велигденски пости Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veligdenski-posti/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Mar 2024 17:46:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png велигденски пости Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veligdenski-posti/ 32 32 Лесно подгответе појадок за време на велигденскиот пост: Вкусен, евтин и здрав https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/lesno-podgotvete-pojadok-za-vreme-na-veligdenskiot-post-vkusen-evtin-i-zdrav/ Mon, 25 Mar 2024 13:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=758582

Мирисот на проја со праз е еден од омилените оброци, особено за време на големиот велигденски пост. За состојките ви требаат многу малку пари и само неколку минути за да ја направите смесата, а вкусот ќе ве маѓепса уште од првиот залак. На многумина им стана омилен појадок, дури и кога не се пости, а рецептот со години се пренесува од колено на колено.

Состојки:

200 гр бело брашно

200 гр пченкарно брашно

2 китки праз

половина чаша масло

1 кесичка прашок за пециво

2 чаши кисела вода

сол

сусам по желба

Начин на подготовка:

Исечкајте го белиот и зелениот дел од празот, па зелениот оставете го на страна, а белиот пропржете го на малку масло. Потоа измешајте бело и пченкарно брашно, прашок за пециво, масло и кисела вода и посолете по желба. Во смесата додадете го пржениот праз и убаво измешајте. По желба одозгора можете да додадете и сусам.
Добиената смеса истурете ја во плех и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. После тоа, извадете го и посипете го со зелениот дел од празот. Вратете го во рерна уште десетина минути, додека убаво порумени.

The post Лесно подгответе појадок за време на велигденскиот пост: Вкусен, евтин и здрав appeared first on Република.

]]>

Мирисот на проја со праз е еден од омилените оброци, особено за време на големиот велигденски пост. За состојките ви требаат многу малку пари и само неколку минути за да ја направите смесата, а вкусот ќе ве маѓепса уште од првиот залак. На многумина им стана омилен појадок, дури и кога не се пости, а рецептот со години се пренесува од колено на колено. Состојки: 200 гр бело брашно 200 гр пченкарно брашно 2 китки праз половина чаша масло 1 кесичка прашок за пециво
2 чаши кисела вода
сол
сусам по желба Начин на подготовка: Исечкајте го белиот и зелениот дел од празот, па зелениот оставете го на страна, а белиот пропржете го на малку масло. Потоа измешајте бело и пченкарно брашно, прашок за пециво, масло и кисела вода и посолете по желба. Во смесата додадете го пржениот праз и убаво измешајте. По желба одозгора можете да додадете и сусам. Добиената смеса истурете ја во плех и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. После тоа, извадете го и посипете го со зелениот дел од празот. Вратете го во рерна уште десетина минути, додека убаво порумени.

The post Лесно подгответе појадок за време на велигденскиот пост: Вкусен, евтин и здрав appeared first on Република.

]]>
Смее ли секс за време на Велигденските пости? https://arhiva3.republika.mk/intima/smee-li-seks-za-vreme-na-veligdenskite-posti/ Sun, 02 Apr 2023 14:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=626302

За верниците од православна вероисповед во тек е Велигденскиот пост, кој годинава почна на 27 февруари и ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден. За време на постот, покрај воздржувањето од тешка храна, според правилата, неопходно е и воздржување од секс.

Според светото писмо, сексуалните односи во постот не се забранети, но не се ни пожелни, но ако сопружниците не можат да се воздржат, подобро е „да се подадат еден на друг отколку само на тоа да мислат.“

Сепак, кога е во прашање водењето љубов за време на големи постови, различни свештеници имаат различни ставови.

Ако се држиме строго до правилата, тогаш во пост сексот е забранет, дури и во брак. Сепак, секоја верничка може да се обрати до својот свештеник во парохијата и да побара да ја разреши од тој дел од постот, а тој може да го направи тоа, ако, да речеме, постои можност дека сопругот ќе ја остави поради тоа, вели за српски „Телеграф“ верскиот аналитичар Живица Туциќ.

Од друга страна, во Црквата постои една фракција што смета дека кога двајца се сакаат, тоа само може да го слави Бога. Љубовта тогаш се слави низ боженствена трпеза Агапа и не претставува грев телесно да се остварува љубов, особено кога овие двојки се посветени еден на друг низ брак благословен од Црквата.

Но, и тие се согласуваат дека сексот без љубов, прељубата, разни перверзии како и мастурбација не се богоугодни работи, особено не во период на големите одрекувања.

Сепак, сите се согласуваат во едно. Во вечерта пред причесната, би требало да се воздржуваат од секакво јадење и пиење, но и сите други телесни задоволства и времето да го посветат на медитација и на молитва. Сѐ на сѐ, на Велипеток и на Велјасабота, па сѐ до причесната на литургија, водењето љубов никако не се препорачува.

The post Смее ли секс за време на Велигденските пости? appeared first on Република.

]]>

За верниците од православна вероисповед во тек е Велигденскиот пост, кој годинава почна на 27 февруари и ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден. За време на постот, покрај воздржувањето од тешка храна, според правилата, неопходно е и воздржување од секс. Според светото писмо, сексуалните односи во постот не се забранети, но не се ни пожелни, но ако сопружниците не можат да се воздржат, подобро е „да се подадат еден на друг отколку само на тоа да мислат.“ Сепак, кога е во прашање водењето љубов за време на големи постови, различни свештеници имаат различни ставови.
Ако се држиме строго до правилата, тогаш во пост сексот е забранет, дури и во брак. Сепак, секоја верничка може да се обрати до својот свештеник во парохијата и да побара да ја разреши од тој дел од постот, а тој може да го направи тоа, ако, да речеме, постои можност дека сопругот ќе ја остави поради тоа, вели за српски „Телеграф“ верскиот аналитичар Живица Туциќ.
Од друга страна, во Црквата постои една фракција што смета дека кога двајца се сакаат, тоа само може да го слави Бога. Љубовта тогаш се слави низ боженствена трпеза Агапа и не претставува грев телесно да се остварува љубов, особено кога овие двојки се посветени еден на друг низ брак благословен од Црквата. Но, и тие се согласуваат дека сексот без љубов, прељубата, разни перверзии како и мастурбација не се богоугодни работи, особено не во период на големите одрекувања. Сепак, сите се согласуваат во едно. Во вечерта пред причесната, би требало да се воздржуваат од секакво јадење и пиење, но и сите други телесни задоволства и времето да го посветат на медитација и на молитва. Сѐ на сѐ, на Велипеток и на Велјасабота, па сѐ до причесната на литургија, водењето љубов никако не се препорачува.

The post Смее ли секс за време на Велигденските пости? appeared first on Република.

]]>
Манастирски рецепти кои ќе ви се најдат за време на Велигденските пости https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/manastirski-retsepti-koi-ke-vi-se-najdat-za-vreme-na-veligdenskite-posti/ Mon, 27 Mar 2023 19:54:29 +0000 https://republika.mk/?p=624400

Во тек се големите Велигденски пости. Споделуваме манастирски рецепти за благи и солени јадења со кои ќе си ја освежите посната трпеза:

Посни рецепти без масло (на вода)

ЌОФТИЊА ОД ЛЕЌА

леќа, хељда, морков во ист сооднос (на пр. по ½ шолја од сите)
средината од 2-3 парчиња стар леб
по желба праз/кромид/лук/магдонос
сол, бибер, кари, вегета

Леќата се вари околу 30 мин. (да биде цврсто зрното) и се цеди. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час.

ПАШТЕТА ОД ОРЕВИ

4-5 компири
250 гр. мелени ореви
1-2 лажици доматно пире
1-2 лажици сенф
Сок од ½ лимон
Сол, бибер, ситно сечкан млад лук и кромид по вкус

Компирите се лупат, се варат (како за пире); кога ќе се свари водата се одделува (не се фрла, по потреба се додава во пирето). Компирот се пасира, се додаваат оревите и другите состојки. Се меша со миксер и се дотерува по вкус со зачините.

ХУМУС

200-250 гр. печена леблебија се меле во мелница за кафе. Се додава сенф, сол, сок од ½ лимон, млака вода колку да се добие густина на паштета. На крајот се додава толчено лукче по вкус.

КРЕМ-СУПА

основа за крем-супа:
4-5 компири
2 лажици таан
Сок од ½ лимон
Сол, бибер, копар/магдонос

Излупените компири се варат во толку вода колку да се покријат компирите. Кога ќе се сварат се вадат од водата и се ладат. Изладени се ставаат во блендер со 1 чаша ладна вода, таан и лимон. Се блендира и се истура во водата во која бил варен компирот. Се додава толку вода колку да се добие густина на крем-супа. Се остава да зоврие и се зачинува со сол, бибер и копар или магдонос.

Ова е основен рецепт за крем-супи на вода. Може да се употребуваат многу комбинации: компир + морков, компир + печурки, компир + грашок, компир + спанаќ, компир + праз, компир + брокула и сл.

БИСТРА СУПА ОД ЗЕЛЕНЧУК

1-2 моркови
½ кг. спанаќ
1/3 пашканат
1/3 корен од целер
1 шака овесни снегулки или пченични никулци
Сол, бибер, вегета

Морковот, пашканатот и целерот се сечкаат на коцки и се варат во малку вода. При крајот од варењето се додава вода по потреба (литар и пол до два), се остава да зоврие, се додава крупно исечен спанаќ и овесните снегулки или никулците и сето тоа се вари 5-6 минути. Вкусот се дотерува со сол, бибер, вегета.

Овој рецепт може да се користи за други комбинации: брокула, компир, карфиол, блитва и сл. Наместо овесни снегулки или никулци може да се употреби фиде без јајца, други посни тестенини или ориз.

САЛАТА ОД ЦВЕКЛО

3-4 варени или печени корени цвекло
1-2 живи моркови

Прелив:
2 лажици таан
1 лажица сенф
Млака превриена вода
Малку сок од лимон
Сол по вкус

Излупените цвекло и морков се рендаат на крупно. Состојките за преливот убаво се мешаат да се добие изедначена маса, се посолува по вкус. Може да се додаде ситно сечкано младо или старо лукче и/или кромитче. Се прелива салатата.

Овој прелив се употребува и за други салати. Во преливот може да се додаде оцет место сок од лимон. За салати со компир може наместо лимон и лажица од доматно пире.

САЛАТА ОД БОРАНИЈА

200-300 гр. варена боранија или брокула
1-2 варени моркови
Плус варен зеленчук по желба:
Грашок од конзерва или варен
Пченка од конзерва или варена
Варено папудо или сл.

Боранијата (брокула) се сечкаат на крупно, се додаваат морковите исечени на коцки или стапчиња + грашок/пченка или папудо околу 100гр. Се зачинува со горе напишаниот прелив.

САЛАТА ОД МАРУЛА СО КОМПИР

4-5 компира
1 средно голема марула

Компирите се варат во лушпа, изладени се лупат и се сечат на тенки тркалца. Марулата убаво се суши во крпа, се сече на ситно, се меша со компирот и се зачинува со преливот.

МАРИНИРАНА БРОКУЛА

1 кг. брокула
5 л. вода + 50 гр. сол + 3 гр. лимонтус

Состојки за маринада:
1 ½ чаша оцет, 2 ½ чаши вода, ½ лажица шеќер, 20 зрнца бибер, 1 ловоров лист и 1 лажица сол.

Брокулата се вари во водата со додатоци (малку, 6-7 мин., затоа што омекнува во маринадата), се цеди, се става во стаклен сад. Состојките за маринада се ставаат во тенџере и се оставаат да зовријат. Додека е уште жешко се прелива преку варената брокула и се остава да се лади без капак. Изладено, може да се стави во фрижидер. Се служи како гарнир со риба, ќофтиња и сл.

На таков начин може да се приготват тиквички, свежа зелка, карфиол и сл.

Повеќе на preminportal.com.mk

The post Манастирски рецепти кои ќе ви се најдат за време на Велигденските пости appeared first on Република.

]]>

Во тек се големите Велигденски пости. Споделуваме манастирски рецепти за благи и солени јадења со кои ќе си ја освежите посната трпеза:

Посни рецепти без масло (на вода)

ЌОФТИЊА ОД ЛЕЌА

леќа, хељда, морков во ист сооднос (на пр. по ½ шолја од сите) средината од 2-3 парчиња стар леб по желба праз/кромид/лук/магдонос сол, бибер, кари, вегета

Леќата се вари околу 30 мин. (да биде цврсто зрното) и се цеди. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час.

ПАШТЕТА ОД ОРЕВИ

4-5 компири 250 гр. мелени ореви 1-2 лажици доматно пире 1-2 лажици сенф Сок од ½ лимон Сол, бибер, ситно сечкан млад лук и кромид по вкус

Компирите се лупат, се варат (како за пире); кога ќе се свари водата се одделува (не се фрла, по потреба се додава во пирето). Компирот се пасира, се додаваат оревите и другите состојки. Се меша со миксер и се дотерува по вкус со зачините.

ХУМУС

200-250 гр. печена леблебија се меле во мелница за кафе. Се додава сенф, сол, сок од ½ лимон, млака вода колку да се добие густина на паштета. На крајот се додава толчено лукче по вкус.

КРЕМ-СУПА

основа за крем-супа: 4-5 компири 2 лажици таан Сок од ½ лимон Сол, бибер, копар/магдонос

Излупените компири се варат во толку вода колку да се покријат компирите. Кога ќе се сварат се вадат од водата и се ладат. Изладени се ставаат во блендер со 1 чаша ладна вода, таан и лимон. Се блендира и се истура во водата во која бил варен компирот. Се додава толку вода колку да се добие густина на крем-супа. Се остава да зоврие и се зачинува со сол, бибер и копар или магдонос.

Ова е основен рецепт за крем-супи на вода. Може да се употребуваат многу комбинации: компир + морков, компир + печурки, компир + грашок, компир + спанаќ, компир + праз, компир + брокула и сл.

БИСТРА СУПА ОД ЗЕЛЕНЧУК

1-2 моркови ½ кг. спанаќ 1/3 пашканат 1/3 корен од целер 1 шака овесни снегулки или пченични никулци Сол, бибер, вегета

Морковот, пашканатот и целерот се сечкаат на коцки и се варат во малку вода. При крајот од варењето се додава вода по потреба (литар и пол до два), се остава да зоврие, се додава крупно исечен спанаќ и овесните снегулки или никулците и сето тоа се вари 5-6 минути. Вкусот се дотерува со сол, бибер, вегета.

Овој рецепт може да се користи за други комбинации: брокула, компир, карфиол, блитва и сл. Наместо овесни снегулки или никулци може да се употреби фиде без јајца, други посни тестенини или ориз.

САЛАТА ОД ЦВЕКЛО

3-4 варени или печени корени цвекло 1-2 живи моркови

Прелив: 2 лажици таан 1 лажица сенф Млака превриена вода Малку сок од лимон Сол по вкус

Излупените цвекло и морков се рендаат на крупно. Состојките за преливот убаво се мешаат да се добие изедначена маса, се посолува по вкус. Може да се додаде ситно сечкано младо или старо лукче и/или кромитче. Се прелива салатата.

Овој прелив се употребува и за други салати. Во преливот може да се додаде оцет место сок од лимон. За салати со компир може наместо лимон и лажица од доматно пире.

САЛАТА ОД БОРАНИЈА

200-300 гр. варена боранија или брокула 1-2 варени моркови Плус варен зеленчук по желба: Грашок од конзерва или варен Пченка од конзерва или варена Варено папудо или сл.

Боранијата (брокула) се сечкаат на крупно, се додаваат морковите исечени на коцки или стапчиња + грашок/пченка или папудо околу 100гр. Се зачинува со горе напишаниот прелив.

САЛАТА ОД МАРУЛА СО КОМПИР

4-5 компира 1 средно голема марула

Компирите се варат во лушпа, изладени се лупат и се сечат на тенки тркалца. Марулата убаво се суши во крпа, се сече на ситно, се меша со компирот и се зачинува со преливот.

МАРИНИРАНА БРОКУЛА

1 кг. брокула 5 л. вода + 50 гр. сол + 3 гр. лимонтус

Состојки за маринада: 1 ½ чаша оцет, 2 ½ чаши вода, ½ лажица шеќер, 20 зрнца бибер, 1 ловоров лист и 1 лажица сол.

Брокулата се вари во водата со додатоци (малку, 6-7 мин., затоа што омекнува во маринадата), се цеди, се става во стаклен сад. Состојките за маринада се ставаат во тенџере и се оставаат да зовријат. Додека е уште жешко се прелива преку варената брокула и се остава да се лади без капак. Изладено, може да се стави во фрижидер. Се служи како гарнир со риба, ќофтиња и сл.

На таков начин може да се приготват тиквички, свежа зелка, карфиол и сл.

Повеќе на preminportal.com.mk

The post Манастирски рецепти кои ќе ви се најдат за време на Велигденските пости appeared first on Република.

]]>
Исчистете, изрибајте ги садовите од мрсно: Со Чист понеделник почнува Велигденскиот пост, еве кога смее зејтин и вино https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ischistete-izribajte-gi-sadovite-od-mrsno-so-chist-ponedelnik-pochnuva-veligdenskiot-post-eve-koga-smee-zejtin-i-vino/ Mon, 27 Feb 2023 08:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=613537

За православните верници денес е Чист Понеделник, ден кога започнува Велигденскиот пост, најдолг и најстрог. Според обичајот денес темелно се чисти домот, особено садовите и приборот за храна. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.

Денеска верниците го започнуваат и постот. Ова не значи само откажување од мрсна и обилна храна туку и контрола на страстите, откажување од пијанства, веселби и радости. Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана се повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната од животинско потекло.

Најстрог и најдолг е Велигденскиот (или Великиот пост, како што го вика народот) кој трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена.

За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.

Постот е како човекот: телесен и духовен. Со две природи: за телото и за душата. Постиме од гревовноста и од мрсноста.

Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино. Масло и вино се допушта и на празниците: Упокоение на свети Кирил Солунски, Наоѓање на главата на свети Јован Крстител, свети Агатангел Битолски, Младенци Собор на свети архангел Гаврил, света Лидија Македонска, Упокение на свети Методиј Солунски и на храмов или домашен празник. Масло се допушта и на „преполовение“ на постот и на Велики четврток заради Тајната вечера.

Риба се јаде само на Благовец и на Цветници. На Лазарева сабота се јаде икра.

Телесниот пост значи во сите дни воздржување од месо, млеко, јајца и производи со нив, односно од сè што содржи месо, млеко и јајца, а во одредените денови, воздржување и од масло и од вино. Храната доминантно е од растително потекло.

Првите три дана – тримери (понеделник, вторник и среда) не јадат ништо, оние што доброволно одлучиле да не јадат, а не е обврска за сите. Таквите, во средата, по Литургијата, најпрво вкусуваат една лажичка светена вода на Водици (агјазма), а потоа Причест.

Иако, само во сабота и недела е дозволена храна со масло (зејтин), а во другите денови без масло, сепак, има и ублажување на постот, кога е тоа потребно. Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години, но и на длабоката старост, како и за луѓето во посебни услови и состојби, како што се болестите, затворите, армијата, војните, бремените, леунките, доилките, патниците и сл.

Во таквите случаи постот може да се ублажи. Благословот за тоа се добива од православен свештенослужител. Од постот не се ослободува, туку тој се олеснува. Никако не се допушта месо.

Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање.

The post Исчистете, изрибајте ги садовите од мрсно: Со Чист понеделник почнува Велигденскиот пост, еве кога смее зејтин и вино appeared first on Република.

]]>

За православните верници денес е Чист Понеделник, ден кога започнува Велигденскиот пост, најдолг и најстрог. Според обичајот денес темелно се чисти домот, особено садовите и приборот за храна. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. Денеска верниците го започнуваат и постот. Ова не значи само откажување од мрсна и обилна храна туку и контрола на страстите, откажување од пијанства, веселби и радости. Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана се повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната од животинско потекло. Најстрог и најдолг е Велигденскиот (или Великиот пост, како што го вика народот) кој трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена. За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите. Постот е како човекот: телесен и духовен. Со две природи: за телото и за душата. Постиме од гревовноста и од мрсноста. Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино. Масло и вино се допушта и на празниците: Упокоение на свети Кирил Солунски, Наоѓање на главата на свети Јован Крстител, свети Агатангел Битолски, Младенци Собор на свети архангел Гаврил, света Лидија Македонска, Упокение на свети Методиј Солунски и на храмов или домашен празник. Масло се допушта и на „преполовение“ на постот и на Велики четврток заради Тајната вечера. Риба се јаде само на Благовец и на Цветници. На Лазарева сабота се јаде икра. Телесниот пост значи во сите дни воздржување од месо, млеко, јајца и производи со нив, односно од сè што содржи месо, млеко и јајца, а во одредените денови, воздржување и од масло и од вино. Храната доминантно е од растително потекло. Првите три дана – тримери (понеделник, вторник и среда) не јадат ништо, оние што доброволно одлучиле да не јадат, а не е обврска за сите. Таквите, во средата, по Литургијата, најпрво вкусуваат една лажичка светена вода на Водици (агјазма), а потоа Причест. Иако, само во сабота и недела е дозволена храна со масло (зејтин), а во другите денови без масло, сепак, има и ублажување на постот, кога е тоа потребно. Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години, но и на длабоката старост, како и за луѓето во посебни услови и состојби, како што се болестите, затворите, армијата, војните, бремените, леунките, доилките, патниците и сл. Во таквите случаи постот може да се ублажи. Благословот за тоа се добива од православен свештенослужител. Од постот не се ослободува, туку тој се олеснува. Никако не се допушта месо. Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање.

The post Исчистете, изрибајте ги садовите од мрсно: Со Чист понеделник почнува Велигденскиот пост, еве кога смее зејтин и вино appeared first on Република.

]]>
Убаво измијте ги садовите од мрсно – денеска е Чист понеделник, почнува велигденскиот пост https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ubavo-izmijte-gi-sadovite-od-mrsno-deneska-e-chist-ponedelnik-pochnuva-veligdenskiot-post/ Mon, 07 Mar 2022 08:16:43 +0000 https://republika.mk/?p=468770

За православните верници денес е Чист Понеделник, ден кога започнува Велигденскиот пост, најдолг и најстрог. Според обичајот денес темелно се чисти домот, особено садовите и приборот за храна. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.

Денеска верниците го започнуваат и постот. Ова не значи само откажување од мрсна и обилна храна туку и контрола на страстите, откажување од пијанства, веселби и радости. Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана се повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната од животинско потекло.

Најстрог и најдолг е Велигденскиот (или Великиот пост, како што го вика народот) кој трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена.

За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.

Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост.

Во средата, кај оној што ги „држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали.

Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота – Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.

За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.

The post Убаво измијте ги садовите од мрсно – денеска е Чист понеделник, почнува велигденскиот пост appeared first on Република.

]]>

За православните верници денес е Чист Понеделник, ден кога започнува Велигденскиот пост, најдолг и најстрог. Според обичајот денес темелно се чисти домот, особено садовите и приборот за храна. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. Денеска верниците го започнуваат и постот. Ова не значи само откажување од мрсна и обилна храна туку и контрола на страстите, откажување од пијанства, веселби и радости. Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана се повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната од животинско потекло. Најстрог и најдолг е Велигденскиот (или Великиот пост, како што го вика народот) кој трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена. За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите. Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост. Во средата, кај оној што ги „држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали. Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота – Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април. За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.

The post Убаво измијте ги садовите од мрсно – денеска е Чист понеделник, почнува велигденскиот пост appeared first on Република.

]]>
Од утре почнува Велигденскиот пост, еве какви се адетите за Чист понеделник https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-utre-pochnuva-veligdenskiot-post-eve-kakvi-se-adetite-za-chist-ponedelnik/ Sun, 06 Mar 2022 15:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=468115

Утре започнуваат велигденските пости. Денот по Прочка е Чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.

За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.

Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост.

Во средата, кај оној што ги „држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали.

Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.

За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.

Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

The post Од утре почнува Велигденскиот пост, еве какви се адетите за Чист понеделник appeared first on Република.

]]>

Утре започнуваат велигденските пости. Денот по Прочка е Чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите. Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост. Во средата, кај оној што ги „држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали. Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април. За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук. Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

The post Од утре почнува Велигденскиот пост, еве какви се адетите за Чист понеделник appeared first on Република.

]]>