ватикан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vatikan/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Aug 2024 08:17:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ватикан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vatikan/ 32 32 Ватикан жали за навредливите сцени на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vatikan-zhali-za-navredlivite-stseni-na-svechenoto-otvorane-na-olimpiskite-igri-vo-pariz/ Sun, 04 Aug 2024 08:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=803183

Ватикан соопшти дека жали за сцената на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, која беше пародија на сликата „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи.

„Светата столица беше натажена од одредени сцени на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз и не може, а да не се придружи на гласовите што се кренаа последниве денови за да се осуди навредата направена кон многу христијани и верници од други религии“, се наведува во соопштението објавено на француски јазик, пренесуваат британските медиуми.

На престижниот настан каде што целиот свет се собира околу заедничките вредности, не треба да има алузии кои ги исмеваат верските убедувања на многу луѓе, констатира Ватикан и посочи дека слободата на изразување, која очигледно не е доведена во прашање, ја наоѓа својата граница во почитувањето на другите.

Еден сегмент на церемонијата на отворање наликуваше на библиска сцена на Исус Христос и неговите апостоли како го делат последниот оброк пред распнувањето, но во него беа прикажани драг кралици, трансродова манекенка и гола пејачка која го прикажува грчкиот бог на виното Дионис.

Организаторите на Олимпијадата во Париз 2024 се извинија два дена подоцна, велејќи дека никогаш немало намера да не се почитува ниту една религиозна група

The post Ватикан жали за навредливите сцени на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз appeared first on Република.

]]>

Ватикан соопшти дека жали за сцената на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, која беше пародија на сликата „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи. „Светата столица беше натажена од одредени сцени на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз и не може, а да не се придружи на гласовите што се кренаа последниве денови за да се осуди навредата направена кон многу христијани и верници од други религии“, се наведува во соопштението објавено на француски јазик, пренесуваат британските медиуми. На престижниот настан каде што целиот свет се собира околу заедничките вредности, не треба да има алузии кои ги исмеваат верските убедувања на многу луѓе, констатира Ватикан и посочи дека слободата на изразување, која очигледно не е доведена во прашање, ја наоѓа својата граница во почитувањето на другите. Еден сегмент на церемонијата на отворање наликуваше на библиска сцена на Исус Христос и неговите апостоли како го делат последниот оброк пред распнувањето, но во него беа прикажани драг кралици, трансродова манекенка и гола пејачка која го прикажува грчкиот бог на виното Дионис. Организаторите на Олимпијадата во Париз 2024 се извинија два дена подоцна, велејќи дека никогаш немало намера да не се почитува ниту една религиозна група

The post Ватикан жали за навредливите сцени на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз appeared first on Република.

]]>
Зеленски разговараше со Пјетро Паролин за улогата на Ватикан во постигнувањето мир во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-razgovarashe-so-pjetro-parolin-za-ulogata-na-vatikan-vo-postignuvaneto-mir-vo-ukraina/ Tue, 23 Jul 2024 17:28:20 +0000 https://republika.mk/?p=799607

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев се сретна со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, со кого разговараше за улогата на Ватикан во постигнувањето мир во Украина.

„Разговаравме за последиците од руската агресија врз Украина, за тековниот воздушен тероризам, за тешката хуманитарна ситуација и за исходите од нашата средба со папата Франциск во Италија во јуни“, напиша Зеленски на Х.

„Посебно се фокусиравме на одлуките на првиот мировен самит и на улогата на Ватикан во воспоставувањето праведен и траен мир за Украина“, додаде Зеленски.

The post Зеленски разговараше со Пјетро Паролин за улогата на Ватикан во постигнувањето мир во Украина appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев се сретна со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, со кого разговараше за улогата на Ватикан во постигнувањето мир во Украина. „Разговаравме за последиците од руската агресија врз Украина, за тековниот воздушен тероризам, за тешката хуманитарна ситуација и за исходите од нашата средба со папата Франциск во Италија во јуни“, напиша Зеленски на Х. „Посебно се фокусиравме на одлуките на првиот мировен самит и на улогата на Ватикан во воспоставувањето праведен и траен мир за Украина“, додаде Зеленски.

The post Зеленски разговараше со Пјетро Паролин за улогата на Ватикан во постигнувањето мир во Украина appeared first on Република.

]]>
Вие ги обединувате луѓето оти смеата е заразна: Папата Франциск прими комичари во Ватикан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vie-gi-obedinuvate-lugeto-oti-smeata-e-zarazna-papata-frantsisk-primi-komichari-vo-vatikan/ Sun, 16 Jun 2024 14:47:00 +0000 https://republika.mk/?p=788137

Папата Франциск се сретна со група светски познати комичари во Ватикан.

Меѓу комичарите со кои се состана папата беа Вупи Голдберг, Конан О'Брајан, Крис Рок и Стивен Кобер и со нив разговараше за важноста на хуморот.

Вие ги обединувате луѓето, бидејќи смеата е заразна“, им порача Папата на комичарите.

The post Вие ги обединувате луѓето оти смеата е заразна: Папата Франциск прими комичари во Ватикан appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск се сретна со група светски познати комичари во Ватикан. Меѓу комичарите со кои се состана папата беа Вупи Голдберг, Конан О'Брајан, Крис Рок и Стивен Кобер и со нив разговараше за важноста на хуморот.
Вие ги обединувате луѓето, бидејќи смеата е заразна“, им порача Папата на комичарите.

The post Вие ги обединувате луѓето оти смеата е заразна: Папата Франциск прими комичари во Ватикан appeared first on Република.

]]>
Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/papata-upotrebil-navredliv-termin-za-gej-populatsijata-vatikan-ekspresno-se-izvini/ Tue, 28 May 2024 18:38:22 +0000 https://republika.mk/?p=782510

Папата Франциск се извини за употребата на навредливите зборови за време на разговорот со кардиналите за примање на геј мажи во семинариите, изјавувајќи дека „никогаш немал намера да навреди некого или да користи хомофобични термини“.

Извинувањето уследи по вчерашните извештаи во италијанските медиуми дека за време на минатонеделната затворена дискусија во Ватикан 87-годишниот папа кажал дека во семинариите веќе има премногу „фроциаџина“. Овој италијански збор во слободен превод значел „педер“.

Матео Бруни, директор на прес-службата на Ватикан, денеска изјави дека папата бил запознаен со вестите за разговорот зад затворени врати и „се извинува до оние кои биле навредени од употребата на терминот, за кој кажале други“.

The post Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск се извини за употребата на навредливите зборови за време на разговорот со кардиналите за примање на геј мажи во семинариите, изјавувајќи дека „никогаш немал намера да навреди некого или да користи хомофобични термини“. Извинувањето уследи по вчерашните извештаи во италијанските медиуми дека за време на минатонеделната затворена дискусија во Ватикан 87-годишниот папа кажал дека во семинариите веќе има премногу „фроциаџина“. Овој италијански збор во слободен превод значел „педер“. Матео Бруни, директор на прес-службата на Ватикан, денеска изјави дека папата бил запознаен со вестите за разговорот зад затворени врати и „се извинува до оние кои биле навредени од употребата на терминот, за кој кажале други“.

The post Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини appeared first on Република.

]]>
Радев сакал Силјановска да дојде на средба во бугарската амбасада во Ватикан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/radev-sakal-siljanovska-da-dojde-na-sredba-vo-bugarskata-ambasada-vo-vatikan/ Fri, 24 May 2024 19:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=781529

Бугарската страна побарала средбата да се одржи во бугарската Амбасада, но за нашата делегација тоа не било прифатливо, пренесува МИА.

Претседателката вчера врече дека со Радев не се сретнале поради неможноста да се усогласат агендите на двајцата шефови на држави. Подготвеност за средба постоела и од двете страни, посочи таа, но ја оставиле за некоја наредна прилика.

– Изразивме подготвеност, но до средба нема да дојде. И двете делегации имаме агенда меѓутоа рековме дека час поскоро, во првиот можен момент, ќе ја реализираме, изјави Сиљановска-Давкова.

The post Радев сакал Силјановска да дојде на средба во бугарската амбасада во Ватикан appeared first on Република.

]]>

Бугарската страна побарала средбата да се одржи во бугарската Амбасада, но за нашата делегација тоа не било прифатливо, пренесува МИА. Претседателката вчера врече дека со Радев не се сретнале поради неможноста да се усогласат агендите на двајцата шефови на држави. Подготвеност за средба постоела и од двете страни, посочи таа, но ја оставиле за некоја наредна прилика.
– Изразивме подготвеност, но до средба нема да дојде. И двете делегации имаме агенда меѓутоа рековме дека час поскоро, во првиот можен момент, ќе ја реализираме, изјави Сиљановска-Давкова.

The post Радев сакал Силјановска да дојде на средба во бугарската амбасада во Ватикан appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста https://arhiva3.republika.mk/zivot/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-papata-frantsisk-mu-podari-golema-rezba-so-motiv-od-ptitsata-feniks-kojshto-pretstavuva-simbol-na-vechnosta/ Thu, 23 May 2024 10:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=781125

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, денеска во Апостолската палата имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за упатените честитки од Папата Франциск по повод нејзиниот избор за Претседател и истакна дека ѝ претставува особена чест во годината кога се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, да ја предводи државно-црковната делегација на овој значаен настан.

Таа истакна дека историската посета на Папата Франциск на нашата земја остави силна трага во билатералните односи и го потврди високиот степен на доверба и пријателство меѓу двете држави.

Претседателката изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нашата држава уште поинтензивно ќе се залага за продлабочување на севкупните односи со Светиот Престол, со цел јакнење на партнерството и негување на меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции.

Претседателката Сиљановска Давкова и Папата Франциск ги разгледаа можностите за унапредување на институционалната соработка во областа на образованието, науката и културата и разменија мислење за тековните предизвици со кои се соочува католичката заедница во нашата држава.

Посочувајќи дека во нашата земја постои традицијата на почит кон различностите и висока свест за позитивната улога на религијата во развојот на општеството, претседателката го потенцираше значењето и придонесот на католичката црква и ја изрази нејзината подготвеност за продолжување на соработката со католичката заедница.

На средбата беа традиционално разменети подароци, при што, претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста.

По аудиенцијата кај Папата Франциск во изјава за медиумите претседателката Сиљановска Давкова истакна дека на долгата средба со Папата најпрво се усогласиле околу актуелните проблеми, околу поддршката на Ватикан на патот кон Европската Унија, поддршката на Ватикан на Западен Балкан. Претседателката во изјавата посочи дека изразила разбирање за склучување на Конкордат со Ватикан, затоа што системски треба да се пристапи кон решавањето на прашањата врзани особено за статусот на католичката црква и христијаните од католичката религија кај нас и рече дека изразила желба да се отвори Нунцијат кај нас бидејќи така ќе може навистина да биде директна соработката. Претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи ја соработката во многу области во сферата на високото образование, библиотекарството, конзервирањето итн., рече дека изразила спремност да продолжи таа соработка.

Претседателката Сиљановска Давкова денеска оствари средба и со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин, на којашто беше изразена цврста подготвеност за продолжување на конструктивната соработка во духот на меѓусебното разбирање и заедничките вредности.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста appeared first on Република.

Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-vo-poseta-na-italijanskata-republika-i-svetiot-prestol-po-povod-manifestatsijata-makedonija-vo-chest-na-sv-kiril/ Wed, 22 May 2024 08:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=780715

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува и ја предводи државно-црковната делегација во посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

На 23 мај, четврток, во Апостолската палата, претседателката Сиљановска Давкова ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин.

На 24 мај, петок, претседателката Сиљановска Давкова во базиликата „Сан Клементе“ ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил. Претседателката Сиљановска Давкова ќе ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, кадешто ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

На 24 мај, петок, претседателката Сиљановска Давкова ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, по што е предвидена пленарна средба на делегациите на двете земји.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска Давкова во Рим ќе присуствува на концертот на Националната установа „Камерен оркестар од Битола“, настан во организација на Министерството за култура.

Во состав на државно-црковната делегација, што ја предводи претседателката Сиљановска Давкова се заменик министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди,  амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Европски, г. Пимен.

The post Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ appeared first on Република.

Првата официјална посета на Сиљановска Давкова во странство ќе биде Ватикан и Рим https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvata-ofitsijalna-poseta-na-silanovska-davkova-vo-stranstvo-ke-bide-vatikan-i-rim/ Sun, 19 May 2024 09:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=779749

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја реализира во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј.

На 23 мај претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциско, а потоа и со генералниот секретар за односи со државите на Ватикан.

Во рамки на посетата на Рим, претседателката ќе се сретне и со италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Засега нема потврда, но се прави обид за средба со бугарскиот претседател Румен Раде кој со своја делегација ќе биде на чествувањето во Рим. Ваква пракса се воспостави откако двете држави го потпишаа договорот за добрососедство.

Во делегацијата на Сиљановска Давкова ќе бидат и четворица претставници од Министерството за култура, предводени од заменик министерот Онур Али. Делегацијата ќе ја сочинуваат и членови на Кабинетот на претседателката, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, а делегацијата на МПЦ-ОА ќе ја предводи митрополит Тимотеј. Носителка на културната програма ќе биде националната установа Камерен оркестар, но во намален состав.

The post Првата официјална посета на Сиљановска Давкова во странство ќе биде Ватикан и Рим appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја реализира во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј.
На 23 мај претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциско, а потоа и со генералниот секретар за односи со државите на Ватикан.
Во рамки на посетата на Рим, претседателката ќе се сретне и со италијанскиот претседател Серџо Матарела.
Засега нема потврда, но се прави обид за средба со бугарскиот претседател Румен Раде кој со своја делегација ќе биде на чествувањето во Рим. Ваква пракса се воспостави откако двете држави го потпишаа договорот за добрососедство. Во делегацијата на Сиљановска Давкова ќе бидат и четворица претставници од Министерството за култура, предводени од заменик министерот Онур Али. Делегацијата ќе ја сочинуваат и членови на Кабинетот на претседателката, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, а делегацијата на МПЦ-ОА ќе ја предводи митрополит Тимотеј. Носителка на културната програма ќе биде националната установа Камерен оркестар, но во намален состав.

The post Првата официјална посета на Сиљановска Давкова во странство ќе биде Ватикан и Рим appeared first on Република.

]]>
Вработените во музеите во Ватикaн ќе го тужат Папата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vrabotenite-vo-muzeite-vo-vatikna-ke-go-tuzhat-papata/ Mon, 13 May 2024 06:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=777424

Четириесет и девет вработени во Музеите на Ватикан започнаа работен спор без преседан поради, како што велат, неправедните и лошите услови за работа, што може да доведе до непријатна тужба против администрацијата на папата Франциск.

-Вработените испратија петиција до градската управа на Ватикан во која се жалат на правилата што предизвикуваат „работни услови што го нарушуваат достоинството и здравјето на секој вработен“, изјави нивната адвокатка Лаура Сгро.

Таа додаде дека сегашните услови вклучуваат пониско платено прекувремена работа и недоволна здравствена и безбедносна заштита.

-Вработените се одлучија за оваа постапка дури откако со години на ниту едно барање не им беше одговорено, рече таа.

Синдикатите не се дозволени во Ватикан. Портпаролот на Ватиканските музеи одби да коментира. Четириесет и девет вработени, од вкупно околу 700 вработени во музеите на Ватикан, се италијански државјани и работат таму долги години

The post Вработените во музеите во Ватикaн ќе го тужат Папата appeared first on Република.

]]>

Четириесет и девет вработени во Музеите на Ватикан започнаа работен спор без преседан поради, како што велат, неправедните и лошите услови за работа, што може да доведе до непријатна тужба против администрацијата на папата Франциск. -Вработените испратија петиција до градската управа на Ватикан во која се жалат на правилата што предизвикуваат „работни услови што го нарушуваат достоинството и здравјето на секој вработен“, изјави нивната адвокатка Лаура Сгро. Таа додаде дека сегашните услови вклучуваат пониско платено прекувремена работа и недоволна здравствена и безбедносна заштита.
-Вработените се одлучија за оваа постапка дури откако со години на ниту едно барање не им беше одговорено, рече таа.
Синдикатите не се дозволени во Ватикан. Портпаролот на Ватиканските музеи одби да коментира. Четириесет и девет вработени, од вкупно околу 700 вработени во музеите на Ватикан, се италијански државјани и работат таму долги години

The post Вработените во музеите во Ватикaн ќе го тужат Папата appeared first on Република.

]]>
Ватикан покажал интерес за македонската уметност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vatikan-pokazhal-interes-za-makedonskata-umetnost/ Fri, 01 Mar 2024 14:49:42 +0000 https://republika.mk/?p=750122

Изложба со македонски икони во Музејот на Ватикан е една од точките за која е постигнат првичен договор помеѓу министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска и заменикот уметничко- научен директор на Музејот, Џандоменико Спинола, на нивниот состанок одржан во Ватикан. Нашата држава одново ќе има прилика на светската јавност да и го претстави културното наследство и вредните икони изработени од македонски автори.

Покрај оваа изложба, за која музејот во Ватикан покажал особен интерес, било договорено да се овозможат услови за организирање и на други изложби преку кои македонската уметност ќе се промовира како дел од европската, со своја посебност и важност. Министерката Костадиновска- Стојчевска го поканила директорот Спинола во Скопје за оваа соработка да продолжи со настани низ нашата држава низ кои Ватикан ќе претстави дел од својата уметничка архива.

Значењето на македонското културно наследство беше и во фокус на изложбата „Манастирите од Македонија“ која е поставена токму во Ватикан, во македонската амбасада, на која преку фотографиите на Стојан Стојановски светот се запознава со средновековните манастири.

При посетата на изложбата Костадиновска- Стојчевска ја потенцираше непроценливата вредност на нашето културно и историско наследство, како и умешноста на градителите на македонските цркви и манастири.

Заедничките планови со Ватикан за во иднина, како и поставената изложба се потврда за добрите, и нов потег да се продлабочат 30 годишните прјателски односи кои ги имаме со Светиот Престол и преку која меѓународно ја промовираме македонската културна историја.

Во таа насока беше и состанокот на министерката со хуманитарната организација на Католичката црква, „Каритас Интернационалис“. Со нив е отворена идејата да се организира настан за Мајка Тереза, преку поголем број активности во кои ќе се вклучат академската заедница и студентите.

Пред состаноците со официјалните претставници од Ватикан, министерката Костадиновска- Стојчевска имаше работен состанок и во македонската амбасада при Светата Столица, со што официјално ја започна посетата на Рим. Со амбасадорката Марија Ефремова, покрај другите, се отвориле и прашањата околу чествувањето на 24 Мај- Ден на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, кога нашата култура ќе има свое традиционално претставување.

The post Ватикан покажал интерес за македонската уметност appeared first on Република.

]]>

Изложба со македонски икони во Музејот на Ватикан е една од точките за која е постигнат првичен договор помеѓу министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска и заменикот уметничко- научен директор на Музејот, Џандоменико Спинола, на нивниот состанок одржан во Ватикан. Нашата држава одново ќе има прилика на светската јавност да и го претстави културното наследство и вредните икони изработени од македонски автори. Покрај оваа изложба, за која музејот во Ватикан покажал особен интерес, било договорено да се овозможат услови за организирање и на други изложби преку кои македонската уметност ќе се промовира како дел од европската, со своја посебност и важност. Министерката Костадиновска- Стојчевска го поканила директорот Спинола во Скопје за оваа соработка да продолжи со настани низ нашата држава низ кои Ватикан ќе претстави дел од својата уметничка архива. Значењето на македонското културно наследство беше и во фокус на изложбата „Манастирите од Македонија“ која е поставена токму во Ватикан, во македонската амбасада, на која преку фотографиите на Стојан Стојановски светот се запознава со средновековните манастири. При посетата на изложбата Костадиновска- Стојчевска ја потенцираше непроценливата вредност на нашето културно и историско наследство, како и умешноста на градителите на македонските цркви и манастири. Заедничките планови со Ватикан за во иднина, како и поставената изложба се потврда за добрите, и нов потег да се продлабочат 30 годишните прјателски односи кои ги имаме со Светиот Престол и преку која меѓународно ја промовираме македонската културна историја. Во таа насока беше и состанокот на министерката со хуманитарната организација на Католичката црква, „Каритас Интернационалис“. Со нив е отворена идејата да се организира настан за Мајка Тереза, преку поголем број активности во кои ќе се вклучат академската заедница и студентите. Пред состаноците со официјалните претставници од Ватикан, министерката Костадиновска- Стојчевска имаше работен состанок и во македонската амбасада при Светата Столица, со што официјално ја започна посетата на Рим. Со амбасадорката Марија Ефремова, покрај другите, се отвориле и прашањата околу чествувањето на 24 Мај- Ден на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, кога нашата култура ќе има свое традиционално претставување.  

The post Ватикан покажал интерес за македонската уметност appeared first on Република.

]]>
Oткопани тајните на Ватикан: Папата Бенедикт ја оставил касата празна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otkopani-tajnite-na-vatikan-papata-benedikt-ja-ostavil-kasata-prazna/ Tue, 20 Feb 2024 19:12:59 +0000 https://republika.mk/?p=746100

Надбискупот Серџо Пагано за прв пат јавно објавува дел од тајните што ги открил во текот на 45-те години што работел во едно од најважните и најнеобични складишта на документи во светот во Ватикан

Во интервјуто  насловено „Секретум“, што ќе биде објавено денеска, Пагано открива некои од непознатите, помалку познати и задкулисни детали за добро познатата сага на Светата столица и нејзините односи со надворешниот свет во изминатите 12 века.

https://republika.mk/vesti/balkan/otkrieni-tajni-dokumenti-vatikan-i-germanija-se-zalagale-za-nezavisnost-samo-na-hrvatska-i-slovenija-pravoslavnata-makedonija-ne-ja-smetale-za-zhiva/

Во разговорите во текот на една година со италијанскиот новинар Масимо Франко, Пагано навлегува во сè, од запленувањето на архивите од Наполеон во 1810 година до аферата Галилео и необичната конклава, собир на кардинали за избор на папа во 1922 година што го доби во последен момент донации од американски католици.

Ова е прв пат и ќе биде последен затоа што се подготвувам да заминам“, изјави 75-годишниот Пагано за Асошиетед прес.

Со 85 километри полици, од кои голем дел под земја во двокатен, огноотпорен армирано-бетонски бункер, архивата содржи и документација од нунции од Ватикан.

Пагано го припишува континуираниот повоен молк на Пије на неговата загриженост за создавање еврејска држава. Ватикан имаше долга традиција на поддршка на палестинскиот народ и беше загрижен за судбината на христијанските религиозни места во Светата земја доколку териториите ѝ бидат предадени на новосоздадената држава Израел.

Пагано открива дека по смртта на папата Бенедикт XV, кардиналот задолжен за папската каса и сметки отишол во неговиот сеф и го нашол буквално празен.

„Немаше хартија, банкнота или паричка. Се испостави дека Бенедикт не бил страшно фискално одговорен и ја оставил Светата столица во минус кога почина на 22 јануари истата година.

Папската каса секогаш се користела за финансирање на конклавата за избор на нов папа, што значело дека Светата столица била во финансиска криза во време кога Европа сè уште економски закрепнувала од Првата светска војна. Книгата за прв пат репродуцира шифрирани телеграми во кои секретарот на Ватикан бара од својот амбасадор во Вашингтон итно да му го испрати она што го има во сефот за да може да се гласа.

The post Oткопани тајните на Ватикан: Папата Бенедикт ја оставил касата празна appeared first on Република.

]]>

Надбискупот Серџо Пагано за прв пат јавно објавува дел од тајните што ги открил во текот на 45-те години што работел во едно од најважните и најнеобични складишта на документи во светот во Ватикан Во интервјуто  насловено „Секретум“, што ќе биде објавено денеска, Пагано открива некои од непознатите, помалку познати и задкулисни детали за добро познатата сага на Светата столица и нејзините односи со надворешниот свет во изминатите 12 века. https://republika.mk/vesti/balkan/otkrieni-tajni-dokumenti-vatikan-i-germanija-se-zalagale-za-nezavisnost-samo-na-hrvatska-i-slovenija-pravoslavnata-makedonija-ne-ja-smetale-za-zhiva/ Во разговорите во текот на една година со италијанскиот новинар Масимо Франко, Пагано навлегува во сè, од запленувањето на архивите од Наполеон во 1810 година до аферата Галилео и необичната конклава, собир на кардинали за избор на папа во 1922 година што го доби во последен момент донации од американски католици.
Ова е прв пат и ќе биде последен затоа што се подготвувам да заминам“, изјави 75-годишниот Пагано за Асошиетед прес.
Со 85 километри полици, од кои голем дел под земја во двокатен, огноотпорен армирано-бетонски бункер, архивата содржи и документација од нунции од Ватикан. Пагано го припишува континуираниот повоен молк на Пије на неговата загриженост за создавање еврејска држава. Ватикан имаше долга традиција на поддршка на палестинскиот народ и беше загрижен за судбината на христијанските религиозни места во Светата земја доколку териториите ѝ бидат предадени на новосоздадената држава Израел. Пагано открива дека по смртта на папата Бенедикт XV, кардиналот задолжен за папската каса и сметки отишол во неговиот сеф и го нашол буквално празен.
„Немаше хартија, банкнота или паричка. Се испостави дека Бенедикт не бил страшно фискално одговорен и ја оставил Светата столица во минус кога почина на 22 јануари истата година.
Папската каса секогаш се користела за финансирање на конклавата за избор на нов папа, што значело дека Светата столица била во финансиска криза во време кога Европа сè уште економски закрепнувала од Првата светска војна. Книгата за прв пат репродуцира шифрирани телеграми во кои секретарот на Ватикан бара од својот амбасадор во Вашингтон итно да му го испрати она што го има во сефот за да може да се гласа.

The post Oткопани тајните на Ватикан: Папата Бенедикт ја оставил касата празна appeared first on Република.

]]>
Откриени тајни документи: Ватикан и Германија се залагале за независност само на Хрватска и Словенија, православната Македонија не ја сметале за жива https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/otkrieni-tajni-dokumenti-vatikan-i-germanija-se-zalagale-za-nezavisnost-samo-na-hrvatska-i-slovenija-pravoslavnata-makedonija-ne-ja-smetale-za-zhiva/ Thu, 15 Feb 2024 20:40:27 +0000 https://republika.mk/?p=744466

Распадот на Југославија воопшто не бил случаен а клучна улога му припаднал на Ватикан, кога папа беше Јован Павле Втори. За тоа сведочат документите од кабинетот на Хелмут Кол, кој беше германски канцелар од 1982 до 1998 година.

Неколку стотици од овие документи беа објавени од Дигиталниот центар Вилсон со седиште во Вашингтон по истекот на рокот од 30 години, по што станаа достапни за јавноста. Така се пронајдени транскриптите од разговорите на канцеларот Кол. Меѓу нив е и телефонскиот разговор меѓу Кол и тогашниот италијански премиер Џулијен Андреоти.

- Оодлуката за признавање на независноста на Словенија и Хрватска може да биде донесена со уште пет или шест земји. Клучно е оваа група да не наликува на коалицијата од 1941 година (Германија и Италија). Пред се, важно е да ја имате Франција со вас, можеби и Шпанија. Ватикан интензивно работи на признавање на независноста – рекол Кол.

Италијанскиот премиер Андреоти одговори дека го знае тоа.

– Премиерот Андреоти вели дека Ватикан не сака да биде прв, туку да го турка другиот да го направи тоа. Би било добро Германија, Италија, Австрија или Унгарија први да ја признаат независноста - се наведува во транскриптот.

Услуга на Ватикан и Берлин им направи Исланд, кој на 19 декември 1991 година прв ја призна Хрватска, но и Литванија, Летонија и Естонија 10 дена пред официјалното распуштање на СССР. Истиот ден Берлин донесе одлука за признавање, која стапи во сила на 15 јануари. Старата коалиција од 1941 година беше прикриена од Ватикан објавувајќи го признавањето на Хрватска на 13 јануари 1992 година, Сан Марино на 14 јануари, а еден ден подоцна тоа го сториле сите 12 земји на ЕУ.

The post Откриени тајни документи: Ватикан и Германија се залагале за независност само на Хрватска и Словенија, православната Македонија не ја сметале за жива appeared first on Република.

]]>

Распадот на Југославија воопшто не бил случаен а клучна улога му припаднал на Ватикан, кога папа беше Јован Павле Втори. За тоа сведочат документите од кабинетот на Хелмут Кол, кој беше германски канцелар од 1982 до 1998 година. Неколку стотици од овие документи беа објавени од Дигиталниот центар Вилсон со седиште во Вашингтон по истекот на рокот од 30 години, по што станаа достапни за јавноста. Така се пронајдени транскриптите од разговорите на канцеларот Кол. Меѓу нив е и телефонскиот разговор меѓу Кол и тогашниот италијански премиер Џулијен Андреоти.
- Оодлуката за признавање на независноста на Словенија и Хрватска може да биде донесена со уште пет или шест земји. Клучно е оваа група да не наликува на коалицијата од 1941 година (Германија и Италија). Пред се, важно е да ја имате Франција со вас, можеби и Шпанија. Ватикан интензивно работи на признавање на независноста – рекол Кол.
Италијанскиот премиер Андреоти одговори дека го знае тоа.
– Премиерот Андреоти вели дека Ватикан не сака да биде прв, туку да го турка другиот да го направи тоа. Би било добро Германија, Италија, Австрија или Унгарија први да ја признаат независноста - се наведува во транскриптот.
Услуга на Ватикан и Берлин им направи Исланд, кој на 19 декември 1991 година прв ја призна Хрватска, но и Литванија, Летонија и Естонија 10 дена пред официјалното распуштање на СССР. Истиот ден Берлин донесе одлука за признавање, која стапи во сила на 15 јануари. Старата коалиција од 1941 година беше прикриена од Ватикан објавувајќи го признавањето на Хрватска на 13 јануари 1992 година, Сан Марино на 14 јануари, а еден ден подоцна тоа го сториле сите 12 земји на ЕУ.

The post Откриени тајни документи: Ватикан и Германија се залагале за независност само на Хрватска и Словенија, православната Македонија не ја сметале за жива appeared first on Република.

]]>
Ватикан: Кона многу може да помогне за решавање на војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vatikan-kona-mnogu-mozhe-da-pomogne-za-reshavane-na-vojnata-vo-ukraina/ Sun, 24 Dec 2023 13:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=726152

Папскиот пратеник за решавање на кризата меѓу Русија и Украина, кардиналот Матео Марија Зупи, смета дека Пекинг е „важен и незаменлив ресурс“ кој може да помогне во решавањето на украинскиот конфликт.

Нешто се движи. Бев во Киев и вo Москва. Бев во Вашингтон и вo Пекинг. И Русите и Украинците ја препознаваат улогата на Светата столица. Нунциите во двата главни града прават прекрасна работа. Секако дека би сакале да видиме многу повеќе резултати во однос на враќањето на децата. Нема да пропуштиме ниту една прилика да го направиме тоа – изјави кардиналот за весникот „Кориере дела сера“.

Според кардиналот, Кина е „голем и незаменлив ресурс и секако може да помогне да се постигне мир во Украина“.

Мора да се ослободиме од логиката дека воената победа е единствената опција, а дијалогот е капитулација – изјави кардиналот.

The post Ватикан: Кона многу може да помогне за решавање на војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Папскиот пратеник за решавање на кризата меѓу Русија и Украина, кардиналот Матео Марија Зупи, смета дека Пекинг е „важен и незаменлив ресурс“ кој може да помогне во решавањето на украинскиот конфликт. Нешто се движи. Бев во Киев и вo Москва. Бев во Вашингтон и вo Пекинг. И Русите и Украинците ја препознаваат улогата на Светата столица. Нунциите во двата главни града прават прекрасна работа. Секако дека би сакале да видиме многу повеќе резултати во однос на враќањето на децата. Нема да пропуштиме ниту една прилика да го направиме тоа – изјави кардиналот за весникот „Кориере дела сера“.
Според кардиналот, Кина е „голем и незаменлив ресурс и секако може да помогне да се постигне мир во Украина“.
Мора да се ослободиме од логиката дека воената победа е единствената опција, а дијалогот е капитулација – изјави кардиналот.

The post Ватикан: Кона многу може да помогне за решавање на војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Што всушност кажува одлуката на Ватикан за благослов на истополовите парови? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/shto-vsushnost-kazhuva-odlukata-na-vatikan-za-blagoslov-na-istopolovite-parovi/ Wed, 20 Dec 2023 13:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=724924

Агенциските вести и брзите преводи за благословот на истополовите заедници одобрени од папата Франциск, кои завчера ги преплавија интернетот и социјалните мрежи, предизвикаа бура од реакции, но отворија и бројни прашања, пишува „Вечерњи лист“.

Всушност, многумина во католичкиот свет остануваат збунети и сè уште не знаат како да ја протолкуваат најновата иницијатива. Што навистина се случи?

Со декларацијата Fiducia supplicans црквата сака во благословот да ги вклучи и т.н. нерегуларни парови, за да можат да бидат благословени од „слуга од редовите“ (т.е. свештеник или ѓакон), но избегнувајќи дека овој гест на пастирска блискост содржи елементи дури и оддалеку слични на свадбена церемонија. Оние парови кои не живеат според одредбите на христијанската морална наука, но во исто време понизно го бараат благословот, ќе можат да го добијат благословот.

Многу верници тоа го протолкуваа како желба за благослов на гревот, односно нивната грешна состојба, а некои хрватски свештеници отворено изјавија на социјалните мрежи дека нема да благословуваат истополови парови.

Станува збор за „проширување на класичното разбирање на благословот“ со цел да се збогати со теолошки размислувања засновани на пасторалната визија на папата Франциск. Во исто време, се тврди дека благословот на парови во нерегуларна состојба не значи црковна потврда на нивниот статус, ниту пак значи промена на вечното црковно учење за бракот.

Исто така, се нагласува дека според долгогодишното католичко учење, дозволени се само сексуални односи во рамките на бракот меѓу маж и жена и дека црквата не може да дава литургиски благослов на нерегуларни парови или на оние од ист пол. Што и каков благослов тогаш можат да добијат?

Второто поглавје од документот го анализира значењето на различните благослови, кои се однесуваат на личности, предмети на народната побожност и места на живеење. Кога одреден литургиски обред се повикува на благослов на одредени човечки односи, „неопходно е она што се благословува да одговара на Божјиот план впишан во целото создание“. Истополовите парови секако не спаѓаат во тие рамки.

Но, декларацијата, во своето теолошко-пасторално разбирање, нагласува дека оној што бара благослов покажува дека му треба спасоносното присуство на Бога во неговиот живот и дека бара помош од Бога за да може подобро да живее, пишува новинарот на „Вечерњи лист“ Дарко Павичиќ.

The post Што всушност кажува одлуката на Ватикан за благослов на истополовите парови? appeared first on Република.

]]>

Агенциските вести и брзите преводи за благословот на истополовите заедници одобрени од папата Франциск, кои завчера ги преплавија интернетот и социјалните мрежи, предизвикаа бура од реакции, но отворија и бројни прашања, пишува „Вечерњи лист“. Всушност, многумина во католичкиот свет остануваат збунети и сè уште не знаат како да ја протолкуваат најновата иницијатива. Што навистина се случи? Со декларацијата Fiducia supplicans црквата сака во благословот да ги вклучи и т.н. нерегуларни парови, за да можат да бидат благословени од „слуга од редовите“ (т.е. свештеник или ѓакон), но избегнувајќи дека овој гест на пастирска блискост содржи елементи дури и оддалеку слични на свадбена церемонија. Оние парови кои не живеат според одредбите на христијанската морална наука, но во исто време понизно го бараат благословот, ќе можат да го добијат благословот. Многу верници тоа го протолкуваа како желба за благослов на гревот, односно нивната грешна состојба, а некои хрватски свештеници отворено изјавија на социјалните мрежи дека нема да благословуваат истополови парови. Станува збор за „проширување на класичното разбирање на благословот“ со цел да се збогати со теолошки размислувања засновани на пасторалната визија на папата Франциск. Во исто време, се тврди дека благословот на парови во нерегуларна состојба не значи црковна потврда на нивниот статус, ниту пак значи промена на вечното црковно учење за бракот. Исто така, се нагласува дека според долгогодишното католичко учење, дозволени се само сексуални односи во рамките на бракот меѓу маж и жена и дека црквата не може да дава литургиски благослов на нерегуларни парови или на оние од ист пол. Што и каков благослов тогаш можат да добијат? Второто поглавје од документот го анализира значењето на различните благослови, кои се однесуваат на личности, предмети на народната побожност и места на живеење. Кога одреден литургиски обред се повикува на благослов на одредени човечки односи, „неопходно е она што се благословува да одговара на Божјиот план впишан во целото создание“. Истополовите парови секако не спаѓаат во тие рамки. Но, декларацијата, во своето теолошко-пасторално разбирање, нагласува дека оној што бара благослов покажува дека му треба спасоносното присуство на Бога во неговиот живот и дека бара помош од Бога за да може подобро да живее, пишува новинарот на „Вечерњи лист“ Дарко Павичиќ.

The post Што всушност кажува одлуката на Ватикан за благослов на истополовите парови? appeared first on Република.

]]>
Ватикан потврди дека на католиците им е забрането членство во масонските ложи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vatikan-potvrdi-deka-na-katolitsite-im-e-zabraneto-chlenstvo-vo-masonskite-lozhi/ Wed, 15 Nov 2023 13:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=701855

 Ватикан денеска ја потврди забраната според која, католиците не смеат да станат масони, односно членови на вековното тајно друштво на кое Католичката црква долго време не гледа благонаклонето и кое има до шест милиони членови ширум светот.

„Активното членство на верниците во масонството е забрането поради непомирливоста на католичката доктрина и масонството“, се вели во писмото на Конгрегацијата за доктрина на верата на Ватикан, објавено денеска од ватиканските медиуми.

Писмото, кое датира од 13 ноември и потпишано од папата Франциск, е одговор на филипинскиот бискуп, кој е вознемирен од растот на масоните во неговата земја.

Конгрегацијата минатата недела објави дека трансродовите луѓе можат да бидат крстени, да бидат кумови или сведоци на католичките венчавки.

Во писмото за масоните се споменува декларација од 1983 година, потпишана од покојниот папа Бенедикт XVI, тогаш префект на Конгрегацијата за доктрина на верата, според која, католиците „во масонските здруженија се во тежок грев и не можат да примат света причест“.

Масонските ложи се главно исклучиво машки асоцијации, поврзани со таинствени симболи и ритуали. Исто така, понекогаш тие се поврзуваат и со теории на заговор, според кои, овие братства во голема мера влијаат на светските настани.

The post Ватикан потврди дека на католиците им е забрането членство во масонските ложи appeared first on Република.

]]>

 Ватикан денеска ја потврди забраната според која, католиците не смеат да станат масони, односно членови на вековното тајно друштво на кое Католичката црква долго време не гледа благонаклонето и кое има до шест милиони членови ширум светот.
„Активното членство на верниците во масонството е забрането поради непомирливоста на католичката доктрина и масонството“, се вели во писмото на Конгрегацијата за доктрина на верата на Ватикан, објавено денеска од ватиканските медиуми.
Писмото, кое датира од 13 ноември и потпишано од папата Франциск, е одговор на филипинскиот бискуп, кој е вознемирен од растот на масоните во неговата земја. Конгрегацијата минатата недела објави дека трансродовите луѓе можат да бидат крстени, да бидат кумови или сведоци на католичките венчавки. Во писмото за масоните се споменува декларација од 1983 година, потпишана од покојниот папа Бенедикт XVI, тогаш префект на Конгрегацијата за доктрина на верата, според која, католиците „во масонските здруженија се во тежок грев и не можат да примат света причест“. Масонските ложи се главно исклучиво машки асоцијации, поврзани со таинствени симболи и ритуали. Исто така, понекогаш тие се поврзуваат и со теории на заговор, според кои, овие братства во голема мера влијаат на светските настани.

The post Ватикан потврди дека на католиците им е забрането членство во масонските ложи appeared first on Република.

]]>
Ватикан им даде зелено светло: Транссексуалците можат да бидат крстени и да бидат кумови на крштевки и свадби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vatikan-im-dade-zeleno-svetlo-transseksualtsite-mozhat-da-bidat-krsteni-i-da-bidat-kumovi-na-krshtevki-i-svadbi/ Thu, 09 Nov 2023 07:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=699714

Транссексуалците можат да бидат кумови за крштевање и свадба и можат самите да се крстат, соопшти денеска Ватикан, одговарајќи на прашања на еден бискуп.

Дикастеријата за доктрината на верата не даде јасен одговор на прашањето дали истополовите двојки можат да крстат посвоено дете или дете родено од сурогат мајка.

Бискупот Хозе Негри од Санто Амаро, Бразил, во јули испрати шест прашања до ова тело на Ватикан за ЛГБТ заедницата и нивното учество во тајните на крштевањето и бракот.

Трите страници прашања и одговори беа потпишани од шефот на Дикастеријата, аргентинскиот кардинал Виктор Мануел Фернандез, а на 31 октомври ги одобри и папата Франциск. Тие денеска беа објавени на порталот на Дикастеријата на италијански јазик.

Одговарајќи на прашањето дали транссексуалците би можеле да се крстат, од Дикастеријата одговориле дека можат под одредени услови и доколку нема ризик од јавен скандал или збунување на верниците. Дикастеријата, исто така, одговори дека транссексуалците можат да бидат кумови со дискреција на локалниот свештеник, како и венчаните кумови, но локалниот свештеник треба да биде пасторално мудар кога ја донесува одлуката.

Личност во истополова врска може да биде кум на венчавката, одговориле од дикастеријата, повикувајќи се на канонскиот закон што не го забранува тоа. Одговорот е помалку јасен кога станува збор за лицата во истополови врски и нивната улога во крштевките.

Бразилскиот бискуп прашал и дали истополовата двојка која посвоила дете или го добила со помош на сурогат мајка може да го крсти тоа дете. Дикастеријата одговорила дека во тој случај мора да постои основана надеж дека детето ќе се образува во католичка вера.

Подеднакво нејасен е и одговорот на прашањето дали личноста во истополова врска може да биде кум, бидејќи дадениот одговор на Дикестеријата е дека човекот мора да води живот во согласност со верата.

The post Ватикан им даде зелено светло: Транссексуалците можат да бидат крстени и да бидат кумови на крштевки и свадби appeared first on Република.

]]>

Транссексуалците можат да бидат кумови за крштевање и свадба и можат самите да се крстат, соопшти денеска Ватикан, одговарајќи на прашања на еден бискуп. Дикастеријата за доктрината на верата не даде јасен одговор на прашањето дали истополовите двојки можат да крстат посвоено дете или дете родено од сурогат мајка. Бискупот Хозе Негри од Санто Амаро, Бразил, во јули испрати шест прашања до ова тело на Ватикан за ЛГБТ заедницата и нивното учество во тајните на крштевањето и бракот. Трите страници прашања и одговори беа потпишани од шефот на Дикастеријата, аргентинскиот кардинал Виктор Мануел Фернандез, а на 31 октомври ги одобри и папата Франциск. Тие денеска беа објавени на порталот на Дикастеријата на италијански јазик. Одговарајќи на прашањето дали транссексуалците би можеле да се крстат, од Дикастеријата одговориле дека можат под одредени услови и доколку нема ризик од јавен скандал или збунување на верниците. Дикастеријата, исто така, одговори дека транссексуалците можат да бидат кумови со дискреција на локалниот свештеник, како и венчаните кумови, но локалниот свештеник треба да биде пасторално мудар кога ја донесува одлуката. Личност во истополова врска може да биде кум на венчавката, одговориле од дикастеријата, повикувајќи се на канонскиот закон што не го забранува тоа. Одговорот е помалку јасен кога станува збор за лицата во истополови врски и нивната улога во крштевките. Бразилскиот бискуп прашал и дали истополовата двојка која посвоила дете или го добила со помош на сурогат мајка може да го крсти тоа дете. Дикастеријата одговорила дека во тој случај мора да постои основана надеж дека детето ќе се образува во католичка вера. Подеднакво нејасен е и одговорот на прашањето дали личноста во истополова врска може да биде кум, бидејќи дадениот одговор на Дикестеријата е дека човекот мора да води живот во согласност со верата.

The post Ватикан им даде зелено светло: Транссексуалците можат да бидат крстени и да бидат кумови на крштевки и свадби appeared first on Република.

]]>
Ватикан: Жени првпат ќе гласаат на седницата на Бискупскиот синод https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vatikan-zheni-prvpat-ke-glasaat-na-sednitsata-na-biskupskiot-sinod/ Wed, 04 Oct 2023 07:50:18 +0000 https://republika.mk/?p=687702

На жените првпат ќе им биде дозволено да гласаат на седницата на Бискупскиот синод на Римокатоличката црква, што почнува денеска во Рим.

Со потег без преседан, папата Франциск во април одобри измени на нормите со кои се уредува Архиерејскиот Синод, отворајќи им го патот на жените да имаат 54 од вкупно 365 гласови, пишува лондонски „Гардијан“.

„Ова е извонреден чекор напред за жените. Не само поради настаните од овој октомври во Рим, туку и затоа што црквата најде поинаков начин да биде црква“, изјави Марија Лиа Зервино, директорка на Светската женска опсерваторија.

На тринеделниот синод, што ќе се одржи зад затворени врати, ќе учествуваат стотици делегати кои ќе се осврнат на итните прашања со кои се соочува црквата - од улогата на жените до свештеничкиот целибат и благословот на геј паровите. Седницата ќе заврши со гласање за конкретни предлози кои потоа ќе му бидат претставени на папата на разгледување

The post Ватикан: Жени првпат ќе гласаат на седницата на Бискупскиот синод appeared first on Република.

]]>

На жените првпат ќе им биде дозволено да гласаат на седницата на Бискупскиот синод на Римокатоличката црква, што почнува денеска во Рим. Со потег без преседан, папата Франциск во април одобри измени на нормите со кои се уредува Архиерејскиот Синод, отворајќи им го патот на жените да имаат 54 од вкупно 365 гласови, пишува лондонски „Гардијан“.
„Ова е извонреден чекор напред за жените. Не само поради настаните од овој октомври во Рим, туку и затоа што црквата најде поинаков начин да биде црква“, изјави Марија Лиа Зервино, директорка на Светската женска опсерваторија.
На тринеделниот синод, што ќе се одржи зад затворени врати, ќе учествуваат стотици делегати кои ќе се осврнат на итните прашања со кои се соочува црквата - од улогата на жените до свештеничкиот целибат и благословот на геј паровите. Седницата ќе заврши со гласање за конкретни предлози кои потоа ќе му бидат претставени на папата на разгледување

The post Ватикан: Жени првпат ќе гласаат на седницата на Бискупскиот синод appeared first on Република.

]]>
САД ги поздравија напорите на Ватикан за враќање на депортираните украински деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-gi-pozdravija-naporite-na-vatikan-za-vrakane-na-deportiranite-ukrainski-detsa/ Wed, 19 Jul 2023 20:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=663300

Претседателот на САД Џо Бајден и кардиналот Матео Зупи разговарале за напорите на Ватикан да продолжи со помошта за Украина, во време на постојаната руска агресија врз оваа земја, изјави денеска портпаролката Карин Жан Пјер.

Зупи, кој е архиепископ на Болоња и претседател на Италијанската епископска конференција, е испратен во тридневна посета на Вашингтон како емисар на Папата за да разговара со Бајден за илјадниците насилно раселени украински деца.

На средбата, претседателот ги поздрави повиците на Светата столица за враќање на насилно депортираните украински деца. Тоа што Русија го прави, киднапирање на илјадници украински деца и нивно преместување во други делови на Украина или депортирање во Русија е ужасна работа, затоа ги поздравуваме напорите на Ватикан за враќање на овие деца, рече Жан Пјер.

Таа истакна дека на средбата, Бајден ги споделил своите желби за продолжително администрирање и глобално лидерство на папата Франциск, и ја поздрави неодамнешната номинација на американски архиепископ за кардинал.

The post САД ги поздравија напорите на Ватикан за враќање на депортираните украински деца appeared first on Република.

]]>

Претседателот на САД Џо Бајден и кардиналот Матео Зупи разговарале за напорите на Ватикан да продолжи со помошта за Украина, во време на постојаната руска агресија врз оваа земја, изјави денеска портпаролката Карин Жан Пјер. Зупи, кој е архиепископ на Болоња и претседател на Италијанската епископска конференција, е испратен во тридневна посета на Вашингтон како емисар на Папата за да разговара со Бајден за илјадниците насилно раселени украински деца.
На средбата, претседателот ги поздрави повиците на Светата столица за враќање на насилно депортираните украински деца. Тоа што Русија го прави, киднапирање на илјадници украински деца и нивно преместување во други делови на Украина или депортирање во Русија е ужасна работа, затоа ги поздравуваме напорите на Ватикан за враќање на овие деца, рече Жан Пјер.
Таа истакна дека на средбата, Бајден ги споделил своите желби за продолжително администрирање и глобално лидерство на папата Франциск, и ја поздрави неодамнешната номинација на американски архиепископ за кардинал.

The post САД ги поздравија напорите на Ватикан за враќање на депортираните украински деца appeared first on Република.

]]>
Гол маж се качи на олтарот во Ватикан- протестирал против војната во Украина? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gol-mazh-se-kachi-na-oltarot-vo-vatikan-protestiral-protiv-vojnata-vo-ukraina/ Fri, 02 Jun 2023 20:29:08 +0000 https://republika.mk/?p=647243

Маж кој ја посетил базиликата Св. Петар се соблекол и се качил на олтарот на црквата, а според тамошните медиуми чинот е протест против војната во Украина.

Според извор од Ватикан голиот маж на грбот имал испишана порака во која повикува да се спасат децата на Украина. Изворот тврди дека имал и знаци на самонанесени повреди по телото.

Стражарите на Ватикан го предале неидентификуваниот маж на италијанската полиција. Инцидентот се случил пред затворањето на базиликата вчера попладне.

Неколку италијански медиуми објавија фотографии од мажот направени од туристи.

The post Гол маж се качи на олтарот во Ватикан- протестирал против војната во Украина? appeared first on Република.

]]>

Маж кој ја посетил базиликата Св. Петар се соблекол и се качил на олтарот на црквата, а според тамошните медиуми чинот е протест против војната во Украина. Според извор од Ватикан голиот маж на грбот имал испишана порака во која повикува да се спасат децата на Украина. Изворот тврди дека имал и знаци на самонанесени повреди по телото. Стражарите на Ватикан го предале неидентификуваниот маж на италијанската полиција. Инцидентот се случил пред затворањето на базиликата вчера попладне. Неколку италијански медиуми објавија фотографии од мажот направени од туристи.

The post Гол маж се качи на олтарот во Ватикан- протестирал против војната во Украина? appeared first on Република.

]]>
Џафери ја предводи државно-црковна делегација во Рим и Ватикан на манифестацијата во чест на Св. Кирил и Методиј https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-ja-predvodi-drzhavno-tsrkovna-delegatsija-vo-rim-i-vatikan-na-manifestatsijata-vo-chest-na-sv-kiril-i-metodij/ Tue, 23 May 2023 06:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=643786

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, од денеска до 25-ти овој месец ќе ја предводи државно - црковната делегација за одбележување на традиционалната манифестација во чест на Св. Кирил, во Светата столица во Рим.

Џафери ќе биде придружуван од пратениците Соња Мираковска, Дафина Стојаноска, Арбер Адеми, генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници Даријан Сотировски, директорката на Институтот за македоснки јазик Елена Јовановска Грујовска, митрополитот европски г. Пимен, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отец Митко Газинковски од Македонската православна црква- Охридска архиепископија и отец Зоран Стојанов од Католичката црква.

Џафери денеска ќе има средба со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република Лоренцо Фонтана, а во попладневните часови ќе присуствува на концерт на учениците од трета година во МБУЦ, Гоце Златев и Магдалена Дрмач.

Според агендата, утре државно – црковната делегација ќе присуствува на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан, по што Џафери ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Пјетро Паролин.

Делегацијата на Република Македонија ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил, а потоа ќе ја разгледа изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во амбадсадата на Светата столица.

Во попладневните часови претседателот на Собранието Талат Џафери ќе положи цвеќе пред спомен - плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”.

Во четврток, на 25 мај, претседателот на Собранието ја завршува посетата на Рим и Ватикан со средба со претставниците од Центарот за изградба на светилиштето на Мајка Тереза.

Поклонението на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и на просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник во нашата земја и неработен ден за сите граѓани.

The post Џафери ја предводи државно-црковна делегација во Рим и Ватикан на манифестацијата во чест на Св. Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, од денеска до 25-ти овој месец ќе ја предводи државно - црковната делегација за одбележување на традиционалната манифестација во чест на Св. Кирил, во Светата столица во Рим. Џафери ќе биде придружуван од пратениците Соња Мираковска, Дафина Стојаноска, Арбер Адеми, генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници Даријан Сотировски, директорката на Институтот за македоснки јазик Елена Јовановска Грујовска, митрополитот европски г. Пимен, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отец Митко Газинковски од Македонската православна црква- Охридска архиепископија и отец Зоран Стојанов од Католичката црква. Џафери денеска ќе има средба со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската Република Лоренцо Фонтана, а во попладневните часови ќе присуствува на концерт на учениците од трета година во МБУЦ, Гоце Златев и Магдалена Дрмач. Според агендата, утре државно – црковната делегација ќе присуствува на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан, по што Џафери ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Пјетро Паролин. Делегацијата на Република Македонија ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил, а потоа ќе ја разгледа изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во амбадсадата на Светата столица. Во попладневните часови претседателот на Собранието Талат Џафери ќе положи цвеќе пред спомен - плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”. Во четврток, на 25 мај, претседателот на Собранието ја завршува посетата на Рим и Ватикан со средба со претставниците од Центарот за изградба на светилиштето на Мајка Тереза. Поклонението на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација. Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и на просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник во нашата земја и неработен ден за сите граѓани.

The post Џафери ја предводи државно-црковна делегација во Рим и Ватикан на манифестацијата во чест на Св. Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>