Вечер на танцови филмови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vecher-na-tancovi-filmovi/ За подобро да се разбереме Tue, 17 May 2022 09:34:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вечер на танцови филмови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vecher-na-tancovi-filmovi/ 32 32 Три филма посветени на танцот вечерва во Џепното кино во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tri-filma-posveteni-na-tancot-vecherva-vo-dzepnoto-kino-vo-mkc/ Tue, 17 May 2022 09:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=503258

Вечерва во Џепното кино, во МКЦ, со почеток во 21 часот, фестивалот Танц Фест Скопје ќе претстави тројца млади автори, во серијата Современи кореографски идентитети.

Премиерно ќе биде прикажан филмот „2 0 2 0 “ (Во потрага по оптимизам и други чудовишта) во режија на Дора Кокољ, кореографија на Дора Кокољ и Миа Штарк. Директор на фотографија е Марко Далич, монтажата на Дора Кокољ колор и корекција на Марко Далич, на музика на Лука Томан. Настапуваат Дора Кокољ и Миа Штарк, а илустрацијата е на Орла Бирд.

Следува „Витро“ на Филип Петковски, филм кој е инспириран од македонски ритуали и легенди кои ја опфаќаат природата, „Витро“ ги истражува живоста и трансформацијата како суштински аспекти кај движењето на човечкото тело и движење во природата. Режијата и кореографијата се на Филип Петковски, а настапуваат Адријана Данчевска, Мими Поп Алексова, Дејан Битровски, Матеја Јанковска и Филип Петковски. Камера и фотографијата се на Марко Марјановиќ, Теодор Ангеловски и Жарко Чулиќ, а монтажата на Кирил Манчевски. Користена е музика на Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Ерик Сати и Пјтор Илич Чајковски.

Третиот филм кој публиката ќе може да го проследи е „Home/the movie“ (последен пресек, консензусна реалност), во режија и кореографија на Адријана Данчевска, а визуелен уметник е Ивана Мојсовска. Камерата е на Марко Марјановиќ и Тео Ангеловски, музиката на Claude Debussy, Fierce, Wolfgang Amadeus Mozart, Виктор Филиповски, Бојан Филиповски. Пост продукцијата е на Адријана Данчевска, Тео Ангеловски, Ивана Мојсовска, а настапуваат Наталија Теодосиева, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Ивана Мојсовска, Адријана Данчевска, Филип Петковски, Стела Поповска, Рената Несторовска, Иван Ангелковски, Александра Велкова.

Кокољ е алумни на Скопје танцовиот театар. Таа е танчерка, изведувач и кореограф со седиште во Загреб. Дипломира на Скопје танцовата академија, а магистрира педагогија и историја на уметност на Филозофскиот факултет во Загреб. Таа е член на Хрватското здружение на слободни уметници.

Петковски е кореограф, режисер и доктор на науки по културолошки студии и изведбени уметности. До 2020, Петковски работи како асистент на Катедрата за светска уметност, култура и танц на УКЛА како и на Катедрата за историја на уметност. Низ годините, се јавува како режисер на девет театарски претстави режирани во Македонија, Норвешка и САД, како и танцовиот филм vitro. премиерно прикажан на Танц Фест 2021. Тој е и автор на мултимедијалната изложба vita. која беше прикажана во неколку галерии низ Франција и на Photo Vogue фестивалот во Милано, организиран од Vogue Italia.

Данчевска е дел од првата генерација млади кореографи на Скопје танцовиот театар, првата официјална компанија за современ танц во Македонија, предводена од Рисима Рисимкин. Во 2019 година Данчевска стана асистент на Катедрата за современ танц на Филмската академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Магистрира кореографија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА, Скопје-Париз-Њу Јорк во 2019 година, каде што и дипломирала во 2014 година на Скопје Танцовата Академија. Таа беше дел од наставниот тим на првиот летен танцов камп CЕEEC во Кина, 2015 година. Истата година работеше како танчерка во „Танец Праха“ со Јукио Сузуки (Јапонија) и „Балкански танцов проект вол. 1“ со Игор Киров (Македонија) и Александар Илиќ (Србија).  „Дома/филмот”(2020) е првиот македонски танцов филм во режија и кореографија на Адријана. Истата година ја создава и претставата „Дома/перформансот“. Двете дела беа премиерно прикажани на Танц фест Скопје 2020 и двете продукции беа работени за време на Ковид-19. Нејзиното последно дело е „Не допирај ми ги очите“, претстава која ја отсликува македонската политичка ситуација, премиерно прикажана на први јуни 2021 година на Танц фест Скопје.

The post Три филма посветени на танцот вечерва во Џепното кино во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Џепното кино, во МКЦ, со почеток во 21 часот, фестивалот Танц Фест Скопје ќе претстави тројца млади автори, во серијата Современи кореографски идентитети. Премиерно ќе биде прикажан филмот „2 0 2 0 “ (Во потрага по оптимизам и други чудовишта) во режија на Дора Кокољ, кореографија на Дора Кокољ и Миа Штарк. Директор на фотографија е Марко Далич, монтажата на Дора Кокољ колор и корекција на Марко Далич, на музика на Лука Томан. Настапуваат Дора Кокољ и Миа Штарк, а илустрацијата е на Орла Бирд. Следува „Витро“ на Филип Петковски, филм кој е инспириран од македонски ритуали и легенди кои ја опфаќаат природата, „Витро“ ги истражува живоста и трансформацијата како суштински аспекти кај движењето на човечкото тело и движење во природата. Режијата и кореографијата се на Филип Петковски, а настапуваат Адријана Данчевска, Мими Поп Алексова, Дејан Битровски, Матеја Јанковска и Филип Петковски. Камера и фотографијата се на Марко Марјановиќ, Теодор Ангеловски и Жарко Чулиќ, а монтажата на Кирил Манчевски. Користена е музика на Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Ерик Сати и Пјтор Илич Чајковски. Третиот филм кој публиката ќе може да го проследи е „Home/the movie“ (последен пресек, консензусна реалност), во режија и кореографија на Адријана Данчевска, а визуелен уметник е Ивана Мојсовска. Камерата е на Марко Марјановиќ и Тео Ангеловски, музиката на Claude Debussy, Fierce, Wolfgang Amadeus Mozart, Виктор Филиповски, Бојан Филиповски. Пост продукцијата е на Адријана Данчевска, Тео Ангеловски, Ивана Мојсовска, а настапуваат Наталија Теодосиева, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Ивана Мојсовска, Адријана Данчевска, Филип Петковски, Стела Поповска, Рената Несторовска, Иван Ангелковски, Александра Велкова. Кокољ е алумни на Скопје танцовиот театар. Таа е танчерка, изведувач и кореограф со седиште во Загреб. Дипломира на Скопје танцовата академија, а магистрира педагогија и историја на уметност на Филозофскиот факултет во Загреб. Таа е член на Хрватското здружение на слободни уметници. Петковски е кореограф, режисер и доктор на науки по културолошки студии и изведбени уметности. До 2020, Петковски работи како асистент на Катедрата за светска уметност, култура и танц на УКЛА како и на Катедрата за историја на уметност. Низ годините, се јавува како режисер на девет театарски претстави режирани во Македонија, Норвешка и САД, како и танцовиот филм vitro. премиерно прикажан на Танц Фест 2021. Тој е и автор на мултимедијалната изложба vita. која беше прикажана во неколку галерии низ Франција и на Photo Vogue фестивалот во Милано, организиран од Vogue Italia. Данчевска е дел од првата генерација млади кореографи на Скопје танцовиот театар, првата официјална компанија за современ танц во Македонија, предводена од Рисима Рисимкин. Во 2019 година Данчевска стана асистент на Катедрата за современ танц на Филмската академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Магистрира кореографија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА, Скопје-Париз-Њу Јорк во 2019 година, каде што и дипломирала во 2014 година на Скопје Танцовата Академија. Таа беше дел од наставниот тим на првиот летен танцов камп CЕEEC во Кина, 2015 година. Истата година работеше како танчерка во „Танец Праха“ со Јукио Сузуки (Јапонија) и „Балкански танцов проект вол. 1“ со Игор Киров (Македонија) и Александар Илиќ (Србија).  „Дома/филмот”(2020) е првиот македонски танцов филм во режија и кореографија на Адријана. Истата година ја создава и претставата „Дома/перформансот“. Двете дела беа премиерно прикажани на Танц фест Скопје 2020 и двете продукции беа работени за време на Ковид-19. Нејзиното последно дело е „Не допирај ми ги очите“, претстава која ја отсликува македонската политичка ситуација, премиерно прикажана на први јуни 2021 година на Танц фест Скопје.

The post Три филма посветени на танцот вечерва во Џепното кино во МКЦ appeared first on Република.

]]>