Вардар филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vardar-film/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 14:02:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вардар филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vardar-film/ 32 32 „Вардар филм“ почна дигитализација на аудио ленти од период 1940 – 2000 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vardar-film-pochna-digitalizatsija-na-audio-lenti-od-period-1940-2000-godina/ Wed, 06 Nov 2024 13:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=834786

Деновиве во просториите во НУФЦ Вардар филм започна дигитализација на аудио ленти (од период 1940 - 2000 година) кои беа зачувани во депото на „Вардар филм“.

Станува збор за околу 400 ленти кои содржат радио драми, документарни филмови, македонска и албанска музика, репортажи и работни фајлови од филмските класици во продукција на „Вардар филм“.

Процесот на дигитализација се одвива во колор грејдинг студиото кое е функционално и како нелинеарна видео монтажна станица и е по иницијатива на вработените на Вардар филм со цел да се зачува наследството на установата во целост и ќе трае неколку месеци. По обработка на сите ленти и физички забелешки кои следуваат со секоја од лентите, фајловите ќе бидат архивирани и попишани во дигитална дата база, соопштија од „Вардар филм“.

The post „Вардар филм“ почна дигитализација на аудио ленти од период 1940 – 2000 година appeared first on Република.

]]>

Деновиве во просториите во НУФЦ Вардар филм започна дигитализација на аудио ленти (од период 1940 - 2000 година) кои беа зачувани во депото на „Вардар филм“. Станува збор за околу 400 ленти кои содржат радио драми, документарни филмови, македонска и албанска музика, репортажи и работни фајлови од филмските класици во продукција на „Вардар филм“.
Процесот на дигитализација се одвива во колор грејдинг студиото кое е функционално и како нелинеарна видео монтажна станица и е по иницијатива на вработените на Вардар филм со цел да се зачува наследството на установата во целост и ќе трае неколку месеци. По обработка на сите ленти и физички забелешки кои следуваат со секоја од лентите, фајловите ќе бидат архивирани и попишани во дигитална дата база, соопштија од „Вардар филм“.

The post „Вардар филм“ почна дигитализација на аудио ленти од период 1940 – 2000 година appeared first on Република.

]]>
Со „Тетовирање“ се отвора Фестивалот „Вардар филм прикажува – македонски филмски класици“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-tetovirane-se-otvora-festivalot-vardar-film-prikazhuva-makedonski-filmski-klasitsi/ Thu, 12 Oct 2023 08:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=690398

Со прикажување на култниот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов (филм на 35mm лента), снимен во 1991 година, кој е во продукција на Вардар филм, вечер во 20:00 часот, во Кинотеката свечено ќе биде отворен фестивалот „Вардар филм прикажува - македонски филмски класици“.

Програмата, се посочува, ќе биде збогатена и со други четири филмски класици од нашата богата ризница на македонската кинематографија, дела на наши реномирани режисери. Станува збор за филмовите „Среќна Нова 49“ и „Џипси меџик“ на Столе Попов, „Исправи се Делефина“ на Александар Ѓурчинов и „Хај фај“ на Владимир Блажевски.

Сите пет филмови ќе се прикажуваат и низ неколку центри за култура низ целата држава до крајот на годината, најавуваат од НУФЦ „Вардар Филм“-Скопје.

The post Со „Тетовирање“ се отвора Фестивалот „Вардар филм прикажува – македонски филмски класици“ appeared first on Република.

]]>

Со прикажување на култниот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов (филм на 35mm лента), снимен во 1991 година, кој е во продукција на Вардар филм, вечер во 20:00 часот, во Кинотеката свечено ќе биде отворен фестивалот „Вардар филм прикажува - македонски филмски класици“. Програмата, се посочува, ќе биде збогатена и со други четири филмски класици од нашата богата ризница на македонската кинематографија, дела на наши реномирани режисери. Станува збор за филмовите „Среќна Нова 49“ и „Џипси меџик“ на Столе Попов, „Исправи се Делефина“ на Александар Ѓурчинов и „Хај фај“ на Владимир Блажевски. Сите пет филмови ќе се прикажуваат и низ неколку центри за култура низ целата држава до крајот на годината, најавуваат од НУФЦ „Вардар Филм“-Скопје.

The post Со „Тетовирање“ се отвора Фестивалот „Вардар филм прикажува – македонски филмски класици“ appeared first on Република.

]]>
Кинематографијата во Македонија доби најсовремено Студио за колор грејдинг и видео едитинг при НУФЦ Вардар Филм-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinematografijata-vo-makedonija-dobi-najsovremeno-studio-za-kolor-grejding-i-video-editing-pri-nufc-vardar-film-skopje/ Tue, 12 Jul 2022 13:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=527574

Оваа промотивно видео што го гледавме заедно е доказ за нашата макотрпна работа и заеднички вложен труд во изминатиот период, што донесе до радикална трансформација на уште еден запуштен простор, оставен во заборав, соопштија од Вардар филм на својата фејсбук страна.

Денеска, имам чест гордо да ви ја преставам и воедно, да ве информирам дека од овој момент официјално е отворено за работа студиото за колор корекција и монтажа при НУФЦ Вардар Филм Скопје, најсовремено студио од овој вид во нашата земја.

Целата инвестиција, почнувајќи од инфраструктурниот дел па се до набавката и монтажата на професионалната опрема, изнесува над 3 милиони денари, од кои вреди да се споменe специјалниот референтен монитор за колор од брендот SONY во вредност од над 1 милиони денари, а кој е единствен во нашата земја. Средствата за оваа значајна инвестиција се обезбедени од сопствениот буџет на установата и за прв пат, после неколку децении, повторно во Вардар Филм се донесува професионална филмска опрема.

Почитувани филмски работници,

Вардар Филм постои и се грижи за Вас. Целиот наш ангажман и континуирана работа за модернизирање на овој филмски центар, вклучувајќи го и новото студио за колор грејдинг и видео едитинг, е со единствена цел, олеснување на целиот процес за реализација на вашите филмски проекти и воедно, да се зголеми придонесот кон развивање на нашата кинематографија.

Воедно, ја користам оваа прилика да ве поканаме сите Вас, слободно да дојдете и одблиску да се запознаете со студиото и да се информирате за можностите и поволностите кои ги нуди, вели директорот на Вардар филм, Сани Саиди.

The post Кинематографијата во Македонија доби најсовремено Студио за колор грејдинг и видео едитинг при НУФЦ Вардар Филм-Скопје appeared first on Република.

]]>

Оваа промотивно видео што го гледавме заедно е доказ за нашата макотрпна работа и заеднички вложен труд во изминатиот период, што донесе до радикална трансформација на уште еден запуштен простор, оставен во заборав, соопштија од Вардар филм на својата фејсбук страна.
Денеска, имам чест гордо да ви ја преставам и воедно, да ве информирам дека од овој момент официјално е отворено за работа студиото за колор корекција и монтажа при НУФЦ Вардар Филм Скопје, најсовремено студио од овој вид во нашата земја. Целата инвестиција, почнувајќи од инфраструктурниот дел па се до набавката и монтажата на професионалната опрема, изнесува над 3 милиони денари, од кои вреди да се споменe специјалниот референтен монитор за колор од брендот SONY во вредност од над 1 милиони денари, а кој е единствен во нашата земја. Средствата за оваа значајна инвестиција се обезбедени од сопствениот буџет на установата и за прв пат, после неколку децении, повторно во Вардар Филм се донесува професионална филмска опрема. Почитувани филмски работници, Вардар Филм постои и се грижи за Вас. Целиот наш ангажман и континуирана работа за модернизирање на овој филмски центар, вклучувајќи го и новото студио за колор грејдинг и видео едитинг, е со единствена цел, олеснување на целиот процес за реализација на вашите филмски проекти и воедно, да се зголеми придонесот кон развивање на нашата кинематографија. Воедно, ја користам оваа прилика да ве поканаме сите Вас, слободно да дојдете и одблиску да се запознаете со студиото и да се информирате за можностите и поволностите кои ги нуди, вели директорот на Вардар филм, Сани Саиди.

The post Кинематографијата во Македонија доби најсовремено Студио за колор грејдинг и видео едитинг при НУФЦ Вардар Филм-Скопје appeared first on Република.

]]>
Со проекција на првиот македонски филм „Фросина“ отворена реновираната сала на „Вардар филм“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-proekcija-na-prviot-makedonski-film-frosina-otvorena-renoviranata-sala-na-vardar-film/ Sat, 21 May 2022 19:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=505309

Синоќа реновираната сала за проекции на „Вардар филм“ ги пречека првите посетители кои во рамките на прослава на јубилејот на оваа институција имаа можност да ја проследат проекцијата на филмот „Фросина“.

Директорот на „Вардар филм“, Сани Саиди со кусо обраќање свечено ја отвори салата, која речиси 20 години не беше во функција.

Проекцијата на првиот македонски филм „Фросина“, во режија на Воислав Нановиќ, а во продукција на Вардар филм, е првата активност со која почнува одбележувањето на јубилејот на институцијата, по која ќе следува отворена недела за посетителите, како и проекцијата на документарен филм изработен специјално за овој јубилеј.

Сите заинтересирани што не беа во можност синоќа да присуствуваат на отворањето на салата, ќе можат тоа да го направат секој петок додека траат проекциите за одбележување на јубилејот, информираат оттаму.

The post Со проекција на првиот македонски филм „Фросина“ отворена реновираната сала на „Вардар филм“ appeared first on Република.

„Вардар филм“ ќе одбележи 75 години постоење со бројни активности и проекција на долгометражен документарен филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vardar-film-kje-odbelezi-75-godini-postoenje-so-brojni-aktivnosti-i-proekcija-na-dolgometrazen-dokumentaren-film/ Wed, 18 May 2022 12:29:07 +0000 https://republika.mk/?p=503845

НУФЦ „Вардар филм – Скопје“ годинава одбележува јубилеј - 75 години постоење. Првиот човек на институцијата, директорот Сани Саиди на денешната прес конференција ја претстави програмата со која ќе се одбележи овој значаен јубилеј

Програмата содржи повеќе активности кои ќе се реализираат во текот на оваа јубилејна година, која е планирано да кулминира со голема свечена манифестација за премиерно прикажување на долгометражниот документарен филм посветен на Вардар Филм.

Во програмата се предвидени и прикажувања на најзначајните и наградувани филмски дела од ризницата на Вардар Филм. На наше задоволство проекциите ќе се одржуваат во скоро реновираната сала за проекции, која воедно со првата проекција за прв пат ќе биде отворена за јавноста, информираше Саиди.

Опусот е разновиден и вбројува краткометражнми и долгометражни играни документарни и анимирани филмови како и филмски журнали, на публиката и се познати овие филмски дела бидејќи се работи за најзначајните и наградувани филмски дела од ризницата на вардар филм од периодот 1952 до 1997 година кои всушност ја претставуваат македонската кинематографија од тој период, рече Саиди и подвлече дека преку ревијалната програма ќе биде презентиран дел од историјата на филмот на овие простори.

Според Саиди, во септември е планирано да се одржи отворена недела за граѓаните кои сакаат да се запознаат со просториите и активностите на институцијата.

Предвидено е програмата да се одвива од мај до декември еднаш неделно односно секој петок со почеток од 20 часот во салата за проекции при НУФЦ „Вардар филм – Скопје“, со пауза за време на летните одмори во јули и август. Проекциите ќе бидат бесплатни и ќе се одвиваат со претходни резервации поради ограничениот број на седиште. Саиди изрази особено задоволство што салата за проекции која како што рече била надвор од функција повеќе од 20 години, сега веќе е комплетно реновирана и опремена со комплетна техника и може да одговори на потребите на филмската фела.  Воедно би сакал да напоменам дека овој петок со првата проекција салата за првпат ќе биде отворена и пуштена во употреба, во склоп на програмата во септември „Вардар филм“ ќе ги отвори вратите и ќе реализира отворена недела се со цел секој граѓанин и филмски љубител да може одблиску да се запознае со тековните активности на установата, но и со нејзината богата исоторија, подвлече тој.

На средбата со новинарите присуствуваше и продуцентот Буњамин Куртиши, кој работи на документарниот филм за „Вардар филм“ заедно со режисерот Владимир Блажевски и информираше дека подготовките се во тек и на крајот на октомври ќе може да се погледне премиерата на филмот.

Документарецот, кој е поддржан од Агенција за филм, е во режија на Владимир Блажевски, во продукција на „Galaktika pictures“, а директор на фотографијата е Дуле Кардале. Одбележувањето на 75-годишнината ќе биде со голема манифестација во октомври оваа година каде премиерно ќе биде прикажан документарниот филм. Продуцентот Бунјами Куртиши изрази задоволство за соработката со Владимир Блажески и „Вардар филм“, потенцирајќи дека документарецот се наоѓаат во фаза на реализација. За мене во мојата кариера ова ќе биде еден од најдобрите и најзначајните проекти затоа што една продукциска куќа како „Вардар филм“ да бидеш само дел од било кој сектор е задоволство. Ние што работиме во филмската дејност немаме потреба да зборуваме теренот и работата зборуваат за нас, јас сум од најмладите тука во овој тим и се надевам ќе направиме една добра работа, и ќе тераме напред вака како што е исцртано, со успеси, рече Куртиши.

The post „Вардар филм“ ќе одбележи 75 години постоење со бројни активности и проекција на долгометражен документарен филм appeared first on Република.

]]>

НУФЦ „Вардар филм – Скопје“ годинава одбележува јубилеј - 75 години постоење. Првиот човек на институцијата, директорот Сани Саиди на денешната прес конференција ја претстави програмата со која ќе се одбележи овој значаен јубилеј
Програмата содржи повеќе активности кои ќе се реализираат во текот на оваа јубилејна година, која е планирано да кулминира со голема свечена манифестација за премиерно прикажување на долгометражниот документарен филм посветен на Вардар Филм. Во програмата се предвидени и прикажувања на најзначајните и наградувани филмски дела од ризницата на Вардар Филм. На наше задоволство проекциите ќе се одржуваат во скоро реновираната сала за проекции, која воедно со првата проекција за прв пат ќе биде отворена за јавноста, информираше Саиди. Опусот е разновиден и вбројува краткометражнми и долгометражни играни документарни и анимирани филмови како и филмски журнали, на публиката и се познати овие филмски дела бидејќи се работи за најзначајните и наградувани филмски дела од ризницата на вардар филм од периодот 1952 до 1997 година кои всушност ја претставуваат македонската кинематографија од тој период, рече Саиди и подвлече дека преку ревијалната програма ќе биде презентиран дел од историјата на филмот на овие простори.
Според Саиди, во септември е планирано да се одржи отворена недела за граѓаните кои сакаат да се запознаат со просториите и активностите на институцијата.
Предвидено е програмата да се одвива од мај до декември еднаш неделно односно секој петок со почеток од 20 часот во салата за проекции при НУФЦ „Вардар филм – Скопје“, со пауза за време на летните одмори во јули и август. Проекциите ќе бидат бесплатни и ќе се одвиваат со претходни резервации поради ограничениот број на седиште. Саиди изрази особено задоволство што салата за проекции која како што рече била надвор од функција повеќе од 20 години, сега веќе е комплетно реновирана и опремена со комплетна техника и може да одговори на потребите на филмската фела.  Воедно би сакал да напоменам дека овој петок со првата проекција салата за првпат ќе биде отворена и пуштена во употреба, во склоп на програмата во септември „Вардар филм“ ќе ги отвори вратите и ќе реализира отворена недела се со цел секој граѓанин и филмски љубител да може одблиску да се запознае со тековните активности на установата, но и со нејзината богата исоторија, подвлече тој.
На средбата со новинарите присуствуваше и продуцентот Буњамин Куртиши, кој работи на документарниот филм за „Вардар филм“ заедно со режисерот Владимир Блажевски и информираше дека подготовките се во тек и на крајот на октомври ќе може да се погледне премиерата на филмот.
Документарецот, кој е поддржан од Агенција за филм, е во режија на Владимир Блажевски, во продукција на „Galaktika pictures“, а директор на фотографијата е Дуле Кардале. Одбележувањето на 75-годишнината ќе биде со голема манифестација во октомври оваа година каде премиерно ќе биде прикажан документарниот филм. Продуцентот Бунјами Куртиши изрази задоволство за соработката со Владимир Блажески и „Вардар филм“, потенцирајќи дека документарецот се наоѓаат во фаза на реализација. За мене во мојата кариера ова ќе биде еден од најдобрите и најзначајните проекти затоа што една продукциска куќа како „Вардар филм“ да бидеш само дел од било кој сектор е задоволство. Ние што работиме во филмската дејност немаме потреба да зборуваме теренот и работата зборуваат за нас, јас сум од најмладите тука во овој тим и се надевам ќе направиме една добра работа, и ќе тераме напред вака како што е исцртано, со успеси, рече Куртиши.

The post „Вардар филм“ ќе одбележи 75 години постоење со бројни активности и проекција на долгометражен документарен филм appeared first on Република.

]]>
НУФЦ Вардар Филм Скопје наскоро со модерно студио за COLOR GRADING & EDITING https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nufc-vardar-film-skopje-naskoro-so-moderno-studio-za-color-grading-editing/ Fri, 22 Apr 2022 07:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=492106

После реализирање на инфраструктурниот дел и подготовка на просторијата, денеска, пристигна конечно и професионалната опрема, со што за скоро време во склоп на НУФЦ Вардар Филм Скопје, ќе има и модерно студио за колор грејдинг и едитинг со најсовремена опрема, во согласнот со постоечките стандарди и трендови во овој домен, соопштија оттаму.

Со оваа инвестиција, нашата установа ги зголемува своите технички капацитети и прошируваа своите услуги во доменот на постпродукција, со тоа и придонесот во филмската дејност.

Студиото се очекува да се пушти во употреба за кратко време, во текот на следниот месец, и ќе биде отворено и достапно за сите филмски работници и продуцентски куќи во земјата и пошироко.

The post НУФЦ Вардар Филм Скопје наскоро со модерно студио за COLOR GRADING & EDITING appeared first on Република.

„Вардар Филм“ – Скопје и Фондација „Лумбарди“ од Призрен потпишаа меморандум за соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vardar-film-skopje-i-fondacija-lumbardi-od-prizren-potpishaa-memorandum-za-sorabotka/ Fri, 15 Apr 2022 10:31:51 +0000 https://republika.mk/?p=488902

Фондацијата „Лумбарди“ од Призрен и „Вардар Филм“ – Скопје потпишаа меморандум за соработка со цел развивање на филмски програми, едукација во областа на историјата на филмот, како и програми за размена на искуства помеѓу двете институции.

Преку иницијативата за соработка ќе се прошират и надградат на капацитетите и регионалната соработка на овие две историски значајни институции на филмот и кинематографското наследство.

Меморандумот за соработка го потишаа директорот на Вардар Филм Скопје Сани Саиди и директортката за финанси и администрација на Фондацијата „Лумбарди“, Фиторе Реџепи.

„Лумбарди“ е поранешно кино, граѓански простор и независна културна институција со седиште во Призрен, Косово. Фондацијата „Лумбарди“ е невладина организација основана во април 2015 година како продолжение на Иницијативата за заштита на киното Лумбарди. Фондацијата „Лумбарди“ како наследник на јавната установа кино „Лумбарди“ која оваа година одбележува 70 години од своето постоење. Така, преку иницијативата за соработка со „Вардар филм“, во рамките на богатата меѓународна програма "LXX", со која се одбележува годишнината, ќе се прикажат и два филма во продукција на Вардар филм: Жед (1971) и Македонски дел од пеколот (1971). Во оваа насока, после соработката на филмската програма "LXX" ќе се продолжи и со програми за континуирана размена на филмски проекции, а со цел развој на публиката во двете земји, но и промоција на филмските дела кои го одбележале минатото и оставале значаен белег во филмската историја на овој регион и пошироко.

За оваа соработка, како и за други заеднички регионални проекти и програми кои се планираат да се реализираат во блиска иднина, освен придонесот на раководсвото и вработените во овие институции, значителен придонес имаат и кураторите на програмата "LXX" - Кумјана Новакова (филмска авторка и кураторка), Бенги Музабег (филмски теоретичар) и Ветон Нурколари (уметнички директор на ДокуФест, Призрен).
Заедничкото минато на двете институции во светот на кинематографијата ќе биде двигател за заедничките идни проекти во филмската дејност кои ветуваат отвореност, соработка и можности.

The post „Вардар Филм“ – Скопје и Фондација „Лумбарди“ од Призрен потпишаа меморандум за соработка appeared first on Република.

]]>

Фондацијата „Лумбарди“ од Призрен и „Вардар Филм“ – Скопје потпишаа меморандум за соработка со цел развивање на филмски програми, едукација во областа на историјата на филмот, како и програми за размена на искуства помеѓу двете институции. Преку иницијативата за соработка ќе се прошират и надградат на капацитетите и регионалната соработка на овие две историски значајни институции на филмот и кинематографското наследство. Меморандумот за соработка го потишаа директорот на Вардар Филм Скопје Сани Саиди и директортката за финанси и администрација на Фондацијата „Лумбарди“, Фиторе Реџепи. „Лумбарди“ е поранешно кино, граѓански простор и независна културна институција со седиште во Призрен, Косово. Фондацијата „Лумбарди“ е невладина организација основана во април 2015 година како продолжение на Иницијативата за заштита на киното Лумбарди. Фондацијата „Лумбарди“ како наследник на јавната установа кино „Лумбарди“ која оваа година одбележува 70 години од своето постоење. Така, преку иницијативата за соработка со „Вардар филм“, во рамките на богатата меѓународна програма "LXX", со која се одбележува годишнината, ќе се прикажат и два филма во продукција на Вардар филм: Жед (1971) и Македонски дел од пеколот (1971). Во оваа насока, после соработката на филмската програма "LXX" ќе се продолжи и со програми за континуирана размена на филмски проекции, а со цел развој на публиката во двете земји, но и промоција на филмските дела кои го одбележале минатото и оставале значаен белег во филмската историја на овој регион и пошироко. За оваа соработка, како и за други заеднички регионални проекти и програми кои се планираат да се реализираат во блиска иднина, освен придонесот на раководсвото и вработените во овие институции, значителен придонес имаат и кураторите на програмата "LXX" - Кумјана Новакова (филмска авторка и кураторка), Бенги Музабег (филмски теоретичар) и Ветон Нурколари (уметнички директор на ДокуФест, Призрен). Заедничкото минато на двете институции во светот на кинематографијата ќе биде двигател за заедничките идни проекти во филмската дејност кои ветуваат отвореност, соработка и можности.

The post „Вардар Филм“ – Скопје и Фондација „Лумбарди“ од Призрен потпишаа меморандум за соработка appeared first on Република.

]]>