вејн руни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vejn-runi/ За подобро да се разбереме Sat, 25 May 2024 20:07:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вејн руни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vejn-runi/ 32 32 Вејн Руни ќе го преземе нисколигашот Плимут https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vejn-runi-ke-go-prezeme-niskoligashot-plimut/ Sat, 25 May 2024 20:15:38 +0000 https://republika.mk/?p=781723

Легендата на англискиот фудбал Вејн Руни е на чекор да седне на клупата на второлигашот Плимут, јави денеска агенцијата ДПА.

Според истиот извор, 38-годишниот поранешен англиски репрезентативец веќе ги договорил личните услови со клубот од Чемпионшип. Се очекува Руни да потпише тригодишен договор.

Поранешната легенда на Манчестер Јунајтед е без тренерски ангажман од средината на јануари кога доби отказ на клупата на Бирмингем.
Плимут сезоната ја заврши на 21. во англискиот Чемпионшип и избегна испаѓање во понизок ранг

The post Вејн Руни ќе го преземе нисколигашот Плимут appeared first on Република.

]]>

Легендата на англискиот фудбал Вејн Руни е на чекор да седне на клупата на второлигашот Плимут, јави денеска агенцијата ДПА. Според истиот извор, 38-годишниот поранешен англиски репрезентативец веќе ги договорил личните услови со клубот од Чемпионшип. Се очекува Руни да потпише тригодишен договор. Поранешната легенда на Манчестер Јунајтед е без тренерски ангажман од средината на јануари кога доби отказ на клупата на Бирмингем. Плимут сезоната ја заврши на 21. во англискиот Чемпионшип и избегна испаѓање во понизок ранг

The post Вејн Руни ќе го преземе нисколигашот Плимут appeared first on Република.

]]>
Руни ќе биде фудбалска легенда во Англија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/runi-ke-bide-fudbalska-legenda-vo-anglija/ Wed, 06 Mar 2024 14:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=751956

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Евертон, Вејн Руни ќе ја добие наградата Фудбалска легенда во Англија, пренесува „Дејли мејл“.

Според британскиот весник, Руни ќе ја добие наградата како признание за неговата посветеност кон селекцијата на Англија. Оваа награда ќе ја добие и Фара Вилијамс.

Руни постигна 53 гола на 120 натпревари за Англија и е вториот најдобар стрелец во историјата на земјата. Во март 2023 година, тој беше надминат од Хари Кејн.

Вилијамс одигра 172 натпревари за националниот тим во текот на 20-годишната кариера во која ја претставуваше Англија на седум големи турнири, сè уште најмногу од која било англиска фудбалерка.

Првата награда на Фудбалските легенди му беше доделена на играчот од Велс, Лидс и Јувентус, Џон Чарлс во 1997 година. Помеѓу добитниците се и Сер Стенли Метју, Сер Алекс Фергусон, Дејвид Бекам

The post Руни ќе биде фудбалска легенда во Англија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Евертон, Вејн Руни ќе ја добие наградата Фудбалска легенда во Англија, пренесува „Дејли мејл“. Според британскиот весник, Руни ќе ја добие наградата како признание за неговата посветеност кон селекцијата на Англија. Оваа награда ќе ја добие и Фара Вилијамс. Руни постигна 53 гола на 120 натпревари за Англија и е вториот најдобар стрелец во историјата на земјата. Во март 2023 година, тој беше надминат од Хари Кејн. Вилијамс одигра 172 натпревари за националниот тим во текот на 20-годишната кариера во која ја претставуваше Англија на седум големи турнири, сè уште најмногу од која било англиска фудбалерка. Првата награда на Фудбалските легенди му беше доделена на играчот од Велс, Лидс и Јувентус, Џон Чарлс во 1997 година. Помеѓу добитниците се и Сер Стенли Метју, Сер Алекс Фергусон, Дејвид Бекам

The post Руни ќе биде фудбалска легенда во Англија appeared first on Република.

]]>
Руни откри кој соиграч му бил омилен https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/runi-otkri-koj-soigrach-mu-bil-omilen/ Tue, 15 Feb 2022 21:03:10 +0000 https://republika.mk/?p=459050

Иако во текот на својата плодна кариера настапуваше со голем број фудбалски ѕвезди, најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, изненади многумина со својот одговор кој му бил најмил соиграч на „Олд Трафорд“.

– Уживав да играм покрај Карлос Тевез. Едноставно ми се допаѓаше нашата поврзаност на теренот, обелодени Руни во разговор за „SPORTbible“.

Руни во текот на својата кариера играше со бројни врвни напаѓачи, меѓу кои и Кристијано Роналдо, Руд ван Нистелрој, Робин ван Перси, Луис Саха, Димитар Бербатов … но рече дека најдобро се согласувал со Аргентинецот Тевез.

– Како партнер во нападот тој беше фудбалерот со кого најмногу уживав да играм. Со Тевез можев да ротирам, јас ќе бев број. 9, а тој ќе ја земеше „десетката“, па потоа ќе се заменевме. Кога ќе загубевме топка, бевме како бик кого се обидуваат да го вратат, додаде Руни.

Во дресот на Манчестер јунајтед, Руни и Тевез заедно играа две години и освоија вкупно шест титули, од кои две англиски првенства и Лигата на шампиони

The post Руни откри кој соиграч му бил омилен appeared first on Република.