Васко Ташковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasko-tashkovski/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Apr 2024 08:26:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Васко Ташковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasko-tashkovski/ 32 32 Изложба на слики на три генерациии Ташковски во МАНУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-sliki-na-tri-generatsiii-tashkovski-vo-manu/ Mon, 08 Apr 2024 08:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=763686

Ликовните уметници Ристо Ристовски, неговиот син академик Васко Ташковски и внуката Лара Ташковска на 11-ти април во 19:00ч. во изложбениот салон на МАНУ, пред скопската публика ќе се претстават со 60-тина ликовни дела.

Ристо Ристовски е роден 1912 г. во с. Нижополе, Битола. Со сликарство активно се занимава од 1976г. до 1982г. Во тој период насликал 314 слики во техника темпера.

Васко Ташковски е роден 1937г. во с. Нижополе, Битола. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград 1964г. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртеж и графика. Има реализирано 52 самостојни изложби и е добитник на 18 награди и признанија.

Лара Ташковска е родена во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот сликарство. Таа е македонска современа ликовна уметница која работи во техниките масло, акрил и акварел и поседува приватно училиште за ликовни уметности – Ателје за цртање и сликање во Скопје.

The post Изложба на слики на три генерациии Ташковски во МАНУ appeared first on Република.

]]>

Ликовните уметници Ристо Ристовски, неговиот син академик Васко Ташковски и внуката Лара Ташковска на 11-ти април во 19:00ч. во изложбениот салон на МАНУ, пред скопската публика ќе се претстават со 60-тина ликовни дела. Ристо Ристовски е роден 1912 г. во с. Нижополе, Битола. Со сликарство активно се занимава од 1976г. до 1982г. Во тој период насликал 314 слики во техника темпера. Васко Ташковски е роден 1937г. во с. Нижополе, Битола. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград 1964г. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртеж и графика. Има реализирано 52 самостојни изложби и е добитник на 18 награди и признанија. Лара Ташковска е родена во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот сликарство. Таа е македонска современа ликовна уметница која работи во техниките масло, акрил и акварел и поседува приватно училиште за ликовни уметности – Ателје за цртање и сликање во Скопје.

The post Изложба на слики на три генерациии Ташковски во МАНУ appeared first on Република.

]]>
Изложбата на академик Васко Ташковски во Даут пашин амам ги сруши рекордите на посетеност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-na-akademik-vasko-tashkovski-vo-daut-pashin-amam-gi-srushi-rekordite-na-posetenost/ Thu, 20 Jan 2022 11:42:31 +0000 https://republika.mk/?p=447075

Изложбата на академик Васко Ташковски во Националната галерија, во објектот Даут пашин амам ги сруши рекордите на посетеност. Во пандемски услови изложбата ја виделе над 10 илјади посетители, согласно сите пропишани протоколи и речиси сосема распродадени два тиражи на каталогот.

Ретроспективната изложба на академик Ташковски со 120 дела беше презентирана во објектот Даут пашин амам во период од 21 октомври 2021 до 15 јануари 2022 година.

На мое големо задоволство, изложбата на академик Ташковски, ги сруши рекордите не само на Националната галерија и тоа во пандемиски услови, со над 10.000 посетители согласно сите пропишани протоколи и речиси сосема распродадени два тиража на каталогот. Особено ми е драго што оваа изложба беше посетена доминантно од младата генерација љубители на уметноста и уметници, што ми дава надеж дека интересот за ликовната уметност не згаснува, туку предизвикува уште поголем интерес, вели директорката на Националната галерија на Македонија Дита Старова Ќерими.

Старова Ќерими додава дека е горда на фактот што академик Ташковски на Националната галерија по повод оваа изложба и го подари делото - Маскиран пејзаж, 2008, акварел, 50х70 см.

Во оваа прилика уште еднаш му се заблагодарувам на авторот академик Васко Ташковски за укажаната чест неговата ретроспективна изложба да биде претставена во Националната галерија и воедно се заблагодарувам на тимот на нашата институција за професионалната организација и на вишиот кустос Маја Чанкуловска за овој исклучителен проект, рече Старова Ќерими.

Ташковски е еден од водечките претставници на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност. Во Даут-пашиниот амам беа изложени слики, акварели и цртежи од сите негови творечки фази.

Васко Ташковски, инаку роден во Нижополе, Битола, покрај сликањето во маслена техника, работел и акварел, цртежи и графика. Има реализирано над 50 самостојни изложби, а учествувал на повеќе групни изложби во земјава и во странство. Добитник е на многубројни награди и признанија, а од 1994 година е дописен член во МАНУ.

The post Изложбата на академик Васко Ташковски во Даут пашин амам ги сруши рекордите на посетеност appeared first on Република.

]]>

Изложбата на академик Васко Ташковски во Националната галерија, во објектот Даут пашин амам ги сруши рекордите на посетеност. Во пандемски услови изложбата ја виделе над 10 илјади посетители, согласно сите пропишани протоколи и речиси сосема распродадени два тиражи на каталогот. Ретроспективната изложба на академик Ташковски со 120 дела беше презентирана во објектот Даут пашин амам во период од 21 октомври 2021 до 15 јануари 2022 година.
На мое големо задоволство, изложбата на академик Ташковски, ги сруши рекордите не само на Националната галерија и тоа во пандемиски услови, со над 10.000 посетители согласно сите пропишани протоколи и речиси сосема распродадени два тиража на каталогот. Особено ми е драго што оваа изложба беше посетена доминантно од младата генерација љубители на уметноста и уметници, што ми дава надеж дека интересот за ликовната уметност не згаснува, туку предизвикува уште поголем интерес, вели директорката на Националната галерија на Македонија Дита Старова Ќерими.
Старова Ќерими додава дека е горда на фактот што академик Ташковски на Националната галерија по повод оваа изложба и го подари делото - Маскиран пејзаж, 2008, акварел, 50х70 см.
Во оваа прилика уште еднаш му се заблагодарувам на авторот академик Васко Ташковски за укажаната чест неговата ретроспективна изложба да биде претставена во Националната галерија и воедно се заблагодарувам на тимот на нашата институција за професионалната организација и на вишиот кустос Маја Чанкуловска за овој исклучителен проект, рече Старова Ќерими.
Ташковски е еден од водечките претставници на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност. Во Даут-пашиниот амам беа изложени слики, акварели и цртежи од сите негови творечки фази. Васко Ташковски, инаку роден во Нижополе, Битола, покрај сликањето во маслена техника, работел и акварел, цртежи и графика. Има реализирано над 50 самостојни изложби, а учествувал на повеќе групни изложби во земјава и во странство. Добитник е на многубројни награди и признанија, а од 1994 година е дописен член во МАНУ.

The post Изложбата на академик Васко Ташковски во Даут пашин амам ги сруши рекордите на посетеност appeared first on Република.

]]>