Вардна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vardna/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Aug 2024 07:00:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вардна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vardna/ 32 32 Самостојна изложба на Стефан Хаџи-Николов во Варна https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozhba-na-stefan-hadhi-nikolov-vo-varna/ Thu, 29 Aug 2024 07:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=811025

Во галеријата Арт Маркони во Варна, Република Бугарија, денеска ќе биде отворена 90-та самостојна изложба на македонскиот ликовен уметник Стефан Хаџи-Николов.

На изложбата Хаџи-Николов ќе се претстави со 15 слики, масло на платно од циклусот “Приказни за виното”.

Ова е 14-та самостојна изложба на сликарот во Варна.

Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Педагошка Академија група ликовно воспитување завршил 1975 година во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1984 година, а членува и во Словенската литературна и уметничка академија со седиште во Варна(Бугарија).

Во повеќе од 40 – годишното творештво Хаџи-Николов има одржано самостојни изложби во земјава и во странство низ културните центри како Белград, Софија, Истанбул, Лондон, Париз и други градови.

За неговата уметничка дејност е наградуван 17 пати, меѓу другото е добитник и на Државната награда „23 октомври“ (2015) за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста, Наградата „13 Ноември“ на град Скопје за долгогодишни високи
остварувања во областа на сликарството за 2017 година, Награда за сликарство на изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ во 2018 година и во 2022 година Плакета за животно дело од здружението „Мост“ – Струмица.

The post Самостојна изложба на Стефан Хаџи-Николов во Варна appeared first on Република.

]]>

Во галеријата Арт Маркони во Варна, Република Бугарија, денеска ќе биде отворена 90-та самостојна изложба на македонскиот ликовен уметник Стефан Хаџи-Николов. На изложбата Хаџи-Николов ќе се претстави со 15 слики, масло на платно од циклусот “Приказни за виното”. Ова е 14-та самостојна изложба на сликарот во Варна. Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Педагошка Академија група ликовно воспитување завршил 1975 година во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1984 година, а членува и во Словенската литературна и уметничка академија со седиште во Варна(Бугарија). Во повеќе од 40 – годишното творештво Хаџи-Николов има одржано самостојни изложби во земјава и во странство низ културните центри како Белград, Софија, Истанбул, Лондон, Париз и други градови. За неговата уметничка дејност е наградуван 17 пати, меѓу другото е добитник и на Државната награда „23 октомври“ (2015) за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста, Наградата „13 Ноември“ на град Скопје за долгогодишни високи остварувања во областа на сликарството за 2017 година, Награда за сликарство на изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ во 2018 година и во 2022 година Плакета за животно дело од здружението „Мост“ – Струмица.

The post Самостојна изложба на Стефан Хаџи-Николов во Варна appeared first on Република.

]]>