ваучери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vaucheri/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 15:01:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ваучери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vaucheri/ 32 32 Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pochna-dodeluvaneto-vaucheri-za-inverter-klima-uredi-od-povikot-objaven-vo-fevruari-godinava-2/ Sun, 03 Nov 2024 16:03:16 +0000 https://republika.mk/?p=833795

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е почнато доделувањето ваучери за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди, наменети за домаќинствата кои ги исполнуваат критериумите на јавниот повик, објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 1 февруари 2024. Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2024 година, се доделуваат над 6000 ваучери за инвертер клима-уреди.

Списоците на избрани корисници, како и списоците на правни субјекти со кои Министерството има склучено договор за реализација на ваучерите, се објавени на веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини https://www.ea.gov.mk/. Овие информации се јавни и достапни за сите заинтересирани. Со цел појаснување на процесот, важно е да се напомене дека конкурсот и изборот на корисниците беа управувани од Министерството за економија, кое беше надлежно и за евалуација и за конечниот избор на граѓаните кои ги исполнуваат условите, како и избор на правните субјекти каде граѓаните ќе можат да ги искористат овие ваучери. По направениот избор, Министерството за енергетика ја презеде обврската за организирање и спроведување на доделувањето на ваучерите. Овој обемен процес е успешно координиран од тимот на Министерството, обезбедувајќи навремено доделување на ваучерите пред почетокот на зимската сезона, информира Министерството за енергетика.

Како што се посочува во соопштението, по објавата на списоците, почнале со дистрибуција на ваучерите до општините. Тие ќе може да се подигнат во специјални регионални канцеларии кои се отворени само за оваа намена. Точната локација и работното време на канцелариите ќе биде дополнително објавено на веб-страницата на Министерството.

Граѓаните можат да ги искористат ваучерите за набавка на инвертер клима-уреди најдоцна до 30 ноември 2024. По овој датум, неискористените ваучери ќе се сметаат за неважечки. Согласно Јавниот оглас за финансиска поддршка преку доделување потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди за ранливи потрошувачи за 2024 година, предвидени се ваучери од 27.000 денари за лица со ниски примања (приходи до 21.000 денари за самец, 30.000 денари за домаќинство со два члена, и 35.000 денари за домаќинство со три члена). За домаќинства со четири члена, предвиден е ваучер од 30.000 денари, а за домаќинства со пет или повеќе члена – 45.000 денари. Дополнително, за неранливи потрошувачи од Пелагонискиот и Југозападниот регион предвидени се ваучери од 25.000 денари, а за останатите региони - по 23.000 денари, наведуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

The post Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава appeared first on Република.

]]>

Мицкоски: За студентите ваучери од 250 евра, до 30 илјади евра за бизнис за млади и 600 вработувања за млади лекари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-studentite-vaucheri-od-250-evra-do-30-iljadi-evra-za-biznis-za-mladi-i-600-vrabotuvana-za-mladi-lekari/ Mon, 07 Oct 2024 19:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=823963

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за младите истакна дека владата за студентите понуди проект од 250 евра за електронски уред, но и до 30.000 евра за бизнис за млади, покрај тоа во тек е огласот за вработување на 600 млади лекари специјализанти.

Премиерот Мицкоски посочи дека иселувањето на младите е акутен проблем и потребно е владата да направи многу и да понуди повеќе од тоа до сега за да ги задржиме младите.

Сепак младите треба да разберат дека дома при еднакво понудени услови од страна на Владата има можност да се успее. Во моментот потреба од нови млади кадри има буквално во секоја институција. Не е решение да се отиде некаде надвор и да се работи различно од тоа за кое сте се школувале тука. Во таа насока понудивме два проекти кои цениме дека можат да значат додадена вредност, покрај оној проект кој беше целосно даночно ослободување за вработување на млад човек до 29 години кој е содржан веќе во програмата која ја имаше ВМРО-ДПМНЕ изборите - рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека првиот проект е ваучер од 250 евра за набавка на електронски уреди, средства кои ќе бидат понудени во буџетот за следната година за сите студенти, за сите универзитети, тоа се над 50.000 студенти.

Фонд од 10 милиони евра со кој ќе се стимулираат стартап бизниси на млади луѓе кои имаат идеја во зависност од бизнис планот во вредност од 1.000 до 30.000 евра. Цениме дека на овој начин можеме да допринесеме многу повеќе отколку да финансираме проекти за тренирање магариња, иновативни рецепти за правење на пица, и така натаму. Дали е доволно, не е, но ќе продолжиме да работиме понатаму - додаде Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека ќе треба уште, но е чекор напред, како и дека мора заедно со младите заедно да се согласиме дека и дома доколку имаме среден систем и дисциплинирани институции може многу да се направи и многу да се успее.

Што се однесува до лекари специјализанти први кажавме дека на 600 ќе им биде понудена работа во здравствените институции и тој оглас тече и тоа функционира врз база на таа владина одлука за 300 оваа година и 300 следната година. Ќе им биде понудено да бидат вработени во здравствените институции онаму каде ќе биде потребно - рече Мицкоски.

The post Мицкоски: За студентите ваучери од 250 евра, до 30 илјади евра за бизнис за млади и 600 вработувања за млади лекари appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за младите истакна дека владата за студентите понуди проект од 250 евра за електронски уред, но и до 30.000 евра за бизнис за млади, покрај тоа во тек е огласот за вработување на 600 млади лекари специјализанти. Премиерот Мицкоски посочи дека иселувањето на младите е акутен проблем и потребно е владата да направи многу и да понуди повеќе од тоа до сега за да ги задржиме младите.
Сепак младите треба да разберат дека дома при еднакво понудени услови од страна на Владата има можност да се успее. Во моментот потреба од нови млади кадри има буквално во секоја институција. Не е решение да се отиде некаде надвор и да се работи различно од тоа за кое сте се школувале тука. Во таа насока понудивме два проекти кои цениме дека можат да значат додадена вредност, покрај оној проект кој беше целосно даночно ослободување за вработување на млад човек до 29 години кој е содржан веќе во програмата која ја имаше ВМРО-ДПМНЕ изборите - рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека првиот проект е ваучер од 250 евра за набавка на електронски уреди, средства кои ќе бидат понудени во буџетот за следната година за сите студенти, за сите универзитети, тоа се над 50.000 студенти.
Фонд од 10 милиони евра со кој ќе се стимулираат стартап бизниси на млади луѓе кои имаат идеја во зависност од бизнис планот во вредност од 1.000 до 30.000 евра. Цениме дека на овој начин можеме да допринесеме многу повеќе отколку да финансираме проекти за тренирање магариња, иновативни рецепти за правење на пица, и така натаму. Дали е доволно, не е, но ќе продолжиме да работиме понатаму - додаде Мицкоски.
Премиерот Мицкоски нагласи дека ќе треба уште, но е чекор напред, како и дека мора заедно со младите заедно да се согласиме дека и дома доколку имаме среден систем и дисциплинирани институции може многу да се направи и многу да се успее.
Што се однесува до лекари специјализанти први кажавме дека на 600 ќе им биде понудена работа во здравствените институции и тој оглас тече и тоа функционира врз база на таа владина одлука за 300 оваа година и 300 следната година. Ќе им биде понудено да бидат вработени во здравствените институции онаму каде ќе биде потребно - рече Мицкоски.

The post Мицкоски: За студентите ваучери од 250 евра, до 30 илјади евра за бизнис за млади и 600 вработувања за млади лекари appeared first on Република.

]]>
Ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vaucheri-za-tableti-za-site-studenti-vo-vrednost-od-250-evra/ Sun, 06 Oct 2024 15:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=823528

Владата ќе поддржи во наредните месец дена, преку јасни критериуми и јасен систем, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди, за сите, повторувам за сите студенти во државава, за сите до еден, вели Христијан Мицкоски во текот на своето обраќање по повод 33 Годишна Конференција на Унијата на млади сили што се одржа во Охрид.

Тој смета дека на овој начин се создаваат услови за младите да можат да делуваат, да учат, создаваат, и да стекнуваат вештини кои подоцна ќе бидат применети за иднината и за Македонија.

Младите се сила, иднина и нашата надеж, но сето тоа е бесполезно ако ние не им создадеме услови, дециден е Мицкоски.

Според него со оваа мерка сите студенти ќе имаат пристап до електронски уреди со што ќе можат да го следат светот на дланка и да се градат како личности што не било случај во минатото за најголемиот дел од младите.

https://youtu.be/p9E7B8UChKM?si=dKoQFhBmsRy61Ov2

The post Ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра appeared first on Република.

]]>

Владата ќе поддржи во наредните месец дена, преку јасни критериуми и јасен систем, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди, за сите, повторувам за сите студенти во државава, за сите до еден, вели Христијан Мицкоски во текот на своето обраќање по повод 33 Годишна Конференција на Унијата на млади сили што се одржа во Охрид. Тој смета дека на овој начин се создаваат услови за младите да можат да делуваат, да учат, создаваат, и да стекнуваат вештини кои подоцна ќе бидат применети за иднината и за Македонија.
Младите се сила, иднина и нашата надеж, но сето тоа е бесполезно ако ние не им создадеме услови, дециден е Мицкоски.
Според него со оваа мерка сите студенти ќе имаат пристап до електронски уреди со што ќе можат да го следат светот на дланка и да се градат како личности што не било случај во минатото за најголемиот дел од младите. https://youtu.be/p9E7B8UChKM?si=dKoQFhBmsRy61Ov2

The post Ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра appeared first on Република.

]]>
Од денеска започнува доделувањето на ваучери-потврди за туризам од 18.000 денари за работници со ниски приходи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-deneska-zapochnuva-dodeluvaneto-na-vaucheri-potvrdi-za-turizam-od-18-000-denari-za-rabotnitsi-so-niski-prihodi/ Thu, 05 Sep 2024 17:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=813475

Согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година, од денеска започнува доделувањето на ваучерите-потврди за одмор за работници со ниски приходи, објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Министерството за економија и труд ја објави листата на лицата кои аплицирале и се добитници на ваучери согласно јавниот повик објавен на почетокот на годината.
"Решенијата за граѓаните кои аплицирале, ги исполниле условите согласно јавниот повик се потпишани, согласно принципот прв дојден прв услужен. Ваучери за одмор за работници со ниски приходи во домашните туристички капацитети во вредност од 18.000 денари ќе добијат 1.777 лица" соопшти министерот Дурмиши.
Министерството за економија и труд ќе издава ваучери-потврди за работници со ниски приходи до исцрпување на средствата предвидени со Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година.
Главната цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да можат да ги посетат домашните туристички центри и истовремено да им се помогне на домашните туристички капацитети да го зголемат обемот на работа надвор од туристичката сезона.
По ребалансот на буџетот, за оваа мерка се предвидени вкупно 32 милиони денари за 1777 ваучери-потврди за лица со ниски приходи кои ќе можат да ги користат во некој од туристичките центри во нашата земја.
Овие ваучери може да се користат од 15 септември до 1 декември во некој од угостителските објекти за сместување кои се пријавиле во Министерство за економија и труд. Списокот на хотели и победнички лица ќе можете да го најдете на веб-страницата на MEP.
Министерството за економија и труд продолжува посветено да ги поддржува компаниите, граѓаните и туристичките центри во земјата, а транспарентноста ќе биде примарна за нас.

The post Од денеска започнува доделувањето на ваучери-потврди за туризам од 18.000 денари за работници со ниски приходи appeared first on Република.

]]>

Согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година, од денеска започнува доделувањето на ваучерите-потврди за одмор за работници со ниски приходи, објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Министерството за економија и труд ја објави листата на лицата кои аплицирале и се добитници на ваучери согласно јавниот повик објавен на почетокот на годината. "Решенијата за граѓаните кои аплицирале, ги исполниле условите согласно јавниот повик се потпишани, согласно принципот прв дојден прв услужен. Ваучери за одмор за работници со ниски приходи во домашните туристички капацитети во вредност од 18.000 денари ќе добијат 1.777 лица" соопшти министерот Дурмиши. Министерството за економија и труд ќе издава ваучери-потврди за работници со ниски приходи до исцрпување на средствата предвидени со Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година. Главната цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да можат да ги посетат домашните туристички центри и истовремено да им се помогне на домашните туристички капацитети да го зголемат обемот на работа надвор од туристичката сезона. По ребалансот на буџетот, за оваа мерка се предвидени вкупно 32 милиони денари за 1777 ваучери-потврди за лица со ниски приходи кои ќе можат да ги користат во некој од туристичките центри во нашата земја. Овие ваучери може да се користат од 15 септември до 1 декември во некој од угостителските објекти за сместување кои се пријавиле во Министерство за економија и труд. Списокот на хотели и победнички лица ќе можете да го најдете на веб-страницата на MEP. Министерството за економија и труд продолжува посветено да ги поддржува компаниите, граѓаните и туристичките центри во земјата, а транспарентноста ќе биде примарна за нас.

The post Од денеска започнува доделувањето на ваучери-потврди за туризам од 18.000 денари за работници со ниски приходи appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за случајот со спортските ваучери: Обвинителството треба да работи независно и согласно закон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kovachevski-za-sluchajot-so-sportskite-vaucheri-obvinitelstvoto-treba-da-raboti-nezavisno-i-soglasno-zakon/ Thu, 02 May 2024 19:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=773524

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска прашан за случајот со распределбата на средства од ваучер системот од Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет (МОК) изјави дека Обвинителството треба да работи независно и согласно закон.

– Обвинителството треба да работи согласно закон независно и секој поединец во државата да може да има фер процес во кој може да ги докаже врз основа на факти случувањата што се случувале и немам што повеќе да додадам. Партија не води судски случаи, Обвинителство води судски случаи, рече Ковачевски по средбата со раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија.

На прашањето дали ќе побара одговорност од директорите, претседателот на СДСМ потенцира дека доколку тој биде премиер со институциите ќе раководат многу нови кадри.

– Едниот не е веќе директор, вториот по 8 мај секако дека нема да биде директор, било да сум јас премиер или не, со оглед на тоа сигурно доколку граѓаните се определат да дадат доверба на СДСМ и на коалицијата „За европска иднина“ да формираат влада, тогаш ќе имаме многу нови кадри кои ќе управуваат со институциите, рече Ковачевски.

По иницијатива на Антикорупциската комисија од претходниот состав, Скопското обвинителство на 30 април поднесе обвинителен предлог до Кривичниот суд Скопје против 12 лица од Агенцијата за млади и спорт, неофицијално на чело со Наумче Мојсовски, но и против лица од Македонскиот олимписки комитет, за злоупотреба на службената положба и за Несовесно работење.

– За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерки на претпазливост, соопшти тогаш ОЈО Скопје.

The post Ковачевски за случајот со спортските ваучери: Обвинителството треба да работи независно и согласно закон appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска прашан за случајот со распределбата на средства од ваучер системот од Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет (МОК) изјави дека Обвинителството треба да работи независно и согласно закон. – Обвинителството треба да работи согласно закон независно и секој поединец во државата да може да има фер процес во кој може да ги докаже врз основа на факти случувањата што се случувале и немам што повеќе да додадам. Партија не води судски случаи, Обвинителство води судски случаи, рече Ковачевски по средбата со раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија. На прашањето дали ќе побара одговорност од директорите, претседателот на СДСМ потенцира дека доколку тој биде премиер со институциите ќе раководат многу нови кадри. – Едниот не е веќе директор, вториот по 8 мај секако дека нема да биде директор, било да сум јас премиер или не, со оглед на тоа сигурно доколку граѓаните се определат да дадат доверба на СДСМ и на коалицијата „За европска иднина“ да формираат влада, тогаш ќе имаме многу нови кадри кои ќе управуваат со институциите, рече Ковачевски. По иницијатива на Антикорупциската комисија од претходниот состав, Скопското обвинителство на 30 април поднесе обвинителен предлог до Кривичниот суд Скопје против 12 лица од Агенцијата за млади и спорт, неофицијално на чело со Наумче Мојсовски, но и против лица од Македонскиот олимписки комитет, за злоупотреба на службената положба и за Несовесно работење. – За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерки на претпазливост, соопшти тогаш ОЈО Скопје.

The post Ковачевски за случајот со спортските ваучери: Обвинителството треба да работи независно и согласно закон appeared first on Република.

]]>
Гужви за ваучери за инвертер: За два дена 2.000 лично поднесени барања, плус голем број стигнати по пошта https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/guzhvi-za-vaucheri-za-inverter-za-dva-dena-2-000-lichno-podneseni-barana-plus-golem-broj-stignati-po-poshta/ Fri, 02 Feb 2024 19:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=739861

Околу 1.500 граѓани денеска лично поднеле барања до Архивата на Министерството за економија за ваучер за набавка на инвертер клима уред, а во текот на вчерашниот ден тоа го направиле 500 граѓани. Дополнително голем дел од апликациите пристигнале по пошта, претежно од граѓани од другите градови во земјава и тие ќе се обработуваат во текот на викендов, информираат од Министерството за економија.

Од Министерството за економија очекуваат набрзо да се искористат сите средства предвидени за набавка на клима уреди. За првата мерка крајниот рок е 12 февруари, а за втората 15 февруари годинава. За лично да поднесат барање до архивата, како што велат, граѓаните чекаат по околу 20 минути.

Распишан е и јавен оглас за избор на фирми од каде што граѓаните ќе може да набавуваат клими.

Ваучерите ќе се делат по принципот прв дојден - прв услужен. За да го остварат правото на учество по овој јавен оглас домаќинствата во изминатите три календарски години треба да не користеле средства од било кој извор за надомест на трошоци за грејни уреди - печки на пелети или високоефикасни инвертер клима уреди, да немаат приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот. Покрај тоа, уредот ќе треба да биде купен и вграден во текот на 2024 година, најдоцна до 30 ноември годинава, на адресата која е наведена во барањето.

Набавениот уред задолжително треба да има минимум COP 3.0, да грее на надворешна температура од -15 степени Целзиусови и да биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење.

За да аплицираат на огласите граѓаните треба да пополнат барање кое што може да го подигнат во Архивата на Министерството за економија или на веб-страницата на Министерството за економија, изјава за точноста на податоците заверена на нотар, фотокопија од лична карта од сите членови на домаќинството, како и копија од последна платена сметка за електрична енергија.

Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, лицата со ниски примања за самец со вкупни приходи до 21.000 денари, домаќинство со два члена со вкупни приходи од 30.000 и домаќинство со три члена со вкупни приходи од 35.000 денари, може да добијат ваучер во вредност од 27.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, а лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена со вкупен приход од 40.000 денари и домаќинство со пет члена и повеќе со вкупен приход од 45.000 денари може да добијат ваучер за инвертер клима во вредност од 30.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ.

Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинства ваучер во вредност од 25.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, може да добијат домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион - Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени и Југозападниот регион - Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа.

Ваучер во износ од 23.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, може да добијат домаќинствата кои живеат во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион.

The post Гужви за ваучери за инвертер: За два дена 2.000 лично поднесени барања, плус голем број стигнати по пошта appeared first on Република.

]]>

Околу 1.500 граѓани денеска лично поднеле барања до Архивата на Министерството за економија за ваучер за набавка на инвертер клима уред, а во текот на вчерашниот ден тоа го направиле 500 граѓани. Дополнително голем дел од апликациите пристигнале по пошта, претежно од граѓани од другите градови во земјава и тие ќе се обработуваат во текот на викендов, информираат од Министерството за економија. Од Министерството за економија очекуваат набрзо да се искористат сите средства предвидени за набавка на клима уреди. За првата мерка крајниот рок е 12 февруари, а за втората 15 февруари годинава. За лично да поднесат барање до архивата, како што велат, граѓаните чекаат по околу 20 минути. Распишан е и јавен оглас за избор на фирми од каде што граѓаните ќе може да набавуваат клими. Ваучерите ќе се делат по принципот прв дојден - прв услужен. За да го остварат правото на учество по овој јавен оглас домаќинствата во изминатите три календарски години треба да не користеле средства од било кој извор за надомест на трошоци за грејни уреди - печки на пелети или високоефикасни инвертер клима уреди, да немаат приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот. Покрај тоа, уредот ќе треба да биде купен и вграден во текот на 2024 година, најдоцна до 30 ноември годинава, на адресата која е наведена во барањето. Набавениот уред задолжително треба да има минимум COP 3.0, да грее на надворешна температура од -15 степени Целзиусови и да биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење. За да аплицираат на огласите граѓаните треба да пополнат барање кое што може да го подигнат во Архивата на Министерството за економија или на веб-страницата на Министерството за економија, изјава за точноста на податоците заверена на нотар, фотокопија од лична карта од сите членови на домаќинството, како и копија од последна платена сметка за електрична енергија. Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, лицата со ниски примања за самец со вкупни приходи до 21.000 денари, домаќинство со два члена со вкупни приходи од 30.000 и домаќинство со три члена со вкупни приходи од 35.000 денари, може да добијат ваучер во вредност од 27.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, а лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена со вкупен приход од 40.000 денари и домаќинство со пет члена и повеќе со вкупен приход од 45.000 денари може да добијат ваучер за инвертер клима во вредност од 30.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ. Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинства ваучер во вредност од 25.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, може да добијат домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион - Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени и Југозападниот регион - Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа. Ваучер во износ од 23.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, може да добијат домаќинствата кои живеат во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион.

The post Гужви за ваучери за инвертер: За два дена 2.000 лично поднесени барања, плус голем број стигнати по пошта appeared first on Република.

]]>
Мојсоски: Нападите од Димевски и антикорупциска се неосновани, отворени сме за соработка https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mojsoski-napadite-od-dimevski-i-antikoruptsiska-se-neosnovani-otvoreni-sme-za-sorabotka/ Mon, 06 Feb 2023 14:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=605525

Денеска со соопштение се јави Наумче Мојсоски кој ги отфрли сите обвинувања и се понуди за соработка со надлежните институции.

Агенцијата за млади и спорт сака да ја информира јавноста дека информациите изнесени од страна на членови на Државната комисија за спречување на корупција поврзани со даночното ослободување на спортските субјекти, преку т.н. ваучер систем, се тенденциозни и целосно неточни, се вели во соопштението.

Сакаме да потенцираме дека и на јавната седница на ДКСК, но и преку тенденциозни соопштенија на одредени спортски институции инспирирани единствено од лукративни цели, се изнесоа еден куп невистини и погрешно утврдени факти за примената на Законот за спорт и подзаконските акти кои се однесуваат во делот на даночните олеснувања, а се во функција на финансиска поддршка на македонскиот спортски систем“.

Тука пред се укажуваме на јваното обраќање, исполнето со грст невистини од страна на претседателот на МОК г-дин Даниел Димевски, кој „случајно“ коинцидира со денот на одржување на седницата на ДКСК. Имено господинот Димевски јавно побара разрешување во АМС и итно замрзнување на постапката за доделување на спортски ваучери. При тоа ова е побарано од човекот кој е идејниот творец и креатор на системот на спортски ваучери, човекот кој во 2020 година кумулира две функции Претседател на централната комисија за доделување на спортски ваучери, член на управниот одбор на МОК, а подоцна и негов претседател, и во исто време човек кој истата таа 2020 година побарува износ од 15 милиони денари за МОК иако требало како претседател да биде свесен дека таа институција во тој момент не ги исполнува законските услови за регулирана спортска дејност“.

 Очекуваме дека надлежните институции во најкраток можен рок ќе се прозинесат за обвинувањата на ДКСК со цел јавноста да има целосен увид во работата на АМС. Истовремено најавуваме дека АМС е целосно отворена за соработка со сите надлежни институции“, стои во дел од соопштението на Мојсовски.

The post Мојсоски: Нападите од Димевски и антикорупциска се неосновани, отворени сме за соработка appeared first on Република.

]]>

Денеска со соопштение се јави Наумче Мојсоски кој ги отфрли сите обвинувања и се понуди за соработка со надлежните институции. Агенцијата за млади и спорт сака да ја информира јавноста дека информациите изнесени од страна на членови на Државната комисија за спречување на корупција поврзани со даночното ослободување на спортските субјекти, преку т.н. ваучер систем, се тенденциозни и целосно неточни, се вели во соопштението.
Сакаме да потенцираме дека и на јавната седница на ДКСК, но и преку тенденциозни соопштенија на одредени спортски институции инспирирани единствено од лукративни цели, се изнесоа еден куп невистини и погрешно утврдени факти за примената на Законот за спорт и подзаконските акти кои се однесуваат во делот на даночните олеснувања, а се во функција на финансиска поддршка на македонскиот спортски систем“. Тука пред се укажуваме на јваното обраќање, исполнето со грст невистини од страна на претседателот на МОК г-дин Даниел Димевски, кој „случајно“ коинцидира со денот на одржување на седницата на ДКСК. Имено господинот Димевски јавно побара разрешување во АМС и итно замрзнување на постапката за доделување на спортски ваучери. При тоа ова е побарано од човекот кој е идејниот творец и креатор на системот на спортски ваучери, човекот кој во 2020 година кумулира две функции Претседател на централната комисија за доделување на спортски ваучери, член на управниот одбор на МОК, а подоцна и негов претседател, и во исто време човек кој истата таа 2020 година побарува износ од 15 милиони денари за МОК иако требало како претседател да биде свесен дека таа институција во тој момент не ги исполнува законските услови за регулирана спортска дејност“.  Очекуваме дека надлежните институции во најкраток можен рок ќе се прозинесат за обвинувањата на ДКСК со цел јавноста да има целосен увид во работата на АМС. Истовремено најавуваме дека АМС е целосно отворена за соработка со сите надлежни институции“, стои во дел од соопштението на Мојсовски.

The post Мојсоски: Нападите од Димевски и антикорупциска се неосновани, отворени сме за соработка appeared first on Република.

]]>
Олимпискиот комитет бара од Владата итно разрешување на Мојсовски од чело на АМС и стопирање на тековниот повик за доделување на спортски ваучери https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskiot-komitet-bara-od-vladata-itno-razreshuvane-na-mojsovski-od-chelo-na-ams-i-stopirane-na-tekovniot-povik-za-dodeluvane-na-sportski-vaucheri/ Fri, 03 Feb 2023 13:35:06 +0000 https://republika.mk/?p=604344

Откако Антикорупциската комисија најави дека ќе достави иницијатива за кривично гонење на првиот човек на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, поради сомнеж оти Агенцијата го злоупотребила ваучер-системот за финансирање фондации и спортски клубови, за работата на Мојсовски и на АМС реагираа и од Олимпискиот комитет во земјава.

Во отворено писмо испратено до вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, Комитетот бара разрешување на Мојсовски од чело на АМС и од членовите на Централната комисија при Агенцијата, а на нивните позиции бараат да бидат поставени професионалци кои ќе ги применуваат критериумите за доделување на средства на спортските објекти.

Воедно, во писмото испратено до Владата, од Комитетот бараат стопирање на постапката за доделување на ваучери за 2023 година која во моментов е во тек, се до изборот на нови членови на Централната комисија при АМС.

„Согласно својата позиција и одговорност, должни сме да предупредиме дека и покрај општото јавно мнение и незадоволство од начинот на распределба на финансиските средства од страна на АМС кои во целост е поткрепен со наодите на Комисијата за спречување на корупција и дефинитивно потврден и докажан со заклучоците во конечниот извештај на Државниот завод за ревизија каде негативно е оценета работата на АМС по сите точки и основи, раководството на истата во ист и непроменет состав продолжува со истите криминални практики“, се наведува во отвореното писмо кое Олимпискиот комитет го испрати до вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.

Оттаму иразија уверување дека Владата ќе постапи согласно извештајот за ДЗР во однос на работата на Агенцијата за млади и спорт, во кој, како што додаваат од Комитетот, прецизно се констатирани сите незаконски дејствија кои се пракса во работењето на раководството на АМС.

„Внимавајте, се работи за милионски суми распределени без никаква контрола и механизми“, се додава во писмото од Комитетот.

„Дополнително, веруваме дека ве загрижува фактот што од страна на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, АМС е рангирана на катастрофално 115 од 120 места како крајно нетранспарентна организација, што само по себе многу кажува“, заклучуваат од Олимпискиот комитет во отвореното писмо испратено до Владата.

Претходно денеска, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) најави дека до Јавното обвинителство ќе достави иницијатива за кривично гонење на директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, и членовите на Централната комисија на АМС поради сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот на финансирање фондации и спортски клубови.

Според ДКСК, постои сомневање дека претседателот на Агенцијата и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата што имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени.

Во извештајот од ревизијата во Агенцијата за млади и спорт (АМС) за 2021 година, кој во ноември лани го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР), беше посочено дека Агенцијата не спровела внатрешни контроли кои би требало да обезбедат наменско и законско користење на средствата кои им се префрлаат на националните спортски федерации за реализација на нивните активности.

Дополнително, во извештајот беше посочено оти АМС не поставила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди објективна, пропорционална и праведна финансиска поддршка на федерациите, а склучените договори со нив не содржеле одредби со кои би се допрецизирала намената на одобрените средства.

The post Олимпискиот комитет бара од Владата итно разрешување на Мојсовски од чело на АМС и стопирање на тековниот повик за доделување на спортски ваучери appeared first on Република.

]]>

Откако Антикорупциската комисија најави дека ќе достави иницијатива за кривично гонење на првиот човек на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, поради сомнеж оти Агенцијата го злоупотребила ваучер-системот за финансирање фондации и спортски клубови, за работата на Мојсовски и на АМС реагираа и од Олимпискиот комитет во земјава. Во отворено писмо испратено до вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, Комитетот бара разрешување на Мојсовски од чело на АМС и од членовите на Централната комисија при Агенцијата, а на нивните позиции бараат да бидат поставени професионалци кои ќе ги применуваат критериумите за доделување на средства на спортските објекти.
Воедно, во писмото испратено до Владата, од Комитетот бараат стопирање на постапката за доделување на ваучери за 2023 година која во моментов е во тек, се до изборот на нови членови на Централната комисија при АМС.
„Согласно својата позиција и одговорност, должни сме да предупредиме дека и покрај општото јавно мнение и незадоволство од начинот на распределба на финансиските средства од страна на АМС кои во целост е поткрепен со наодите на Комисијата за спречување на корупција и дефинитивно потврден и докажан со заклучоците во конечниот извештај на Државниот завод за ревизија каде негативно е оценета работата на АМС по сите точки и основи, раководството на истата во ист и непроменет состав продолжува со истите криминални практики“, се наведува во отвореното писмо кое Олимпискиот комитет го испрати до вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.
Оттаму иразија уверување дека Владата ќе постапи согласно извештајот за ДЗР во однос на работата на Агенцијата за млади и спорт, во кој, како што додаваат од Комитетот, прецизно се констатирани сите незаконски дејствија кои се пракса во работењето на раководството на АМС.
„Внимавајте, се работи за милионски суми распределени без никаква контрола и механизми“, се додава во писмото од Комитетот.
„Дополнително, веруваме дека ве загрижува фактот што од страна на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, АМС е рангирана на катастрофално 115 од 120 места како крајно нетранспарентна организација, што само по себе многу кажува“, заклучуваат од Олимпискиот комитет во отвореното писмо испратено до Владата.
Претходно денеска, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) најави дека до Јавното обвинителство ќе достави иницијатива за кривично гонење на директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, и членовите на Централната комисија на АМС поради сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот на финансирање фондации и спортски клубови. Според ДКСК, постои сомневање дека претседателот на Агенцијата и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата што имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени. Во извештајот од ревизијата во Агенцијата за млади и спорт (АМС) за 2021 година, кој во ноември лани го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР), беше посочено дека Агенцијата не спровела внатрешни контроли кои би требало да обезбедат наменско и законско користење на средствата кои им се префрлаат на националните спортски федерации за реализација на нивните активности. Дополнително, во извештајот беше посочено оти АМС не поставила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди објективна, пропорционална и праведна финансиска поддршка на федерациите, а склучените договори со нив не содржеле одредби со кои би се допрецизирала намената на одобрените средства.

The post Олимпискиот комитет бара од Владата итно разрешување на Мојсовски од чело на АМС и стопирање на тековниот повик за доделување на спортски ваучери appeared first on Република.

]]>
Да се воведат ваучери и одбитоци за најранливите за справување со кризата, предлагаат стручњаците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/da-se-vovedat-vaucheri-i-odbitoci-za-najranlivite-za-spravuvanje-so-krizata-predlagaat-struchnjacite/ Wed, 01 Jun 2022 19:26:16 +0000 https://republika.mk/?p=509921

Глобалната криза ни доаѓа после ковид-кризата и во моментот кога Буџетот, граѓаните и компаниите се исцрпени. Се чувствува дека е потешко во споредба со пред две години, вели Благица Петрески од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“.

Според неа, Владата претходно презеде низа мерки и затоа фискалниот простор е исцрпен.

И натаму се потребни мерки за справување со кризата. Граѓаните со помал приход и компании секако се повеќе погодени во однос на други. Мерките треба да бидат насочени кон ранливи категории. Се согласувам дека во следниот период треба да водиме сметка какви мерки ќе воведеме, а да не бидат линеарни. Дали ќе бидат во форма на ваучери за најранливите граѓани или ќе бидат во форма на одбитоци за најзасегнатите компании, треба да бидат такви. Линеарност значи дека кога се намалува ДДВ-то или замрзнување на цените, истите се замрзнати за сите граѓани. И оние со доход од 2000 евра и оние со 200 евра, плаќаат иста цена. Додека таргетираност значи дека цените нема да бидат замрзнати, туку помогнати граѓаните кои живеат под одреден праг, појаснува Петрески во емисијата „Топ тема“.

The post Да се воведат ваучери и одбитоци за најранливите за справување со кризата, предлагаат стручњаците appeared first on Република.

]]>

Глобалната криза ни доаѓа после ковид-кризата и во моментот кога Буџетот, граѓаните и компаниите се исцрпени. Се чувствува дека е потешко во споредба со пред две години, вели Благица Петрески од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“. Според неа, Владата претходно презеде низа мерки и затоа фискалниот простор е исцрпен.
И натаму се потребни мерки за справување со кризата. Граѓаните со помал приход и компании секако се повеќе погодени во однос на други. Мерките треба да бидат насочени кон ранливи категории. Се согласувам дека во следниот период треба да водиме сметка какви мерки ќе воведеме, а да не бидат линеарни. Дали ќе бидат во форма на ваучери за најранливите граѓани или ќе бидат во форма на одбитоци за најзасегнатите компании, треба да бидат такви. Линеарност значи дека кога се намалува ДДВ-то или замрзнување на цените, истите се замрзнати за сите граѓани. И оние со доход од 2000 евра и оние со 200 евра, плаќаат иста цена. Додека таргетираност значи дека цените нема да бидат замрзнати, туку помогнати граѓаните кои живеат под одреден праг, појаснува Петрески во емисијата „Топ тема“.
 
The post Да се воведат ваучери и одбитоци за најранливите за справување со кризата, предлагаат стручњаците appeared first on Република.

]]>
15 милиони денари за ваучери за одмор на вработени со ниски примања https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/15-milioni-denari-za-vaucheri-za-odmor-na-vraboteni-so-niski-primanja/ Sun, 22 May 2022 11:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=505469

Со ребалансот на буџетот предвидени се 15 милиони денари за доделување ваучери за вработени со ниски примања за одмор во домашните туристички капацитети, информира денеска од Охрид министерот за економија Крешник Бектеши.

Пред средбата со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека тоа е една од владините мерки за поддршка на домашниот туризам, неизоставајќи ги ниту мерките на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за привлекување странски гости.

Тоа е е една од мерките, кои се реализираат од страна на Владата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања, а во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има и многу мерки за поттикнување на странски туристи. Во туризмот има и други мерки во делот на подобрување на инфрастрултурата, услугите што ги дааат хотлеиерите и угостителите, со цел подобра понудата во Охрид и Струга не само за домашните, туку и за странските туристи, изјави Бектеши.

Бројот на доделени ваучери, нагласи, зависи од апликациите, односно колку члено семејство аплицира.

Во зависност од апикациите генерално секоја година имаме од 1.500 до 2.000 вачучери. Во зависност од членовите семејството, зависи и висината на ваучерот, претходните години беше до 220 евра, појасни Бектеши.

The post 15 милиони денари за ваучери за одмор на вработени со ниски примања appeared first on Република.

]]>

Со ребалансот на буџетот предвидени се 15 милиони денари за доделување ваучери за вработени со ниски примања за одмор во домашните туристички капацитети, информира денеска од Охрид министерот за економија Крешник Бектеши. Пред средбата со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека тоа е една од владините мерки за поддршка на домашниот туризам, неизоставајќи ги ниту мерките на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за привлекување странски гости.
Тоа е е една од мерките, кои се реализираат од страна на Владата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања, а во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има и многу мерки за поттикнување на странски туристи. Во туризмот има и други мерки во делот на подобрување на инфрастрултурата, услугите што ги дааат хотлеиерите и угостителите, со цел подобра понудата во Охрид и Струга не само за домашните, туку и за странските туристи, изјави Бектеши.
Бројот на доделени ваучери, нагласи, зависи од апликациите, односно колку члено семејство аплицира.
Во зависност од апикациите генерално секоја година имаме од 1.500 до 2.000 вачучери. Во зависност од членовите семејството, зависи и висината на ваучерот, претходните години беше до 220 евра, појасни Бектеши.

The post 15 милиони денари за ваучери за одмор на вработени со ниски примања appeared first on Република.

]]>
МТСП: 35 000 граѓани од ранливите категории ќе добијат ваучери од 1.000 денари ​ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mtsp-35-000-gragjani-od-ranlivite-kategorii-kje-dobijat-vaucheri-od-1-000-denari/ Fri, 11 Mar 2022 19:54:29 +0000 https://republika.mk/?p=471480

Министерство за труд и социјална политика во време на светска економска криза, силно е посветено на грижата за сите граѓани, особено на ранливите категории. Со новиот пакет 26 мерки, Владата понуди  издржани решенија со цел ублажување на последиците. За поддршка на граѓаните и компаниите Владата од буџетот одвои 400 милиони евра.

Пакетот мерки кои се однесуваат на заштитата на животниот стандард на граѓаните, економската стабилност и ликвидноста на компаниите, произлезе од Економскиот совет во кој учествуваа, претставници од академијата, стопанските комори, поголемите компании од земјава, синдикалните организации и други експерти од економскиот и финансискиот сектор.

Во таа насока 35.000 граѓани од  најранливите категории ќе добијат субвенции односно ваучери во вредност од 1.000 денари, за три месеци,  за купување на основните производи за исхрана.

Во рамките на социјалниот дијалог обезбедена е директна  финансиска помош за околу  330 илјади пензионери со што највозрасните граѓани ќе добијат дополнителни 3.000 денари за три месеци, или  по 1.000 денари плус со мартовската, априлската и пензијата во мај.

Со прифаќање на предлогот на Сојузот на здруженија на пензионери се воведува нова методологија за континуиран раст на пензиите. Со новата методологија со која усогласувањето на пензиите ќе се врзе за порастот на трошоците за живот  со 50%,  и 50% растот на просечната плата,  ќе започне да се применува без дополнителни одлагања, со септемвриската пензија годинава. Измените и дополнувањето на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка Владата ги достави до Собранието.

Ова е историско и рекордно зголемување - пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, по завршувањето на финансискиот пакет од по 1.000 денари, а со воведувањето на новата методологија од септември па натаму, секој месец ќе имаат просечно по 900 денари плус на својата сметка. Согласно проекциите на крајот на 2022 година се очекува зголемување на просечната месечна пензија на околу 17.300 денари, споредено со крајот на 2021 година, кога во просек пензијата беше 15.876 денари.

The post МТСП: 35 000 граѓани од ранливите категории ќе добијат ваучери од 1.000 денари ​ appeared first on Република.

]]>

Министерство за труд и социјална политика во време на светска економска криза, силно е посветено на грижата за сите граѓани, особено на ранливите категории. Со новиот пакет 26 мерки, Владата понуди  издржани решенија со цел ублажување на последиците. За поддршка на граѓаните и компаниите Владата од буџетот одвои 400 милиони евра. Пакетот мерки кои се однесуваат на заштитата на животниот стандард на граѓаните, економската стабилност и ликвидноста на компаниите, произлезе од Економскиот совет во кој учествуваа, претставници од академијата, стопанските комори, поголемите компании од земјава, синдикалните организации и други експерти од економскиот и финансискиот сектор. Во таа насока 35.000 граѓани од  најранливите категории ќе добијат субвенции односно ваучери во вредност од 1.000 денари, за три месеци,  за купување на основните производи за исхрана. Во рамките на социјалниот дијалог обезбедена е директна  финансиска помош за околу  330 илјади пензионери со што највозрасните граѓани ќе добијат дополнителни 3.000 денари за три месеци, или  по 1.000 денари плус со мартовската, априлската и пензијата во мај. Со прифаќање на предлогот на Сојузот на здруженија на пензионери се воведува нова методологија за континуиран раст на пензиите. Со новата методологија со која усогласувањето на пензиите ќе се врзе за порастот на трошоците за живот  со 50%,  и 50% растот на просечната плата,  ќе започне да се применува без дополнителни одлагања, со септемвриската пензија годинава. Измените и дополнувањето на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка Владата ги достави до Собранието.   Ова е историско и рекордно зголемување - пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, по завршувањето на финансискиот пакет од по 1.000 денари, а со воведувањето на новата методологија од септември па натаму, секој месец ќе имаат просечно по 900 денари плус на својата сметка. Согласно проекциите на крајот на 2022 година се очекува зголемување на просечната месечна пензија на околу 17.300 денари, споредено со крајот на 2021 година, кога во просек пензијата беше 15.876 денари.

The post МТСП: 35 000 граѓани од ранливите категории ќе добијат ваучери од 1.000 денари ​ appeared first on Република.

]]>
ДКСК ќе чешла како се доделуваат спортските ваучери https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dksk-kje-cheshla-kako-se-dodeluvaat-sportskite-vaucheri/ Tue, 15 Feb 2022 12:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=458874

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во наредниот период активно да се вклучи околу анализа за самото доделување на спортските ваучери, побара на денешната седница Владимир Георгиев, член на ДКСК.

Според него, ризиците од можни злоупотреби на овие финансиски средства од даночно ослободување остануваат и во оваа 2022 година. Тој информираше дека Антикорупција побарала и од Државниот завод за ревизија оваа година да ги стави во својот план за ревизија и Агенцијата за млади и спорт, што било и одобрено.

Сето тоа, наведе Георгиев, од аспект на немање отчетност на спортските клубови, федерации и спортистите за тоа како ги потрошиле одобрените средства. Врз основа на иницијативата лани на ДКСК, АМС за оваа година има усвоено унифициран образец – извештај со кој сите корисници на средствата преку ваучери ќе образложат на кој начин ги потрошиле ваучерите.

Централна позиција има т.н. Централна комисија за евалуација на предлог-листите, бидејќи таа ги рангира федерациите, спортските клубови и активните спортисти и како таква ја доставува понатаму до директорот на АМС, каде пак конечно се одлучува кои и колку средства ќе добие од ваучери, изјави меѓу другото Георгиев.

Тој потсети дека во Националната стратегија на ДКСК за борба против корупција и судир на интереси за периодот 2021-2025 година првпат е воведен секторот спорт, исто така, како што рече, како ризичен од корупција.

The post ДКСК ќе чешла како се доделуваат спортските ваучери appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во наредниот период активно да се вклучи околу анализа за самото доделување на спортските ваучери, побара на денешната седница Владимир Георгиев, член на ДКСК. Според него, ризиците од можни злоупотреби на овие финансиски средства од даночно ослободување остануваат и во оваа 2022 година. Тој информираше дека Антикорупција побарала и од Државниот завод за ревизија оваа година да ги стави во својот план за ревизија и Агенцијата за млади и спорт, што било и одобрено. Сето тоа, наведе Георгиев, од аспект на немање отчетност на спортските клубови, федерации и спортистите за тоа како ги потрошиле одобрените средства. Врз основа на иницијативата лани на ДКСК, АМС за оваа година има усвоено унифициран образец – извештај со кој сите корисници на средствата преку ваучери ќе образложат на кој начин ги потрошиле ваучерите. Централна позиција има т.н. Централна комисија за евалуација на предлог-листите, бидејќи таа ги рангира федерациите, спортските клубови и активните спортисти и како таква ја доставува понатаму до директорот на АМС, каде пак конечно се одлучува кои и колку средства ќе добие од ваучери, изјави меѓу другото Георгиев. Тој потсети дека во Националната стратегија на ДКСК за борба против корупција и судир на интереси за периодот 2021-2025 година првпат е воведен секторот спорт, исто така, како што рече, како ризичен од корупција.

The post ДКСК ќе чешла како се доделуваат спортските ваучери appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за млади и спорт ги подели ваучерите за 2022: Фудбалските клубови Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ добија најмногу https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/agencijata-za-mladi-i-sport-gi-podeli-vaucherite-za-2022-fudbalskite-klubovi-shkendija-shkupi-i-struga-tl-dobija-najmnogu/ Fri, 11 Feb 2022 10:31:06 +0000 https://republika.mk/?p=457109

Агенцијата за млади и спорт ги подели ваучерите за 2022 година, од фудбалските клубови Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ добија најмногу.

Ваучерите се даваат како поддршка од државата за спортот, АМС веќе традиционално дели клупски ваучери, ваучери за федерациите и за индивидуалните спортисти.

Од фудбалските клубови Шкендија како шампион на Македонија доби најголем ваучер, 10.850.000 денари, Шкупи и Струга ТЛ добија по 9.850.0000 денари.

Македонскиот ракометен шампион, Вардар доби најголем ваучер, сумата е 17,5 милиони денари или 284.000 евра. Еурофарм Пелистер доби милион денари помалку, 16,5 милиони денари, Металург кој го чека ваучерот за да ги исчисти долговите доби 12,5 милиони денари или 200.000 евра.

МЗТ Скопје како актуелен шампион на Македонија доби најголем ваучер од кошаркарските клубови, вредноста е 12,3 милиони денари, а двоцифрена бројка на милиони денари има уште и Работнички.

Од спортските федерација и овојпат немаше ништо за ФФМ поради неусогласениот статут со законот за спорт.

Најмногу доби Ракометната федерација на Македонија, 15.800.000 денари, кошаркарската доби два милиони денари помалку, а двоцифрен број на милиони доби уште и Одбојкарската федерација на Македонија, 11.800.000.

Од индивидуалните спортисти Дрита Ислами доби најмногу 280.000 денари, Јован Стојкоски, Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова добија по 180.000 денари.

Сите добитници на ваучери можете да ги видите на следниве линкови:

Листа на спортски клубови кои добија ваучери.

Листа на спортисти кои добија ваучери.

Листа на федерации кои добија ваучери.

The post Агенцијата за млади и спорт ги подели ваучерите за 2022: Фудбалските клубови Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ добија најмногу appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за млади и спорт ги подели ваучерите за 2022 година, од фудбалските клубови Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ добија најмногу. Ваучерите се даваат како поддршка од државата за спортот, АМС веќе традиционално дели клупски ваучери, ваучери за федерациите и за индивидуалните спортисти. Од фудбалските клубови Шкендија како шампион на Македонија доби најголем ваучер, 10.850.000 денари, Шкупи и Струга ТЛ добија по 9.850.0000 денари. Македонскиот ракометен шампион, Вардар доби најголем ваучер, сумата е 17,5 милиони денари или 284.000 евра. Еурофарм Пелистер доби милион денари помалку, 16,5 милиони денари, Металург кој го чека ваучерот за да ги исчисти долговите доби 12,5 милиони денари или 200.000 евра. МЗТ Скопје како актуелен шампион на Македонија доби најголем ваучер од кошаркарските клубови, вредноста е 12,3 милиони денари, а двоцифрена бројка на милиони денари има уште и Работнички. Од спортските федерација и овојпат немаше ништо за ФФМ поради неусогласениот статут со законот за спорт. Најмногу доби Ракометната федерација на Македонија, 15.800.000 денари, кошаркарската доби два милиони денари помалку, а двоцифрен број на милиони доби уште и Одбојкарската федерација на Македонија, 11.800.000. Од индивидуалните спортисти Дрита Ислами доби најмногу 280.000 денари, Јован Стојкоски, Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова добија по 180.000 денари. Сите добитници на ваучери можете да ги видите на следниве линкови: Листа на спортски клубови кои добија ваучери. Листа на спортисти кои добија ваучери. Листа на федерации кои добија ваучери.

The post Агенцијата за млади и спорт ги подели ваучерите за 2022: Фудбалските клубови Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ добија најмногу appeared first on Република.

]]>