Ванковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vankovska/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Apr 2024 18:45:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ванковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vankovska/ 32 32 Ванковска: Двојно зголемената излезеност во споредба со 2019 зборува за зголемената понуда, но и за зголемената побарувачка кај граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-dvojno-zgolemenata-izlezenost-vo-sporedba-so-2019-zboruva-za-zgolemenata-ponuda-no-i-za-zgolemenata-pobaruvachka-kaj-graganite/ Wed, 24 Apr 2024 18:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=770408

Само да се заблагодарам на сите оние кои масовно излегоа денес, ако не се лажам некаде во 17 часот беше двојно зголемена излезноста во споредба со претседателските избори од 2019 година што зборува за зголемената понуда, но и за зголемена побарувачка кај граѓаните да го искажат своето мислење каде се движи државата, истакна кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска.

– За жал како да во Mакедонија како да се одвиваат два изборни процеси, двајцата противкандидати од албанскиот блок како да се натпреваруваат меѓусебе и како тоа ќе се рефлектира врз парламентарните избори.

Што се однесува до македонскиот блок, она што го видов пред да стигнам е дека некои медиуми веќе ги прогласија победниците и тоа ме врати на мојата прва прес-конференција и едно од првите прашања беше кому Ванковска ќе ги даде гласовите во вториот круг.

Фаворитите се наводно утврдени и тоа ја убива волјата на граѓаните. Ќе почекаме да ги видиме реултатите и се надевам дека поголемата излезност значи и повеќе гласови за мене како претставник на Левица. Ова однапред завршување на трката го сметам за преурането – истакна на прес-конференција Билјана Ванковска.

The post Ванковска: Двојно зголемената излезеност во споредба со 2019 зборува за зголемената понуда, но и за зголемената побарувачка кај граѓаните appeared first on Република.

]]>

Само да се заблагодарам на сите оние кои масовно излегоа денес, ако не се лажам некаде во 17 часот беше двојно зголемена излезноста во споредба со претседателските избори од 2019 година што зборува за зголемената понуда, но и за зголемена побарувачка кај граѓаните да го искажат своето мислење каде се движи државата, истакна кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска. – За жал како да во Mакедонија како да се одвиваат два изборни процеси, двајцата противкандидати од албанскиот блок како да се натпреваруваат меѓусебе и како тоа ќе се рефлектира врз парламентарните избори. Што се однесува до македонскиот блок, она што го видов пред да стигнам е дека некои медиуми веќе ги прогласија победниците и тоа ме врати на мојата прва прес-конференција и едно од првите прашања беше кому Ванковска ќе ги даде гласовите во вториот круг. Фаворитите се наводно утврдени и тоа ја убива волјата на граѓаните. Ќе почекаме да ги видиме реултатите и се надевам дека поголемата излезност значи и повеќе гласови за мене како претставник на Левица. Ова однапред завршување на трката го сметам за преурането – истакна на прес-конференција Билјана Ванковска.

The post Ванковска: Двојно зголемената излезеност во споредба со 2019 зборува за зголемената понуда, но и за зголемената побарувачка кај граѓаните appeared first on Република.

]]>
За Ванковска надворешната политика ни е вазалска, а според Димитриевски имаме бизнис-доверителка дипломатија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-vankovska-nadvoreshnata-politika-ni-e-vazalska-a-spored-dimitrievski-imame-biznis-doveritelka-diplomatija/ Sun, 21 Apr 2024 19:36:58 +0000 https://republika.mk/?p=769057

Нас ни треба вистинска академска дипломатија, а не вазалска дипломатија како што кажа претседателот Пендаровски, рече кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска на прашањето за тоа каква дипломатија и е потреба на Македонија.

Според Димитриевски ние сега имаме бизнис-доверителка дипломатија

The post За Ванковска надворешната политика ни е вазалска, а според Димитриевски имаме бизнис-доверителка дипломатија appeared first on Република.

]]>

Нас ни треба вистинска академска дипломатија, а не вазалска дипломатија како што кажа претседателот Пендаровски, рече кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска на прашањето за тоа каква дипломатија и е потреба на Македонија. Според Димитриевски ние сега имаме бизнис-доверителка дипломатија

The post За Ванковска надворешната политика ни е вазалска, а според Димитриевски имаме бизнис-доверителка дипломатија appeared first on Република.

]]>
Ванковска: За предвремени избори треба мнозинство во парламентот, не премиерска оставка, Таче „заборавил” дека стана премиер откако ЗЗ си даде оставка, без да оди на избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-za-predvremeni-izbori-treba-mnozinstvo-vo-parlamentot-ne-premierska-ostavka-tache-zaboravil-deka-stana-premier-otkako-zz-si-dade-ostavka-bez-da-odi-na-izbori/ Mon, 21 Aug 2023 09:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=674099

Јас пак со задоцнување … Дури утрово го слушав интервјуто на Таче за Сител. Дали не знае или не’ прави будали кога вели дека по изгласувањето на уставните амандмани би си дал оставка и би оделе на избори, пишува на својот фејсбук профил професорката Билјана Ванковска.

За предвремени избори е потребно мнозинство во парламентот, а не премиерска оставка! Тој “заборавил” дека токму поради тоа стана премиер откако ЗЗ си даде оставка, без да оди на избори.

За манипулациите со Деловникот на Собранието од Џафери не ми се ни зборува - тоа е само доказ дека ние немаме уставно заснована држава. Ова е башибозук!

На ова додајте го молкот околу модуларната болница, образот ѓон, а и никој не ги гони одговорните.

Само да потсетам: власта се дели на законодавна, извршна и судска! Која функционира кај нас? Прашањето е реторичко.

The post Ванковска: За предвремени избори треба мнозинство во парламентот, не премиерска оставка, Таче „заборавил” дека стана премиер откако ЗЗ си даде оставка, без да оди на избори appeared first on Република.

Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено средно образование има за 11.000 повисока плата од редовен професор на УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-tehnichki-sekretar-vo-aek-so-zavrsheno-sredno-obrazovanie-ima-za-11-000-povisoka-plata-od-redoven-profesor-na-ukim/ Mon, 08 Aug 2022 17:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=538133

На огласот за работна позиција технички секретар во АЕК, на која може да се аплицира и со завршено средно образование, платата е 47.000 денари. Ова е за 11.000 ден. повисока плата од таа на редовен професор на УКИМ, пишува професорката Билјана Ванковска на фејсбук.

Утрово видов и оглас за 26 работни места во ЦУК, кај Стојанче. Без искуство, со прво вработување, добиваат професорска плата. Куриозитет е (ако не грешам) дека за ниту едно работно место не се бара кадар од Институтот за безбедност, одбрана и мир. А нашите студенти се утепаа од учење за кризен менаџмент, за цивилна одбрана и заштита, за ЦУК и тн.

И на сето ова додаваш вести за зголемување даноци и инфлација до небо, со највисоки цени на лебот, и си велиш: отишло се' по ѓаволите, а уште ни есен не дошла (деца на школо, огрев, и сл.).

Но, затоа тие се дебелат - БУКВАЛНО!

The post Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено средно образование има за 11.000 повисока плата од редовен професор на УКИМ appeared first on Република.