васко мавровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasko-mavrovski/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Nov 2022 14:07:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png васко мавровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasko-mavrovski/ 32 32 Ако вака се затвораат луѓе за изнесен став, власта нè враќа во ’49-тa, вели Мицкоски за приведувањето на актерот Мавровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-vaka-se-zatvoraat-lugje-za-iznesen-stav-vlasta-ne-vrakja-vo-49-ta-veli-mickoski-za-priveduvanjeto-na-akterot-mavrovski/ Fri, 04 Nov 2022 14:07:23 +0000 https://republika.mk/?p=569596

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Битола одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу случајот со приведувањето на актерот во Битолскиот театар, Васко Мавровски по пријава на министерката за култура поради пост на социјалните мрежи, истакна дека луѓето од власта треба да сфатат дека кога се занимаваат со јавна дејност ќе бидат и предмет на критика и дека ако за изнесен став се затвораат луѓе власта не враќа во 49-тата година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bitolski-akter-na-raspit-zoshto-ja-kritikuval-ministerkata-za-kultura/

Не е првпат МВР така да постапува насилнички. Јас на дневна основа јавно, што политичари, што граѓани, сум жртва на такви статуси што повикуваат на линч, на физички пресметки на мене на моето семејство и досега еве две години не е постапувано и луѓето треба да сфатат дека кога се занимаваат со јавна дејност дека ќе бидат предмет на критика. Не може секогаш да ве фалат и да велат дека сте најпаметни и дека најдобро работите, некогаш и логично е да ве критикуваат. Впрочем, затоа и преставува плурализмот, демократијата и ако вака за изнесен став се затвораат луѓе се враќаме назад во 49-тата година. Тоа не се европските вредности кои што оваа влада ги промовира. Нели велат европски вредности, полна им е устата со Европа, а се однесуваат како дивјаци од минатиот век, истакна Мицкоски.

Тој исто така изрази поддршка до актерот Мавровски и го охрабри секој граѓанин без да се грижи да го изрази својот став без разлика на кого се однесува критиката.

Поддршка до Васко и поддршка до слободата на мислата. Секој граѓанин да не се грижи и да си го каже својот став, па нека биде тоа критика дали за ВМРО, за СДСМ, за ДУИ, слободно да го искажат ставот. Ова е веќе втора жртва на приведување на оваа насилничка полиција. Таков беше и случајот во Скопје со лицето кое што беше приведено под сомнеж дека ги испраќа оние мејлови со коишто се испраќаат закани за поставени бомби во училиштата во Скопје, па тоа беше поврзувано со ВМРО-ДПМНЕ, додека пак вистинските криминалци шетаат насекаде во Македонија, односно да бидам уште попрецизен се во коалиција со власта на СДСМ и ДУИ. Таква една порака упатив од вчера од Прилеп каде што седат со истите тие криминалци кои што имаат возен парк од неколку стотици илјади евра. Доволно е да го проверат возниот парк на тие луѓе, од каде им е и потекло на парите да им побараат и ќе им стане јасно кои се вистинските криминалци и кои се невини жртви. Истото и тука во Битола, но доаѓа денот, секој ден сме поблиску до денот на одговорност и јас ветувам дека ќе има одговорност, рече тој.

The post Ако вака се затвораат луѓе за изнесен став, власта нè враќа во ’49-тa, вели Мицкоски за приведувањето на актерот Мавровски appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Битола одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу случајот со приведувањето на актерот во Битолскиот театар, Васко Мавровски по пријава на министерката за култура поради пост на социјалните мрежи, истакна дека луѓето од власта треба да сфатат дека кога се занимаваат со јавна дејност ќе бидат и предмет на критика и дека ако за изнесен став се затвораат луѓе власта не враќа во 49-тата година. https://republika.mk/vesti/makedonija/bitolski-akter-na-raspit-zoshto-ja-kritikuval-ministerkata-za-kultura/
Не е првпат МВР така да постапува насилнички. Јас на дневна основа јавно, што политичари, што граѓани, сум жртва на такви статуси што повикуваат на линч, на физички пресметки на мене на моето семејство и досега еве две години не е постапувано и луѓето треба да сфатат дека кога се занимаваат со јавна дејност дека ќе бидат предмет на критика. Не може секогаш да ве фалат и да велат дека сте најпаметни и дека најдобро работите, некогаш и логично е да ве критикуваат. Впрочем, затоа и преставува плурализмот, демократијата и ако вака за изнесен став се затвораат луѓе се враќаме назад во 49-тата година. Тоа не се европските вредности кои што оваа влада ги промовира. Нели велат европски вредности, полна им е устата со Европа, а се однесуваат како дивјаци од минатиот век, истакна Мицкоски.
Тој исто така изрази поддршка до актерот Мавровски и го охрабри секој граѓанин без да се грижи да го изрази својот став без разлика на кого се однесува критиката.
Поддршка до Васко и поддршка до слободата на мислата. Секој граѓанин да не се грижи и да си го каже својот став, па нека биде тоа критика дали за ВМРО, за СДСМ, за ДУИ, слободно да го искажат ставот. Ова е веќе втора жртва на приведување на оваа насилничка полиција. Таков беше и случајот во Скопје со лицето кое што беше приведено под сомнеж дека ги испраќа оние мејлови со коишто се испраќаат закани за поставени бомби во училиштата во Скопје, па тоа беше поврзувано со ВМРО-ДПМНЕ, додека пак вистинските криминалци шетаат насекаде во Македонија, односно да бидам уште попрецизен се во коалиција со власта на СДСМ и ДУИ. Таква една порака упатив од вчера од Прилеп каде што седат со истите тие криминалци кои што имаат возен парк од неколку стотици илјади евра. Доволно е да го проверат возниот парк на тие луѓе, од каде им е и потекло на парите да им побараат и ќе им стане јасно кои се вистинските криминалци и кои се невини жртви. Истото и тука во Битола, но доаѓа денот, секој ден сме поблиску до денот на одговорност и јас ветувам дека ќе има одговорност, рече тој.

The post Ако вака се затвораат луѓе за изнесен став, власта нè враќа во ’49-тa, вели Мицкоски за приведувањето на актерот Мавровски appeared first on Република.

]]>
Битолски актер на распит зашто ја критикувал министерката за култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitolski-akter-na-raspit-zoshto-ja-kritikuval-ministerkata-za-kultura/ Fri, 04 Nov 2022 11:11:27 +0000 https://republika.mk/?p=569514

Битолскиот актер Васко Мавровски вчера бил повикан на распит во полиција, по пријава на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Синоќа во 21:30 часот од страна на двајца полициски службеници бев повикан под итно да ја напуштам пробата во НУ Народен театар Битола за да ми биде врачен некаков документ. Иако за нас актерите пробата е свет чин бев приморан да го напуштам објектот. Пред влезот на НУ Центар за култура во период кога публиката ја напушташе кино проекцијата полицијата ми даде да потпишувам покана за информативен разговор во полициската станица со напомена дека веднаш треба да бидам спроведен. По кратко натегање прифатија сам да се пријавам во рок од 20 минути. Заедно со мојот адвокат се пријавив во полициската станица и ми беше соопштено дека министерката за култура во полициската станица во Кисела Вода пријавила дека таа и нејзиното семејство чувствуваат дека нивниот живот е загрозен поради споменувањето на „продолжен кабел“ во мој пост на фејсбук неколку часа претходно. После 40 минути распит и давање на изјава од моја страна бев ослободен од страна на полицискиот службеник, вели Мавровски, споделувајќи ја објавата за која бил пријавен.

Сакам, додава Мавровски, уште еднаш директно да ја повикам Бисера Костадиновска Стојчевска и да ѝ поставам неколку прашања.

Дали со применување на вакви удбашки и фашистички методи планирате да ги замолчувате вашите неистомисленици?
Дали културните работници планирате да ги апсите за искажан став во врска со вашите катастрофални резултати во културата?
Дали ваквиот пристап од позиција на моќ значи замолчување и цензура на политичките противници, бидејќи веројатно сте информирани дека во моментот мојата маленкост е портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола и претседател на Патриотскиот институт "Гоце Делчев" на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола?
Дали на ваков начин ќе ги решавате проблемите во културата особено во вашиот роден град во кој немате потрошено еден денар за капитални инвестиции?
Ние, почитувана цел нас живот штедиме и работиме без греење со стари рефлектори и користиме тоалети кои датираат од 1980 година. Борбата за слобода на говорот и нецензурирана култура ќе продолжи уште пожестоко, вас и на вашето семејство ви посакувам многу здравје но сметам дека е време за ваша оставка!
Ваквите методи на присила генерации наназад ги спроведувале на членови од моето семејство и да знаете дека во генот ни е наместо да се исплашиме да бидеме посилни и поупорни правдата и вистината да излезат на виделина, пишува Мавровски.

The post Битолски актер на распит зашто ја критикувал министерката за култура appeared first on Република.

]]>

Битолскиот актер Васко Мавровски вчера бил повикан на распит во полиција, по пријава на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Синоќа во 21:30 часот од страна на двајца полициски службеници бев повикан под итно да ја напуштам пробата во НУ Народен театар Битола за да ми биде врачен некаков документ. Иако за нас актерите пробата е свет чин бев приморан да го напуштам објектот. Пред влезот на НУ Центар за култура во период кога публиката ја напушташе кино проекцијата полицијата ми даде да потпишувам покана за информативен разговор во полициската станица со напомена дека веднаш треба да бидам спроведен. По кратко натегање прифатија сам да се пријавам во рок од 20 минути. Заедно со мојот адвокат се пријавив во полициската станица и ми беше соопштено дека министерката за култура во полициската станица во Кисела Вода пријавила дека таа и нејзиното семејство чувствуваат дека нивниот живот е загрозен поради споменувањето на „продолжен кабел“ во мој пост на фејсбук неколку часа претходно. После 40 минути распит и давање на изјава од моја страна бев ослободен од страна на полицискиот службеник, вели Мавровски, споделувајќи ја објавата за која бил пријавен.
Сакам, додава Мавровски, уште еднаш директно да ја повикам Бисера Костадиновска Стојчевска и да ѝ поставам неколку прашања.
Дали со применување на вакви удбашки и фашистички методи планирате да ги замолчувате вашите неистомисленици? Дали културните работници планирате да ги апсите за искажан став во врска со вашите катастрофални резултати во културата? Дали ваквиот пристап од позиција на моќ значи замолчување и цензура на политичките противници, бидејќи веројатно сте информирани дека во моментот мојата маленкост е портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола и претседател на Патриотскиот институт "Гоце Делчев" на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола? Дали на ваков начин ќе ги решавате проблемите во културата особено во вашиот роден град во кој немате потрошено еден денар за капитални инвестиции? Ние, почитувана цел нас живот штедиме и работиме без греење со стари рефлектори и користиме тоалети кои датираат од 1980 година. Борбата за слобода на говорот и нецензурирана култура ќе продолжи уште пожестоко, вас и на вашето семејство ви посакувам многу здравје но сметам дека е време за ваша оставка! Ваквите методи на присила генерации наназад ги спроведувале на членови од моето семејство и да знаете дека во генот ни е наместо да се исплашиме да бидеме посилни и поупорни правдата и вистината да излезат на виделина, пишува Мавровски.