Вардар филм СКопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vardar-film-skopje/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Jun 2022 07:45:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вардар филм СКопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vardar-film-skopje/ 32 32 Вардар филм Скопје почна соработка со Виба филм Љубљана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vardar-film-skopje-pochna-sorabotka-so-viba-film-ljubljana/ Fri, 03 Jun 2022 07:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=510474

Директорот на Вардар филм Скопје Сани Саиди придружуван од дел од својот тим, на покана на Филмски Центар Виба Филм беше на работна посета во Љубљана, Словенија, каде беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУФЦ Вардар Филм Скопје и Филмски Центар Виба Филм Љубљана, претставуван од директорот Војко Стопар. Ова е почеток на соработката меѓу двете институции во филмската дејност, на регионален и меѓународен план.

Ова е прв Меморандум што Вардар Филм го потпишува со институција на земја-членка на Европската Унија, кој овозможува и иницираа долгорочна и продлабочена соработка во делот на: зајакнување на меѓуинституционалните односи и приближување на кинематографијата на двете земји; размена на најдобрите искуства и практики; трансфер на знаењата и подобрување на услугите во филмскиот сектор на двете филмски центри; заедничко развивање на различни едукативни програми наменети за персоналот, филмските работници со посебен фокус на младите кадри; подготовка и реализација на заеднички проекти во филмската дејност, а воедно и заедничко аплицирање за обезбедување на европски фондови за развивање и модернизација на нашите филмски центри;

Како што соопштуваат од Вардар филм Скопје на средбата беше одредена динамиката на реализирање на договорените проекти и заедничкото делување во духот на потшишаниот меморандум.

Во рамките на посетата во Љубљана, делегацијата на Вардар Филм реализираше средба со нашата амбасадорка во Словенија,  Сузана Зеленкова и со советникот, Јумни Салиу, каде беше потврдена нивната подготвеност за подршка кон интенсификација на соработка на филмските институции од двете земји.

Истотака, на средбата се разговараше за можни проекти кои би можеле да се организираат во соработка со Амбасадата, Македонските здруженија во Словенија и Вардар Филм, во делот на прикажување на македонски филмови и други слични програми, а со тоа враќање на сеќавањата и приближување на татковината до нашите сонародници кои работат и живеат во Словенија. За оваа цел, беше договорено да се продолжи комуникацијата и да се направат напори за да се оживеат вакви проекти и да се реализираат во блиска иднина.

The post Вардар филм Скопје почна соработка со Виба филм Љубљана appeared first on Република.

]]>

Директорот на Вардар филм Скопје Сани Саиди придружуван од дел од својот тим, на покана на Филмски Центар Виба Филм беше на работна посета во Љубљана, Словенија, каде беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУФЦ Вардар Филм Скопје и Филмски Центар Виба Филм Љубљана, претставуван од директорот Војко Стопар. Ова е почеток на соработката меѓу двете институции во филмската дејност, на регионален и меѓународен план. Ова е прв Меморандум што Вардар Филм го потпишува со институција на земја-членка на Европската Унија, кој овозможува и иницираа долгорочна и продлабочена соработка во делот на: зајакнување на меѓуинституционалните односи и приближување на кинематографијата на двете земји; размена на најдобрите искуства и практики; трансфер на знаењата и подобрување на услугите во филмскиот сектор на двете филмски центри; заедничко развивање на различни едукативни програми наменети за персоналот, филмските работници со посебен фокус на младите кадри; подготовка и реализација на заеднички проекти во филмската дејност, а воедно и заедничко аплицирање за обезбедување на европски фондови за развивање и модернизација на нашите филмски центри; Како што соопштуваат од Вардар филм Скопје на средбата беше одредена динамиката на реализирање на договорените проекти и заедничкото делување во духот на потшишаниот меморандум. Во рамките на посетата во Љубљана, делегацијата на Вардар Филм реализираше средба со нашата амбасадорка во Словенија,  Сузана Зеленкова и со советникот, Јумни Салиу, каде беше потврдена нивната подготвеност за подршка кон интенсификација на соработка на филмските институции од двете земји. Истотака, на средбата се разговараше за можни проекти кои би можеле да се организираат во соработка со Амбасадата, Македонските здруженија во Словенија и Вардар Филм, во делот на прикажување на македонски филмови и други слични програми, а со тоа враќање на сеќавањата и приближување на татковината до нашите сонародници кои работат и живеат во Словенија. За оваа цел, беше договорено да се продолжи комуникацијата и да се направат напори за да се оживеат вакви проекти и да се реализираат во блиска иднина.

The post Вардар филм Скопје почна соработка со Виба филм Љубљана appeared first on Република.

]]>