Василевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasilevska/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Mar 2024 13:45:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Василевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasilevska/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува издвојување на 1% од БДП за наука, со што ќе создаде финансиска самодоверба на младите и развиени научници да едуцираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vo-svojata-programa-predviduva-izdvojuvane-na-1-od-bdp-za-nauka-so-shto-ke-sozdade-finansiska-samodoverba-na-mladite-i-razvieni-nauchnitsi-da-edutsiraat/ Sun, 10 Mar 2024 13:45:29 +0000 https://republika.mk/?p=753331

„Денеска имаме неадекватни механизми со кои може да ја создадеме оценката за квалитетот на апликативната наука. Во нашата програма по темелни анализи предвидовме Буџет кој ќе опфаќа 1% од БДП само за наука, покрај другите гранки во образованието, со ова ќе создадеме финансиска самодоверба на младите и на развиените научници кои ќе можат послободно да планираат, креираат, предлагаат и врз основа на нивните резултати да едуцираат“, кажа пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на денешната трибина образовна платформа за иднина на тема „Нов концепт за развој на образованието“ во Куманово.

Таа продолжи и додаде дека во моментов развивањето и поттикнувањето на апликативната наука е еднакво на нула бидејќи се издвојува 0,8% од БДП.

„Она што е клучно е дека ние мораме да имаме во предвид дека преку одговорностите на валоризација на трудот на еден научник во Македонија ќе создадеме во 5 години минимум 10 исто толку кредибилни и квалитетни млади истражувачи кои потоа тој круг ќе го шират и на тој начин ќе успееме да ја постигнеме целта која ја предвидовме и во нашата програма за избори, а тоа е дека во овој мандат да се избориме барем 1 државен Универзитет или генерално Универзитет да биде дел од 1,000 Шангајска листа“, рече Василевска.

Таа истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди адекватни решенија со кои ќе се овозможи навистина луѓето да се ослободат од стегите на стравот и партизација.

„Почитувани колеги, бевте многу пати изманипулирани имавте многу тежок пат, тешко се преживува со лошите финансиски услови со кои сите бевме вреднувани во Република Македонија, особено овие 7 години тоа го осетивме сите. Ние уште во јануари со влегувањето во техничката влада покажавме дека можеме да ги поддржиме колегите, нашите универзитетски професори и научници и ви ветувам дека до крај ќе се бориме за вашето достоинство и просторот за работа кој мора да ви е дозволен и даден бидејќи вие несебично работите и со љубов се вложувате за идните генерации во Република Македонија“, заклучи Василевска.

The post ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува издвојување на 1% од БДП за наука, со што ќе создаде финансиска самодоверба на младите и развиени научници да едуцираат appeared first on Република.

]]>

„Не постојат решетки за чесна мисла и чисто срце“ – Дамевски и Василевска со поддршка за уставобранителот Вили https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-postojat-reshetki-za-chesna-misla-i-chisto-srtse-damevski-i-vasilevska-so-poddrshka-za-ustavobranitelot-vili/ Mon, 05 Jun 2023 07:17:33 +0000 https://republika.mk/?p=647833

Уставобранителот Вили Михајловски осуден за тероризам за настаните од Собранието на 27 април, по шест години доби слободен викенд.

Со поддршка излегоа многу нивни пријатели, а на социјалните мрежи, фотографија со него објави и Борис Дамовски и неговата партнерка, Иванка Ина Василевска.

„Не постојат решетки за чесна мисла и чисто срце. Многу те сакаме Вили“, напиша Дамовски на Фејсбук.

The post „Не постојат решетки за чесна мисла и чисто срце“ – Дамевски и Василевска со поддршка за уставобранителот Вили appeared first on Република.

]]>

Уставобранителот Вили Михајловски осуден за тероризам за настаните од Собранието на 27 април, по шест години доби слободен викенд. Со поддршка излегоа многу нивни пријатели, а на социјалните мрежи, фотографија со него објави и Борис Дамовски и неговата партнерка, Иванка Ина Василевска.
„Не постојат решетки за чесна мисла и чисто срце. Многу те сакаме Вили“, напиша Дамовски на Фејсбук.

The post „Не постојат решетки за чесна мисла и чисто срце“ – Дамевски и Василевска со поддршка за уставобранителот Вили appeared first on Република.

]]>
Со вчерашниот чин Кацарска потврди како е дојдена на нејзината позиција и која е нејзина улога https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-vcherashniot-chin-kacarska-potvrdi-kako-e-dojdena-na-nejzinata-pozicija-i-koja-e-nejzina-uloga/ Tue, 31 May 2022 20:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=509469

Она што е многу значајно е токму изборот на уставни судии. Не постои во светот пример каде што претседател на Уставен суд го собира државниот врв. Со тој акт вчера Кацарска покажа јавно како што вели Достоевски злосторникот се враќа на место на злосторството, таа покажа од каде е дојдена нејзината кандидатура и што е нејзината улога во целиот процес и пред да стане уставен судија и откога стана, и сега како претседател на Уставен суд“, истакна Иванка Василевска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на Телевизија 24.

Василевска додаде дека со вчерашниот чин што го направи Кацарска со свикување на државниот врв е недозволиво.

„Со самиот чин Кацарска го прекрши Уставот, каде што имаме поделба на законодавна, извршна и судска власт. Точно е дека американската амбасадорка ни кажа во очи на сите дека доверба од 8% во правосуден систем е многу лош сигнал за Македонија, внатрешно. А, јас за тоа многу пати сум говорела, тоа се условите кои што всушност нас не градираат дали сме ние спремни да пристапиме кон ЕУ, а не спорови на билатерален план кои што можат да бидат само маска или да бидат еден период употребени за одредени цели но не се суштински“, појасни Василевска.

Василевска посочи дека вчера се виде како Кацарска ги диктираше вчера своите услови, а кој стои позади завесата.

„Кацарска нема никаков кредибилитет и за нас како опозиција ќе биде стигматизирана и ќе биде секогаш кажувано нејзиното место кое што не е толку угледно место. На местото на Кацарска треба да биде човек кој има добри дела и висок углед“, рече Василевска.

Василевска укажа дека не се избраа уставни судии бидејќи нарачките кои доаѓаа од Бихакќа се многу под ниво.

The post Со вчерашниот чин Кацарска потврди како е дојдена на нејзината позиција и која е нејзина улога appeared first on Република.

]]>

Она што е многу значајно е токму изборот на уставни судии. Не постои во светот пример каде што претседател на Уставен суд го собира државниот врв. Со тој акт вчера Кацарска покажа јавно како што вели Достоевски злосторникот се враќа на место на злосторството, таа покажа од каде е дојдена нејзината кандидатура и што е нејзината улога во целиот процес и пред да стане уставен судија и откога стана, и сега како претседател на Уставен суд“, истакна Иванка Василевска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на Телевизија 24. Василевска додаде дека со вчерашниот чин што го направи Кацарска со свикување на државниот врв е недозволиво. „Со самиот чин Кацарска го прекрши Уставот, каде што имаме поделба на законодавна, извршна и судска власт. Точно е дека американската амбасадорка ни кажа во очи на сите дека доверба од 8% во правосуден систем е многу лош сигнал за Македонија, внатрешно. А, јас за тоа многу пати сум говорела, тоа се условите кои што всушност нас не градираат дали сме ние спремни да пристапиме кон ЕУ, а не спорови на билатерален план кои што можат да бидат само маска или да бидат еден период употребени за одредени цели но не се суштински“, појасни Василевска. Василевска посочи дека вчера се виде како Кацарска ги диктираше вчера своите услови, а кој стои позади завесата. „Кацарска нема никаков кредибилитет и за нас како опозиција ќе биде стигматизирана и ќе биде секогаш кажувано нејзиното место кое што не е толку угледно место. На местото на Кацарска треба да биде човек кој има добри дела и висок углед“, рече Василевска. Василевска укажа дека не се избраа уставни судии бидејќи нарачките кои доаѓаа од Бихакќа се многу под ниво.

The post Со вчерашниот чин Кацарска потврди како е дојдена на нејзината позиција и која е нејзина улога appeared first on Република.

]]>
Василевска до Ковачевски: Бидете малку повнимателен не само во изборот на зборовите, туку и во изборот на оние што ве советуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vasilevska-do-kovachevski-bidete-malku-povnimatelen-ne-samo-vo-izborot-na-zborovite-tuku-i-vo-izborot-na-onie-shto-ve-sovetuvaat/ Wed, 16 Feb 2022 09:24:13 +0000 https://republika.mk/?p=459185

Новоименуваниот премиер Ковачевски во недостаток на политичка култура, искуство веројатно, а и лош тим на советници, прави избрзани чекори со давање на паушални и комплетно несоодветни изјави во еден сериозен историски моментум во кој што се наоѓа Република Македонија. Како човек да го третира односот на еден премиер на држава кој воопшто не се ни одважил да се натпреварува во изборен процес, ниту некој го познавал сериозно претходно, но таа е нели една тема која што граѓаните ќе си ја размислуваат понатаму кога ќе одлучуваат кому ќе му го дадат својот глас, истакна Иванка Василевска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринска емисија на Алфа телевизија.

Василевска додаде дека она што е суштински е дека институционално Ковачевски де факто е претседател на Владата и како таков очигледно многу неспремно влегува во целата проблематика околу националните интереси на државата и во решавање на спорот со Бугарија.

Јас лично многу сум загрижена бидејќи мислам дека веќе толку голема штета е направена на државата, на унитарноста, на интегритетот, и на суверенитетот на Македонија, што со ова само продлабочено и дополнително се создава јасниот впечаток дека навистина оваа хибридна власт нема никаков сериозен капацитет за било какви стратешки политики, а камо ли за оние регуларни политики кои што ги очекуваме како граѓани, а гледаме дека не се случуваат. Од таа причина би упатила една порака до него да биде малку повнимателен не само во изборот на зборовите, туку и во изборот на оние што ќе го советуваат, а секако науката и академијата има доволно достапни еминентни имиња кои што се кредибилни и можат да ги понудат своите услуги, да и помогнат на Македонија и во такви случаи кога гледаме дека капацитетот на Социјалдемократскиот сојуз е минимален или воопшто го нема“, нагласи Василевска.

The post Василевска до Ковачевски: Бидете малку повнимателен не само во изборот на зборовите, туку и во изборот на оние што ве советуваат appeared first on Република.

]]>

Новоименуваниот премиер Ковачевски во недостаток на политичка култура, искуство веројатно, а и лош тим на советници, прави избрзани чекори со давање на паушални и комплетно несоодветни изјави во еден сериозен историски моментум во кој што се наоѓа Република Македонија. Како човек да го третира односот на еден премиер на држава кој воопшто не се ни одважил да се натпреварува во изборен процес, ниту некој го познавал сериозно претходно, но таа е нели една тема која што граѓаните ќе си ја размислуваат понатаму кога ќе одлучуваат кому ќе му го дадат својот глас, истакна Иванка Василевска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринска емисија на Алфа телевизија. Василевска додаде дека она што е суштински е дека институционално Ковачевски де факто е претседател на Владата и како таков очигледно многу неспремно влегува во целата проблематика околу националните интереси на државата и во решавање на спорот со Бугарија.
Јас лично многу сум загрижена бидејќи мислам дека веќе толку голема штета е направена на државата, на унитарноста, на интегритетот, и на суверенитетот на Македонија, што со ова само продлабочено и дополнително се создава јасниот впечаток дека навистина оваа хибридна власт нема никаков сериозен капацитет за било какви стратешки политики, а камо ли за оние регуларни политики кои што ги очекуваме како граѓани, а гледаме дека не се случуваат. Од таа причина би упатила една порака до него да биде малку повнимателен не само во изборот на зборовите, туку и во изборот на оние што ќе го советуваат, а секако науката и академијата има доволно достапни еминентни имиња кои што се кредибилни и можат да ги понудат своите услуги, да и помогнат на Македонија и во такви случаи кога гледаме дека капацитетот на Социјалдемократскиот сојуз е минимален или воопшто го нема“, нагласи Василевска.

The post Василевска до Ковачевски: Бидете малку повнимателен не само во изборот на зборовите, туку и во изборот на оние што ве советуваат appeared first on Република.

]]>
Василевска: Изборот и кандидатурите за уставни судии се проблематични и укажуваат на партизација и коалициски комбинаторики https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vasilevska-izborot-i-kandidaturite-za-ustavni-sudii-se-problematichni-i-ukazuvaat-na-partizacija-i-megju-koaliciski-kombinatoriki/ Mon, 07 Feb 2022 18:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=455365

Како законодавен дом и како народни претставници ги претставуваме токму македонските граѓаните и ги остваруваме нивните задолженија и очекувања коишто треба да се во интерес на севкупната општествена јавност, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во вечерашната дебатна емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Веќе подолг период македонското Собрание се наоѓа во хибридна состојба. Изборот и кандидатурите кои доаѓаат од сферата за уставни судии се проблематични и укажуваат на една партизација на одредени коалициски комбинаторики за кои немаме доволна транспарентност како парламентарни групи и во сеопштата дебата, посочи Василевска.

Василевска додаде дека Кацарска самата си го побара местото кое што сметаше дека го заслужила за добро обработената работа со поранешниот премиер и сега вели дека не може да функционира бидејќи не е во полн состав. Таа треба да види и да процени во каков систем и кому му служеше за да дојде сега во оваа ситуација.

Таа се согласува за функционален Уставен Суд, но меѓутоа погледнете ги резултатите. Потребно е да има ресет бидејќи таму треба комплетна ревизија затоа што ги гледаме одлуките и резултатите какви се.

Како опозиција ги користиме сите демократски алатки со коишто може да ги адресира потребите за револтот и несогласувањето на граѓаните. Во една нетранспарентна политичка игра и во еден мошне хибриден, затворен и нетранспарентен систем на функционирање, секој еден механизам коишто е во наши раце и којшто е демократски е во функција, заклучи Василевска.

The post Василевска: Изборот и кандидатурите за уставни судии се проблематични и укажуваат на партизација и коалициски комбинаторики appeared first on Република.

]]>

Како законодавен дом и како народни претставници ги претставуваме токму македонските граѓаните и ги остваруваме нивните задолженија и очекувања коишто треба да се во интерес на севкупната општествена јавност, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во вечерашната дебатна емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Веќе подолг период македонското Собрание се наоѓа во хибридна состојба. Изборот и кандидатурите кои доаѓаат од сферата за уставни судии се проблематични и укажуваат на една партизација на одредени коалициски комбинаторики за кои немаме доволна транспарентност како парламентарни групи и во сеопштата дебата, посочи Василевска.
Василевска додаде дека Кацарска самата си го побара местото кое што сметаше дека го заслужила за добро обработената работа со поранешниот премиер и сега вели дека не може да функционира бидејќи не е во полн состав. Таа треба да види и да процени во каков систем и кому му служеше за да дојде сега во оваа ситуација. Таа се согласува за функционален Уставен Суд, но меѓутоа погледнете ги резултатите. Потребно е да има ресет бидејќи таму треба комплетна ревизија затоа што ги гледаме одлуките и резултатите какви се.