Вангел Наумовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vangel-naumovski/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 15:08:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вангел Наумовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vangel-naumovski/ 32 32 Јубилејна изложба вечерва во Куќата на Робевци „100 години од раѓањето на Вангел Наумовски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jubilejna-izlozhba-vecherva-vo-kukata-na-robevtsi-100-godini-od-raganeto-na-vangel-naumovski/ Fri, 02 Aug 2024 16:23:14 +0000 https://republika.mk/?p=802853

Во петок на Втори август од 20 часот во Куќата на Робевци во Охрид ќе биде отворена  ”Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски”.

На оваа изложба ќе бидат претставени дела содржани во збирката ”Вангел Наумовски” во сопственост на ЈЗУ Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“од Охрид.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Национална Галерија -Скопје, во соработка со вработените од НУ.Завод и Музеј Охрид, Катерина Велкоска, раководител на проектот, м-р Сашо Блажески и м-р Никола Патчев , конзерватори на уметничките дела.

Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски е проект подржан од Министерство за култура и туризам на Р.Македонија.

Изложените слики љубителите на уметноста во Робевци ќе можат да ги видат се до 1 септември.

The post Јубилејна изложба вечерва во Куќата на Робевци „100 години од раѓањето на Вангел Наумовски“ appeared first on Република.

]]>

Во петок на Втори август од 20 часот во Куќата на Робевци во Охрид ќе биде отворена  ”Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски”. На оваа изложба ќе бидат претставени дела содржани во збирката ”Вангел Наумовски” во сопственост на ЈЗУ Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“од Охрид. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Национална Галерија -Скопје, во соработка со вработените од НУ.Завод и Музеј Охрид, Катерина Велкоска, раководител на проектот, м-р Сашо Блажески и м-р Никола Патчев , конзерватори на уметничките дела. Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски е проект подржан од Министерство за култура и туризам на Р.Македонија. Изложените слики љубителите на уметноста во Робевци ќе можат да ги видат се до 1 септември.

The post Јубилејна изложба вечерва во Куќата на Робевци „100 години од раѓањето на Вангел Наумовски“ appeared first on Република.

]]>
Во пресрет на Илинден во Охрид: Вечерва на полноќ се отвора ретроспективна изложба на дела од Вангел Наумовски по повод 100 години од неговото раѓање https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-presret-na-ilinden-vo-ohrid-vecherva-na-polnok-se-otvora-retrospektivna-izlozhba-na-dela-od-vangel-naumovski-po-povod-100-godini-od-negovoto-ragane/ Thu, 01 Aug 2024 08:19:45 +0000 https://republika.mk/?p=801902

По повод 100 години од неговото раѓање, а во чест на големиот празник Илинден, ќе се одржи ретроспективна изложба на слики од Вангел Наумовски.

Поздравни говори ќе одржат Рубенс Наумовски, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, како и Јордан Плевнеш. Ќе бидат прикажани инсерти од архивски видео материјали – Кирил Темков со Вангел за Вангел, а музичко интермецо ќе одржи Владимир Четкар.

По традиција, од 1987 година манифестацијата започнува на 1-ви август во 24:00 часот, а ќе се одржи во домот/галерија на Вангел Наумовски „Охридска порта – Љубица“, на улица „8.Септември“ број.3.

The post Во пресрет на Илинден во Охрид: Вечерва на полноќ се отвора ретроспективна изложба на дела од Вангел Наумовски по повод 100 години од неговото раѓање appeared first on Република.

]]>

По повод 100 години од неговото раѓање, а во чест на големиот празник Илинден, ќе се одржи ретроспективна изложба на слики од Вангел Наумовски.

Поздравни говори ќе одржат Рубенс Наумовски, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, како и Јордан Плевнеш. Ќе бидат прикажани инсерти од архивски видео материјали – Кирил Темков со Вангел за Вангел, а музичко интермецо ќе одржи Владимир Четкар.

По традиција, од 1987 година манифестацијата започнува на 1-ви август во 24:00 часот, а ќе се одржи во домот/галерија на Вангел Наумовски „Охридска порта – Љубица“, на улица „8.Септември“ број.3.

The post Во пресрет на Илинден во Охрид: Вечерва на полноќ се отвора ретроспективна изложба на дела од Вангел Наумовски по повод 100 години од неговото раѓање appeared first on Република.

]]>
Дела од Вангел Наумовски, сопственост на болницата „Св. Еразмо“, се конзервираат и подготвуваат за изложбата „100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dela-od-vangel-naumovski-sopstvenost-na-bolnitsata-sv-erazmo-se-konzerviraat-i-podgotvuvaat-za-izlozhbata-100-godini-od-raganeto-na-vangel-naumovski/ Thu, 18 Jul 2024 08:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=797937

Привршуваат работите на конзерваторскиот тим од НУ Завод и Музеј Охрид, околу конзервирањето и припремата за изложување на колекцијата слики од Вангел Наумовски сопственост на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, информираа на својот фејсбук профил од НУ Завод и музеј Охрид.

Тимот го сочинуваат Катерина Велкоска , кустос , раководител на проектот ''100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски'' Сашо Блажески, козерватор за штафелајно сликарство и Никола Патчев, виш конзерватор за ѕидно сликарство.

Конзерваторскиот тим кој работеше две недели на овој проект изврши детална проверка на делата, отстранување на нечистотијата, китирање и поправка на оштетените делови на сликите и ретуширање на оштетените од човечки фактор покрај временски и атмосферски фактор сликарски површини. Во овој доста краток период се привршуваат најважните чекори кон заштита на оваа значајна збирка за престојната изложба „100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски“, која претставува дел од овогодишната изложбена програма на НУ Завод и Музеј Охрид, потенцираат од Установата.

The post Дела од Вангел Наумовски, сопственост на болницата „Св. Еразмо“, се конзервираат и подготвуваат за изложбата „100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски” appeared first on Република.

]]>

Привршуваат работите на конзерваторскиот тим од НУ Завод и Музеј Охрид, околу конзервирањето и припремата за изложување на колекцијата слики од Вангел Наумовски сопственост на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, информираа на својот фејсбук профил од НУ Завод и музеј Охрид. Тимот го сочинуваат Катерина Велкоска , кустос , раководител на проектот ''100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски'' Сашо Блажески, козерватор за штафелајно сликарство и Никола Патчев, виш конзерватор за ѕидно сликарство.
Конзерваторскиот тим кој работеше две недели на овој проект изврши детална проверка на делата, отстранување на нечистотијата, китирање и поправка на оштетените делови на сликите и ретуширање на оштетените од човечки фактор покрај временски и атмосферски фактор сликарски површини. Во овој доста краток период се привршуваат најважните чекори кон заштита на оваа значајна збирка за престојната изложба „100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски“, која претставува дел од овогодишната изложбена програма на НУ Завод и Музеј Охрид, потенцираат од Установата.

The post Дела од Вангел Наумовски, сопственост на болницата „Св. Еразмо“, се конзервираат и подготвуваат за изложбата „100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски” appeared first on Република.

]]>
Изложба на слики, цртежи и графики од Вангел Наумовски во Галерија „Остен“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-sliki-tsrtezhi-i-grafiki-od-vangel-naumovski-vo-galerija-osten/ Fri, 28 Jun 2024 07:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=791458

Во галеријата Остен како дел од ОСТЕН Биенале Скопје 2024, е поставена изложбата на ликовниот уметник Вангел Наумовски. Во колекцијата на „Остен“ се наоѓаат 65 дела од Наумовски – слики, цртежи и графики.

Наумовски е добитник на награда „Светско културно наследство“ и изложбата се поставува во негова чест со цел да се слави неговото творештво кое ја однесе македонската ликовна уметност во светот.

Вангел Наумовски е роден во охридското село Скребатно 1924 година. Се запишува во Средното уметничко училиште во Скопје, но во 1947 година е исклучен од истото како „неталентиран“. Првата негова работа е цртач во ателјето за резба во Охрид, додека неговата прва изложба е во родниот град Охрид во 1954 година. Потоа следувале нови изложби, награди и признанија.

Првпат во странство Наумовски се претставил во 1961, додека во 1967 година станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, кое на изложба во 1969 година му ја доделува наградата „Свадбен венец“. Истата година од градот Охрид ја добива наградата за сликарство „Седми ноември“ и тој почнува да се занимава исклучиво со сликарството како слободен уметник.

Во 1974 година, Наумовски е награден со Гран при за сликарство од Колекцијата „Винстон” во Женева, ја добил и наградата за сликарство „Нерешки мајстори” на ДЛУМ, а во 1979 година станал член на Италијанската академија за ликовни уметности (Academia Italia de belle Arti e del Lavoro), од каде што е номиниран и за академик. Во Италија е награден и со „Награда на Италија“ (Premio d’ Italia) во 1980 година. На првото Биенале на југословенската самоука ликовна уметност во Светозарево во 1981 година добил Откупна награда, а во истата година и Награда за цртеж од Музејот на современа уметност во Скопје. Во 1984 година италијанскиот Центар за студии и истражувања на нациите (Centro Studi e Ricerche delle Nazioni) му доделува „Светска награда за култура“ (Premio Mondale della Cultura) и „Статуа на победата 1984“ (Statuata della Vittoria 1984), a Европската академија од Италија наградата „Европско знаме на уметноста” со златен медал.

Наумовски има остварено над 30 самостојни и 100-тина групни изложби низ сите центри на модерната уметност како Париз, Рим, Лондон и Њујорк… а неговите дела се наоѓаат во многу музеи во Македонија и низ светот.

Починал на 13 јуни 2006 година во Охрид.

 

The post Изложба на слики, цртежи и графики од Вангел Наумовски во Галерија „Остен“ appeared first on Република.

]]>

Во галеријата Остен како дел од ОСТЕН Биенале Скопје 2024, е поставена изложбата на ликовниот уметник Вангел Наумовски. Во колекцијата на „Остен“ се наоѓаат 65 дела од Наумовски – слики, цртежи и графики. Наумовски е добитник на награда „Светско културно наследство“ и изложбата се поставува во негова чест со цел да се слави неговото творештво кое ја однесе македонската ликовна уметност во светот. Вангел Наумовски е роден во охридското село Скребатно 1924 година. Се запишува во Средното уметничко училиште во Скопје, но во 1947 година е исклучен од истото како „неталентиран“. Првата негова работа е цртач во ателјето за резба во Охрид, додека неговата прва изложба е во родниот град Охрид во 1954 година. Потоа следувале нови изложби, награди и признанија. Првпат во странство Наумовски се претставил во 1961, додека во 1967 година станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, кое на изложба во 1969 година му ја доделува наградата „Свадбен венец“. Истата година од градот Охрид ја добива наградата за сликарство „Седми ноември“ и тој почнува да се занимава исклучиво со сликарството како слободен уметник. Во 1974 година, Наумовски е награден со Гран при за сликарство од Колекцијата „Винстон” во Женева, ја добил и наградата за сликарство „Нерешки мајстори” на ДЛУМ, а во 1979 година станал член на Италијанската академија за ликовни уметности (Academia Italia de belle Arti e del Lavoro), од каде што е номиниран и за академик. Во Италија е награден и со „Награда на Италија“ (Premio d’ Italia) во 1980 година. На првото Биенале на југословенската самоука ликовна уметност во Светозарево во 1981 година добил Откупна награда, а во истата година и Награда за цртеж од Музејот на современа уметност во Скопје. Во 1984 година италијанскиот Центар за студии и истражувања на нациите (Centro Studi e Ricerche delle Nazioni) му доделува „Светска награда за култура“ (Premio Mondale della Cultura) и „Статуа на победата 1984“ (Statuata della Vittoria 1984), a Европската академија од Италија наградата „Европско знаме на уметноста” со златен медал. Наумовски има остварено над 30 самостојни и 100-тина групни изложби низ сите центри на модерната уметност како Париз, Рим, Лондон и Њујорк… а неговите дела се наоѓаат во многу музеи во Македонија и низ светот. Починал на 13 јуни 2006 година во Охрид.  

The post Изложба на слики, цртежи и графики од Вангел Наумовски во Галерија „Остен“ appeared first on Република.

]]>
Охрид доби мурал по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ohrid-dobi-mural-po-povod-100-godini-od-raganeto-na-vangel-naumovski/ Mon, 25 Mar 2024 13:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=758564

По повод 100 години од раѓањето на познатиот охридски сликар Ванѓел Наумовски, охриѓани со достојна почит кон него, изработија цртеж на охридска зграда.

The post Охрид доби мурал по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски appeared first on Република.

]]>

По повод 100 години од раѓањето на познатиот охридски сликар Ванѓел Наумовски, охриѓани со достојна почит кон него, изработија цртеж на охридска зграда.

The post Охрид доби мурал по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски appeared first on Република.

]]>