васко карангелески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasko-karangeleski/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Nov 2023 10:37:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png васко карангелески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasko-karangeleski/ 32 32 „Васко Карангелески“ не е улица, кланица е, избегнувајте ја! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vasko-karangeleski-ne-e-ulitsa-klanitsa-e-izbegnuvajte-ja/ Mon, 20 Nov 2023 10:37:01 +0000 https://republika.mk/?p=714329

„Васко Карангелески“, не е улица, кланица е, избегнувајте ја! Ваков аппел се шири на социјалната мрежа „Фејсбук“, откако за само неколку дена се случи втора сообраќајна незгода.

Улицата се наоѓа во скопската населба Аеродром и граѓаните уште додека се градеше протестираа.

Апел до сите возачи, пешаци и родители - избегнувајте ја Васко Карангелески додека не се исправат сите неправилности. Апел до властите - затворете ја улицата додека не настрада некое дете! Град Скопје, oва не е булевер, ова не е ни улица, ова е КЛАНИЦА ❗
Со што заслуживме ваков инженерски кикс на 20 метра пред училиште? Втора (евидентирана) сообраќајка во само неколку дена. 🙁 Ве молам, СПОДЕЛУВАЈТЕ и давајте идеи како да побрзо го средиме овој хорор.

The post „Васко Карангелески“ не е улица, кланица е, избегнувајте ја! appeared first on Република.

]]>

„Васко Карангелески“, не е улица, кланица е, избегнувајте ја! Ваков аппел се шири на социјалната мрежа „Фејсбук“, откако за само неколку дена се случи втора сообраќајна незгода. Улицата се наоѓа во скопската населба Аеродром и граѓаните уште додека се градеше протестираа.
Апел до сите возачи, пешаци и родители - избегнувајте ја Васко Карангелески додека не се исправат сите неправилности. Апел до властите - затворете ја улицата додека не настрада некое дете! Град Скопје, oва не е булевер, ова не е ни улица, ова е КЛАНИЦА ❗ Со што заслуживме ваков инженерски кикс на 20 метра пред училиште? Втора (евидентирана) сообраќајка во само неколку дена. 🙁 Ве молам, СПОДЕЛУВАЈТЕ и давајте идеи како да побрзо го средиме овој хорор.

The post „Васко Карангелески“ не е улица, кланица е, избегнувајте ја! appeared first on Република.

]]>
„Зелен хуман град“ бара да се стопира проширување на улицата „Васко Карангелски“ во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zelen-human-grad-bara-da-se-stopira-proshiruvanje-na-ulicata-vasko-karangelski-vo-aerodrom/ Fri, 02 Dec 2022 21:04:35 +0000 https://republika.mk/?p=581155

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ попладнево одржа протест во знак на револт од најавеното проширување на улицата „Васко Карангелески“ во Општина Аеродром. Оттаму нагласија дека не е прифатливо проширување на улицата на четири ленти до основно училиште каде што децата ќе бидат во постојана опасност да бидат прегазени.

– Бараме од Град Скопје итно да го стопира проширувањето на улицата „Васко Карангелески“. Не е прифатливо проширување на улицата на четири ленти до основно училиште каде што децата ќе бидат во постојана опасност да бидат прегазени на булевар со четири ленти. Не е прифатливо да се изгуби огромен појас на зеленило каде што локалците наместо да се движат по зелена патека ќе треба да се движат по асфалт со издувни гасови од густ сообраќај. Не е прифатливо да се пресадуваат дрвја кои имаат многу мали шанси да преживеат, потенцираа од „Зелен хуман град“.

The post „Зелен хуман град“ бара да се стопира проширување на улицата „Васко Карангелски“ во Аеродром appeared first on Република.

Денeска протест и на „Васко Карангелески“: И покрај барањата на граѓаните, Град Скопје ја прави булевар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/deneska-protest-i-na-vasko-karangeleski-i-pokraj-baranjata-na-gragjanite-grad-skopje-ja-pravi-bulevar/ Fri, 02 Dec 2022 10:09:07 +0000 https://republika.mk/?p=580803

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град денска, петок 2 декември, повикува на протес во 17 часот на улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром. Како што велат оттаму, Градот Скопје упорно, и покрај промената на власта, делува спротивно на барањата и интересите на граѓаните.

Повеќе од една година заедно со локалното население се бориме да спречиме претворање на ул. „Васко Карангелески“ во булевар. Наместо Град Скопје да работи на смирување на сообраќајот кој буквално носи животи, тие мирна улица веднаш пред основно училиште прошируваат во булевар! Ги повикуваме сите наши сограѓани, но пред сѐ сите локални жители, сите родители чиишто деца учат во основното училиште „Љубен Лапе“, да излезат и да ги заштитат своите и животите на своите деца. Булевар до основно училиште е енормен ризик по безбедноста не само на децата кои учат таму, туку и на нивните најблиски кои ги носат и ги земаат од училиште, повикуваат од Зелен хуман град.

Потенцираат дека на само 800 метри оддалеченост е булеварот „Србија“, со што е „целосно беспредметно уништувањето на една мирна сообраќајна зона каде што живее и повозрасно население и нејзино претворање во авионска писта каде што ќе прелетуваат смртоносни возила со огромна брзина“.

Да не дозволиме нашите најблиски да бидат подвижни мети!
Да не дозволиме да се дуплира количината на асфалт и бетон за да се создаде уште
еден топлински остров!
Локалните самоуправи постојат за да работат во најдобар интерес на граѓаните!, порачуваат од ЗХГ.

The post Денeска протест и на „Васко Карангелески“: И покрај барањата на граѓаните, Град Скопје ја прави булевар appeared first on Република.

]]>

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град денска, петок 2 декември, повикува на протес во 17 часот на улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром. Како што велат оттаму, Градот Скопје упорно, и покрај промената на власта, делува спротивно на барањата и интересите на граѓаните.
Повеќе од една година заедно со локалното население се бориме да спречиме претворање на ул. „Васко Карангелески“ во булевар. Наместо Град Скопје да работи на смирување на сообраќајот кој буквално носи животи, тие мирна улица веднаш пред основно училиште прошируваат во булевар! Ги повикуваме сите наши сограѓани, но пред сѐ сите локални жители, сите родители чиишто деца учат во основното училиште „Љубен Лапе“, да излезат и да ги заштитат своите и животите на своите деца. Булевар до основно училиште е енормен ризик по безбедноста не само на децата кои учат таму, туку и на нивните најблиски кои ги носат и ги земаат од училиште, повикуваат од Зелен хуман град.
Потенцираат дека на само 800 метри оддалеченост е булеварот „Србија“, со што е „целосно беспредметно уништувањето на една мирна сообраќајна зона каде што живее и повозрасно население и нејзино претворање во авионска писта каде што ќе прелетуваат смртоносни возила со огромна брзина“.
Да не дозволиме нашите најблиски да бидат подвижни мети! Да не дозволиме да се дуплира количината на асфалт и бетон за да се создаде уште еден топлински остров! Локалните самоуправи постојат за да работат во најдобар интерес на граѓаните!, порачуваат од ЗХГ.