„Веќе не е ни смешно“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veke-ne-e-ni-smeshno/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Apr 2023 08:32:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Веќе не е ни смешно“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veke-ne-e-ni-smeshno/ 32 32 Праизведба на „Веќе не е ни смешно“ на Сашо Кокаланов во Театар Комедија во режија на Срѓан Јаниќиевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/praizvedba-na-veke-ne-e-ni-smeshno-na-sasho-kokalanov-vo-teatar-komedija-vo-rezhija-na-srgan-janikievik/ Tue, 11 Apr 2023 07:08:09 +0000 https://republika.mk/?p=629660

Денеска, во 20 часот во Театар Комедија премиерно ќе биде прикажана праизведба на пиесата „Веќе не е ни смешно“ на авторот Сашо Кокаланов, а во режија на Срѓан Јаниќиевиќ. „Веќе не е ни смешно“ е црна комедија за комедијата денес, велат од Театар Комедија.

Во претставата играат Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Жаклина Петровска и Виктор Арсов.

Комедијата на Кокаланов е инспирирана од „Човек што плаче од смеење“ на Фредерик Бегбеде и „Човекот што се смее“ на Виктор Иго. Во неа ќе препознаете и алузии на филмот „Џокер“ на Тод Филипс; на тажниот живот на големите мајстори на хуморот, како Робин Вилијамс, но, за жал, и на „кловновите“ околу нас, кои безмилосно ја освоија сцената на смеата.

Костимограф на претставата е Лидија Георгиева, сценографијата е на Марија Ветерова, музиката е на Игор Василев – Новоградска, од останатите соработници автор на плакатот е Мартина Петровска, фото – Кире Галевски и видео – Машина продакшн и светло – Илија Тарчуговски.

 

The post Праизведба на „Веќе не е ни смешно“ на Сашо Кокаланов во Театар Комедија во режија на Срѓан Јаниќиевиќ appeared first on Република.

]]>

Денеска, во 20 часот во Театар Комедија премиерно ќе биде прикажана праизведба на пиесата „Веќе не е ни смешно“ на авторот Сашо Кокаланов, а во режија на Срѓан Јаниќиевиќ. „Веќе не е ни смешно“ е црна комедија за комедијата денес, велат од Театар Комедија. Во претставата играат Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Жаклина Петровска и Виктор Арсов. Комедијата на Кокаланов е инспирирана од „Човек што плаче од смеење“ на Фредерик Бегбеде и „Човекот што се смее“ на Виктор Иго. Во неа ќе препознаете и алузии на филмот „Џокер“ на Тод Филипс; на тажниот живот на големите мајстори на хуморот, како Робин Вилијамс, но, за жал, и на „кловновите“ околу нас, кои безмилосно ја освоија сцената на смеата. Костимограф на претставата е Лидија Георгиева, сценографијата е на Марија Ветерова, музиката е на Игор Василев – Новоградска, од останатите соработници автор на плакатот е Мартина Петровска, фото – Кире Галевски и видео – Машина продакшн и светло – Илија Тарчуговски.  

The post Праизведба на „Веќе не е ни смешно“ на Сашо Кокаланов во Театар Комедија во режија на Срѓан Јаниќиевиќ appeared first on Република.

]]>