Велешки театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veleshki-teatar/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jan 2024 09:10:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Велешки театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veleshki-teatar/ 32 32 „Кучешко срце“ вечерва премиерно во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kucheshko-srtse-vecherva-premierno-vo-narodniot-teatar-jordan-hadhi-konstantinov-dhinot/ Fri, 26 Jan 2024 09:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=737002

На малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер премиернo ќе биде изведена претставата „Кучешко срце“, копродукција со независна продукција „Вортекс“, а според Михаил Булгаков во режија на Ѓорѓи Ризески.

Композитор на мзуиката е Алмир Бајрамоски, кореограф Сања Русеска, дизајн фотографија и видео Александар Арсовски.

Во претставата настапуваат актерите Никола Милошевски, Илин Јовановски, Матеј Стојковски, Ива Петровска, Кристина Гиева, Ванеса Тримчевска и Тодор Стојковски.

 

The post „Кучешко срце“ вечерва премиерно во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ appeared first on Република.

]]>

На малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер премиернo ќе биде изведена претставата „Кучешко срце“, копродукција со независна продукција „Вортекс“, а според Михаил Булгаков во режија на Ѓорѓи Ризески. Композитор на мзуиката е Алмир Бајрамоски, кореограф Сања Русеска, дизајн фотографија и видео Александар Арсовски. Во претставата настапуваат актерите Никола Милошевски, Илин Јовановски, Матеј Стојковски, Ива Петровска, Кристина Гиева, Ванеса Тримчевска и Тодор Стојковски.  

The post „Кучешко срце“ вечерва премиерно во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ appeared first on Република.

]]>
Во велешкиот театар вечерва првпат ќе биде изведена претставата „Едвард Втори“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-veleshkiot-teatar-vecherva-prvpat-ke-bide-izvedena-pretstavata-edvard-vtori/ Sat, 09 Sep 2023 18:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=680340

Претставата „Едвард Втори“ ќе биде изведена вечерва на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, со почеток во 20 часот. Нејзината премиера беше на 6 август на „Охридско лето“, а вечерва првпат ќе се одигра на матичната сцена.

Претставата „Едвард Втори“ е во режија на Андиј Жолдак, а работена според текст на Кристофер Марлоу, копродукциски проект на НУЦК Театар  „Јордан Х.К. Џинот“ од Велес и Драмскиот театар „Н.О. Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија.

Во претставата главниот лик Едвард Втори е поделен на две улоги кои истовремено ги реализираа двајца актери, Илин Јованоски и Бугаринот Борис Крстев. Во главната  женска улога пак, настапи Јована Миладинова.

Темите на главната драма се односот татко и син, во отсуство на мајката, мотивите на моќта и луксузот а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност. Исто така, бракот на Едвард и создавањето семејство. Понатаму, промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите.

Смртта на таткото, на кралот, а со тоа и исчезнувањето на сите бариери и пречки за синот. Лудилото на напуштената жена – сопругата и кралицата и планот да се убие сопругот. Крајниот конфликт на 21 век е конфликтот за превласт, меѓу мажот и жената. Овие нишки се раскажуваат низ различни театарски форми, од психолошки вистинити ситуации до ритуален театар и од современиот физички театар до можниот театар на иднината.

Од театарот потенцираат дека претставата не е наменета за лица помлади од 16 години.

The post Во велешкиот театар вечерва првпат ќе биде изведена претставата „Едвард Втори“ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Едвард Втори“ ќе биде изведена вечерва на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, со почеток во 20 часот. Нејзината премиера беше на 6 август на „Охридско лето“, а вечерва првпат ќе се одигра на матичната сцена. Претставата „Едвард Втори“ е во режија на Андиј Жолдак, а работена според текст на Кристофер Марлоу, копродукциски проект на НУЦК Театар  „Јордан Х.К. Џинот“ од Велес и Драмскиот театар „Н.О. Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија. Во претставата главниот лик Едвард Втори е поделен на две улоги кои истовремено ги реализираа двајца актери, Илин Јованоски и Бугаринот Борис Крстев. Во главната  женска улога пак, настапи Јована Миладинова. Темите на главната драма се односот татко и син, во отсуство на мајката, мотивите на моќта и луксузот а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност. Исто така, бракот на Едвард и создавањето семејство. Понатаму, промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите. Смртта на таткото, на кралот, а со тоа и исчезнувањето на сите бариери и пречки за синот. Лудилото на напуштената жена – сопругата и кралицата и планот да се убие сопругот. Крајниот конфликт на 21 век е конфликтот за превласт, меѓу мажот и жената. Овие нишки се раскажуваат низ различни театарски форми, од психолошки вистинити ситуации до ритуален театар и од современиот физички театар до можниот театар на иднината. Од театарот потенцираат дека претставата не е наменета за лица помлади од 16 години.

The post Во велешкиот театар вечерва првпат ќе биде изведена претставата „Едвард Втори“ appeared first on Република.

]]>
„Татко“ премиера во Велешкиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tatko-premiera-vo-veleshkiot-teatar/ Wed, 21 Dec 2022 08:00:14 +0000 https://republika.mk/?p=588214

На малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес задутре премиерно ќе биде изведена претставата „Татко“ на текст од Флоријан Зелер, а во режија на Ненад Витанов.

Главната улога на таткото Андре ја игра актерот Јордан Витанов, во улогата на Ана ќе настапи Маја Љутков, Пјер ќе го глуми Жарко Спасовски, Лора – Славица Манаскова, мажот – Благојчо Стојанов и во улогата на жената ќе настапи Симона Димковска.

Асистент на режија е Кристијан Саздовски, сценографијата е на Филип Коруновски, а костимографијата на Раде Василев. Изборот на музиката го направи Ненад Витанов, фотограф на претставата е Данчо Стефков, технички раководител Никола Игнов, тон мајстор е Славчо Коцев, гардеробер Јулијана Ангеловска, а реквизитер Благој Илиев.

Оваа е четвртата премиера годинава во Велешкиот театар

 

The post „Татко“ премиера во Велешкиот театар appeared first on Република.

]]>

На малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес задутре премиерно ќе биде изведена претставата „Татко“ на текст од Флоријан Зелер, а во режија на Ненад Витанов. Главната улога на таткото Андре ја игра актерот Јордан Витанов, во улогата на Ана ќе настапи Маја Љутков, Пјер ќе го глуми Жарко Спасовски, Лора – Славица Манаскова, мажот – Благојчо Стојанов и во улогата на жената ќе настапи Симона Димковска. Асистент на режија е Кристијан Саздовски, сценографијата е на Филип Коруновски, а костимографијата на Раде Василев. Изборот на музиката го направи Ненад Витанов, фотограф на претставата е Данчо Стефков, технички раководител Никола Игнов, тон мајстор е Славчо Коцев, гардеробер Јулијана Ангеловска, а реквизитер Благој Илиев. Оваа е четвртата премиера годинава во Велешкиот театар  

The post „Татко“ премиера во Велешкиот театар appeared first on Република.

]]>
„Креонт и Антигона“ премиерно во Велешкиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kreont-i-antigona-premierno-vo-veleshkiot-teatar/ Thu, 15 Dec 2022 08:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=585814

На големата сцена во Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес денеска премиерно ќе биде изведена претставата „Креонт и Антигона“, авторски проект на режисерот Дејан Ангелов.

Во создавањето на претставата се користени текстови од Жан Ануј, Софокле и други извори, а покрај режисерот Ангелов, зад претставата стојат соработниците: сценографот Филип Коруновски, костимографот Раде Василев, композиторот Ставре Ангелаков, а плакатот е дизајн на Никола Пијанманов. Ролјите се доверени на: Самоил Стојановски – Креонт, Кристина Зафирова – Антигона, Слободанка Чичевска – Хор, Елизабета Стефановска – Исмена, Исидор Јовановски – Хемон, Фаик Мефаилоски – Стражар и Едис Дурмишевски – Дете.

– Според режисерот Ангелов, Креонт е антипод на Антигона, но не целосен. Бидејќи и тој ја носи во себе Антигона. Неговиот конфликт не е со Антигона, туку со самиот себе. Антигона е само надворешна проекција на конфликтот внатре во него со заглушеното премудро дете. Тоа е повеќе трагедија за Креонт отколку за Антигона. Бидејќи тој што ја прави трагичната грешка e Креонт и неговиот хибрис е арогантноста спрема детето во него. Тој што треба нешто да научи или поточно да се присети е Креонт. Aко му се довериме на Јунг кој вели дека чувството е поумно од студениот разум тогаш човекот денес мора да си ја врати загубената сила на детското „незнаење” и одново да мисли со целото суштество , а не само со умот. Антигона во една реченица е драмски текст којшто најпластично ја илустрира Кантовата максима/принцип: „Ѕвезденото небе над мене, а моралниот закон во мене.” Односно, единствено оружje на човекот против бескрајот и апсурдот е моралниот закон внатре во него – или совеста – Антигона е нејзин инструмент, наведуваат од Велешкиот театар.

„Креонт и Антигона“ е трета премиера на Велешкиот театар за оваа година, по „Елегија во пет здива“ и „Инферно“.

The post „Креонт и Антигона“ премиерно во Велешкиот театар appeared first on Република.

]]>

На големата сцена во Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес денеска премиерно ќе биде изведена претставата „Креонт и Антигона“, авторски проект на режисерот Дејан Ангелов. Во создавањето на претставата се користени текстови од Жан Ануј, Софокле и други извори, а покрај режисерот Ангелов, зад претставата стојат соработниците: сценографот Филип Коруновски, костимографот Раде Василев, композиторот Ставре Ангелаков, а плакатот е дизајн на Никола Пијанманов. Ролјите се доверени на: Самоил Стојановски – Креонт, Кристина Зафирова – Антигона, Слободанка Чичевска – Хор, Елизабета Стефановска – Исмена, Исидор Јовановски – Хемон, Фаик Мефаилоски – Стражар и Едис Дурмишевски – Дете.
– Според режисерот Ангелов, Креонт е антипод на Антигона, но не целосен. Бидејќи и тој ја носи во себе Антигона. Неговиот конфликт не е со Антигона, туку со самиот себе. Антигона е само надворешна проекција на конфликтот внатре во него со заглушеното премудро дете. Тоа е повеќе трагедија за Креонт отколку за Антигона. Бидејќи тој што ја прави трагичната грешка e Креонт и неговиот хибрис е арогантноста спрема детето во него. Тој што треба нешто да научи или поточно да се присети е Креонт. Aко му се довериме на Јунг кој вели дека чувството е поумно од студениот разум тогаш човекот денес мора да си ја врати загубената сила на детското „незнаење” и одново да мисли со целото суштество , а не само со умот. Антигона во една реченица е драмски текст којшто најпластично ја илустрира Кантовата максима/принцип: „Ѕвезденото небе над мене, а моралниот закон во мене.” Односно, единствено оружje на човекот против бескрајот и апсурдот е моралниот закон внатре во него – или совеста – Антигона е нејзин инструмент, наведуваат од Велешкиот театар.
„Креонт и Антигона“ е трета премиера на Велешкиот театар за оваа година, по „Елегија во пет здива“ и „Инферно“.

The post „Креонт и Антигона“ премиерно во Велешкиот театар appeared first on Република.

]]>
„Инферно“ на велешкиот театар, по премиерата репризно во четрток, петок и сабота https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/inferno-na-veleshkiot-teatar-po-premierata-reprizno-vo-chetrtok-petok-i-sabota/ Tue, 01 Nov 2022 07:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=568074

Претставата „Инферно“ според Данте Алигиери во режија на Дејан Пројковски и драматургија на Сашо Димоски, која пред бројната публика синоќа беше изведена на сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, поради големиот интерес на ќе има три репризи – во четврток на 3 ноември, во петок и сабота најави денеска за МИА Сашо Димоски директорот на велешкиот театар и воедно драматург на претставата.

За оваа претстава, заедно со техничкиот дел во реализацијата, се вклучени 63 лица, а подготовките започнаа на крајот на мај, а завршија со синоќешната премиера. Таа е прва од годинашната програма на Министерството за култура, а втора премиера годинава на велешкиот театар. Димоски информира дека оваа претстава е едно поинакво читање на „Пеколот“ на Данте Алигери, според претстава насловена на оригиналот до првиот дел има комедија односно „Инферно“.

Станува збор за претстава за фрлање на ново светло на пеколните аспектите на темното во секој од нас низ цивилизацијата и нејзиниот развој, појаснува Димоски.

Тој информира дека во режија на Дејан Пројковски во оваа претстава се искористени максимално севкупните најсовремени технички и технолошки капацитети и потенцијали на големата сцена на велешкиот театар. Со тоа се демонстрира неговата особеност во регионот како национална установа од областа на изведувачките уметности.

Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф – Раде Василев, композитори – Горан Трајкоски и Сашко Костов, кореограф Олга Панго, сценски движења – Васил Зафирчев, видео Борче Конзулов и шминка Зорица Цветковска. Улогите во претставата ги толкуваат : Данте: Исидор Јовановски, Вергилиј: Васил Зафирчев, Демонот на мајкоубијците: Кети Борисовска, Демонот на завидливите: Фаик Мефаилоски, Ангелот на кривоверците: Симона Димковска, Демонот на властољупците: Благојчо Стојанов, Демонот на злобните: Томе Станковски, Демонот на прељубниците: Христина Цветаноска, Демонот на самоубијците: Марија Баркова, Луцифер: Жарко Спасовски, Беатриче: Орхидеја Дукова, Непознатата: Зорица П. Панчиќ и Мудреци: Томе Станковски, Бранко Михајлоски, Никола Петковиќ. Жители на пеколот: Кети Борисовска, Симона Димковска, Благојчо Стојанов, Томе Станковски, Христина Цветановска-Станковска, Марија Баркова, Кристина Зафирова, Бранко Михајлоски, Илин Јовановски, Никола Петковиќ, Тодор Стојковски, Срна Дуковска, Леонида Гулевска.

Освен актери од велешкиот театар во претставата учествуваат студенти од завршните години или веќе дипломирани од Универитетот „ЕСРА“.

На еден од двата плакати за претставата „Инферно“ е претставена поранешната велешка Топилница.

Злото има многу метафори и се манифестира во многу облици. Она кое што е карактеристично за Велес како културолошка средина, а во нејзиното минато е и Топилницата, затоа ја има и на еден од двата официјални плакати за претставата, појасни Димоски.

Инаку екипата на велешкиот театар работи на две нови премиери, едната за ноември, а другата за декември. Во ноември претставата „Татко“ во режија на Ненад Витанов, а во декември „Теута и Антигона“ авторски проект на режисерот Дејан Ангелов.

The post „Инферно“ на велешкиот театар, по премиерата репризно во четрток, петок и сабота appeared first on Република.

]]>

Претставата „Инферно“ според Данте Алигиери во режија на Дејан Пројковски и драматургија на Сашо Димоски, која пред бројната публика синоќа беше изведена на сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, поради големиот интерес на ќе има три репризи – во четврток на 3 ноември, во петок и сабота најави денеска за МИА Сашо Димоски директорот на велешкиот театар и воедно драматург на претставата.
За оваа претстава, заедно со техничкиот дел во реализацијата, се вклучени 63 лица, а подготовките започнаа на крајот на мај, а завршија со синоќешната премиера. Таа е прва од годинашната програма на Министерството за култура, а втора премиера годинава на велешкиот театар. Димоски информира дека оваа претстава е едно поинакво читање на „Пеколот“ на Данте Алигери, според претстава насловена на оригиналот до првиот дел има комедија односно „Инферно“.
Станува збор за претстава за фрлање на ново светло на пеколните аспектите на темното во секој од нас низ цивилизацијата и нејзиниот развој, појаснува Димоски.
Тој информира дека во режија на Дејан Пројковски во оваа претстава се искористени максимално севкупните најсовремени технички и технолошки капацитети и потенцијали на големата сцена на велешкиот театар. Со тоа се демонстрира неговата особеност во регионот како национална установа од областа на изведувачките уметности. Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф – Раде Василев, композитори – Горан Трајкоски и Сашко Костов, кореограф Олга Панго, сценски движења – Васил Зафирчев, видео Борче Конзулов и шминка Зорица Цветковска. Улогите во претставата ги толкуваат : Данте: Исидор Јовановски, Вергилиј: Васил Зафирчев, Демонот на мајкоубијците: Кети Борисовска, Демонот на завидливите: Фаик Мефаилоски, Ангелот на кривоверците: Симона Димковска, Демонот на властољупците: Благојчо Стојанов, Демонот на злобните: Томе Станковски, Демонот на прељубниците: Христина Цветаноска, Демонот на самоубијците: Марија Баркова, Луцифер: Жарко Спасовски, Беатриче: Орхидеја Дукова, Непознатата: Зорица П. Панчиќ и Мудреци: Томе Станковски, Бранко Михајлоски, Никола Петковиќ. Жители на пеколот: Кети Борисовска, Симона Димковска, Благојчо Стојанов, Томе Станковски, Христина Цветановска-Станковска, Марија Баркова, Кристина Зафирова, Бранко Михајлоски, Илин Јовановски, Никола Петковиќ, Тодор Стојковски, Срна Дуковска, Леонида Гулевска. Освен актери од велешкиот театар во претставата учествуваат студенти од завршните години или веќе дипломирани од Универитетот „ЕСРА“. На еден од двата плакати за претставата „Инферно“ е претставена поранешната велешка Топилница.
Злото има многу метафори и се манифестира во многу облици. Она кое што е карактеристично за Велес како културолошка средина, а во нејзиното минато е и Топилницата, затоа ја има и на еден од двата официјални плакати за претставата, појасни Димоски.
Инаку екипата на велешкиот театар работи на две нови премиери, едната за ноември, а другата за декември. Во ноември претставата „Татко“ во режија на Ненад Витанов, а во декември „Теута и Антигона“ авторски проект на режисерот Дејан Ангелов.

The post „Инферно“ на велешкиот театар, по премиерата репризно во четрток, петок и сабота appeared first on Република.

]]>
Велешкиот театар со премиера на „Елегија во пет здива“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/veleshkiot-teatar-so-premiera-na-elegija-vo-pet-zdiva/ Fri, 10 Jun 2022 15:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=513592

Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џино“ од Велес, в понеделник на 13 јуни во матичната голема сцена премиерно ќе ја изведе „Елегија во пет здива“, која е танц-театар базиран по мотиви од избрана поезија од Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов, Ацо Шопов и Никола Маџиров.

Трансформацијата на поезијата е уметничка форма која го користи јазикот за постигнување естетски квалитети и продлабочување на нејзината семантичка содржина, преточени во танцов перформанс, е главна задача на режисерот и кореографот.

Како што информираат од велешкиот театар, во претставата се прикажани пет слики (пет здива), односно пет перформанси кои имаат за цел да создадат универзално разбирлив сценски јазик, доловен преку мултидисциплинарен пристап на подготовка и изведба преку комбинација на повеќе медиуми на сценско изразување како танц, нарација и физички театар.

Актерите/танчерите во претставата ги користат сопствените тела како субјект и како медиум за отелотворување на дадена емоционална состојба.

За подготовките на претставата, актерите/танчерите беа изложени на нов процес на работа, односно, работеа по техниката Viewpoints, адаптирана од режисерите Ен Богарт и Тина Ландау, која служи како медиум за освестување на сетилата за гестикулација, движење и креативно изразување во просторот.

Начинот на работа и апсолутната посветеност од страна на актерите за време на пробите овозможија за кореографскиот процес да се сведува на импровизација што придонесува кон автентичноста и оригиналноста на перформансите кои одново се креираат и видоизменуваат со секоја наредна изведба. Осврнувајќи се на ваква перформативна кинестетика, актерите/танчерите оформуваат сопствен и индивидуален пристап во движењето и ја будат свесноста на телото за можностите кои ги поседува при создавање на танцов вокабулар. Ставајќи акцент на формата која во себе ги сублимира контрастите и различните дискурси кои изведувачите ги поседуваат, тие меѓусебно се приспособуваат со цел да создадат оригинален сценски израз.

Претставата е во режија и кореографија на Филип Петковски а играат Васил Зафирчев, Симона Димковска, Наталија Теодосиева и Адријана Данчевска.

Билети за претставата се веќе во продажба на билетарата на Театар „Џинот“. Проектот е финансиран од Министерството за култура.

Во понеделник на 13 јуни се навршуваат 79 години од смртта на поетот и револуционер Коста Солев Рацин кој ја има меѓу другите ја има напишано и песната „Елегии за тебе“ која е дел од неговата стихозбирка „Бели Мугри“.

The post Велешкиот театар со премиера на „Елегија во пет здива“ appeared first on Република.

]]>

Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џино“ од Велес, в понеделник на 13 јуни во матичната голема сцена премиерно ќе ја изведе „Елегија во пет здива“, која е танц-театар базиран по мотиви од избрана поезија од Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов, Ацо Шопов и Никола Маџиров. Трансформацијата на поезијата е уметничка форма која го користи јазикот за постигнување естетски квалитети и продлабочување на нејзината семантичка содржина, преточени во танцов перформанс, е главна задача на режисерот и кореографот. Како што информираат од велешкиот театар, во претставата се прикажани пет слики (пет здива), односно пет перформанси кои имаат за цел да создадат универзално разбирлив сценски јазик, доловен преку мултидисциплинарен пристап на подготовка и изведба преку комбинација на повеќе медиуми на сценско изразување како танц, нарација и физички театар. Актерите/танчерите во претставата ги користат сопствените тела како субјект и како медиум за отелотворување на дадена емоционална состојба. За подготовките на претставата, актерите/танчерите беа изложени на нов процес на работа, односно, работеа по техниката Viewpoints, адаптирана од режисерите Ен Богарт и Тина Ландау, која служи како медиум за освестување на сетилата за гестикулација, движење и креативно изразување во просторот. Начинот на работа и апсолутната посветеност од страна на актерите за време на пробите овозможија за кореографскиот процес да се сведува на импровизација што придонесува кон автентичноста и оригиналноста на перформансите кои одново се креираат и видоизменуваат со секоја наредна изведба. Осврнувајќи се на ваква перформативна кинестетика, актерите/танчерите оформуваат сопствен и индивидуален пристап во движењето и ја будат свесноста на телото за можностите кои ги поседува при создавање на танцов вокабулар. Ставајќи акцент на формата која во себе ги сублимира контрастите и различните дискурси кои изведувачите ги поседуваат, тие меѓусебно се приспособуваат со цел да создадат оригинален сценски израз. Претставата е во режија и кореографија на Филип Петковски а играат Васил Зафирчев, Симона Димковска, Наталија Теодосиева и Адријана Данчевска. Билети за претставата се веќе во продажба на билетарата на Театар „Џинот“. Проектот е финансиран од Министерството за култура. Во понеделник на 13 јуни се навршуваат 79 години од смртта на поетот и револуционер Коста Солев Рацин кој ја има меѓу другите ја има напишано и песната „Елегии за тебе“ која е дел од неговата стихозбирка „Бели Мугри“.

The post Велешкиот театар со премиера на „Елегија во пет здива“ appeared first on Република.

]]>
По успешните театарски спектакли на сцените во регионот, Дејан Пројковски ја режира „Инферно“ во Велешки театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/po-uspeshnite-teatarski-spektakli-na-scenite-vo-regionot-dejan-projkovski-ja-rezira-inferno-vo-veleshki-teatar/ Fri, 27 May 2022 10:47:07 +0000 https://republika.mk/?p=507587

Актерите од Народниот театар Јордан Хаџи Констатнинов-Џинот од Велес почна со пробите за претставата „Инферно“, според „Пеколот“ од Данте Алигиери, а во режија на Дејан Пројковски. Покрај режисерот Пројковски, авторскиот тим на претставата го сочинуваат: Олга Панго како кореограф, Валентин Светозарев како сценограф, Раде Василев како костимограф, Горан Трајкоски како автор на музиката за претставата, асистентка на режисерот е Марија Петреска.

Во претставата учествува речиси целиот ансамбл на Велешкиот театар: Васил Зафирчев, Исидор Јовановски, Кети Борисовска, Зорица П. Панчиќ, Маја Љутков, Славица Манаскова, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Симона Димковска, Марија Баркова, Кристијан Саздовски…

Дејан Пројковски е еден од најзачајните режисери во регионот. Неговите режии во Нови Сад („Ана Каренина“, „Ричард Трети“), Бања Лука („Дервишот и Смртта“), Софија (Иван Вазовм „Браќа Карамазови“), Сплит (ХНК Сплит, „Орестија“), Истанбул („Ромео и Јулија“), Санк Петербург (Вера Комисаржевскаја, „Опасни врски“), Подгорица (ЦНП, „Бура“) се театарски маркери на именуваните театри и истите се закитени со најзначајните награди во регионот, додека претставата „Ана Каренина“ е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско позориште.

„Пеколот“ од Данте Алигиери, еден од најфасцинантните текстови во историјата на светската книжевност, за потребите на претставата ќе биде преведен во моќни и густи слики кои комуницирајќи со контекстот ќе создадат претстава во која супериорниот актерски и технички потенцијал на големата сцена на Велешкиот театар ќе биде максимално искористен. Дантевиот изворник, чии метафори зборуваат за слоевите на распадот на европската цивлизација, во претставата ќе биде толкуван преку контекстуализација на густите места и нивна транскрипција во оригинални сценски слики.

Со оваа претстава Велешкиот театар сака да се наметне како еден од најважните театарски центри во Југоисточна Европа, а за овој аргумент зборува и селекцијата на претставата на најзначајниот светски театарски настан кој ќе се случи во 2023 година.

The post По успешните театарски спектакли на сцените во регионот, Дејан Пројковски ја режира „Инферно“ во Велешки театар appeared first on Република.

]]>

Актерите од Народниот театар Јордан Хаџи Констатнинов-Џинот од Велес почна со пробите за претставата „Инферно“, според „Пеколот“ од Данте Алигиери, а во режија на Дејан Пројковски. Покрај режисерот Пројковски, авторскиот тим на претставата го сочинуваат: Олга Панго како кореограф, Валентин Светозарев како сценограф, Раде Василев како костимограф, Горан Трајкоски како автор на музиката за претставата, асистентка на режисерот е Марија Петреска. Во претставата учествува речиси целиот ансамбл на Велешкиот театар: Васил Зафирчев, Исидор Јовановски, Кети Борисовска, Зорица П. Панчиќ, Маја Љутков, Славица Манаскова, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Симона Димковска, Марија Баркова, Кристијан Саздовски…
Дејан Пројковски е еден од најзачајните режисери во регионот. Неговите режии во Нови Сад („Ана Каренина“, „Ричард Трети“), Бања Лука („Дервишот и Смртта“), Софија (Иван Вазовм „Браќа Карамазови“), Сплит (ХНК Сплит, „Орестија“), Истанбул („Ромео и Јулија“), Санк Петербург (Вера Комисаржевскаја, „Опасни врски“), Подгорица (ЦНП, „Бура“) се театарски маркери на именуваните театри и истите се закитени со најзначајните награди во регионот, додека претставата „Ана Каренина“ е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско позориште. „Пеколот“ од Данте Алигиери, еден од најфасцинантните текстови во историјата на светската книжевност, за потребите на претставата ќе биде преведен во моќни и густи слики кои комуницирајќи со контекстот ќе создадат претстава во која супериорниот актерски и технички потенцијал на големата сцена на Велешкиот театар ќе биде максимално искористен. Дантевиот изворник, чии метафори зборуваат за слоевите на распадот на европската цивлизација, во претставата ќе биде толкуван преку контекстуализација на густите места и нивна транскрипција во оригинални сценски слики. Со оваа претстава Велешкиот театар сака да се наметне како еден од најважните театарски центри во Југоисточна Европа, а за овој аргумент зборува и селекцијата на претставата на најзначајниот светски театарски настан кој ќе се случи во 2023 година.

The post По успешните театарски спектакли на сцените во регионот, Дејан Пројковски ја режира „Инферно“ во Велешки театар appeared first on Република.

]]>
Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ доби технички прием https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/veleshkiot-teatar-jordan-hadzi-konstantinov-dzinot-dobi-tehnichki-priem/ Wed, 13 Apr 2022 07:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=487630

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, конечно доби технички прием, откако седум години на сцената се играа претстави без употребна дозвола за објектот.

Извршен е упис во јавната книга на недвижности, откако последните осум месеци се работеше на остранување на сите констатирани недостатоци. Објектот седум години беше без технички прием.

По пожарот на монтажната болница во Тетово во септември, лани, надлежните решија да се отстранат сите недостатоци во зградата на Велешки театар, констатирани од страна на Државниот завод за ревизија и објектот во Велес  да има технички прием. Недостатоците во овој период од осум месеци  се отстранети, соопштија од Министерството за култура

После осум месеци пауза, на сцената на Велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ќе се одигра претстава.

Новата театарска сезона, од вечерва, започува со претставата „Четири соби“ во режија на Синиша Ефтимов, работена според мотиви од истоимениот култен филм од 1995 година.

Објавен е и репертоарот за месец април, каде освен оваа претстава, публиката ќе може да ги види  „Слуга на двајца господари“ „Синиот портокал“ и „Херои“. Најавени се и две гостувања. Годинава Велешки театар доби средства од Министерството за култура по годишната програма за две претстави, „Мадам  Батерфлај “ во  режија Андреј Цветановски и  „Креон и Антигона“ – во режија Дејан Ангелов.

The post Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ доби технички прием appeared first on Република.

]]>

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, конечно доби технички прием, откако седум години на сцената се играа претстави без употребна дозвола за објектот. Извршен е упис во јавната книга на недвижности, откако последните осум месеци се работеше на остранување на сите констатирани недостатоци. Објектот седум години беше без технички прием. По пожарот на монтажната болница во Тетово во септември, лани, надлежните решија да се отстранат сите недостатоци во зградата на Велешки театар, констатирани од страна на Државниот завод за ревизија и објектот во Велес  да има технички прием. Недостатоците во овој период од осум месеци  се отстранети, соопштија од Министерството за култура После осум месеци пауза, на сцената на Велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ќе се одигра претстава. Новата театарска сезона, од вечерва, започува со претставата „Четири соби“ во режија на Синиша Ефтимов, работена според мотиви од истоимениот култен филм од 1995 година. Објавен е и репертоарот за месец април, каде освен оваа претстава, публиката ќе може да ги види  „Слуга на двајца господари“ „Синиот портокал“ и „Херои“. Најавени се и две гостувања. Годинава Велешки театар доби средства од Министерството за култура по годишната програма за две претстави, „Мадам  Батерфлај “ во  режија Андреј Цветановски и  „Креон и Антигона“ – во режија Дејан Ангелов.

The post Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ доби технички прием appeared first on Република.

]]>