Васко Марковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasko-markovski/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Nov 2023 08:58:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Васко Марковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasko-markovski/ 32 32 Разговор со Васко Марковски, авторот на „Урбани легенди“ во Градската библиотека во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-vasko-markovski-avtorot-na-urbani-legendi-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje/ Mon, 06 Nov 2023 08:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=698676

Утре (вторник, 7 ноември) во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи разговор со Васко Марковски, автор на книгата на месецот „Урбани легенди“.

По повод 13 Ноември, како и по повод 78.роденден, Библиотеката целиот месец го посветува на автори и дела од и за Скопје. Токму затоа и во кампањата „Читаме современи македонски автори“, книгата на месецот е монографијата „Урбани легенди“ од современиот хроничар на градот - Васко Марковски.

Авторот на книгата опфаќа еден широк временски период во истражувањата на урбаните феномени, во неа се споменуваат личности и настани од шеесетите години, па сѐ до 2000 година, кога се затвора култното скопско собиралиште „ЗиЗи (Топ)“. Оние кои го доживеале тој период (или периоди) од животот на градот не без возбуда ќе си ги обноват спомените, а помладите генерации ќе имаат можност, на еден автентичен начин, преку личните сведочења на авторот, но и другите сведоци на времето претставено во оваа книга, да се потсетат на традицијата која самата по себе е влезена веќе во легендите – пишува во предговорот за првото издание на книгата, легендарниот хроничар на Скопје, Данило Коцевски.

Васко Марковски е туристички водич, патеписец и литературен преведувач. Завршил студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Дваесетина години работел како новинар во повеќе медиуми (радио, печат и мултимедија). Во периодот од 2008-2011 бил главен и одговорен уредник на месечникот „Free guide – Macedonia“, а за неговите патеписи е награден со признанието „Најдобар промотор на Македонија“ за 2010 година. Автор е на поетската книга „Корпоративно утро“, на монографијата „Урбани легенди“, збирката репортажи „Непозната Македонија“ и збирката поезија „Скопски улици“. Реализирал изложба на фотографии „Комши камерџик“, од турски на македонски превел повеќе дела, меѓу кои и сто песни од познатиот турски поет Орхан Вели („Риба во шишето ракија“, Антолог, 2014).

Разговорот со Марковски ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

 

The post Разговор со Васко Марковски, авторот на „Урбани легенди“ во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>

Утре (вторник, 7 ноември) во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи разговор со Васко Марковски, автор на книгата на месецот „Урбани легенди“. По повод 13 Ноември, како и по повод 78.роденден, Библиотеката целиот месец го посветува на автори и дела од и за Скопје. Токму затоа и во кампањата „Читаме современи македонски автори“, книгата на месецот е монографијата „Урбани легенди“ од современиот хроничар на градот - Васко Марковски.
Авторот на книгата опфаќа еден широк временски период во истражувањата на урбаните феномени, во неа се споменуваат личности и настани од шеесетите години, па сѐ до 2000 година, кога се затвора култното скопско собиралиште „ЗиЗи (Топ)“. Оние кои го доживеале тој период (или периоди) од животот на градот не без возбуда ќе си ги обноват спомените, а помладите генерации ќе имаат можност, на еден автентичен начин, преку личните сведочења на авторот, но и другите сведоци на времето претставено во оваа книга, да се потсетат на традицијата која самата по себе е влезена веќе во легендите – пишува во предговорот за првото издание на книгата, легендарниот хроничар на Скопје, Данило Коцевски.
Васко Марковски е туристички водич, патеписец и литературен преведувач. Завршил студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Дваесетина години работел како новинар во повеќе медиуми (радио, печат и мултимедија). Во периодот од 2008-2011 бил главен и одговорен уредник на месечникот „Free guide – Macedonia“, а за неговите патеписи е награден со признанието „Најдобар промотор на Македонија“ за 2010 година. Автор е на поетската книга „Корпоративно утро“, на монографијата „Урбани легенди“, збирката репортажи „Непозната Македонија“ и збирката поезија „Скопски улици“. Реализирал изложба на фотографии „Комши камерџик“, од турски на македонски превел повеќе дела, меѓу кои и сто песни од познатиот турски поет Орхан Вели („Риба во шишето ракија“, Антолог, 2014). Разговорот со Марковски ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски.  

The post Разговор со Васко Марковски, авторот на „Урбани легенди“ во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>
„Бегемот“ го издаде второто издание на „Урбани легенди“ од Васко Марковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/begemot-go-izdade-vtoroto-izdanie-na-urbani-legendi-od-vasko-markovski/ Wed, 01 Mar 2023 12:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=614643

Издавачката куќа „Бегемот“ од Скопје го издаде второто издание на книгата „Урбани легенди“ од Васко Марковски, која првично беше објавена во 2018 година.

„Урбани легенди“ содржи приказни за 50-тина урбани легенди, главно од Скопје, но и од Охрид, Струга, Битола и хронолошки тие опфаќаат период од педесетина години, од катастрофалниот земјотрес на Скопје во 1963 година па до денес.

Второто издание веќе е дистрибуирано во книжарниците, дополнето со неколку пост-скриптуми и мали корекции во текстот и има нов дизајн на корицата која е дело на Наталија Лукомска, полска илустраторка и графичка дизајнерка која живее во Скопје.

Зи-Зи (топ)“, „Ван Гог“, „Круг“, „Сабвеј“. Сале Арарат, Зоки Панкер („Балет“), Роки, Силва и Ѓоко, Соња Андерграунд, Деко, Панде (МКЦ), Миле и Драги („Пони“ и „Браво“) , Реџеп Пампур Ружниот, Рокабилите, Ситна, „Океан Пацифик“, Замокот во Црниче, Коцка, …Тоа се луѓето, местата, феномените кои Марковски ги опиша во „Урбани легенди“.

Васко Марковски е туристички водич, патеписец, фотограф, писател и литературен преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Најголемиот дел од професионалната кариера работи како новинар во петнаесетина медиуми: радио, дневни и неделни весници, мултимедија. Од 2018 година се посветил на професијата туристички водич.

 

 

The post „Бегемот“ го издаде второто издание на „Урбани легенди“ од Васко Марковски appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Бегемот“ од Скопје го издаде второто издание на книгата „Урбани легенди“ од Васко Марковски, која првично беше објавена во 2018 година. „Урбани легенди“ содржи приказни за 50-тина урбани легенди, главно од Скопје, но и од Охрид, Струга, Битола и хронолошки тие опфаќаат период од педесетина години, од катастрофалниот земјотрес на Скопје во 1963 година па до денес. Второто издание веќе е дистрибуирано во книжарниците, дополнето со неколку пост-скриптуми и мали корекции во текстот и има нов дизајн на корицата која е дело на Наталија Лукомска, полска илустраторка и графичка дизајнерка која живее во Скопје. Зи-Зи (топ)“, „Ван Гог“, „Круг“, „Сабвеј“. Сале Арарат, Зоки Панкер („Балет“), Роки, Силва и Ѓоко, Соња Андерграунд, Деко, Панде (МКЦ), Миле и Драги („Пони“ и „Браво“) , Реџеп Пампур Ружниот, Рокабилите, Ситна, „Океан Пацифик“, Замокот во Црниче, Коцка, …Тоа се луѓето, местата, феномените кои Марковски ги опиша во „Урбани легенди“. Васко Марковски е туристички водич, патеписец, фотограф, писател и литературен преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Најголемиот дел од професионалната кариера работи како новинар во петнаесетина медиуми: радио, дневни и неделни весници, мултимедија. Од 2018 година се посветил на професијата туристички водич.    

The post „Бегемот“ го издаде второто издание на „Урбани легенди“ од Васко Марковски appeared first on Република.

]]>
Со промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова и „Скопски улици“ од Васко Марковски почнува Фестивалот „Арт ареа/ Артерија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-promocija-na-romanot-estom-od-nikolina-andova-shopova-i-skopski-ulici-od-vasko-markovski-pochnuva-festivalot-art-area-arterija/ Fri, 09 Sep 2022 06:48:09 +0000 https://republika.mk/?p=548895

Со промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова во 19 часот и книгата „Скопски улици“ од Васко Марковски (20,30 часот) вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје почнува шестото издание на Фестивалот „Арт ареа/Артерија“ во организација на издавачката куќа „Бегемот“.

Мултимедијалниот Фестивал што ја поттикнува и промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување ќе трае до 11 септември.

„Фестивалот ја пресретнува јасната општествена потреба за формирање и одржување зони на пресек на различните културно-уметнички полиња. Според своите план и програма, фестивалот претставува тридневен комплекс од јавни културни настани, обединети околу културната интермедијалност, односно поврзувањето на различните уметнички јазици, медиуми и практики: книжевност, музика, изведбени уметности (театар, перформанс), визуелни уметности (фотографија, филм, илустрација, цртеж, плакат, анимација), ракотворство...“, велат од „Бегемот“.

И оваа година, во три фестивалски денови ќе се вкрстат различни креативни медиуми. Ќе има изложба на фотографии, неколку книжевни промоции, дискусии, театарски перформанс, концерт, музика и дружење.

Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и кафе-книжарницата „Буква“, каде што ќе се одвива целата фестивалска програма.

Целосната програма во продолжение:

(9–11 септември 2022)
Кафе-книжарница „Буква“

Изложба на фотографии: „Discrepancity“, Божин Трпевски

09.09

19:00 Промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова („Или-или“, 2022); промотор Владимир Јанковски

20:30 Промоција на книгата „Скопски улици“ од Васко Марковски („Бегемот“, 2022); промотор Ѓоко Здравески

21.30 Марсо ќе пушта музика

10.09

19:00 Панел дискусија (организатор издавачка куќа „Сказнувалка“)

Предизвикот на културолошкиот контекст во преведувањето книжевност за деца и млади
Положбата на книжевниот преведувач во македонското општество

Учесници: Милан Дамјаноски (модератор); Катерина Сотирова (книжевен преведувач); Александра Јуруковска (книжевен критичар); Искра Димковска (уредник)

20:30 Промоција на книгата „Илегален Парнас“ од Бојан Бабиќ („Бегемот“, 2021); промотор Иван Шопов, Бојан Бабиќ (автор)

21.30 Џез концерт – Букршлиев/Теодосиев/Мирческа

11.09

19:00 Дискусија: Редефинирање на (не)зависната театарска сцена

20:30 Промоција на книгата „Век со Конески, мигови со Блаже“ од Владимир Мартиновски („Бегемот“, 2022), промотор Душко Крстевски

21:30 Театарски перформанс – монодрама „Срам“ (aвторка и изведувачка: Ангела Стојановска)

Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и кафе-книжарницата „Буква“, каде што ќе се одвива целата фестивалска програма.

The post Со промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова и „Скопски улици“ од Васко Марковски почнува Фестивалот „Арт ареа/ Артерија“ appeared first on Република.

]]>

Со промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова во 19 часот и книгата „Скопски улици“ од Васко Марковски (20,30 часот) вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје почнува шестото издание на Фестивалот „Арт ареа/Артерија“ во организација на издавачката куќа „Бегемот“. Мултимедијалниот Фестивал што ја поттикнува и промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување ќе трае до 11 септември.
„Фестивалот ја пресретнува јасната општествена потреба за формирање и одржување зони на пресек на различните културно-уметнички полиња. Според своите план и програма, фестивалот претставува тридневен комплекс од јавни културни настани, обединети околу културната интермедијалност, односно поврзувањето на различните уметнички јазици, медиуми и практики: книжевност, музика, изведбени уметности (театар, перформанс), визуелни уметности (фотографија, филм, илустрација, цртеж, плакат, анимација), ракотворство...“, велат од „Бегемот“.
И оваа година, во три фестивалски денови ќе се вкрстат различни креативни медиуми. Ќе има изложба на фотографии, неколку книжевни промоции, дискусии, театарски перформанс, концерт, музика и дружење. Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и кафе-книжарницата „Буква“, каде што ќе се одвива целата фестивалска програма. Целосната програма во продолжение: (9–11 септември 2022) Кафе-книжарница „Буква“ Изложба на фотографии: „Discrepancity“, Божин Трпевски 09.09 19:00 Промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова („Или-или“, 2022); промотор Владимир Јанковски 20:30 Промоција на книгата „Скопски улици“ од Васко Марковски („Бегемот“, 2022); промотор Ѓоко Здравески 21.30 Марсо ќе пушта музика 10.09 19:00 Панел дискусија (организатор издавачка куќа „Сказнувалка“) Предизвикот на културолошкиот контекст во преведувањето книжевност за деца и млади Положбата на книжевниот преведувач во македонското општество Учесници: Милан Дамјаноски (модератор); Катерина Сотирова (книжевен преведувач); Александра Јуруковска (книжевен критичар); Искра Димковска (уредник) 20:30 Промоција на книгата „Илегален Парнас“ од Бојан Бабиќ („Бегемот“, 2021); промотор Иван Шопов, Бојан Бабиќ (автор) 21.30 Џез концерт – Букршлиев/Теодосиев/Мирческа 11.09 19:00 Дискусија: Редефинирање на (не)зависната театарска сцена 20:30 Промоција на книгата „Век со Конески, мигови со Блаже“ од Владимир Мартиновски („Бегемот“, 2022), промотор Душко Крстевски 21:30 Театарски перформанс – монодрама „Срам“ (aвторка и изведувачка: Ангела Стојановска) Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и кафе-книжарницата „Буква“, каде што ќе се одвива целата фестивалска програма.

The post Со промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова и „Скопски улици“ од Васко Марковски почнува Фестивалот „Арт ареа/ Артерија“ appeared first on Република.

]]>