Варшава го исцртува Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/varshava-go-istsrtuva-skopje/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jul 2023 07:47:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Варшава го исцртува Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/varshava-go-istsrtuva-skopje/ 32 32 Објавена книга комплетно посветена на Скопје од Полјачката Кинга Нетман-Мултановска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objavena-kniga-kompletno-posvetena-na-skopje-od-poljachkata-kinga-netman-multanovska/ Thu, 06 Jul 2023 07:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=658544

Деновиве од печат излезе книгата комплетно посветена на Скопје „Варшава го исцртува Скопје“ од полската авторка Кинга Нетман-Мултановска. Се работи за книга што фрла поглед на голем период од историјата на Скопје, од неговото историско освојување од Османлиите, сѐ до денешен ден, а главниот акцент е ставен врз огромната помош што полските урбанисти и архитекти несебично му ја даваат на Скопје по земјотресот. Инспиративно, филигрански изработено четиво од кое многумина скопјани ќе дознаат многу нешта за својот град што досега не ги знаеле.

Книгата е објавена со поддршка од Амбасадата на Република Полска во Скопје и Министерството за култура на Република Македонија.

Фасцинантна, многуслојна книга. Израз на страста и компетенцијата на авторката, која, пишувајќи за мисијата на варшавските урбанисти во Скопје и за судбината на Македонија, ја открива заборавената солидарност на Полјаците со Македонците, врската на Полска со Балканот. Оваа прекрасна публикација има уште една основна димензија: го прикажува европското наследство преку палимпсестот Скопје – местото каде што се вкрстуваат христијанството, исламот, јудаизмот и атеистичкиот хуманизам. Кинга Нетман-Мултановска раскажува за градот покрај Вардар како за своја мала татковина, зашто ѝ подарил нова перспектива за запознавање на себеси и на својата култура. Љубовта кон ова парче земја ме зарази и мене. Скопје е и наша судбина, наша Европа. Скопје сме ние!“

The post Објавена книга комплетно посветена на Скопје од Полјачката Кинга Нетман-Мултановска appeared first on Република.

]]>

Деновиве од печат излезе книгата комплетно посветена на Скопје „Варшава го исцртува Скопје“ од полската авторка Кинга Нетман-Мултановска. Се работи за книга што фрла поглед на голем период од историјата на Скопје, од неговото историско освојување од Османлиите, сѐ до денешен ден, а главниот акцент е ставен врз огромната помош што полските урбанисти и архитекти несебично му ја даваат на Скопје по земјотресот. Инспиративно, филигрански изработено четиво од кое многумина скопјани ќе дознаат многу нешта за својот град што досега не ги знаеле. Книгата е објавена со поддршка од Амбасадата на Република Полска во Скопје и Министерството за култура на Република Македонија.