вархеји Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/varheji/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 10:48:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вархеји Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/varheji/ 32 32 Вархеји до Мицкоски: Честитки за убедливата победа, подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Македонија на следното ниво. https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/varheji-do-mitskoski-chestitki-za-ubedlivata-pobeda-podgotveni-sme-da-rabotime-zaedno-za-da-go-podigneme-eu-pristapniot-protses-na-makedonija-na-slednoto-nivo/ Thu, 09 May 2024 10:48:46 +0000 https://republika.mk/?p=776301

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји му ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните парламентарни избори на партискиот лидер Христијан Мицкоски.

- Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Македонија на следното ниво, наведе Вархеји во честитката до Мицкоски објавена на платформата Икс.

Претходно, Вархеји победата на вчерашните претседателски избори и ја честиташе и на Гордана Сиљановска Давкова.

The post Вархеји до Мицкоски: Честитки за убедливата победа, подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Македонија на следното ниво. appeared first on Република.

]]>

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји му ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните парламентарни избори на партискиот лидер Христијан Мицкоски. - Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Македонија на следното ниво, наведе Вархеји во честитката до Мицкоски објавена на платформата Икс. Претходно, Вархеји победата на вчерашните претседателски избори и ја честиташе и на Гордана Сиљановска Давкова.

The post Вархеји до Мицкоски: Честитки за убедливата победа, подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Македонија на следното ниво. appeared first on Република.

]]>
Вархеји во дводневна посета на Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/varheji-vo-dvodnevna-poseta-na-turtsija/ Wed, 06 Sep 2023 13:57:26 +0000 https://republika.mk/?p=679341

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска и утре ќе престојува во посета на Анкара на разговори со неговите турски домаќини посветени на билатералните односи и соработката меѓу ЕУ и Турција.

Како што соопшти Европската комисија, за време на дводневниот престој во Анкара, Вархеји ќе се сретне со турските министри за надворешни работи Хакан Фидан, за трговија Омер Болат, за семејство и социјални услуги Махинур Оздемир Ѓокташ, за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар и за индустрија и технологија Мехмет Фатих Качир.

Предвидено е за време на посетата на Вархеји да биде потпишан договор за исплата на 781 милион евра од фондовите на ЕУ за најранливите категории бегалци во Турција, како дел од помошта од три милијарди евра што Унијата ги вети за поддршката на бегалците во земјата.

Ова е прва официјална посета на претставник на ЕУ на Турција по претседателските и парламентарните избори во земјата во мај годинава.

– Посетата следи по заклучоците на Европскиот совет од јуни, со кои лидерите на ЕУ ги повикаа високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и Европската комисија да поднесат извештај до Европскиот совет за односите ЕУ-Турција.

Оваа посета доаѓа и пред објавувањето на следниот извештај за проширувањето, кој се очекува во октомври, се додава во соопштението.

Во пресрет на денешната посета на Вархеј, Европската комисија и Турција во петокот потпишаа договор  со која се овозможува пристап на турската јавна администрација, компании и други организации до Програмата „Дигитална Европа“.

Еврокомисијата, исто така, предложи и финансиска поддршка од 400 милиони евра од Фондот за солидарност на ЕУ за помош во надминување на последиците од разорните земјотреси во Турција во февруари годинава.

The post Вархеји во дводневна посета на Турција appeared first on Република.

]]>

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска и утре ќе престојува во посета на Анкара на разговори со неговите турски домаќини посветени на билатералните односи и соработката меѓу ЕУ и Турција.
  Како што соопшти Европската комисија, за време на дводневниот престој во Анкара, Вархеји ќе се сретне со турските министри за надворешни работи Хакан Фидан, за трговија Омер Болат, за семејство и социјални услуги Махинур Оздемир Ѓокташ, за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар и за индустрија и технологија Мехмет Фатих Качир.   Предвидено е за време на посетата на Вархеји да биде потпишан договор за исплата на 781 милион евра од фондовите на ЕУ за најранливите категории бегалци во Турција, како дел од помошта од три милијарди евра што Унијата ги вети за поддршката на бегалците во земјата. Ова е прва официјална посета на претставник на ЕУ на Турција по претседателските и парламентарните избори во земјата во мај годинава.   – Посетата следи по заклучоците на Европскиот совет од јуни, со кои лидерите на ЕУ ги повикаа високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и Европската комисија да поднесат извештај до Европскиот совет за односите ЕУ-Турција. Оваа посета доаѓа и пред објавувањето на следниот извештај за проширувањето, кој се очекува во октомври, се додава во соопштението.   Во пресрет на денешната посета на Вархеј, Европската комисија и Турција во петокот потпишаа договор  со која се овозможува пристап на турската јавна администрација, компании и други организации до Програмата „Дигитална Европа“. Еврокомисијата, исто така, предложи и финансиска поддршка од 400 милиони евра од Фондот за солидарност на ЕУ за помош во надминување на последиците од разорните земјотреси во Турција во февруари годинава.

The post Вархеји во дводневна посета на Турција appeared first on Република.

]]>
Вархеји се сретна со Турк, разговараше за соработката во Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/varheji-se-sretna-so-turk-razgovarashe-za-sorabotkata-vo-zapaden-balkan/ Wed, 19 Jul 2023 16:35:41 +0000 https://republika.mk/?p=663243

Еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји денеска имаше средба со новиот висок комесар за човекови права на ОН, Волкер Турк, со кого разговараше за соработката на Западен Балкан.

„Добра прва средба со Волкер Турк, новиот висок комесар за човекови права на ОН, за да разговараме за нашата соработка низ Западен Балкан и непосредното соседство на ЕУ“, напиша Вархеји на својот Твитер профил.

Претходно денеска Турк се сретна и со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, со кого разговараше за проблемите со човековите права во светот

The post Вархеји се сретна со Турк, разговараше за соработката во Западен Балкан appeared first on Република.

Македонија ќе стане членка на ЕУ, потврди Вархеји https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-ke-stane-chlenka-na-eu-potvrdi-varheji/ Fri, 17 Mar 2023 11:42:45 +0000 https://republika.mk/?p=620695

Тоа што го симболизира овој состанок е дека Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ, изјави еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји на прес-конференцијата по завршувањето на XVI Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ.

Тој потенцира дека процесот на скрининг што го започна Македонија е важен дел.

-Тука правиме целосна анализа на правниот систем на земјата-кандидат и врз основа на тоа можеме да преговараме за деталите за условите за влез. Важно е сега државата да не забави, туку да ја забрза својата работа за спроведување на реформите, кои се од интерес за нејзините граѓаните. Потребно ни е национално единство за членството да оди напред, рече Вархеји на заедничката прес-конференција во Владата со потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел и премиерот Димитар Ковачевски.

Еврокомесарот додаде дека македонската Влада и Собранието треба да ја забрзаат работата на реформите.

The post Македонија ќе стане членка на ЕУ, потврди Вархеји appeared first on Република.

]]>

Тоа што го симболизира овој состанок е дека Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ, изјави еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји на прес-конференцијата по завршувањето на XVI Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ. Тој потенцира дека процесот на скрининг што го започна Македонија е важен дел. -Тука правиме целосна анализа на правниот систем на земјата-кандидат и врз основа на тоа можеме да преговараме за деталите за условите за влез. Важно е сега државата да не забави, туку да ја забрза својата работа за спроведување на реформите, кои се од интерес за нејзините граѓаните. Потребно ни е национално единство за членството да оди напред, рече Вархеји на заедничката прес-конференција во Владата со потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел и премиерот Димитар Ковачевски. Еврокомесарот додаде дека македонската Влада и Собранието треба да ја забрзаат работата на реформите.

The post Македонија ќе стане членка на ЕУ, потврди Вархеји appeared first on Република.

]]>
Вархеи во ЕП, одговарајќи на прашање забoрави да го исклучи микрофонот и рече: Уште колку идиоти има? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/varhei-vo-ep-odgovarajki-na-prashane-zaboravi-da-go-iskluchi-mikrofonot-i-reche-ushte-kolku-idioti-ima/ Wed, 15 Feb 2023 08:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=609183

На европарламентарецoт Оливер Вархеи микрофонот му остана вклучен при заседавањето на Европскиот парламент вчера, па по еден од неговите говори можеше да се слупне како на унгарски вели: „Уште колку идиоти има?“

Еврокомесарот на ЕУ за проширување одговараше на прашња на европарламентарците за проширувањето на ЕУ на Западен балкан. Вархеи, одговарајќи на прашање на хрватските европарламентарци Жељана Зовко и Томислав Сокол, по седнувањето на место заброави да го исклучи микрофонот и рече „Уште колку идиоти има?“, веројатно мислејќи на останатите европарламентарци.

Зовко зборуваше за најновата состојба во Босна и херцеговина и го истакна неодаменшното формирање на СОветот на министри во БиХ. Таа повика на поддршка од Комисијата за новиот состав, а посебен акцент стави на финансиските средства од ЕУ.

https://www.youtube.com/watch?v=r_GKmRrFOmY

The post Вархеи во ЕП, одговарајќи на прашање забoрави да го исклучи микрофонот и рече: Уште колку идиоти има? appeared first on Република.

]]>

На европарламентарецoт Оливер Вархеи микрофонот му остана вклучен при заседавањето на Европскиот парламент вчера, па по еден од неговите говори можеше да се слупне како на унгарски вели: „Уште колку идиоти има?“ Еврокомесарот на ЕУ за проширување одговараше на прашња на европарламентарците за проширувањето на ЕУ на Западен балкан. Вархеи, одговарајќи на прашање на хрватските европарламентарци Жељана Зовко и Томислав Сокол, по седнувањето на место заброави да го исклучи микрофонот и рече „Уште колку идиоти има?“, веројатно мислејќи на останатите европарламентарци. Зовко зборуваше за најновата состојба во Босна и херцеговина и го истакна неодаменшното формирање на СОветот на министри во БиХ. Таа повика на поддршка од Комисијата за новиот состав, а посебен акцент стави на финансиските средства од ЕУ. https://www.youtube.com/watch?v=r_GKmRrFOmY

The post Вархеи во ЕП, одговарајќи на прашање забoрави да го исклучи микрофонот и рече: Уште колку идиоти има? appeared first on Република.

]]>
Македонски Бугари во Брисел на средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonski-bugari-vo-brisel-na-sredba-so-evrokomesarot-za-proshiruvane-oliver-varheji/ Mon, 30 Jan 2023 14:09:13 +0000 https://republika.mk/?p=602684

Претставници на македонските Бугари оваа недела ќе остварат средба со Комесарот за проширување и добрососедство на Европската унија,  Оливер Вархеји, јавува БГНЕС. На средбата еврокомесарот одат Петар Колев и Георги Трендафилов од Граѓанско-демократската унија како и Љупчо Георгиевски од бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола. Тие во своето најавно писмо до еврокомесарот се жалат на притисоци врз бугарската заедница во Република Македонија како и немање дијалог со локалната и централната власт. Најавена тема на средбата, според бугарските медиуми, пишуваат институционална омраза и системска дискриминација кон бугарската заедница во државава.

Секојдневната стигматизација на нашата бугарска заедница и неможноста за воспоставување дијалог со локалните и националните власти создаваат предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет“, се вели во писмото.

Најавата за оваа средба доаѓа по инцидентот со охриѓанецот и секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.

Пред неколку дена бугарскиот претседател Румен Радев во телефонски разговор со Вархеји му порачал дека Европската унија мора да ги гарантира правата и безбедноста на Бугарите во Македонија со истата енергија, според Радев, со која се инсистирало на забрзување на македонските евроинтеграции.

The post Македонски Бугари во Брисел на средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји appeared first on Република.

]]>

Претставници на македонските Бугари оваа недела ќе остварат средба со Комесарот за проширување и добрососедство на Европската унија,  Оливер Вархеји, јавува БГНЕС. На средбата еврокомесарот одат Петар Колев и Георги Трендафилов од Граѓанско-демократската унија како и Љупчо Георгиевски од бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола. Тие во своето најавно писмо до еврокомесарот се жалат на притисоци врз бугарската заедница во Република Македонија како и немање дијалог со локалната и централната власт. Најавена тема на средбата, според бугарските медиуми, пишуваат институционална омраза и системска дискриминација кон бугарската заедница во државава.
Секојдневната стигматизација на нашата бугарска заедница и неможноста за воспоставување дијалог со локалните и националните власти создаваат предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет“, се вели во писмото.
Најавата за оваа средба доаѓа по инцидентот со охриѓанецот и секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков. Пред неколку дена бугарскиот претседател Румен Радев во телефонски разговор со Вархеји му порачал дека Европската унија мора да ги гарантира правата и безбедноста на Бугарите во Македонија со истата енергија, според Радев, со која се инсистирало на забрзување на македонските евроинтеграции.

The post Македонски Бугари во Брисел на средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји appeared first on Република.

]]>
Вархеји: Нашите очи и уши се вперени во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/varheji-nashite-ochi-i-ushi-se-vpereni-vo-skopje/ Thu, 14 Jul 2022 19:00:43 +0000 https://republika.mk/?p=529037

Нашите очи и уши се вперени кон Скопје и мора да водиме демократска дебата. Видовте дека претседателката на Европската комисијам Урсула фон дер Лајен даде директен придонес. Нека се развие дебатата и потоа да ги кажеме нашите позиции, изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји.

Тој доцна попладнево пристигна во албанскиот приморски град Валона, ја разгледа новоизградената обиколница финансирана од Европската Унија, по што одржа прес-конференција со премиерот на Албанија, Еди Рама.

Што се однесува за Албанија, според Вархеји, таа направила сè за да дојде до првата меѓувладина конференција. 

Верувам дека следната недела ќе биде неделата што толку долго ја чекавме, додал Вархеји. 

Европската Унија ја поддржа изградбата на обиколницата со грант од 20 милиони евра. Исто така, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за овој проект учествуваа со заеми од по 18 милиони евра.

The post Вархеји: Нашите очи и уши се вперени во Скопје appeared first on Република.

]]>

Нашите очи и уши се вперени кон Скопје и мора да водиме демократска дебата. Видовте дека претседателката на Европската комисијам Урсула фон дер Лајен даде директен придонес. Нека се развие дебатата и потоа да ги кажеме нашите позиции, изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји.
Тој доцна попладнево пристигна во албанскиот приморски град Валона, ја разгледа новоизградената обиколница финансирана од Европската Унија, по што одржа прес-конференција со премиерот на Албанија, Еди Рама. Што се однесува за Албанија, според Вархеји, таа направила сè за да дојде до првата меѓувладина конференција. 
Верувам дека следната недела ќе биде неделата што толку долго ја чекавме, додал Вархеји. 
Европската Унија ја поддржа изградбата на обиколницата со грант од 20 милиони евра. Исто така, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за овој проект учествуваа со заеми од по 18 милиони евра.

The post Вархеји: Нашите очи и уши се вперени во Скопје appeared first on Република.

]]>
Петков и Верхеји на средба во бугарската Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-i-verheji-na-sredba-vo-bugarskata-vlada/ Thu, 19 May 2022 14:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=504443

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска оствари работна средба со еврокомесарот за доброоседска политика и проширување Оливер Вархеји, соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во зградата на бугарската Влада Петков и Верхеји разговараат за актуелните прашања од европската агенда, а меѓу темите се и европската политика во регионот на Југоисточна Европа и војната во Украина.

Во разговорот Петков посочи дека Бугарија ќе продолжи да игра активна улога во стабилноста и просперитетот во Југоисточна Европа.

The post Петков и Верхеји на средба во бугарската Влада appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска оствари работна средба со еврокомесарот за доброоседска политика и проширување Оливер Вархеји, соопшти прес-службата на бугарската Влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во зградата на бугарската Влада Петков и Верхеји разговараат за актуелните прашања од европската агенда, а меѓу темите се и европската политика во регионот на Југоисточна Европа и војната во Украина. Во разговорот Петков посочи дека Бугарија ќе продолжи да игра активна улога во стабилноста и просперитетот во Југоисточна Европа.

The post Петков и Верхеји на средба во бугарската Влада appeared first on Република.

]]>
Вархеји: Разочаран сум што се уште разговараме за преговори со Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/varheji-razocharan-sum-shto-se-ushte-razgovarame-za-pregovori-so-makedonija/ Tue, 26 Apr 2022 13:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=493850

На панел дискусијата ЕУ – Западен Балкан, Вархеји истакна дека војната во Украина е показател дека Унијата нема време за губење, и потребна е интеграција на регионот час поскоро. Вархеји најави дека на средбите со бугарските претставници ќе се обиде да го откочи процесот и да има резултати до јуни.

Не можам да го кријам фактот дека сум крајно разочаран што се уште дискутираме за ова прашање. Бидејќи ние мислевме дека го средивме тоа пред две години, но сега е повторно на маса. Подготвен сум да доаѓам (во Софија) колку што е потребно за да се покрене ова и да се да се реши во јуни годинава. Бидејќи војната ни покажа дека немаме време за губење. Не само време, туку ни интерес да губиме повеќе време на ова прашање. - Оливер Вархеји – Еврокомесар.

Во пресрет на панел дискусијата пак, шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска го постави условот на бугарското МНР – прво вметнување на Бугарите во македонскиот Устав, па почеток на преговори. Сепак, таа не прецизираше дали под почеток на преговори за Македонија, го подразбира одржувањето на првата меѓувладина конференција што се смета за неформален старт или отворањето на првото преговарачко поглавје, што е процес кој во пракса се случува една година подоцна. За разлика од нејзе, бугарскиот премиер Петков пред три дена беше јасен – Уставот да се смени во втората фаза, односно до отворањето на првото поглавје.

Тоа (вметнување на Бугарите во македонскиот устав) е услов кој е во декларацијата на народното собрание и во решенијата на консултативниот совет за национална безбедност, така што за нас тоа е услов кој треба да биде елемент што треба да биде исполнет од страна на Македонија. Во оваа фаза прво да го исполнат тоа претходно, па потоа да започнат преговорите со нив, тоа е условот. Премиерот даде различни сигнали.Не знам какви сигнали дал, но тоа е позицијата, тоа е запишано. - Теодора Генчовска – Министерка за надворешни работи на Бугарија.

Во Софија директно од Берлин пристигна и министерот Османи. Прашан за кредибилитетот на Унијата во процесот на проширување, Османи истакна дека по повеќе од две децении единствената новина е дека расположението на македонските граѓани за членство е во слободен пад.

Немам што ново да кажам, ситуацијата е статус кво. Македонија се уште чека по 21 година од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, по 15 години од добивањето кандидатски статус и 13 последователни позитивни препораки од комисијата дека сме ги исполниле сите барања за почеток на преговори. Тоа што е ново е дека Кредибилноста на ЕУ во Македонија е во пад. - Бујар Османи – Министер за надворешни работи.

Засилената дипломатска активност во пресрет на јунскиот самит продолжува во наредните неколку денови. Во Скопје утре доаѓа еврокоемсарот Оливер Вархеји, а ден потоа и помошник државната серкетарка на САД Карен Донфрид. На маса се очекува да се најдат македонските евроинтеграции и војната во Украина.

The post Вархеји: Разочаран сум што се уште разговараме за преговори со Македонија appeared first on Република.

Ковачевски – Вархеји: Почетокот на преговорите за Македонија не смее да чека ни ден повеќе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-varheji-pochetokot-na-pregovorite-za-severna-makedonija-ne-smee-da-cheka-ni-den-povekje/ Mon, 28 Feb 2022 13:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=465333

Како дел од работната агенда за учество на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји.

На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот Фатмир Бесими, премиерот Ковачевски и комесарот Вархеји се согласија дека се создадени услови за забрзување на процесот на наоѓање решенија на релација Скопје - Софија. Европската интеграција на Македонија не смее да се одлага ниту ден повеќе и затоа неопходно е да се искористат француското претседателство и поволниот амбиент кој постои во моментов за изнаоѓање решенија, нагласија двајцата соговорници.

На средбата беше истакнато дека Западен Балкан е европски регион и дека интеграцијата на земјите од овој регион подразбира и нивно членство во Европската Унија.

На економски план, премиерот Ковачевски ја истакна одличната соработка со ЕБОР која со поддршката на големите инфраструктурни проекти го следи развојот на Македонија и учествува во забрзувањето на процесите за постигнување на европските стандарди, како една од главните цели на политиките на финансиските институции на ЕУ.

Премиерот Ковачевски на средбата нагласи дека во контекст на новите глобални предизвици со кои се соочува светот, Владата на Македонија внимателно ја следи и ги презема сите активности за да се одржи постоечката поддршка на странските и домашните инвестиции, како и да се  елиминираат потенцијалните негативни ефекти врз економска активност во земјата.

Во однос на утврдувањето и развојот на стратешките инвестиции на полето на енергетска транзиција во државата и решавање на предизвиците од енергетската криза, еврокомесарот Вархеји најави соодветна поддршка за Македонија преку европските институции.

The post Ковачевски – Вархеји: Почетокот на преговорите за Македонија не смее да чека ни ден повеќе appeared first on Република.

]]>

Како дел од работната агенда за учество на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји. На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот Фатмир Бесими, премиерот Ковачевски и комесарот Вархеји се согласија дека се создадени услови за забрзување на процесот на наоѓање решенија на релација Скопје - Софија. Европската интеграција на Македонија не смее да се одлага ниту ден повеќе и затоа неопходно е да се искористат француското претседателство и поволниот амбиент кој постои во моментов за изнаоѓање решенија, нагласија двајцата соговорници. На средбата беше истакнато дека Западен Балкан е европски регион и дека интеграцијата на земјите од овој регион подразбира и нивно членство во Европската Унија. На економски план, премиерот Ковачевски ја истакна одличната соработка со ЕБОР која со поддршката на големите инфраструктурни проекти го следи развојот на Македонија и учествува во забрзувањето на процесите за постигнување на европските стандарди, како една од главните цели на политиките на финансиските институции на ЕУ. Премиерот Ковачевски на средбата нагласи дека во контекст на новите глобални предизвици со кои се соочува светот, Владата на Македонија внимателно ја следи и ги презема сите активности за да се одржи постоечката поддршка на странските и домашните инвестиции, како и да се  елиминираат потенцијалните негативни ефекти врз економска активност во земјата. Во однос на утврдувањето и развојот на стратешките инвестиции на полето на енергетска транзиција во државата и решавање на предизвиците од енергетската криза, еврокомесарот Вархеји најави соодветна поддршка за Македонија преку европските институции.

The post Ковачевски – Вархеји: Почетокот на преговорите за Македонија не смее да чека ни ден повеќе appeared first on Република.

]]>