Велигден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veligden/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 11:08:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Велигден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veligden/ 32 32 Вселенската патријаршија изрази желба за воспоставување заеднички датум за католичкиот и православниот Велигден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vselenskata-patrijarshija-izrazi-zhelba-za-vospostavuvane-zaednichki-datum-za-katolichkiot-i-pravoslavniot-veligden/ Thu, 05 Sep 2024 11:08:40 +0000 https://republika.mk/?p=813481

Едногласно е изразена желбата заедничкото празнување на Велигден следната година за источното и западното христијанство да не биде едноставно една среќна случајност, туку почеток на воспоставување заеднички датум за неговото годишно празнување, пишува во соопштението од Вселенската патријаршија по одржаниот Синодот на Јерархијата на Вселенскиот Престол, јави дописничката на МИА од Атина.

Во 2025 година Христовото воскресение е на ист ден, на 20 април и за православните и за католиците, а вселенската патријаршија одново ја покрена идејата за празнување на Велигден на ист ден и во иднина.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на неговиот говор на крајот на тридневниот Синод, потсетил дека на крајот од мај следната година ќе се одржи официјалната прослава на 1700-годишнината од свикувањето на Првиот Вселенски Собор со учество на поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск.

The post Вселенската патријаршија изрази желба за воспоставување заеднички датум за католичкиот и православниот Велигден appeared first on Република.

]]>

Едногласно е изразена желбата заедничкото празнување на Велигден следната година за источното и западното христијанство да не биде едноставно една среќна случајност, туку почеток на воспоставување заеднички датум за неговото годишно празнување, пишува во соопштението од Вселенската патријаршија по одржаниот Синодот на Јерархијата на Вселенскиот Престол, јави дописничката на МИА од Атина. Во 2025 година Христовото воскресение е на ист ден, на 20 април и за православните и за католиците, а вселенската патријаршија одново ја покрена идејата за празнување на Велигден на ист ден и во иднина. Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на неговиот говор на крајот на тридневниот Синод, потсетил дека на крајот од мај следната година ќе се одржи официјалната прослава на 1700-годишнината од свикувањето на Првиот Вселенски Собор со учество на поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск.

The post Вселенската патријаршија изрази желба за воспоставување заеднички датум за католичкиот и православниот Велигден appeared first on Република.

]]>
Првата сабота по Велигден: Ова е строго забрането да го прават мажите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/prvata-sabota-po-veligden-ova-e-strogo-zabraneto-da-go-pravat-mazhite/ Fri, 10 May 2024 18:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=776905

Православните верници на 11 мај ја одбележуваат првата сабота по Велигден, ден кој го празнуваат жените, а мажите го одбележуваат на необичен начин, односно на овој ден никој не се бричел ниту шишал.

Сабота е инаку, според народните обичаи, ден на вдовците или мртовечки ден и посветена е за помен на мртвите, а оваа сабота, како ден, е посветена на покојните, има нагласен мртовечки карактер, што се гледа по нешишањето и небричењето на мажите.

The post Првата сабота по Велигден: Ова е строго забрането да го прават мажите appeared first on Република.

]]>

Православните верници на 11 мај ја одбележуваат првата сабота по Велигден, ден кој го празнуваат жените, а мажите го одбележуваат на необичен начин, односно на овој ден никој не се бричел ниту шишал. Сабота е инаку, според народните обичаи, ден на вдовците или мртовечки ден и посветена е за помен на мртвите, а оваа сабота, како ден, е посветена на покојните, има нагласен мртовечки карактер, што се гледа по нешишањето и небричењето на мажите.

The post Првата сабота по Велигден: Ова е строго забрането да го прават мажите appeared first on Република.

]]>
Утре сè ќе ви оди од рака: Четвртокот по Велигден е најсреќен во годината https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/utre-se-ke-vi-odi-od-raka-chetvrtokot-po-veligden-e-najsreken-vo-godinata-2/ Wed, 08 May 2024 13:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=775579

Светата или Велигденска недела се смета за големо и непрекинато славење за Велигден.

Има голем број верувања и обичаи за цела недела, а токму за четвртокот по Велигден се смета дека е најсреќен четврток во годината.

Се смета за среќен и се верува дека на земјата одат само добри небесни суштества и дека сè на луѓето ќе им оди од рака.

Четвртокот по Велигден се започнува работа, дури и ако не ви одела од рака, а можете и да се помолите и сите желби ќе ви се исполнат.

The post Утре сè ќе ви оди од рака: Четвртокот по Велигден е најсреќен во годината appeared first on Република.

]]>

Светата или Велигденска недела се смета за големо и непрекинато славење за Велигден. Има голем број верувања и обичаи за цела недела, а токму за четвртокот по Велигден се смета дека е најсреќен четврток во годината. Се смета за среќен и се верува дека на земјата одат само добри небесни суштества и дека сè на луѓето ќе им оди од рака. Четвртокот по Велигден се започнува работа, дури и ако не ви одела од рака, а можете и да се помолите и сите желби ќе ви се исполнат.

The post Утре сè ќе ви оди од рака: Четвртокот по Велигден е најсреќен во годината appeared first on Република.

]]>
Сашко Кедев на Велигден стана првиот Македонец кој го искачи петтиот највисок врв во светот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sashko-kedev-na-veligden-stana-prviot-makedonets-koj-go-iskachi-pettiot-najvisok-vrv-vo-svetot/ Tue, 07 May 2024 17:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=775020

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу, висок 8.485 метри, петти највисок планински врв во светот и десетти и со ова стана првиот Македонец кој се искачал на овој врв.

Успешната експедиција во која беше и Кедев, ја сочинуваше тим од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси. Кедев беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.

Планинарското резиме на Сашко Кедев, покрај Макалу, вклучува искачувања на 10 од 14-те врвови над 8.000 метри. Тоа се Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).

The post Сашко Кедев на Велигден стана првиот Македонец кој го искачи петтиот највисок врв во светот appeared first on Република.

]]>

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу, висок 8.485 метри, петти највисок планински врв во светот и десетти и со ова стана првиот Македонец кој се искачал на овој врв. Успешната експедиција во која беше и Кедев, ја сочинуваше тим од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси. Кедев беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година. Планинарското резиме на Сашко Кедев, покрај Макалу, вклучува искачувања на 10 од 14-те врвови над 8.000 метри. Тоа се Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).

The post Сашко Кедев на Велигден стана првиот Македонец кој го искачи петтиот највисок врв во светот appeared first on Република.

]]>
Утре погледнете кон небото: Првата среда по Велигден има посебна моќ, еве што треба да направите кога ќе се смрачи https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/utre-poglednete-kon-neboto-prvata-sreda-po-veligden-ima-posebna-mok-eve-shto-treba-da-napravite-koga-ke-se-smrachi/ Tue, 07 May 2024 08:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=774944

Неделата по Велигден е полна со бројни убави обичаи и верувања. Утрешниот ден, првата среда после Велигден, кај народот е познат како светла среда. Постарите велат дека утре вечер треба да се гледа во небото. Ако е ведро, без облаци и полно со ѕвезди, годината ќе биде родна. Ако има облаци, годината до следниот Велигден ќе биде тешка, година на беда и сиромаштија.

Некои намерно бараат ѕвезди што паѓаат бидејќи се верува дека оној што прв ќе види ѕвезда како паѓа ќе има повеќе среќа од останатите. Овој обичај се врзува и за мртвите. Ако неодамна ви починал некој вечерва треба да погледнете во небо, бидејќи старите велат дека утре по полноќ ќе падне и неговата ѕвезда.

Според народното верување среда е мошне поволен ден, а особено млада среда, за секоја активност и преземање важни чекори. Во некои делови ова е варовна среда, која се нарекува водена, бидејќи е посветена на водената стихија – да не се уништат посевите, што во време на пролетните дождови често се случувало.

Во минатото многу се внимавало на тоа луѓето да се воздржуваат од секоја зла мисла или лошо дело. Особено во среда, бидејќи оној што ќе згреши во среда-гревот му останува до судниот ден. Ова народно верување е засновано на фактот дека меѓу светителите единствено Света Среда нема црква која ѝ е посветена, па оттука грешникот нема каде да се исповеда и да бара простување за гревот. Кој ќе згреши во среда, гревот му останува засекогаш…

Денот утре се нарекува и поцрнета среда, а називот го добила според еден стар обичај кој се практикувал до пред Втората светска војна. Имено, на тој ден по селото се движела поворка составена исклучително од неженети момчиња до триесеттата година. Тие биле следени од свирачи и со себе влечеле стебло. Овој ведар и живописен обичај го симболизирал верувањето за потребата и смисолот на бракот, а тие кои се уште не го засновале на овој начин јавно биле „прозвани“ или како што се велело „поцрнети“.

The post Утре погледнете кон небото: Првата среда по Велигден има посебна моќ, еве што треба да направите кога ќе се смрачи appeared first on Република.

]]>

Неделата по Велигден е полна со бројни убави обичаи и верувања. Утрешниот ден, првата среда после Велигден, кај народот е познат како светла среда. Постарите велат дека утре вечер треба да се гледа во небото. Ако е ведро, без облаци и полно со ѕвезди, годината ќе биде родна. Ако има облаци, годината до следниот Велигден ќе биде тешка, година на беда и сиромаштија. Некои намерно бараат ѕвезди што паѓаат бидејќи се верува дека оној што прв ќе види ѕвезда како паѓа ќе има повеќе среќа од останатите. Овој обичај се врзува и за мртвите. Ако неодамна ви починал некој вечерва треба да погледнете во небо, бидејќи старите велат дека утре по полноќ ќе падне и неговата ѕвезда. Според народното верување среда е мошне поволен ден, а особено млада среда, за секоја активност и преземање важни чекори. Во некои делови ова е варовна среда, која се нарекува водена, бидејќи е посветена на водената стихија – да не се уништат посевите, што во време на пролетните дождови често се случувало. Во минатото многу се внимавало на тоа луѓето да се воздржуваат од секоја зла мисла или лошо дело. Особено во среда, бидејќи оној што ќе згреши во среда-гревот му останува до судниот ден. Ова народно верување е засновано на фактот дека меѓу светителите единствено Света Среда нема црква која ѝ е посветена, па оттука грешникот нема каде да се исповеда и да бара простување за гревот. Кој ќе згреши во среда, гревот му останува засекогаш… Денот утре се нарекува и поцрнета среда, а називот го добила според еден стар обичај кој се практикувал до пред Втората светска војна. Имено, на тој ден по селото се движела поворка составена исклучително од неженети момчиња до триесеттата година. Тие биле следени од свирачи и со себе влечеле стебло. Овој ведар и живописен обичај го симболизирал верувањето за потребата и смисолот на бракот, а тие кои се уште не го засновале на овој начин јавно биле „прозвани“ или како што се велело „поцрнети“.

The post Утре погледнете кон небото: Првата среда по Велигден има посебна моќ, еве што треба да направите кога ќе се смрачи appeared first on Република.

]]>
Од Велигден до Спасовден дојди на Црн Камен – под водопадот со чиста мисла помоли се за здравје и пород https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/od-veligden-do-spasovden-dojdi-na-tsrn-kamen-pod-vodopadot-so-chista-misla-pomoli-se-za-zdravje-i-porod/ Mon, 06 May 2024 14:27:03 +0000 https://republika.mk/?p=773752

Првиот петок после Велигден и во наредните 40 дена сè до Спасовден е време кога треба да се посети месноста Црн Камен. Се наоѓа во близина на Велес, на дваесетина метри од манастирот „Св. Димитрија“ над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа. Се влегува дупка, премин, со чиста мисла и желба.

Водопадот кој е висок педесетина метри, според верувањата има исцелителна моќ. Според народните верувања тука се доаѓа за здравје и касмет. Кога се оде првпат, треба да се помине трипати под водата потоа се зема камен кој се чува до наредната година, кога повторно ќе поминете трипати под водопадот.

Застани под карпата кај што тече водата. Ако те намокри, чист си пред Бога, а ако те заобиколи и ниту една капка не капне врз тебе, носиш некој грев на душата,  ова е моќта на светата вода на Црн Камен, велат оние кои го познаваат местото.

Се поминува за здравје, најмногу за здравје на болни дечиња, како и за пород. Треба да се мине трипати.

Инаку, некаде околу 469 години манастирот останал затрупан и велешани го заборавиле но во 1855 година на многу чуден начин бил откопан. Според легендата на стотина метри од манастирот на десниот брег на реката Вардар имало воденица која била во сопственост на турското семејство Кади Молови каде што работел велешанецот Петре Здравев. Него на сон често му се јавувал Св. Димитрија и му велел да оди кај градските власти и да им каже дека се јавува светецот и бара да се откопа затрупаниот манастир. На иницијатива на Здравев чиј гроб денес се наоѓа на влезот во манастирот тој бил откопан и вратен во живот.

 

The post Од Велигден до Спасовден дојди на Црн Камен – под водопадот со чиста мисла помоли се за здравје и пород appeared first on Република.

]]>

Првиот петок после Велигден и во наредните 40 дена сè до Спасовден е време кога треба да се посети месноста Црн Камен. Се наоѓа во близина на Велес, на дваесетина метри од манастирот „Св. Димитрија“ над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа. Се влегува дупка, премин, со чиста мисла и желба. Водопадот кој е висок педесетина метри, според верувањата има исцелителна моќ. Според народните верувања тука се доаѓа за здравје и касмет. Кога се оде првпат, треба да се помине трипати под водата потоа се зема камен кој се чува до наредната година, кога повторно ќе поминете трипати под водопадот.
Застани под карпата кај што тече водата. Ако те намокри, чист си пред Бога, а ако те заобиколи и ниту една капка не капне врз тебе, носиш некој грев на душата,  ова е моќта на светата вода на Црн Камен, велат оние кои го познаваат местото.
Се поминува за здравје, најмногу за здравје на болни дечиња, како и за пород. Треба да се мине трипати. Инаку, некаде околу 469 години манастирот останал затрупан и велешани го заборавиле но во 1855 година на многу чуден начин бил откопан. Според легендата на стотина метри од манастирот на десниот брег на реката Вардар имало воденица која била во сопственост на турското семејство Кади Молови каде што работел велешанецот Петре Здравев. Него на сон често му се јавувал Св. Димитрија и му велел да оди кај градските власти и да им каже дека се јавува светецот и бара да се откопа затрупаниот манастир. На иницијатива на Здравев чиј гроб денес се наоѓа на влезот во манастирот тој бил откопан и вратен во живот.  

The post Од Велигден до Спасовден дојди на Црн Камен – под водопадот со чиста мисла помоли се за здравје и пород appeared first on Република.

]]>
На Велигден Мицкоски во Свети Николе: Народот бара промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-veligden-mitskoski-vo-sveti-nikole-narodot-bara-promeni/ Sun, 05 May 2024 17:25:49 +0000 https://republika.mk/?p=774582

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска, на големиот христијански празник Велигден беше во посета на Свети Николе.

Во посета на Свети Николе на големиот празник Велигден. За многу години. Народот бара промени, објави Мицкоски на Фејсбук.

The post На Велигден Мицкоски во Свети Николе: Народот бара промени appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска, на големиот христијански празник Велигден беше во посета на Свети Николе.
Во посета на Свети Николе на големиот празник Велигден. За многу години. Народот бара промени, објави Мицкоски на Фејсбук.

The post На Велигден Мицкоски во Свети Николе: Народот бара промени appeared first on Република.

]]>
Македонците во Брисел и Луксембург го одбележаа Велигден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-vo-brisel-i-luksemburg-go-odbelezhaa-veligden/ Sun, 05 May 2024 15:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=774551

Стотина македонски верници синоќа го одбележаа Христовото воскресение со присуство на Велигденската литургија во „Капелата за Европа“ во Брисел.

Литургијата ја организираше Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Пророк Илија“ од Брисел.

Со литургијата богослужеше свештеникот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, отец Жарко Ѓориевски.

Денеска, пак, во организација на Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Апостол Тома“ од Луксембург ќе биде богослужена Велигденска литургија и во луксембуршката Православна катедрала „Св. Никола“ во Луксембург.

И со оваа литургија ќе богослужи со отецот Жарко Ѓориевски, кој од страна на Европската епархија на МПЦ-ОА е назначен за одговорен свештеник за активностите на Црквата во Белгија и Луксембург.

 

The post Македонците во Брисел и Луксембург го одбележаа Велигден appeared first on Република.

]]>

Стотина македонски верници синоќа го одбележаа Христовото воскресение со присуство на Велигденската литургија во „Капелата за Европа“ во Брисел. Литургијата ја организираше Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Пророк Илија“ од Брисел. Со литургијата богослужеше свештеникот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, отец Жарко Ѓориевски. Денеска, пак, во организација на Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Апостол Тома“ од Луксембург ќе биде богослужена Велигденска литургија и во луксембуршката Православна катедрала „Св. Никола“ во Луксембург. И со оваа литургија ќе богослужи со отецот Жарко Ѓориевски, кој од страна на Европската епархија на МПЦ-ОА е назначен за одговорен свештеник за активностите на Црквата во Белгија и Луксембург.  

The post Македонците во Брисел и Луксембург го одбележаа Велигден appeared first on Република.

]]>
Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/veligden-zoshto-ne-e-sekoja-godina-na-ist-den-i-kako-se-presmetuva-datumot-2/ Sun, 05 May 2024 15:31:22 +0000 https://republika.mk/?p=774474

Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Зошто е така и како се определува тоа? Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.

Велигден е Празник над празниците. Тој не се вбројува во ниедна група на празници, бидејќи му нема рамен на него – тој е над сите. Но, со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Тие произлегуваат од него – или му претходат, како подготовка за празникот. Тие постојат од неговото постоење. И едните и другите се датираат според Велигден. На пример, најконкретно и неиздвоиво се поврзани со Велигден празниците 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Дуовден (Педесетница). Потоа, празниците по Дуовден се нарекуваат недели по Дуовден, од првата до триесет и првата – втората, но зар не е и тоа поврзано со Велигден, кога Дуовден се определува според Велигден? Тој му ги отстапил тие недели на Дуовден. А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн. Е сега, замислете, сите тие празници – толкав број на празнувања, зависат од определената дата за Велигден. Тие постојат за него и ќе се празнуваат кога ќе каже тој. А кој кажува кога ќе биде Велигден и како тоа го определува? Светата Црква кажува кога ќе биде Велигден и тоа го определила за сите и за секогаш, на два Вселенски собора: на Првиот и на Шестиот.

 

 

Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века. Христијаните на Исток, во Азија: Ерусалимската, Антиохиската и Александриската црква го празнувале Велигден во исто време и на ист датум, но другите не. Тоа бил датумот на Старозаветната Пасха. Велигден се празнувал секогаш на 14 ден од првиот пролетен месец, без разлика во кој ден од седмицата ќе се падне тој датум. Значи, Велигден можело да падне и во петок и во вторник… А, уште повеќе што тоа било истовремено празнување на Велигден со Јудејската Пасха. Христијаните, пак, во Европа велеле дека е неприлично да го славиме нашиот најголем празник Велигден, заедно со најголемиот празник на Евреите – Пасха. Затоа, се определиле да го слават Велигден секогаш во неделниот ден по првата пролетна полна месечина. Тоа значело дека Велигден ќе биде секогаш во недела.

Зошто во недела?

Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела. Поделбата започнала. Настанале спорови, расправии, кавги, непријателства и прекари, именувања едни кон други: едните ги викале „кватродецими“, на латински, што значи „четиринаестодневници“, другите „доминикани“ – „неделници“. Значи, календарското неединство е од дамнина. Не е нешто ново и нешто што ни се случува нам, сега, туку постоело со векови. Овие две различни празнувања на Велигден постоеле во првите три века, па дури на Првиот вселенски собор, во 325 година, било поставено и решавано прашањето за едно и заедничко празнување на Велигден за сите христијани. Соборот донел одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина. Тоа, веднаш значело дека Велигден ќе биде секогаш по јудејската Пасха. Не треба да биде заедно со неа. Значи, Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет; денски, сонцев знак – пролетната рамнодневница; ноќен, месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамнодневница; споредбен празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Таа е старозаветна, а Велигден новозаветен. Таа претходи, а Велигден следи. Тој е Новата Пасха.

Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Тоа не се темели на ничија мудрост или било каква поврзаност со нешто и со некого, освен со законите на вселената. Богомудро решиле светите отци и го поврзале Христовото воскресение со вселената, што значи дека тоа е од вселенско значење – за сите луѓе и за цел свет.

Велигден е дел од космосот и тој е неодвоиво поврзан со космичките движења, од дневното вртење на Земјата околу Сонцето. Тоа движење е непрестајно и ни ја претставува вечноста, и најголемиот христијански празник Велигден е слика на вечноста. Воскресението Христово и Распнувањето е со значење за целата вселена, за сето време и за вечноста. Тоа се решило така и започнале сите да празнуваат на ист ден. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Спореле: Кога да почне празникот? Во недела, ама кога во недела? Имено, западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден. Буквално, на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, пак, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века. Дури на Шестиот вселенски собор, во 680/81 година, повторно било поставено за решавање разногласието за почетокот на Велигден. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш, штом влегува во недела (89 Правило на Соборот). Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Започнала секаде еднообразност за Велигден. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час. Големината на Најголемиот празник се зголемила и со единството во празнувањето на празникот.

На полноќ, Црквата ги собира христијаните во едно празнување на Празникот над празниците. Зошто така одлучил Соборот?

Зошто на полноќ веднаш, а не дента?

Светите отци сакале да биде празникот, колку е можно, најблиску до времето на Христовото воскресение. Но, нам не ни е кажано точно времето и часот кога Христос воскреснал. Тоа не го пишува во Библијата. Евангелијата ја премолчиле оваа точност. Тогаш, како определувале на Соборот? Какво е објаснувањето? Точно е дека во евангелските текстови не се спомнува часот на Христовото воскресение, но се даваат одредени временски ориентири. На пример, за жените мироносици се вели дека „во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето“ (Марко 16,2). Во Евангелието според Матеј пишува: „Кога измина саботата, на осамнување“ (Матеј 28,1). А Лука запишал: „Многу рано тие дојдоа на гробот“ (Лука 24,1). И најпосле, Јован, којшто последен го напишал Евангелието и ги прочитал претходните, запишал: „уште дури беше темно“ (Јован 20,1). Но, никој не вели: на полноќ. Можно е целото време од полноќ до 3-4 часот наутро, пред да зазори. Така е. Временска точност нема. Тогаш што нè води кон полноќта? Еве што. Прво, сигурно е дека тоа не се случило денски. Ова е јасно, бидејќи жените мироносици пошле „уште во темно“, а Христовото тело веќе не било во гробот и ангелот Божји што стоел кај влезниот камен рекол: Христос воскресе. За моментот на Христовото воскресение не е напишано, но за доаѓањето на ангелот Божји, којшто ги пречекал жените мироносици кај празниот гроб, се вели: „Стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото…, а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви “ (Матеј 28,2-4). Ним им е допуштено да го видат само ангелот и тоа во неопислив страв и трепет, а не и воскресението. Тоа и не можеле да го видат, не само тие, туку и никој со човечко око. Дури и најизбраните тројца апостоли: Петар, Јаков и Јован, кои ги зел Христос со Себе на Преображението, биле заслепени од Божјата светлина и ничкосани до земја, не можеле да видат ништо, а не стражарите. И, сепак, тоа било само Неговото преображение, а не Воскресението. Кој можел да ја поднесе таа светлина? Стражарите одвај го издржале јавувањето на ангелот Божји, а не… Потоа, во страв избегале и право отрчале кај првосвештениците да им кажат. Кога дошле жените, нив веќе ги немало таму. Сето ова траело некое време. Изминале неколку часа. В зори веќе било сè готово. Значи, настанот се случил порано, а можело и на полноќ, но сигурно не пред полноќ, вели светата Црква. Не пред полноќ, затоа што рекол Христос дека ќе остане во срцето на земјата, како што беше Јона во утробата на китот три дни (Матеј 12,40; Јона 3,5 сп. Матеј 26,61; 27,40; Јован 2,19). Бројот три има симболика на потполност, целина и довршеност. Народите на Исток, па и Евреите, верувале дека душата на покојниот два дена останува во близина на телото, а во третиот ден заминува. Тоа е уште еден доказ дека Он бил мртов и душата си заминала од кај телото. Не било тоа клиничка смрт или времена несвесност, туку вистинска смрт и умирање, вистинско погребение на мртвото тело и висинско воскресение.

А зошто воскреснал во почетокот на третиот ден? Воскресението во почетокот на означеното време значи сила и моќ – дека немало што да чека, туку ја имал Божјата сила и можел да воскресне; а тоа, ако се случело на крајот од денот, ќе значело немоќ – како да чекал да собере сила, како едвај воскресна. Затоа е земен терминот веднаш по полноќ, само што почнува неделата. Затоа тогаш се објавува Воскресението и гласно се вели: – Христос воскресе! Ова значи објавување на една голема вистина – му се објавува на целиот свет дека нашиот Бог и Спасител не е мртов, туку е жив и не е во гробот, туку воскресна. Тоа се кажува гласно и сеопшто, од сите и за сите во светот. Тоа значи одеднаш, јавно и најмасовно исповедање на верата на сиот свет дека Христос воскресе! На тоа се одговара: – Вистина воскресе! А отпоздравот значи потврдување на вистината за Христовото воскресение и потврдување на својата вера во тоа. Велигден е денот на најмасовното и најсилното јавно исповедање на верата христијанска, од сите христијани во светот: дека Христос воскресе. Но, тоа не е само меѓусебно кажување на христијаните, туку и нивно најголемо заедничко кажување на светот дека Христос воскресе. Тоа му го објавуваат на целиот свет и на сите луѓе во светот.

Велигденските таблици за пресметување на датумот на Велигден се нарекуваат и Пасхални таблици или Пасхалии. Оваа пресметка не е едноставна и има своја долга историја. На почетокот, тоа право ѝ го дале на Александриската црква, затоа што таа имало најмногу учени луѓе. Првите пресметувања ги направил свети Теофил Александриски во 385 г. и ја дал првата Пасхална таблица за 40 години. Тоа го дооформил свети Кирил Александриски и било дадено за целиот христијански свет, скоро два века. Во 526 година, пак, римскиот монах Дионисиј Мали ги зел новите пресметки од учениот александриски монах Анијан, ги преработил, ги прилагодил со јулијанскиот календар и ги направил конечните Велигденски таблици, со сите правила и редослед – точно и неизменливо. Тоа важи и до денес, и за секогаш. Формиран е Велигденски круг, Пасхален круг или Пасхалија која никогаш не завршува и е наречен Голем индикт (а станува збор за целосниот круг на Сонцето и Месечината, од еден до нов почеток, кога нивните кругови започнуваат заедно). Оваа вечна Пасхалија опфаќа циклус од 532 години. А кога ќе заврши овој круг, пак се повторува по истиот ред. Следат нови 532 години со истите дати за Велигден како во претходниот. Зошто се определени 532 години во кругот и како тие остануваат неизменети до бесконечност? Тоа е чиста астрономија и математика. Направено е според поставените закони во вселената. Монасите пресметале дека по 532 години, Сонцето и Месечината почнуваат заедно, а Велигден паѓа во ист ден како пред 532 години и сè се повторува од тој петвековен круг.

Како е добиен бројот 532? Со множење на кругот на Сонцето и на Месечината. Сончевиот круг има 28 години и потоа, пак во истите денови се паѓа недела. Кругот на Месечината трае 19 години и потоа исто се повторуваaт месечевите мени во следните 19 години итн. Помножени се овие години и добиен е Велигденскиот круг (28х19=532). Ние сега сме во 15 индикт – 15 Велигденски круг. Тој започнал 1941 година, а ќе заврши 2472 година. Зошто дури 15 круг? Па нема толку години и кругови од Христовото раѓање наваму. Да, нема. Но, пресметката на круговите е започната не од Христа наваму, туку од создавањето на светот, затоа сега е 15 круг. Почетна година е земена 5508 пред Христа. Најрано, пролетната рамнодневница може да дојде до 4 април, а најкасно до 8 мај. А и Месечината може да биде полна, најрано на 4 април. Па, ако тој ден е недела – тогаш ќе биде најраниот Велигден. Кога на небото ќе се сретнат и Сонцето и Месечината полна, во недела – таа недела е Велигден. Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај. Во еден Велигденски круг од 532 години, може да се падне најраниот Велигден – на 4 април, петпати (во сегашниов круг во: 2010, 2105, 2200, 2213, 2447), а најдоцниот Велигден – на 8 мај, четирипати (1983, 2078, 2173, 2268). Откако е направена формулата, започнале да се прават и повеќегодишни таблици. Објавуван е датумот за Велигден за целиот последен Велигденски круг, во којшто сме и ние сега. Сега, откако е пронајдено компјутерското пресметување, има можност брзо да се задоволат љубопитствата и да се добие точниот датум за Велигден, за било која година и век.

Православните цркви го слават Велигден сите на ист датум. За среќа, овде не се направи поделба и Велигден остана заеднички празник, а тоа значи и сите празници поврзани со Велигден, иако црквите се раководат според два различни календари: јулијанскиот и грегоријанскиот. Празниците со одредените дати ги празнуваме различно, а Велигден и велигденските празници – заедно. Со новиот календар започнаа први Грците, од 1924 година и во почетокот го прифатија сите цркви кои имаат Грци поглавари, освен Ерусалимската патријаршија и Света Гора. Потоа, го прифатија и други цркви, но не сите, туку пола-пола, останувајќи поделени и до денес. Но, Велигден е во заеднички датум за сите православни цркви. И добро е што е така. Слава на Бога! Во Македонија, на ист датум со православните, го слават Велигден и протестантите од Евангелско-методистичката црква и католиците од источен обред.

The post Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот appeared first on Република.

]]>

Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Зошто е така и како се определува тоа? Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми. Велигден е Празник над празниците. Тој не се вбројува во ниедна група на празници, бидејќи му нема рамен на него – тој е над сите. Но, со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Тие произлегуваат од него – или му претходат, како подготовка за празникот. Тие постојат од неговото постоење. И едните и другите се датираат според Велигден. На пример, најконкретно и неиздвоиво се поврзани со Велигден празниците 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Дуовден (Педесетница). Потоа, празниците по Дуовден се нарекуваат недели по Дуовден, од првата до триесет и првата – втората, но зар не е и тоа поврзано со Велигден, кога Дуовден се определува според Велигден? Тој му ги отстапил тие недели на Дуовден. А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн. Е сега, замислете, сите тие празници – толкав број на празнувања, зависат од определената дата за Велигден. Тие постојат за него и ќе се празнуваат кога ќе каже тој. А кој кажува кога ќе биде Велигден и како тоа го определува? Светата Црква кажува кога ќе биде Велигден и тоа го определила за сите и за секогаш, на два Вселенски собора: на Првиот и на Шестиот.
 
 
Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века. Христијаните на Исток, во Азија: Ерусалимската, Антиохиската и Александриската црква го празнувале Велигден во исто време и на ист датум, но другите не. Тоа бил датумот на Старозаветната Пасха. Велигден се празнувал секогаш на 14 ден од првиот пролетен месец, без разлика во кој ден од седмицата ќе се падне тој датум. Значи, Велигден можело да падне и во петок и во вторник… А, уште повеќе што тоа било истовремено празнување на Велигден со Јудејската Пасха. Христијаните, пак, во Европа велеле дека е неприлично да го славиме нашиот најголем празник Велигден, заедно со најголемиот празник на Евреите – Пасха. Затоа, се определиле да го слават Велигден секогаш во неделниот ден по првата пролетна полна месечина. Тоа значело дека Велигден ќе биде секогаш во недела. Зошто во недела? Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела. Поделбата започнала. Настанале спорови, расправии, кавги, непријателства и прекари, именувања едни кон други: едните ги викале „кватродецими“, на латински, што значи „четиринаестодневници“, другите „доминикани“ – „неделници“. Значи, календарското неединство е од дамнина. Не е нешто ново и нешто што ни се случува нам, сега, туку постоело со векови. Овие две различни празнувања на Велигден постоеле во првите три века, па дури на Првиот вселенски собор, во 325 година, било поставено и решавано прашањето за едно и заедничко празнување на Велигден за сите христијани. Соборот донел одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина. Тоа, веднаш значело дека Велигден ќе биде секогаш по јудејската Пасха. Не треба да биде заедно со неа. Значи, Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет; денски, сонцев знак – пролетната рамнодневница; ноќен, месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамнодневница; споредбен празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Таа е старозаветна, а Велигден новозаветен. Таа претходи, а Велигден следи. Тој е Новата Пасха. Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Тоа не се темели на ничија мудрост или било каква поврзаност со нешто и со некого, освен со законите на вселената. Богомудро решиле светите отци и го поврзале Христовото воскресение со вселената, што значи дека тоа е од вселенско значење – за сите луѓе и за цел свет. Велигден е дел од космосот и тој е неодвоиво поврзан со космичките движења, од дневното вртење на Земјата околу Сонцето. Тоа движење е непрестајно и ни ја претставува вечноста, и најголемиот христијански празник Велигден е слика на вечноста. Воскресението Христово и Распнувањето е со значење за целата вселена, за сето време и за вечноста. Тоа се решило така и започнале сите да празнуваат на ист ден. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Спореле: Кога да почне празникот? Во недела, ама кога во недела? Имено, западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден. Буквално, на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, пак, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века. Дури на Шестиот вселенски собор, во 680/81 година, повторно било поставено за решавање разногласието за почетокот на Велигден. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш, штом влегува во недела (89 Правило на Соборот). Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Започнала секаде еднообразност за Велигден. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час. Големината на Најголемиот празник се зголемила и со единството во празнувањето на празникот. На полноќ, Црквата ги собира христијаните во едно празнување на Празникот над празниците. Зошто така одлучил Соборот? Зошто на полноќ веднаш, а не дента? Светите отци сакале да биде празникот, колку е можно, најблиску до времето на Христовото воскресение. Но, нам не ни е кажано точно времето и часот кога Христос воскреснал. Тоа не го пишува во Библијата. Евангелијата ја премолчиле оваа точност. Тогаш, како определувале на Соборот? Какво е објаснувањето? Точно е дека во евангелските текстови не се спомнува часот на Христовото воскресение, но се даваат одредени временски ориентири. На пример, за жените мироносици се вели дека „во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето“ (Марко 16,2). Во Евангелието според Матеј пишува: „Кога измина саботата, на осамнување“ (Матеј 28,1). А Лука запишал: „Многу рано тие дојдоа на гробот“ (Лука 24,1). И најпосле, Јован, којшто последен го напишал Евангелието и ги прочитал претходните, запишал: „уште дури беше темно“ (Јован 20,1). Но, никој не вели: на полноќ. Можно е целото време од полноќ до 3-4 часот наутро, пред да зазори. Така е. Временска точност нема. Тогаш што нè води кон полноќта? Еве што. Прво, сигурно е дека тоа не се случило денски. Ова е јасно, бидејќи жените мироносици пошле „уште во темно“, а Христовото тело веќе не било во гробот и ангелот Божји што стоел кај влезниот камен рекол: Христос воскресе. За моментот на Христовото воскресение не е напишано, но за доаѓањето на ангелот Божји, којшто ги пречекал жените мироносици кај празниот гроб, се вели: „Стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото…, а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви “ (Матеј 28,2-4). Ним им е допуштено да го видат само ангелот и тоа во неопислив страв и трепет, а не и воскресението. Тоа и не можеле да го видат, не само тие, туку и никој со човечко око. Дури и најизбраните тројца апостоли: Петар, Јаков и Јован, кои ги зел Христос со Себе на Преображението, биле заслепени од Божјата светлина и ничкосани до земја, не можеле да видат ништо, а не стражарите. И, сепак, тоа било само Неговото преображение, а не Воскресението. Кој можел да ја поднесе таа светлина? Стражарите одвај го издржале јавувањето на ангелот Божји, а не… Потоа, во страв избегале и право отрчале кај првосвештениците да им кажат. Кога дошле жените, нив веќе ги немало таму. Сето ова траело некое време. Изминале неколку часа. В зори веќе било сè готово. Значи, настанот се случил порано, а можело и на полноќ, но сигурно не пред полноќ, вели светата Црква. Не пред полноќ, затоа што рекол Христос дека ќе остане во срцето на земјата, како што беше Јона во утробата на китот три дни (Матеј 12,40; Јона 3,5 сп. Матеј 26,61; 27,40; Јован 2,19). Бројот три има симболика на потполност, целина и довршеност. Народите на Исток, па и Евреите, верувале дека душата на покојниот два дена останува во близина на телото, а во третиот ден заминува. Тоа е уште еден доказ дека Он бил мртов и душата си заминала од кај телото. Не било тоа клиничка смрт или времена несвесност, туку вистинска смрт и умирање, вистинско погребение на мртвото тело и висинско воскресение. А зошто воскреснал во почетокот на третиот ден? Воскресението во почетокот на означеното време значи сила и моќ – дека немало што да чека, туку ја имал Божјата сила и можел да воскресне; а тоа, ако се случело на крајот од денот, ќе значело немоќ – како да чекал да собере сила, како едвај воскресна. Затоа е земен терминот веднаш по полноќ, само што почнува неделата. Затоа тогаш се објавува Воскресението и гласно се вели: – Христос воскресе! Ова значи објавување на една голема вистина – му се објавува на целиот свет дека нашиот Бог и Спасител не е мртов, туку е жив и не е во гробот, туку воскресна. Тоа се кажува гласно и сеопшто, од сите и за сите во светот. Тоа значи одеднаш, јавно и најмасовно исповедање на верата на сиот свет дека Христос воскресе! На тоа се одговара: – Вистина воскресе! А отпоздравот значи потврдување на вистината за Христовото воскресение и потврдување на својата вера во тоа. Велигден е денот на најмасовното и најсилното јавно исповедање на верата христијанска, од сите христијани во светот: дека Христос воскресе. Но, тоа не е само меѓусебно кажување на христијаните, туку и нивно најголемо заедничко кажување на светот дека Христос воскресе. Тоа му го објавуваат на целиот свет и на сите луѓе во светот. Велигденските таблици за пресметување на датумот на Велигден се нарекуваат и Пасхални таблици или Пасхалии. Оваа пресметка не е едноставна и има своја долга историја. На почетокот, тоа право ѝ го дале на Александриската црква, затоа што таа имало најмногу учени луѓе. Првите пресметувања ги направил свети Теофил Александриски во 385 г. и ја дал првата Пасхална таблица за 40 години. Тоа го дооформил свети Кирил Александриски и било дадено за целиот христијански свет, скоро два века. Во 526 година, пак, римскиот монах Дионисиј Мали ги зел новите пресметки од учениот александриски монах Анијан, ги преработил, ги прилагодил со јулијанскиот календар и ги направил конечните Велигденски таблици, со сите правила и редослед – точно и неизменливо. Тоа важи и до денес, и за секогаш. Формиран е Велигденски круг, Пасхален круг или Пасхалија која никогаш не завршува и е наречен Голем индикт (а станува збор за целосниот круг на Сонцето и Месечината, од еден до нов почеток, кога нивните кругови започнуваат заедно). Оваа вечна Пасхалија опфаќа циклус од 532 години. А кога ќе заврши овој круг, пак се повторува по истиот ред. Следат нови 532 години со истите дати за Велигден како во претходниот. Зошто се определени 532 години во кругот и како тие остануваат неизменети до бесконечност? Тоа е чиста астрономија и математика. Направено е според поставените закони во вселената. Монасите пресметале дека по 532 години, Сонцето и Месечината почнуваат заедно, а Велигден паѓа во ист ден како пред 532 години и сè се повторува од тој петвековен круг. Како е добиен бројот 532? Со множење на кругот на Сонцето и на Месечината. Сончевиот круг има 28 години и потоа, пак во истите денови се паѓа недела. Кругот на Месечината трае 19 години и потоа исто се повторуваaт месечевите мени во следните 19 години итн. Помножени се овие години и добиен е Велигденскиот круг (28х19=532). Ние сега сме во 15 индикт – 15 Велигденски круг. Тој започнал 1941 година, а ќе заврши 2472 година. Зошто дури 15 круг? Па нема толку години и кругови од Христовото раѓање наваму. Да, нема. Но, пресметката на круговите е започната не од Христа наваму, туку од создавањето на светот, затоа сега е 15 круг. Почетна година е земена 5508 пред Христа. Најрано, пролетната рамнодневница може да дојде до 4 април, а најкасно до 8 мај. А и Месечината може да биде полна, најрано на 4 април. Па, ако тој ден е недела – тогаш ќе биде најраниот Велигден. Кога на небото ќе се сретнат и Сонцето и Месечината полна, во недела – таа недела е Велигден. Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај. Во еден Велигденски круг од 532 години, може да се падне најраниот Велигден – на 4 април, петпати (во сегашниов круг во: 2010, 2105, 2200, 2213, 2447), а најдоцниот Велигден – на 8 мај, четирипати (1983, 2078, 2173, 2268). Откако е направена формулата, започнале да се прават и повеќегодишни таблици. Објавуван е датумот за Велигден за целиот последен Велигденски круг, во којшто сме и ние сега. Сега, откако е пронајдено компјутерското пресметување, има можност брзо да се задоволат љубопитствата и да се добие точниот датум за Велигден, за било која година и век. Православните цркви го слават Велигден сите на ист датум. За среќа, овде не се направи поделба и Велигден остана заеднички празник, а тоа значи и сите празници поврзани со Велигден, иако црквите се раководат според два различни календари: јулијанскиот и грегоријанскиот. Празниците со одредените дати ги празнуваме различно, а Велигден и велигденските празници – заедно. Со новиот календар започнаа први Грците, од 1924 година и во почетокот го прифатија сите цркви кои имаат Грци поглавари, освен Ерусалимската патријаршија и Света Гора. Потоа, го прифатија и други цркви, но не сите, туку пола-пола, останувајќи поделени и до денес. Но, Велигден е во заеднички датум за сите православни цркви. И добро е што е така. Слава на Бога! Во Македонија, на ист датум со православните, го слават Велигден и протестантите од Евангелско-методистичката црква и католиците од источен обред.

The post Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот appeared first on Република.

]]>
Ова цвеќе е симбол на Велигден – според легендата процветало по благословот на Богородица! https://arhiva3.republika.mk/zivot/ova-tsveke-e-simbol-na-veligden-spored-legendata-protsvetalo-po-blagoslovot-na-bogoroditsa/ Sun, 05 May 2024 14:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=774467

Речиси и да нема стара куќа која немала јоргован во својот двор. Нежниот и убав мирис на ова небесно растение е само една од причините зошто ова прекрасно дрво е толку популарно.

Многумина ќе бидат среќни кога ќе научат дека јоргованот е многу издржливо растение, иако изгледа нежно и елегантно. Не му треба посебна грижа и успева прилично лесно, а покрај препознатливиот син или јоргованот цвет, има и нежни розови и бели јорговани кои се подеднакво убави и миризливи. Јоргованот е цвет што се внесува во куќата за Велигден.

Легендата за јоргованот

Постои една интересна христијанска легенда за тоа како настанал јоргованот, односно како го добил својот препознатлив цвет и опоен мирис.

Имено, кога го распнале Христос, Богородица тажна и очајна талкала наоколу, не знаејќи каде оди. Таа седнала да се одмори под дрво полно со лисја и, како што била исцрпена, заспала. Потоа лисјата полека почнале да паѓаат од дрвото и нежно ја покривале.

Кога се разбудила Пресвета Богородица, и било топло. Ги здогледала листовите околу себе, а кога погледнала во дрвото, тоа било сосема голо. Потоа таа го благословила дрвото со зборовите: „Биди благословено и миризливо засекогаш“. Во тој момент дрвото повторно процветало.

The post Ова цвеќе е симбол на Велигден – според легендата процветало по благословот на Богородица! appeared first on Република.

]]>

Речиси и да нема стара куќа која немала јоргован во својот двор. Нежниот и убав мирис на ова небесно растение е само една од причините зошто ова прекрасно дрво е толку популарно. Многумина ќе бидат среќни кога ќе научат дека јоргованот е многу издржливо растение, иако изгледа нежно и елегантно. Не му треба посебна грижа и успева прилично лесно, а покрај препознатливиот син или јоргованот цвет, има и нежни розови и бели јорговани кои се подеднакво убави и миризливи. Јоргованот е цвет што се внесува во куќата за Велигден. Легендата за јоргованот Постои една интересна христијанска легенда за тоа како настанал јоргованот, односно како го добил својот препознатлив цвет и опоен мирис. Имено, кога го распнале Христос, Богородица тажна и очајна талкала наоколу, не знаејќи каде оди. Таа седнала да се одмори под дрво полно со лисја и, како што била исцрпена, заспала. Потоа лисјата полека почнале да паѓаат од дрвото и нежно ја покривале. Кога се разбудила Пресвета Богородица, и било топло. Ги здогледала листовите околу себе, а кога погледнала во дрвото, тоа било сосема голо. Потоа таа го благословила дрвото со зборовите: „Биди благословено и миризливо засекогаш“. Во тој момент дрвото повторно процветало.

The post Ова цвеќе е симбол на Велигден – според легендата процветало по благословот на Богородица! appeared first on Република.

]]>
Дали треба да бојадисате парен или непарен број јајца? https://arhiva3.republika.mk/zivot/dali-treba-da-bojadisate-paren-ili-neparen-broj-jajtsa/ Sun, 05 May 2024 14:13:32 +0000 https://republika.mk/?p=774465

Дали за Велигден треба да бојадисате парен или непарен број јајца?

Велигден е еден од најрадосните и највеселите христијански празници, кој го симболизира враќањето на Исус Христос во живот, а Велики петок е најтажниот ден за христијаните бидејќи Исус бил распнат на Голгота.

Јајцата се бојадисуваат на Велики Четврток и Велика Сабота, најчесто во црвена боја, симболизирајќи ја крвта на Исус, но и радоста.

На сите им е добро познато дека првото јајце се нарекува чувар на куќата и дека стои во текот на целата година за да ја „чува куќата“ до следниот Велигден.

Секој си ги одвојува јајцата за бојадисување според себе и своите потреби, но дали знаевте дека според традицијата и обичаите треба да се бојадисуваат само 33 јајца?

Бројот 33 го симболизира бројот на години кога Исус бил распнат.

Обичаите датираат од дамнешни времиња, се пренесувале од колено на колено, но овој важен дел некаде е изгубен и ретко кој денеска бојадиса точно 33 велигденски јајца.

Сепак, треба да знаете и дефинитивно да се трудите да ја почитувате традицијата.

The post Дали треба да бојадисате парен или непарен број јајца? appeared first on Република.

]]>

Дали за Велигден треба да бојадисате парен или непарен број јајца? Велигден е еден од најрадосните и највеселите христијански празници, кој го симболизира враќањето на Исус Христос во живот, а Велики петок е најтажниот ден за христијаните бидејќи Исус бил распнат на Голгота. Јајцата се бојадисуваат на Велики Четврток и Велика Сабота, најчесто во црвена боја, симболизирајќи ја крвта на Исус, но и радоста. На сите им е добро познато дека првото јајце се нарекува чувар на куќата и дека стои во текот на целата година за да ја „чува куќата“ до следниот Велигден. Секој си ги одвојува јајцата за бојадисување според себе и своите потреби, но дали знаевте дека според традицијата и обичаите треба да се бојадисуваат само 33 јајца? Бројот 33 го симболизира бројот на години кога Исус бил распнат. Обичаите датираат од дамнешни времиња, се пренесувале од колено на колено, но овој важен дел некаде е изгубен и ретко кој денеска бојадиса точно 33 велигденски јајца. Сепак, треба да знаете и дефинитивно да се трудите да ја почитувате традицијата.

The post Дали треба да бојадисате парен или непарен број јајца? appeared first on Република.

]]>
На Велигденската трпеза треба да ги имате овие 10 работи https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-veligdenskata-trpeza-treba-da-gi-imate-ovie-10-raboti/ Sun, 05 May 2024 13:50:43 +0000 https://republika.mk/?p=774289

На Велигден православните верници се поздравуваат со: Христос воскресе! Навистина воскресе! Овој поздрав е вообичаено да се практикува до Спасовден.

На велигденската свечената трпеза мора да има неколку работи:

1. Мед -симболизира апостоли. Сите тие како пчели на Исус го разнесувале Евангелието на разни страни.

2. Јагнешко месо -го симболизира Господ, роден во шталата меѓу јагнињата, гонет од луѓето со волчја нарав. Тој е жртвено јагне кое трпеливо ги поднесло маките и смртта.

3. Говедско месо -го симболизира човекот (мудрост), лав (храброст), волот (правдата) и тоа се животни кои во визиите ги видел пророкот Језекил и светиот апостол Јован Богослов.

4. Вапцани јајца – тие се симбол на Велигден иако се предхристијански обичај. Овој симбол на пролетното будење на животот постои и во еврејската религија.

5. Леб -на масата мора да има леб, сол и риба. Сите намирници кои служат за подготовка на празничните специјалитети имаат длабока симболика. Лебот го симболизира Господ.

6.Квасец – тој е симбол на небесното царство „бидејќи од мал гумен квасец сето тесто се закиснува“. Затоа велигденскиот колач задолжително се прави со квасец.

7. Сол – укажува на вистински христијанин кој и останаите ги усмерува кон добро. Душата насолена со науката на Исус не подлегнува и не се расипува, а притоа им помага на блиските да ја одржат и да не се расипат.

8. Вино – претворањето на водата во вино го симболизира чудесното претворање на земниот човек во небесен. Виното е симбол на Исус, а лозата е симбол на следбениците Хистови.

9. Грозје, смокви, чичак и трња- тие се симболи на добрите и злите луѓе.

10. Риба – е симбол на сите луѓе. Ловот на риба означува ловење на човечки души за Божјото царство.

The post На Велигденската трпеза треба да ги имате овие 10 работи appeared first on Република.

]]>

На Велигден православните верници се поздравуваат со: Христос воскресе! Навистина воскресе! Овој поздрав е вообичаено да се практикува до Спасовден. На велигденската свечената трпеза мора да има неколку работи: 1. Мед -симболизира апостоли. Сите тие како пчели на Исус го разнесувале Евангелието на разни страни. 2. Јагнешко месо -го симболизира Господ, роден во шталата меѓу јагнињата, гонет од луѓето со волчја нарав. Тој е жртвено јагне кое трпеливо ги поднесло маките и смртта. 3. Говедско месо -го симболизира човекот (мудрост), лав (храброст), волот (правдата) и тоа се животни кои во визиите ги видел пророкот Језекил и светиот апостол Јован Богослов. 4. Вапцани јајца – тие се симбол на Велигден иако се предхристијански обичај. Овој симбол на пролетното будење на животот постои и во еврејската религија. 5. Леб -на масата мора да има леб, сол и риба. Сите намирници кои служат за подготовка на празничните специјалитети имаат длабока симболика. Лебот го симболизира Господ. 6.Квасец – тој е симбол на небесното царство „бидејќи од мал гумен квасец сето тесто се закиснува“. Затоа велигденскиот колач задолжително се прави со квасец. 7. Сол – укажува на вистински христијанин кој и останаите ги усмерува кон добро. Душата насолена со науката на Исус не подлегнува и не се расипува, а притоа им помага на блиските да ја одржат и да не се расипат. 8. Вино – претворањето на водата во вино го симболизира чудесното претворање на земниот човек во небесен. Виното е симбол на Исус, а лозата е симбол на следбениците Хистови. 9. Грозје, смокви, чичак и трња- тие се симболи на добрите и злите луѓе. 10. Риба – е симбол на сите луѓе. Ловот на риба означува ловење на човечки души за Божјото царство.

The post На Велигденската трпеза треба да ги имате овие 10 работи appeared first on Република.

]]>
За среќа, слава и чистота на срцето: Цвеќе кое го облагородува домот за Велигден https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/za-sreka-slava-i-chistota-na-srtseto-tsveke-koe-go-oblagoroduva-domot-za-veligden/ Sun, 05 May 2024 13:30:03 +0000 https://republika.mk/?p=774286

Велигденските јајца се најважниот дел од прославата на Велигден, бидејќи тие се симбол на изобилство, плодност и пролет. Во многу култури, дарот на јајца е забележан како симбол на нов живот, меѓу кои и староегипетската, старогрчката, персиската, староримската…

Сепак, јајцата не се единствената важна работа на трпезата, па затоа вчера пишувавме за она што, согласно народната традиција, е важно да се биде дел од прославата на Велигден на трпезариската маса.

Интересно е што – во духот и симболиката на пролетта и повторното раѓање – и цвеќињата имаат значајно место во празнувањето на Велигден.

Следниве цвеќиња главно се издвојуваат.

Лилјан

Познато е дека крин е симбол на чистота, убавина и невиност, а со тоа и на Божјата благодат и воскресение. Овие цвеќиња често се поврзуваат со мајчинството и плодноста.

Лале

Обично, лалињата се поврзуваат со богатство, слава и амбиција, па многумина ги подаруваат кога сакаат да го повикаат тоа на некој близок. Ако го внесете во куќата на Велигден, ќе добиете важен симбол на успех.

Момина солза

Момината солза често се смета за симбол на враќање на среќата и чистотата на срцето. Задолжителено е присуството на ова цвеќер во домот, бидермаерите и „обичните“ букети во пролетните денови, а во минатото имало важно место во паганските ритуали. Се поврзува со празникот Ѓуроѓовден, кој се одбележува на 6 мај.

The post За среќа, слава и чистота на срцето: Цвеќе кое го облагородува домот за Велигден appeared first on Република.

]]>

Велигденските јајца се најважниот дел од прославата на Велигден, бидејќи тие се симбол на изобилство, плодност и пролет. Во многу култури, дарот на јајца е забележан како симбол на нов живот, меѓу кои и староегипетската, старогрчката, персиската, староримската… Сепак, јајцата не се единствената важна работа на трпезата, па затоа вчера пишувавме за она што, согласно народната традиција, е важно да се биде дел од прославата на Велигден на трпезариската маса. Интересно е што – во духот и симболиката на пролетта и повторното раѓање – и цвеќињата имаат значајно место во празнувањето на Велигден. Следниве цвеќиња главно се издвојуваат. Лилјан Познато е дека крин е симбол на чистота, убавина и невиност, а со тоа и на Божјата благодат и воскресение. Овие цвеќиња често се поврзуваат со мајчинството и плодноста. Лале Обично, лалињата се поврзуваат со богатство, слава и амбиција, па многумина ги подаруваат кога сакаат да го повикаат тоа на некој близок. Ако го внесете во куќата на Велигден, ќе добиете важен симбол на успех. Момина солза Момината солза често се смета за симбол на враќање на среќата и чистотата на срцето. Задолжителено е присуството на ова цвеќер во домот, бидермаерите и „обичните“ букети во пролетните денови, а во минатото имало важно место во паганските ритуали. Се поврзува со празникот Ѓуроѓовден, кој се одбележува на 6 мај.

The post За среќа, слава и чистота на срцето: Цвеќе кое го облагородува домот за Велигден appeared first on Република.

]]>
Јајцето што ќе го изберете на гости може да ви донесе среќа https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/jajtseto-shto-ke-go-izberete-na-gosti-mozhe-da-vi-donese-sreka/ Sun, 05 May 2024 13:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=772229

Црвеното јајце е симбол на Велигден поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување.

Некои сметаат дека црвената е вистинската велигденска боја, но не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно е извор на среќа.

Жолта боја – светлина, радост

Портокалова – трпение, моќ

Зелена – храброст, големина

Виолетова – надеж, спокојство

Сина – здравје, ведрина

Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го вапцале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.

The post Јајцето што ќе го изберете на гости може да ви донесе среќа appeared first on Република.

]]>

Црвеното јајце е симбол на Велигден поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување. Некои сметаат дека црвената е вистинската велигденска боја, но не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно е извор на среќа.
Жолта боја – светлина, радост Портокалова – трпение, моќ Зелена – храброст, големина Виолетова – надеж, спокојство Сина – здравје, ведрина
Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го вапцале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.

The post Јајцето што ќе го изберете на гости може да ви донесе среќа appeared first on Република.

]]>
Русите и Грците имаат посебни обичаи за празникот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/rusite-i-grtsite-imaat-posebni-obichai-za-praznikot/ Sun, 05 May 2024 12:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=774462

За милиони луѓе ширум светот, Велигден се паѓа во недела, на 5 мај 2024 година. Православниот Велигден официјално се слави во Македонија, Србија, Бугарија, Кипар, Грција, Либан, Романија, Русија и Украина, но и меѓу некои православни верници во Египет.

Православните христијани во Европа, Африка и Блискиот Исток го слават Велигден подоцна од повеќето земји во западниот свет. Тоа е затоа што тие користат различен календар за да одредат во кој ден треба да се падне Велигден.

И православниот Велигден и Велигденската недела се христијански празници за време на кои верниците го слават воскресението на Исус – тоа е најважниот празник во христијанскиот календар.

Во источното православно христијанство, подготовките започнуваат со Великиот пост, 40 дена размислување и пост, кој започнува на Велики понеделник и завршува во Лазарева сабота.

Чистиот понеделник се однесува на верниците кои се очистени од гревовите за време на постот. Лазаревата сабота се паѓа осум дена пред неделата на Велигден и го означува крајот на Великиот пост, иако постот продолжува во Светата недела.

Потоа следи Цветници, една недела пред Велигден, во чест на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, по што следи Страсната седмица која завршува на Велигден.

Каде и да живеете во светот, Велигден е секогаш трогателен празник. За разлика од Божиќ, тој не се одржува во ист ден секоја година.

Православните цркви во некои земји, вклучувајќи ги Македонија, Србија Грција, Кипар и Романија, го засноваат датумот на Велигден на јулијанскиот календар.

Јулијанскиот календар го дизајнирал римскиот император Јулиј Цезар во 45 п.н.е. – годината ја заснова на времето кое му е потребно на Сонцето да орбитира околу Земјата.

Грегоријанскиот календар бил создаден од папата Григориј во 1582 година за да исправи некои од грешките во јулијанскиот календар бидејќи астрономијата станала попрецизна.

Велика Британија се префрли на Грегоријанскиот календар во 1752 година.

Исто така, во Источната православна црква, Велигден мора да се случи по еврејскиот празник Пасха – како во приказната за Велигден, Исус ја слави Пасхата пред својата смрт.

Одењето во црква е многу важен дел од прославата на Велигден за православните христијани, а важните богослужби започнуваат на Велики петок.

Најважните молитви се во раните утрински часови на Велигденската недела, кога започнуваат празнувањата, бијат црковните ѕвона, понекогаш има огномет и извици за одбележување на Христовото воскресение.

По постот, традициите често се вртат околу храната.

Во Грција, православните христијани традиционално јадат печено јагнешко и туреки, сладок велигденски леб.

Постот го прекинуваат и со традиционалната супа наречена Магирица, која се прави со јагнешко месо, ориз и копар пред да започне главната гозба во недела.

Македонските и српските православни семејства традиционално уживаат во мезе од чадено месо и сирења, варени јајца и црвено вино. Велигденскиот оброк се состои од домашна супа или супа од зеленчук, а обично следи печено, главно јагнешко, но и свинско месо.

Во Русија, православните христијани го прекинуваат постот со традиционална велигденска торта.

Како и во западната црква, јајцата се симбол на Велигден и нов живот. На Велики петок и Велика Сабота јајцата се вапсуваат во црвено за претстава.

The post Русите и Грците имаат посебни обичаи за празникот appeared first on Република.

]]>

За милиони луѓе ширум светот, Велигден се паѓа во недела, на 5 мај 2024 година. Православниот Велигден официјално се слави во Македонија, Србија, Бугарија, Кипар, Грција, Либан, Романија, Русија и Украина, но и меѓу некои православни верници во Египет. Православните христијани во Европа, Африка и Блискиот Исток го слават Велигден подоцна од повеќето земји во западниот свет. Тоа е затоа што тие користат различен календар за да одредат во кој ден треба да се падне Велигден. И православниот Велигден и Велигденската недела се христијански празници за време на кои верниците го слават воскресението на Исус – тоа е најважниот празник во христијанскиот календар. Во источното православно христијанство, подготовките започнуваат со Великиот пост, 40 дена размислување и пост, кој започнува на Велики понеделник и завршува во Лазарева сабота. Чистиот понеделник се однесува на верниците кои се очистени од гревовите за време на постот. Лазаревата сабота се паѓа осум дена пред неделата на Велигден и го означува крајот на Великиот пост, иако постот продолжува во Светата недела. Потоа следи Цветници, една недела пред Велигден, во чест на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, по што следи Страсната седмица која завршува на Велигден. Каде и да живеете во светот, Велигден е секогаш трогателен празник. За разлика од Божиќ, тој не се одржува во ист ден секоја година. Православните цркви во некои земји, вклучувајќи ги Македонија, Србија Грција, Кипар и Романија, го засноваат датумот на Велигден на јулијанскиот календар. Јулијанскиот календар го дизајнирал римскиот император Јулиј Цезар во 45 п.н.е. – годината ја заснова на времето кое му е потребно на Сонцето да орбитира околу Земјата. Грегоријанскиот календар бил создаден од папата Григориј во 1582 година за да исправи некои од грешките во јулијанскиот календар бидејќи астрономијата станала попрецизна. Велика Британија се префрли на Грегоријанскиот календар во 1752 година. Исто така, во Источната православна црква, Велигден мора да се случи по еврејскиот празник Пасха – како во приказната за Велигден, Исус ја слави Пасхата пред својата смрт. Одењето во црква е многу важен дел од прославата на Велигден за православните христијани, а важните богослужби започнуваат на Велики петок. Најважните молитви се во раните утрински часови на Велигденската недела, кога започнуваат празнувањата, бијат црковните ѕвона, понекогаш има огномет и извици за одбележување на Христовото воскресение. По постот, традициите често се вртат околу храната. Во Грција, православните христијани традиционално јадат печено јагнешко и туреки, сладок велигденски леб. Постот го прекинуваат и со традиционалната супа наречена Магирица, која се прави со јагнешко месо, ориз и копар пред да започне главната гозба во недела. Македонските и српските православни семејства традиционално уживаат во мезе од чадено месо и сирења, варени јајца и црвено вино. Велигденскиот оброк се состои од домашна супа или супа од зеленчук, а обично следи печено, главно јагнешко, но и свинско месо. Во Русија, православните христијани го прекинуваат постот со традиционална велигденска торта. Како и во западната црква, јајцата се симбол на Велигден и нов живот. На Велики петок и Велика Сабота јајцата се вапсуваат во црвено за претстава.

The post Русите и Грците имаат посебни обичаи за празникот appeared first on Република.

]]>
Совршени мали колачи за велигденската трпеза! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/sovrsheni-mali-kolachi-za-veligdenskata-trpeza/ Sun, 05 May 2024 11:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=774477

СОСТОЈКИ:

  • 350 гр плазма бисквити
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 30 какао
  • 80 гр путер
  • 160 мл млеко
  • 140 гр млечна чоколада

 

ПОДГОТОВКА:

https://www.youtube.com/watch?v=Ihdo7K66shI&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Совршени мали колачи за велигденската трпеза! appeared first on Република.

]]>

СОСТОЈКИ:
  • 350 гр плазма бисквити
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 30 какао
  • 80 гр путер
  • 160 мл млеко
  • 140 гр млечна чоколада
  ПОДГОТОВКА: https://www.youtube.com/watch?v=Ihdo7K66shI&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Совршени мали колачи за велигденската трпеза! appeared first on Република.

]]>
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimovski-potrebna-ni-e-splotenost-i-edinstvo-za-opstojuvane-i-sochuvuvane-na-makedonskata-drzhava/ Sun, 05 May 2024 11:32:13 +0000 https://republika.mk/?p=774459

Претседателот на Социјалистичката партијана Македонија, Љупчо Димовски, по повод најголемиот христијански празник Христовото Воскресение Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонска православна црква - Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски Г.г. Стефан и до сите христијански верници.

-Со особена радост и задоволство празнувјќи го најголемиот христијански празник Христовото Воскресение Велигден, темелот на христијанството, дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот Синод на православните верници на МПЦ во земјата и во странство и на сите христијани, од името на членството на Социјалистичката партија на Македонија и од мое лично име да Ви го честитам Велигден и да Ви посакам здравје, благодет, Христова љубов, а на сите граѓани спокој во секој дом и во сечие срце. Овој ден е возвишен зашто е празник во кој се обновува животната радост и од кој што извираат љубовта и надежта, ден кој ја раѓа богоугодната радост. Затоа потребно ни е да не се делиме од вистината и правдата, да растеме во љубовта и благочестието, во трпението и милосрдието и да живееме со добри дела.

Овој најголем христијански празник е можност да се истакне длабоката увереност дека древната Македонска православна црква ќе продолжи со ширење и јакнење на верата, во јакнење на наионалната свест и во јакнење на меѓунационалната и мулти-конфесионалната толеранција.

-Нашата Македонска православна црква е вткаена во зачувувањето и развивањето на нашиот културен и национален идентитет.
Оттаму сознанието дека обединети околу учењето на Христа можеме заедно нашата Татковина да ја направиме поубава за сегашните и идни генерации, а на нашиот македонски народ како никогаш досега му е потребна сплотеноста и единството како услов за неговото опстојување и сочувување на македонската држава. Прославувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе на светот. Затоа да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајна љубов. Нека ни е честит Великиот ден-Воскресение Христово и нека Господ нé обдари со сила, верба и благослов, за да го сочуваме, негуваме  она што ни го дал како наследство, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно. Нека ни е за многу години големиот празник!  ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!, стои во честитката од претседателот на СПМ Димовски.

The post Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Социјалистичката партијана Македонија, Љупчо Димовски, по повод најголемиот христијански празник Христовото Воскресение Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонска православна црква - Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски Г.г. Стефан и до сите христијански верници. -Со особена радост и задоволство празнувјќи го најголемиот христијански празник Христовото Воскресение Велигден, темелот на христијанството, дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот Синод на православните верници на МПЦ во земјата и во странство и на сите христијани, од името на членството на Социјалистичката партија на Македонија и од мое лично име да Ви го честитам Велигден и да Ви посакам здравје, благодет, Христова љубов, а на сите граѓани спокој во секој дом и во сечие срце. Овој ден е возвишен зашто е празник во кој се обновува животната радост и од кој што извираат љубовта и надежта, ден кој ја раѓа богоугодната радост. Затоа потребно ни е да не се делиме од вистината и правдата, да растеме во љубовта и благочестието, во трпението и милосрдието и да живееме со добри дела. Овој најголем христијански празник е можност да се истакне длабоката увереност дека древната Македонска православна црква ќе продолжи со ширење и јакнење на верата, во јакнење на наионалната свест и во јакнење на меѓунационалната и мулти-конфесионалната толеранција. -Нашата Македонска православна црква е вткаена во зачувувањето и развивањето на нашиот културен и национален идентитет. Оттаму сознанието дека обединети околу учењето на Христа можеме заедно нашата Татковина да ја направиме поубава за сегашните и идни генерации, а на нашиот македонски народ како никогаш досега му е потребна сплотеноста и единството како услов за неговото опстојување и сочувување на македонската држава. Прославувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе на светот. Затоа да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајна љубов. Нека ни е честит Великиот ден-Воскресение Христово и нека Господ нé обдари со сила, верба и благослов, за да го сочуваме, негуваме  она што ни го дал како наследство, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно. Нека ни е за многу години големиот празник!  ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!, стои во честитката од претседателот на СПМ Димовски.

The post Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-za-hristijanite-nema-pogolem-praznik-od-veligden/ Sun, 05 May 2024 10:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=774497

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

 

– Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос.

 

Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна – навистина воскресе“.

 

The post Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден appeared first on Република.

]]>

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.
  – Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос.   Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа. Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна – навистина воскресе“.  

The post Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-dobrinata-i-mudrosta-da-bidat-nashiot-patokaz-hrabrite-odluki-sekogash-nosat-uspeh/ Sun, 05 May 2024 10:01:48 +0000 https://republika.mk/?p=774441

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до православните верници.

-Честит и вековит нека ни е денешниот најголем христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На сите кои го празнуваат денешниот празник им посакувам здравје, радост и благосостојба во домовите. Повикувам на хармонија и на обединетост во нашето општество. На овој најголем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон добри дела и иднина, се посочува во честитката.

Велигден, се посочува, носи голема духовна сила, но и порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех.

-Денешниот празник ја симболизира победата на животот над смртта, тоа е силна порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех, особено кога се работи за заедничкото добро. Овие големи празници носат голема духовна сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој. Христос Воскресе!“, порача во честитиката претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до православните верници.
-Честит и вековит нека ни е денешниот најголем христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На сите кои го празнуваат денешниот празник им посакувам здравје, радост и благосостојба во домовите. Повикувам на хармонија и на обединетост во нашето општество. На овој најголем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон добри дела и иднина, се посочува во честитката.
Велигден, се посочува, носи голема духовна сила, но и порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех. -Денешниот празник ја симболизира победата на животот над смртта, тоа е силна порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех, особено кога се работи за заедничкото добро. Овие големи празници носат голема духовна сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој. Христос Воскресе!“, порача во честитиката претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-poucheni-od-hristijanskite-nachela-da-si-ja-sakame-drzhavata-blizhniot-i-da-napravime-se-utre-da-bide-podobro-od-denes/ Sun, 05 May 2024 08:34:43 +0000 https://republika.mk/?p=774406

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од негово лично име и од име на партијата, упати честитка до сите верници по повод големиот христијански празник, Христово Воскресение - Велигден.

Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна. Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да придонесат за поубав свет.

 

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација. Христос Воскресе! За многу години Велигден!, стои во честитката од претсдеателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од негово лично име и од име на партијата, упати честитка до сите верници по повод големиот христијански празник, Христово Воскресение - Велигден.
Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна. Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да придонесат за поубав свет.   Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација. Христос Воскресе! За многу години Велигден!, стои во честитката од претсдеателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес appeared first on Република.

]]>