Велешта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veleshta/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 17:43:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Велешта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veleshta/ 32 32 Жител на Велешта дивеел во казино во Струга, нападнал и припадник на обезбедувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitel-na-veleshta-diveel-vo-kazino-vo-struga-napadnal-i-pripadnik-na-obezbeduvaneto/ Wed, 02 Oct 2024 17:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=821885

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(33) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 09.09.2024 во казино на улица „Марк и Енгелс“ во Струга тој агресивно се однесувал кон вработените и гостите, а потоа пред казиното физички нападнал работник кој го обезбедувал објектот.

The post Жител на Велешта дивеел во казино во Струга, нападнал и припадник на обезбедувањето appeared first on Република.

]]>

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(33) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 09.09.2024 во казино на улица „Марк и Енгелс“ во Струга тој агресивно се однесувал кон вработените и гостите, а потоа пред казиното физички нападнал работник кој го обезбедувал објектот.

The post Жител на Велешта дивеел во казино во Струга, нападнал и припадник на обезбедувањето appeared first on Република.

]]>
Возила и гуми горат во автоплац во струшкото село Велешта https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozila-i-gumi-gorat-vo-avtoplats-vo-strushkoto-selo-veleshta/ Sun, 01 Sep 2024 15:10:09 +0000 https://republika.mk/?p=812027

Возила и гуми горат во автоплац во струшкото село Велешта, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Сообраќајот на регионалниот пат Струга - Дебар, според него, се регулира со најизменично пропуштање возила.

- Околу 14 часот во Полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен автоплац лоциран на регионалниот пат Струга - Дебар кај струшкото село Велешта каде биле опожарени гуми и возила оставени на автоплацот, изјави Димоски.

На терен интервенираат екипи на територијалните противпожарни единици од Струга и Охрид.

The post Возила и гуми горат во автоплац во струшкото село Велешта appeared first on Република.

]]>

Возила и гуми горат во автоплац во струшкото село Велешта, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Сообраќајот на регионалниот пат Струга - Дебар, според него, се регулира со најизменично пропуштање возила.
- Околу 14 часот во Полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен автоплац лоциран на регионалниот пат Струга - Дебар кај струшкото село Велешта каде биле опожарени гуми и возила оставени на автоплацот, изјави Димоски.
На терен интервенираат екипи на територијалните противпожарни единици од Струга и Охрид.

The post Возила и гуми горат во автоплац во струшкото село Велешта appeared first on Република.

]]>
Педофил од Велешта продавал детска порнографија на интернет https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pedofil-od-veleshta-prodaval-detska-pornografija-na-internet/ Wed, 10 Jul 2024 11:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=795324

Дваесет и осум годишен жител од струшкото село Велешта е осомничен за производство и дистрибуција на порнографски материјал, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, полицијата поднела кривична пријава против И.Ј.(28) од селото Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Полициски службеници, како што појасни, направиле претрес во неговиот дом во Велешта, при што биле пронајдени експлицитни фотографии, кои биле одземени.

The post Педофил од Велешта продавал детска порнографија на интернет appeared first on Република.

]]>

Дваесет и осум годишен жител од струшкото село Велешта е осомничен за производство и дистрибуција на порнографски материјал, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, полицијата поднела кривична пријава против И.Ј.(28) од селото Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Полициски службеници, како што појасни, направиле претрес во неговиот дом во Велешта, при што биле пронајдени експлицитни фотографии, кои биле одземени.

The post Педофил од Велешта продавал детска порнографија на интернет appeared first on Република.

]]>
По пресуда од 15 години затвор избила сериозна тепачка: Голем инцидент во судот во Охрид на судење на лица од Велешта https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/po-presuda-od-15-godini-zatvor-izbila-seriozna-tepachka-golem-intsident-vo-sudot-vo-ohrid-na-sudene-na-litsa-od-veleshta/ Tue, 21 Nov 2023 14:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=714818

Сертиозен инцидент и голема тепачка се случиле во Судот во Охрид, кога во судницата била изречена затворска казна во траење од 15 години, за лице кое се товари за убиство. По ова, ситуацијата ескалирала во физичка пресметка, која излегла од контрола и била повикана полицијата да интервенира, објави „Охрид1“.

Засега нема информации кој е нападнат и дали во инцидентот има повредени.

Како што објави порталот, полицијата ја блокирала улицата „Македонски просветители“. Околу судот се расподедени повеќе полициски автомобили, а полицијата влегла во судската зграда.

Според информациите, инцидентот се случил на судење на лица од Велешта.

The post По пресуда од 15 години затвор избила сериозна тепачка: Голем инцидент во судот во Охрид на судење на лица од Велешта appeared first on Република.

]]>

Сертиозен инцидент и голема тепачка се случиле во Судот во Охрид, кога во судницата била изречена затворска казна во траење од 15 години, за лице кое се товари за убиство. По ова, ситуацијата ескалирала во физичка пресметка, која излегла од контрола и била повикана полицијата да интервенира, објави „Охрид1“. Засега нема информации кој е нападнат и дали во инцидентот има повредени. Како што објави порталот, полицијата ја блокирала улицата „Македонски просветители“. Околу судот се расподедени повеќе полициски автомобили, а полицијата влегла во судската зграда. Според информациите, инцидентот се случил на судење на лица од Велешта.

The post По пресуда од 15 години затвор избила сериозна тепачка: Голем инцидент во судот во Охрид на судење на лица од Велешта appeared first on Република.

]]>
30 дена притвор за велештанецот што се обиде да го убие началникот на струшката полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/30-dena-pritvor-za-veleshtanetsot-shto-se-obide-da-go-ubie-nachalnikot-na-strushkata-politsija/ Sat, 29 Jul 2023 16:12:46 +0000 https://republika.mk/?p=666686

Вчера од страна на полициски службеници од СВР Охрид-НККР Струга, Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и Оддел за специјални полициски операции преземени се мерки и активности и лишен е од слобода С.Н. (44) од село Велешта поради основано сомнение за сторено кривично дело убиство во обид врз Д.А. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што С.Н. е спроведен во КПУ Скопје, соопшти МВР. Претходно, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 44 годишен жител на струшкото село Велешта, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство во обид кога вчера со нож го прободи и тешко го рани началникот на струшката полиција, Дритан Ајро, брат на вишиот обвинител, Артан Ајро.

„На 28 јули 2023 околу 17:35 часот на улицата Ристо Крле во Струга осомничениот С.Н. со неговото возило му го попречил патот на Д.А., кој бил со своето возило и прво вербално го нападнал, а потоа му нанел повреди со остар предмет, по што се дал во бегство. Д.А. бил пренесен во болницата во Струга, каде му е укажана лекарска помош. По преземените мерки од полициски службеници на СВР Охрид- НККР Струга во координација со Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за општ и насилен криминал против С.Н. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид“ и од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што С.Н. е спроведен во КПУ Скопје“, информираше МВР.

The post 30 дена притвор за велештанецот што се обиде да го убие началникот на струшката полиција appeared first on Република.

Албанец од Велешта го нападнал Бугаринот од Лабуништа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/albanets-od-veleshta-go-napadnal-bugarinot-od-labunishta/ Wed, 14 Jun 2023 07:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=651115

Во врска со вчерашниот напад врз државјанин на Република Македонија, Б.К. од Лабуниште, Министерството за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот. Во текот на вечерните часови, со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, бил извршен службен разговор и известен е јавниот обвинител.

Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правно загарантирани права за нив, меѓу нив и Бугарската заедница.

Ја повикуваме јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно процесуираат, согласно законската регулатива.

За овој инцидент вчера извести и македонското МВР: „Жител на струшкото село Велешта денеска околу пладне физички нападнал лице од селото Лабуништа. СВР Охрид соопшти дека настанот во полиција бил пријавен во 12 часот и 15 минути. Според првичните информации, двајцата подолг временски период имале нерасчистени меѓусебни односи“.

Бугарските медиуми јавија дека Кадриески бил соборен на земја и клоцан, а напаѓачот, А.Н. од Велешта, за кој се претпоставува дека е Албанец, го навредувал по етничка основа – „валкан Бугарин”.

И веднаш на ова се надоврзуваат инфомациите дека Кадриски е тешко повреден, дека едваj зборувал, дека нема соодветна медицинска нега... Од струшката општа болница велат дека Кадриески немал сериозни повреди, бил видно вознемирен и му бил даден само седатив.

The post Албанец од Велешта го нападнал Бугаринот од Лабуништа appeared first on Република.

]]>

Во врска со вчерашниот напад врз државјанин на Република Македонија, Б.К. од Лабуниште, Министерството за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот. Во текот на вечерните часови, со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, бил извршен службен разговор и известен е јавниот обвинител.

Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правно загарантирани права за нив, меѓу нив и Бугарската заедница.

Ја повикуваме јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно процесуираат, согласно законската регулатива.

За овој инцидент вчера извести и македонското МВР: „Жител на струшкото село Велешта денеска околу пладне физички нападнал лице од селото Лабуништа. СВР Охрид соопшти дека настанот во полиција бил пријавен во 12 часот и 15 минути. Според првичните информации, двајцата подолг временски период имале нерасчистени меѓусебни односи“. Бугарските медиуми јавија дека Кадриески бил соборен на земја и клоцан, а напаѓачот, А.Н. од Велешта, за кој се претпоставува дека е Албанец, го навредувал по етничка основа – „валкан Бугарин”. И веднаш на ова се надоврзуваат инфомациите дека Кадриски е тешко повреден, дека едваj зборувал, дека нема соодветна медицинска нега... Од струшката општа болница велат дека Кадриески немал сериозни повреди, бил видно вознемирен и му бил даден само седатив.

The post Албанец од Велешта го нападнал Бугаринот од Лабуништа appeared first on Република.

]]>
Црн викенд: Еден почина во сообраќајка во радовишко, друг во Велешта https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsrn-vikend-eden-pochina-vo-soobrakajka-vo-radovishko-drug-vo-veleshta/ Sun, 14 May 2023 12:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=640646

Две лица ги загубија животите, а едно е тешко повредено во две одвоени сообраќајни несреќи кои се случија во земјата.

Како што информира МВР, 44 годишна жена од виничкото село Градец загина во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на магистралниот пат A4 Струмица-Радовиш кај селото Владевци.

Во несреќата учествувале автомобил „шевролет спарк“ со струмички регистарски ознаки, управуван од В.Т.(18) од с.Сушево, струмичко и мотоцикл „кавасаки“ со кочански регистарски ознаки, управуван од С.К.(58) од Кочани.

-На местото на несреќата починала сопатничката на мотоциклот Р.К.(44) од с.Градец, виничко, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека мотоциклистот С.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар-Струмица, велат од МВР.

Втората сообраќајна несреќа со смртни последици се случила синоќа околу 00:50 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, на влезот во селото Велешта.

-А.О.(21) од с.Велешта, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струга, информира МВР.

The post Црн викенд: Еден почина во сообраќајка во радовишко, друг во Велешта appeared first on Република.

]]>

Две лица ги загубија животите, а едно е тешко повредено во две одвоени сообраќајни несреќи кои се случија во земјата. Како што информира МВР, 44 годишна жена од виничкото село Градец загина во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на магистралниот пат A4 Струмица-Радовиш кај селото Владевци. Во несреќата учествувале автомобил „шевролет спарк“ со струмички регистарски ознаки, управуван од В.Т.(18) од с.Сушево, струмичко и мотоцикл „кавасаки“ со кочански регистарски ознаки, управуван од С.К.(58) од Кочани. -На местото на несреќата починала сопатничката на мотоциклот Р.К.(44) од с.Градец, виничко, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека мотоциклистот С.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар-Струмица, велат од МВР. Втората сообраќајна несреќа со смртни последици се случила синоќа околу 00:50 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, на влезот во селото Велешта. -А.О.(21) од с.Велешта, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струга, информира МВР.

The post Црн викенд: Еден почина во сообраќајка во радовишко, друг во Велешта appeared first on Република.

]]>
Пукал за 2.000 евра: Приведен осомничен за обидот за убиство во Велешта https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/go-pukal-za-2-000-evra-priveden-osomnichen-za-obidot-za-ubistvo-vo-veleshta/ Mon, 28 Nov 2022 13:00:16 +0000 https://republika.mk/?p=579168

Основното јавно обвинителство Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство од член 123 став 1, а во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zastrelan-maz-primen-vo-bolnica-policijata-istrazuva-koj-go-pukal-dvapati-vo-gradi/

Како што денеска соопштија од Јавното обвинителство, на 23 ноември, во Велешта, осомничениот се обидел да лиши од живот лице со кое односите му биле влошени поради должничко-доверителски обврски. Оштетениот му должел 2.000 евра на осомничениот и се договориле да се сретнат за да му ги даде.

Но, помеѓу нив, најпрво настанала расправија околу враќањето на парите, а потоа осомничениот го турнал оштетениот и од засега непознато оружје испукал кон него два куршуми. Од истрелите, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – огнострелни рани во градниот кош, абдоменот и колкот. Веднаш потоа осомничениот избегал, а оштетениот успеал да се јави кај неговата сопруга која повикала итна медицинска помош, се појаснува во соопштението.

Оценувајќи дека постои опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците и оштетените, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга доставил предлог за определување мерка притвор.​​

The post Пукал за 2.000 евра: Приведен осомничен за обидот за убиство во Велешта appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство од член 123 став 1, а во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zastrelan-maz-primen-vo-bolnica-policijata-istrazuva-koj-go-pukal-dvapati-vo-gradi/ Како што денеска соопштија од Јавното обвинителство, на 23 ноември, во Велешта, осомничениот се обидел да лиши од живот лице со кое односите му биле влошени поради должничко-доверителски обврски. Оштетениот му должел 2.000 евра на осомничениот и се договориле да се сретнат за да му ги даде.
Но, помеѓу нив, најпрво настанала расправија околу враќањето на парите, а потоа осомничениот го турнал оштетениот и од засега непознато оружје испукал кон него два куршуми. Од истрелите, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – огнострелни рани во градниот кош, абдоменот и колкот. Веднаш потоа осомничениот избегал, а оштетениот успеал да се јави кај неговата сопруга која повикала итна медицинска помош, се појаснува во соопштението.
Оценувајќи дека постои опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците и оштетените, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга доставил предлог за определување мерка притвор.​​

The post Пукал за 2.000 евра: Приведен осомничен за обидот за убиство во Велешта appeared first on Република.

]]>
Во швајцарско возило во Велешта пронајдена кафеава прашкаста материја https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-shvajcarsko-vozilo-vo-veleshta-pronajdena-kafeava-prashkasta-materija/ Sat, 23 Jul 2022 20:27:26 +0000 https://republika.mk/?p=532554

Изутрина 02.30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта од слобода се лишени А.А.(37) од Струга и И.А.(22) од струшкото село Делогожда.

При контрола на патничко возило „пежо 307“ со шведски национални ознаки, со кое двајцата се превезувале, извршена во селото Добовјани, полициските службеници пронашле и одзеле 23 пакувања со кафеава прашкаста материја и електронски апарат исполнет со непозната со течност.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

The post Во швајцарско возило во Велешта пронајдена кафеава прашкаста материја appeared first on Република.

]]>

Изутрина 02.30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта од слобода се лишени А.А.(37) од Струга и И.А.(22) од струшкото село Делогожда. При контрола на патничко возило „пежо 307“ со шведски национални ознаки, со кое двајцата се превезувале, извршена во селото Добовјани, полициските службеници пронашле и одзеле 23 пакувања со кафеава прашкаста материја и електронски апарат исполнет со непозната со течност. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

The post Во швајцарско возило во Велешта пронајдена кафеава прашкаста материја appeared first on Република.

]]>