велешка болница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veleshka-bolnica/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jan 2024 15:14:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png велешка болница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veleshka-bolnica/ 32 32 Нов апарат за анестезија и респиратор за велешката болница https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nov-aparat-za-anestezija-i-respirator-za-veleshkata-bolnitsa/ Wed, 24 Jan 2024 15:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=736384

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово беше во посета на Општата болница Велес по повод набавка на нова медицинска опрема за установата.

Денеска сме во посета на Општата болница во Велес по повод набавка на нова медицинска опрема. Станува збор за нов апарат за анестезија набавен од Министерството за здравство во вредност од 4 милиони денари. Овој апарат којшто веќе е поставен во операционата сала е потребен за подобро функционирање на одделот за анестезија.

[caption id="attachment_736387" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

Исто така, набавивме и нов респиратор со средства од Министерството во износ од три ипол милиони денари, рече Меџити.

Министерот кажа дека двојно е зголемен буџетот за оваа намена од 2,6 на 5 милиони евра и во повеќе од 15 здравствени установи се обезбедени нова и современа опрема.

[caption id="attachment_736386" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

The post Нов апарат за анестезија и респиратор за велешката болница appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово беше во посета на Општата болница Велес по повод набавка на нова медицинска опрема за установата.
Денеска сме во посета на Општата болница во Велес по повод набавка на нова медицинска опрема. Станува збор за нов апарат за анестезија набавен од Министерството за здравство во вредност од 4 милиони денари. Овој апарат којшто веќе е поставен во операционата сала е потребен за подобро функционирање на одделот за анестезија. [caption id="attachment_736387" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption] Исто така, набавивме и нов респиратор со средства од Министерството во износ од три ипол милиони денари, рече Меџити.
Министерот кажа дека двојно е зголемен буџетот за оваа намена од 2,6 на 5 милиони евра и во повеќе од 15 здравствени установи се обезбедени нова и современа опрема. [caption id="attachment_736386" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

The post Нов апарат за анестезија и респиратор за велешката болница appeared first on Република.

]]>
Д-р Трајкова го прозва директорот на Велешката болница: Зошто во ваше време има најголем одлив на медицински персонал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-trajkova-go-prozva-direktorot-na-veleshkata-bolnica-zoshto-vo-vashe-vreme-ima-najgolem-odliv-na-medicinski-personal/ Sat, 17 Dec 2022 11:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=586800

Примариус д-р Славица Трајкова, инфектолог во Општата болница Велес го прозва директорот на болницата Божидар Бојаџиев, да одговори на неколку прашања, меѓу кои и зошто во време на неговото директорување има најголем одлив на медицински персонал.

Колега Бојаџиев
Импресионирана од вашата изјава за порталот "Ти Реков Ми Рече" за состојбата на Велешката болница, не можам да не проговорам и да не ве прашам:
1. Зошто во ваше време има најголем одлив на медицински персонал?
2. Зошто тие доктори што можеа да останат, лично вие ги избркавте со најпогрдни квалификации!
3. Зошто нема нови вработувања, кога веќе сам си се прогласивте за факторизиран директор?
4. Зошто специјализантите ви бегаат?
5. Зошто нема кожен, ОРЛ и пнеумофтизиолози?
Потсетете се како си заминаа двете докторки од АТД...
6. Зошто ОРЛ специјалист има само викенд и празник?
Дали во прашање е личниот буџет или промоција на Телемедицина?
7. Зошто модуларната болница не е во функција?
Има ли технички прием?
8. Зошто инфективно одделение, нема елементарни услови за работа и лекување?
Дали во скоро време планирате истото да "прерасне" во амбуланта?
И за крај...
Дали го знаете вистинското значење на зборовите доблест и достоинство?
На ова сама ќе одговорам...
Доколку го знаевте, досега САМ ЌЕ СИ ЗАМИНЕВТЕ ОД ФУНКЦИЈАТА!
П.С Чудно би ми било доколку се одважите да ги дадете точните одговори...
Не за мене, за граѓаните на Велес..., пишува д-р Трајкова.

The post Д-р Трајкова го прозва директорот на Велешката болница: Зошто во ваше време има најголем одлив на медицински персонал appeared first on Република.

]]>

Примариус д-р Славица Трајкова, инфектолог во Општата болница Велес го прозва директорот на болницата Божидар Бојаџиев, да одговори на неколку прашања, меѓу кои и зошто во време на неговото директорување има најголем одлив на медицински персонал.
Колега Бојаџиев Импресионирана од вашата изјава за порталот "Ти Реков Ми Рече" за состојбата на Велешката болница, не можам да не проговорам и да не ве прашам: 1. Зошто во ваше време има најголем одлив на медицински персонал? 2. Зошто тие доктори што можеа да останат, лично вие ги избркавте со најпогрдни квалификации! 3. Зошто нема нови вработувања, кога веќе сам си се прогласивте за факторизиран директор? 4. Зошто специјализантите ви бегаат? 5. Зошто нема кожен, ОРЛ и пнеумофтизиолози? Потсетете се како си заминаа двете докторки од АТД... 6. Зошто ОРЛ специјалист има само викенд и празник? Дали во прашање е личниот буџет или промоција на Телемедицина? 7. Зошто модуларната болница не е во функција? Има ли технички прием? 8. Зошто инфективно одделение, нема елементарни услови за работа и лекување? Дали во скоро време планирате истото да "прерасне" во амбуланта? И за крај... Дали го знаете вистинското значење на зборовите доблест и достоинство? На ова сама ќе одговорам... Доколку го знаевте, досега САМ ЌЕ СИ ЗАМИНЕВТЕ ОД ФУНКЦИЈАТА! П.С Чудно би ми било доколку се одважите да ги дадете точните одговори... Не за мене, за граѓаните на Велес..., пишува д-р Трајкова.

The post Д-р Трајкова го прозва директорот на Велешката болница: Зошто во ваше време има најголем одлив на медицински персонал appeared first on Република.

]]>
Велешани пет месеци немаат кожен доктор: Државата да си го смени законот, не може сите лекари да се селат во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veleshani-pet-meseci-nemaat-kozen-doktor-drzavata-da-si-go-smeni-zakonot-ne-moze-site-lekari-da-se-selat-vo-skopje/ Thu, 01 Dec 2022 07:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=580298

Велешани веќе пет месеци не можат да остварат здравствена заштита од кожен доктор во Општата болница во Велес. Единствената докторка е неколку месеци на боледување, а пациентите се упатуваат на специјалист во Скопје.

Портпаролот на Општата болница д-р Елена Левкова Ќулумова во изјава за МИА информира дека докторката по кожни болести од боледување ќе се врати во јануари следната година.

Покрај недостиг на кадар за кожни болести, жителите на Велес немаат специјалисти и за други здравствени услуги.

Во изјава за МИА, д-р Лилија Чолакова Дервишова матичен доктор и доктор по семејна медицина, воедно и претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија (ЗПЛРМ), оценува дека состојбата со немањето на специјалистички кадар во велешката Болница е многу сериозна.

Жителите на Велес, покрај тоа што немаат можност за преглед од кожен лекар, немаат ниту ушен доктор со „Мој термин“, а има само по еден очен доктор и еден трансфузиолог. За град како Велес, во кој е вклучен целиот поширок велешки регион, д-р Чолакова-Дервишова вели дека е повеќе од сериозно и алармантно.

Предупредува дека ваква состојба со немање на специјалисти има во поголем дел од болниците во земјава, како Берово, Ресен, Дебар и речиси сите помали градови во земјава.

Ова е многу сериозна ситуација за сите граѓани коишто редовно плаќале и плаќаат здравствено осигурување и очекуваат да имаат достапност до здравствени услуги во местото на живеење, појаснува д-р Чолакова Дервишова.

Со пензионирањето на лекарите и специјалистите и без прилив на нов кадар во Општата болница во Велес, но и во другите градови, таа вели дека специјалистичките кадри остануваат празни.

Д-р Чолакова Дервишова предупредува дека единствениот доктор пнеумофизиолог од велешката Општа болница за еден месец ќе оди во пензија. Појаснува дека со неговото заминување, матичните лекари ќе мора да ги преупатуваат сите граѓани со тешки белодробни болести кои редовно примаат медицинска терапија, да добијат рецепт во Специјализираната болница во Јасеново или во Скопје, со што овие пациенти ќе бидат изложени на дополнителни трошоци.

Таа потсетува дека Велес претходно со години имаше Анти-туберкулозен диспанзер (АТД) каде имаше доволно специјалистички кадар за лекување на овие пациенти со туберкулоза и други белодробни заболувања. Со рушење на зградата на АТД, диспанзерот беше префрлен на Интерното одделение при велешката Болница.

Проблемот е што двете докторки пред година во време на пандемијата заминаа во пензија и сега нема нов кадар за лекување на овие пациенти од Велес, поширокиот велешки регион и од градовите од Повардарието кои се лекуваа на Интерно одделение во велешката Општа болница, вели д-р Чолакова Дервишова.

Решението за овој проблем д-р Чолакова-Дервишова вели дека е пренасочување на лекарите специјалисти од Скопје во другите градови низ земјава.

Итно мора надлежните во јавното здравство во земјава да направат префрлање на големиот број на лекари специјалист од клиниките и болниците во Скопје да се пратат по региони во земјава со цел граѓаните од внатрешноста да не се шетаат и изложуваат на трошоци до Скопје. Овие доктори да се прераспределат регионално и болниците во земјава да се пополнат со ваков специјалистички кадар, во интерес на граѓаните, потенцира д-р Чолакова Дервишова.

Таа посочува дека немањето на специјалистички кадар во болниците во градовите е последица на тоа што со години наназад лекарите по специјализацијата не се обврзани да се вратат во својата болница, туку, голем дел од нив остануваат во здравствените установи во Скопје.

Државата мора да си го смени законот, правилата и правилниците со тоа што ако некој лекар добил специјализација, по специјализацијата, ќе мора да се врати во својата болница во градот од каде што е. Со тоа и болниците во внатрешноста ќе имаат свои специјалисти. Не може сите лекари да се преселат во Скопје, а народот во останатите градови да ги оставиме без специјалисти, подвлекува д-р Чолакова Дервишова.

Потсетува дека имаме Закон за здравствена заштита во кој се вели дека пристапноста и сеопфатноста треба да бидат еднакви за сите граѓани, но, за жал, вели  тоа е само на хартија.

Државата мора под итно да направи регионализација и децентрализација на здравството, така што да имаме неколку региони во земјава каде што ќе има голем број на неопходен специјалистички кадар. Сега за жал имаме болница и операциона сала, а немаме анестезиолог или обратно има анестезиолог, а нема хирург, вели д-р Чолакова-Дервишова.

The post Велешани пет месеци немаат кожен доктор: Државата да си го смени законот, не може сите лекари да се селат во Скопје appeared first on Република.

]]>

Велешани веќе пет месеци не можат да остварат здравствена заштита од кожен доктор во Општата болница во Велес. Единствената докторка е неколку месеци на боледување, а пациентите се упатуваат на специјалист во Скопје. Портпаролот на Општата болница д-р Елена Левкова Ќулумова во изјава за МИА информира дека докторката по кожни болести од боледување ќе се врати во јануари следната година. Покрај недостиг на кадар за кожни болести, жителите на Велес немаат специјалисти и за други здравствени услуги. Во изјава за МИА, д-р Лилија Чолакова Дервишова матичен доктор и доктор по семејна медицина, воедно и претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија (ЗПЛРМ), оценува дека состојбата со немањето на специјалистички кадар во велешката Болница е многу сериозна. Жителите на Велес, покрај тоа што немаат можност за преглед од кожен лекар, немаат ниту ушен доктор со „Мој термин“, а има само по еден очен доктор и еден трансфузиолог. За град како Велес, во кој е вклучен целиот поширок велешки регион, д-р Чолакова-Дервишова вели дека е повеќе од сериозно и алармантно. Предупредува дека ваква состојба со немање на специјалисти има во поголем дел од болниците во земјава, како Берово, Ресен, Дебар и речиси сите помали градови во земјава.
Ова е многу сериозна ситуација за сите граѓани коишто редовно плаќале и плаќаат здравствено осигурување и очекуваат да имаат достапност до здравствени услуги во местото на живеење, појаснува д-р Чолакова Дервишова.
Со пензионирањето на лекарите и специјалистите и без прилив на нов кадар во Општата болница во Велес, но и во другите градови, таа вели дека специјалистичките кадри остануваат празни. Д-р Чолакова Дервишова предупредува дека единствениот доктор пнеумофизиолог од велешката Општа болница за еден месец ќе оди во пензија. Појаснува дека со неговото заминување, матичните лекари ќе мора да ги преупатуваат сите граѓани со тешки белодробни болести кои редовно примаат медицинска терапија, да добијат рецепт во Специјализираната болница во Јасеново или во Скопје, со што овие пациенти ќе бидат изложени на дополнителни трошоци. Таа потсетува дека Велес претходно со години имаше Анти-туберкулозен диспанзер (АТД) каде имаше доволно специјалистички кадар за лекување на овие пациенти со туберкулоза и други белодробни заболувања. Со рушење на зградата на АТД, диспанзерот беше префрлен на Интерното одделение при велешката Болница.
Проблемот е што двете докторки пред година во време на пандемијата заминаа во пензија и сега нема нов кадар за лекување на овие пациенти од Велес, поширокиот велешки регион и од градовите од Повардарието кои се лекуваа на Интерно одделение во велешката Општа болница, вели д-р Чолакова Дервишова.
Решението за овој проблем д-р Чолакова-Дервишова вели дека е пренасочување на лекарите специјалисти од Скопје во другите градови низ земјава.
Итно мора надлежните во јавното здравство во земјава да направат префрлање на големиот број на лекари специјалист од клиниките и болниците во Скопје да се пратат по региони во земјава со цел граѓаните од внатрешноста да не се шетаат и изложуваат на трошоци до Скопје. Овие доктори да се прераспределат регионално и болниците во земјава да се пополнат со ваков специјалистички кадар, во интерес на граѓаните, потенцира д-р Чолакова Дервишова.
Таа посочува дека немањето на специјалистички кадар во болниците во градовите е последица на тоа што со години наназад лекарите по специјализацијата не се обврзани да се вратат во својата болница, туку, голем дел од нив остануваат во здравствените установи во Скопје.
Државата мора да си го смени законот, правилата и правилниците со тоа што ако некој лекар добил специјализација, по специјализацијата, ќе мора да се врати во својата болница во градот од каде што е. Со тоа и болниците во внатрешноста ќе имаат свои специјалисти. Не може сите лекари да се преселат во Скопје, а народот во останатите градови да ги оставиме без специјалисти, подвлекува д-р Чолакова Дервишова.
Потсетува дека имаме Закон за здравствена заштита во кој се вели дека пристапноста и сеопфатноста треба да бидат еднакви за сите граѓани, но, за жал, вели  тоа е само на хартија.
Државата мора под итно да направи регионализација и децентрализација на здравството, така што да имаме неколку региони во земјава каде што ќе има голем број на неопходен специјалистички кадар. Сега за жал имаме болница и операциона сала, а немаме анестезиолог или обратно има анестезиолог, а нема хирург, вели д-р Чолакова-Дервишова.

The post Велешани пет месеци немаат кожен доктор: Државата да си го смени законот, не може сите лекари да се селат во Скопје appeared first on Република.

]]>
Смрзнати пациенти: Болните во велешката болница се прегледуваат на 10 степени целзиусови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/smrznati-pacienti-bolnite-vo-veleshkata-bolnica-se-pregleduvaat-na-10-stepeni-celziusovi/ Tue, 22 Nov 2022 19:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=577083

На температура од 10 степени целзиусови се прегледуваат пациенти во велешката болница, тврди инфектологот Славица Трајкова. Таа во фејсбук статус посочува дека Одделот за инфективни болести во велешката болница треба да се награди за енергетско штедење. Притоа објави и фотографија од термометар кој покажува дека во просторијата има 10 степен Целзиусови.

На таа температура се прегледуваат пациенти, како деца, така и стари лица. Трајкова иронично коментира дека може да се исклучат и фрижидерите во кои се чуваат вакцини и серуми, бидејќи собната температура одговара на „ладен синџир“.

Во оваа болница, и покрај најавената модернизација, лекарите сами си купуваат стетоскопи, објаснува инфектологот.

Таа додава:

„Ништо поразлично и во болничките соби… Ама таму има ќебиња. Што беше тоа исправен апарат за крвен притисок, или ЕКГ апарат или исправен пулсоксиметар?!“

The post Смрзнати пациенти: Болните во велешката болница се прегледуваат на 10 степени целзиусови appeared first on Република.

]]>

На температура од 10 степени целзиусови се прегледуваат пациенти во велешката болница, тврди инфектологот Славица Трајкова. Таа во фејсбук статус посочува дека Одделот за инфективни болести во велешката болница треба да се награди за енергетско штедење. Притоа објави и фотографија од термометар кој покажува дека во просторијата има 10 степен Целзиусови. На таа температура се прегледуваат пациенти, како деца, така и стари лица. Трајкова иронично коментира дека може да се исклучат и фрижидерите во кои се чуваат вакцини и серуми, бидејќи собната температура одговара на „ладен синџир“.