Вангел Коџоман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vangel-kodhoman/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 07:39:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вангел Коџоман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vangel-kodhoman/ 32 32 Изложбата „Вангел Коџоман, 120 години од раѓањето“ во Даут-пашин амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-vangel-kodhoman-120-godini-od-raganeto-vo-daut-pashin-amam/ Tue, 19 Nov 2024 07:39:54 +0000 https://republika.mk/?p=839412

Изложба посветена на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман ќе биде отворена вечерва, во 20 ќасот во Даут-пашин амам, во Скопје, по повод 120 години од неговото раѓање.

Коџоман ѝ припаѓа на првата генерација академски образовани уметници, заедно со Димитар Пандилов, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски, а нешто подоцна и Василие Поповиќ-Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски и Љубомир Белогаски, кои се сметаат за основоположници на македонската модерна уметност.

Важно е да потсетиме на огромните напори што овие автори ги вложувале во своето творештво за осовременување на македонскиот ликовен и културен живот, кој се одвивал во тешки економски и општествено-политички услови. Тие твореле во времиња кога уметноста не ѝ била толку блиска на пошироката јавност, во период обележан од војни, сиромаштија и несигурност. Делата на овие автори за нас претставуваат и своевидно сведоштво за тие минати времиња, белези што нѐ потсетуваат на промените што се случувале, а кои уметниците ги доживувале на ним својствен длабок, емотивен, индивидуален начин. Во творештвото на Вангел Коџоман тешко може да се издвојат одредени фази. Грубо, тоа може да се подели на два временски периода: пред Втората светска војна до 1950 година и од педесеттите до осумдесеттите години. Првиот е период кога во неговите дела се забележува академскиот реализам, како и постимпресионистичко влијание од белградската ликовна школа, додека вториот се карактеризира со веќе формиран личен колористички експресионизам што преовладува во неговите дела, а со елементи од фовистичкото сликарство, велат од Националната галелрија.

Кураторка на изложбата е Александра Зиновски Вилиќ.

Она што најмногу ќе го обележи творештвото на Коџоман е неговиот придонес во обработувањето на многу различни теми. Интересот кон сѐ што го опкружува со помош на својот сликарски занает вредно го бележи, црта, слика. Се чини дека не постои тема што тој не ја обработува или, пак, не се обидува да ја стави на хартија, на платно. Масло, пастел и акварел се техниките со кои ги работи своите дела на темите: актови, портрети, пејзажи, мртви природи, како и дела со мотиви од староградската архитектура, дела со социјална тематика и дела со историска содржина. Сепак, најпрепознатлив е по пејзажот и портретот, во кои ги остварува своите најголеми и најзначајни дела. Ликовниот опус на Вангел Коџоман е многу голем. Пред сѐ, тоа се должи на неговата мисла дека уметноста треба да биде меѓу луѓето, дека таа му припаѓа секому и дека не треба да биде ничија привилегија. Оттука ги црпи својата истрајност, дисциплинираност и посветеност кон работата. Третманот на сите техники во кои се изразува за него имаат иста важност и вредност, како и темите што ги обработува во текот на својот творечки живот, што ќе го обележи како особено плоден автор, препознатлив и запаметен како сликар на македонското поднебје – вели кураторката Зиновски Вилиќ.

До крајот на својот живот (1994) вредно, одговорно и со огромна љубов ќе биде посветен на својот занает: уметноста и сликарството.

Улогата на Вангел Коџоман како еден од основоположниците на македонската модерна уметност ќе остане забележана и високовреднувана во историјата на македонската уметност.

Изложбата ќе трае до 20 декември годинава.

The post Изложбата „Вангел Коџоман, 120 години од раѓањето“ во Даут-пашин амам appeared first on Република.

]]>

Изложба посветена на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман ќе биде отворена вечерва, во 20 ќасот во Даут-пашин амам, во Скопје, по повод 120 години од неговото раѓање. Коџоман ѝ припаѓа на првата генерација академски образовани уметници, заедно со Димитар Пандилов, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски, а нешто подоцна и Василие Поповиќ-Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски и Љубомир Белогаски, кои се сметаат за основоположници на македонската модерна уметност.
Важно е да потсетиме на огромните напори што овие автори ги вложувале во своето творештво за осовременување на македонскиот ликовен и културен живот, кој се одвивал во тешки економски и општествено-политички услови. Тие твореле во времиња кога уметноста не ѝ била толку блиска на пошироката јавност, во период обележан од војни, сиромаштија и несигурност. Делата на овие автори за нас претставуваат и своевидно сведоштво за тие минати времиња, белези што нѐ потсетуваат на промените што се случувале, а кои уметниците ги доживувале на ним својствен длабок, емотивен, индивидуален начин. Во творештвото на Вангел Коџоман тешко може да се издвојат одредени фази. Грубо, тоа може да се подели на два временски периода: пред Втората светска војна до 1950 година и од педесеттите до осумдесеттите години. Првиот е период кога во неговите дела се забележува академскиот реализам, како и постимпресионистичко влијание од белградската ликовна школа, додека вториот се карактеризира со веќе формиран личен колористички експресионизам што преовладува во неговите дела, а со елементи од фовистичкото сликарство, велат од Националната галелрија.
Кураторка на изложбата е Александра Зиновски Вилиќ.
Она што најмногу ќе го обележи творештвото на Коџоман е неговиот придонес во обработувањето на многу различни теми. Интересот кон сѐ што го опкружува со помош на својот сликарски занает вредно го бележи, црта, слика. Се чини дека не постои тема што тој не ја обработува или, пак, не се обидува да ја стави на хартија, на платно. Масло, пастел и акварел се техниките со кои ги работи своите дела на темите: актови, портрети, пејзажи, мртви природи, како и дела со мотиви од староградската архитектура, дела со социјална тематика и дела со историска содржина. Сепак, најпрепознатлив е по пејзажот и портретот, во кои ги остварува своите најголеми и најзначајни дела. Ликовниот опус на Вангел Коџоман е многу голем. Пред сѐ, тоа се должи на неговата мисла дека уметноста треба да биде меѓу луѓето, дека таа му припаѓа секому и дека не треба да биде ничија привилегија. Оттука ги црпи својата истрајност, дисциплинираност и посветеност кон работата. Третманот на сите техники во кои се изразува за него имаат иста важност и вредност, како и темите што ги обработува во текот на својот творечки живот, што ќе го обележи како особено плоден автор, препознатлив и запаметен како сликар на македонското поднебје – вели кураторката Зиновски Вилиќ.
До крајот на својот живот (1994) вредно, одговорно и со огромна љубов ќе биде посветен на својот занает: уметноста и сликарството. Улогата на Вангел Коџоман како еден од основоположниците на македонската модерна уметност ќе остане забележана и високовреднувана во историјата на македонската уметност. Изложбата ќе трае до 20 декември годинава.

The post Изложбата „Вангел Коџоман, 120 години од раѓањето“ во Даут-пашин амам appeared first on Република.

]]>
Изложба по повод 120 години од раѓањето на Вангел Коџоман https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-po-povod-120-godini-od-raganeto-na-vangel-kodhoman/ Mon, 18 Nov 2024 09:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=839044

Националната галерија ја најавува изложбата посветена на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман која ќе биде реализирана во објектот Даут пашин амам по повод 120 години од неговото раѓање.

Изложбата ќе биде отворена на 19 ноември (вторник), со почеток во 20 часот. Присутните ќе имаат прилика да се потсетат на неговиот живот и творештво, неговите портрети и пејзажи, боите и светлината на неговиот роден крај.

Вангел Коџоман (14 февруари 1904 во Струга — 28 септември 1994 во Скопје) е македонски ликовен уметник, академик и еден од основоположниците на македонската современа уметност.

Се школувал во Охрид каде во 1923/24 година матурирал во Охридската гимназија. Од 1924 до 1928 година го завршил наставниот оддел на Уметничката школа во Белград (проф. Бета Вукановиќ, Љуба Ивановиќ, И. Шобаиќ). Во 1928 година го продолжил студирањето на двегодишниот академски курс за чиста уметност кај проф. Милан Миловановиќ. Кон крајот на школувањето бил на покус студиски престој во Италија.

По отслужувањето на деветомесечниот воен рок во Сараево во 1931 година стапил во служба како ликовен педагог во Охридската гимназија. Од 1929, особено од 1936 година до почетокот на војната учествувал во пролетните изложби на сликарски и вајарски дела на југословенските уметници и на есенските изложби на белградските уметници во Белград. Во 1937 година Учествувал на изложбата на независните сликари во Белград, наречена „бојкоташка". Во 1938-39 година. Во Белград добил место на професор по ликовно воспитание во Седмата машка гимназија, каде останал до 1945 година и учествувал во културниот, уметничкиот и спортскиот живот.

Во месец октомври, неколку дена по ослободувањето на Белград, стапил како воен сликар на должност шеф на Одделот за пропаганда при Главниот штаб на Македонија за ширење на ликовната уметност во војската и народот на која останал шест месеци, до први јуни 1945 година. По демобилизирањето, кон крајот на септември 1945 година. Дошол во ослободеното Скопје каде се вработил како професор во Средната художествена школа која во 1948 г. го добива називот Училиште за применета уметност. Таму работел во 1952 г. Вангел Коџоман е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија во Скопје и долгогодишен член на неговата управа.

Од 1945 година учествувал на изложбите на ДЛУМ во Скопје и во другите југословенски центри, како и на разни тематски изложби. Од 1952 г одина започнал да работи како професор на Вишата педагошка школа во Скопје, каде до 1972 година предавал сликарство и методика на ликовното воспитание. Учел повеќе генерации млади уметници и педагози. Во 1953 година, заедно со Личеноски и Мартиноски ја претставувал македонската ликовна уметност на големата изложба „Половина век на југословенското сликарство, 1900-1950" во Модерната галерија во Загреб.

Во 1955-56 година остварил четиримесечен студиски престој во Париз. Во неговиот Дневник ќе запише: „По престојот во метрополата моите настојувања стануваат се посмели и поафирмативни, ро извесно надградување и формирање на творечкиот инстинкт". Во 1974 година во Струга ја отворил постојаната тематска изложба-легат Струга во минатото, сместена во Спомен-куќата на Вангел Коџоман, со околу 30 масла и акварели. Во 1975 година е избран за дописен член на МАНУ. Редовен член е 1981 година. Носител е на наградите: Октомвриска награда на СРМ за животно дело - 1969; Осмоноемвриска награда на Струга - 1975; АВНОЈ - 1979; 13 ноември на Град Скопје - 1981. Починал во Скопје во 1994 година.

 

The post Изложба по повод 120 години од раѓањето на Вангел Коџоман appeared first on Република.

]]>

Националната галерија ја најавува изложбата посветена на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман која ќе биде реализирана во објектот Даут пашин амам по повод 120 години од неговото раѓање. Изложбата ќе биде отворена на 19 ноември (вторник), со почеток во 20 часот. Присутните ќе имаат прилика да се потсетат на неговиот живот и творештво, неговите портрети и пејзажи, боите и светлината на неговиот роден крај. Вангел Коџоман (14 февруари 1904 во Струга — 28 септември 1994 во Скопје) е македонски ликовен уметник, академик и еден од основоположниците на македонската современа уметност. Се школувал во Охрид каде во 1923/24 година матурирал во Охридската гимназија. Од 1924 до 1928 година го завршил наставниот оддел на Уметничката школа во Белград (проф. Бета Вукановиќ, Љуба Ивановиќ, И. Шобаиќ). Во 1928 година го продолжил студирањето на двегодишниот академски курс за чиста уметност кај проф. Милан Миловановиќ. Кон крајот на школувањето бил на покус студиски престој во Италија. По отслужувањето на деветомесечниот воен рок во Сараево во 1931 година стапил во служба како ликовен педагог во Охридската гимназија. Од 1929, особено од 1936 година до почетокот на војната учествувал во пролетните изложби на сликарски и вајарски дела на југословенските уметници и на есенските изложби на белградските уметници во Белград. Во 1937 година Учествувал на изложбата на независните сликари во Белград, наречена „бојкоташка". Во 1938-39 година. Во Белград добил место на професор по ликовно воспитание во Седмата машка гимназија, каде останал до 1945 година и учествувал во културниот, уметничкиот и спортскиот живот. Во месец октомври, неколку дена по ослободувањето на Белград, стапил како воен сликар на должност шеф на Одделот за пропаганда при Главниот штаб на Македонија за ширење на ликовната уметност во војската и народот на која останал шест месеци, до први јуни 1945 година. По демобилизирањето, кон крајот на септември 1945 година. Дошол во ослободеното Скопје каде се вработил како професор во Средната художествена школа која во 1948 г. го добива називот Училиште за применета уметност. Таму работел во 1952 г. Вангел Коџоман е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија во Скопје и долгогодишен член на неговата управа. Од 1945 година учествувал на изложбите на ДЛУМ во Скопје и во другите југословенски центри, како и на разни тематски изложби. Од 1952 г одина започнал да работи како професор на Вишата педагошка школа во Скопје, каде до 1972 година предавал сликарство и методика на ликовното воспитание. Учел повеќе генерации млади уметници и педагози. Во 1953 година, заедно со Личеноски и Мартиноски ја претставувал македонската ликовна уметност на големата изложба „Половина век на југословенското сликарство, 1900-1950" во Модерната галерија во Загреб. Во 1955-56 година остварил четиримесечен студиски престој во Париз. Во неговиот Дневник ќе запише: „По престојот во метрополата моите настојувања стануваат се посмели и поафирмативни, ро извесно надградување и формирање на творечкиот инстинкт". Во 1974 година во Струга ја отворил постојаната тематска изложба-легат Струга во минатото, сместена во Спомен-куќата на Вангел Коџоман, со околу 30 масла и акварели. Во 1975 година е избран за дописен член на МАНУ. Редовен член е 1981 година. Носител е на наградите: Октомвриска награда на СРМ за животно дело - 1969; Осмоноемвриска награда на Струга - 1975; АВНОЈ - 1979; 13 ноември на Град Скопје - 1981. Починал во Скопје во 1994 година.  

The post Изложба по повод 120 години од раѓањето на Вангел Коџоман appeared first on Република.

]]>