Васил Стерјовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasil-sterjovski/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 10:58:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Васил Стерјовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasil-sterjovski/ 32 32 Градоначалникот на Пустец и МАЕИ го честитаа Илинден https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gradonachalnikot-na-pustets-i-maei-go-chestitaa-ilinden/ Fri, 02 Aug 2024 10:58:30 +0000 https://republika.mk/?p=802627

Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колевски и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски во нивно и во име на општината и партијата, на сите Македонци каде и да се, им го честитаа денешниот голем празник - Илинден.

-Среќен Илинден, Македонијо! Нека овој празник нѐ потсети на нашата борба за слобода и независност, и нека ни донесе единство и просперитет, стои во честитката на градоначалникот Колефски.

Тој заедно со Ефтим Митревски, шеф на неговиот кабинет, положија цвеќе на бистата на Гоце Делчев, која на 4 мај годинава беше поставена на плоштадот во Пустец, кој го носи неговото име.

И делегација на МАЕИ денеска положи свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во Пустец, како и на бистата на Јосиф Јосифовски - Свештарот во село Царев Двор во Република Македонија.

-Прославувајќи ги двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ од 1944, со гордост се поклонуваме пред нашите предци кои ги положија своите животи за слободата на Македонија. Денес, одбележуваме 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Овие настани се светилници во историјата на нашиот народ, потсетувајќи нè на храброста и решителноста на нашите предци, кои се бореа за слобода и независност. Нека е честит и вековит македонскиот национален празник Илинден, посака Стерјовски.

Делегација на МАЕИ, традиционално, ќе присуствува на 53. Семакедонска средба во Трново, каде свое обраќање ќе има Стерјовски.

The post Градоначалникот на Пустец и МАЕИ го честитаа Илинден appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колевски и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски во нивно и во име на општината и партијата, на сите Македонци каде и да се, им го честитаа денешниот голем празник - Илинден.
-Среќен Илинден, Македонијо! Нека овој празник нѐ потсети на нашата борба за слобода и независност, и нека ни донесе единство и просперитет, стои во честитката на градоначалникот Колефски.
Тој заедно со Ефтим Митревски, шеф на неговиот кабинет, положија цвеќе на бистата на Гоце Делчев, која на 4 мај годинава беше поставена на плоштадот во Пустец, кој го носи неговото име. И делегација на МАЕИ денеска положи свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во Пустец, како и на бистата на Јосиф Јосифовски - Свештарот во село Царев Двор во Република Македонија.
-Прославувајќи ги двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ од 1944, со гордост се поклонуваме пред нашите предци кои ги положија своите животи за слободата на Македонија. Денес, одбележуваме 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Овие настани се светилници во историјата на нашиот народ, потсетувајќи нè на храброста и решителноста на нашите предци, кои се бореа за слобода и независност. Нека е честит и вековит македонскиот национален празник Илинден, посака Стерјовски.
Делегација на МАЕИ, традиционално, ќе присуствува на 53. Семакедонска средба во Трново, каде свое обраќање ќе има Стерјовски.

The post Градоначалникот на Пустец и МАЕИ го честитаа Илинден appeared first on Република.

]]>
Претседателката Силјановска ги слушна проблемите на Македонците во Албанија со пописот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-siljanovska-gi-slushna-problemite-na-makedontsite-vo-albanija-so-popisot/ Thu, 01 Aug 2024 09:40:28 +0000 https://republika.mk/?p=802232

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими делегација предводена од Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија.

Како што информира денеска претседателскиот Кабинет, на средбата Сиљановска Давкова беше информирана за севкупните активности на партијата, насочени кон афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија.

На средбата, како што се наведува во соопштението, беа разменети мислења и за последниот спроведен попис во Албанија и ставот на претставниците на Македонците, кои не ги признаваат објавените резултати.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка на напорите на претставниците на македонското национално малцинство за унапредување на нивните права и повика на заедништво и обединет настап во работата за подобрување на нивната положба.

Сиљановска Давкова, како што се посочува, ја нагласи важноста пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество

The post Претседателката Силјановска ги слушна проблемите на Македонците во Албанија со пописот appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими делегација предводена од Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија. Како што информира денеска претседателскиот Кабинет, на средбата Сиљановска Давкова беше информирана за севкупните активности на партијата, насочени кон афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија. На средбата, како што се наведува во соопштението, беа разменети мислења и за последниот спроведен попис во Албанија и ставот на претставниците на Македонците, кои не ги признаваат објавените резултати. Претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка на напорите на претставниците на македонското национално малцинство за унапредување на нивните права и повика на заедништво и обединет настап во работата за подобрување на нивната положба. Сиљановска Давкова, како што се посочува, ја нагласи важноста пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество

The post Претседателката Силјановска ги слушна проблемите на Македонците во Албанија со пописот appeared first on Република.

]]>
Стерјовски за МЦН: Во Албанија има над 100 илјади Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-za-mtsn-vo-albanija-ima-nad-100-iljadi-makedontsi/ Tue, 16 Jul 2024 19:59:23 +0000 https://republika.mk/?p=797515

Кога ќе имаме вистински попис ќе дознаеме колкава е реалната бројка, но македонската заедница во Албанија е над 100 илјади на целата територија на Република Албанија, изјави лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски за албанската МЦН.

Додаде дека македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник, областа на Девол долж албанско-македонската граница, но процесот на миграција голем број од нив ги однел во други градови во Албанија.

Од сите области каде што главно сме концентрирани, особено во текот на последните 30 години се имаме иселено во внатрешноста на Албанија. Денеска имаме припадници на македонската заедница во секој поголем албански град. Сакам да нагласам дека за жал, и денес, продолжува комунистичката политика и се признаваат Македонци само во областа на Преспа, општина Пустец а не се признаваат Македонци во областа Гора и Голо Брдо и врз нив изминатите години е вршен притисок да не ја декларираат својата македонска припадност - рече Стерјовски.

Тој одговори и на прашањето дали верува на бројките од пописот и на тоа зошто е преполовен бројот на македонското малцинство во Албанија.

Овие бројки се манипулирани и не се вистински. Ние како партија во Албанија, веднаш после објавувањето на резултатите од пописот, први ги отфрливме и изјавивме дека бројките за македонското малцинство се манипулирани. Имаме многу факти за тоа. За време на пописот јавно имаме реагирано, за тоа каков притисок имало македонското малцинство од страна на Бугарија да се декларира како бугарско и албанските власти не презедоа никакви мерки за да ни гарантираат слободно изјаснување - одговори Стерјовски.

Посочи дека албанските власти не само што не презеле никакви мерки, туку им помогнале на бугарските власти да манипулираат со пописот и бројот на македонското малцинство.

The post Стерјовски за МЦН: Во Албанија има над 100 илјади Македонци appeared first on Република.

]]>

Кога ќе имаме вистински попис ќе дознаеме колкава е реалната бројка, но македонската заедница во Албанија е над 100 илјади на целата територија на Република Албанија, изјави лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски за албанската МЦН. Додаде дека македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник, областа на Девол долж албанско-македонската граница, но процесот на миграција голем број од нив ги однел во други градови во Албанија.
Од сите области каде што главно сме концентрирани, особено во текот на последните 30 години се имаме иселено во внатрешноста на Албанија. Денеска имаме припадници на македонската заедница во секој поголем албански град. Сакам да нагласам дека за жал, и денес, продолжува комунистичката политика и се признаваат Македонци само во областа на Преспа, општина Пустец а не се признаваат Македонци во областа Гора и Голо Брдо и врз нив изминатите години е вршен притисок да не ја декларираат својата македонска припадност - рече Стерјовски.
Тој одговори и на прашањето дали верува на бројките од пописот и на тоа зошто е преполовен бројот на македонското малцинство во Албанија.
Овие бројки се манипулирани и не се вистински. Ние како партија во Албанија, веднаш после објавувањето на резултатите од пописот, први ги отфрливме и изјавивме дека бројките за македонското малцинство се манипулирани. Имаме многу факти за тоа. За време на пописот јавно имаме реагирано, за тоа каков притисок имало македонското малцинство од страна на Бугарија да се декларира како бугарско и албанските власти не презедоа никакви мерки за да ни гарантираат слободно изјаснување - одговори Стерјовски.
Посочи дека албанските власти не само што не презеле никакви мерки, туку им помогнале на бугарските власти да манипулираат со пописот и бројот на македонското малцинство.

The post Стерјовски за МЦН: Во Албанија има над 100 илјади Македонци appeared first on Република.

]]>
Стерјовски за албанската МЦН: Македонското и сите малцинства мора да имаат загарантрани места во албанскиот парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-za-albanskata-mtsn-makedonskoto-i-site-maltsinstva-mora-da-imaat-zagarantrani-mesta-vo-albanskiot-parlament/ Thu, 30 May 2024 16:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=783283

Лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, за албанската МЦН оценува дека „актуелниот пропорционален изборен систем е дискриминаторски и малцинствата мора да имаат загарантирани места за да се слушне нивниот глас“.

-Најдобар систем е преземање на најдобрите европски практики од европските земји кои го решија проблемот со застапеноста на малцинствата како Хрватска, Словенија, Косово, Романија, скандинавските држави, Руската Федерација, итн., кои имаат различни модели, но кои имаат загарантирани места за малцинствата. За првпат минатата година една меѓународна организација како што е Советот на Европа во петтиот мониторинг извештај за Албанија на Советодавниот комитет за спроведување на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства ја скенира ситуацијата во Албанија и бара нашата земја да преземе позитивни мерки за гарантирана застапеност на малцинствата во парламентот, вели Стерјовски во однос на изборната реформа и барањата на малцинствата.

Точно е, додава, дека не можат подобро да ги штитат интересите, да ги покренуваат проблемите на малцинствата отколку самите нивни претставници во парламентот и тоа се покажа во последните 30 години.

Потсетува дека македонската, ромската, влашката и египтјанската заедница, упатиле барања до Специјалната комисија за изборната реформа, за загарантирани места во парламентот, за што мора да има има политичка волја, особено од власта и парламентарната опозиција.

-На пример, во Хрватска, Албанците, Македонците, Бошњаците, Црногорците имаат загарантирано место. Има и други модели како во Романија и покрај бројот на малцинствата, на пример, официјално има 500 регистрирани Албанци, нивниот број сигурно е поголем, но официјално според статистиките се 500 луѓе, но имаат загарантирано место. Македонците се запишани 5.000 луѓе и тие имаат загарантирано место во парламентот. Значи, постојат различни модели. Главно, суштината е да постои политичка волја, да се согласат и власта и опозицијата, посочува тој.

Со постојниот пропорционален регионален систем, нагласува Стерјовски, е многу тешко директно да имаат пратеници, да бидеме избрани во парламентот.

- Тоа бидејќи ние како малцинства живееме на целата територија на Република Албанија, не само во посебни области и оние посебни области каде што ние сме традиционално, особено по 90-тите се преселивме во големите градови на Албанија за подобар живот и затоа е навистина тешко со овој систем да бидеме претставени во парламентот. Ние секогаш како мали партии се трудиме да правиме различни коалиции со поголемите партии, нагласува тој.

Додава дека благодарение на овие различни коалиции, како партија која ја претставува македонската заедница успеале пред две години тој да биде пратеник во албанскиот законодавен дом.

-Секогаш се трудиме да ја најдеме коалицијата што ќе ни гарантира подобро место на листите за да бидеме претставени, но секогаш е тешко со големите партии кои ни нудат места во долниот дел од листите. Затоа, токму за ова наше барање ја имаме поддршката од Советот на Европа што ни препорачува, дека во крајна линија е меѓународна обврска да ние имаме наш глас во парламентот, одговара Стерјовски.

На прашањето во однос на коалицирање на МАЕИ на парламентарните избори во мај 2025 година, вели дека очекуваат одговор од Специјалната комисија за изборната реформа во однос на барањата по што како партија, ќе одлучат како ќе постапат, посочувајќи дека „нашата главна цел што сакаме да ја постигнеме е да бидеме претставени во Собранието“.

Фото: Принтскрин

The post Стерјовски за албанската МЦН: Македонското и сите малцинства мора да имаат загарантрани места во албанскиот парламент appeared first on Република.

]]>

Лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, за албанската МЦН оценува дека „актуелниот пропорционален изборен систем е дискриминаторски и малцинствата мора да имаат загарантирани места за да се слушне нивниот глас“.
-Најдобар систем е преземање на најдобрите европски практики од европските земји кои го решија проблемот со застапеноста на малцинствата како Хрватска, Словенија, Косово, Романија, скандинавските држави, Руската Федерација, итн., кои имаат различни модели, но кои имаат загарантирани места за малцинствата. За првпат минатата година една меѓународна организација како што е Советот на Европа во петтиот мониторинг извештај за Албанија на Советодавниот комитет за спроведување на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства ја скенира ситуацијата во Албанија и бара нашата земја да преземе позитивни мерки за гарантирана застапеност на малцинствата во парламентот, вели Стерјовски во однос на изборната реформа и барањата на малцинствата.
Точно е, додава, дека не можат подобро да ги штитат интересите, да ги покренуваат проблемите на малцинствата отколку самите нивни претставници во парламентот и тоа се покажа во последните 30 години. Потсетува дека македонската, ромската, влашката и египтјанската заедница, упатиле барања до Специјалната комисија за изборната реформа, за загарантирани места во парламентот, за што мора да има има политичка волја, особено од власта и парламентарната опозиција.
-На пример, во Хрватска, Албанците, Македонците, Бошњаците, Црногорците имаат загарантирано место. Има и други модели како во Романија и покрај бројот на малцинствата, на пример, официјално има 500 регистрирани Албанци, нивниот број сигурно е поголем, но официјално според статистиките се 500 луѓе, но имаат загарантирано место. Македонците се запишани 5.000 луѓе и тие имаат загарантирано место во парламентот. Значи, постојат различни модели. Главно, суштината е да постои политичка волја, да се согласат и власта и опозицијата, посочува тој.
Со постојниот пропорционален регионален систем, нагласува Стерјовски, е многу тешко директно да имаат пратеници, да бидеме избрани во парламентот.
- Тоа бидејќи ние како малцинства живееме на целата територија на Република Албанија, не само во посебни области и оние посебни области каде што ние сме традиционално, особено по 90-тите се преселивме во големите градови на Албанија за подобар живот и затоа е навистина тешко со овој систем да бидеме претставени во парламентот. Ние секогаш како мали партии се трудиме да правиме различни коалиции со поголемите партии, нагласува тој.
Додава дека благодарение на овие различни коалиции, како партија која ја претставува македонската заедница успеале пред две години тој да биде пратеник во албанскиот законодавен дом.
-Секогаш се трудиме да ја најдеме коалицијата што ќе ни гарантира подобро место на листите за да бидеме претставени, но секогаш е тешко со големите партии кои ни нудат места во долниот дел од листите. Затоа, токму за ова наше барање ја имаме поддршката од Советот на Европа што ни препорачува, дека во крајна линија е меѓународна обврска да ние имаме наш глас во парламентот, одговара Стерјовски.
На прашањето во однос на коалицирање на МАЕИ на парламентарните избори во мај 2025 година, вели дека очекуваат одговор од Специјалната комисија за изборната реформа во однос на барањата по што како партија, ќе одлучат како ќе постапат, посочувајќи дека „нашата главна цел што сакаме да ја постигнеме е да бидеме претставени во Собранието“. Фото: Принтскрин

The post Стерјовски за албанската МЦН: Македонското и сите малцинства мора да имаат загарантрани места во албанскиот парламент appeared first on Република.

]]>
Васил Стерјовски разговарал со европратеникот Алфонси за проблемите на Македонците во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vasil-sterjovski-razgovaral-so-evropratenikot-alfonsi-za-problemite-na-makedontsite-vo-albanija/ Fri, 08 Mar 2024 17:51:25 +0000 https://republika.mk/?p=752780

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, информира дека во Брисел остварил средба со европратеникот Франсоа Алфонси, кој е „клучна фигура во застапувањето за правата на малцинствата и ценет копретседавач на Интергрупата за малцинствата во Европскиот парламент“.

Нашиот разговор се фокусираше на моменталната состојба на македонското малцинство во Албанија. Имав чест да го запознам со посебниот извештај подготвен од партијата Македонска алијанса за европска интеграција, за неодамнешниот попис во Албанија, спроведен во октомври 2023 година и мешањето на Бугарија за време на пописот. Средбата е значаен чекор кон градење на меѓусебно разбирање, напиша Стерјовски во објава на „Фејсбук“.

Тој додава дека разговарале и за различните патишта за соработка и поддршка, фокусирајќи се на унапредувањето на правата на малцинствата и застапеноста во Европа.

Стерјовски, кој ја предводи партиската делегација, се сретнал и со европратеничката Ана Миранда.

Имав честа да се сретнам со европратеничката Ана Миранда. Таа е исклучителен застапник за правата на малцинствата во Европскиот парламент и нејзината поддршка и посветеност кон оваа кауза е навистина инспиративна, посочува Стерјовски.

Тој вчера имаше обраќање на Генералното собрание на Европската слободна алијанса, ЕФА, во Брисел, каде МАЕИ едногласно беше примена за полноправна членка.

Претходно делегацијата оствари средба со претставници на Советот на Европа и советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во Стразбург.

The post Васил Стерјовски разговарал со европратеникот Алфонси за проблемите на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, информира дека во Брисел остварил средба со европратеникот Франсоа Алфонси, кој е „клучна фигура во застапувањето за правата на малцинствата и ценет копретседавач на Интергрупата за малцинствата во Европскиот парламент“.
Нашиот разговор се фокусираше на моменталната состојба на македонското малцинство во Албанија. Имав чест да го запознам со посебниот извештај подготвен од партијата Македонска алијанса за европска интеграција, за неодамнешниот попис во Албанија, спроведен во октомври 2023 година и мешањето на Бугарија за време на пописот. Средбата е значаен чекор кон градење на меѓусебно разбирање, напиша Стерјовски во објава на „Фејсбук“.
Тој додава дека разговарале и за различните патишта за соработка и поддршка, фокусирајќи се на унапредувањето на правата на малцинствата и застапеноста во Европа. Стерјовски, кој ја предводи партиската делегација, се сретнал и со европратеничката Ана Миранда.
Имав честа да се сретнам со европратеничката Ана Миранда. Таа е исклучителен застапник за правата на малцинствата во Европскиот парламент и нејзината поддршка и посветеност кон оваа кауза е навистина инспиративна, посочува Стерјовски.
Тој вчера имаше обраќање на Генералното собрание на Европската слободна алијанса, ЕФА, во Брисел, каде МАЕИ едногласно беше примена за полноправна членка. Претходно делегацијата оствари средба со претставници на Советот на Европа и советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во Стразбург.

The post Васил Стерјовски разговарал со европратеникот Алфонси за проблемите на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>
Стерјовски: Oти Јапонија не ни бара да се пишеме Јапонци? Бугарија донира во Пустец само за замена на нашата македонска националност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-oti-japonija-ne-ni-bara-da-se-pisheme-japontsi-bugarija-donira-vo-pustets-samo-za-zamena-na-nashata-makedonska-natsionalnost/ Wed, 17 Jan 2024 16:23:41 +0000 https://republika.mk/?p=734086

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски гостувајќи во телевизија СОТ(SOT) одговара и на прашања за донација од Бугарија за Здравствениот дом во Пустец и негрижата на албанската влада, како за домот така и општината во целина.

На здравствениот дом на општина Пустец навистина му недостасува опрема, возила и слично, констатира новинарот и прашува што има лошо во тоа Бугарија да донира амбулантно возило.

Виновна е нашата држава, што не помага, што ги остави во таква состојба, како здравствениот дом, така и општината. Кај нас се добредојдени сите странски донатори од која било земја. Сега последно кај нас Јапонија ќе донира еден багер па Јапонија не бара јапонско малцинство во нашата општина. Саудиска Арабија има донирано. Тие не рекоа дека дониравме за Арапите во Пустец, вели Стерјовски.

Тој со одговор зошто Бугарите го прават тоа.

Во замена за националноста. Сите овие донации што ги прават Бугарите, ги преставуваат во медиумите дека ги дониравме за Бугарите во Пустец. Ќе ви кажам еден случај. Пред неколку години со Општина Девол го кофинансираа патот од Билишта до Врбник и рекоа дека оваа инвестиција ја правиме за бугарското малцинство во Врбник. Амбасадорот на Бугарија доаѓаше неколку пати, доаѓаа и други дипломати, вели Стерјовски.

Во Општина Пустец доаѓале високи македонски и албански функционери, вели тој и оценува дека "општината е призната 80 години, како македонска заедница и служи како мост меѓу двете земји".

Затоа доаѓаат сите делегации, македонски и албански претседатели и премиери кои се среќаваат овде и за тоа сме горди што ја играме оваа улога на поврзување. Но, така не се чувствуваме кога доаѓаат бугарски претставници, бидејќи бугарската страна доаѓа и сака да ни ја негира националноста и од петни жили се обидува да станеме Бугари, што ниту сме биле ниту ќе бидеме, рече Стерјовски.

Додава дека на Здравствениот дом неопходна му е опрема и кадар, пред се лекар.

Како што ви кажав, обврска на албанската влада е да одговара за тој здравствен дом бидејќи ние сме жители, лојални граѓани на оваа држава. Тоа не е должност на Бугарија, заклучува Стерјовски.

The post Стерјовски: Oти Јапонија не ни бара да се пишеме Јапонци? Бугарија донира во Пустец само за замена на нашата македонска националност appeared first on Република.

]]>

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски гостувајќи во телевизија СОТ(SOT) одговара и на прашања за донација од Бугарија за Здравствениот дом во Пустец и негрижата на албанската влада, како за домот така и општината во целина. На здравствениот дом на општина Пустец навистина му недостасува опрема, возила и слично, констатира новинарот и прашува што има лошо во тоа Бугарија да донира амбулантно возило.
Виновна е нашата држава, што не помага, што ги остави во таква состојба, како здравствениот дом, така и општината. Кај нас се добредојдени сите странски донатори од која било земја. Сега последно кај нас Јапонија ќе донира еден багер па Јапонија не бара јапонско малцинство во нашата општина. Саудиска Арабија има донирано. Тие не рекоа дека дониравме за Арапите во Пустец, вели Стерјовски.
Тој со одговор зошто Бугарите го прават тоа.
Во замена за националноста. Сите овие донации што ги прават Бугарите, ги преставуваат во медиумите дека ги дониравме за Бугарите во Пустец. Ќе ви кажам еден случај. Пред неколку години со Општина Девол го кофинансираа патот од Билишта до Врбник и рекоа дека оваа инвестиција ја правиме за бугарското малцинство во Врбник. Амбасадорот на Бугарија доаѓаше неколку пати, доаѓаа и други дипломати, вели Стерјовски.
Во Општина Пустец доаѓале високи македонски и албански функционери, вели тој и оценува дека "општината е призната 80 години, како македонска заедница и служи како мост меѓу двете земји".
Затоа доаѓаат сите делегации, македонски и албански претседатели и премиери кои се среќаваат овде и за тоа сме горди што ја играме оваа улога на поврзување. Но, така не се чувствуваме кога доаѓаат бугарски претставници, бидејќи бугарската страна доаѓа и сака да ни ја негира националноста и од петни жили се обидува да станеме Бугари, што ниту сме биле ниту ќе бидеме, рече Стерјовски.
Додава дека на Здравствениот дом неопходна му е опрема и кадар, пред се лекар.
Како што ви кажав, обврска на албанската влада е да одговара за тој здравствен дом бидејќи ние сме жители, лојални граѓани на оваа држава. Тоа не е должност на Бугарија, заклучува Стерјовски.

The post Стерјовски: Oти Јапонија не ни бара да се пишеме Јапонци? Бугарија донира во Пустец само за замена на нашата македонска националност appeared first on Република.

]]>
Стерјовски: Албанија ѝ дозволи на Бугарија да го спроведува Пописот ви местата каде што живеат Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sterjovski-albanija-dozvoli-na-bugarija-da-go-sproveduva-popisot-vi-mestata-kade-shto-zhiveat-makedontsi/ Sun, 12 Nov 2023 14:30:30 +0000 https://republika.mk/?p=700752

Партијата на Македонците во Албанија бара да се продолжи Пописот на населението во Албанија во Мала Преспа, односно во деловите каде што живее македонско население. Пописот во Албанија завршува на 15 ноември, а во Мала Преспа заврши пред две недели, вели Васил Стерјовски, кој денеска беше на Семакедонската средба во Штип, организирана од Здружението „Мирка Гинова“-Штип. Стерјовски рече дека неколкупати и официјално реагирале до премиерот Еди Рама и Владата на Албанија.

-Укажавме на сите притисоци кои се прават од страна на Бугарија и тоа што Албанија фктички даде слободен простор  да го спроведе Бугарија, а не Албанија. Ние реагиравме на сето ова. Запознаена е албанската влада во текот на самиот процес, затоа што работите ги следевме секој ден на терен. Притисок, закана, мешање од самите структури на албанската држава, било тоа да се Бугарската амбасада во Албанија, но и други структури што работат за Албанија, за да ги натерат Македонците да се попишат Бугари, вели Стерјовски.

Посочува дека сите регистрирани неправилности ги имаат доставено до Владата на Албанија и до сите странски амбасади во земјата. Но, според него, Владата на Албанија до овој момент нема преземено никакви мерки на укажувањето дека Бугарија преку Пописот во деловите каде живеат Македонци во Албанија директно се има замешано во внатрешните работи и на самиот процес на Попис на население во оваа земја, како и дека нема одговорено на барањата на Македонците во Албанија.

-Бугарите на дневна основа знаеја кој како се попишува во нашите региони, така што ние на крајот на самиот процес, официјално како политичка партија на Македонците во Албанија „Македонска алијанса за Европска интеграција“ ќе излеземе со официјален извештај и ќе ги објавиме јавно, вели Стерјовски.

Тој истакна дека Пописот во Мала Преспа траел шест недели, но како што вели, реално, на терен се попишувало вкупно три недели.

-Во последните три недели од официјалниот Попис не се попишуваа жителите, кои физички живеат таму, кај нас проблем е тоа што сме пограничен регион со Македонија и Грција и повеќето од луѓето својата егзистенција ја обезбедуваат со сезонска работа било во Грција, било во Македонија. На граница ако одите секој ден 400 до 500 лица влегуваат дневно во Македонија во овој период, бидејќи е бербата на јаболка во Ресен и многу од овие жители не се попишани. Значи доаѓаат жалби од самите жители дека попишувачите не ги попишуваат. Ние официјално уште тогаш имаме реагирано, од кога се случи овој проблем. Од Тирана бараа да се попишаат, но проблем се случуваше што пописните комисии, попишувачите не ги попишуваа и тука се сомневаме дека е директно влијание на Бугарија, за да излезе што помал број вкупно население во Мала Преспа, но и на Македонци, вели Стерјовски.

Тој посочи дека како партија имаат повеќе барања, а Владата на Албанија ветила дека ќе се продолжи рокот на попишување на населението во Мала Преспа, но се уште немаат добиено ништо официјално. Се сомневаат дека можеби станува збор и за стратегија на Албанија со којашто би се укинала општината, со образложение дека нема доволно жители и дополнително е и, како што вели, играта на Бугарија.

-Дали е и плус игра на Бугарија да има што помалку Македонци да се декларираат, бидејќи кај нас, посебно во Мала Преспа, Бугарија по сите притисоци што ги правеше не можеше да извади Бугари и тоа им беше голем проблем. Затоа единствен начин е да влијаеше до нивните структури во албанската држава со попишувачите и Заводот за статистика на Албанија, вели Стерјовски.

Прашан каков бил притисокот на Бугарија при Пописот во Албанија, Стерјовски со одговор дека тие и пред самиот Попис реагирале и сметале дека притисок се прави на населението кое има аплицирано за бугарски пасоши, со цел да работи во земјите од ЕУ.

-Со самиот процес на Пописот Бугарскиот амбасадор почна да доаѓа во нашите региони, било во делот на Гора, Голо Брдо, на Преспа да ги убедува луѓето да се пишат Бугари. Сите што имаат аплицирано за бугарски пасоши им се јавуваа од бугарска Амбасада дека мора да се пишат Бугари во спротивно нема да земат бугарски пасош, а тие бугарски пасоши не се бесплатни, тоа се неколку илјади евра за едно семејство за таков пасош. Постоеше реално тој притисок, вели Серјовски.

Тој додаде дека сите овие притисоци и закани ги имаат објавено и официјално, а на самиот старт на Пописот од Владата на Албанија побарано е да се забрани доаѓањето на бугарскиот амбасадор во регионите каде што живеат Македонците, бидејќи се прекршува и Виенската конвенција, како се однесува еден дипломат, кој се меша во внатрешните работи и врши директен притисок на Пописот во Албанија. Стерјовски истакна дека на Пописот секој граѓанин треба слободно да се изјасни како се чувствува. Тој додаде дека последната недела албанските медиуми информираат за загриженоста и барањата на Македонците во Албанија.

На денешната Семакедонската средба во Штип, присуствуваше и Кирил Иванов од ОМО Илинден, кој најави дека ќе отвори македонски клуб, како што рече, во неговата гаража, а посочи дека го чекаат исходот од тужбите во Судот за човекови права во Стразбур. Иванов забележува дека, како што вели, Бугарија не признава Македонци во нивната држава и оти по исходот на овие тужби ништо не се менува, туку само ги плаќа казните.

Трајче Димков од Здружението „Мирка Гинова“-Штип вели дека ова е традиционална средба, со цел да им се даде поддршка на сите Македонци кои живеат надвор од земјава.

Во рамките на средбата имаше и изложба на документи и сведоштва на Македонците кои живеат во Албанија, но и за постоењето на македонската нација. Користени се архиви и документи од САД, Аргентина, Австралија, Франција и од Италија.

The post Стерјовски: Албанија ѝ дозволи на Бугарија да го спроведува Пописот ви местата каде што живеат Македонци appeared first on Република.

]]>

Партијата на Македонците во Албанија бара да се продолжи Пописот на населението во Албанија во Мала Преспа, односно во деловите каде што живее македонско население. Пописот во Албанија завршува на 15 ноември, а во Мала Преспа заврши пред две недели, вели Васил Стерјовски, кој денеска беше на Семакедонската средба во Штип, организирана од Здружението „Мирка Гинова“-Штип. Стерјовски рече дека неколкупати и официјално реагирале до премиерот Еди Рама и Владата на Албанија.
-Укажавме на сите притисоци кои се прават од страна на Бугарија и тоа што Албанија фктички даде слободен простор  да го спроведе Бугарија, а не Албанија. Ние реагиравме на сето ова. Запознаена е албанската влада во текот на самиот процес, затоа што работите ги следевме секој ден на терен. Притисок, закана, мешање од самите структури на албанската држава, било тоа да се Бугарската амбасада во Албанија, но и други структури што работат за Албанија, за да ги натерат Македонците да се попишат Бугари, вели Стерјовски.
Посочува дека сите регистрирани неправилности ги имаат доставено до Владата на Албанија и до сите странски амбасади во земјата. Но, според него, Владата на Албанија до овој момент нема преземено никакви мерки на укажувањето дека Бугарија преку Пописот во деловите каде живеат Македонци во Албанија директно се има замешано во внатрешните работи и на самиот процес на Попис на население во оваа земја, како и дека нема одговорено на барањата на Македонците во Албанија.
-Бугарите на дневна основа знаеја кој како се попишува во нашите региони, така што ние на крајот на самиот процес, официјално како политичка партија на Македонците во Албанија „Македонска алијанса за Европска интеграција“ ќе излеземе со официјален извештај и ќе ги објавиме јавно, вели Стерјовски.
Тој истакна дека Пописот во Мала Преспа траел шест недели, но како што вели, реално, на терен се попишувало вкупно три недели.
-Во последните три недели од официјалниот Попис не се попишуваа жителите, кои физички живеат таму, кај нас проблем е тоа што сме пограничен регион со Македонија и Грција и повеќето од луѓето својата егзистенција ја обезбедуваат со сезонска работа било во Грција, било во Македонија. На граница ако одите секој ден 400 до 500 лица влегуваат дневно во Македонија во овој период, бидејќи е бербата на јаболка во Ресен и многу од овие жители не се попишани. Значи доаѓаат жалби од самите жители дека попишувачите не ги попишуваат. Ние официјално уште тогаш имаме реагирано, од кога се случи овој проблем. Од Тирана бараа да се попишаат, но проблем се случуваше што пописните комисии, попишувачите не ги попишуваа и тука се сомневаме дека е директно влијание на Бугарија, за да излезе што помал број вкупно население во Мала Преспа, но и на Македонци, вели Стерјовски.
Тој посочи дека како партија имаат повеќе барања, а Владата на Албанија ветила дека ќе се продолжи рокот на попишување на населението во Мала Преспа, но се уште немаат добиено ништо официјално. Се сомневаат дека можеби станува збор и за стратегија на Албанија со којашто би се укинала општината, со образложение дека нема доволно жители и дополнително е и, како што вели, играта на Бугарија. -Дали е и плус игра на Бугарија да има што помалку Македонци да се декларираат, бидејќи кај нас, посебно во Мала Преспа, Бугарија по сите притисоци што ги правеше не можеше да извади Бугари и тоа им беше голем проблем. Затоа единствен начин е да влијаеше до нивните структури во албанската држава со попишувачите и Заводот за статистика на Албанија, вели Стерјовски. Прашан каков бил притисокот на Бугарија при Пописот во Албанија, Стерјовски со одговор дека тие и пред самиот Попис реагирале и сметале дека притисок се прави на населението кое има аплицирано за бугарски пасоши, со цел да работи во земјите од ЕУ.
-Со самиот процес на Пописот Бугарскиот амбасадор почна да доаѓа во нашите региони, било во делот на Гора, Голо Брдо, на Преспа да ги убедува луѓето да се пишат Бугари. Сите што имаат аплицирано за бугарски пасоши им се јавуваа од бугарска Амбасада дека мора да се пишат Бугари во спротивно нема да земат бугарски пасош, а тие бугарски пасоши не се бесплатни, тоа се неколку илјади евра за едно семејство за таков пасош. Постоеше реално тој притисок, вели Серјовски.
Тој додаде дека сите овие притисоци и закани ги имаат објавено и официјално, а на самиот старт на Пописот од Владата на Албанија побарано е да се забрани доаѓањето на бугарскиот амбасадор во регионите каде што живеат Македонците, бидејќи се прекршува и Виенската конвенција, како се однесува еден дипломат, кој се меша во внатрешните работи и врши директен притисок на Пописот во Албанија. Стерјовски истакна дека на Пописот секој граѓанин треба слободно да се изјасни како се чувствува. Тој додаде дека последната недела албанските медиуми информираат за загриженоста и барањата на Македонците во Албанија. На денешната Семакедонската средба во Штип, присуствуваше и Кирил Иванов од ОМО Илинден, кој најави дека ќе отвори македонски клуб, како што рече, во неговата гаража, а посочи дека го чекаат исходот од тужбите во Судот за човекови права во Стразбур. Иванов забележува дека, како што вели, Бугарија не признава Македонци во нивната држава и оти по исходот на овие тужби ништо не се менува, туку само ги плаќа казните. Трајче Димков од Здружението „Мирка Гинова“-Штип вели дека ова е традиционална средба, со цел да им се даде поддршка на сите Македонци кои живеат надвор од земјава. Во рамките на средбата имаше и изложба на документи и сведоштва на Македонците кои живеат во Албанија, но и за постоењето на македонската нација. Користени се архиви и документи од САД, Аргентина, Австралија, Франција и од Италија.

The post Стерјовски: Албанија ѝ дозволи на Бугарија да го спроведува Пописот ви местата каде што живеат Македонци appeared first on Република.

]]>
Стерјовски, Македонец од Албанија: Секоја генерација има своја битка, oваа е нашата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-makedonets-od-albanija-sekoja-generatsija-ima-svoja-bitka-ovaa-e-nashata/ Sun, 15 Oct 2023 14:58:00 +0000 https://republika.mk/?p=691428

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ во објава под наслов „Секоја генерација има своја битка" порачува дека Македонците во Албанија уште еднаш ќе му покажат на светот дека не се дефинирани со нивните предизвици, туку со нивната сила и нераскинливата врска што ги поврзува со нивното наследство.

- Секоја генерација има своја битка. Тоа е фраза која одекнува низ вековите, потсетувајќи нè дека предизвиците со кои се соочуваме се единствени за нашето време, а сепак, сведоштво за трајниот човечки дух. Дури и во 21 век, време обележано со невиден напредок и поврзаност, се наоѓаме во позната борба, борба која бара повторно да го потврдиме нашиот македонски идентитет и да ја потврдиме нашата слобода во обликувањето на нашата судбина, наведува Стерјовски.

Оценува дека „историјата на Македонците во Албанија е историја на адаптација, опстанок и решителност".

-Денес, додека се соочуваат со уште едно поглавје во своето патување, тие се повикани уште еднаш да се докажат себе си.  Предизвиците можеби се различни, но духот што ги води останува ист. Тоа е дух роден од генерации кои директно се соочиле со неволји, зачувувајќи го својот уникатен македонски идентитет додека се усогласуваат со светот околу нив, пишува тој.

Нагласува дека додека се соочуваат со сегашните околности „Македонците во Албанија црпат сила од своето минато".

Посочува дека  нивната историја е доказ за нескротливата човечка волја да се надмине, да се приспособи и да напредува.

- Оваа најнова битка нема да ги дефинира, тоа ќе биде уште едно поглавје во нивната трајна историја. Зашто, како што секоја генерација има своја битка, така и секоја генерација остава зад себе наследство на издржливост, единство и непопустлива решеност да се застане гордо и храбро, без оглед на предизвиците што може да се појават, констатира Стерјовски.

Тој објавува и видеозапис од емисии емитувани на албанските телевизии, еuronews.al ( првиот дел) , А2 од гостувањето на Ефтим Митревски и  неговиот настап на NTV, во кои се обработува темата за Македонците и прашањето постојат ли Бугари во Албанија

The post Стерјовски, Македонец од Албанија: Секоја генерација има своја битка, oваа е нашата appeared first on Република.

]]>

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ во објава под наслов „Секоја генерација има своја битка" порачува дека Македонците во Албанија уште еднаш ќе му покажат на светот дека не се дефинирани со нивните предизвици, туку со нивната сила и нераскинливата врска што ги поврзува со нивното наследство.
- Секоја генерација има своја битка. Тоа е фраза која одекнува низ вековите, потсетувајќи нè дека предизвиците со кои се соочуваме се единствени за нашето време, а сепак, сведоштво за трајниот човечки дух. Дури и во 21 век, време обележано со невиден напредок и поврзаност, се наоѓаме во позната борба, борба која бара повторно да го потврдиме нашиот македонски идентитет и да ја потврдиме нашата слобода во обликувањето на нашата судбина, наведува Стерјовски.
Оценува дека „историјата на Македонците во Албанија е историја на адаптација, опстанок и решителност". -Денес, додека се соочуваат со уште едно поглавје во своето патување, тие се повикани уште еднаш да се докажат себе си.  Предизвиците можеби се различни, но духот што ги води останува ист. Тоа е дух роден од генерации кои директно се соочиле со неволји, зачувувајќи го својот уникатен македонски идентитет додека се усогласуваат со светот околу нив, пишува тој. Нагласува дека додека се соочуваат со сегашните околности „Македонците во Албанија црпат сила од своето минато". Посочува дека  нивната историја е доказ за нескротливата човечка волја да се надмине, да се приспособи и да напредува.
- Оваа најнова битка нема да ги дефинира, тоа ќе биде уште едно поглавје во нивната трајна историја. Зашто, како што секоја генерација има своја битка, така и секоја генерација остава зад себе наследство на издржливост, единство и непопустлива решеност да се застане гордо и храбро, без оглед на предизвиците што може да се појават, констатира Стерјовски.
Тој објавува и видеозапис од емисии емитувани на албанските телевизии, еuronews.al ( првиот дел) , А2 од гостувањето на Ефтим Митревски и  неговиот настап на NTV, во кои се обработува темата за Македонците и прашањето постојат ли Бугари во Албанија

The post Стерјовски, Македонец од Албанија: Секоја генерација има своја битка, oваа е нашата appeared first on Република.

]]>
Kaко Бугарите го бомбардирале манастирот Св.Наум https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-bugarite-go-bombarirale-manastirot-sv-naum/ Thu, 24 Aug 2023 11:37:01 +0000 https://republika.mk/?p=675380

Македонскиот активист во Албанија Васил Стерјовски објави текст во кој пишува како Бугарите во 1918 година го бомбардираат познатото македонско светилиште, манастирот Свети Наум Охридски.

Бомбардирањето имаше катастрофални последици за манастирскиот комплекс, а манастирската црква го сноси најголемиот дел од уништувањето предизвикано од бугарскиот напад. Самото срце на светилиштето, црквата, претрпе непоправлива штета. Сепак, среде пустошот и хаосот, чудотворната моќ што му се припишува на Свети Наум Охридски како да ѝ пркоси на деструктивната намера на бугарското бомбардирање. Божествената интервенција на светителот го спречила целосното уништување на манастирот, дејствувајќи како штит против пламенот што сакал да ги проголта неговите свети ѕидини-пишува Стерјовски.

The post Kaко Бугарите го бомбардирале манастирот Св.Наум appeared first on Република.

Стерјовски: Kомитетот за националните малцинства на Албанија е подложен на политичко мешање https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-komitetot-za-natsionalnite-maltsinstva-na-albanija-e-podlozhen-na-politichko-meshane/ Thu, 08 Jun 2023 20:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=649385

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски учествуваше на консултативна средба организирана од Kомитетот за националните малцинства во Тирана со претставниците на малцинствата во земјата.

Тема на средбата беше Нацртот на Стратешкиот план за работа на Комитетот за периодот од 2023 до 2026 година.

Во неговото излагање, во име на македонската заедница во Албанија, меѓу другото, потсети дека Комитетот за националните малцинства е формиран во 2004 година, од страна на албанската Влада како централна институција зависна од Владата, со задача да ја подобри заштитата на малцинствата во земјата.

Но, како што е утврдено во многу извештаи на меѓународни институции, кои се занимаваат со правата на малцинствата, оваа институција е подложна на политичко мешање, што резултира со нејзина целосна контрола од извршната власт и нејзина трансформација од тело за заштита на малцинствата, во тело штетно на дијалогот меѓу Владата и малцинствата - рече тој.

Затоа, посочи, Комитетот за националните малцинства треба да биде независен и активен глас на малцинствата, со способност да учествува во дијалогот со Владата за заштита и подобрување на правата на малцинствата во Албанија и да биде присутен во медиумите.

The post Стерјовски: Kомитетот за националните малцинства на Албанија е подложен на политичко мешање appeared first on Република.

]]>

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски учествуваше на консултативна средба организирана од Kомитетот за националните малцинства во Тирана со претставниците на малцинствата во земјата. Тема на средбата беше Нацртот на Стратешкиот план за работа на Комитетот за периодот од 2023 до 2026 година. Во неговото излагање, во име на македонската заедница во Албанија, меѓу другото, потсети дека Комитетот за националните малцинства е формиран во 2004 година, од страна на албанската Влада како централна институција зависна од Владата, со задача да ја подобри заштитата на малцинствата во земјата.
Но, како што е утврдено во многу извештаи на меѓународни институции, кои се занимаваат со правата на малцинствата, оваа институција е подложна на политичко мешање, што резултира со нејзина целосна контрола од извршната власт и нејзина трансформација од тело за заштита на малцинствата, во тело штетно на дијалогот меѓу Владата и малцинствата - рече тој.
Затоа, посочи, Комитетот за националните малцинства треба да биде независен и активен глас на малцинствата, со способност да учествува во дијалогот со Владата за заштита и подобрување на правата на малцинствата во Албанија и да биде присутен во медиумите.

The post Стерјовски: Kомитетот за националните малцинства на Албанија е подложен на политичко мешање appeared first on Република.

]]>
Во Преспа се појавиле Јеховини сведоци, но во лицето на бугарските пропагатори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-prespa-se-pojavile-jehovini-svedotsi-no-vo-litseto-na-bugarskite-propagatori/ Sat, 03 Jun 2023 14:20:37 +0000 https://republika.mk/?p=647429

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса зa европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, предупредува на нов бугарски поход за асимилација на Македонците во Мала Преспа.

Македонците од Албанија, вели тој, низ историјата поминале низ многу премрежија, но опстанале.

Пред 20 години во Преспа имавме наезда на сектата Јеховини сведоци, кои сакајќи да ја искористат економската ситуација, не избираа средства да ја сменат верата на Македонците. Ни доаѓаа по домовите, не застануваа на улица, нудејќи пари, храна, книги, организираа летни кампови за младите, но не успеаја во својата намера затоа што Македонците не ги прифатија, тврди Стерјовски.

Додава дека повторно во Преспа се „појавиле Јеховините сведоци, но овој пат во лицето на бугарските пропагатори".

Тие на сличен начин како Јеховините сведоци сакајќи да ја искористат економската ситуација, бараат да ни ја сменат македонската националност. Македонците во Мала Преспа но и во цела Албанија каде што живеат ќе ја издржат и оваа бугарска пропаганда која врз Македонците трае повеќе од век и половина, категоричен е тој.

Потсетува дека македонскиот револуционер Петар Поп Арсов уште во 1894 година за бугарската пропаганда во Македонија, која се одвивала преку бугарската црква напишал: “Егзархијата дава пари и купува ветер зашто народноста со пари не се купува - тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува”.

И на неканетите бугарски новинари во село Глобочани, општина Пустец им порачавме дека ние сме Македонци, рече Стерјовски.

Тој е еден од најголемите поборници за правата на Македонците, беше прв пратеник во албанскиот парламент кој јавно кажа дека е Македонец и кој за првпат во парламентот имаше кусо но историско обраќање на македонски јазик.

The post Во Преспа се појавиле Јеховини сведоци, но во лицето на бугарските пропагатори appeared first on Република.

]]>

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса зa европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, предупредува на нов бугарски поход за асимилација на Македонците во Мала Преспа. Македонците од Албанија, вели тој, низ историјата поминале низ многу премрежија, но опстанале.
Пред 20 години во Преспа имавме наезда на сектата Јеховини сведоци, кои сакајќи да ја искористат економската ситуација, не избираа средства да ја сменат верата на Македонците. Ни доаѓаа по домовите, не застануваа на улица, нудејќи пари, храна, книги, организираа летни кампови за младите, но не успеаја во својата намера затоа што Македонците не ги прифатија, тврди Стерјовски.
Додава дека повторно во Преспа се „појавиле Јеховините сведоци, но овој пат во лицето на бугарските пропагатори".
Тие на сличен начин како Јеховините сведоци сакајќи да ја искористат економската ситуација, бараат да ни ја сменат македонската националност. Македонците во Мала Преспа но и во цела Албанија каде што живеат ќе ја издржат и оваа бугарска пропаганда која врз Македонците трае повеќе од век и половина, категоричен е тој.
Потсетува дека македонскиот револуционер Петар Поп Арсов уште во 1894 година за бугарската пропаганда во Македонија, која се одвивала преку бугарската црква напишал: “Егзархијата дава пари и купува ветер зашто народноста со пари не се купува - тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува”.
И на неканетите бугарски новинари во село Глобочани, општина Пустец им порачавме дека ние сме Македонци, рече Стерјовски.
Тој е еден од најголемите поборници за правата на Македонците, беше прв пратеник во албанскиот парламент кој јавно кажа дека е Македонец и кој за првпат во парламентот имаше кусо но историско обраќање на македонски јазик.  

The post Во Преспа се појавиле Јеховини сведоци, но во лицето на бугарските пропагатори appeared first on Република.

]]>
Стерјовски ги повика Македонците од Албанија масовно да излезат на гласање https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-gi-povika-makedontsite-od-albanija-masovno-da-izlezat-na-glasane/ Wed, 19 Apr 2023 15:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=632176

Во рамки на определениот термин за претставување на политичките партии кои учествуваат на локалните избори, што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, попладнево се претстави единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, преку лидерот Васил Стерјовски.

Тој кажа дека на претстојните локални избори МАЕИ настапува во коалиција со Социјалистичка партија, на премиерот Еди Рама и оти според договорот меѓу двете партии, Македонска алијанса за европска интеграција ќе ги подржи кандидатите за градоначалници на Социјалистичка партија.

Членови на МАЕИ се на кандидатските листи за советници на Социјалистичка партија во повеќе општини во Албанија каде што живеат Македонци, додека во општина Пустец која е населена со 100 отсто македонско население, македонската партија ќе настапи со своја советничка листа под реден број 29.

Нашите кандидати на листите на Социјалистичка партија и советничката листа на Македонска алијанса за европска интеграција во Општина Пустец, оценува тој, се лица со интегритет, почитувани во општеството и ќе бидат најсилните гласови за заштита на правата на Македонците во Албанија. МАЕИ е политичка партија на сите Македонци кои живеат на целата територија на Албанија, без разлика на вера, подрачје, култура, економија и социјален состав. Основна цел на ова партија е зачувување на правата, социјалните, политичките и етно културните интереси на сите државјани на Албанија кои по националност се Македонци, кои се идентификуваат преку мајчиниот македонски јазик, преку обичаите и традициите наследени и зачувани со векови, вели Стерјовски.

Додава дека тамошните Македонци се лојални државјани на Република Албанија, но „остануваат горди и достојни Македонци, мајчин јазик им е македонскиот јазик, ја сакаат и државата Македонија, бидејќи се нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ“.

Македонска алијанса за европска интеграција е партија од центарот и нејзина главна цел е заштита на македонскиот идентитет, култура, јазик и традиции во Република Албанија. Ниту една друга партија во Република Албанија во својот статут или програма нема ниту една точка за заштита на македонската заедница во Албанија. Македонска алијанса за европска интеграција од самото нејзино формирање во 2005 година е единствениот глас на Македонците и се бори за интеграција во албанското општеството и унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија, посочува Стерјоски.

Тој нагласува дека во периодот кој измина, биле исправени пред многу искушенија и предизвици, некогаш заради нивни слабости, некогаш поради притисоци и подметнувања со кои биле соочени и се уште се соочуваат, но никогаш не отстапиле да се борат за правата и слободите на Македонците, во Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник и во цела Албанија.

Успеавме да го одржиме курсот на македонската партија во согласност со барањата и потребите на Македонците во Република Албанија, а резултатите се видливи и бројни, и додава, дека „се разбира, секогаш може и повеќе и подобро. Од права и слободи никогаш доста.

Почитувани Македонци и Македонки во Општина Пустец. Со новата територијална реформа на локалната самоуправа од 2015 година, општина Пустец остана единствена општина населена со 100 отсто Македонци, признати од Република Албанија.

Како партија во општина Пустец ќе настапи со своја советничка листа. Кандидатите за советници на нашата листа се избрани да бидат пред се чесни луѓе и со интегритет, кои доследно ќе ја следат нашата политика за заштита на македонскиот идентитет во Општина Пустец. Тие ќе работат во интерес на Македонците и ќе бидат нивниот глас во Советот на општината, вети Стерјовски.

Според него, локалната самоуправа во Пустец, врз основа на важечката законска регулатива, има надлежности за зачувување и унапредување на македонскиот идентитет, јазик, култура, фолклор и традиции.

Стерјовски вети дека советниците на Македонска алијанса за европска интеграција таму ќе „бидат бранители на интересите на Македонците. Ќе се спротивстават на неправедните одлуки, и ќе го поддржат секој проект кој им служи на интересите на Македонците. Тие ќе бидат промотори на прашањата за заштита на правата на македонската заедница, економскиот развој, развој на туризмот, промоција на подрачјето, управување со отпадот итн“.

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, од исклучителна важност е, на овие избори Македонците во општина Пустец да излезат масовно и да гласаат за редниот број 29 за кандидатската листа за членови на Советот на општината Пустец од Македонската алијанса и заедно да продолжиме за доброто на Македонците. Со вашиот глас, ние ќе можеме да продолжиме да се бориме за заштита на македонскиот идентитет и за развој на општината. Има многу нешта за кои треба да се избориме, има многу работа сето тоа да го оствариме, порачува лидерот на МАЕИ, Васил Стерјовски во изборното претставување на албанската државна телевизија.

The post Стерјовски ги повика Македонците од Албанија масовно да излезат на гласање appeared first on Република.

]]>

Во рамки на определениот термин за претставување на политичките партии кои учествуваат на локалните избори, што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, попладнево се претстави единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, преку лидерот Васил Стерјовски. Тој кажа дека на претстојните локални избори МАЕИ настапува во коалиција со Социјалистичка партија, на премиерот Еди Рама и оти според договорот меѓу двете партии, Македонска алијанса за европска интеграција ќе ги подржи кандидатите за градоначалници на Социјалистичка партија. Членови на МАЕИ се на кандидатските листи за советници на Социјалистичка партија во повеќе општини во Албанија каде што живеат Македонци, додека во општина Пустец која е населена со 100 отсто македонско население, македонската партија ќе настапи со своја советничка листа под реден број 29.
Нашите кандидати на листите на Социјалистичка партија и советничката листа на Македонска алијанса за европска интеграција во Општина Пустец, оценува тој, се лица со интегритет, почитувани во општеството и ќе бидат најсилните гласови за заштита на правата на Македонците во Албанија. МАЕИ е политичка партија на сите Македонци кои живеат на целата територија на Албанија, без разлика на вера, подрачје, култура, економија и социјален состав. Основна цел на ова партија е зачувување на правата, социјалните, политичките и етно културните интереси на сите државјани на Албанија кои по националност се Македонци, кои се идентификуваат преку мајчиниот македонски јазик, преку обичаите и традициите наследени и зачувани со векови, вели Стерјовски.
Додава дека тамошните Македонци се лојални државјани на Република Албанија, но „остануваат горди и достојни Македонци, мајчин јазик им е македонскиот јазик, ја сакаат и државата Македонија, бидејќи се нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ“.
Македонска алијанса за европска интеграција е партија од центарот и нејзина главна цел е заштита на македонскиот идентитет, култура, јазик и традиции во Република Албанија. Ниту една друга партија во Република Албанија во својот статут или програма нема ниту една точка за заштита на македонската заедница во Албанија. Македонска алијанса за европска интеграција од самото нејзино формирање во 2005 година е единствениот глас на Македонците и се бори за интеграција во албанското општеството и унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија, посочува Стерјоски.
Тој нагласува дека во периодот кој измина, биле исправени пред многу искушенија и предизвици, некогаш заради нивни слабости, некогаш поради притисоци и подметнувања со кои биле соочени и се уште се соочуваат, но никогаш не отстапиле да се борат за правата и слободите на Македонците, во Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник и во цела Албанија.
Успеавме да го одржиме курсот на македонската партија во согласност со барањата и потребите на Македонците во Република Албанија, а резултатите се видливи и бројни, и додава, дека „се разбира, секогаш може и повеќе и подобро. Од права и слободи никогаш доста.   Почитувани Македонци и Македонки во Општина Пустец. Со новата територијална реформа на локалната самоуправа од 2015 година, општина Пустец остана единствена општина населена со 100 отсто Македонци, признати од Република Албанија.   Како партија во општина Пустец ќе настапи со своја советничка листа. Кандидатите за советници на нашата листа се избрани да бидат пред се чесни луѓе и со интегритет, кои доследно ќе ја следат нашата политика за заштита на македонскиот идентитет во Општина Пустец. Тие ќе работат во интерес на Македонците и ќе бидат нивниот глас во Советот на општината, вети Стерјовски.
Според него, локалната самоуправа во Пустец, врз основа на важечката законска регулатива, има надлежности за зачувување и унапредување на македонскиот идентитет, јазик, култура, фолклор и традиции. Стерјовски вети дека советниците на Македонска алијанса за европска интеграција таму ќе „бидат бранители на интересите на Македонците. Ќе се спротивстават на неправедните одлуки, и ќе го поддржат секој проект кој им служи на интересите на Македонците. Тие ќе бидат промотори на прашањата за заштита на правата на македонската заедница, економскиот развој, развој на туризмот, промоција на подрачјето, управување со отпадот итн“.
Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, од исклучителна важност е, на овие избори Македонците во општина Пустец да излезат масовно и да гласаат за редниот број 29 за кандидатската листа за членови на Советот на општината Пустец од Македонската алијанса и заедно да продолжиме за доброто на Македонците. Со вашиот глас, ние ќе можеме да продолжиме да се бориме за заштита на македонскиот идентитет и за развој на општината. Има многу нешта за кои треба да се избориме, има многу работа сето тоа да го оствариме, порачува лидерот на МАЕИ, Васил Стерјовски во изборното претставување на албанската државна телевизија.

The post Стерјовски ги повика Македонците од Албанија масовно да излезат на гласање appeared first on Република.

]]>
Стерјовски: Во Албанија нема бугарско малцинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sterjovski-vo-albanija-nema-bugarsko-malcinstvo/ Mon, 22 Aug 2022 11:18:35 +0000 https://republika.mk/?p=542819

Во интервју за албанската телевизија „Еуроњуз Албанија”, лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски изјави дека Бугарија ја смета за бугарска, не само македонската заедница во Албанија, туку и во балканските земји и тоа е поврзано со политиката на Софија кон Скопје.

Во Албанија нема бугарско малцинство. Сета оваа е поврзано со политиката и односот на бугарската држава, што таа го има воопшто со македонската нација и со Македонија, но и секаде каде што има македонско малцинство во другите балкански земји, Бугарија тврди дека тие се Бугари. Бугарија ја прошири својата пропаганда и во областите каде што живее македонското малцинство во Албанија, во областа Гора, Преспа и Голо Брдо - вели Стерјовски.

Додава дека, искористувајќи го членството во Европската Унија, Бугарија, заканувајќи се со вето извршила притисок врз Албанија да признае непостоечко малцинство.

Искористувајќи го членството во Европската Унија, Бугарија, изврши притисок врз Албанија и така беше признато во 2017 година непостоечко бугарско малцинство, кога не се исполнуваше ниту еден критериум за признаено на вакво малцинство затоа што од сите пописи направени во Албанија од создавањето на албанската држава до денес нема ниту едно лице кое се изјаснило за Бугарин. Исто така, во сите извештаи што Албанија ги прави за меѓународните организации кои ги следат правата на малцинствата, во ниту еден од овие извештаи не стои дека албанската држава изјавила дека има бугарско малцинство. Токму под притисокот на Бугарија во 2017 година и заканата со вето на членството на Албанија во ЕУ беше признаено непостоечко бугарско малцинство - посочува тој.

Оценува дека македонското малцинство се чувствува загрозено а однесувањето на Бугарија „внатрешно мешање во работите на Албанија, од каде пак нема никаква реакција”.

Македонското малцинство се чувствува загрозено. За жал, немаме одговор од албанската држава за сета оваа бугарска пропаганда што се одвива во областите каде што живее македонското малцинство. За нас, активноста на Бугарија, која со методите на 19 век се обидува да го асимилира македонското малцинство во Албанија е мешање во внатрешните работи на Албанија. Како пратеник во Парламентот на Албанија, многупати сум ја искажал оваа загриженост, особено работата на бугарската амбасада и сите активности што ги спроведува за асимилација на македонското малцинство во Албанија. Побарав реакција од албанските институции, но, за жал, за Албанија приоритет беше отворањето на преговорите за членство во ЕУ и да нема проблеми со Бугарија и ја остави слободно да се шири оваа бугарска пропаганда и за жал, имаме грубо мешање во внатрешните работи на Албанија за асимилација на македонското малцинство - посочува Стерјовски.

Побарав, нагласува, реакција од албанските институции, но, такво нешто нема.

Но, за жал, за Албанија приоритет беше отворањето на преговорите за членство во ЕУ и да нема проблеми со Бугарија остави слободно да се шири оваа бугарска пропаганда. За жал, имаме грубо мешање во внатрешните работи на Албанија за асимилација на македонското малцинство - изјави Стерјовски за „Еуроњуз Албанија”, најавен како поранешен пратеник и лидер на МАЕИ.

The post Стерјовски: Во Албанија нема бугарско малцинство appeared first on Република.

Стерјовски на „Топ чанел“: „Голем е притисокот за бугаризација на Македонците во Албанија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-na-top-chanel-golem-e-pritisokot-za-bugarizacija-na-makedoncite-vo-albanija/ Sun, 21 Aug 2022 15:14:08 +0000 https://republika.mk/?p=542602

Пратеникот и лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски за албанската телевизија „Топ чанел" изјави дека во 2017 година, под притисок на Бугарија, албанското Собрание признало непостоечко бугарско малцинство надвор од критериумите и дека притисокот за асимилација на Македонците во Албанија е голем. Телевизијата ги пренесува и ставовите на Рази Рама претседател на друштвото „Голобордо" кое се претставува дека ги застапува Бугарите во Албанија.

Спорот меѓу Македонија и Бугарија се пренесува и во Албанија. Битката е за етничката припадност на малцинството што живее во областите Голобордо и Гора и барањето за нови општини во двете области, пренесува „Топ чанел" во прилог под наслов: Бугарско-македонска „војна“

Очекуваме на македонското малцинство да му се додадат уште две општини покрај општина Пустец, која сакаме да го смениме името во општина Преспа. Бараме општина Гора во округот Кукс и општина Голобордо во округот Пешкопеја, бидејќи сметаме дека реформата од 2014 година во овие области пропадна зашто македонската заедница немаше никаква застапеност - вели Стерјовски кој е и претседател на македонското друштво „Сонце“.

Слично барање, додава телевизијата, имаат и претставниците на бугарското малцинство, чие друштво „Голобордо" испратило барање до Комисијата за територијална реформа.

Идентитетот на културната и традиционалната заедница од областа Голобордо е некомпатибилен со другите области од општините Булќиза и Либражд. Во оваа смисла бараме областа Голобордо со трите административни единици Острени, Стеблево и Требиште да биде посебна општина со името општина Голобордо, изјави Рама.

Стерјоски потсетува:

Во 2017 година, Собранието, под притисок на Бугарија, која се закани со вето на процесот за членство на Албанија во ЕУ, призна непостоечко бугарско малцинство надвор од критериумите. Притисокот на Бугарија за асимилација на македонската заедница е голем, особено сега кога сме блиску до пописот во октомври, изјавил Стерјовски.

Со територијата поделба усвоена во 2014 година Пустец е единствена македонска општина во Албанија, додека поранешните општини во Гора се припоени кон округот Кукс додека оние од Голо Брдо (Острени и Требиште) кон Булќиза и Стеблево кон Либражд.

The post Стерјовски на „Топ чанел“: „Голем е притисокот за бугаризација на Македонците во Албанија“ appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски за албанската телевизија „Топ чанел" изјави дека во 2017 година, под притисок на Бугарија, албанското Собрание признало непостоечко бугарско малцинство надвор од критериумите и дека притисокот за асимилација на Македонците во Албанија е голем. Телевизијата ги пренесува и ставовите на Рази Рама претседател на друштвото „Голобордо" кое се претставува дека ги застапува Бугарите во Албанија. Спорот меѓу Македонија и Бугарија се пренесува и во Албанија. Битката е за етничката припадност на малцинството што живее во областите Голобордо и Гора и барањето за нови општини во двете области, пренесува „Топ чанел" во прилог под наслов: Бугарско-македонска „војна“
Очекуваме на македонското малцинство да му се додадат уште две општини покрај општина Пустец, која сакаме да го смениме името во општина Преспа. Бараме општина Гора во округот Кукс и општина Голобордо во округот Пешкопеја, бидејќи сметаме дека реформата од 2014 година во овие области пропадна зашто македонската заедница немаше никаква застапеност - вели Стерјовски кој е и претседател на македонското друштво „Сонце“.
Слично барање, додава телевизијата, имаат и претставниците на бугарското малцинство, чие друштво „Голобордо" испратило барање до Комисијата за територијална реформа. Идентитетот на културната и традиционалната заедница од областа Голобордо е некомпатибилен со другите области од општините Булќиза и Либражд. Во оваа смисла бараме областа Голобордо со трите административни единици Острени, Стеблево и Требиште да биде посебна општина со името општина Голобордо, изјави Рама. Стерјоски потсетува: Во 2017 година, Собранието, под притисок на Бугарија, која се закани со вето на процесот за членство на Албанија во ЕУ, призна непостоечко бугарско малцинство надвор од критериумите. Притисокот на Бугарија за асимилација на македонската заедница е голем, особено сега кога сме блиску до пописот во октомври, изјавил Стерјовски. Со територијата поделба усвоена во 2014 година Пустец е единствена македонска општина во Албанија, додека поранешните општини во Гора се припоени кон округот Кукс додека оние од Голо Брдо (Острени и Требиште) кон Булќиза и Стеблево кон Либражд.

The post Стерјовски на „Топ чанел“: „Голем е притисокот за бугаризација на Македонците во Албанија“ appeared first on Република.

]]>
Стерјовски: Македонец претседател на Албанија, зошто да не кога во Црна Гора избраа Албанец за премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-makedonec-pretsedatel-na-albanija-zoshto-da-ne-koga-vo-crna-gora-izbraa-albanec-za-premier/ Sun, 08 May 2022 07:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=499328

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски за албанската национална телевизија МЦН, на прашањето во врска со предлогот на партијата Македонец да биде кандидат за иден шеф на државата, прави споредба со изборот на Дритан Абазовиќ за премиер на Црна Гора.

Зошто да не. Неодамна го имавме случајот со изборот на премиерот на Црна Гора, црногорски државјанин со албанско потекло кој се бори за својата земја, за демократијата во Црна Гора. Зошто да не се гласа од пратениците на Парламентот на Албанија еден ваков кандидат, проф. д-р Кимет Фетаху - одговори Стерјовски.

Тој додава дека Фетаху е предложен од МАЕИ и смета дека е време на чело на албанската држава да дојде албански државјанин кој и припаѓа на македонската заедница.

Прво, ова беше желба на нашата партија. Најдобрата кандидатура која ќе нè претставува како македонска заедница, но и целата држава, оценивме дека е кандидатурата на господинот Кимет Фетаху. Сметаме дека е дојдено време, зошто да не, на чело на албанската држава да имаме албански државјанин кој и припаѓа на македонската заедница - вели Стерјовски.

Тој одговара и на прашањето дали за овој предлог имало влијание од страна на македонската политика.

Не. Ние како партија сме формирани во Албанија, регистрирани сме во Основниот суд во Тирана. За целата наша активност не бараме одобрение од македонската Влада или македонската политика, затоа што тука дејствуваме - одговора Стерјовски.

Тој е убеден дека Албанија и Македонија не треба да ги разделат интегративните патишта, и додава дека изборот на Македонец за претседател во Албанија ќе биде силен сигнал за ЕУ.

Пред сè, мислам дека вака заедно двете земји имаат повеќе шанси да се движат побрзо кон европскиот пат и мислам дека и со изборот на господинот Кимет Фетаху за претседател на Албанија само ќе и дадеме позитивен сигнал на ЕУ дека на Балканот, без разлика на етничката припадност, секој граѓанин може да биде избран во својата земја на сите функции - оценува Стерјовски.

Проф.д-р Кимет Фетаху е роден 1955 година во селото Требиште, област Голо Брдо. Тој е доктор на науки, универзитетски професор и македонски општественик во Република Албанија. Активен е во организирањето на Македонците во Република Албанија, особено по падот на диктаторскиот режим, во 1990 година. Во 1991 година тој ја формира организацијата на Македонците од Албанија „Братство“, која во 1993 година е преименувана во „Мир“, чиј претседател е сè уште. Исто така е директор на Центарот за етнички истражувања во Тирана.

Пренесувајќи го ставот на партијата, Стерјовски, кој е поранешен пратеник во албанскиот Парламент, посочува дека Фетаху како аполитичен кандидат и лојален државјанин на Република Албанија ги исполнува сите критериуми предвидени во Уставот, како личност со потребното достоинство да биде претседател на Републиката, да биде гарант на Уставот, на правата и слободите на граѓаните, на развојот на демократијата, на правдата за сите, за заштита на уставноста и законитоста, на еднаквоста на сите пред Уставот и законите.

The post Стерјовски: Македонец претседател на Албанија, зошто да не кога во Црна Гора избраа Албанец за премиер appeared first on Република.

]]>

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски за албанската национална телевизија МЦН, на прашањето во врска со предлогот на партијата Македонец да биде кандидат за иден шеф на државата, прави споредба со изборот на Дритан Абазовиќ за премиер на Црна Гора.
Зошто да не. Неодамна го имавме случајот со изборот на премиерот на Црна Гора, црногорски државјанин со албанско потекло кој се бори за својата земја, за демократијата во Црна Гора. Зошто да не се гласа од пратениците на Парламентот на Албанија еден ваков кандидат, проф. д-р Кимет Фетаху - одговори Стерјовски.
Тој додава дека Фетаху е предложен од МАЕИ и смета дека е време на чело на албанската држава да дојде албански државјанин кој и припаѓа на македонската заедница.
Прво, ова беше желба на нашата партија. Најдобрата кандидатура која ќе нè претставува како македонска заедница, но и целата држава, оценивме дека е кандидатурата на господинот Кимет Фетаху. Сметаме дека е дојдено време, зошто да не, на чело на албанската држава да имаме албански државјанин кој и припаѓа на македонската заедница - вели Стерјовски.
Тој одговара и на прашањето дали за овој предлог имало влијание од страна на македонската политика.
Не. Ние како партија сме формирани во Албанија, регистрирани сме во Основниот суд во Тирана. За целата наша активност не бараме одобрение од македонската Влада или македонската политика, затоа што тука дејствуваме - одговора Стерјовски.
Тој е убеден дека Албанија и Македонија не треба да ги разделат интегративните патишта, и додава дека изборот на Македонец за претседател во Албанија ќе биде силен сигнал за ЕУ.
Пред сè, мислам дека вака заедно двете земји имаат повеќе шанси да се движат побрзо кон европскиот пат и мислам дека и со изборот на господинот Кимет Фетаху за претседател на Албанија само ќе и дадеме позитивен сигнал на ЕУ дека на Балканот, без разлика на етничката припадност, секој граѓанин може да биде избран во својата земја на сите функции - оценува Стерјовски.
Проф.д-р Кимет Фетаху е роден 1955 година во селото Требиште, област Голо Брдо. Тој е доктор на науки, универзитетски професор и македонски општественик во Република Албанија. Активен е во организирањето на Македонците во Република Албанија, особено по падот на диктаторскиот режим, во 1990 година. Во 1991 година тој ја формира организацијата на Македонците од Албанија „Братство“, која во 1993 година е преименувана во „Мир“, чиј претседател е сè уште. Исто така е директор на Центарот за етнички истражувања во Тирана. Пренесувајќи го ставот на партијата, Стерјовски, кој е поранешен пратеник во албанскиот Парламент, посочува дека Фетаху како аполитичен кандидат и лојален државјанин на Република Албанија ги исполнува сите критериуми предвидени во Уставот, како личност со потребното достоинство да биде претседател на Републиката, да биде гарант на Уставот, на правата и слободите на граѓаните, на развојот на демократијата, на правдата за сите, за заштита на уставноста и законитоста, на еднаквоста на сите пред Уставот и законите.