Вараждин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/varazdin/ За подобро да се разбереме Wed, 29 May 2024 19:27:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вараждин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/varazdin/ 32 32 Македонските ракометари ќе играат во Вараждин – среќна ждрепка за СП https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometari-ke-igraat-vo-varazhdin-srekna-zhdrepka-za-sp/ Wed, 29 May 2024 19:27:21 +0000 https://republika.mk/?p=782922

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби ривалите во групата за Светското првенство 2025, на кое ко-организатори ќе бидат Данска, Норвешка и Хрватска.

Македонија ќе игра во групата Д што ќе се игра во Вараждин, па за очекување е избраниците на Кире Лазаров да имаат солидна поддршка од трибините.

Ривали на „црвено-жолтите“ ќе бидат репрезентациите на Унгарија, Холандија и дебитантот Гвинеја, а во главната фаза пласман обезбедуваат најдобрите три од секоја група.

Сениорите со пласманот на Мундијалот 2025 го продолжија континуитетот на големата сцена, па така Македонија следната година ќе го има деветтото учество на Светските првенства.

Нашата репрезентација најдобриот пласман на Мундијалите го има остварено во Катар (2015) кога во конкуренција на 24 репрезентации заврши на 9. позиција.

Мундијалот 2025 ќе се игра во пет градови – Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин од 14 јануари до 2 февруари.

Актуелен бранител на титулата ќе биде репрезентацијата на Данска, која во финалето на СП 2023 славеше против Франција со 34:29.

The post Македонските ракометари ќе играат во Вараждин – среќна ждрепка за СП appeared first on Република.

]]>

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби ривалите во групата за Светското првенство 2025, на кое ко-организатори ќе бидат Данска, Норвешка и Хрватска. Македонија ќе игра во групата Д што ќе се игра во Вараждин, па за очекување е избраниците на Кире Лазаров да имаат солидна поддршка од трибините. Ривали на „црвено-жолтите“ ќе бидат репрезентациите на Унгарија, Холандија и дебитантот Гвинеја, а во главната фаза пласман обезбедуваат најдобрите три од секоја група. Сениорите со пласманот на Мундијалот 2025 го продолжија континуитетот на големата сцена, па така Македонија следната година ќе го има деветтото учество на Светските првенства. Нашата репрезентација најдобриот пласман на Мундијалите го има остварено во Катар (2015) кога во конкуренција на 24 репрезентации заврши на 9. позиција. Мундијалот 2025 ќе се игра во пет градови – Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин од 14 јануари до 2 февруари. Актуелен бранител на титулата ќе биде репрезентацијата на Данска, која во финалето на СП 2023 славеше против Франција со 34:29.

The post Македонските ракометари ќе играат во Вараждин – среќна ждрепка за СП appeared first on Република.

]]>
Ученици фатени како се дрогираат на час во Вараждин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uchenitsi-fateni-kako-se-drogiraat-na-chas-vo-varazhdin/ Wed, 13 Dec 2023 13:07:53 +0000 https://republika.mk/?p=722561

Тројца ученици од средно стручно училиште во Вараждин, Хрватска се осомничени за консумирање дрога за време на настава.

Во официјалниот полициски извештај се наведува дека 18-годишен ученик на полициските службеници им ги предал предметите кои во моментот на наставата ги имал во себе - проѕирна кеса со 1,4 грама амфетамин, бела гумена материја налик на амфетамин со тежина од 6,7 грама, дигитална вага и мобилен телефон. По претресите во просториите кои ги користеле, и кај другите двајца ученици на 16 и 17-годишна возраст, биле пронајдени амфетамини и марихуана, но пронајдената вага кај насјстариот осомничен укажува на веројатноста дека покрај конзумирањето, се занимавал и со препродажба на дрога.

Директорката на училиштето Весна Врчек за хрватските медиуми рекла дека навремено реагирале бидејќи веднаш штом во училиштето почнале да кружат гласини за овие тројца ученици пријавиле во полиција, која интервенирала во понеделникот наутро на вториот час.

Јасно е дека ова е голем шок за сите наши вработени. Бевме изненадени... И ние и студентите бевме исплашени. Тие реагираа со тоа што нè известија, ние повикавме полиција. Не смееме да претресуваме по учениците, постапивме по протокол. Вакво нешто првпат се случува во нашето училиште во кое има 630 ученици, рече таа.

 

The post Ученици фатени како се дрогираат на час во Вараждин appeared first on Република.

]]>

Тројца ученици од средно стручно училиште во Вараждин, Хрватска се осомничени за консумирање дрога за време на настава. Во официјалниот полициски извештај се наведува дека 18-годишен ученик на полициските службеници им ги предал предметите кои во моментот на наставата ги имал во себе - проѕирна кеса со 1,4 грама амфетамин, бела гумена материја налик на амфетамин со тежина од 6,7 грама, дигитална вага и мобилен телефон. По претресите во просториите кои ги користеле, и кај другите двајца ученици на 16 и 17-годишна возраст, биле пронајдени амфетамини и марихуана, но пронајдената вага кај насјстариот осомничен укажува на веројатноста дека покрај конзумирањето, се занимавал и со препродажба на дрога. Директорката на училиштето Весна Врчек за хрватските медиуми рекла дека навремено реагирале бидејќи веднаш штом во училиштето почнале да кружат гласини за овие тројца ученици пријавиле во полиција, која интервенирала во понеделникот наутро на вториот час.
Јасно е дека ова е голем шок за сите наши вработени. Бевме изненадени... И ние и студентите бевме исплашени. Тие реагираа со тоа што нè известија, ние повикавме полиција. Не смееме да претресуваме по учениците, постапивме по протокол. Вакво нешто првпат се случува во нашето училиште во кое има 630 ученици, рече таа.
 

The post Ученици фатени како се дрогираат на час во Вараждин appeared first on Република.

]]>
Го тепале со боксови, метална шипка и синџир, но не го убиле, смета судот: Ученици добија 9 години затвор за убиство на професор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/go-tepale-so-boksovi-metalna-shipka-i-sindzir-no-ne-go-ubile-smeta-sudot-uchenici-dobija-9-godini-zatvor-za-ubistvo-na-profesor/ Fri, 02 Dec 2022 17:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=581052

Жупанискиот суд во Вараждин ги осуди на нешто повеќе од девет години затвор четворицата вараждинци кои во мај минатата година до смрт претепаа професор од Економското училиште, објави „Индекс.хр“.

Хрватскиот портал преенсува дека учениците првично биле обвинети како соучесници во кривичното дело тешко убиство, но во текот на постапката државниот правобранител ја променил правната класификација на делото во дело тешка телесна повреда со смртни последици.

Обвинението на жупаниското државно правобранителство во Вараждин ги товари првообвинетиот Ивор Вујасиновиќ, второобвинетата Асја Дворски, третообвинетиот Иван Дворски и четвртообвинетиот Доминик Жнидариќ дека на 29 мај го убиле 35-годишниот Нино Ченгиќ како одмазда што ги пријавил за прекршување на ковид мерките.

Откако полицајците, на кои не им ја отвориле вратата, си заминале, пријавените веднаш излегле од просториите на здружението, а првообвинетиот Ивор Вујасиновиќ со тупаница во главата го соборил Ченгиќ на земја и продолжил да го удира со неговите раце, стапала и дрвена палка заедно со останатите обвинети.

Асја Дворски е обвинет дека уште најмалку шест пати го удрил Ченгиќ со металната штипка од синџирот за велосипед, што се обидел да го избегне, но обвинетиот продолжил да го удира додека не престанал да се движи. Покрај бројните модринки по главата и телото, Ченгиќ доживеал и крварење на мозокот, а како последица на тоа починал на 30 мај.

Во случајот познат како „Културана“, за смртта на 35-годишниот професор Нино Ченгиќ осудени се Ивор Вујасиновиќ (три години затвор), Асја Горски (две и пол години затвор), Иван Горски (две години затвор) и Доминик Жнидариќ (година и осум месеци затвор).

Во образложението на судот се наведува дека според доказите судот не ценел дека ударите биле смртни.

Судијата утврдил дека Ченгиќ паднал од столчето на кафеана, но врз основа на фактите за неговото однесување по падот, заклучил дека не можел да се здобие со повреда со смртни последици.

Судот смета дека е докажано дека Ченгиќ добил два удари на излезот од Центарот за култура и дека и тој паднал тогаш, но не смета дека е докажано дека овој пад ќе резултирал со смрт. Врз основа на доказите и реконструкцијата, констатирал дека има трета позиција на тревната површина, каде што обвинетите го удриле, но според наодите на судскиот вештак и тогаш не можело да дојде до ваква повреда, изјави Павлиќ.

The post Го тепале со боксови, метална шипка и синџир, но не го убиле, смета судот: Ученици добија 9 години затвор за убиство на професор appeared first on Република.

]]>

Жупанискиот суд во Вараждин ги осуди на нешто повеќе од девет години затвор четворицата вараждинци кои во мај минатата година до смрт претепаа професор од Економското училиште, објави „Индекс.хр“. Хрватскиот портал преенсува дека учениците првично биле обвинети како соучесници во кривичното дело тешко убиство, но во текот на постапката државниот правобранител ја променил правната класификација на делото во дело тешка телесна повреда со смртни последици. Обвинението на жупаниското државно правобранителство во Вараждин ги товари првообвинетиот Ивор Вујасиновиќ, второобвинетата Асја Дворски, третообвинетиот Иван Дворски и четвртообвинетиот Доминик Жнидариќ дека на 29 мај го убиле 35-годишниот Нино Ченгиќ како одмазда што ги пријавил за прекршување на ковид мерките. Откако полицајците, на кои не им ја отвориле вратата, си заминале, пријавените веднаш излегле од просториите на здружението, а првообвинетиот Ивор Вујасиновиќ со тупаница во главата го соборил Ченгиќ на земја и продолжил да го удира со неговите раце, стапала и дрвена палка заедно со останатите обвинети. Асја Дворски е обвинет дека уште најмалку шест пати го удрил Ченгиќ со металната штипка од синџирот за велосипед, што се обидел да го избегне, но обвинетиот продолжил да го удира додека не престанал да се движи. Покрај бројните модринки по главата и телото, Ченгиќ доживеал и крварење на мозокот, а како последица на тоа починал на 30 мај. Во случајот познат како „Културана“, за смртта на 35-годишниот професор Нино Ченгиќ осудени се Ивор Вујасиновиќ (три години затвор), Асја Горски (две и пол години затвор), Иван Горски (две години затвор) и Доминик Жнидариќ (година и осум месеци затвор). Во образложението на судот се наведува дека според доказите судот не ценел дека ударите биле смртни. Судијата утврдил дека Ченгиќ паднал од столчето на кафеана, но врз основа на фактите за неговото однесување по падот, заклучил дека не можел да се здобие со повреда со смртни последици.
Судот смета дека е докажано дека Ченгиќ добил два удари на излезот од Центарот за култура и дека и тој паднал тогаш, но не смета дека е докажано дека овој пад ќе резултирал со смрт. Врз основа на доказите и реконструкцијата, констатирал дека има трета позиција на тревната површина, каде што обвинетите го удриле, но според наодите на судскиот вештак и тогаш не можело да дојде до ваква повреда, изјави Павлиќ.

The post Го тепале со боксови, метална шипка и синџир, но не го убиле, смета судот: Ученици добија 9 години затвор за убиство на професор appeared first on Република.

]]>
На 23-годишен македонски државјанин ќе му се суди за обид за убиство за нападот во Вараждин https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-23-godishen-makedonski-drzavjanin-kje-mu-se-sudi-za-obid-za-ubistvo-za-napadot-vo-varazdin/ Tue, 15 Nov 2022 10:55:59 +0000 https://republika.mk/?p=573984

Еден обид за убиство и четири обиди за нанесување тешка телесна повреда. За вакви кривични дела се гони државјанин на Македонија во Хрватска, а по спроведената истрага, Жупаниското државно правобранителство во Вараждин поднело обвинителен акт.

Обвинението го товари 23-годишниот маж дека на 28 април годинава околу 3 часот на улица во центарот на Вараждин двапати прободел 23-годишен маж во телото.

Македонецот е обвинет дека избодел и расекол со нож уште четворица мажи и им нанел физички повреди.

Тој е во истражен затвор, а советот на Жупанискиот суд во Вараждин го прифатил предлогот на државниот правобранител и му го продолжил притворот поради опасност од бегство и извршување нови кривични дела, објавија хрватските медиуми.

The post На 23-годишен македонски државјанин ќе му се суди за обид за убиство за нападот во Вараждин appeared first on Република.

]]>

Еден обид за убиство и четири обиди за нанесување тешка телесна повреда. За вакви кривични дела се гони државјанин на Македонија во Хрватска, а по спроведената истрага, Жупаниското државно правобранителство во Вараждин поднело обвинителен акт. Обвинението го товари 23-годишниот маж дека на 28 април годинава околу 3 часот на улица во центарот на Вараждин двапати прободел 23-годишен маж во телото. Македонецот е обвинет дека избодел и расекол со нож уште четворица мажи и им нанел физички повреди. Тој е во истражен затвор, а советот на Жупанискиот суд во Вараждин го прифатил предлогот на државниот правобранител и му го продолжил притворот поради опасност од бегство и извршување нови кривични дела, објавија хрватските медиуми.

The post На 23-годишен македонски државјанин ќе му се суди за обид за убиство за нападот во Вараждин appeared first on Република.

]]>
23-годишен македонски државјанин избол 5 лица пред ноќен клуб во Вараждин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/23-godishen-makedonski-drzavjanin-izbol-5-lica-pred-nokjen-klub-vo-varazdin/ Tue, 03 May 2022 07:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=496611

Вараждинското Жупаниско државно обвинителство донесе решение за спроведување истрага против 23-годишен државјанин на Македонија, кој пред неколку вечери се обиде да убие едно лице, а четири тешко рани.

Инцидентот се случил на 28 април, во 3 часот по полноќ кога Македонецот на сред улица два пати избол со нож врсник, при што му задал рана во стомакот и предизвикал внатрешни повреди.

Исто така, основано се сомнева и дека, во истата прилика, со нож им задал убодни рани и расекотини на четворица оштетени и им нанел телесни повреди, стои во обвинението.

На момчето му е одреден истражен затвор поради опасност од повтроување на казнените дела, опасност од бегство и опасносн од недопуштено влијание врз сведоците во истрагата.

На македонскиот државјанин ќе му се суди за две казнени дела, а може да добие казна затвор од пет години. Тој, во моментот, се наоѓа во истражниот затвор, пренесуваат хрватските медиуми.

The post 23-годишен македонски државјанин избол 5 лица пред ноќен клуб во Вараждин appeared first on Република.

]]>

Вараждинското Жупаниско државно обвинителство донесе решение за спроведување истрага против 23-годишен државјанин на Македонија, кој пред неколку вечери се обиде да убие едно лице, а четири тешко рани. Инцидентот се случил на 28 април, во 3 часот по полноќ кога Македонецот на сред улица два пати избол со нож врсник, при што му задал рана во стомакот и предизвикал внатрешни повреди.
Исто така, основано се сомнева и дека, во истата прилика, со нож им задал убодни рани и расекотини на четворица оштетени и им нанел телесни повреди, стои во обвинението.
На момчето му е одреден истражен затвор поради опасност од повтроување на казнените дела, опасност од бегство и опасносн од недопуштено влијание врз сведоците во истрагата. На македонскиот државјанин ќе му се суди за две казнени дела, а може да добие казна затвор од пет години. Тој, во моментот, се наоѓа во истражниот затвор, пренесуваат хрватските медиуми.

The post 23-годишен македонски државјанин избол 5 лица пред ноќен клуб во Вараждин appeared first on Република.

]]>