вечера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vechera/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Aug 2023 12:41:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вечера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vechera/ 32 32 Мицотакис органзира неформална средба на 21 август во Атина на лидерите од Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-organzira-neformalna-sredba-na-21-avgust-vo-atina-na-liderite-od-zapaden-balkan/ Fri, 18 Aug 2023 12:41:22 +0000 https://republika.mk/?p=673424

Неформална средба на 21 август во Атина на лидерите од Западен Балкан организира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по повод одбележување на 20 години од „Декларацијата во Солун“, јавуваат грчките медиуми. Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и косовскиот премиер Албин Курти се најавени дека ќе присуствуваат на ова средба.

На оваа средба бил поканет претседателот на Албанија Бајрам Бегај, кој како што јавуваат грчките медиуми нема да присуствува. Дополнително се очекува на средбата да присуствуваат и Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

„Иницијативата Мицотакис да ги покани лидерите од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ во замокот Максимос на вечера-неформална дискусија за проширувањето и европската иднина на регионот, ја нагласува улогата на Грција како столб на стабилност, мир и енергетска безбедност на Балканот и во југоисточна Европа“, велат владини извори за грчката државна новинска агенција.

Оваа средба е закажана по повод 20-годишнината од „Декларацијата од Солун“ на Самитот ЕУ-Западен Балкан што во суштина го отвори патот за интеграција на многу земји од областа во ЕУ.

Поврзување на перспективата за членство со почитувањето на основните вредности на ЕУ од страна на државите од Западниот Балкан, но и со регионалната соработка, процесот на стабилизација и асоцијација (ПСА) ќе биде рамката на процесот на интеграција сѐ до членството во ЕУ, беа дел од основните постулати на Солунската декларација.

Со неа се унапреди процесот на набљудување и оценка преку годишните извештаи по моделот на оние за источните кандидати и се воведоа европски партнерства, како документ кој треба да ги води реформите. Се воведе редовниот економски дијалог и инструментите за пристапна помош КАРДС и ИПА.

На неформалната вечера ќе учествуваат и лидерите на земјите од регионот кои се членки на ЕУ: премиерот на Бугарија Николај Денков, на Хрватска Андреј Пленковиќ и на Романија Јон-Марсел Чиолаку.

The post Мицотакис органзира неформална средба на 21 август во Атина на лидерите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Неформална средба на 21 август во Атина на лидерите од Западен Балкан организира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по повод одбележување на 20 години од „Декларацијата во Солун“, јавуваат грчките медиуми. Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и косовскиот премиер Албин Курти се најавени дека ќе присуствуваат на ова средба. На оваа средба бил поканет претседателот на Албанија Бајрам Бегај, кој како што јавуваат грчките медиуми нема да присуствува. Дополнително се очекува на средбата да присуствуваат и Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. „Иницијативата Мицотакис да ги покани лидерите од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ во замокот Максимос на вечера-неформална дискусија за проширувањето и европската иднина на регионот, ја нагласува улогата на Грција како столб на стабилност, мир и енергетска безбедност на Балканот и во југоисточна Европа“, велат владини извори за грчката државна новинска агенција. Оваа средба е закажана по повод 20-годишнината од „Декларацијата од Солун“ на Самитот ЕУ-Западен Балкан што во суштина го отвори патот за интеграција на многу земји од областа во ЕУ. Поврзување на перспективата за членство со почитувањето на основните вредности на ЕУ од страна на државите од Западниот Балкан, но и со регионалната соработка, процесот на стабилизација и асоцијација (ПСА) ќе биде рамката на процесот на интеграција сѐ до членството во ЕУ, беа дел од основните постулати на Солунската декларација.
Со неа се унапреди процесот на набљудување и оценка преку годишните извештаи по моделот на оние за источните кандидати и се воведоа европски партнерства, како документ кој треба да ги води реформите. Се воведе редовниот економски дијалог и инструментите за пристапна помош КАРДС и ИПА. На неформалната вечера ќе учествуваат и лидерите на земјите од регионот кои се членки на ЕУ: премиерот на Бугарија Николај Денков, на Хрватска Андреј Пленковиќ и на Романија Јон-Марсел Чиолаку.

The post Мицотакис органзира неформална средба на 21 август во Атина на лидерите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Oрганска храна, цедени сокови и скапи води: Петков го нагостил Ковачевски со вечера од 9.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/organska-hrana-cedeni-sokovi-i-skapi-vodi-petkov-go-nagostil-kovachevski-so-vechera-od-9-000-evra/ Tue, 20 Sep 2022 06:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=552470

Бугарскиот медиум епицентар.бг објави дека вечерата која на 24-ти јануари оваа година бугарскиот премиер ја организирал за својот колега од Македонија Димитар Ковачевски била најскапа од сите официјални вечери организирани од Кирил Петков.

За вечерата на Петков со Ковачевски, Бугарија потрошила 18.002,7 бугарски левови (околу 9.000 евра односно околу 550 илјади денари) покажуваат податоците добиени по слободен пристап на информации. Вечерата ја приготвила и фактурирала фирмата Елит травел интернешнл.

За разлика од вечерата со гостите од Македонија, официјалниот ручек на Петков со германскиот канцелар Олаф Шолц во јуни (кога германскиот лидер се обидуваше да го „стопи“ бугарското вето за Македонија) била трипати поефтина од онаа со Ковачевски. Ручекот со Шолц чинел 3.603 левови (1.800 евра). Вечерата пак на Петков со холандскиот премиер која содржела италијанска храна чинел 3.660 левови (1.830 евра).

Вечерата со албанскиот претседател Илир Мета која Петков ја организирал во април чинела 2.088 левови, додека на официјалниот обед со потпретседателот на Гугл, Петков со гостите изел и испил речиси 2 илјади лева односно помалку од илјада евра.

Иако вечерата со Ковачевски (кому ова му беше прва официјална посета во странство) според сметката е „најмрсна“ во списокот на трошоци, бугарските новинари наведуваат дека Петков всушност барал и добивал органска храна, овошје и зеленчук, а пиел скапи води и цедени сокови од свежо овошје.

Единственото алиби за Петков е дека вечерата со Ковачевски е најскапа доколку на неа седеле сите гости од Македонија, а тогаш во Софија покрај македонскиот премиер патуваа вицепремиерите Артан Груби, Славица Грковска, Фатмир Битиќи, како и министрите Османи, Бочварски, Бесими, Бектеши, Костадиновска-Стојчевска, Нуредини и Ајети. Беше планиран и вицепремиерот Бојан Маричиќ, но тој остана во Скопје поради инфекција со Ковид.

The post Oрганска храна, цедени сокови и скапи води: Петков го нагостил Ковачевски со вечера од 9.000 евра appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот медиум епицентар.бг објави дека вечерата која на 24-ти јануари оваа година бугарскиот премиер ја организирал за својот колега од Македонија Димитар Ковачевски била најскапа од сите официјални вечери организирани од Кирил Петков. За вечерата на Петков со Ковачевски, Бугарија потрошила 18.002,7 бугарски левови (околу 9.000 евра односно околу 550 илјади денари) покажуваат податоците добиени по слободен пристап на информации. Вечерата ја приготвила и фактурирала фирмата Елит травел интернешнл. За разлика од вечерата со гостите од Македонија, официјалниот ручек на Петков со германскиот канцелар Олаф Шолц во јуни (кога германскиот лидер се обидуваше да го „стопи“ бугарското вето за Македонија) била трипати поефтина од онаа со Ковачевски. Ручекот со Шолц чинел 3.603 левови (1.800 евра). Вечерата пак на Петков со холандскиот премиер која содржела италијанска храна чинел 3.660 левови (1.830 евра). Вечерата со албанскиот претседател Илир Мета која Петков ја организирал во април чинела 2.088 левови, додека на официјалниот обед со потпретседателот на Гугл, Петков со гостите изел и испил речиси 2 илјади лева односно помалку од илјада евра. Иако вечерата со Ковачевски (кому ова му беше прва официјална посета во странство) според сметката е „најмрсна“ во списокот на трошоци, бугарските новинари наведуваат дека Петков всушност барал и добивал органска храна, овошје и зеленчук, а пиел скапи води и цедени сокови од свежо овошје. Единственото алиби за Петков е дека вечерата со Ковачевски е најскапа доколку на неа седеле сите гости од Македонија, а тогаш во Софија покрај македонскиот премиер патуваа вицепремиерите Артан Груби, Славица Грковска, Фатмир Битиќи, како и министрите Османи, Бочварски, Бесими, Бектеши, Костадиновска-Стојчевска, Нуредини и Ајети. Беше планиран и вицепремиерот Бојан Маричиќ, но тој остана во Скопје поради инфекција со Ковид.

The post Oрганска храна, цедени сокови и скапи води: Петков го нагостил Ковачевски со вечера од 9.000 евра appeared first on Република.

]]>