веледрогерија „Д-р Пановски“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veledrogerija-d-r-panovski/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 09:36:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png веледрогерија „Д-р Пановски“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veledrogerija-d-r-panovski/ 32 32 Филипче да одговори каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-da-odgovori-kakva-e-negovata-povrzanost-so-semejstvoto-panovski-i-sluchajot-onkologija/ Fri, 19 Jul 2024 09:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=798363

Филипче да одговори, каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија?Венко Филипче да не се крие и да одговори за поврзаноста со Ирина Пановска, директорка на Хематологија во негово време и нејзиниот татко сопственик на веледрогеријата Др. Пановски, побара денеска Миле Лефков.

Филипче е тој што ги премолче тендерите од ќерката Пановска кон таткото. Милионите одлеани од Хематологија на сметка на Др. Пановски.

Др. Пановски е веледрогеријата која вршела поголем дел од набавките и за клиниката за Онкологија, каде видовме како биле крадени болните од рак за профит на неколкумина.

https://www.youtube.com/watch?v=qqSkrQWT1No&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

Филипче не само што не ги раскина врските на непотизам и фармацевската мафија со здравствениот систем, туку и ги зајакна.

Филипче бега од одговори за сите катастрофи во здравството изминативе 7 години, зошто во сите директно или индиректно е вмешан лично тој.

The post Филипче да одговори каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија? appeared first on Република.

]]>

Филипче да одговори, каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија?Венко Филипче да не се крие и да одговори за поврзаноста со Ирина Пановска, директорка на Хематологија во негово време и нејзиниот татко сопственик на веледрогеријата Др. Пановски, побара денеска Миле Лефков.
Филипче е тој што ги премолче тендерите од ќерката Пановска кон таткото. Милионите одлеани од Хематологија на сметка на Др. Пановски.
Др. Пановски е веледрогеријата која вршела поголем дел од набавките и за клиниката за Онкологија, каде видовме како биле крадени болните од рак за профит на неколкумина. https://www.youtube.com/watch?v=qqSkrQWT1No&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE Филипче не само што не ги раскина врските на непотизам и фармацевската мафија со здравствениот систем, туку и ги зајакна. Филипче бега од одговори за сите катастрофи во здравството изминативе 7 години, зошто во сите директно или индиректно е вмешан лично тој.

The post Филипче да одговори каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија? appeared first on Република.

]]>
Филипче ги аминуваше милионските тендери на директорката Пановска кон Веледрогеријата на татко и https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-gi-aminuvashe-milionskite-tenderi-na-direktorkata-panovska-kon-veledrogerijata-na-tatko-i/ Thu, 11 Jul 2024 07:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=795642

Филипче ги аминуваше милионските тендери на директорката Пановска кон Веледрогеријата на татко и, дојде на чело на СДС за да се заштити.Венко Филипче мисли дека се крие зад позицијата претседател на СДС, со цел кога ќе треба да одговара за криминалите да се жали на политички притисок, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче како министер беше соучесник во тендерите кои Клиниката за Хематологија, каде директорка беше Ирина Пановска ги даваше на Веледрогеријата др. Пановски, во сопственост на таткото на Пановска.Без Венко Филипче тендерите тешки милиони во здравството, а кои ја брануваа јавноста немаше да бидат можни.

Филипче се надева дека некогаш повторно ќе може да го прави истото, за негова жал, а за среќа на народот, тоа никогаш повеќе нема да биде случај.

The post Филипче ги аминуваше милионските тендери на директорката Пановска кон Веледрогеријата на татко и appeared first on Република.

Ќерката Пановска со години дава тендери за татко ѝ Пановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kerkata-panovska-so-godini-dava-tenderi-za-tatko-panovski/ Wed, 27 Sep 2023 06:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=685469

Дали тендерите од Пановска кон Пановски фрлаат црна дамка на Kлиниката за хематологија?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека договорот за набавка склучен на 1 септември со веледрогеријата „АД Д-р Пановски“ не е прв договор кој оваа клиника го склучила, каде директорка е ќерката, а понудувач таткото.

Бизнис интересите и тендер политиките што оваа власт на СДС и ДУИ со години ги спроведуваа насекаде, па и во здравството, резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациентите и незадоволни лекари кои масовно го напуштаа јавното здравство. Во овој случај каде се добива одговор дека една изјава за изземање го оправдува доделувањето тендери од еден на друг во кругот на семејството се поставува прашањето каде е моралната вертикала која ќе спречи злоупотреба на процесот или судирот на интереси? Дополнително, ако се отвори веб страната на ЈЗУ УК за хематологија ќе се увиди дека последен објавен годишен план за јавни набавки е во 2021 година. Каде е транспарентноста за која зборуваат, и уште поважно зошто не се објавени годишните планови за јавни набавки за 2022 и 2023 година? Ваквите состојби во здравството придонесуваат да расте недовербата во јавното здравство и може да се заклучи дека со власта на СДС и ДУИ единствено што се менува во здравството се луѓето кои седат на министерските фотелји, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ќерката Пановска со години дава тендери за татко ѝ Пановски appeared first on Република.

Филипче за 12 пациенти набавил лекови од Пановски за пет милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-za-12-pacienti-nabavil-lekovi-od-panovski-za-pet-milioni-evra/ Thu, 28 Jul 2022 10:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=534184

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче потрошил пет милиони евра за нов лек од фармацевтската компанија „Рош“, открива „Фокус“ додавајќи дека веледрогеријата „Пановски“ се единствените што го дистрибуираат во Македонија. Станува збор за лек, кој има значајна контрола на крвавењата, а таа терапија во земјава ја примаат само 12 пациенти.

Овој лек, во македонските болници, од 21 март 2021 година е ставен и на болничка листа. Според податоците на Бирото за јавни набавки и потпишаниот договор, направена е бизнис-зделка во вредност од околу 5 милиони евра, и тоа само за 12 пациенти.

Во договорот се наведува дека се набавени 150.000 раствори за инјектирање за период од две години.

Целиот текст во најновиот број на „Фокус

The post Филипче за 12 пациенти набавил лекови од Пановски за пет милиони евра appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче потрошил пет милиони евра за нов лек од фармацевтската компанија „Рош“, открива „Фокус“ додавајќи дека веледрогеријата „Пановски“ се единствените што го дистрибуираат во Македонија. Станува збор за лек, кој има значајна контрола на крвавењата, а таа терапија во земјава ја примаат само 12 пациенти. Овој лек, во македонските болници, од 21 март 2021 година е ставен и на болничка листа. Според податоците на Бирото за јавни набавки и потпишаниот договор, направена е бизнис-зделка во вредност од околу 5 милиони евра, и тоа само за 12 пациенти. Во договорот се наведува дека се набавени 150.000 раствори за инјектирање за период од две години. Целиот текст во најновиот број на „Фокус

The post Филипче за 12 пациенти набавил лекови од Пановски за пет милиони евра appeared first on Република.

]]>