василево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasilevo/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 20:00:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png василево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasilevo/ 32 32 Попладнево избувнал голем пожар во близина на индустриската зона во Василево, спасени се индустриски објекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/popladnevo-izbuvnal-golem-pozhar-vo-blizina-na-industriskata-zona-vo-vasilevo-spaseni-se-industriski-objekti/ Fri, 23 Aug 2024 20:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=809607

Попладнево околу 16:30 часот избувнал голем пожар во близина на индустриската зона на Општина Василево, кој ги загрозил производствените погони, информираа вечерва од ТППЕ Струмица.

Според пожарникарите, огнот со голема брзина дошол до самите објекти и постоела голема опасност да ги зафати, посебно погонот за производство на био дизел.

-ТППЕ Струмица со четири против пожарни возила и 13 пожарникари-спасители веднаш интервенираше на местото и набргу потоа успеа пожарот да го стави под контрола и целосно да го ликвидира, стои во информацијата на струмичката против пожарна единица.

Додаваат дека екипи од пожарникари-спасители остануваат на локацијата за евентуалнио догасување на некои жаришта.

The post Попладнево избувнал голем пожар во близина на индустриската зона во Василево, спасени се индустриски објекти appeared first on Република.

]]>

Попладнево околу 16:30 часот избувнал голем пожар во близина на индустриската зона на Општина Василево, кој ги загрозил производствените погони, информираа вечерва од ТППЕ Струмица. Според пожарникарите, огнот со голема брзина дошол до самите објекти и постоела голема опасност да ги зафати, посебно погонот за производство на био дизел. -ТППЕ Струмица со четири против пожарни возила и 13 пожарникари-спасители веднаш интервенираше на местото и набргу потоа успеа пожарот да го стави под контрола и целосно да го ликвидира, стои во информацијата на струмичката против пожарна единица. Додаваат дека екипи од пожарникари-спасители остануваат на локацијата за евентуалнио догасување на некои жаришта.

The post Попладнево избувнал голем пожар во близина на индустриската зона во Василево, спасени се индустриски објекти appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Пендаровски 5 години заборави на Македонија, а сега ќе излезе и ќе ветува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-pendarovski-5-godini-zaboravi-na-makedonija-a-sega-ke-izleze-i-ke-vetuva/ Wed, 10 Apr 2024 17:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=764667

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното свое обраќање пред граѓаните во општина Василево во рамките на претседателската кампања истакна дека Стево Пендаровски којшто 5 години заборави на Македонија, кажува колку било убаво да ја посети оваа или онаа општина, но 5 години ниту еднаш не дошол во општина како што е Василево и да праша со какави проблеми се соочуваат граѓаните, а сега пред избори ќе дојде и ќе ветува како првпат да се појавува во политиката, пренесе Канал 5.

„Сега ќе дојде и ќе ви ветува ќе ви збори небаре првпат се појавува во политиката и како да не е повеќе од 30 години активен во Македонската политика како советник на претседатели, премиери, министри, пратеник, претседател. Нема функција која што Стево Пендаровски не ја извршувал и сега ќе дојде и ќе каже извинете ние згрешивме, ве молам гласајте не и ако и овие 4-5 години повторно грешиме е тогаш дајте ни шут карта. А 30 години заборавил што правел“ потенцираше Мицкоски.

Тој исто така потенцираше дека неверојатно е тоа што Стево Пендаровски им се обраќа на луѓето на митинзи со зборовите „Ако не ме гласате, не ме барајте“.

„Ете таков претседателски кандидат имаме од едната страна. Човек кој не си ја знае земјата и човек којшто замислете вчера во Делчево, на настан, на митинг обраќајќи се на делчевчани им вели ако не ме гласате, не ме барајте. Така им вели ако не ме гласате не ме барајте, значи ако не сум претседател не ме интересирате. Тоа е дефиницијата. Го слушам и не ми се верува, човекот повеќе од три децении е активен во македонската политика“ нагласи Мицкоски и додаде:

„Е тој човек ќе дојде овде, ќе ве гледа во очи и ќе ви кажува колку ве сака, цени почитува и ќе бара поддршка уште 5 години за повторно да не ви види очи. Е тој е човекот којшто денеска и се спротивставува на професорката Гордана Силјановска Давкова позади која што стојам јас, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

Мицкоски истакна и дека изборот на 24 април и на 8 мај е меѓу човек како Пендаровски кој отворено кажува дека е претседател само на оние што го гласаат и професорката Гордана Силјановска Давкова којашто е неприкосновен борец за граѓаните и светски признат експерт цитирана од светски правници.

„На 24 април бираме за овој човек којшто јавно вели дека нема намера да биде претседател на сите граѓани туку на „нашите“, оние коишто гласаат за мене, така му е и паролата, пораката од кампањата „Нашиот претседател“ значи тој е претседател само на тие коишто гласаат и сега не само што е тоа напишано туку мора и да се дообјасни на митинзи, па вели ако не ме гласате очи да не ви видам. Еве вчера, слушајте го. Јас не можев да верувам дека тоа го зборува претседателски кандидат. Е тој е од едната страна кандидатот, а од другата страна ја имате професорката Гордана Силјановска Давкова, жена која што ја познавам долго време. Можам да кажам дека таа е беспрекорен борец за Македонија, беспрекорен борец за граѓаните на Македонија. Никогаш таа не ги дели граѓаните по верска и етничка припадност, космополит човек, познавач на правото, на Уставот, европски признат стручњак, светски признаен стручњак. Жена што како професор била визитинг професор на многу реномирани светски, европски универзитети. Држела предавања на студенти ширум целиот свет на врвните најпрестижни универзитети. Многу научници, многу професори, правници светски ја цитираат денеска Гордана Силјановска Давкова“ потенцираше Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

The post Мицкоски: Пендаровски 5 години заборави на Македонија, а сега ќе излезе и ќе ветува appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното свое обраќање пред граѓаните во општина Василево во рамките на претседателската кампања истакна дека Стево Пендаровски којшто 5 години заборави на Македонија, кажува колку било убаво да ја посети оваа или онаа општина, но 5 години ниту еднаш не дошол во општина како што е Василево и да праша со какави проблеми се соочуваат граѓаните, а сега пред избори ќе дојде и ќе ветува како првпат да се појавува во политиката, пренесе Канал 5.
„Сега ќе дојде и ќе ви ветува ќе ви збори небаре првпат се појавува во политиката и како да не е повеќе од 30 години активен во Македонската политика како советник на претседатели, премиери, министри, пратеник, претседател. Нема функција која што Стево Пендаровски не ја извршувал и сега ќе дојде и ќе каже извинете ние згрешивме, ве молам гласајте не и ако и овие 4-5 години повторно грешиме е тогаш дајте ни шут карта. А 30 години заборавил што правел“ потенцираше Мицкоски.
Тој исто така потенцираше дека неверојатно е тоа што Стево Пендаровски им се обраќа на луѓето на митинзи со зборовите „Ако не ме гласате, не ме барајте“.
„Ете таков претседателски кандидат имаме од едната страна. Човек кој не си ја знае земјата и човек којшто замислете вчера во Делчево, на настан, на митинг обраќајќи се на делчевчани им вели ако не ме гласате, не ме барајте. Така им вели ако не ме гласате не ме барајте, значи ако не сум претседател не ме интересирате. Тоа е дефиницијата. Го слушам и не ми се верува, човекот повеќе од три децении е активен во македонската политика“ нагласи Мицкоски и додаде:
„Е тој човек ќе дојде овде, ќе ве гледа во очи и ќе ви кажува колку ве сака, цени почитува и ќе бара поддршка уште 5 години за повторно да не ви види очи. Е тој е човекот којшто денеска и се спротивставува на професорката Гордана Силјановска Давкова позади која што стојам јас, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Мицкоски истакна и дека изборот на 24 април и на 8 мај е меѓу човек како Пендаровски кој отворено кажува дека е претседател само на оние што го гласаат и професорката Гордана Силјановска Давкова којашто е неприкосновен борец за граѓаните и светски признат експерт цитирана од светски правници.
„На 24 април бираме за овој човек којшто јавно вели дека нема намера да биде претседател на сите граѓани туку на „нашите“, оние коишто гласаат за мене, така му е и паролата, пораката од кампањата „Нашиот претседател“ значи тој е претседател само на тие коишто гласаат и сега не само што е тоа напишано туку мора и да се дообјасни на митинзи, па вели ако не ме гласате очи да не ви видам. Еве вчера, слушајте го. Јас не можев да верувам дека тоа го зборува претседателски кандидат. Е тој е од едната страна кандидатот, а од другата страна ја имате професорката Гордана Силјановска Давкова, жена која што ја познавам долго време. Можам да кажам дека таа е беспрекорен борец за Македонија, беспрекорен борец за граѓаните на Македонија. Никогаш таа не ги дели граѓаните по верска и етничка припадност, космополит човек, познавач на правото, на Уставот, европски признат стручњак, светски признаен стручњак. Жена што како професор била визитинг професор на многу реномирани светски, европски универзитети. Држела предавања на студенти ширум целиот свет на врвните најпрестижни универзитети. Многу научници, многу професори, правници светски ја цитираат денеска Гордана Силјановска Давкова“ потенцираше Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

The post Мицкоски: Пендаровски 5 години заборави на Македонија, а сега ќе излезе и ќе ветува appeared first on Република.

]]>
Мицкоски од Василево: Во општината ќе инвестираме шест милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-vasilevo-vo-opshtinata-ke-investirame-shest-milioni-evra/ Tue, 10 Oct 2023 19:03:20 +0000 https://republika.mk/?p=689995

Сакаме да инвестираме во општината Василево минимум 6 милиони евра, размислувавме и дебатиравме и сумиравме неколку проекти кои ќе бидат важни за населението, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната средба со граѓаните во Василево во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависи“.

Претседателот Мицкоски се осврна на проектите кои се планирани, но рече дека дополнително ќе се планираат и реализираат и други проекти. Мицкоски информираше кои се планираните проекти.

„Тоа се фекални канализации кои се многу значајни во населените места Градошорци, Василево, потоа Радичево, Ангелци, потоа атмосферска или крак од атмосферска канализација во населено место Пиперево, потоа во Добрашинци реконструкција на филтер станицата, реконструкција на ова прекрасно училиште овде Гоце Делчев во Василево, нова месна заедница во Ангелци, нов пат во Нова маала до гробиштата, нов пат овде Василево од Културниот дом до 11 Септември, и ќе ми простат ако некој од проектите ги испуштив“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде „гледав генерално да ги споменам сите, но списокот не е затворен“.

„Мислам дека со ваква инвестиција ќе се направи голем исчекор во квалитетот на живот на населението“, кажа Мицкоски.

На крајот на средбата со граѓаните тој им порача:

„Овој пат не смее да ја испуштиме шансата за мобилизација околу ВМРО-ДПМНЕ, да не бидеме манипулирани. До секој глас е! По историската победа на локалните, сега сме пред две историски победи на парламентарните и претседателските избори. Од денеска сум посреќен зошто сме поблиску до историска победа а потоа заеднички со вас да испишеме историја“, кажа Мицкоски.

The post Мицкоски од Василево: Во општината ќе инвестираме шест милиони евра appeared first on Република.

]]>

Сакаме да инвестираме во општината Василево минимум 6 милиони евра, размислувавме и дебатиравме и сумиравме неколку проекти кои ќе бидат важни за населението, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната средба со граѓаните во Василево во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависи“. Претседателот Мицкоски се осврна на проектите кои се планирани, но рече дека дополнително ќе се планираат и реализираат и други проекти. Мицкоски информираше кои се планираните проекти.
„Тоа се фекални канализации кои се многу значајни во населените места Градошорци, Василево, потоа Радичево, Ангелци, потоа атмосферска или крак од атмосферска канализација во населено место Пиперево, потоа во Добрашинци реконструкција на филтер станицата, реконструкција на ова прекрасно училиште овде Гоце Делчев во Василево, нова месна заедница во Ангелци, нов пат во Нова маала до гробиштата, нов пат овде Василево од Културниот дом до 11 Септември, и ќе ми простат ако некој од проектите ги испуштив“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде „гледав генерално да ги споменам сите, но списокот не е затворен“.
„Мислам дека со ваква инвестиција ќе се направи голем исчекор во квалитетот на живот на населението“, кажа Мицкоски.
На крајот на средбата со граѓаните тој им порача:
„Овој пат не смее да ја испуштиме шансата за мобилизација околу ВМРО-ДПМНЕ, да не бидеме манипулирани. До секој глас е! По историската победа на локалните, сега сме пред две историски победи на парламентарните и претседателските избори. Од денеска сум посреќен зошто сме поблиску до историска победа а потоа заеднички со вас да испишеме историја“, кажа Мицкоски.

The post Мицкоски од Василево: Во општината ќе инвестираме шест милиони евра appeared first on Република.

]]>
Андонов: И покрај лошата финансиска состојба на Општина Василево за една година инвестиравме над 50 милиони денари за асфалтирање на улици и патишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonov-i-pokraj-loshata-finansiska-sostojba-na-opshtina-vasilevo-za-edna-godina-investiravme-nad-50-milioni-denari-za-asfaltirane-na-ulitsi-i-patishta/ Sat, 29 Apr 2023 11:51:53 +0000 https://republika.mk/?p=635241

Денес во Општина Василево се вршеше увид на градежните работи каде што на покана на градоначалникот Славе Андонов присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Андонов посочи дека во Општина Василево почнаа се реализираат голем број на проекти кои што го подобруваат квалитетот на живот на жителите и покрај тоа што при преземањето на должноста наследи општина големи долгови и блокирана сметка чија што консолидација што беше прва и основна негова и на неговиот тим цел, при што се направи реалокација на буџетските средства во тие области каде што било најпотребно.

Истакна дека во изминатиот период се инвестираше во сите области кои што се под надлежност на локалната самоуправа, како во спортот, детската заштита, културата во многу комунални инфраструктурни проекти.

Сакам дa напоменам дека во патната инфраструктура која што беше еден од приоритетите инвестиравме повеќе од 50 милиони денари, што е историски најмногу гледано од почетокот на основањето на Општина Василево, при што асфалтиравме повеќе од пет километри локални патишта и улици и тоа само за една година. Посебно сум горд што го реализиравме Нова маала – Добрашинци кој е во должина од еден километар и со вредност од 12 милиони денари. Со тоа решиме долгогодишен проблем на населените места Чанаклија, Нова маала, Добрашинци и Високо маало, односно така наречениот, Подограженски регион. Го решивме и долго годишниот проблем во населеното место Владевци во должина од два километри, со вредност од околу 20 милиони денари - посочи меѓу другото Андонов.

Истакна дека во наредниот период, во делот на патна инфраструктура, ќе го реализираме и патниот правец кој води кон манастирот Св. Ѓорѓија во Дукатино, кој исто така е очекуван од граѓаните кој преставува долгогодишен проблем кој ги тишти нашите сограѓани.

Покрај патната инфраструктура, Андонов посочи дека значително вложуваа во образованието, шпи што целосно го реконструираа Основното подрачно општинско училиште во Висока маала, кое беше во катастрофална состојба кое сега е по сите европски стандарди.

Само за една година партерно уредивме три подрачни училишта и тоа подрачните училишта во Дукатино, во Владевци и во Радичево - истакна Андонов.

The post Андонов: И покрај лошата финансиска состојба на Општина Василево за една година инвестиравме над 50 милиони денари за асфалтирање на улици и патишта appeared first on Република.

]]>

Денес во Општина Василево се вршеше увид на градежните работи каде што на покана на градоначалникот Славе Андонов присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Андонов посочи дека во Општина Василево почнаа се реализираат голем број на проекти кои што го подобруваат квалитетот на живот на жителите и покрај тоа што при преземањето на должноста наследи општина големи долгови и блокирана сметка чија што консолидација што беше прва и основна негова и на неговиот тим цел, при што се направи реалокација на буџетските средства во тие области каде што било најпотребно. Истакна дека во изминатиот период се инвестираше во сите области кои што се под надлежност на локалната самоуправа, како во спортот, детската заштита, културата во многу комунални инфраструктурни проекти.
Сакам дa напоменам дека во патната инфраструктура која што беше еден од приоритетите инвестиравме повеќе од 50 милиони денари, што е историски најмногу гледано од почетокот на основањето на Општина Василево, при што асфалтиравме повеќе од пет километри локални патишта и улици и тоа само за една година. Посебно сум горд што го реализиравме Нова маала – Добрашинци кој е во должина од еден километар и со вредност од 12 милиони денари. Со тоа решиме долгогодишен проблем на населените места Чанаклија, Нова маала, Добрашинци и Високо маало, односно така наречениот, Подограженски регион. Го решивме и долго годишниот проблем во населеното место Владевци во должина од два километри, со вредност од околу 20 милиони денари - посочи меѓу другото Андонов.
Истакна дека во наредниот период, во делот на патна инфраструктура, ќе го реализираме и патниот правец кој води кон манастирот Св. Ѓорѓија во Дукатино, кој исто така е очекуван од граѓаните кој преставува долгогодишен проблем кој ги тишти нашите сограѓани. Покрај патната инфраструктура, Андонов посочи дека значително вложуваа во образованието, шпи што целосно го реконструираа Основното подрачно општинско училиште во Висока маала, кое беше во катастрофална состојба кое сега е по сите европски стандарди.
Само за една година партерно уредивме три подрачни училишта и тоа подрачните училишта во Дукатино, во Владевци и во Радичево - истакна Андонов.

The post Андонов: И покрај лошата финансиска состојба на Општина Василево за една година инвестиравме над 50 милиони денари за асфалтирање на улици и патишта appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Додека владата фрли 117 милиони евра на проект кој никој не го видел, општините градат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dodeka-vladata-frli-117-milioni-evra-na-proekt-koj-nikoj-ne-go-videl-opshtinite-gradat/ Sat, 29 Apr 2023 11:48:31 +0000 https://republika.mk/?p=635239

Можевме да се увериме дека и покрај тоа што општината има исклучително високи долгови, блокирана сметка, високи обврски наследени од лошото менаџирање со општината изминатите 4 години, изјави денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на општината Василево.

Сепак градоначалникот успева да најде начин како да проектите кои се ветувани за време на кампањата за локалните избори од 2021 година ги испорача и реализира.

Слушнавте дека десетици проекти кои се или завршени, во фаза на завршување или допрва ќе бидат започнати. Повторувам, блокирана сметка поради наследени долгови и преземени обврски кои се мерат во стотици милиони денари. Сепак се наоѓа простор, доколку се работи чесно, одговорно, и јас ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот и на советниците во Општина Василево, на мнозинството кое ги поддржува проектите на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, да им честитам на луѓето од администрацијата што во невозможни услови, во пеколни услови успеваат да испорачаат она кое е потребно за граѓаните.

Сведоци сме дека пред неколку дена, граѓаните на Македонија платија 117 милиони евра, односно 7 милијарди евра и 250 милиони денари за проект кој никој не го гледа, а тука гледате дека се што се работи се гледа, односно се она кое се испорачува, патна инфраструктура, игралишта, канализација, водовод, можат граѓаните да го видат и користат. А владата на ДУИ подржана од помалиот партнер СДСМ, во средата исплати повеќе од 7 милијарди и 200 милиони денари за проект кој никој не го видел, а како тргнале работите нема до крајот на оваа година да се види - рече Мицкоски.

Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и помеѓу владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ, додаде тој.

Тоа сум убеден дека граѓаните ќе го препознаат, веќе се чувствува на самиот почеток од нашата кампања „Ова е Македонија за сите“ веќе енергијата се препознава и сум убеден дека на следните парламентарни избори коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ќе стигне до онаа бројка од 61 пратеник и ќе испише историја како што тоа го направивме на изборите локални во 2021 година кога за прв пат од позиција на опозиција некоја политичка партија успеа власта да ја декласира и во првиот и вториот круг и да освои мнозинство градоначалници, јас сум убеден дека тоа ќе се случи на парламентарни избори - истакна Мицкоски.

Честитки до градоначалникот и администрацијата во општината вака да продолжат и во иднина да работат и јас сум убеден дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ заедно со општинската администрација со градоначалникот со пратениците кои доаѓаат од овој регион ќе реализираат проекти кои и не биле дел од ветувањата имајќи предвид дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да вложи повеќе од 250 милиони евра годишно за проекти кои доаѓаат од локално ниво и се во оваа форма, канализација, водовод, патна инфраструктура.

Во тој дел би напоменал и за самото населено место Василево да се изгради тој колекторски систем за да може луѓето во 21 век да имаат елементарни услови за живот, бидејќи сега како стојат работите тие користат супстандардни услови, така што навистина не го заслужуваат и тоа ќе биде еден од првите проекти кои идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го испорача а градоначалникот е задолжен да го изготви тој проект и да го достави за да биде реализиран. Тоа го ветувам уште во првите 100 дена дека ќе биде проектот кој ќе биде реализиран, а сега ќе го отпочне градоначалникот - рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски: Додека владата фрли 117 милиони евра на проект кој никој не го видел, општините градат appeared first on Република.

]]>

Можевме да се увериме дека и покрај тоа што општината има исклучително високи долгови, блокирана сметка, високи обврски наследени од лошото менаџирање со општината изминатите 4 години, изјави денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на општината Василево. Сепак градоначалникот успева да најде начин како да проектите кои се ветувани за време на кампањата за локалните избори од 2021 година ги испорача и реализира.
Слушнавте дека десетици проекти кои се или завршени, во фаза на завршување или допрва ќе бидат започнати. Повторувам, блокирана сметка поради наследени долгови и преземени обврски кои се мерат во стотици милиони денари. Сепак се наоѓа простор, доколку се работи чесно, одговорно, и јас ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот и на советниците во Општина Василево, на мнозинството кое ги поддржува проектите на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, да им честитам на луѓето од администрацијата што во невозможни услови, во пеколни услови успеваат да испорачаат она кое е потребно за граѓаните. Сведоци сме дека пред неколку дена, граѓаните на Македонија платија 117 милиони евра, односно 7 милијарди евра и 250 милиони денари за проект кој никој не го гледа, а тука гледате дека се што се работи се гледа, односно се она кое се испорачува, патна инфраструктура, игралишта, канализација, водовод, можат граѓаните да го видат и користат. А владата на ДУИ подржана од помалиот партнер СДСМ, во средата исплати повеќе од 7 милијарди и 200 милиони денари за проект кој никој не го видел, а како тргнале работите нема до крајот на оваа година да се види - рече Мицкоски.
Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и помеѓу владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ, додаде тој.
Тоа сум убеден дека граѓаните ќе го препознаат, веќе се чувствува на самиот почеток од нашата кампања „Ова е Македонија за сите“ веќе енергијата се препознава и сум убеден дека на следните парламентарни избори коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ќе стигне до онаа бројка од 61 пратеник и ќе испише историја како што тоа го направивме на изборите локални во 2021 година кога за прв пат од позиција на опозиција некоја политичка партија успеа власта да ја декласира и во првиот и вториот круг и да освои мнозинство градоначалници, јас сум убеден дека тоа ќе се случи на парламентарни избори - истакна Мицкоски.
Честитки до градоначалникот и администрацијата во општината вака да продолжат и во иднина да работат и јас сум убеден дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ заедно со општинската администрација со градоначалникот со пратениците кои доаѓаат од овој регион ќе реализираат проекти кои и не биле дел од ветувањата имајќи предвид дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да вложи повеќе од 250 милиони евра годишно за проекти кои доаѓаат од локално ниво и се во оваа форма, канализација, водовод, патна инфраструктура.
Во тој дел би напоменал и за самото населено место Василево да се изгради тој колекторски систем за да може луѓето во 21 век да имаат елементарни услови за живот, бидејќи сега како стојат работите тие користат супстандардни услови, така што навистина не го заслужуваат и тоа ќе биде еден од првите проекти кои идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го испорача а градоначалникот е задолжен да го изготви тој проект и да го достави за да биде реализиран. Тоа го ветувам уште во првите 100 дена дека ќе биде проектот кој ќе биде реализиран, а сега ќе го отпочне градоначалникот - рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски: Додека владата фрли 117 милиони евра на проект кој никој не го видел, општините градат appeared first on Република.

]]>
Андонов: Градежна офанзива во општина Василево, се гради на повеќе локации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonov-gradezna-ofanziva-vo-opshtina-vasilevo-se-gradi-na-povekje-lokacii/ Sat, 06 Aug 2022 14:07:51 +0000 https://republika.mk/?p=537425

Во општина Василево градежните и економските активности не застануваат.
Во моментот се гради на неколку локации:
➡️Повеќенаменски објект во Нова Маала;
➡️Изградба на парк во Чанаклија;
➡️Изградба на систем за водоснабдување во Дукатино.
Во наредниот период ќе започнеме со реализација и на голем број други проекти во сите населени места во општина Василево:
✔Изградба на улици во населените места :
➡️Радичево
➡️Сушево
➡️Висока Маала
➡️Чанаклија
➡️Пиперево
➡️Седларци
➡️Градашорци
➡️Едерниково
➡️Ангелци
➡️Нова Маала
➡️Василево
✔Во населеното место Василево по долго очекување на граѓаните конечно ќе почне изградбата и на крак од фекален канализационен систем и тоа по должина на главната улица која води покрај Домот на културата до црквата Успение на Пресвета Богородица.
✔Во населеното место Радичево ќе отпочне реконструкција на училишниот двор.
✔Во населеното место Владевци ќе отпочне реконструкција на училишниот двор.
Продолжуваме да го реализираме онаа што го ветувавме.
Продолжуваме уште повеќе и уште подобро за модерна општина Василево-вели градоначалникот Славе Андонов.

The post Андонов: Градежна офанзива во општина Василево, се гради на повеќе локации appeared first on Република.

Се прошири пожарот кај селата Владевци и Трибичино во Општина Василево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-proshiri-pozarot-kaj-selata-vladevci-i-tribichino-vo-opshtina-vasilevo/ Tue, 26 Jul 2022 21:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=533548

Пожарот што започна вчера во попладневните часови на територија на Општина Василево, кај селата Владевци и Трибичино, на висок и непристапен терен и ридско карпест релјеф обраснат со висока сува трева и нискостеблеста мешана шума, во текот на денешниов ден околу 13.30 часот поради силината и променливиот правец на ветерот повторно се разгорува и проширува, но не во правец кон селата, туку кон сртот на ридот и странично кон доловите, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи.

Според ЦУК, на терен во справување со пожарот се екипи на на ЈП „Национални шуми -Подружницата Струмица“, како и екипи на ТПП Струмица.

Имајќи ги предвид условите каде во моментот е локацијата на пожарот, непристапниот терен, лошата патна инфраструктура, како можен пристап до локацијата на пожарот, дотурот на вода и можноста за пристап и гасење со специјализирани теренски возила, градоначалникот на општина Василево побара воздушна подршка во процесот на гасењето на пожарот, посочуваат од ЦУК.

Во координација со Центарот за управување сво кризи, се посочува во известувањето, субјектите во Системот за управување со кризи, кои во својот состав располагаат со летала специјализирани и наменети за гасење на пожари, како и градоначалникот на Општина Василево, договорено е по соодветна претходна процена, согласно претходно јасно дефинирана потреба, во текот на утрешниот ден рано наутро кога температурите се ниски да се реализира воздушна подршка до моментот на целосна ликвидација на пожарното дејство.

The post Се прошири пожарот кај селата Владевци и Трибичино во Општина Василево appeared first on Република.

]]>

Пожарот што започна вчера во попладневните часови на територија на Општина Василево, кај селата Владевци и Трибичино, на висок и непристапен терен и ридско карпест релјеф обраснат со висока сува трева и нискостеблеста мешана шума, во текот на денешниов ден околу 13.30 часот поради силината и променливиот правец на ветерот повторно се разгорува и проширува, но не во правец кон селата, туку кон сртот на ридот и странично кон доловите, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, на терен во справување со пожарот се екипи на на ЈП „Национални шуми -Подружницата Струмица“, како и екипи на ТПП Струмица.