велигденска служба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veligdenska-sluzhba/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Mar 2024 14:45:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png велигденска служба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veligdenska-sluzhba/ 32 32 Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе присуствуваат на неделната велигденска служба во Виндзор https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/kralot-charls-i-kralitsata-kamila-ke-prisustvuvaat-na-nedelnata-veligdenska-sluzhba-vo-vindzor/ Tue, 26 Mar 2024 14:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=759012

Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила ќе присуствуваат на велигденската богослужба во капелата на замокот Виндзор в недела, објавија американските медиуми, цитирајќи претставници на Бакингемската палата.

Ова ќе биде прво големо појавување на 75-годишниот британски монарх во јавноста откако минатиот месец му беше дијагностициран рак.

Официјални лица денеска соопштија дека на Чарлс и Камила ќе им се придружат и другите членови на кралското семејство за време на службата во неделата на Велигден во капелата Свети Ѓорѓи.

Кралот е на редовен третман и ги суспендираше речиси сите јавни ангажмани по дијагнозата на ракот. Претставниците на кралското семејство не открија од каква форма на рак боледувал Чарлс, но рекоа дека болеста не е поврзана со неодамнешниот третман на кој бил подложен на бенигна болест на простатата.

Според претставници на кралското семејство, монархот продолжува да ги извршува своите државни должности, вклучително и редовните неделни состаноци со премиерот Риши Сунак и нема да ги пренесе неговите уставни овластувања како шеф на државата.

The post Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе присуствуваат на неделната велигденска служба во Виндзор appeared first on Република.

]]>

Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила ќе присуствуваат на велигденската богослужба во капелата на замокот Виндзор в недела, објавија американските медиуми, цитирајќи претставници на Бакингемската палата. Ова ќе биде прво големо појавување на 75-годишниот британски монарх во јавноста откако минатиот месец му беше дијагностициран рак. Официјални лица денеска соопштија дека на Чарлс и Камила ќе им се придружат и другите членови на кралското семејство за време на службата во неделата на Велигден во капелата Свети Ѓорѓи. Кралот е на редовен третман и ги суспендираше речиси сите јавни ангажмани по дијагнозата на ракот. Претставниците на кралското семејство не открија од каква форма на рак боледувал Чарлс, но рекоа дека болеста не е поврзана со неодамнешниот третман на кој бил подложен на бенигна болест на простатата. Според претставници на кралското семејство, монархот продолжува да ги извршува своите државни должности, вклучително и редовните неделни состаноци со премиерот Риши Сунак и нема да ги пренесе неговите уставни овластувања како шеф на државата.

The post Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе присуствуваат на неделната велигденска служба во Виндзор appeared first on Република.

]]>