Васил Божков Черепот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasil-bozhkov-cherepot/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Oct 2023 06:19:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Васил Божков Черепот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vasil-bozhkov-cherepot/ 32 32 Нема демант од Владата дека трите лиценци за онлајн коцкање се за Васил Божков – Черепот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-demant-od-vladata-deka-trite-litsentsi-za-onlajn-kotskane-se-za-vasil-bozhkov-cherepot/ Tue, 17 Oct 2023 07:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=691883

Во вчерашната емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што истакна дека власта го злоупотребува европското знаменце во собранието и ги крши процедурите а Артан Груби со измените на законот за игри на среќа се обидува да ги легализира сите прекршоци и криминали но одговорност мора да има.

„Формално има неколку области кои што Европската Унија не ги регулира и ги има оставено на земјите членки самите да ги регулираат. Една од тие области е игрите на среќа затоа што тоа е прашање зависи од културата на живеење на секоја нација. Така што власта последното што го ставија со европско знаменце е законот за игри на среќа затоа што нема никаква европска регулатива за игрите на среќа од било кој вид. Еве ќе кажам неколку крајности во Австрија се дозволени, во соседна Бугарија не се дозволени, во соседна Грција не се дозволени“, нагласи Николоски.

Николоски истакна дека суштината на законот за игри на среќа е да се легализираат сите постапки кои се спротивни од последниот закон на игри на среќа.

„Артан Груби сака да се спаси од одење во затвор. Која е суштината на измените кои што доаѓаат во Собрание? Тие се обидуваат да продадат приказна во јавноста дека ова го прават со цел да се отстранат објектите за игрите на среќа на повеќе од 500 метри од образовни објекти, но тоа е само шминка. Суштината е следна во моментот има завршени или е во тек на процедура 4 постапки кои што се спротивни од последниот закон на игри на среќа“, истакна Николоски.

Николоски посочи и неколку постапки кои се косат со последниот закон за игри на среќа.

„Првата постапка е владата додели лиценца за јавно приватно партнерство со компанијата „Новоматик“ каде што државата е 51 процент а „Новоматик“ е 49 проценти за организирање на видеолотарија. Законот јасно вели дека таква компанија може да има само една, во членот кој што власта сака да го смени од еднина во множина. Втората причина, владата односно Артан Груби дозволува да се креираат три онлајн друштва за игри на среќа,  но ова мора строго да се регулира затоа што има и малолетници. Се зборува во јавноста и досега нема демант дека овие три лиценци се за Васил Божков – Черепот, од Бугарија. Последно нешто што владата го крие како нозе змија е да одговори Артан Груби дали неговиот пријател кој што е директор на државната лотарија има купено над 1.000 апарати за коцкање директно од Васил Божков – Черепот, а договорот не го објавува на бирото за јавни набавки и го крие со цел јавноста да не го виде. Измените на законот се во насока да сето ова се легализира“, истакна Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски додаде и дека одговорност ќе има и ниту една измена на кривичниот законик нема да помогне бидејќи законите важат за сите.

„Она што го заборава Груби е дека законите не може да важат ретроактивно така што дури и да успее да го протурка законот со европско знаменце кривичните дела кои што се сторени кои што ги споменав не можат да ги покријат овие измени затоа што во моментот на настанување на кривичното дело важел друг закон. И ниедна измена на кривичниот законик не може да му помогне. Во паника и страв прават низа глупости во јавност а во собрание ја прекршуваат процедурата и прават злоупотреба на европското знаменце“, кажа Николоски

The post Нема демант од Владата дека трите лиценци за онлајн коцкање се за Васил Божков – Черепот appeared first on Република.

]]>

Со потпис на Артан Груби се отвора можност регионалното подземје да влезе во коцкарскиот бизнис во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-potpis-na-artan-grubi-se-otvora-mozhnost-regionalnoto-podzemje-da-vleze-vo-kotskarskiot-biznis-vo-makedonija/ Mon, 09 Oct 2023 06:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=689370

Народот едвај врзува крај со крај, а Владата наместо економски пакети, мерки или нови работни места им отвора три нови фирми за коцкање. Да биде скандалот поголем ова се прави со одлука на влада, со потпис на Артан Груби, при што на државна лотарија, раководена од неговиот близок пријател Прпарим Бајрами, и дозволува да распише оглас за доделување на лиценци за онлајн коцкање во партнерство со државата, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Огласот предвидува услови кои исклучуваат домашни компании и речиси оцртуваат дека оваа лиценца треба да ја добие бугарска компанија од коцкарскиот бизнис која е во сопственост на лик од бугарското подземје, Васил Божков викан Черепот. Но тоа не е се, веќе постојат сериозни индиции дека една од лиценците за овој вносен бизнис треба да биде доделена и на косовска компанија, со што целиот процес се компромитира.

За Черепот знаеме дека е на црната листа на САД, меѓу другото и заради поткуп на функционери со цел да овозможи ширење на својата коцкарска империја, а за другата компанија од Косово допрва ќе излегуваат бизнис тајните.

Едно е сигурно, Груби целиот овој бизнис го овозможува со својот потпис. Ковачевски може никој не го прашува, но е целосно одговорен за тоа што неговата влада се заортачува со подземјето од регионот и овозможува нивно влегување во Македонија преку коцкарски бизниси.

The post Со потпис на Артан Груби се отвора можност регионалното подземје да влезе во коцкарскиот бизнис во Македонија appeared first on Република.

]]>

Народот едвај врзува крај со крај, а Владата наместо економски пакети, мерки или нови работни места им отвора три нови фирми за коцкање. Да биде скандалот поголем ова се прави со одлука на влада, со потпис на Артан Груби, при што на државна лотарија, раководена од неговиот близок пријател Прпарим Бајрами, и дозволува да распише оглас за доделување на лиценци за онлајн коцкање во партнерство со државата, обвини ВМРО-ДПМНЕ. Огласот предвидува услови кои исклучуваат домашни компании и речиси оцртуваат дека оваа лиценца треба да ја добие бугарска компанија од коцкарскиот бизнис која е во сопственост на лик од бугарското подземје, Васил Божков викан Черепот. Но тоа не е се, веќе постојат сериозни индиции дека една од лиценците за овој вносен бизнис треба да биде доделена и на косовска компанија, со што целиот процес се компромитира. За Черепот знаеме дека е на црната листа на САД, меѓу другото и заради поткуп на функционери со цел да овозможи ширење на својата коцкарска империја, а за другата компанија од Косово допрва ќе излегуваат бизнис тајните.
Едно е сигурно, Груби целиот овој бизнис го овозможува со својот потпис. Ковачевски може никој не го прашува, но е целосно одговорен за тоа што неговата влада се заортачува со подземјето од регионот и овозможува нивно влегување во Македонија преку коцкарски бизниси.

The post Со потпис на Артан Груби се отвора можност регионалното подземје да влезе во коцкарскиот бизнис во Македонија appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Власта отвара можност во земјава да влезе бугарска компанија во сопственост на член на бугарското подземје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vlasta-otvara-mozhnost-vo-zemjava-da-vleze-bugarska-kompanija-vo-sopstvenost-na-chlen-na-bugarskoto-podzemje/ Sun, 08 Oct 2023 08:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=689123

Власта на ДУИ и СДС со потпис на Артан Груби овозможила преку партнерство на Државната Лотарија и приватен партнер да се отворат три нови компании за коцкање. Притоа условите кои се предвидени во огласот создаваат услови во овој бизнис во Македонија да влезе бугарска компанија во сопственост на член на бугарското подземје, Васил Божков викан Черепот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој човек, според Стејт департментот, на чија црна листа се наоѓа, се поврзува со руски врски и се товари за поткуп на функционери во Бугарија и регионот преку кој ја ширел својата коцкарска империја.

Власта на ДУИ и СДС наместо инвестиции, на народот му нуди да се коцка повеќе и да осиромашува. Ковачевски се крие и молчи. Тоа што Груби го потпишал огласот и веројатно преку својот близок соработник кој е директор во Лотарија, го води целиот овој матен проект, не го амнестира Ковачевски од овој скандал. Напротив тоа го прави директно одговорен, бидејќи овозможува во Македонија бугарското подземје да тера бизниси.

Ако ова обвинителство не презема мерки, после промената на власта овој случај ќе биде целосно истражен и санкциониран. Никој нема да побегне од правдата, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта отвара можност во земјава да влезе бугарска компанија во сопственост на член на бугарското подземје appeared first on Република.

]]>

Власта на ДУИ и СДС со потпис на Артан Груби овозможила преку партнерство на Државната Лотарија и приватен партнер да се отворат три нови компании за коцкање. Притоа условите кои се предвидени во огласот создаваат услови во овој бизнис во Македонија да влезе бугарска компанија во сопственост на член на бугарското подземје, Васил Божков викан Черепот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Овој човек, според Стејт департментот, на чија црна листа се наоѓа, се поврзува со руски врски и се товари за поткуп на функционери во Бугарија и регионот преку кој ја ширел својата коцкарска империја.   Власта на ДУИ и СДС наместо инвестиции, на народот му нуди да се коцка повеќе и да осиромашува. Ковачевски се крие и молчи. Тоа што Груби го потпишал огласот и веројатно преку својот близок соработник кој е директор во Лотарија, го води целиот овој матен проект, не го амнестира Ковачевски од овој скандал. Напротив тоа го прави директно одговорен, бидејќи овозможува во Македонија бугарското подземје да тера бизниси.   Ако ова обвинителство не презема мерки, после промената на власта овој случај ќе биде целосно истражен и санкциониран. Никој нема да побегне од правдата, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта отвара можност во земјава да влезе бугарска компанија во сопственост на член на бугарското подземје appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Белосветскиот криминалец и бизнис партнер на Артан Груби, влегува во милионски бизнис со македонска Лотарија, зошто ЈО се уште молчи и не отвора истрага? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-belosvetskiot-kriminalets-i-biznis-partner-na-artan-grubi-vleguva-vo-milionski-biznis-so-makedonska-lotarija-zoshto-jo-se-ushte-molchi-i-ne-otvora-istraga/ Sat, 07 Oct 2023 07:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=688826

Белосветски мафијаш од Бугарија, Васил Божков - Черепот влегува во бизниси во Македонија. Првиот вицепремиер Артан Груби, на владина седница носи одлука за распишување на оглас за формирање на три нови правни субјект, помеѓу Лотарија на Македонија и привитни фирми, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако Лотарија на Македонија, чиј директор е и шеф на кабинет на Груби, распишува оглас тоа го прави сите спецификации да одговараат на фирмата на Черепот, 8888.бг. Черепот, кој во моментот е во притвор е белосветски криминалец, со бројни кривични дела, кој се наоѓа на црната листа на САД, и близок пријател на Пригожин и Русија. Само во држава како Македонија и криминална влада на СДС и ДУИ, лице кое е на црната листа на САД и е во притвор може да биде бизнис партнер на Груби.

Ова ли се европски вредности за кои се залага владата на СДС и ДУИ? Европска вредност ли е за Груби белосветски кримоналец да се направи бизнис партнер? Зошто ЈО наместо да отвори истрага и да испита зошто и како Лотарија објавила оглас и спецификациите ги усогласила според фирмата на Черепот, се уште молчи. Чиј интерес штити ЈО?

Вечно нема да бегаат од одговорност. Важно е дека со промена на власта, следува целосна истрага и одговорност, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Белосветскиот криминалец и бизнис партнер на Артан Груби, влегува во милионски бизнис со македонска Лотарија, зошто ЈО се уште молчи и не отвора истрага? appeared first on Република.

]]>

Белосветски мафијаш од Бугарија, Васил Божков - Черепот влегува во бизниси во Македонија. Првиот вицепремиер Артан Груби, на владина седница носи одлука за распишување на оглас за формирање на три нови правни субјект, помеѓу Лотарија на Македонија и привитни фирми, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Откако Лотарија на Македонија, чиј директор е и шеф на кабинет на Груби, распишува оглас тоа го прави сите спецификации да одговараат на фирмата на Черепот, 8888.бг. Черепот, кој во моментот е во притвор е белосветски криминалец, со бројни кривични дела, кој се наоѓа на црната листа на САД, и близок пријател на Пригожин и Русија. Само во држава како Македонија и криминална влада на СДС и ДУИ, лице кое е на црната листа на САД и е во притвор може да биде бизнис партнер на Груби.   Ова ли се европски вредности за кои се залага владата на СДС и ДУИ? Европска вредност ли е за Груби белосветски кримоналец да се направи бизнис партнер? Зошто ЈО наместо да отвори истрага и да испита зошто и како Лотарија објавила оглас и спецификациите ги усогласила според фирмата на Черепот, се уште молчи. Чиј интерес штити ЈО?   Вечно нема да бегаат од одговорност. Важно е дека со промена на власта, следува целосна истрага и одговорност, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Белосветскиот криминалец и бизнис партнер на Артан Груби, влегува во милионски бизнис со македонска Лотарија, зошто ЈО се уште молчи и не отвора истрага? appeared first on Република.

]]>
Милошоски: На Груби му се брза да ги покрие незаконитите одлуки кои што веќе ги потпишал за неговите лотарии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-na-grubi-mu-se-brza-da-gi-pokrie-nezakonitite-odluki-koi-shto-veke-gi-potpishal-za-negovite-lotarii/ Wed, 04 Oct 2023 11:36:27 +0000 https://republika.mk/?p=687836

Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, денес го искажа ставот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за уште една злоупотреба на европското знаменце за Закон кој што нема врска со европската регулатива, а се однесува на потпишаните одлуки на Артан Груби за неговите лотарии каде што главни партнери се вработени во кабинетот на Артан Груби, политичката партија ДУИ и контроверзни ликови од соседна Бугарија, како што е Васил Божков – Черепот, чии што фирми се наоѓаат црната листа на САД.

-Во изминативе година дена потпишани се четири одлуки, незаконити, од страна на вицепремиерот Артан Груби, три за онлајн лотарии и една за видеолотарија. Сите овие одлуки се надвор од законот и затоа е ова брзање да се донесе нов закон, измени на Законот за игри на среќа за да се покријат незаконитостите кои што ги има направено Артан Груби за носење на одлуки и давање на лиценци на фирми во кои што во Управните и Надзорните одбори членуваат луѓе од кабинетот вицепремиерот Груби. Ова е приватизација на игрите на среќа и ДУИ за жал, од партија која што се брендираше во Зелена партија, почна да станува партија коцкарите и казината, вели тој.

Милошоски потенцира: „Ова е уште еден неевропски потег на таканаречената Коалиција за Европа за што реагираше и Претседателот на Австрија, кој што дојде тука во Македонија и кажа дека злоупотребата на европското знаменце за игрите на среќа е против европската регулатива и странските инвестиции кои што Австрија ги има во овој сектор“.

-Затоа сметаме дека ваквото однесување е неприфатливо без разлика што на вицепремиерот Груби му се брза да ги покрие незаконитите одлуки кои што веќе ги потпишал.  Ќе повторам, три одлуки потпишал за нови онлајн лотарии и една одлука за нова видеолотарија. Сите тие одлуки се незаконити и затоа се брза со овие законски измени за да се покрие незаконитоста за која што веќе има судски спор против државата Република Македонија, порача тој.

The post Милошоски: На Груби му се брза да ги покрие незаконитите одлуки кои што веќе ги потпишал за неговите лотарии appeared first on Република.

Власта планира 10.000 семејства да остави без приходи за да му создаде бизнис клима за казина на бугарскиот партнер на Груби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-planira-10-000-semejstva-da-ostavi-bez-prihodi-za-da-mu-sozdade-biznis-klima-za-kazina-na-bugarskiot-partner-na-grubi/ Wed, 04 Oct 2023 08:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=687731

Асоцијација на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина предупредува дека на денешната седница на Комисијата за европски прашања  ќе биде дополнет дневниот ред со Предлогот на закон за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри, кој беше пуштен во Собраниска процедура со ЕУ знаме на 16 март оваа година.

Дали упадот на Државна лотарија во досегашниот систем на игри на среќа со одлуката капитално да учествува во формирањето три нови трговски друштва за организирање игри на среќа преку интернет, е всушност вовед во ставање клуч на врата на обложувалниците и автомат клубовите? Дали некој лажно верува дека приходите од досегашниот систем на организирање игри на среќа можат да се заменат со приходи од игри на среќа преку интернет? Или можеби се работи исклучиво за задоволување лични бизнис апетити во кои ќе се жртвува цела економска гранка за во Македонија да царуваат фирми на кои ќе им се дозволи да организираат игри на среќа без ниту еден вработен-прашуваат од Асоцијацијата.

Оттаму додаваат дека власта свесно или несвесно ризикува 10.000 граѓани да останат без работа.

Со сличен став е и ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека од власта нема демант дека со потпис на Артан Груби игри на среќа ќе приредува контроверзниот бугарски тајкун Васил Бошков-Черепот.

Овој лик кој Артан Груби се обидува да го востоличи како бизнис партнер на државата во игрите на среќа е ставен на црната листа на САД со актот Магнитски. Токму со овој акт Черепот и неговите компании се санкционирани како дел од борбата на САД против криминалот, корупцијата, ширењето на руски влијанија кај нашиот источен сосед. Американскиот департмент за финансии кажува дека Черепот подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Ако тоа го правел во Бугарија за да ја шири својата коцкарска империја, тогаш веројатно истото го правел и во други земји за да ги прошири своите бизниси.

https://republika.mk/vesti/makedonija/molk-od-vladata-shto-so-potpis-na-grubi-cherepot-od-bugarija-ke-prireduva-kazino-igri/

The post Власта планира 10.000 семејства да остави без приходи за да му создаде бизнис клима за казина на бугарскиот партнер на Груби appeared first on Република.

]]>

Асоцијација на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина предупредува дека на денешната седница на Комисијата за европски прашања  ќе биде дополнет дневниот ред со Предлогот на закон за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри, кој беше пуштен во Собраниска процедура со ЕУ знаме на 16 март оваа година.
Дали упадот на Државна лотарија во досегашниот систем на игри на среќа со одлуката капитално да учествува во формирањето три нови трговски друштва за организирање игри на среќа преку интернет, е всушност вовед во ставање клуч на врата на обложувалниците и автомат клубовите? Дали некој лажно верува дека приходите од досегашниот систем на организирање игри на среќа можат да се заменат со приходи од игри на среќа преку интернет? Или можеби се работи исклучиво за задоволување лични бизнис апетити во кои ќе се жртвува цела економска гранка за во Македонија да царуваат фирми на кои ќе им се дозволи да организираат игри на среќа без ниту еден вработен-прашуваат од Асоцијацијата.
Оттаму додаваат дека власта свесно или несвесно ризикува 10.000 граѓани да останат без работа. Со сличен став е и ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека од власта нема демант дека со потпис на Артан Груби игри на среќа ќе приредува контроверзниот бугарски тајкун Васил Бошков-Черепот.
Овој лик кој Артан Груби се обидува да го востоличи како бизнис партнер на државата во игрите на среќа е ставен на црната листа на САД со актот Магнитски. Токму со овој акт Черепот и неговите компании се санкционирани како дел од борбата на САД против криминалот, корупцијата, ширењето на руски влијанија кај нашиот источен сосед. Американскиот департмент за финансии кажува дека Черепот подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Ако тоа го правел во Бугарија за да ја шири својата коцкарска империја, тогаш веројатно истото го правел и во други земји за да ги прошири своите бизниси.
https://republika.mk/vesti/makedonija/molk-od-vladata-shto-so-potpis-na-grubi-cherepot-od-bugarija-ke-prireduva-kazino-igri/

The post Власта планира 10.000 семејства да остави без приходи за да му создаде бизнис клима за казина на бугарскиот партнер на Груби appeared first on Република.

]]>
Moлк од Владата што со потпис на Груби, Черепот од Бугарија ќе приредува казино игри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/molk-od-vladata-shto-so-potpis-na-grubi-cherepot-od-bugarija-ke-prireduva-kazino-igri/ Wed, 04 Oct 2023 07:55:56 +0000 https://republika.mk/?p=687699

Владата на ДУИ и Ковачевски со денови молчи за скандалот дека со владина одлука се  отвора врата бугарското подземје да влезе во Македонија. Тие не демантираат дека со потпис на Артан Груби владата овозможува Државната компанија Државна лотарија која ја води поранешниот шеф на кабинет на Артан Груби, да отвори три нови фирми за игри на среќа кои треба да се поврзат со бугарскиот мафијаш Васил Божков Черепот.

Со денови повиканите молчат и не одговараат, дали целиот овој бизнис е проектирано да го добие Васил Божков викан Черепот од Бугарија кој е познат во мафијашките кругови во нашиот источен сосед.

Овој лик кој Артан Груби се обидува да го востоличи како бизнис партнер на државата во игрите на среќа е ставен на црната листа на САД со актот Магнитски. Токму со овој акт Черепот и неговите компании се санкционирани како дел од борбата на САД против криминалот, корупцијата, ширењето на руски влијанија кај нашиот источен сосед. Американскиот департмент за финансии кажува дека Черепот подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Ако тоа го правел во Бугарија за да ја шири својата коцкарска империја, тогаш веројатно истото го правел и во други земји за да ги прошири своите бизниси.

Груби треба да одговори дали овозможал бизнис на бугарски мафијаш во Македонија, кој патем е на црната листа на САД?Дали истиот тој лик својата лиценца ја добил со подмитувања на македонски функционери?Дали и со колку торби пари била платена лиценцата за коцкарници?

Власта на ДУИ и СДС стана синоним за корупција и криминал. Ако веќе можеа да им доделат пасоши на белосветски мафијаши, сега почнаа да и да им ги поткрепуваат и бизнисите.За ова мора да има и одговори и одговорност.

The post Moлк од Владата што со потпис на Груби, Черепот од Бугарија ќе приредува казино игри appeared first on Република.

]]>

Владата на ДУИ и Ковачевски со денови молчи за скандалот дека со владина одлука се  отвора врата бугарското подземје да влезе во Македонија. Тие не демантираат дека со потпис на Артан Груби владата овозможува Државната компанија Државна лотарија која ја води поранешниот шеф на кабинет на Артан Груби, да отвори три нови фирми за игри на среќа кои треба да се поврзат со бугарскиот мафијаш Васил Божков Черепот. Со денови повиканите молчат и не одговараат, дали целиот овој бизнис е проектирано да го добие Васил Божков викан Черепот од Бугарија кој е познат во мафијашките кругови во нашиот источен сосед.
Овој лик кој Артан Груби се обидува да го востоличи како бизнис партнер на државата во игрите на среќа е ставен на црната листа на САД со актот Магнитски. Токму со овој акт Черепот и неговите компании се санкционирани како дел од борбата на САД против криминалот, корупцијата, ширењето на руски влијанија кај нашиот источен сосед. Американскиот департмент за финансии кажува дека Черепот подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Ако тоа го правел во Бугарија за да ја шири својата коцкарска империја, тогаш веројатно истото го правел и во други земји за да ги прошири своите бизниси.
Груби треба да одговори дали овозможал бизнис на бугарски мафијаш во Македонија, кој патем е на црната листа на САД?Дали истиот тој лик својата лиценца ја добил со подмитувања на македонски функционери?Дали и со колку торби пари била платена лиценцата за коцкарници? Власта на ДУИ и СДС стана синоним за корупција и криминал. Ако веќе можеа да им доделат пасоши на белосветски мафијаши, сега почнаа да и да им ги поткрепуваат и бизнисите.За ова мора да има и одговори и одговорност.

The post Moлк од Владата што со потпис на Груби, Черепот од Бугарија ќе приредува казино игри appeared first on Република.

]]>
Огласот на Лотарија за избор на фирма за формирање три нови друштва е како скица за бугарската „8888.бг“ на Черепот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/oglasot-na-lotarija-za-izbor-na-firma-za-formirane-tri-novi-drushtva-e-kako-skitsa-za-bugarskata-8888-bg-na-cherepot/ Tue, 03 Oct 2023 07:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=687307

Васил Божков Черепот од притвор во Бугарија и од американската црна листа со амин на Груби до партнер во бизнис со Македонија?Огласот на Лотарија за избор на фирма со која истата ќе формира три нови друштва е како скица за бугарската 8888.бг на Черепот, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Черепот е лице кое се сомничи и се доведува во врска со сериозни кривични дела, но и со врски со Пригожин и Русија.Кој е мотивот власта, а пред се Груби од истиот да сакаат да направат бизнис партнер на Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ  бараЈО да отвори истрага и да го испита случајот околу огласот кој го распиша Лотарија.

The post Огласот на Лотарија за избор на фирма за формирање три нови друштва е како скица за бугарската „8888.бг“ на Черепот appeared first on Република.