васко стефанов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasko-stefanov/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Apr 2023 21:51:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png васко стефанов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasko-stefanov/ 32 32 Стефанов ја презеде функцијата генерален директор на АД ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stefanov-ja-prezede-funktsijata-generalen-direktor-na-ad-esm/ Wed, 19 Apr 2023 07:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=631971

Во просториите на АД ЕСМ се одржа чинот на примопредавање на должноста генерален директор. Новоименуваниот генерален директор Васко Стефанов ја презеде функцијата од досегашниот генерален директор Васко Ковачевски.

Во срдечна атмосфера, си посакаа многу успех и ефикасно справување со предизвиците што претстојат.

Чест ми е што сум именуван за нов генерален директор на АД ЕСМ. Денес имав продуктивна средба со досегашниот генерален директор Васко Ковачевски. ЕСМ ќе продолжи  посветено и транспарентно да се подготвува за следната грејна сезона“ - изјави генералниот директор Стефанов.

Васко Стефанов е новиот генерален директор на АД ЕСМ, откако досегашниот директор Васко Ковачевски ја депонираше својата оставка. Надзорниот одбор на АД ЕСМ ја констатираше оставката на Васко Ковачевски од должноста член и претседател на Управен одбор, со назив генерален директор, а за нов член и претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, по препорака на Владата, го избра Васко Стефанов.

Стефанов, на новата позиција доаѓа со претходно искуство од АД Водостопанство и АД Пошти на РСМ, каде што бил генерален директор.

The post Стефанов ја презеде функцијата генерален директор на АД ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Во просториите на АД ЕСМ се одржа чинот на примопредавање на должноста генерален директор. Новоименуваниот генерален директор Васко Стефанов ја презеде функцијата од досегашниот генерален директор Васко Ковачевски. Во срдечна атмосфера, си посакаа многу успех и ефикасно справување со предизвиците што претстојат.
Чест ми е што сум именуван за нов генерален директор на АД ЕСМ. Денес имав продуктивна средба со досегашниот генерален директор Васко Ковачевски. ЕСМ ќе продолжи  посветено и транспарентно да се подготвува за следната грејна сезона“ - изјави генералниот директор Стефанов.
Васко Стефанов е новиот генерален директор на АД ЕСМ, откако досегашниот директор Васко Ковачевски ја депонираше својата оставка. Надзорниот одбор на АД ЕСМ ја констатираше оставката на Васко Ковачевски од должноста член и претседател на Управен одбор, со назив генерален директор, а за нов член и претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, по препорака на Владата, го избра Васко Стефанов.
Стефанов, на новата позиција доаѓа со претходно искуство од АД Водостопанство и АД Пошти на РСМ, каде што бил генерален директор.

The post Стефанов ја презеде функцијата генерален директор на АД ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Васко Ковачевски од лични причини се повлекува од директорското место, Стефанов доаѓа на чело на ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vasko-kovachevski-od-lichni-prichini-se-povlekuva-od-direktorskoto-mesto-stefanov-doaga-na-chelo-na-esm/ Thu, 06 Apr 2023 12:40:46 +0000 https://republika.mk/?p=627980

Директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски од лични причини поднел оставка од функцијата и на негово место на следната владина седница ќе биде назначен, Васко Стефанов.

Информацијата ја потврди премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата посветена на годишниот извештај на АД ЕСМ.

Сакам лично да му се заблагодарам затоа што целото свое знаење и труд и време ги вложи во менаџирањето на компанијата во една исклучително тешка и деликатна ситуација која произлезе од енергетската криза, рече премиерот Ковачевски.

За одлуката на директорот на АД ЕСМ, премиерот рече дека разговарале уште во текот на минатата година и дека утрово усно, а утре и писмено, ќе биде доставена оставката која ќе биде констатирана на следната владина седница.

Генералниот директор на АД ЕСМ, како што изјави, останува да работи во компанијата.

Вработен сум во АД ЕСМ. Прво ќе го земам одморот од 20 дена, а потоа по проценка на новиот менаџмент на ЕСМ и министрите ќе процениме каде ќе биде моето место во компанијата. Она што го протежирам е да се посветам пред се на семејството, односно на моите две деца кои имаат потреба од мене за иден раст и развој односно доообразование, истакна Ковачевски.

Во однос на тоа дали е задоволен колку успешно менаџирал со компанијата, Ковачевски рече дека бројките во делот на производството и во делот на финансиите се најдобра потврда за тоа.

Убеден сум дека пред се како држава, а потоа и како компанија, успешно ја изменаџиравме кризата, рече тој.

Ковачевски во јули 2019 година беше избран за претседател на Управниот одбор и за генерален директор на АД ЕСМ. На функцијата дојде од местото директор на РЕК „Битола“ каде што беше назначен во јануари 2018 година.

Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика. Тој е поранешен советник во Советот на општина Битола во периодот од 2013 до 2014 година, како и пратеник во Собранието во два мандата од 2014 до 2016 година и од 2016 до 2017 година.

Поради пензионирање од АД ЕСМ ќе замине и Добрила Стефанова, а на нејзно место за нов член на Управниот одбор и директор на финансии ќе биде назначена Марија Пејкова.

The post Васко Ковачевски од лични причини се повлекува од директорското место, Стефанов доаѓа на чело на ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски од лични причини поднел оставка од функцијата и на негово место на следната владина седница ќе биде назначен, Васко Стефанов. Информацијата ја потврди премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата посветена на годишниот извештај на АД ЕСМ.
Сакам лично да му се заблагодарам затоа што целото свое знаење и труд и време ги вложи во менаџирањето на компанијата во една исклучително тешка и деликатна ситуација која произлезе од енергетската криза, рече премиерот Ковачевски.
За одлуката на директорот на АД ЕСМ, премиерот рече дека разговарале уште во текот на минатата година и дека утрово усно, а утре и писмено, ќе биде доставена оставката која ќе биде констатирана на следната владина седница. Генералниот директор на АД ЕСМ, како што изјави, останува да работи во компанијата.
Вработен сум во АД ЕСМ. Прво ќе го земам одморот од 20 дена, а потоа по проценка на новиот менаџмент на ЕСМ и министрите ќе процениме каде ќе биде моето место во компанијата. Она што го протежирам е да се посветам пред се на семејството, односно на моите две деца кои имаат потреба од мене за иден раст и развој односно доообразование, истакна Ковачевски.
Во однос на тоа дали е задоволен колку успешно менаџирал со компанијата, Ковачевски рече дека бројките во делот на производството и во делот на финансиите се најдобра потврда за тоа. Убеден сум дека пред се како држава, а потоа и како компанија, успешно ја изменаџиравме кризата, рече тој. Ковачевски во јули 2019 година беше избран за претседател на Управниот одбор и за генерален директор на АД ЕСМ. На функцијата дојде од местото директор на РЕК „Битола“ каде што беше назначен во јануари 2018 година. Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика. Тој е поранешен советник во Советот на општина Битола во периодот од 2013 до 2014 година, како и пратеник во Собранието во два мандата од 2014 до 2016 година и од 2016 до 2017 година. Поради пензионирање од АД ЕСМ ќе замине и Добрила Стефанова, а на нејзно место за нов член на Управниот одбор и директор на финансии ќе биде назначена Марија Пејкова.

The post Васко Ковачевски од лични причини се повлекува од директорското место, Стефанов доаѓа на чело на ЕСМ appeared first on Република.

]]>