велепредавство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/velepredavstvo/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Apr 2023 06:43:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png велепредавство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/velepredavstvo/ 32 32 Доживотен затвор за велепредавство потпиша Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dozhivoten-zatvor-za-velepredavstvo-potpisha-putin/ Sat, 29 Apr 2023 06:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=635169

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша нов пакет измени на Кривичниот законик, со кои се зголемија казните за предавство, велепредавство, тероризам и помагање на меѓународни организации чиј член не е оваа земја.

За велепредавство сега се казнува доживотен затвор, објави денеска независниот руски информативен портал Медуза, со седиште во Рига, пренесе Бета.

Во случај на тероризам, обвинителството ќе може да бара казна затвор до 20 години, а минималната казна за регрутирање соучесници во терористички дела ќе биде седум години затвор.

Во Кривичниот законик е додадено ново кривично дело помагање во работата на меѓународните организации, чиј член не е Русија. Медуза го наведува Меѓународниот кривичен суд, кој Русија не го признава, како пример.

Помагањето за исполнување на одлуките на тие организации ќе се казнува со затвор до пет години.

The post Доживотен затвор за велепредавство потпиша Путин appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша нов пакет измени на Кривичниот законик, со кои се зголемија казните за предавство, велепредавство, тероризам и помагање на меѓународни организации чиј член не е оваа земја. За велепредавство сега се казнува доживотен затвор, објави денеска независниот руски информативен портал Медуза, со седиште во Рига, пренесе Бета. Во случај на тероризам, обвинителството ќе може да бара казна затвор до 20 години, а минималната казна за регрутирање соучесници во терористички дела ќе биде седум години затвор. Во Кривичниот законик е додадено ново кривично дело помагање во работата на меѓународните организации, чиј член не е Русија. Медуза го наведува Меѓународниот кривичен суд, кој Русија не го признава, како пример. Помагањето за исполнување на одлуките на тие организации ќе се казнува со затвор до пет години.

The post Доживотен затвор за велепредавство потпиша Путин appeared first on Република.

]]>
Во Русија ќе се оди на доживотен затвор за велепредавство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-rusija-ke-se-odi-na-dozhivoten-zatvor-za-velepredavstvo/ Fri, 28 Apr 2023 20:11:20 +0000 https://republika.mk/?p=635139

 Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша нов пакет измени на Кривичниот законик, со кои се зголемија казните за предавство, велепредавство, тероризам и помагање на меѓународни организации чиј член не е оваа земја.

За велепредавство сега се казнува доживотен затвор, објави денеска независниот руски информативен портал Медуза, со седиште во Рига, пренесе Бета.

Во случај на тероризам, обвинителството ќе може да бара казна затвор до 20 години, а минималната казна за регрутирање соучесници во терористички дела ќе биде седум години затвор.

Во Кривичниот законик е додадено ново кривично дело помагање во работата на меѓународните организации, чиј член не е Русија. Медуза го наведува Меѓународниот кривичен суд, кој Русија не го признава, како пример.

Помагањето за исполнување на одлуките на тие организации ќе се казнува со затвор до пет години

The post Во Русија ќе се оди на доживотен затвор за велепредавство appeared first on Република.

]]>

 Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша нов пакет измени на Кривичниот законик, со кои се зголемија казните за предавство, велепредавство, тероризам и помагање на меѓународни организации чиј член не е оваа земја. За велепредавство сега се казнува доживотен затвор, објави денеска независниот руски информативен портал Медуза, со седиште во Рига, пренесе Бета. Во случај на тероризам, обвинителството ќе може да бара казна затвор до 20 години, а минималната казна за регрутирање соучесници во терористички дела ќе биде седум години затвор. Во Кривичниот законик е додадено ново кривично дело помагање во работата на меѓународните организации, чиј член не е Русија. Медуза го наведува Меѓународниот кривичен суд, кој Русија не го признава, како пример. Помагањето за исполнување на одлуките на тие организации ќе се казнува со затвор до пет години

The post Во Русија ќе се оди на доживотен затвор за велепредавство appeared first on Република.

]]>
Белорусија воведува смртна казна за државните функционери за „велепредавство“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belorusija-voveduva-smrtna-kazna-za-drzhavnite-funktsioneri-za-velepredavstvo/ Tue, 21 Feb 2023 17:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=611626

Белорусија ќе го прошири својот кривичен закон за да овозможи смртна казна за владини службеници и воен персонал за „велепредавство“.

Одредбата ја усвои парламентот во Минск, јави денеска државната новинска агенција Белта.

Белорусија, каде на власт е претседателот Александар Лукашенко, е последната земја во Европа која сè уште изрекува смртна казна.

Минатата година, земјата беше цел на меѓународни критики поради проширување на примената на смртната казна за подготовка на терористички напади. Мерката беше усвоена како одговор на саботажата на железницата од страна на белоруски активисти со цел да се спречи транспортот на руски војници кои ја напаѓаат Украина.

Лукашенко ја стави својата земја на располагање на Русија како база за почеток на војната против Украина.

Белорусија досега не учествуваше активно во борбите, но неодамнешното создавање на заеднички сили ги поттикна шпекулациите дека Москва ќе изврши притисок врз Минск да се приклучи на нејзините офанзивни операции.

Илјадници луѓе се затворени во Белорусија од политички причини откако Лукашенко го уништи протестното движење есента 2020 година по претседателските избори кои опозицијата и Западот ги сметаат за наместени.

The post Белорусија воведува смртна казна за државните функционери за „велепредавство“ appeared first on Република.

]]>

Белорусија ќе го прошири својот кривичен закон за да овозможи смртна казна за владини службеници и воен персонал за „велепредавство“. Одредбата ја усвои парламентот во Минск, јави денеска државната новинска агенција Белта. Белорусија, каде на власт е претседателот Александар Лукашенко, е последната земја во Европа која сè уште изрекува смртна казна. Минатата година, земјата беше цел на меѓународни критики поради проширување на примената на смртната казна за подготовка на терористички напади. Мерката беше усвоена како одговор на саботажата на железницата од страна на белоруски активисти со цел да се спречи транспортот на руски војници кои ја напаѓаат Украина. Лукашенко ја стави својата земја на располагање на Русија како база за почеток на војната против Украина. Белорусија досега не учествуваше активно во борбите, но неодамнешното создавање на заеднички сили ги поттикна шпекулациите дека Москва ќе изврши притисок врз Минск да се приклучи на нејзините офанзивни операции. Илјадници луѓе се затворени во Белорусија од политички причини откако Лукашенко го уништи протестното движење есента 2020 година по претседателските избори кои опозицијата и Западот ги сметаат за наместени.

The post Белорусија воведува смртна казна за државните функционери за „велепредавство“ appeared first on Република.

]]>
Со киднапирањe и убиство на министерот за здравство сакале да ја соборат германската влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-kidnapirane-i-ubistvo-na-ministerot-za-zdravstvo-sakale-da-ja-soborat-germanskata-vlada/ Mon, 23 Jan 2023 18:38:59 +0000 https://republika.mk/?p=600131

Обвиненија за велепредавство се покренати против пет лица од екстремнодесничарската група „Рајхсбиргер“, кои според властите планирале да го киднапираат германскиот министер за здравство и биле подготвени да убијат за да ја соборат германската влада, соопшти денеска германскиот државен обвинител.

Во средината на јануари 2022 година, обвинетите формирале група чија цел била „насилно да предизвикаат услови слични на граѓанска војна во Германија” со цел да се собори владата и да се укине парламентарната демократија, велат од обвинителството.

Во соопштението се наведува дека членовите на групата биле подготвени да ги загубат животите за оваа цел. Сите петмина се во притвор по големата полициска акција минатиот месец, во која беа уапсени.

Групата имала план според кој требало да предизвикаат прекин на снабдувањето со струја за целата земја, да го киднапираат министерот за здравство Карл Лаутербах, да ги убијат неговите телохранители доколку е потребно, а потоа да свикаат собрание што ќе ја замени владата и ќе назначи нов лидер на земјата.

The post Со киднапирањe и убиство на министерот за здравство сакале да ја соборат германската влада appeared first on Република.

]]>

Обвиненија за велепредавство се покренати против пет лица од екстремнодесничарската група „Рајхсбиргер“, кои според властите планирале да го киднапираат германскиот министер за здравство и биле подготвени да убијат за да ја соборат германската влада, соопшти денеска германскиот државен обвинител. Во средината на јануари 2022 година, обвинетите формирале група чија цел била „насилно да предизвикаат услови слични на граѓанска војна во Германија” со цел да се собори владата и да се укине парламентарната демократија, велат од обвинителството. Во соопштението се наведува дека членовите на групата биле подготвени да ги загубат животите за оваа цел. Сите петмина се во притвор по големата полициска акција минатиот месец, во која беа уапсени. Групата имала план според кој требало да предизвикаат прекин на снабдувањето со струја за целата земја, да го киднапираат министерот за здравство Карл Лаутербах, да ги убијат неговите телохранители доколку е потребно, а потоа да свикаат собрание што ќе ја замени владата и ќе назначи нов лидер на земјата.

The post Со киднапирањe и убиство на министерот за здравство сакале да ја соборат германската влада appeared first on Република.

]]>
Руски новинар осуден на 22 години затвор поради велепредавство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-novinar-osuden-na-22-godini-zatvor-poradi-velepredavstvo/ Mon, 05 Sep 2022 15:10:11 +0000 https://republika.mk/?p=547712

Градскиот суд во Москва го осудил новинарот и поранешен советник на директорот на “Роскосмос”, Иван Сафронов на 22 години затвор поради велепредавство.

Освен тоа, Сафронов е осуден на дополнителни две години ограничена слобода по ослободувањето од затвор и парично е казнет во износ од 500.000 рубљи. Случајот е сослушан зад затворени врати, но на јавноста и било дозволено да ја слушне пресудата.

Адвокатот на одбраната Данил Никифоров рекол дека ќе поднесе дополнителна жалба на пресудата.

Сигурно ќе поднесеме жалба. Веќе имаме жалба и подготвени сме да ја предадеме, изјавил Никифоров.

Руското обвинителство во јули 2020-та година го обвинило советникот на шефот на руската вселенска агенција Роскосмос и поранешен новинар Иван Сафронов за предавство.

Во 2017-та бил обвинет дека пренесувал воени тајни на чешката разузнавачка агенција, што тој негира.

The post Руски новинар осуден на 22 години затвор поради велепредавство appeared first on Република.

]]>

Градскиот суд во Москва го осудил новинарот и поранешен советник на директорот на “Роскосмос”, Иван Сафронов на 22 години затвор поради велепредавство. Освен тоа, Сафронов е осуден на дополнителни две години ограничена слобода по ослободувањето од затвор и парично е казнет во износ од 500.000 рубљи. Случајот е сослушан зад затворени врати, но на јавноста и било дозволено да ја слушне пресудата. Адвокатот на одбраната Данил Никифоров рекол дека ќе поднесе дополнителна жалба на пресудата.
Сигурно ќе поднесеме жалба. Веќе имаме жалба и подготвени сме да ја предадеме, изјавил Никифоров.
Руското обвинителство во јули 2020-та година го обвинило советникот на шефот на руската вселенска агенција Роскосмос и поранешен новинар Иван Сафронов за предавство. Во 2017-та бил обвинет дека пренесувал воени тајни на чешката разузнавачка агенција, што тој негира.

The post Руски новинар осуден на 22 години затвор поради велепредавство appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Димитар Ковачевски и антимакедонската СДСМ многу скоро ќе одговараат за велепредавство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-predavnikot-dimitar-kovachevski-i-antimakedonskata-sdsm-mnogu-skoro-kje-odgovaraat-za-velepredavstvo/ Sat, 16 Jul 2022 17:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=530085

Предавникот Димитар Ковачевски и антимакедонската СДСМ многу скоро ќе одговараат за велепредавство. Она што денес го усвоија и се согласија е предавство на Македонија и македонскиот народ. Целосна бугаризација и асимилација на Македонија, ова преставува срам за целата држава, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Димитар Ковачевски.

Од партијата велат дека Антимакедонската СДСМ и предавникот Ковачевски наместо на страната на народот кој со денови маршираше и протестираше против овој асимилаторски предлог, се ставија на мрачната страна на историјата.

Антимакедонците од СДСМ со овој штетен предлог кој си го усвоија во владата се откажаа од македонската историја, македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот индентитет. Овие антимакедонци се предавници на македонскиот народ. Информацијата која денес ја изгласаа антимакедонците од СДСМ нема никакво значење, затоа што преговарачката рамката ја условува Владата, а тоа е промена на Уставот на државата со цел вметнување на Бугарите во Уставот. Промена на Уставот на Македонија нема да има, а тоа нема да го дозволат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, се појаснува во реакцијата.

Исто така ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за измена на преговарачката рамка, каде што сите спорни делови со кои се асимилира државата и македонскиот народ да бидат избришани и изоставени.

ВМРО-ДПМНЕ е за преговори со ЕУ на рамноправна основа и целосно почитување на европските вредности.

За многу брзо за сите предавства и погубни политики за државата и македонскиот народ од страна на антимакедонската СДСМ ќе им дојде крајот и ќе дојде ден кога сите тие ќе одговарат за штетите кои ги прават врз државата и граѓаните. Стоп за предавствата, долу за предавниците, се додава во партиската реакција.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Димитар Ковачевски и антимакедонската СДСМ многу скоро ќе одговараат за велепредавство appeared first on Република.

]]>

Предавникот Димитар Ковачевски и антимакедонската СДСМ многу скоро ќе одговараат за велепредавство. Она што денес го усвоија и се согласија е предавство на Македонија и македонскиот народ. Целосна бугаризација и асимилација на Македонија, ова преставува срам за целата држава, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Димитар Ковачевски. Од партијата велат дека Антимакедонската СДСМ и предавникот Ковачевски наместо на страната на народот кој со денови маршираше и протестираше против овој асимилаторски предлог, се ставија на мрачната страна на историјата.
Антимакедонците од СДСМ со овој штетен предлог кој си го усвоија во владата се откажаа од македонската историја, македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот индентитет. Овие антимакедонци се предавници на македонскиот народ. Информацијата која денес ја изгласаа антимакедонците од СДСМ нема никакво значење, затоа што преговарачката рамката ја условува Владата, а тоа е промена на Уставот на државата со цел вметнување на Бугарите во Уставот. Промена на Уставот на Македонија нема да има, а тоа нема да го дозволат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, се појаснува во реакцијата.
Исто така ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за измена на преговарачката рамка, каде што сите спорни делови со кои се асимилира државата и македонскиот народ да бидат избришани и изоставени. ВМРО-ДПМНЕ е за преговори со ЕУ на рамноправна основа и целосно почитување на европските вредности.
За многу брзо за сите предавства и погубни политики за државата и македонскиот народ од страна на антимакедонската СДСМ ќе им дојде крајот и ќе дојде ден кога сите тие ќе одговарат за штетите кои ги прават врз државата и граѓаните. Стоп за предавствата, долу за предавниците, се додава во партиската реакција.
 

The post ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Димитар Ковачевски и антимакедонската СДСМ многу скоро ќе одговараат за велепредавство appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ќе одговара за велепредавство на државата и македонскиот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kovachevski-kje-odgovara-za-velepredavstvo-na-drzavata-i-makedonskiot-narod/ Sat, 16 Jul 2022 08:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=529661

Предавникот Димитар Ковачевски многу скоро ќе одговара за велепредавство на државата и македонскиот народ за ова понижување кое го прави со предлогот за бугаризација на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Без око да му трепне ги распродава македонската историја, идентитетот, културата и македонскиот јазикот. Сквернавејќи по гробовите на илјадници загинати од раката на бугарските фашисти, кој со овој договор кој сака да го изгласа, треба да бидат бугарски администратор.

 

Со денови илјадници граѓани јасно кажуваат НЕ за ултиматум, НЕ за бугаризација на Македонија. Спротивно на волјата на народот кој веќе две недели е на улиците низ Македонија, Ковачевски, Османи и Маричиќ на сила се обидуваат да го протнат предлогот за асимилација на Македонија.

 

Обидувајќи се да се сокрие позади пратениците во Собранието, подметнувајќи еден лист хартија со некаква информација која треба да биде разгледана, предавникот Ковачевски нема да побегне од судот на народот.

 

Димитар Ковачевски ќе одговара и ќе лежи во затвор за ова што и го прави на Македонија и македонскиот народ - истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ќе одговара за велепредавство на државата и македонскиот народ appeared first on Република.

]]>

Предавникот Димитар Ковачевски многу скоро ќе одговара за велепредавство на државата и македонскиот народ за ова понижување кое го прави со предлогот за бугаризација на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Без око да му трепне ги распродава македонската историја, идентитетот, културата и македонскиот јазикот. Сквернавејќи по гробовите на илјадници загинати од раката на бугарските фашисти, кој со овој договор кој сака да го изгласа, треба да бидат бугарски администратор.   Со денови илјадници граѓани јасно кажуваат НЕ за ултиматум, НЕ за бугаризација на Македонија. Спротивно на волјата на народот кој веќе две недели е на улиците низ Македонија, Ковачевски, Османи и Маричиќ на сила се обидуваат да го протнат предлогот за асимилација на Македонија.   Обидувајќи се да се сокрие позади пратениците во Собранието, подметнувајќи еден лист хартија со некаква информација која треба да биде разгледана, предавникот Ковачевски нема да побегне од судот на народот.   Димитар Ковачевски ќе одговара и ќе лежи во затвор за ова што и го прави на Македонија и македонскиот народ - истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ќе одговара за велепредавство на државата и македонскиот народ appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Купјанск, Генадиј Мацегор со нова видео порака: Ве молам, разберете ме, овој град повеќе не е во наши раце https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gradonachalnikot-na-kupjansk-genadij-macegor-so-nova-video-poraka-ve-molam-razberete-me-ovoj-grad-povekje-ne-e-vo-nashi-race/ Mon, 28 Feb 2022 13:41:00 +0000 https://republika.mk/?p=465336

Градоначалникот на Купјанск, Генадиј Мацегор, кој вчера изјавил дека градот е под контрола на руските трупи, повторно се огласил.

Тој денеска на својот профил на Инстаграм поставил нова видео-снимка, во која вели дека, поради се што се случило вчера, морал да даде ново соопштение.

Мина уште еден неспокоен ден, со бомби, со ракети...Вчерашниот ден беше компликуван, и затоа го давам ова соопштение. Уништена е инфраструктура и се што се однесува на војската, полицијата или мирот, повеќе не е во наши раце. Овој град повеќе не е под наша надлежност“, рекол тој.

Додал дека нема влијание на военото прашање, но се труди народот што полесно да го преброди, да имаат нормални услови. Се заблагодарил на поддршката и замолил за разбирање.

Потсетуваме, вчера нагласил дека е време „храбро да се вратиме во живот, да го подобриме животот“. Тој рекол и дека животот во градот „зависи од тоа како сега ќе се претставиме“, па порачал дека граѓаните можат слободно да излезат од подрумите и градските засолништа.

Инаку, медиумите пренеле дека против него е поднесена постапка за велепредавство.

The post Градоначалникот на Купјанск, Генадиј Мацегор со нова видео порака: Ве молам, разберете ме, овој град повеќе не е во наши раце appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Купјанск, Генадиј Мацегор, кој вчера изјавил дека градот е под контрола на руските трупи, повторно се огласил. Тој денеска на својот профил на Инстаграм поставил нова видео-снимка, во која вели дека, поради се што се случило вчера, морал да даде ново соопштение.
Мина уште еден неспокоен ден, со бомби, со ракети...Вчерашниот ден беше компликуван, и затоа го давам ова соопштение. Уништена е инфраструктура и се што се однесува на војската, полицијата или мирот, повеќе не е во наши раце. Овој град повеќе не е под наша надлежност“, рекол тој.
Додал дека нема влијание на военото прашање, но се труди народот што полесно да го преброди, да имаат нормални услови. Се заблагодарил на поддршката и замолил за разбирање. Потсетуваме, вчера нагласил дека е време „храбро да се вратиме во живот, да го подобриме животот“. Тој рекол и дека животот во градот „зависи од тоа како сега ќе се претставиме“, па порачал дека граѓаните можат слободно да излезат од подрумите и градските засолништа. Инаку, медиумите пренеле дека против него е поднесена постапка за велепредавство.

The post Градоначалникот на Купјанск, Генадиј Мацегор со нова видео порака: Ве молам, разберете ме, овој град повеќе не е во наши раце appeared first on Република.

]]>