Васко Јолевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasko-jolevski/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 12:33:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Васко Јолевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasko-jolevski/ 32 32 Со подигање на свесноста за органодарителството, ќе се подобри и општественото добро, вели Васко Јолески од Здружението „Храбро срце“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/so-podigane-na-svesnosta-za-organodaritelstvoto-ke-se-podobri-i-opshtestvenoto-dobro-veli-vasko-joleski-od-zdruzhenieto-hrabro-srtse/ Mon, 07 Oct 2024 12:33:58 +0000 https://republika.mk/?p=823754

Во оној момент, кога веќе не може да направиме ништо за својот близок, треба да бидеме крајно хумани, да донесеме тешка и хумана одлука, да дозволиме дел од нашиот близок да живее во некој друг, односно да спасиме живот, е пораката која ја испрати Васко Јолески од Здружението „Храбро срце“.

Тој денеска, заедно со министерот за здравство Арбен Таравари, новоназначената в. д . национална координаторка за трансплантациија д-р Билјана Кузмановска и претставничката на Делегацијата на Европската Унија Мариа Канелополу говореа на настанот на кој се одбележуваше Европскиот ден на органодонорството, 7-ти октомври, како дел од активностите на Проектот „Поддршка на системот за трансплантација“ во земјава финансиран од Европска Унија.

Од другата страна на органодарителството се наоѓаат пациентите коишто се најзасегнати од овој проблем, на кои таа хуманост во оној момент кога некој треба да се оддели од својот близок и во тој момент му се чини дека губи сѐ на светот, треба да изнајде во себе сила да овозможи на некој друг да живее со дозвола да се даруваат органите од својот близок. Тоа е непходно за многу пациенти коишто се наоѓаат на листата за трансплантација. Со подигнувањето на свеста за органодарителството, ќе се подобри и општественото добро, затоа што тие пациенти кои во моментов сме инвалиди на трудот, ќе станеме работоспосбни и ќе можеме да твориме за општеството, а не само да ги користиме придобивките од истото, кажа Јолески.

Д-р Кузмановска кажа дека денот на органодарителството е воспоставен и се одбележува секоја година заради медицинските потреби на пациентите кои чекаат на листата за трансплантација.

Развојот на трансплантационата медицина подразбира можност на овие пациенти да им се даде орган кој ќе значи додадени години на животот, а исто така и додаден квалитет на годините на живот кои ќе ги добијат. Оттука произлегува важноста за свенсоста, како на медицинскиот кадар, така и на општата популација за органодаителството. Свесноста за органодарителство се подига преку едукација, на здравствените работници, и тоа уште од студентските денови кои подоцна ќе израснат во експерти, едукација на медиумите и едукација на општата популација, изјави д-р Кузмановска.

Министерот Таравари говореше за планот за соработка со Министерството за здравство на Република Хрватска кој се однесува на следниот тригодишен период. Од октомври започнуваат и обуките и едукацијата во делот на ткивната банка со експерти од Хрватска. Во ноември ќе се одржат обуки за болничките координатори за трансплантација, од страна на експерти од Хрватска, во рамки на ИПА проект.

Најважно е што во моментов на листите за срце, црн дроб и бубрези нема пациенти кои се означени како итни и кои чекаат итно трансплантација, изјави Таравари.

Македонија го одбележува Европскиот ден на органодонаторство - 7 октомври со 85 донирани органи за неполни четири години, од кои 38 бубрега, 11 срца, четири црни дроба и 32 коскени ткива.

Во 2020 година беше направена првата трансплантација на срце, 2021 прва трансплантација на коскени ткива, додека, во 2022 прва трансплантација на црн дроб.

The post Со подигање на свесноста за органодарителството, ќе се подобри и општественото добро, вели Васко Јолески од Здружението „Храбро срце“ appeared first on Република.

]]>

Во оној момент, кога веќе не може да направиме ништо за својот близок, треба да бидеме крајно хумани, да донесеме тешка и хумана одлука, да дозволиме дел од нашиот близок да живее во некој друг, односно да спасиме живот, е пораката која ја испрати Васко Јолески од Здружението „Храбро срце“. Тој денеска, заедно со министерот за здравство Арбен Таравари, новоназначената в. д . национална координаторка за трансплантациија д-р Билјана Кузмановска и претставничката на Делегацијата на Европската Унија Мариа Канелополу говореа на настанот на кој се одбележуваше Европскиот ден на органодонорството, 7-ти октомври, како дел од активностите на Проектот „Поддршка на системот за трансплантација“ во земјава финансиран од Европска Унија.
Од другата страна на органодарителството се наоѓаат пациентите коишто се најзасегнати од овој проблем, на кои таа хуманост во оној момент кога некој треба да се оддели од својот близок и во тој момент му се чини дека губи сѐ на светот, треба да изнајде во себе сила да овозможи на некој друг да живее со дозвола да се даруваат органите од својот близок. Тоа е непходно за многу пациенти коишто се наоѓаат на листата за трансплантација. Со подигнувањето на свеста за органодарителството, ќе се подобри и општественото добро, затоа што тие пациенти кои во моментов сме инвалиди на трудот, ќе станеме работоспосбни и ќе можеме да твориме за општеството, а не само да ги користиме придобивките од истото, кажа Јолески.
Д-р Кузмановска кажа дека денот на органодарителството е воспоставен и се одбележува секоја година заради медицинските потреби на пациентите кои чекаат на листата за трансплантација.
Развојот на трансплантационата медицина подразбира можност на овие пациенти да им се даде орган кој ќе значи додадени години на животот, а исто така и додаден квалитет на годините на живот кои ќе ги добијат. Оттука произлегува важноста за свенсоста, како на медицинскиот кадар, така и на општата популација за органодаителството. Свесноста за органодарителство се подига преку едукација, на здравствените работници, и тоа уште од студентските денови кои подоцна ќе израснат во експерти, едукација на медиумите и едукација на општата популација, изјави д-р Кузмановска.
Министерот Таравари говореше за планот за соработка со Министерството за здравство на Република Хрватска кој се однесува на следниот тригодишен период. Од октомври започнуваат и обуките и едукацијата во делот на ткивната банка со експерти од Хрватска. Во ноември ќе се одржат обуки за болничките координатори за трансплантација, од страна на експерти од Хрватска, во рамки на ИПА проект.
Најважно е што во моментов на листите за срце, црн дроб и бубрези нема пациенти кои се означени како итни и кои чекаат итно трансплантација, изјави Таравари.
Македонија го одбележува Европскиот ден на органодонаторство - 7 октомври со 85 донирани органи за неполни четири години, од кои 38 бубрега, 11 срца, четири црни дроба и 32 коскени ткива. Во 2020 година беше направена првата трансплантација на срце, 2021 прва трансплантација на коскени ткива, додека, во 2022 прва трансплантација на црн дроб.  