велибор манев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/velibor-manev/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 10:53:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png велибор манев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/velibor-manev/ 32 32 „Тука е местото, тука има закопано човек“ ѝ открил Велибор Манев на полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tuka-e-mestoto-tuka-ima-zakopano-chovek-otkril-velibor-manev-na-politsijata/ Mon, 25 Nov 2024 10:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=841549

На судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска сведочеа службени лица кои биле назначени да го спроведат обвинетиот Велибор Манев до местото каде што било закопано телото на Жежовски.

Сведокот Игор Јанушев, службено лице ангажирано за настанот изјави дека според кажувањата на Велибор Манев, тие се движеле накај Велес, каде што Велибор изјавил: „Тука е местото, тука има закопано човек.“

Патот до местото беше непрооден и со дупки, па возилата ги оставивме подолу. По пристигнувањето на местото викано Кула, Велибор ни покажа место покриено со гранки, по што го вративме назад во полициската станица Кисела Вода, рече сведокот.

Одговарајќи на прашање од обвинетиот Љубомир Палевски Палчо, тој изјави дека во текот на предистражната постапка не разговарал со ниту еден од обвинетите.

Зоран Абаз, вработен во Министерството за внатрешни работи, сведочеше дека на 3.12.2023 година бил ангажиран за преземање службени дејствија за пренос на лице од едно на друго место.

По добивањето на конкретна задача, го преземавме лицето и го однесовме до патарина Велес, каде што ги пречекале колеги. Велибор ги даваше насоките до местото каде што требало да се ископа дупка за да се најде тело. Кога почнаа да работат бевме тука, после тоа требаше да се вратиме во станица, го преземавме лицето и се вративме во станица, рече тој.

На прашањето за брзината и бојата на службеното возило, поставено од обвинетиот Палчо, Абаз одговори: „Не се сеќавам на брзината, бевме со наше бело возило.“

Пред денешното рочиште, обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска изјавија дека има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо со двете убиства.

Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, изјавија тие.

Во однос на тврдењето на обвинетиот Влатко Кешишов, кој го смени првичниот исказ и тврди дека Палевски не бил на местото на убиствата, туку спиел во партијата, обвинителките рекоа дека оваа изјава на Кешишов нема материјална вредност.

Оваа изјава нема доказна вредност, а обвинетите ќе имаат можност да дадат своја одбрана во текот на судењето, рече обвинителката Стојковиќ Димитровска.

На денешното судење се сослушува и сведокот Мирче Мирчевски, вработен во МВР во одделот за „Безбеден град“. Досега, на изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“.

Беше сослушано семејството на таткото на Вања, како и повеќе познаници на обвинетиот Палчо. На првото одржано рочиште, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

The post „Тука е местото, тука има закопано човек“ ѝ открил Велибор Манев на полицијата appeared first on Република.

]]>

На судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска сведочеа службени лица кои биле назначени да го спроведат обвинетиот Велибор Манев до местото каде што било закопано телото на Жежовски. Сведокот Игор Јанушев, службено лице ангажирано за настанот изјави дека според кажувањата на Велибор Манев, тие се движеле накај Велес, каде што Велибор изјавил: „Тука е местото, тука има закопано човек.“
Патот до местото беше непрооден и со дупки, па возилата ги оставивме подолу. По пристигнувањето на местото викано Кула, Велибор ни покажа место покриено со гранки, по што го вративме назад во полициската станица Кисела Вода, рече сведокот.
Одговарајќи на прашање од обвинетиот Љубомир Палевски Палчо, тој изјави дека во текот на предистражната постапка не разговарал со ниту еден од обвинетите. Зоран Абаз, вработен во Министерството за внатрешни работи, сведочеше дека на 3.12.2023 година бил ангажиран за преземање службени дејствија за пренос на лице од едно на друго место.
По добивањето на конкретна задача, го преземавме лицето и го однесовме до патарина Велес, каде што ги пречекале колеги. Велибор ги даваше насоките до местото каде што требало да се ископа дупка за да се најде тело. Кога почнаа да работат бевме тука, после тоа требаше да се вратиме во станица, го преземавме лицето и се вративме во станица, рече тој.
На прашањето за брзината и бојата на службеното возило, поставено од обвинетиот Палчо, Абаз одговори: „Не се сеќавам на брзината, бевме со наше бело возило.“ Пред денешното рочиште, обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска изјавија дека има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо со двете убиства.
Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, изјавија тие.
Во однос на тврдењето на обвинетиот Влатко Кешишов, кој го смени првичниот исказ и тврди дека Палевски не бил на местото на убиствата, туку спиел во партијата, обвинителките рекоа дека оваа изјава на Кешишов нема материјална вредност.
Оваа изјава нема доказна вредност, а обвинетите ќе имаат можност да дадат своја одбрана во текот на судењето, рече обвинителката Стојковиќ Димитровска.
На денешното судење се сослушува и сведокот Мирче Мирчевски, вработен во МВР во одделот за „Безбеден град“. Досега, на изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. Беше сослушано семејството на таткото на Вања, како и повеќе познаници на обвинетиот Палчо. На првото одржано рочиште, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

The post „Тука е местото, тука има закопано човек“ ѝ открил Велибор Манев на полицијата appeared first on Република.

]]>
Сака ли некој со сила да го стави или спаси Палчо од затвор? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/saka-li-nekoj-so-sila-da-go-stavi-ili-spasi-palcho-od-zatvor/ Thu, 21 Nov 2024 09:51:42 +0000 https://republika.mk/?p=840246

Случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој ја потресе Македонија не оди кон скора завршница. Јавноста веќе го осуди Палевски како сторител на двете убиства. Но, едно е јавност а друго се доказите кои засега ги нема или се многу тенки.

Досега ниту еден од сведоците не понуди доказ за тоа дека Палевски ги убил Вања и Панче, иако е сосема сигурно дека тој ја предводел групата во која се и останатите обвинети. Но, дали ја убил на така свиреп начин како што раскажа полицискиот инспектор ќе покаже понатамошниот тек на судењето.

На почетокот на процесот обвинителката рече дека поседуваат несоборливи докази дека Палевски е сторителот и дека од таткото на Вања дознал дека кобниот ден таа сама ќе оди на училиште, Но, засега таков доказ, пишан или пак телефонски разговор меѓу нив не е презентиран пред судот.Згора на тоа Палчо и Александар велат дека не се познаваат.

И најважното, досега не е пронајден пиштолот од кој Палевски наводно пукал во Вања и Панче.

Пропусти во истрагата има многу. Да почнеме со ред. Се сеќавате на онаа филмска прес конференција во МВР кога беше објавено дека Палевски е уапсен и кога тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во улога на инспектор одговараше на прашања.

На прашањето дали се земени парафински ракавици на осомничените тој избегна одговор и неуверливо рече дека е направено се што било потребно.

Со други зборови ги ослободија од одговорност за пукање без да обезбедат докази.

Полицијата, но и Обвинителството засега нема одговори и кој е конкретниот мотив да се убие Панче Жежовски.Не држи вода дека го убиле само да му ја земат колата со која подоцна е грабната Вања.

[caption id="attachment_729763" align="alignnone" width="514"] foto Srgan Nogo[/caption]

Треба да си навистина наивен да поверуваш дека без никаков страв ќе возиш автомобил кој згора на тоа е пријавен дека го нема неколку денови низ Скопје кога градот беше преполн со полиција поради самитот на ОБСЕ.

[caption id="attachment_818062" align="alignnone" width="640"] Влатко Кешишов[/caption]

Целосен пресврт во овој случај може да донесе вчерашната писмена изјава на Влатко Кешишов, еден од обвинетите. Тој си ја поби првичната изјава дека Палчо ги убил Панче и Вања. Кешишев сега вели дека Велибор Манев а не Палевски е сторителот на двете убиства.

По сево останува прашањето дали јавноста по кој знае кој пат е публика на добро режирана театарска претстава? Сака ли некој со сила да го стави или извади Палчо од затвор?

The post Сака ли некој со сила да го стави или спаси Палчо од затвор? appeared first on Република.

]]>

Случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој ја потресе Македонија не оди кон скора завршница. Јавноста веќе го осуди Палевски како сторител на двете убиства. Но, едно е јавност а друго се доказите кои засега ги нема или се многу тенки. Досега ниту еден од сведоците не понуди доказ за тоа дека Палевски ги убил Вања и Панче, иако е сосема сигурно дека тој ја предводел групата во која се и останатите обвинети. Но, дали ја убил на така свиреп начин како што раскажа полицискиот инспектор ќе покаже понатамошниот тек на судењето. На почетокот на процесот обвинителката рече дека поседуваат несоборливи докази дека Палевски е сторителот и дека од таткото на Вања дознал дека кобниот ден таа сама ќе оди на училиште, Но, засега таков доказ, пишан или пак телефонски разговор меѓу нив не е презентиран пред судот.Згора на тоа Палчо и Александар велат дека не се познаваат. И најважното, досега не е пронајден пиштолот од кој Палевски наводно пукал во Вања и Панче. Пропусти во истрагата има многу. Да почнеме со ред. Се сеќавате на онаа филмска прес конференција во МВР кога беше објавено дека Палевски е уапсен и кога тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во улога на инспектор одговараше на прашања. На прашањето дали се земени парафински ракавици на осомничените тој избегна одговор и неуверливо рече дека е направено се што било потребно. Со други зборови ги ослободија од одговорност за пукање без да обезбедат докази. Полицијата, но и Обвинителството засега нема одговори и кој е конкретниот мотив да се убие Панче Жежовски.Не држи вода дека го убиле само да му ја земат колата со која подоцна е грабната Вања. [caption id="attachment_729763" align="alignnone" width="514"] foto Srgan Nogo[/caption] Треба да си навистина наивен да поверуваш дека без никаков страв ќе возиш автомобил кој згора на тоа е пријавен дека го нема неколку денови низ Скопје кога градот беше преполн со полиција поради самитот на ОБСЕ. [caption id="attachment_818062" align="alignnone" width="640"] Влатко Кешишов[/caption] Целосен пресврт во овој случај може да донесе вчерашната писмена изјава на Влатко Кешишов, еден од обвинетите. Тој си ја поби првичната изјава дека Палчо ги убил Панче и Вања. Кешишев сега вели дека Велибор Манев а не Палевски е сторителот на двете убиства. По сево останува прашањето дали јавноста по кој знае кој пат е публика на добро режирана театарска претстава? Сака ли некој со сила да го стави или извади Палчо од затвор?  

The post Сака ли некој со сила да го стави или спаси Палчо од затвор? appeared first on Република.

]]>
Пресврт во случајот за убиствата на Вања и Панче: Кешишев со писмо обелодени дека Велибор Манев е убиецот, а не Палчо https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/presvrt-vo-sluchajot-za-ubistvata-na-vana-i-panche-keshishev-so-pismo-obelodeni-deka-velibor-manev-e-ubietsot-a-ne-palcho/ Wed, 20 Nov 2024 20:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=840100

Напишано рачно на кирилично писмо на бел лист А4 формат. Испратена преку затворот, а не преку неговиот бранител, Влатко Кекишев во писмо напиша дека се кае што посочил лажен убиец на Вања и Панче, но пишува дека тогаш се плашел. Во изјавата напишана пред два дена, а доставена до судечкиот совет вели дека извршител на убиствата е Велибор Манев. На крајот од писмото стои неговиот потпис.

Исто и јас како и вие денес за прв пат се запознав со дадената изјава која беше доставена и до нас како бранители преку судот. Истиот има напишано некаква изјава но не би сакал да ја коментирам содржината, имајќи предвид дека ниту потписот е негов дали истиот своеволно ја има пишано или не сакам да помислам дека некоја присилба или закана имало за таква изјава. Во однос на содржината ќе разговарам со него па ќе ве известам и вас - рече Дејан Ефремов, адвокат на Влатко Кешишев.

На крајот на процесот секако ќе има соочување помеѓу сите нив. Значи како би ја коментирал…би ја коментирал едноставно во ваков предмет не е совесно еднаш да се изјавува едно, друг пат да се изјавува друго, вели Марјан Витанов, адвокат на Палчо.

Во изјавата Кешишев пишува дека за време на убиствата, Палчо спиел во штабот на „Десна“ и не бил со нив.

Инаку Кешишев и Манев се тие што првично го посочија Палевски како извршител на убиствата. Кешишев ја однесе полицијата до местото каде е закопано девојчето, а Манев до местото каде бил убиен Жежовски.

The post Пресврт во случајот за убиствата на Вања и Панче: Кешишев со писмо обелодени дека Велибор Манев е убиецот, а не Палчо appeared first on Република.

]]>

Напишано рачно на кирилично писмо на бел лист А4 формат. Испратена преку затворот, а не преку неговиот бранител, Влатко Кекишев во писмо напиша дека се кае што посочил лажен убиец на Вања и Панче, но пишува дека тогаш се плашел. Во изјавата напишана пред два дена, а доставена до судечкиот совет вели дека извршител на убиствата е Велибор Манев. На крајот од писмото стои неговиот потпис.
Исто и јас како и вие денес за прв пат се запознав со дадената изјава која беше доставена и до нас како бранители преку судот. Истиот има напишано некаква изјава но не би сакал да ја коментирам содржината, имајќи предвид дека ниту потписот е негов дали истиот своеволно ја има пишано или не сакам да помислам дека некоја присилба или закана имало за таква изјава. Во однос на содржината ќе разговарам со него па ќе ве известам и вас - рече Дејан Ефремов, адвокат на Влатко Кешишев.
На крајот на процесот секако ќе има соочување помеѓу сите нив. Значи како би ја коментирал…би ја коментирал едноставно во ваков предмет не е совесно еднаш да се изјавува едно, друг пат да се изјавува друго, вели Марјан Витанов, адвокат на Палчо. Во изјавата Кешишев пишува дека за време на убиствата, Палчо спиел во штабот на „Десна“ и не бил со нив. Инаку Кешишев и Манев се тие што првично го посочија Палевски како извршител на убиствата. Кешишев ја однесе полицијата до местото каде е закопано девојчето, а Манев до местото каде бил убиен Жежовски.      

The post Пресврт во случајот за убиствата на Вања и Панче: Кешишев со писмо обелодени дека Велибор Манев е убиецот, а не Палчо appeared first on Република.

]]>
Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/osven-svedocheneto-na-obvinetite-velibor-i-bore-zasega-nema-drug-dokaz-deka-palcho-od-tatkoto-na-vana-doznal-koga-taa-ke-izleze-od-doma/ Sat, 19 Oct 2024 06:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=828589

Досегашните рочишта за случајот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски укажуваат на можна поврзаност на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски со првосомничениот Љупчо Палевски.

Тоа го тврдат двајцата началници Музефер Калишиќ и Дејан Димовски кои сведочеа дека однесувањето на Александар било во најмала рака чудно и дека имале впечаток оти тој се интересира какви информации има полицијата за него.

Димовски вчера истакна дека токму осомничените Велибор Манев и Боре Видевски му кажале дека Палчо е сторителот на двете убиства. Згора на тоа, според тврдењето на Велибор и Боре, токму таткото Александар му кажал на Палчо дека Вања ќе оди на училиште без помалата сестра Миња.

Но, едно е тврдење а друго доказ. Ќе видиме дали во текот на расправата Обвинителството ќе понуди доказ дека Александар му кажал на Палчо дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште.

Симптоматично е тоа досега никој не потврди дека имало барање за откуп на девојчето кон семејството иако Александар во порака која по грешка ја испратил во школската група на Вања напишал „само кажете колку пари треба“. Пораката веднаш ја избришал.

Палчо вчера го праша  Димовски дали е откриена комуникација меѓу него и Александар?

Началникот кратко одговори - Не.

The post Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома appeared first on Република.

]]>

Досегашните рочишта за случајот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски укажуваат на можна поврзаност на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски со првосомничениот Љупчо Палевски. Тоа го тврдат двајцата началници Музефер Калишиќ и Дејан Димовски кои сведочеа дека однесувањето на Александар било во најмала рака чудно и дека имале впечаток оти тој се интересира какви информации има полицијата за него. Димовски вчера истакна дека токму осомничените Велибор Манев и Боре Видевски му кажале дека Палчо е сторителот на двете убиства. Згора на тоа, според тврдењето на Велибор и Боре, токму таткото Александар му кажал на Палчо дека Вања ќе оди на училиште без помалата сестра Миња. Но, едно е тврдење а друго доказ. Ќе видиме дали во текот на расправата Обвинителството ќе понуди доказ дека Александар му кажал на Палчо дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште. Симптоматично е тоа досега никој не потврди дека имало барање за откуп на девојчето кон семејството иако Александар во порака која по грешка ја испратил во школската група на Вања напишал „само кажете колку пари треба“. Пораката веднаш ја избришал. Палчо вчера го праша  Димовски дали е откриена комуникација меѓу него и Александар? Началникот кратко одговори - Не.    

The post Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома appeared first on Република.

]]>
Палчо пукал и во Панче Жежовски, Маневски им го покажал гробот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/palcho-pukal-i-vo-panche-zhezhovski-manevski-im-go-pokazhal-grobot/ Wed, 16 Oct 2024 11:04:23 +0000 https://republika.mk/?p=827597

Ристе Самарџиев, началник во СВР Велес, на денешното рочиште сведочеше  за грабнувањето и за убиството на Панче Жежовски.

Потрагата по фризерот траела десетина дена, а биле прегледани и камерите од бензиските станици. На една од нив бил забележан Жежовски со уште едно лице.

Случајот почнал да се разјаснува кога во околината на Скопје бил пронајден опожарениот „цитроен“ на Жежовски.

Клучната информација за Жежовски ја открил обвинетиот Велибор Маневски откако бил уапсен, за што велешката полиција добиле наредба од колегите од Скопје.

Токму Маневски ги однел до местото каде што е закопан Жежовски.

Нè однесе во месноста викана Кула по пат од макадам. Точно знаеше каде нè води. Нема шанси да се пронајде ако некој не ви каже, се работи за дупка обрасната со дрва. Велибор кажа дека сите биле присутни, а пукал Палевски, објасни началникот.

The post Палчо пукал и во Панче Жежовски, Маневски им го покажал гробот appeared first on Република.

]]>

Ристе Самарџиев, началник во СВР Велес, на денешното рочиште сведочеше  за грабнувањето и за убиството на Панче Жежовски. Потрагата по фризерот траела десетина дена, а биле прегледани и камерите од бензиските станици. На една од нив бил забележан Жежовски со уште едно лице. Случајот почнал да се разјаснува кога во околината на Скопје бил пронајден опожарениот „цитроен“ на Жежовски. Клучната информација за Жежовски ја открил обвинетиот Велибор Маневски откако бил уапсен, за што велешката полиција добиле наредба од колегите од Скопје.   Токму Маневски ги однел до местото каде што е закопан Жежовски.
Нè однесе во месноста викана Кула по пат од макадам. Точно знаеше каде нè води. Нема шанси да се пронајде ако некој не ви каже, се работи за дупка обрасната со дрва. Велибор кажа дека сите биле присутни, а пукал Палевски, објасни началникот.

The post Палчо пукал и во Панче Жежовски, Маневски им го покажал гробот appeared first on Република.

]]>
30 дена притвор за Александар Ѓорчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/30-dena-pritvor-za-aleksandar-gorchevski/ Wed, 06 Dec 2023 09:14:19 +0000 https://republika.mk/?p=720236

Судот го прифати барањето на Јавното обвинителство за определување мерка 30 дневен притвор на осомничените за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Притвор од по 30 дена добија таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, и тројцата осомничени Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки притвор против 4 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со грабнувањето и убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и убиството на велешанецот П.Ж., ценејќи ги приложените факти и исказите на обвинетите во однос на предлогот за притвор донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител. Па така на В.М., В.К., Б.В., и А.Ѓ. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165. ст.1, точки 1,2 и 3 од ЗКП. односно опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание на сведоци и повторување или сторување ново кривично дело, соопшти Судот.

Краткотраен притвор од 48 часа доби и вчера приведениот 46-годишен скопјанец С.Д. кој се сомничи дека му помогнал на првоосомничениот за убиствата Љупчо Палевски – Палчо да избега во Турција.

The post 30 дена притвор за Александар Ѓорчевски appeared first on Република.

Осoмничениот Велибор Манев кога го прашаа дали ја убил Вања кратко одговори „не“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/osomnicheniot-velibor-manev-koga-go-prashaa-dali-ja-ubil-vana-kratko-odgovori-ne/ Mon, 04 Dec 2023 07:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=719138

Велешанецот Велибор Манев, кој е еден од осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, доцна вчера беше спроведен во Кривичниот суд во Скопје. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори кусо „не“.

Манев не одговори каква е неговата поврзаност со грабнувањето и убиството на девојчето.

Тој молчеше кога беше прашан дали признал вина и вмешаност.

Вања беше пријавена за исчезната во понелденикот на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено денеска во близина на Скопје.

Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември.

фото и видео: Скопје1

The post Осoмничениот Велибор Манев кога го прашаа дали ја убил Вања кратко одговори „не“ appeared first on Република.

]]>

Велешанецот Велибор Манев, кој е еден од осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, доцна вчера беше спроведен во Кривичниот суд во Скопје. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори кусо „не“. Манев не одговори каква е неговата поврзаност со грабнувањето и убиството на девојчето. Тој молчеше кога беше прашан дали признал вина и вмешаност. Вања беше пријавена за исчезната во понелденикот на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено денеска во близина на Скопје. Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември.   фото и видео: Скопје1

The post Осoмничениот Велибор Манев кога го прашаа дали ја убил Вања кратко одговори „не“ appeared first on Република.

]]>
Ноќва приведени тројца осомничени за убиствата на Вања и Панче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nokva-privedeni-trojtsa-osomnicheni-za-ubistvata-na-vana-i-panche/ Mon, 04 Dec 2023 07:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=719113

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убуитвото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврдија од судот за МИА.

Еден од осомничените кој ноќеска беше спроведен во суд е е велешанецот Велибор Манев. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eden-od-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-donesen-vo-sud-veli-deka-toj-ne-go-izvrshil-ubistvoto/

Во текот на ноќта беа приведени и Влатко Кешишов и Боре Видевски.

Од Обвинителството доцна ноќеска потврдија и дека Александар, таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, е на распит во полициска станица и дека ќе биде задржан додека се расчистува неговата инволвираност.

Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица, сите од македонска етничка припадност. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека мотив за убиствата е „користољубие“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-identitetot-na-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-chii-initsijali-mvr-i-obvinitelstvoto-ne-gi-soopshtuvaat/

Дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, излегоа со информација дека се трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата и во моментов се трага по него.

Повеќе информации се очекува да бидат објавени денеска на прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Габрил Бубевски.

The post Ноќва приведени тројца осомничени за убиствата на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убуитвото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврдија од судот за МИА. Еден од осомничените кој ноќеска беше спроведен во суд е е велешанецот Велибор Манев. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eden-od-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-donesen-vo-sud-veli-deka-toj-ne-go-izvrshil-ubistvoto/ Во текот на ноќта беа приведени и Влатко Кешишов и Боре Видевски. Од Обвинителството доцна ноќеска потврдија и дека Александар, таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, е на распит во полициска станица и дека ќе биде задржан додека се расчистува неговата инволвираност. Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица, сите од македонска етничка припадност. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека мотив за убиствата е „користољубие“. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-identitetot-na-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-chii-initsijali-mvr-i-obvinitelstvoto-ne-gi-soopshtuvaat/ Дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, излегоа со информација дека се трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата и во моментов се трага по него. Повеќе информации се очекува да бидат објавени денеска на прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Габрил Бубевски.

The post Ноќва приведени тројца осомничени за убиствата на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
Еден од осомничените за убиството на Вања донесен во суд, вели тој не го извршил убиството https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/eden-od-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-donesen-vo-sud-veli-toj-ne-go-izvrshil-ubistvoto/ Mon, 04 Dec 2023 00:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=719103

Еден од приведените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Велибор Манев, e донесен во Кривичниот суд во Скопје.

Одговарајќи на новинарските прашања кажа дека не го извршил убиството.

Но, молчеше на прашањата каква е неговата поврзаност со двете убиства и дали признал вина.

Извор: Прес24

The post Еден од осомничените за убиството на Вања донесен во суд, вели тој не го извршил убиството appeared first on Република.

]]>

Еден од приведените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Велибор Манев, e донесен во Кривичниот суд во Скопје. Одговарајќи на новинарските прашања кажа дека не го извршил убиството. Но, молчеше на прашањата каква е неговата поврзаност со двете убиства и дали признал вина.
Извор: Прес24

The post Еден од осомничените за убиството на Вања донесен во суд, вели тој не го извршил убиството appeared first on Република.

]]>