вапсани јајца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vapsani-jajca/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Apr 2022 18:31:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вапсани јајца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vapsani-jajca/ 32 32 Не е само вапцањето јајца: Обичаи што секој верник треба да ги знае за Велики четврток https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ne-e-samo-vapcanjeto-jajca-obichai-shto-sekoj-vernik-treba-da-gi-znae-za-veliki-chetvrtok-2/ Thu, 21 Apr 2022 05:54:37 +0000 https://republika.mk/?p=491383

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 април денеска е Велики Четврток.

Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи. Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова.

Во великата недела со обичаи и верувања особено е исполнет Велики четврток или Величетврток како што почесто се вика меѓу народот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. В. Кличкова запишала дека во Порече, а тоа го среќаваме и во други краишта на Македонија, првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот ‒ главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има магиска моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл.

Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ.

Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало, за да се сучи касметот. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја.

По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок.

Во Скопско, како што запишала Милица Георгиева, јајцата се бојадисувале не само пред сонце туку и пред да удрело клепалото од црквата зашто таквите јајца помалку се кршеле и подолго време не се расипувале. Е. Спространов сведочи дека во Охрид вечерта се носеле во црквата неколку црвени јајца „за да чует дванајсет ванѓељја“, а потоа едно од нив закопувале во нивата или во лозјето „за бериќет“. И Стефан Тановиќ во записите од Гевгелиско сведочи за одење во црквата каде што се слушале дванаесетте евангелија, а за тоа време секој во рацете држел свеќи. Таа свеќа, пак, што се држела додека се читало последното евангелие се носела дома и од неа се палело кандилото пред иконата.

Со Велики четврток се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. Стефан Верковиќ забележал дека во с. Мачуково, во егејскиот дел на Македонија, „таа ден колко црни кокошки снесат јајцата, и бележуват сус кониц, да напкум ʼи закопуват уф лозјата, за да не ʼи удре грат“. Кузман Шапкарев забележал обичај според кој малите моми замесувале за прв пат тесто, кое потоа со црвените јајца (чиј број бил колку што имало членови семејството) го носеле во црквата за таму да преспие додека се читале дванаесетте евангелија. Со тој квасец по празникот замесувале леб.

На Велики четврток се запотнува, како што тоа се прави на сите Величетвртоци до Спасовден кога и не се работи, како што запишал Е. Спространов „за да не бијат град“. Запотнувањето се прави на тој начин што се става потка на клучките од вратите, потоа на долапите, стомните, грнците, амбарите, каците, бочвите и други места. За потка се користат билки за кои се верува дека имаат волшебна моќ како што се: кукурек, вратика, челинок, понекогаш се запотнува со гранки од леска, дрен, и др. Се запотнува за здравје но и со верување дека на тој начин луѓето, стоката и објектите ќе се заштитат од разни болести, несреќи, елементарни непогоди и сл.

На Велики четврток се изведуваат и други обичаи. На пр. се јаде пресен зелник со зелје, потоа девојките си ги мијат косите, а во водата ставаат црвено јајце и здравец, за здравје. Во Мариово, како што запишал Милан Ристески, овчарите потстригувале неколку овци за потоа да стрижат во четвртоците, жените заплевувале во нивјето за потоа и тие да можат да плеват во овие денови, а мажите уште и оделе по дрва но без секира за да не треска град.
Во Радовиш според записите на З. Делиниколова на овој ден вапцуваат јајца за Велигден. Секоја домаќинка јајцата што се одредени за вапцување ги пребројува уште во средата наутро, ги става во чиста вода да се киснат – за да им излезат нечистотиите. Приквечер ги варат јајцата во вода, ги мијат и ги бришат. Тогаш се пригитвува и бојата „бакам“ која ја купуваат од продавниците. Бакамот е црвена боја во форма на корупки од фамилијата на некои растенија, махунарки, кај нас се увезува од Мала Азија. За да си ја пушти подобро бојата бакамот се става од вечер во ладна вода „да кисне“ со која утредента јајцата се вапцуваат црвено. Во поново време јајцата се вапцуваат со други аналински бои: модри, зелени, жолти, шарени и др. До неодамна за бојадисување се користеле лушпи од кромид кои исто така претходно се киснат во вода за да пуштат боја –жолта. Според кажувањето на постари жерни од градот вистински велигденски јајца се само црвените. Жолтите се сметаат за еврејски, а боењето јајца во други анилински бои продрело од скоро време во градот.

Изутрина на Вели Четврток секоја домаќинка станува рано, пред сонце, тихо за да не ја чуе никој од домашните, а особено децата. Запалува огин и го става на огин раскиснатиот бакам да зоврие, на кој му додава и стипса за да фати бојата. Најнапред пушта еедно јајце – јајцето на дедо Господ – Господово јајце, со кое оди кај децата кои сеуште спијат и ги гали по лице со зборовите: Црвено бело здраво-живо, а потоа го зема јајцето, го става на некое ткаено или плетено црвено парче спроти сонце – на источната страна на куќата и се враќа да ги бојадисува и другите јајца. Тоа го прави на брзина дури не огреало сонцето, за да не се усмрдат. Ако сака домаќинката јајцата да светат ги брише отпосле со зејтинлија крпа. Истиот ден се приготвуваат и слатки за Велигден. Се месат „пупи“ – вид бисквити и гевреци. Овие месени работи се приготвуваат скришум од децата, за да не каснат, зашто е грех да се омрсат пред Велигден. Обичај е на Вели четврток да се касне посен зелник со зелје. Зелниците се месат поручек, за да бидат готови за вечета. Девојчињата и невестите си ги мијат косите сус црвено јајце и здравец – за здравје. По вечера одат во црква на „дванајсет еванѓелии“.

The post Не е само вапцањето јајца: Обичаи што секој верник треба да ги знае за Велики четврток appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 април денеска е Велики Четврток. Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи. Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова. Во великата недела со обичаи и верувања особено е исполнет Велики четврток или Величетврток како што почесто се вика меѓу народот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. В. Кличкова запишала дека во Порече, а тоа го среќаваме и во други краишта на Македонија, првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот ‒ главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има магиска моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл. Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ. Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало, за да се сучи касметот. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја. По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок. Во Скопско, како што запишала Милица Георгиева, јајцата се бојадисувале не само пред сонце туку и пред да удрело клепалото од црквата зашто таквите јајца помалку се кршеле и подолго време не се расипувале. Е. Спространов сведочи дека во Охрид вечерта се носеле во црквата неколку црвени јајца „за да чует дванајсет ванѓељја“, а потоа едно од нив закопувале во нивата или во лозјето „за бериќет“. И Стефан Тановиќ во записите од Гевгелиско сведочи за одење во црквата каде што се слушале дванаесетте евангелија, а за тоа време секој во рацете држел свеќи. Таа свеќа, пак, што се држела додека се читало последното евангелие се носела дома и од неа се палело кандилото пред иконата. Со Велики четврток се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. Стефан Верковиќ забележал дека во с. Мачуково, во егејскиот дел на Македонија, „таа ден колко црни кокошки снесат јајцата, и бележуват сус кониц, да напкум ʼи закопуват уф лозјата, за да не ʼи удре грат“. Кузман Шапкарев забележал обичај според кој малите моми замесувале за прв пат тесто, кое потоа со црвените јајца (чиј број бил колку што имало членови семејството) го носеле во црквата за таму да преспие додека се читале дванаесетте евангелија. Со тој квасец по празникот замесувале леб. На Велики четврток се запотнува, како што тоа се прави на сите Величетвртоци до Спасовден кога и не се работи, како што запишал Е. Спространов „за да не бијат град“. Запотнувањето се прави на тој начин што се става потка на клучките од вратите, потоа на долапите, стомните, грнците, амбарите, каците, бочвите и други места. За потка се користат билки за кои се верува дека имаат волшебна моќ како што се: кукурек, вратика, челинок, понекогаш се запотнува со гранки од леска, дрен, и др. Се запотнува за здравје но и со верување дека на тој начин луѓето, стоката и објектите ќе се заштитат од разни болести, несреќи, елементарни непогоди и сл. На Велики четврток се изведуваат и други обичаи. На пр. се јаде пресен зелник со зелје, потоа девојките си ги мијат косите, а во водата ставаат црвено јајце и здравец, за здравје. Во Мариово, како што запишал Милан Ристески, овчарите потстригувале неколку овци за потоа да стрижат во четвртоците, жените заплевувале во нивјето за потоа и тие да можат да плеват во овие денови, а мажите уште и оделе по дрва но без секира за да не треска град. Во Радовиш според записите на З. Делиниколова на овој ден вапцуваат јајца за Велигден. Секоја домаќинка јајцата што се одредени за вапцување ги пребројува уште во средата наутро, ги става во чиста вода да се киснат – за да им излезат нечистотиите. Приквечер ги варат јајцата во вода, ги мијат и ги бришат. Тогаш се пригитвува и бојата „бакам“ која ја купуваат од продавниците. Бакамот е црвена боја во форма на корупки од фамилијата на некои растенија, махунарки, кај нас се увезува од Мала Азија. За да си ја пушти подобро бојата бакамот се става од вечер во ладна вода „да кисне“ со која утредента јајцата се вапцуваат црвено. Во поново време јајцата се вапцуваат со други аналински бои: модри, зелени, жолти, шарени и др. До неодамна за бојадисување се користеле лушпи од кромид кои исто така претходно се киснат во вода за да пуштат боја –жолта. Според кажувањето на постари жерни од градот вистински велигденски јајца се само црвените. Жолтите се сметаат за еврејски, а боењето јајца во други анилински бои продрело од скоро време во градот. Изутрина на Вели Четврток секоја домаќинка станува рано, пред сонце, тихо за да не ја чуе никој од домашните, а особено децата. Запалува огин и го става на огин раскиснатиот бакам да зоврие, на кој му додава и стипса за да фати бојата. Најнапред пушта еедно јајце – јајцето на дедо Господ – Господово јајце, со кое оди кај децата кои сеуште спијат и ги гали по лице со зборовите: Црвено бело здраво-живо, а потоа го зема јајцето, го става на некое ткаено или плетено црвено парче спроти сонце – на источната страна на куќата и се враќа да ги бојадисува и другите јајца. Тоа го прави на брзина дури не огреало сонцето, за да не се усмрдат. Ако сака домаќинката јајцата да светат ги брише отпосле со зејтинлија крпа. Истиот ден се приготвуваат и слатки за Велигден. Се месат „пупи“ – вид бисквити и гевреци. Овие месени работи се приготвуваат скришум од децата, за да не каснат, зашто е грех да се омрсат пред Велигден. Обичај е на Вели четврток да се касне посен зелник со зелје. Зелниците се месат поручек, за да бидат готови за вечета. Девојчињата и невестите си ги мијат косите сус црвено јајце и здравец – за здравје. По вечера одат во црква на „дванајсет еванѓелии“.

The post Не е само вапцањето јајца: Обичаи што секој верник треба да ги знае за Велики четврток appeared first on Република.

]]>
На изгрејсонце се вапсаат првите три јајца: Знаете ли каква моќ има првото јајце? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/na-izgrejsonce-se-vapsaat-prvite-tri-jajca-znaete-li-kakva-mokj-ima-prvoto-jajce/ Wed, 20 Apr 2022 18:19:36 +0000 https://republika.mk/?p=491377

Утре е Велики четврток, денот кога рано изутрина, пред да изгрее сонцето се вапцаат првите три јајца, во црвена боја која е симбол на големиот христијански празник Велигден.

Се верува дека првите три јајца треба да се вапцуваат пред изгрејсонце за да не ги види сонцето па затоа, според верувањата, не се расипуваат со години.
Според старите обичаи во зори на Велики четврток треба да се вапца барем едно црвено јајце, кое ја симболизира крвта господова.

– Првото вапцано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце.
– Второто вапцано јајце е за домаќинот на семејството.
– Третото вапцано јајце за бериќет и за стоката.

Ккао што останало од порано, првото јајце се трга настрана бидејќи се верува дека тоа има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата.

Според народните преданија со првото вацано јајце се лекуваат одредени болести.

Според старите обичаи домаќинката не треба да биде гладна кога започнува со вапцувањето на јајцата. Треба да касне макар еден залак леб, зашто, наводно, доколку вапцува на празен стомак, таквите јајца не носат радост, туку би можело оној што ги вапцува да биде несреќен и болен.

Домаќинката штом излезат првите сончеви зраци на Велики Четврток, треба да ги буди најблиските и со првото јајце да им помине по лицата со зборовите: црвено, бело, дебело! Вапцувањето на јајцата за Велигден е еден од најасоцијативните обичаи за самиот празник, што всушност, претставува симбол на животот и на раѓањето, а црвената боја, со која најчесто се бојат јајцата, ја претставува Христовата крв.

The post На изгрејсонце се вапсаат првите три јајца: Знаете ли каква моќ има првото јајце? appeared first on Република.

]]>

Утре е Велики четврток, денот кога рано изутрина, пред да изгрее сонцето се вапцаат првите три јајца, во црвена боја која е симбол на големиот христијански празник Велигден. Се верува дека првите три јајца треба да се вапцуваат пред изгрејсонце за да не ги види сонцето па затоа, според верувањата, не се расипуваат со години. Според старите обичаи во зори на Велики четврток треба да се вапца барем едно црвено јајце, кое ја симболизира крвта господова. – Првото вапцано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. – Второто вапцано јајце е за домаќинот на семејството. – Третото вапцано јајце за бериќет и за стоката. Ккао што останало од порано, првото јајце се трга настрана бидејќи се верува дека тоа има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата. Според народните преданија со првото вацано јајце се лекуваат одредени болести. Според старите обичаи домаќинката не треба да биде гладна кога започнува со вапцувањето на јајцата. Треба да касне макар еден залак леб, зашто, наводно, доколку вапцува на празен стомак, таквите јајца не носат радост, туку би можело оној што ги вапцува да биде несреќен и болен. Домаќинката штом излезат првите сончеви зраци на Велики Четврток, треба да ги буди најблиските и со првото јајце да им помине по лицата со зборовите: црвено, бело, дебело! Вапцувањето на јајцата за Велигден е еден од најасоцијативните обичаи за самиот празник, што всушност, претставува симбол на животот и на раѓањето, а црвената боја, со која најчесто се бојат јајцата, ја претставува Христовата крв.

The post На изгрејсонце се вапсаат првите три јајца: Знаете ли каква моќ има првото јајце? appeared first on Република.

]]>