Васил Тоциновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasil-tocinovski/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 13:19:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Васил Тоциновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasil-tocinovski/ 32 32 Тоциновски: Од секој ред на книгата „Балкански вознеси“ се чита пораката дека треба самите да се почитуваме, ако очекуваме дека некој друг тоа ќе го стори за нас, сме се излажале https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/totsinovski-od-sekoj-red-na-knigata-balkanski-voznesi-se-chita-porakata-deka-treba-samite-da-se-pochituvame-ako-ochekuvame-deka-nekoj-drug-toa-ke-go-stori-za-nas-sme-se-izlazhale/ Fri, 19 Jul 2024 13:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=798486

Книгата „Балкански вознеси“ ги подотвори вратите на некои процеси кои ни покажуваат дека сме биле, постоиме, дека ќе бидеме и дека имаме автори кои ја задолжиле трајно, вековито и лековито да ни биде она што е создадено во фондот на македонската литература и култура воопшто, посочи денеска авторот Васил Тоциновски за време на промоцијата на оваа негова книга, што се одржа во рамки на 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“.

Книгата содржи 20 текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес.

Настрана од дипломатијата и историјата, авторот аргументирано открива нови и непознати страници од животот и делото на Андреја Д. Петкович и Кочо Рацин. Според Тоциновски, пишаниот збор и литературата се секогаш мост што ги обединува народите.

-Од последните истражува низ архивите од Русија, Србија и Америка добивме материјали кои некако компрехираа една поинаква балканска слика, слика во која имаме потреба, но и умееме да соработуваме, да се разбираме и почитуваме. Во „Балкански вознеси“ имаме две студии во кои Андреја Петкович како руски конзул го известува МНР на Русија за војната во БИХ. Имаме еден Македонец деклариран многу убаво, притоа потпишувајќи и именувајќи го точно местото од каде што доаѓа, од македонско тогашно велешкото Башино село. Неговото претставување како Македонец во кратката белешка кон песната тој ќе рече „македонскиот јазик е посебен јазик“. Еден Македонец пишува за еден друг народ, за Босанците кои по турското ропство доживуваат страшни непогоди, рече Тоциновски на денешната промоција на книгата.

Исто така, како што напомена авторот, во оваа книга посебни студии се посветени на Петар Поп Арсов, на Димитрија Чупоски и на Крсте Мисирков.

-Пораката која ќе ја споменам, пораката која се чита од секој ред на оваа книга, е дека треба да се почитуваме и сакаме самите себе. Ако го очекуваме дека некој друг тоа ќе го стори за нас, сме се излажале, додаде Тоциновски.

Промоторот на книгата, проф. д-р Васил Дрвошанов рече дека Тоциновски е несекојдневна појава во македонската книжевност. Тој е, како што рече, најпродуктивниот книжевен творец во Македонија, пројавувајќи се како писател, научник и публицист, кој продолжува да опстојува и да твори.

- Тоциновски е книжевна институција, со неговиот импозантен книжевен опус, 26 литературни дела, над 40 книги за македонската книжевна историја, енциклопедии, учебници, прирачници и творници, 338 книжевни студии, над 600 есеи, но и сценарија на документарни филмови и серии емитувани на програмите на поранешната Југословенска радио телевизија. Овие податоци го отсликуваат творечкиот кодекс на Васил Тоциновски, чии почетоци се од 1967 година, кои што непрестано траат речиси 60 години до ден денес, додаде Дрвошанов.

Во ова дело, потенцираше Дрвошанов, Васил Тоциновски носи нови сознанија во македонската книжевност. Врз основа на своите научни истражувања, но не игнорирајќи ги истражувањата на други научници од земјата и од странство, тој испишува нови страници, со нови сознанија во македонската книжевност за плејада на врвни македонски дејци.

-Со новите сознанија за книжевните творци, Тоциновски испишува нови страници, со кои се осветлуваат непознати, драгоцени факти, што сведочат за искрените патриотски чувства на македонски дејци кон својот македонски народ. Острото око на истражувачот Тоциновски го забележува и најситниот детаљ во животот и во творештвото на творците, и секоја новост како камче го вградува во нивниот животен и творечки мозаик, додаде Дрвошанов.

Книгата „Балкански вознеси“ е во издание на „Академска мисла“ Скопје.

The post Тоциновски: Од секој ред на книгата „Балкански вознеси“ се чита пораката дека треба самите да се почитуваме, ако очекуваме дека некој друг тоа ќе го стори за нас, сме се излажале appeared first on Република.

]]>

Книгата „Балкански вознеси“ ги подотвори вратите на некои процеси кои ни покажуваат дека сме биле, постоиме, дека ќе бидеме и дека имаме автори кои ја задолжиле трајно, вековито и лековито да ни биде она што е создадено во фондот на македонската литература и култура воопшто, посочи денеска авторот Васил Тоциновски за време на промоцијата на оваа негова книга, што се одржа во рамки на 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“. Книгата содржи 20 текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес. Настрана од дипломатијата и историјата, авторот аргументирано открива нови и непознати страници од животот и делото на Андреја Д. Петкович и Кочо Рацин. Според Тоциновски, пишаниот збор и литературата се секогаш мост што ги обединува народите. -Од последните истражува низ архивите од Русија, Србија и Америка добивме материјали кои некако компрехираа една поинаква балканска слика, слика во која имаме потреба, но и умееме да соработуваме, да се разбираме и почитуваме. Во „Балкански вознеси“ имаме две студии во кои Андреја Петкович како руски конзул го известува МНР на Русија за војната во БИХ. Имаме еден Македонец деклариран многу убаво, притоа потпишувајќи и именувајќи го точно местото од каде што доаѓа, од македонско тогашно велешкото Башино село. Неговото претставување како Македонец во кратката белешка кон песната тој ќе рече „македонскиот јазик е посебен јазик“. Еден Македонец пишува за еден друг народ, за Босанците кои по турското ропство доживуваат страшни непогоди, рече Тоциновски на денешната промоција на книгата. Исто така, како што напомена авторот, во оваа книга посебни студии се посветени на Петар Поп Арсов, на Димитрија Чупоски и на Крсте Мисирков. -Пораката која ќе ја споменам, пораката која се чита од секој ред на оваа книга, е дека треба да се почитуваме и сакаме самите себе. Ако го очекуваме дека некој друг тоа ќе го стори за нас, сме се излажале, додаде Тоциновски. Промоторот на книгата, проф. д-р Васил Дрвошанов рече дека Тоциновски е несекојдневна појава во македонската книжевност. Тој е, како што рече, најпродуктивниот книжевен творец во Македонија, пројавувајќи се како писател, научник и публицист, кој продолжува да опстојува и да твори. - Тоциновски е книжевна институција, со неговиот импозантен книжевен опус, 26 литературни дела, над 40 книги за македонската книжевна историја, енциклопедии, учебници, прирачници и творници, 338 книжевни студии, над 600 есеи, но и сценарија на документарни филмови и серии емитувани на програмите на поранешната Југословенска радио телевизија. Овие податоци го отсликуваат творечкиот кодекс на Васил Тоциновски, чии почетоци се од 1967 година, кои што непрестано траат речиси 60 години до ден денес, додаде Дрвошанов. Во ова дело, потенцираше Дрвошанов, Васил Тоциновски носи нови сознанија во македонската книжевност. Врз основа на своите научни истражувања, но не игнорирајќи ги истражувањата на други научници од земјата и од странство, тој испишува нови страници, со нови сознанија во македонската книжевност за плејада на врвни македонски дејци. -Со новите сознанија за книжевните творци, Тоциновски испишува нови страници, со кои се осветлуваат непознати, драгоцени факти, што сведочат за искрените патриотски чувства на македонски дејци кон својот македонски народ. Острото око на истражувачот Тоциновски го забележува и најситниот детаљ во животот и во творештвото на творците, и секоја новост како камче го вградува во нивниот животен и творечки мозаик, додаде Дрвошанов. Книгата „Балкански вознеси“ е во издание на „Академска мисла“ Скопје.

The post Тоциновски: Од секој ред на книгата „Балкански вознеси“ се чита пораката дека треба самите да се почитуваме, ако очекуваме дека некој друг тоа ќе го стори за нас, сме се излажале appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/promotsija-na-knigata-balkanski-voznesi-od-vasil-totsinovski/ Fri, 19 Jul 2024 07:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=798270

Во рамки на јубилејното 45-то издание на манифестацијата „Скопско лето“, денеска во 12 часот, во градската кафеана Пелистер во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски.

Промотори: проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Сашо Огненовски.

Книгата „Балкански вознеси“ на македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски, издание на „Академска мисла“ Скопје, претставува своевидно освежување. Во ова заитано и превртено време на конфликти, недоразбирања, разградувања и непочитување ги проследува, толкува и вреднува заедничките нешта кои ги зближуваат и творечки ги обединуваат балканските литерaтури. Книгата содржи дваесет текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес. Трите уводни книжевно-историски студии се за браќата Константин и Андреја Д. Петкович, познати дипломати на царска Русија, првиот во Дубровник, вториот во Риека и со досега непозната документација авторот понудува многу нови и комплетни биографски податоци за Константин, а од Андреја интересни и вредни не само дипломатски извештаи, туку и белетристика за босанско-херцеговската борба, позната повеќе како Невесињско востание. Преплетувањето потврдува како пишаниот збор на македонските просветители како руски допломати во Хрватска, меѓу другото, пишуваат за борбата на босанско-херцеговскиот народ за извојување на сопствените национални и социјални права и слобода. Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и Петар Поп Арсов се личности кои ја формираат извонредно значајната етапа на македонствување во втората половина на 19 век. Во нивната револуционерна, писателска и публицистичка дејност системно и аргументирано Тоциновски ги создава европските интелектуални профили со стожерната активност на државотворните елементи како стратегија на колективното македонско дело во остварување на вековните идеали за сопствена државност – Свето Стаменов за Балканската книжевна соработка.

 

The post Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски appeared first on Република.

]]>

Во рамки на јубилејното 45-то издание на манифестацијата „Скопско лето“, денеска во 12 часот, во градската кафеана Пелистер во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски. Промотори: проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Сашо Огненовски. Книгата „Балкански вознеси“ на македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски, издание на „Академска мисла“ Скопје, претставува своевидно освежување. Во ова заитано и превртено време на конфликти, недоразбирања, разградувања и непочитување ги проследува, толкува и вреднува заедничките нешта кои ги зближуваат и творечки ги обединуваат балканските литерaтури. Книгата содржи дваесет текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес. Трите уводни книжевно-историски студии се за браќата Константин и Андреја Д. Петкович, познати дипломати на царска Русија, првиот во Дубровник, вториот во Риека и со досега непозната документација авторот понудува многу нови и комплетни биографски податоци за Константин, а од Андреја интересни и вредни не само дипломатски извештаи, туку и белетристика за босанско-херцеговската борба, позната повеќе како Невесињско востание. Преплетувањето потврдува како пишаниот збор на македонските просветители како руски допломати во Хрватска, меѓу другото, пишуваат за борбата на босанско-херцеговскиот народ за извојување на сопствените национални и социјални права и слобода. Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и Петар Поп Арсов се личности кои ја формираат извонредно значајната етапа на македонствување во втората половина на 19 век. Во нивната револуционерна, писателска и публицистичка дејност системно и аргументирано Тоциновски ги создава европските интелектуални профили со стожерната активност на државотворните елементи како стратегија на колективното македонско дело во остварување на вековните идеали за сопствена државност – Свето Стаменов за Балканската книжевна соработка.  

The post Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски денеска на „Скопско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-balkanski-voznesi-od-vasil-totsinovski-deneska-na-skopsko-leto/ Fri, 19 Jul 2024 07:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=798267

Промоцијата на книгата „Балкански вознеси“ од авторот Васил Тоциновски ќе се одржи во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ на 19.07.2024г. (петок) со почеток во 12:00ч. во Градската кафеана „Пелистер“.

Промотори: проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Сашо Огненовски

Книгата „Балкански вознеси“ на македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски, издание на „Академска мисла“ Скопје, претставува своевидно освежување. Во ова заитано и превртено време на конфликти, недоразбирања, разградувања и непочитување ги проследува, толкува и вреднува заедничките нешта кои ги зближуваат и творечки ги обединуваат балканските литерaтури. Книгата содржи дваесет текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес. 

Васил Тоциновски на триста страници во книгата „Балкански вознеси“ е во потрага на автори и дела, појави и пројави, процеси и состојби кои градат мостови на пријателство, почит, доверба и соработка меѓу народите и државите. Настрана од дипломатијата и историјата авторот системно и аргументирано открива нови и непознати страници од животот и делото на Андреја Д. Петкович и Кочо Рацин. Станува збор за текстови кои се читливи, интересни, разбирливи со убавините на стилот и јазикот со кои го идентификуваме авторскиот ракопис на Тоциновски. 

The post Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски денеска на „Скопско лето“ appeared first on Република.

]]>

Промоцијата на книгата „Балкански вознеси“ од авторот Васил Тоциновски ќе се одржи во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ на 19.07.2024г. (петок) со почеток во 12:00ч. во Градската кафеана „Пелистер“. Промотори: проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Сашо Огненовски
Книгата „Балкански вознеси“ на македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски, издание на „Академска мисла“ Скопје, претставува своевидно освежување. Во ова заитано и превртено време на конфликти, недоразбирања, разградувања и непочитување ги проследува, толкува и вреднува заедничките нешта кои ги зближуваат и творечки ги обединуваат балканските литерaтури. Книгата содржи дваесет текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес.  Васил Тоциновски на триста страници во книгата „Балкански вознеси“ е во потрага на автори и дела, појави и пројави, процеси и состојби кои градат мостови на пријателство, почит, доверба и соработка меѓу народите и државите. Настрана од дипломатијата и историјата авторот системно и аргументирано открива нови и непознати страници од животот и делото на Андреја Д. Петкович и Кочо Рацин. Станува збор за текстови кои се читливи, интересни, разбирливи со убавините на стилот и јазикот со кои го идентификуваме авторскиот ракопис на Тоциновски. 

The post Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски денеска на „Скопско лето“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на книга „Балкански вознеси“ на Скопско лето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-kniga-balkanski-voznesi-na-skopsko-leto/ Thu, 18 Jul 2024 07:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=797906

Промоцијата на книгата „Балкански вознеси“ од авторот Васил Тоциновски ќе се одржи во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ на 19 јули, (петок) со почеток во 12 часот во Градската кафеана „Пелистер“.

Промотори се проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Сашо Огненовски.

Книгата „Балкански вознеси“ на македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски, издание на „Академска мисла“ Скопје, претставува своевидно освежување. Во ова заитано и превртено време на конфликти, недоразбирања, разградувања и непочитување ги проследува, толкува и вреднува заедничките нешта кои ги зближуваат и творечки ги обединуваат балканските литерaтури. Книгата содржи дваесет текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес.

Васил Тоциновски на триста страници во книгата „Балкански вознеси“ е во потрага на автори и дела, појави и пројави, процеси и состојби кои градат мостови на пријателство, почит, доверба и соработка меѓу народите и државите. Настрана од дипломатијата и историјата авторот системно и аргументирано открива нови и непознати страници од животот и делото на Андреја Д. Петкович и Кочо Рацин. Станува збор за текстови кои се читливи, интересни, разбирливи со убавините на стилот и јазикот со кои го идентификуваме авторскиот ракопис на Тоциновски.

The post Промоција на книга „Балкански вознеси“ на Скопско лето appeared first on Република.

]]>

Промоцијата на книгата „Балкански вознеси“ од авторот Васил Тоциновски ќе се одржи во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ на 19 јули, (петок) со почеток во 12 часот во Градската кафеана „Пелистер“. Промотори се проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Сашо Огненовски. Книгата „Балкански вознеси“ на македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски, издание на „Академска мисла“ Скопје, претставува своевидно освежување. Во ова заитано и превртено време на конфликти, недоразбирања, разградувања и непочитување ги проследува, толкува и вреднува заедничките нешта кои ги зближуваат и творечки ги обединуваат балканските литерaтури. Книгата содржи дваесет текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес. Васил Тоциновски на триста страници во книгата „Балкански вознеси“ е во потрага на автори и дела, појави и пројави, процеси и состојби кои градат мостови на пријателство, почит, доверба и соработка меѓу народите и државите. Настрана од дипломатијата и историјата авторот системно и аргументирано открива нови и непознати страници од животот и делото на Андреја Д. Петкович и Кочо Рацин. Станува збор за текстови кои се читливи, интересни, разбирливи со убавините на стилот и јазикот со кои го идентификуваме авторскиот ракопис на Тоциновски.

The post Промоција на книга „Балкански вознеси“ на Скопско лето appeared first on Република.

]]>
Одбележување 50 години творештво на Васил Тоциновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/odbelezuvanje-50-godini-tvoreshtvo-na-vasil-tocinovski/ Wed, 02 Nov 2022 07:26:19 +0000 https://republika.mk/?p=568518

Во организација на гевгелиската библиотека „Гоце Делчев“, вечер во Народниот театар во Гевгелија ќе бидат одбележани 50 години творечка кариера на македонскиот писател, книжевен историчар и критичар проф. д-р Васил Тоциновски.

За творештвото на Тоциновски ќе зборува проф. д-р Славчо Ковилоски.

Настанот, под покровителство на Општина Гевгелија, ќе биде отворен од директорот на библиотеката Стефан Марковски, а е во рамки на Програмата за чествување на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Гевгелија.

Васил Тоциновски е меѓу најплодните современи македонски автори. Неговиот авторски опус е сочинет од над 120 книги од сите области, од кои 65 дела од областа на белетристиката и науката, 66 редакции и избори од македонското книжевно и публицистичко наследство и 22 енциклопедии, учебници, прирачници и зборници, каде се јавува како автор или коавтор. Во домашната и странска периодика публикувал над четиристотини книжевно-историски студии и над 650 есеи и критики.

Тоциновски има голем придонес за развојот на македонската книжевна историја, особено проучувањето на македонскиот книжевен 19 век, откривањето и дефинирањето на улогата на поединечни дејци, како Атанас Раздолов, Богдан Сираков и други, како и историјата на македонскиот литературен кружок во Софија. Добитник е на голем број значајни награди за своите достигнувања во науката и книжевноста.

Бил професор на 1244 студенти по македонистика на Филозофскиот факултет во Риека, ментор на голем број трудови посветени на македонската литература, јазик и култура. Тој е актуелен секретар за активности во земјата на Друштвото на писателите на Македонија.

The post Одбележување 50 години творештво на Васил Тоциновски appeared first on Република.

]]>

Во организација на гевгелиската библиотека „Гоце Делчев“, вечер во Народниот театар во Гевгелија ќе бидат одбележани 50 години творечка кариера на македонскиот писател, книжевен историчар и критичар проф. д-р Васил Тоциновски. За творештвото на Тоциновски ќе зборува проф. д-р Славчо Ковилоски. Настанот, под покровителство на Општина Гевгелија, ќе биде отворен од директорот на библиотеката Стефан Марковски, а е во рамки на Програмата за чествување на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Гевгелија. Васил Тоциновски е меѓу најплодните современи македонски автори. Неговиот авторски опус е сочинет од над 120 книги од сите области, од кои 65 дела од областа на белетристиката и науката, 66 редакции и избори од македонското книжевно и публицистичко наследство и 22 енциклопедии, учебници, прирачници и зборници, каде се јавува како автор или коавтор. Во домашната и странска периодика публикувал над четиристотини книжевно-историски студии и над 650 есеи и критики. Тоциновски има голем придонес за развојот на македонската книжевна историја, особено проучувањето на македонскиот книжевен 19 век, откривањето и дефинирањето на улогата на поединечни дејци, како Атанас Раздолов, Богдан Сираков и други, како и историјата на македонскиот литературен кружок во Софија. Добитник е на голем број значајни награди за своите достигнувања во науката и книжевноста. Бил професор на 1244 студенти по македонистика на Филозофскиот факултет во Риека, ментор на голем број трудови посветени на македонската литература, јазик и култура. Тој е актуелен секретар за активности во земјата на Друштвото на писателите на Македонија.

The post Одбележување 50 години творештво на Васил Тоциновски appeared first on Република.

]]>