Велигденски концерт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veligdenski-koncert/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 14:12:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Велигденски концерт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veligdenski-koncert/ 32 32 На 6 мај голем „Велигденски хепенинг 2024“ пред паркот во Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/scena/na-6-maj-golem-veligdenski-hepening-2024-pred-parkot-vo-gorche-petrov/ Thu, 02 May 2024 15:07:49 +0000 https://republika.mk/?p=773466

На 6-ти мај (понеделник) со почеток во 18.00 часот пред паркот во Ѓорче Петров на платото до маркетот „Тинекс“ ќе се одржи голем „Велигденски хепенинг“. Манифестација која е замислена да ги собере и сплоти сите граѓани на општината и пошироко, за заеднички да ја почувствуваат магијата на Велигденските празници, но и заедничкото дружење меѓу себе на соседите, роднините, другарите, пријателите, за убав муабет, размена на позитивна енергија, насмевки… но и одлична забава со дел од најпознатите музички ѕвезди од македонската естрада.
За оние повозрасните кои ги паметат старите добри времиња ќе настапи легендата на македонската забавна песна, единствениот Драган Мијалковски со избор од своите незборавни евергрини.
За помладата публика, тнејџерите, но и нивните млади родители забавата ќе ја продолжат предводниците на македонската трап сцена.
Младите ѕвезди Таско и Пајак кои важат едни од најпопуларните изведувачи на македонската поп естрада последниве години воопшто.
Секој со свој настап и своја програма, во која ќе им се придружи младата “ѕвезда што се раѓа“ Малена, со која ќе испеат и неколку дует песни.
Најголемата и најпозната ар ен би атракција во Македонија, дуото ДНК исто така ќе имаат свој музички перформанс, каде Панчо и Андреј со своите ултрапопуларни хитови ќе ги забавуваат присутните граѓани, кои се очекува да дојдат во голем број на овој прв „Велигденски хепенинг“ во општина Ѓорче Петров, манифестација кој се очекува во иднина да прерасне во традиционална.
За крај забавата ќе продолжи со изведба на најпознатите македонски, странски и регионални хитови и евергрини, со кои присутните со својата жива изведба ќе ги забавува една од најдобрите македонски групи, познатите кралеви на ноќните клубски свирки, „Либеро бенд“.
Така во повеќе од два часа присутните граѓани на општина Ѓорче Петров, од најмладите до највозрасните, но и сите останати што ќе дојдат на првиот „Велигденски хепенинг 2024“ ги очекува незаборавна забава и искрено меѓусебно дружење.

 

The post На 6 мај голем „Велигденски хепенинг 2024“ пред паркот во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

На 6-ти мај (понеделник) со почеток во 18.00 часот пред паркот во Ѓорче Петров на платото до маркетот „Тинекс“ ќе се одржи голем „Велигденски хепенинг“. Манифестација која е замислена да ги собере и сплоти сите граѓани на општината и пошироко, за заеднички да ја почувствуваат магијата на Велигденските празници, но и заедничкото дружење меѓу себе на соседите, роднините, другарите, пријателите, за убав муабет, размена на позитивна енергија, насмевки… но и одлична забава со дел од најпознатите музички ѕвезди од македонската естрада. За оние повозрасните кои ги паметат старите добри времиња ќе настапи легендата на македонската забавна песна, единствениот Драган Мијалковски со избор од своите незборавни евергрини. За помладата публика, тнејџерите, но и нивните млади родители забавата ќе ја продолжат предводниците на македонската трап сцена. Младите ѕвезди Таско и Пајак кои важат едни од најпопуларните изведувачи на македонската поп естрада последниве години воопшто. Секој со свој настап и своја програма, во која ќе им се придружи младата “ѕвезда што се раѓа“ Малена, со која ќе испеат и неколку дует песни. Најголемата и најпозната ар ен би атракција во Македонија, дуото ДНК исто така ќе имаат свој музички перформанс, каде Панчо и Андреј со своите ултрапопуларни хитови ќе ги забавуваат присутните граѓани, кои се очекува да дојдат во голем број на овој прв „Велигденски хепенинг“ во општина Ѓорче Петров, манифестација кој се очекува во иднина да прерасне во традиционална. За крај забавата ќе продолжи со изведба на најпознатите македонски, странски и регионални хитови и евергрини, со кои присутните со својата жива изведба ќе ги забавува една од најдобрите македонски групи, познатите кралеви на ноќните клубски свирки, „Либеро бенд“. Така во повеќе од два часа присутните граѓани на општина Ѓорче Петров, од најмладите до највозрасните, но и сите останати што ќе дојдат на првиот „Велигденски хепенинг 2024“ ги очекува незаборавна забава и искрено меѓусебно дружење.  

The post На 6 мај голем „Велигденски хепенинг 2024“ пред паркот во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>
Хорот „Менада“ одржа велигденски концерт во Охрид: Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/horot-menada-odrzha-veligdenski-kontsert-vo-ohrid-se-nadevam-deka-sekoj-ponese-pozitivna-misla-od-kontsertot-veli-maestro-zorik/ Wed, 01 May 2024 12:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=773005

Во духот на предвечерието на големиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден, НУ „Охридско лето“ организира концерт на православна хорска музика со Женскиот хор „Менада“ од Тетово.

Под диригентската палка на професор доктор Ивица Зориќ во Охрид вчера настапија 21 хористки кои изведоа православна духовна музика со што дадоа свој придонес во одбележувањето на овој христијански празник.

Со големо задоволство ја прифативме поканата да земеме учество на овој концерт со единствена желба да дадеме свој придонес, посебно во овој катедрален храм, црквата „Света Софија“. Направивме ретроспектива на православна духовна музика. Имавме неколку византиски напеви, грузиски, македонски, грчки, но и напеви на други јазици. Вечерта ја заокруживме со ретроспектива на композиции кои се во духот на повеќегласното црковно пеење, така што имавме нагорна линија на најсовремени композиции што се пишуваат сега. И на крајот, завршувме со молитва, со „Оче наш“, со желба што повеќе луѓе да го почувствуваат овој голем христијански празник. Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ.

Маестро Зориќ, целиот свој работен век го има посветено токму на Женскиот хор „Менада“, но и на Детскиот хор „Лале“ чиј основач е самиот тој.

Со „Менада“ годинава одбележуваме 43 години постоење. Јас сум од првиот работен ден со овој хор. Исо така, работам и со Детскиот хор „Лале“ кој исто така настапува и во Охрид по разни поводи, а годинава одбележува 47 години постоење. Двата хора ги основав јас и раководам со нив сите изминати години, и навистина е огромно задоволството што човек се посветува самиот себеси. Ме радува што има интерес за нашите настапи. Тетово е град на хорската музика, но патуваме често и во странство. Досега имаме посетено повеќе од 20 земји, појаснува маестро Зориќ.

The post Хорот „Менада“ одржа велигденски концерт во Охрид: Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ appeared first on Република.

]]>

Во духот на предвечерието на големиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден, НУ „Охридско лето“ организира концерт на православна хорска музика со Женскиот хор „Менада“ од Тетово. Под диригентската палка на професор доктор Ивица Зориќ во Охрид вчера настапија 21 хористки кои изведоа православна духовна музика со што дадоа свој придонес во одбележувањето на овој христијански празник.
Со големо задоволство ја прифативме поканата да земеме учество на овој концерт со единствена желба да дадеме свој придонес, посебно во овој катедрален храм, црквата „Света Софија“. Направивме ретроспектива на православна духовна музика. Имавме неколку византиски напеви, грузиски, македонски, грчки, но и напеви на други јазици. Вечерта ја заокруживме со ретроспектива на композиции кои се во духот на повеќегласното црковно пеење, така што имавме нагорна линија на најсовремени композиции што се пишуваат сега. И на крајот, завршувме со молитва, со „Оче наш“, со желба што повеќе луѓе да го почувствуваат овој голем христијански празник. Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ.
Маестро Зориќ, целиот свој работен век го има посветено токму на Женскиот хор „Менада“, но и на Детскиот хор „Лале“ чиј основач е самиот тој.
Со „Менада“ годинава одбележуваме 43 години постоење. Јас сум од првиот работен ден со овој хор. Исо така, работам и со Детскиот хор „Лале“ кој исто така настапува и во Охрид по разни поводи, а годинава одбележува 47 години постоење. Двата хора ги основав јас и раководам со нив сите изминати години, и навистина е огромно задоволството што човек се посветува самиот себеси. Ме радува што има интерес за нашите настапи. Тетово е град на хорската музика, но патуваме често и во странство. Досега имаме посетено повеќе од 20 земји, појаснува маестро Зориќ.

The post Хорот „Менада“ одржа велигденски концерт во Охрид: Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ appeared first on Република.

]]>
Велигденски концерт на „Танец“ во петок во НОБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/veligdenski-kontsert-na-tanets-vo-petok-vo-nob/ Wed, 17 Apr 2024 12:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=767142

Во Националната опера и балет во петок, 19 април, ќе се одржи Велигденски концерт на ансамблот „Танец“.

Како што најавија оттаму, на програмата ќе бидат повеќе дела меѓу кои „Ѓурѓовденка“, во кореографија на Дојчин Матевски која всушност е сплет од игри и песни од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора, поврзани со истоимениот пролетен празник. Музичка обработка е на Ѓорѓи Димчевски.

На програмата е и „Мечкари“, што е фрагмент од кореографската постановка „Прилепски игри“, инспирирана од традицијата за верскиот празник Прочка. Кореографијата е на Стојче Каранфилов, а музичката обработка на Милан Завков.

На концертот ќе биде прикажана и „Мариовска тресница“, една од постарите игри во репертоарот на „Танец“, во кореографија на Јонче Христовски и музичка обработка на Ѓорѓи Димчевски.

Публиката ќе може да ја види и најновата кореографска постановка на Танец, „У ливаду“, којашто ќе биде премиерно изведена. Преку обработка на изворни ора, песни и соодветни кореографски решенија, се прикажуваат сцени од една селска ливада. Кореографијата е на Јовица Блажевски, а музичката обработка на Сашо Митев.

Дел од програмата е и „Свадба“, во кореографија на Благоја Филиповски и музичка обработка на Ратко Гелевски и Томе Цветковски.

Ансамблот „Танец“ е основан во март 1949 година во Скопје. Веќе 75 години е еден од најстамените столбови на македонската традиција и култура и еден од главните темели на македонската државност.

The post Велигденски концерт на „Танец“ во петок во НОБ appeared first on Република.

]]>

Во Националната опера и балет во петок, 19 април, ќе се одржи Велигденски концерт на ансамблот „Танец“. Како што најавија оттаму, на програмата ќе бидат повеќе дела меѓу кои „Ѓурѓовденка“, во кореографија на Дојчин Матевски која всушност е сплет од игри и песни од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора, поврзани со истоимениот пролетен празник. Музичка обработка е на Ѓорѓи Димчевски. На програмата е и „Мечкари“, што е фрагмент од кореографската постановка „Прилепски игри“, инспирирана од традицијата за верскиот празник Прочка. Кореографијата е на Стојче Каранфилов, а музичката обработка на Милан Завков. На концертот ќе биде прикажана и „Мариовска тресница“, една од постарите игри во репертоарот на „Танец“, во кореографија на Јонче Христовски и музичка обработка на Ѓорѓи Димчевски. Публиката ќе може да ја види и најновата кореографска постановка на Танец, „У ливаду“, којашто ќе биде премиерно изведена. Преку обработка на изворни ора, песни и соодветни кореографски решенија, се прикажуваат сцени од една селска ливада. Кореографијата е на Јовица Блажевски, а музичката обработка на Сашо Митев. Дел од програмата е и „Свадба“, во кореографија на Благоја Филиповски и музичка обработка на Ратко Гелевски и Томе Цветковски. Ансамблот „Танец“ е основан во март 1949 година во Скопје. Веќе 75 години е еден од најстамените столбови на македонската традиција и култура и еден од главните темели на македонската државност.

The post Велигденски концерт на „Танец“ во петок во НОБ appeared first on Република.

]]>
Традиционален Велигденски концерт на „Танец“ во Националната опера и балет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tradicionalen-veligdenski-koncert-na-tanec-vo-nacionalnata-opera-i-balet/ Tue, 19 Apr 2022 07:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=490336

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“, вечер, во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, ќе го одржи традиционалниот голем Велигденски концерт.

На овој гала концерт ќе биде изведена атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата, на кои се создавало македонското фолклорно богатство. Со учество на целиот ансамбл, на концертот ќе можат да се проследат одушевувачки кореографски постановки како „Малешевка“, „Сретсело“, „Копачија“ и други бројни бисери од богатата вокално-инструментална ризница.

На нашиот културниот амбасадор „Танец“, му претстои особено динамична меѓународна сезона, која ќе започне во мај со гостувањето во Канада и Америка.

Во рамки на новата концертна сезона насловена „Печат на времето“, Танец годинава одржа серија концерти низ земјава, и тоа во Делчево, Радовиш, Свети Николе, Пробиштип и Кичево, како и во Скопје, на јубилејното издание на фестивалот за македонско музичко творештво „Денови на македонска музика“.

The post Традиционален Велигденски концерт на „Танец“ во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“, вечер, во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, ќе го одржи традиционалниот голем Велигденски концерт. На овој гала концерт ќе биде изведена атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата, на кои се создавало македонското фолклорно богатство. Со учество на целиот ансамбл, на концертот ќе можат да се проследат одушевувачки кореографски постановки како „Малешевка“, „Сретсело“, „Копачија“ и други бројни бисери од богатата вокално-инструментална ризница. На нашиот културниот амбасадор „Танец“, му претстои особено динамична меѓународна сезона, која ќе започне во мај со гостувањето во Канада и Америка. Во рамки на новата концертна сезона насловена „Печат на времето“, Танец годинава одржа серија концерти низ земјава, и тоа во Делчево, Радовиш, Свети Николе, Пробиштип и Кичево, како и во Скопје, на јубилејното издание на фестивалот за македонско музичко творештво „Денови на македонска музика“.

The post Традиционален Велигденски концерт на „Танец“ во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
„Танец“ со велигденски концерт во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tanec-so-veligdenski-koncert-vo-mnt/ Wed, 13 Apr 2022 08:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=487703

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ на 19 април ќе одржи голем велигденски концерт во МНТ.

На концертот, кој традиционално се одржува секоја година, ќе биде изведена интересна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата на кои се создавало македонското фолклорно богатство. На концертот ќе можат да се видат кореографии како „Малешевка“, „Сретсело“, „Копачија“.

Концертот под мотото „Печат на времето“, почнува во 20 часот, а картите се веќе пуштени во продажба.

 

The post „Танец“ со велигденски концерт во МНТ appeared first on Република.

]]>

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ на 19 април ќе одржи голем велигденски концерт во МНТ. На концертот, кој традиционално се одржува секоја година, ќе биде изведена интересна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата на кои се создавало македонското фолклорно богатство. На концертот ќе можат да се видат кореографии како „Малешевка“, „Сретсело“, „Копачија“. Концертот под мотото „Печат на времето“, почнува во 20 часот, а картите се веќе пуштени во продажба.  

The post „Танец“ со велигденски концерт во МНТ appeared first on Република.

]]>