?p=638891

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска во гостувањето на 24 Телевизија истакна дека примената на законот за употреба на Македонскиот јазик, кој владата го достави до Собранието, ќе наиде на пречки заради претходниот закон за употреба на јазиците кој оваа власт го донесе пред некое време и за кое имаше забелешки и од страна на Венецијанската комисија.

Законот за употреба на јазиците во член 1 став 2 “друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, во заграда албанскиот јазик, исто така е службен јазик и неговото писмо согласно овој закон. Што ќе се случи кога ќе се сретнат два инспектори од различни инспекторати на едно исто место, по кој закон ќе одат? – праша Велика Стојкова Серафимовска.

Според неа со ваквото решение се диксриминира употребата не само на македонскиот јазик, туку и јазиците на другите етнички заедници. Забелешките од Венецијанската Комисија по однос на овој закон се пристигнати и после две три години истите не се имплементирани, иако власта најави дека ќе ги имплементира.

Законот за употреба на Македонскиот јазик и законот за употреба на јазиците се контрадикторни меѓу себе и ќе се јават проблемите тука- дополни Стојкова Серафимовска.

Таа заклучи дека кога ќе се применат забелешките на Венецијанската комисија тогаш нема да го има проблемот на колизија на двата закони.

The post Стојкова Серафимовска: Ако не се применат забелешките на Венецијанската комисија, ќе дојде до колизија меѓу законот за употреба на македонскиот јазик и законот за употреба на јазиците appeared first on Република.

]]>

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска во гостувањето на 24 Телевизија истакна дека примената на законот за употреба на Македонскиот јазик, кој владата го достави до Собранието, ќе наиде на пречки заради претходниот закон за употреба на јазиците кој оваа власт го донесе пред некое време и за кое имаше забелешки и од страна на Венецијанската комисија. Законот за употреба на јазиците во член 1 став 2 “друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, во заграда албанскиот јазик, исто така е службен јазик и неговото писмо согласно овој закон. Што ќе се случи кога ќе се сретнат два инспектори од различни инспекторати на едно исто место, по кој закон ќе одат? – праша Велика Стојкова Серафимовска. Според неа со ваквото решение се диксриминира употребата не само на македонскиот јазик, туку и јазиците на другите етнички заедници. Забелешките од Венецијанската Комисија по однос на овој закон се пристигнати и после две три години истите не се имплементирани, иако власта најави дека ќе ги имплементира. Законот за употреба на Македонскиот јазик и законот за употреба на јазиците се контрадикторни меѓу себе и ќе се јават проблемите тука- дополни Стојкова Серафимовска. Таа заклучи дека кога ќе се применат забелешките на Венецијанската комисија тогаш нема да го има проблемот на колизија на двата закони.

The post Стојкова Серафимовска: Ако не се применат забелешките на Венецијанската комисија, ќе дојде до колизија меѓу законот за употреба на македонскиот јазик и законот за употреба на јазиците appeared first on Република.

]]>
Стојкова Серафимовска: Каде отидоа 30 милиони денари за училиштето во Љубојно и зошто се уништува Старата скопска чаршија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojkova-serafimovska-kade-otidoa-30-milioni-denari-za-uchilishteto-vo-lubojno-i-zoshto-se-unishtuva-starata-skopska-charshija/ Thu, 26 Jan 2023 17:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=601392

Што се случува во Старата скопска чаршија? Ќе потсетам дека е заштитена како културно наследство од особено значење од 2008 година и подразбира степен на заштита и механизми за реставрација и зачувување на автентичната состојба. Меѓутоа изминативе години гледаме дека се случуваат неубави слики, се менува ликот и се загрозува степенот на заштита, прашува пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска на денешната седница за пратенички прашања.

Таа истакна дека никнуваат згради кои не содејствуваат со архитектурата на чаршија, а пред неколку месеци објектот Шар, култен објект кој е срамнет со земја, а на негово место се гради нов објект.

Чаршијата се уништува, се губи едно од најатрактивните места во Скопје, а не се отворени ни музеите на скопско Кале. Зошто нема никаква реакција, зошто се гради објект кој никој не знае како ќе изгледа, прекршени се закони, рече таа.

Стојкова Серафимовска исто така посочи дека Ковачевски и министерката за култура беа во Љубојно, каде ветија центар за македонски јазик, во второто училиште во Македонија, и потсети дека и Зоран Заев како премиер се пофали со реконструкција и дека се издвоени пари кои никој не знае каде се.

Првото училиште во Македонија започнато со работа 1943 година е во кичевско Подвис и ништо не е направено, и покрај што има елаборат, првото школо е со руинирана зграда. За второто школо во 2020 година тогашниот премиер Зоран Заев објави дека ќе се реконструира училиштето во Љубојно и за тоа се одвоени 30 милиони денари. Моето прашање за Ковачевски е каде отидоа тие 30 милиони денари кои владата ги одвои во 2020 година за истата намена за која сега се вели ќе се одвојат 163 милиони денари?

The post Стојкова Серафимовска: Каде отидоа 30 милиони денари за училиштето во Љубојно и зошто се уништува Старата скопска чаршија? appeared first on Република.

]]>

Што се случува во Старата скопска чаршија? Ќе потсетам дека е заштитена како културно наследство од особено значење од 2008 година и подразбира степен на заштита и механизми за реставрација и зачувување на автентичната состојба. Меѓутоа изминативе години гледаме дека се случуваат неубави слики, се менува ликот и се загрозува степенот на заштита, прашува пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска на денешната седница за пратенички прашања. Таа истакна дека никнуваат згради кои не содејствуваат со архитектурата на чаршија, а пред неколку месеци објектот Шар, култен објект кој е срамнет со земја, а на негово место се гради нов објект.
Чаршијата се уништува, се губи едно од најатрактивните места во Скопје, а не се отворени ни музеите на скопско Кале. Зошто нема никаква реакција, зошто се гради објект кој никој не знае како ќе изгледа, прекршени се закони, рече таа.
Стојкова Серафимовска исто така посочи дека Ковачевски и министерката за култура беа во Љубојно, каде ветија центар за македонски јазик, во второто училиште во Македонија, и потсети дека и Зоран Заев како премиер се пофали со реконструкција и дека се издвоени пари кои никој не знае каде се.
Првото училиште во Македонија започнато со работа 1943 година е во кичевско Подвис и ништо не е направено, и покрај што има елаборат, првото школо е со руинирана зграда. За второто школо во 2020 година тогашниот премиер Зоран Заев објави дека ќе се реконструира училиштето во Љубојно и за тоа се одвоени 30 милиони денари. Моето прашање за Ковачевски е каде отидоа тие 30 милиони денари кои владата ги одвои во 2020 година за истата намена за која сега се вели ќе се одвојат 163 милиони денари?
 
The post Стојкова Серафимовска: Каде отидоа 30 милиони денари за училиштето во Љубојно и зошто се уништува Старата скопска чаршија? appeared first on Република.

]]>
Зошто на 29 септември сè уште нема печатени учебници и се учи од нецелосни скрипти? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-na-29-septemvri-se-ushte-nema-pechateni-uchebnici-i-se-uchi-od-necelosni-skripti/ Thu, 29 Sep 2022 16:38:08 +0000 https://republika.mk/?p=555754

На денешната 87 седница на Собранието на Република Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска постави неколку прашања.

Првото прашање се однесуваше до министерката за Култура Бисера Костадиновска Стојчевска која иако пред некој ден кажа дека тоа што се збори во јавноста околу чувањето на културното наследство е неточно без да даде аргументи зашто тоа е неточно, таа ја образложи мизерната состојба во кое се наоѓа материјалното и нематеријалното културно наследство и го постави следното прашање:

Дали можете да ми кажете еве конкретно за овие добра кој се на листите на УНЕСКО, колку е издвоено, значи колку средства се издвоени од буџетот на МК на РМ за 2022 година и тоа зборувам од програмата за заштита на културно наследство, значи не зборувам за другите програми како што е фолклор, домови на култура или музичко-сценска дејност, од секторот заштита колку средства се издвоени за сите вкупно добра културни кои се впишани на листите на УНЕСКО?

Дополнително таа посочи дека ова е прва седница од почетокот на учебната година и потенцираше дека учениците не добија учебници, а добија некои скрипти кои се кованици од неколку учебници.

Според Стојкова Серафимовска ова се се должи на експериментите на Царовска во Образованието.

Таа го постави следното прашање до претставник од Владата:

Зошто се уште на 29 септември нема печатени учебници и кога планирате да ги доставите печатените учебници?

Нејзиното трето прашање кое го постави до министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска се однесуваше за платите на вработените во градинките, односно сите вработени како што рече таа а не само на носители на дејност, поради ова таа побара појаснување од министерката преку одговор на следното прашање:

Кога ќе се покачат кај сите, не само кај носителите на дејност туку кај сите вработени во градинките?

The post Зошто на 29 септември сè уште нема печатени учебници и се учи од нецелосни скрипти? appeared first on Република.

]]>

На денешната 87 седница на Собранието на Република Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска постави неколку прашања. Првото прашање се однесуваше до министерката за Култура Бисера Костадиновска Стојчевска која иако пред некој ден кажа дека тоа што се збори во јавноста околу чувањето на културното наследство е неточно без да даде аргументи зашто тоа е неточно, таа ја образложи мизерната состојба во кое се наоѓа материјалното и нематеријалното културно наследство и го постави следното прашање:
Дали можете да ми кажете еве конкретно за овие добра кој се на листите на УНЕСКО, колку е издвоено, значи колку средства се издвоени од буџетот на МК на РМ за 2022 година и тоа зборувам од програмата за заштита на културно наследство, значи не зборувам за другите програми како што е фолклор, домови на култура или музичко-сценска дејност, од секторот заштита колку средства се издвоени за сите вкупно добра културни кои се впишани на листите на УНЕСКО?
Дополнително таа посочи дека ова е прва седница од почетокот на учебната година и потенцираше дека учениците не добија учебници, а добија некои скрипти кои се кованици од неколку учебници. Според Стојкова Серафимовска ова се се должи на експериментите на Царовска во Образованието. Таа го постави следното прашање до претставник од Владата:
Зошто се уште на 29 септември нема печатени учебници и кога планирате да ги доставите печатените учебници?
Нејзиното трето прашање кое го постави до министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска се однесуваше за платите на вработените во градинките, односно сите вработени како што рече таа а не само на носители на дејност, поради ова таа побара појаснување од министерката преку одговор на следното прашање:
Кога ќе се покачат кај сите, не само кај носителите на дејност туку кај сите вработени во градинките?

The post Зошто на 29 септември сè уште нема печатени учебници и се учи од нецелосни скрипти? appeared first on Република.

]]>
Почитувана министерке, дали сте свесни дека со овие таканаречени мерки се согласивте на цензура во творењето? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochituvana-ministerke-dali-ste-svesni-deka-so-ovie-takanarecheni-merki-se-soglasivte-na-cenzura-vo-tvorenjeto/ Thu, 28 Jul 2022 12:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=534285

Почитувана министерке Бисера Костадиновска Стојчевска, вие бевте член на Меѓуресорска работна група за туризам, култура, наука и образование, млади и спорт како дел од преговорите помеѓу Македонија и Бугарија. И врз основа на Вашата работа како работна група се донесени заклучоци и чекори и се преземени обврски кои се дел од непромислено потпишаниот Протокол од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија помеѓу Македонија и Бугарија. Во третата точка од Протоколот, на страна 18 во темата Говор на омраза се вели: Двете држави да гарантираат дека државното финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција, како и на споменици на културата и прослави, ќе се реализира во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и во овој контекст, секој субјект финансиран од државата ќе потврди преку јасна и обврзувачка изјава дека ќе го следи со неопходното внимание прашањето за неприфаќање на сите форми на говор на омраза и непочитувањето на оваа должност ќе претставува основа за прекин на понатамошното државно финансирање на ваквиот субјект“, истакна пратеничката Велика Стојкова Серафимовска денес на собраниската седница за пратенички прашања.

„Понатаму, на страна 20 се вели: Република Македонија ќе преземе мерки со кои ќе осигура ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во Република Македонија:

• Постигнување на одржливи резултати за превенција и реакција против појавите на јазик на омраза против Бугарите во Република Македонија во јавниот простор во Република Македонија.

• Постигнување на одржливи резултати во превенцијата, истрагата и гонењето кај кривични дела од омраза, појава на јазик на омраза и дискриминација против Бугарите во Република Македонија“, прочита пратеничката од Протоколот кој што е потпишан од Македонија и Бугарија.

Оттука Стојкова Серафимовска ја запраша министерката за култура дали кога се согласиле за содржината на Протоколот во делот на културата помислила на реперкусиите на преземените обврски врз градењето, негувањето и промоцијата на македонската национална култура? Дали од власта беа свесни дека уметникот и уметноста се неопходно и најекспресивно средство при градењето на културниот идентитет и колективна меморија? Дали беа свесни дека со овие таканаречени мерки се согласиле на цензура во творењето. Дали сега македонските уметници ќе творат во илегала, како на почетокот на 20 век, а сите дела создадени во изминативе 80 години кои се однесуваат на таканаречените „спорни историски периоди“ ќе бидат ставени во бункер и заборавени?

Јас поставив многу прашања, но еве да формулирам едно конкретно прашање кое не е само мое, туку и на стотици македонски граѓани, а особено на уметниците и културните дејци кои навистина се чудат како може некој да се меша во културното наследство и културата на една држава, нешто што е осудено дури и во меѓународни конвенции. Министерке, што точно значи говор на омраза кон бугарската заедница во некој конкретен случај, еве на пример во еден филм, книга или друго уметничко дело кое би ги раскажало случувањата од Втората светска војна, или пак денешните случувања на негирање на постоење на јазик и историја што е целосно спротивно на европските вредности на почитување на културната разноликост и право на самоопределување, запраша пратеничката.

Второто прашање на пратеничката се однесуваше исто така на министерката за култура и се однесува на Споменикот Аквадукт во Скопје и Скопското кале. Таа посочи дека се надева дека сите ја знаат состојбата на Аквадуктот, а Владата неколку пати ветуваше соодветна заштита и промоција на овој објект, но за жал од тоа ништо не се случи.Исто така и Скопското Кале изгледа повеќе како запуштена џунгла во срцето на главниот град.

Министерке, дали може да дадете временска рамка кога овие два објекти ќе бидат соодветно заштитени и подготвени за нивна интеграција во културната понуда на Македонија, како за културни и туристички цели, така и за едукативни тури, запраша Стојкова Серфимовска.

Третото прашање на пратеничката Стојкова Серафимовска се однесуваше до министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и се однесува на потпишаната Одлука на 12 јули за измена на наставните планови во основното образование.

Имено, додека народот се противи на францускиот предлог и додека траат масовните протести на улиците, токму поради јасните последици по македонскиот јазик и идентитет, министерот за образование и наука, кадар на ДУИ усвојува нов наставен план за основно образование, со кој изучувањето на македонскиот јазик во второ одделение се намалува од 6 на 5 часови неделно. Ова е само почеток на промените, кои според Концепцијата, ќе се воведат и во другите одделенија, етапно во секоја следна учебна година. Се поставува прашањето како е безбеден идентитетот и јазикот, кога власта веќе почна со фризирање на наставните програми, запраша пратеничката Стојкова Серафимовска.

Министерката Костадиновска Стојчевска одговори дека Министерството за култура во ниту еден момент нема да цензурира ништо.

Државава треба да гради соживот, а историјата е таа што е и не смее да се интерпретира како говор на омраза, подвлече министерката.

Правите слободни интерпретации на Договорот за пријателство. Министерството за култура во ниту еден момент нема да цензурира, секој има право на творештво. Спонзорираме уметност и творештво на многу повисока категорија граѓани и овој Договор за пријателство се надевам нема така да го толкувате. Соработката со Бугарија одамна постои, топла вода не измисливме ама мора да одиме во Европа, да градиме соживот. Немојте да ги извртувате напорите што се направени, дека Министерството ќе прави цензура и дека ќе става граници. Во Договорот со Буарија стои дека ќе разменуваме артисти за Илидненски денови, Струшки вечери, Охридско лето,… што не е ништо ново, подвлече Костадиновска Стојчевска.

Таа не одговори конкретно на прашањето кое го постави пратеничката Велика Стојковска Серафимовска која, меѓу другото, сакаше да добие одговор што конкретно според потпишаниот Протокол со Бугарија значи „говор на омраза” и дали тоа предвидува цензура во творењето на уметниците, како и дали делата кои се однеусваат на т.н. спорни периоди ќе бидат заборавени и забранети. Стојковска Серафимовска како примери ги посочи филмовите „Волчја ноќ”, „Истрел”, „Јазол”, „Трето полувреме”,…, прашувајќи дали ќе треба да се менува нивната содржина.

The post Почитувана министерке, дали сте свесни дека со овие таканаречени мерки се согласивте на цензура во творењето? appeared first on Република.

]]>

Почитувана министерке Бисера Костадиновска Стојчевска, вие бевте член на Меѓуресорска работна група за туризам, култура, наука и образование, млади и спорт како дел од преговорите помеѓу Македонија и Бугарија. И врз основа на Вашата работа како работна група се донесени заклучоци и чекори и се преземени обврски кои се дел од непромислено потпишаниот Протокол од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија помеѓу Македонија и Бугарија. Во третата точка од Протоколот, на страна 18 во темата Говор на омраза се вели: Двете држави да гарантираат дека државното финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција, како и на споменици на културата и прослави, ќе се реализира во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и во овој контекст, секој субјект финансиран од државата ќе потврди преку јасна и обврзувачка изјава дека ќе го следи со неопходното внимание прашањето за неприфаќање на сите форми на говор на омраза и непочитувањето на оваа должност ќе претставува основа за прекин на понатамошното државно финансирање на ваквиот субјект“, истакна пратеничката Велика Стојкова Серафимовска денес на собраниската седница за пратенички прашања. „Понатаму, на страна 20 се вели: Република Македонија ќе преземе мерки со кои ќе осигура ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во Република Македонија: • Постигнување на одржливи резултати за превенција и реакција против појавите на јазик на омраза против Бугарите во Република Македонија во јавниот простор во Република Македонија. • Постигнување на одржливи резултати во превенцијата, истрагата и гонењето кај кривични дела од омраза, појава на јазик на омраза и дискриминација против Бугарите во Република Македонија“, прочита пратеничката од Протоколот кој што е потпишан од Македонија и Бугарија. Оттука Стојкова Серафимовска ја запраша министерката за култура дали кога се согласиле за содржината на Протоколот во делот на културата помислила на реперкусиите на преземените обврски врз градењето, негувањето и промоцијата на македонската национална култура? Дали од власта беа свесни дека уметникот и уметноста се неопходно и најекспресивно средство при градењето на културниот идентитет и колективна меморија? Дали беа свесни дека со овие таканаречени мерки се согласиле на цензура во творењето. Дали сега македонските уметници ќе творат во илегала, како на почетокот на 20 век, а сите дела создадени во изминативе 80 години кои се однесуваат на таканаречените „спорни историски периоди“ ќе бидат ставени во бункер и заборавени?
Јас поставив многу прашања, но еве да формулирам едно конкретно прашање кое не е само мое, туку и на стотици македонски граѓани, а особено на уметниците и културните дејци кои навистина се чудат како може некој да се меша во културното наследство и културата на една држава, нешто што е осудено дури и во меѓународни конвенции. Министерке, што точно значи говор на омраза кон бугарската заедница во некој конкретен случај, еве на пример во еден филм, книга или друго уметничко дело кое би ги раскажало случувањата од Втората светска војна, или пак денешните случувања на негирање на постоење на јазик и историја што е целосно спротивно на европските вредности на почитување на културната разноликост и право на самоопределување, запраша пратеничката.
Второто прашање на пратеничката се однесуваше исто така на министерката за култура и се однесува на Споменикот Аквадукт во Скопје и Скопското кале. Таа посочи дека се надева дека сите ја знаат состојбата на Аквадуктот, а Владата неколку пати ветуваше соодветна заштита и промоција на овој објект, но за жал од тоа ништо не се случи.Исто така и Скопското Кале изгледа повеќе како запуштена џунгла во срцето на главниот град.
Министерке, дали може да дадете временска рамка кога овие два објекти ќе бидат соодветно заштитени и подготвени за нивна интеграција во културната понуда на Македонија, како за културни и туристички цели, така и за едукативни тури, запраша Стојкова Серфимовска.
Третото прашање на пратеничката Стојкова Серафимовска се однесуваше до министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и се однесува на потпишаната Одлука на 12 јули за измена на наставните планови во основното образование.
Имено, додека народот се противи на францускиот предлог и додека траат масовните протести на улиците, токму поради јасните последици по македонскиот јазик и идентитет, министерот за образование и наука, кадар на ДУИ усвојува нов наставен план за основно образование, со кој изучувањето на македонскиот јазик во второ одделение се намалува од 6 на 5 часови неделно. Ова е само почеток на промените, кои според Концепцијата, ќе се воведат и во другите одделенија, етапно во секоја следна учебна година. Се поставува прашањето како е безбеден идентитетот и јазикот, кога власта веќе почна со фризирање на наставните програми, запраша пратеничката Стојкова Серафимовска.
Министерката Костадиновска Стојчевска одговори дека Министерството за култура во ниту еден момент нема да цензурира ништо. Државава треба да гради соживот, а историјата е таа што е и не смее да се интерпретира како говор на омраза, подвлече министерката.
Правите слободни интерпретации на Договорот за пријателство. Министерството за култура во ниту еден момент нема да цензурира, секој има право на творештво. Спонзорираме уметност и творештво на многу повисока категорија граѓани и овој Договор за пријателство се надевам нема така да го толкувате. Соработката со Бугарија одамна постои, топла вода не измисливме ама мора да одиме во Европа, да градиме соживот. Немојте да ги извртувате напорите што се направени, дека Министерството ќе прави цензура и дека ќе става граници. Во Договорот со Буарија стои дека ќе разменуваме артисти за Илидненски денови, Струшки вечери, Охридско лето,… што не е ништо ново, подвлече Костадиновска Стојчевска.
Таа не одговори конкретно на прашањето кое го постави пратеничката Велика Стојковска Серафимовска која, меѓу другото, сакаше да добие одговор што конкретно според потпишаниот Протокол со Бугарија значи „говор на омраза” и дали тоа предвидува цензура во творењето на уметниците, како и дали делата кои се однеусваат на т.н. спорни периоди ќе бидат заборавени и забранети. Стојковска Серафимовска како примери ги посочи филмовите „Волчја ноќ”, „Истрел”, „Јазол”, „Трето полувреме”,…, прашувајќи дали ќе треба да се менува нивната содржина.

The post Почитувана министерке, дали сте свесни дека со овие таканаречени мерки се согласивте на цензура во творењето? appeared first on Република.

]]>
Стојкова Серафимовска: Со овој договор се нарушува македонската колективна меморија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojkova-serafimovska-so-ovoj-dogovor-se-narushuva-makedonskata-kolektivna-memorija/ Fri, 15 Jul 2022 20:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=529581

Зборувате дека идентитетот воопшто не е засегнат со ова меѓутоа јас како научник особено што се занимава со антропологија имам чувство дека ние зборуваме за различни работи бидејќи ова вие што го зборите дека идентитетот не е загрозен но не размислувате дека идентитетот на вашите поколенија е загрозен, изјави Велика Стојкова Серафимовска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница.

Таа посочи дека со овој договор и со претходниот преспанскиот договор се нарушува македонската колективна меморија.

Она вие што го направивте и со потпишувањето на срамниот преспански договор а и со очигледното потпишување на овој уште по срамен договор е дека зачепнувате во најсветото, во меморијата, кажа Стојкова Серафимовска.

Стојкова Серафимовска истакна дека неписмено е ова и не постои заедничка историја помеѓу две држави, може да постои споделена историја, а никако заедничка историја. Заедничка историја имаме сите ние кои живееме на ова поднебје.

Јас велам НЕ бидејќи си го слушам македонскиот народ, македонската нација која 13 дена е пред ова Собрание и кажува НЕ. Го слушам МАНУ бидејќи академиците кажаа НЕ, професорите од УКИМ и од сите други Универзитети кажаа НЕ, МПЦ кажа НЕ, сите релевантни институции, експерти поединци кажаа НЕ и јас велам нормално НЕ бидејќи ги слушам нив кои се многу по образовани од сите нас тука, посочи Стојкова Серафимовска.

Таа упати апел до пратениците да кажат НЕ, како што кажал НЕ Партениј Зографски во 1858 година кога имало обид да се спојат бугарскиот и македонскиот јазик а тој рекол дека Македонците не примаат писмен јазик далечен од нивниот народен јазик. Кажал НЕ и Ѓорѓија Пулески кој имал јасен и дециден став на себе определувањето, кажал не и Глигор Прличев и не ја прифатил стипендијата да студира во Лондон бидејќи требало да се пише Грк.

The post Стојкова Серафимовска: Со овој договор се нарушува македонската колективна меморија appeared first on Република.

]]>

Зборувате дека идентитетот воопшто не е засегнат со ова меѓутоа јас како научник особено што се занимава со антропологија имам чувство дека ние зборуваме за различни работи бидејќи ова вие што го зборите дека идентитетот не е загрозен но не размислувате дека идентитетот на вашите поколенија е загрозен, изјави Велика Стојкова Серафимовска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница. Таа посочи дека со овој договор и со претходниот преспанскиот договор се нарушува македонската колективна меморија.
Она вие што го направивте и со потпишувањето на срамниот преспански договор а и со очигледното потпишување на овој уште по срамен договор е дека зачепнувате во најсветото, во меморијата, кажа Стојкова Серафимовска.
Стојкова Серафимовска истакна дека неписмено е ова и не постои заедничка историја помеѓу две држави, може да постои споделена историја, а никако заедничка историја. Заедничка историја имаме сите ние кои живееме на ова поднебје.
Јас велам НЕ бидејќи си го слушам македонскиот народ, македонската нација која 13 дена е пред ова Собрание и кажува НЕ. Го слушам МАНУ бидејќи академиците кажаа НЕ, професорите од УКИМ и од сите други Универзитети кажаа НЕ, МПЦ кажа НЕ, сите релевантни институции, експерти поединци кажаа НЕ и јас велам нормално НЕ бидејќи ги слушам нив кои се многу по образовани од сите нас тука, посочи Стојкова Серафимовска.
Таа упати апел до пратениците да кажат НЕ, како што кажал НЕ Партениј Зографски во 1858 година кога имало обид да се спојат бугарскиот и македонскиот јазик а тој рекол дека Македонците не примаат писмен јазик далечен од нивниот народен јазик. Кажал НЕ и Ѓорѓија Пулески кој имал јасен и дециден став на себе определувањето, кажал не и Глигор Прличев и не ја прифатил стипендијата да студира во Лондон бидејќи требало да се пише Грк.  

The post Стојкова Серафимовска: Со овој договор се нарушува македонската колективна меморија appeared first on Република.

]]>
Стојкова Серафимовска: Се менуваат 5 министри во културата за 5 години, стратегијата на власта е културоцид во 21 век https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojkova-serafimovska-se-menuvaat-5-ministri-vo-kulturata-za-5-godini-strategijata-na-vlasta-e-kulturocid-vo-21-vek/ Sun, 16 Jan 2022 19:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=445431

Стратегијата на власта во културата е културоцид во 21 век, и културата е најголема жртва на поигрувањето на коалицијата СДСМ и ДУИ, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска на денешната собраниска седница за избор на нова влада, потенцирајќи дека гледаме старо-нова влада, а колку културата е маргинализирана од страна на СДСМ и ДУИ говори и фактот што имаме за 5 години менуваат 5 министри.

- Имаме девастирана, хаотична, партизирана култура. Институции со нарушени меѓучовечки односи, партизиран кадар, наследени проблеми, започнати и заостанати мегаломански проекти кои чинат многу, институции со распаднати кровови како НУБ. Понудената програма во однос на културата како важен сектор во општеството е крајно занемарен и маргинализиран. Во културата за овие 5 години имаме 5 министри, тоа се Роберт Алаѓозовски есеист, Асаф Адеми градежен инженер, Хусни Исмаили доктор по медицина, Ирена Стефоска историчар и сега предложената Бисера Костадиновска Стојчевска професор по англиски јазик. Овие промени значат и промени на кабинет, нови директори, нови методологии на работа на секој министер, различни програми, да не зборуваме за партиски вработувања и политички реваншизам што се резултираше со нарушен континуитет на работа во културата, рече Стојкова Серафимовска.

Таа посочи дека во секторот творештво, творците и уметниците се демотивирани, се прекина секаква стимулација на домашната, популарната и класичната и современата сцена, нема откуп на никакви дела, а во театрите се помалку има дела од македонски автори.

- Има наследени проблеми во филмската дејност каде проблемите се на меѓународно ниво, се уште е актуелна тужбата на Јадран филм кон Агенцијата за филм, а таму е замешан и сега поранешниот премиер Зоран Заев. Поради лошо работење опадна нивото на светските реномирани фестивали како што е Охридско лето, но затоа се даваат огромни средства за проекти со сомнителна содржина, рече таа.

Стојкова Серафимовска истакна дека новата влада во програмата ја споменува грижата за македонскиот јазик, но в видовме како кога македонскиот јазик беше најмногу напаѓан од нашиот источен сосед, Советот за македонски јазик, тело при владата остана нем и нефункционален.

- Што да зборуваме за културното наследство, состојбата може да се види од запуштените археолошки локалитети и бројните и изгубени ранохристијански базилики и манастирот Света Богородица во Матејче кој е ставен на листа на културно наследство во опасност и кој повторно беше оштетен. На меѓународен план не доведоа во срамна состојба статусот на културното и природното наследство на Охрид и охридскиот регион се доведе до алармантно ниво, нагласи Стојкова Серафимовска.

https://www.youtube.com/watch?v=3CgXGRh66lM

The post Стојкова Серафимовска: Се менуваат 5 министри во културата за 5 години, стратегијата на власта е културоцид во 21 век appeared first on Република.