Васко Наумовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasko-naumovski/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 12:50:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Васко Наумовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasko-naumovski/ 32 32 Целта на нашата дипломатија е да се затвори прашањето со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tselta-na-nashata-diplomatija-e-da-se-zatvori-prashaneto-so-bugarija/ Thu, 14 Nov 2024 12:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=837633

Целта на нашата дипломатија е да се затвори прашањето со соседна Бугарија и соодветно на тоа да се направи и официјалниот почеток на преговорите, истакна денеска универзитетскиот професор, Васко Наумовски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Но, според негово мислење иако ќе се формира нова Влада во Бугарија нема да се стабилна и затоа како што вели помалку веројатно е да се постигне решение со нашиот билатерален спор.

- Имавме избори во Бугарија, во однос на рејтингот на политичките сили таму, согласно оние први најави коишто ги слушаме од страна на лидерите на политичките партии во Бугарија не би бил голем оптимист дека во скоро време да се надеваме на формирање на стабилна политичка Влада и многу веројатно дека во текот на наредната година ќе бидеме сведоци на нови предвремени парламентарни избори во Бугарија. Што значи ќе биде уште помалку веројатно да се постигне некое решение, во врска со нашиот билатерален спор. Останува таа комуникација, којашто ја има нашиот политички врв со Претседателот, Радев. Меѓутоа лично сметам дека додека немаме стабилна политичка Влада во Бугарија не би имале партнер со којшто би можеле да разговараме за некакви измени во она што е договорено од претходната Влада, вели Наумовски.

Тој истакна дека согласно претходните циклуси на проширување, ЕУ тежнее да прими во еден циклус повеќе држави. Но, како што вели во нашиот случај, нашата земја е во апсурдна ситуација, бидејќи веќе се зборува за членство на Украина и на Молдавија, а земјите од Западниот Балкан се многу понапред од овие држави и имаат билатерални пречки.

-Тука е вториот проблем којшто го има ЕУ, непостоењето на механизам да се надминат тие билатерални проблеми, односно проблемите коишто постојат помеѓу држава членка на ЕУ и држава кандидат и наместо да се фокусираме на Копехагенските критериуми и исполнување на европските стандарди, ние се занимавме со прашања поврзани со историјата, коишто на ниту еден начин не се поврзани со исполнување на услови, вели Наумовски.

The post Целта на нашата дипломатија е да се затвори прашањето со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Наумовски: Главниот фокус на новата американска администрација се очекува да биде во економијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naumovski-glavniot-fokus-na-novata-amerikanska-administratsija-se-ochekuva-da-bide-vo-ekonomijata/ Wed, 06 Nov 2024 12:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=834754

Прашан за коментар на исходот од изборите и какви промени очекува во американската надворешна политика и особено за регионов поранешниот преговарач Васко Наумовски потенцира дека истражувањата на јавно мислење повторно потфрлија, за разлика од анкетите коишто покажуваа изедначени рејтинзи на Доналд Трамп и Камала Харис и дека Трамп ги доби гласовите во т.н. колебливи држави.

-Претседателот Трамп успеа да го подобри својот резултат и да освои многу поголем број на гласови во сојузните држави коишто ја носат победата. Главниот фокус на новата американска администрација се очекува да биде во економијата што беше една од причините за овој пресврт во американската политика и истовремено да се направат определени промени во надворешната политика со што ќе се врати она лидерство на САД на глобалната сцена. Пред се, тоа се однесува на улогата која што може да ја преземе САД во завршувањето на војната помеѓу Русија и Украина, и со тоа да се придонесе за стабилизација на Европскиот континент, и во економска и во политичка и во безбедносна смисла, што неминовно ќе има последици и врз регионот на Балканот, вели за МИА амбасадорот Наумовски, кој е професор на Правниот факултет во Скопје.

The post Наумовски: Главниот фокус на новата американска администрација се очекува да биде во економијата appeared first on Република.

Наумовски: СДСМ избрза и претера со имплементирање на „Северна“ насекаде https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naumovski-sdsm-izbrza-i-pretera-so-implementirane-na-severna-nasekade/ Thu, 16 May 2024 12:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=778842

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор и поранешен амбасадор во САД, Васко Наумовски денеска во изјава за медиумите истакна дека новата додавка на името на државата треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје.

По денешната панел-дискусија и промоција на публикацијата „Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина?”, Наумовски посочи дека некои аспекти на имплементацијата на Преспанскиот договор се направени предвреме и избрзано штом, како што рече, земјава ги нема отворено преговорите за членство со ЕУ и нема отворено ниту едно поглавје.

Имено, доколку детално се анализираат одредбите, ќе видиме дека претходната Влада на СДСМ отиде и предалеку со имплементацијата на Преспанскиот договор во внатрешната употреба и документите кои се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, односно некои одредби кои што требаше да бидат имплементирани постепено согласно отворањето на поглавјата за приговорите со Европската унија беа имплементирани избрзано. Доколку ја направиме анализата, ќе видиме дека самиот договор предвидува постепено имплементирање на додавката во документите согласно отворањето на поглавјата, односно новата додавка треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. Ние ги немаме отворено преговорите за членство со Европската унија и немаме отворено ниту едно поглавје, што значи дека некои аспекти на имплементацијата се направени предвреме и избрзано, рече Наумовски.

Според поранешниот вицепремиер Наумовски, избегнувањето на претседателката Гордана Сиљановска Давкова да го каже целосното уставно име на државата во нејзината свечена изјава не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор.

Она што професорката Сиљановска Давкова го направи, според мене, не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор, туку ние сме доведени во ситуација да го толкуваме Преспанскиот договор од гледна точка на Грција. Она што било претходно направено, таа избрзана и предвремена имплементација, според мене, било погрешно. Можеби е добро да се направи детална анализа што всушност треба да значи внатрешната употреба на Преспанскиот договор и како таа да се употребува понатаму. За очекување беше дека нашите соседи нема да го игнорираат овој потег, меѓутоа сметам дека ние би требало малку подлабоко да гледаме на ова прашање, односно да видиме дали во суштина некои одредби од т.н Преспански договор се прекршени или не, и што всушност значи неговата примена во документите што се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, рече Наумовски, потенцирајќи дека ставот на Сиљановска Давкова по ова прашање бил јавно деклариран уште во нејзината предизборна кампања и таа останала доследна на она што го ветувала на граѓаните.

The post Наумовски: СДСМ избрза и претера со имплементирање на „Северна“ насекаде appeared first on Република.

]]>

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор и поранешен амбасадор во САД, Васко Наумовски денеска во изјава за медиумите истакна дека новата додавка на името на државата треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. По денешната панел-дискусија и промоција на публикацијата „Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина?”, Наумовски посочи дека некои аспекти на имплементацијата на Преспанскиот договор се направени предвреме и избрзано штом, како што рече, земјава ги нема отворено преговорите за членство со ЕУ и нема отворено ниту едно поглавје.
Имено, доколку детално се анализираат одредбите, ќе видиме дека претходната Влада на СДСМ отиде и предалеку со имплементацијата на Преспанскиот договор во внатрешната употреба и документите кои се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, односно некои одредби кои што требаше да бидат имплементирани постепено согласно отворањето на поглавјата за приговорите со Европската унија беа имплементирани избрзано. Доколку ја направиме анализата, ќе видиме дека самиот договор предвидува постепено имплементирање на додавката во документите согласно отворањето на поглавјата, односно новата додавка треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. Ние ги немаме отворено преговорите за членство со Европската унија и немаме отворено ниту едно поглавје, што значи дека некои аспекти на имплементацијата се направени предвреме и избрзано, рече Наумовски.
Според поранешниот вицепремиер Наумовски, избегнувањето на претседателката Гордана Сиљановска Давкова да го каже целосното уставно име на државата во нејзината свечена изјава не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор.
Она што професорката Сиљановска Давкова го направи, според мене, не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор, туку ние сме доведени во ситуација да го толкуваме Преспанскиот договор од гледна точка на Грција. Она што било претходно направено, таа избрзана и предвремена имплементација, според мене, било погрешно. Можеби е добро да се направи детална анализа што всушност треба да значи внатрешната употреба на Преспанскиот договор и како таа да се употребува понатаму. За очекување беше дека нашите соседи нема да го игнорираат овој потег, меѓутоа сметам дека ние би требало малку подлабоко да гледаме на ова прашање, односно да видиме дали во суштина некои одредби од т.н Преспански договор се прекршени или не, и што всушност значи неговата примена во документите што се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, рече Наумовски, потенцирајќи дека ставот на Сиљановска Давкова по ова прашање бил јавно деклариран уште во нејзината предизборна кампања и таа останала доследна на она што го ветувала на граѓаните.

The post Наумовски: СДСМ избрза и претера со имплементирање на „Северна“ насекаде appeared first on Република.

]]>
Наумовски: Постојат центри на моќ и политички партии и структури и во Бугарија, кои што не гледаат со симпатии кон решавање на спорот, https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naumovski-postojat-centri-na-mokj-i-politichki-partii-i-strukturi-i-vo-bugarija-koi-shto-ne-gledaat-so-simpatii-kon-reshavanje-na-sporot/ Thu, 05 May 2022 13:11:33 +0000 https://republika.mk/?p=498082

Постојат центри на моќ и политички партии и структури и во Бугарија, кои што не гледаат со симпатии кон решавање на спорот, вели поранешниот вицепремиер Васко Наумовски за „Радио Слобода Европа“.

Тој ги коментира ги последните пораки од источниот сосед. Притоа продолжува притисокот од меѓународната заедница за решавање на спорот.

Одбележувањето на 119 те години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев уште еднаш беше повод за бугарската страна да испрати пораки за спорот со Македонија кој ги блокира евроинтеграциите на земјава. Од друга страна, се засилува меѓународниот притисок за решавање на спорот за ввреме на француското претседавање со ЕУ и со тоа да се отвори патот за одржување на првата меѓувладината конфренција со Унијата со која и официјално би почнале преговорите за членство.

The post Наумовски: Постојат центри на моќ и политички партии и структури и во Бугарија, кои што не гледаат со симпатии кон решавање на спорот, appeared first on Република.

]]>

Постојат центри на моќ и политички партии и структури и во Бугарија, кои што не гледаат со симпатии кон решавање на спорот, вели поранешниот вицепремиер Васко Наумовски за „Радио Слобода Европа“. Тој ги коментира ги последните пораки од источниот сосед. Притоа продолжува притисокот од меѓународната заедница за решавање на спорот. Одбележувањето на 119 те години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев уште еднаш беше повод за бугарската страна да испрати пораки за спорот со Македонија кој ги блокира евроинтеграциите на земјава. Од друга страна, се засилува меѓународниот притисок за решавање на спорот за ввреме на француското претседавање со ЕУ и со тоа да се отвори патот за одржување на првата меѓувладината конфренција со Унијата со која и официјално би почнале преговорите за членство.

The post Наумовски: Постојат центри на моќ и политички партии и структури и во Бугарија, кои што не гледаат со симпатии кон решавање на спорот, appeared first on Република.

]]>
Наумовски: Употреба на хемиско оружје би било премногу и за Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/naumovski-upotreba-na-hemisko-oruzje-bi-bilo-premnogu-i-za-putin/ Thu, 24 Mar 2022 20:07:57 +0000 https://republika.mk/?p=477944

Васко Наумовски универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции во емисијата 24 анализа рече дека влегуваме во фаза кога конфликтот ќе влезе во фаза на смирување, односно и двете страни ќе станат свесни дека загубите се големи колку е подолг конфликтот.

- Се соочуваме со еден глобален предизвик на економско поле и во таа насока сите ние кои се вклучени ќе работат за поскоро смирување на состојбата. Штетата што што е нанесена на економски план, долго ќе треба да се надоместува. Зааите кои се упатуваат од страна на лидерите н НАТО е дел од таа динамика, но нема да дојде до ескалација со употреба на хемиско оружје, кое би било премногу и за Путин. Украина е свесна дека на крајот ќе треба да се откаже од членството во НАТО. - рече Наумовски.

The post Наумовски: Употреба на хемиско оружје би било премногу и за Путин appeared first on Република.