Ване Цветанов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vane-cvetanov/ За подобро да се разбереме Sun, 01 Oct 2023 08:20:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ване Цветанов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vane-cvetanov/ 32 32 Цветанов: Се враќам и влегувам во политика како заштитник на бугарското малцинство во Македонија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsvetanov-se-vrakam-i-vleguvam-vo-politika-kako-zashtitnik-na-bugarskoto-maltsinstvo-vo-makedonija/ Sun, 01 Oct 2023 08:20:28 +0000 https://republika.mk/?p=686749

Наредниот месец Ване Цветанов, поранешен претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата се враќа во Македонија, откако во ноември лани замина во Германија, каде бараше азил.

Сега, за ,,Фокус” вели дека ја прекинал постапката за азил, а по процедурата која траела околу еден месец, и откако ќе му бил вратен пасошот, тој си доаѓал дома.

Причината за неговото заминување беше тоа што се товареше за злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра.

Сега, со измените во Кривичниот законик тој вели дека нема опасност од притвор, па се враќал во Македонија, за да го стави на располагање на државата искуството кое го имал со двете најголеми политички партии.

Планирам да влезам во политика како заштитник на бугарското малцинство во Македонија, и како борец против организираниот криминал во којшто плива државата! Имам многу што да кажам на темата. Понатаму, во иднина, планирам да најавам кандидатура за претседател на држава на изборите – појаснува Цветанов.

Целиот текст на Фокус

The post Цветанов: Се враќам и влегувам во политика како заштитник на бугарското малцинство во Македонија! appeared first on Република.

]]>

Наредниот месец Ване Цветанов, поранешен претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата се враќа во Македонија, откако во ноември лани замина во Германија, каде бараше азил. Сега, за ,,Фокус” вели дека ја прекинал постапката за азил, а по процедурата која траела околу еден месец, и откако ќе му бил вратен пасошот, тој си доаѓал дома. Причината за неговото заминување беше тоа што се товареше за злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра. Сега, со измените во Кривичниот законик тој вели дека нема опасност од притвор, па се враќал во Македонија, за да го стави на располагање на државата искуството кое го имал со двете најголеми политички партии. Планирам да влезам во политика како заштитник на бугарското малцинство во Македонија, и како борец против организираниот криминал во којшто плива државата! Имам многу што да кажам на темата. Понатаму, во иднина, планирам да најавам кандидатура за претседател на држава на изборите – појаснува Цветанов. Целиот текст на Фокус

The post Цветанов: Се враќам и влегувам во политика како заштитник на бугарското малцинство во Македонија! appeared first on Република.

]]>
Поранешното момче на Дунавка се враќа во Македонија, му здосади да биде азилант https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/poraneshnoto-momche-na-dunavka-se-vraka-vo-makedonija-mu-zdosadi-da-bide-azilant/ Tue, 26 Sep 2023 12:21:16 +0000 https://republika.mk/?p=685339

Поранешниот функционер Ване Цветанов, се огласи на Фејсбук. Вели дека ќе се врати во Македонија.

„Благодарност до сестра ми и зет ми за огромната поддршка за време на моето азилантско патешествие во Германија. Благодарение на измените на КЗ, опасноста од притвори повеќе не постои, па за еден месец се враќам во Македонија“, напиша Цветанов на Фејсбук.

Цветанов кој беше и сопруг на поранешната мис на Македонија Дунавка Трифуновска избега од Македонија откако во јануари годинава против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 илјади евра. Бегството самиот го пријави во телевизиско интервју за бугарската телевизија „Нова“ во април.

The post Поранешното момче на Дунавка се враќа во Македонија, му здосади да биде азилант appeared first on Република.

]]>

Поранешниот функционер Ване Цветанов, се огласи на Фејсбук. Вели дека ќе се врати во Македонија.
„Благодарност до сестра ми и зет ми за огромната поддршка за време на моето азилантско патешествие во Германија. Благодарение на измените на КЗ, опасноста од притвори повеќе не постои, па за еден месец се враќам во Македонија“, напиша Цветанов на Фејсбук.
Цветанов кој беше и сопруг на поранешната мис на Македонија Дунавка Трифуновска избега од Македонија откако во јануари годинава против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 илјади евра. Бегството самиот го пријави во телевизиско интервју за бугарската телевизија „Нова“ во април.

The post Поранешното момче на Дунавка се враќа во Македонија, му здосади да биде азилант appeared first on Република.

]]>
Азилантот Ване Цветанов не е во Бугарија, социјалните мрежи шпекулираат дека е во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/azilantot-vane-tsvetanov-ne-e-vo-bugarija-sotsijalnite-mrezhi-shpekuliraat-deka-e-vo-germanija/ Sat, 01 Apr 2023 18:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=626156

Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов, ја напуштил земјава.

Тој за „Фокус“ тој открива дека ја напуштил земјава уште на 18-ти ноември минатата година, бидејќи сфатил дека ќе биде осуден на затворска казна од над осум години.

Раскажува и дека не е во Бугарија, туку во друга европска земја каде чека азил, бил во повеќе кампови за азиланти, а сега во зграда со повеќе семејства кои користат заедничка кујна и купатило, разочаран од случувањата во земјава, започнува живот од почеток.

Не се шпeкулации гласините дека побегнав од земјава, но вистината е дека не сум во Бугарија, туку во друга земја од ЕУ. Не смеам да кажам во која, бидејќи започнав пoстапка за азил. Заминав поради тоа што МВР го имаат измонтирано многу јако предметот за мене, и целта им беше да бидам осуден на повеќе од 8 години. Од Македонија си заминав најнормално на 18-ти ноември лани, со пасош, нема место за приказни за бегање во гепек. Не планирам да се враќам назад никогаш, бидејќи омрзнат сум и непријатен сведок за најголемите политички партии,тврди Цветанов за „Фокус“.

На социјалните мрежи шпекулираат дека тој е во Германија но за тоа нема потврда.

Повеќе на „Фокус.мк“

The post Азилантот Ване Цветанов не е во Бугарија, социјалните мрежи шпекулираат дека е во Германија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов, ја напуштил земјава. Тој за „Фокус“ тој открива дека ја напуштил земјава уште на 18-ти ноември минатата година, бидејќи сфатил дека ќе биде осуден на затворска казна од над осум години. Раскажува и дека не е во Бугарија, туку во друга европска земја каде чека азил, бил во повеќе кампови за азиланти, а сега во зграда со повеќе семејства кои користат заедничка кујна и купатило, разочаран од случувањата во земјава, започнува живот од почеток.
Не се шпeкулации гласините дека побегнав од земјава, но вистината е дека не сум во Бугарија, туку во друга земја од ЕУ. Не смеам да кажам во која, бидејќи започнав пoстапка за азил. Заминав поради тоа што МВР го имаат измонтирано многу јако предметот за мене, и целта им беше да бидам осуден на повеќе од 8 години. Од Македонија си заминав најнормално на 18-ти ноември лани, со пасош, нема место за приказни за бегање во гепек. Не планирам да се враќам назад никогаш, бидејќи омрзнат сум и непријатен сведок за најголемите политички партии,тврди Цветанов за „Фокус“.
На социјалните мрежи шпекулираат дека тој е во Германија но за тоа нема потврда. Повеќе на „Фокус.мк“

The post Азилантот Ване Цветанов не е во Бугарија, социјалните мрежи шпекулираат дека е во Германија appeared first on Република.

]]>
Бил жртва на политичка репресија: Ване Цветанов побегнал во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bil-zhrtva-na-politichka-represija-vane-tsvetanov-pobegnal-vo-bugarija/ Sat, 01 Apr 2023 13:31:19 +0000 https://republika.mk/?p=626079

Поранешниот функционер Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 000 евра. Бегството го пријави синоќа во телевизиско интервју за бугарската телевизија Нова.

Жртва сум на политичка репресија. Сакав да го спроведам бугарскиот модел за контрола над регистрираните ревизори, но Владата не сакаше да го практикува бугарскиот модел. Без разлика што Бугарија потроши време и ресурси. Не се чувствувам виновен, но знам дека ќе ме казнат во Македонија благодарение на политичкиот дослух на мојот случај. Во обвинителството во моментов и да сакаат не можат да ми дадат помалку од 3 години – вели новоосвестениот Бугарин во интервјуто.

На прашањето на новинарот дали ќе се врати во Македонија, тој рече:

Не верувам. Она што го направив е избор и нема враќање назад – категоричен е тој.

The post Бил жртва на политичка репресија: Ване Цветанов побегнал во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот функционер Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 000 евра. Бегството го пријави синоќа во телевизиско интервју за бугарската телевизија Нова. Жртва сум на политичка репресија. Сакав да го спроведам бугарскиот модел за контрола над регистрираните ревизори, но Владата не сакаше да го практикува бугарскиот модел. Без разлика што Бугарија потроши време и ресурси. Не се чувствувам виновен, но знам дека ќе ме казнат во Македонија благодарение на политичкиот дослух на мојот случај. Во обвинителството во моментов и да сакаат не можат да ми дадат помалку од 3 години – вели новоосвестениот Бугарин во интервјуто. На прашањето на новинарот дали ќе се врати во Македонија, тој рече: Не верувам. Она што го направив е избор и нема враќање назад – категоричен е тој.

The post Бил жртва на политичка репресија: Ване Цветанов побегнал во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Ване Цветанов откако го сменија од функција почнал да се чуствува како Бугарин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vane-tsvetanov-otkako-go-smenija-od-funktsija-pochnal-da-se-chustvuva-kako-bugarin/ Fri, 03 Mar 2023 21:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=615737

Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов, од неодамна започна јавно да ги искажува своите ставови по повод македонско – бугарските односи кои се актуелни периодов, но и јавно да зборува за неговите бугарски национални чувства.

Тој во изјава за ,,Фокус”,  вели дека додека бил млад, не ги познавал доволно фактите. Кога започнал да студира во Бугарија во 1997 година, започнал да чита многу книги и да ја запознава историјата.

-Фактот дека граѓаните кои што се чувствуваат како етнички Македонци а живеат во Република Македонија и мнозинството граѓани кои што живеат во Република Бугарија дека се најблиски и братски народи никој не може да го сокрие.

Омразата против Бугарија е градена и гаена во две етапи. Првата етапа е за време на српската окупација помеѓу двете светски војни, период во кој се имаат случено огромен број на ѕверства против македонците кои не ја мразеле Бугарија, а втората фаза е за време на комунизмот.

Повеќе на „Фокус.мк“

 

The post Ване Цветанов откако го сменија од функција почнал да се чуствува како Бугарин appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов, од неодамна започна јавно да ги искажува своите ставови по повод македонско – бугарските односи кои се актуелни периодов, но и јавно да зборува за неговите бугарски национални чувства. Тој во изјава за ,,Фокус”,  вели дека додека бил млад, не ги познавал доволно фактите. Кога започнал да студира во Бугарија во 1997 година, започнал да чита многу книги и да ја запознава историјата.
-Фактот дека граѓаните кои што се чувствуваат како етнички Македонци а живеат во Република Македонија и мнозинството граѓани кои што живеат во Република Бугарија дека се најблиски и братски народи никој не може да го сокрие.
Омразата против Бугарија е градена и гаена во две етапи. Првата етапа е за време на српската окупација помеѓу двете светски војни, период во кој се имаат случено огромен број на ѕверства против македонците кои не ја мразеле Бугарија, а втората фаза е за време на комунизмот. Повеќе на „Фокус.мк“  

The post Ване Цветанов откако го сменија од функција почнал да се чуствува како Бугарин appeared first on Република.

]]>
Го нарекуваше модерниот Гоце Делчев, сега и за Ване Заев е зло https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/go-narekuvashe-moderniot-goce-delchev-sega-i-za-vane-zaev-e-zlo/ Mon, 19 Dec 2022 19:39:35 +0000 https://republika.mk/?p=587795

„Немојте вината да ја префрлате на сите судии. Целото зло е правено од Зоран Заев и уште 20-30 судии и јавни обвинители“.

Ова на Фејсбук го објави Ване Цветанов, до неодамна човек од доверба на поранешниот премиер.

Во својата најнова објава, Цветанов го преобјавува и познатиот разговор снимен меѓу Заев и најверојатно Александар Верушевски.

Цветанов кој претходно управуваше со Советот за унапредување и надзор на ревизијата, по што беше разрешен, неодамна доби и кривична пријава за злоупотреба на службената функција.

Во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 во октомври 2018 година Цветанов го спореди премиерот Зоран Заев со македонскиот револуционер Гоце Делчев!

Според мене, за визијата што ја има Зоран Заев, без разлика дали некои го етикетираат како предавник или не, тој е новиот и модерен Гоце Делчев во оваа држава, затоа што тој ги гледа работите сто години нанапред, рече Цветанов.

На неговиот профил сè уште стојат фотографии во кои го воспева неговиот „Пријател, Другар, ЛИДЕР и ЧОВЕЧИШТЕ Зоран Заев“.

The post Го нарекуваше модерниот Гоце Делчев, сега и за Ване Заев е зло appeared first on Република.

]]>

„Немојте вината да ја префрлате на сите судии. Целото зло е правено од Зоран Заев и уште 20-30 судии и јавни обвинители“. Ова на Фејсбук го објави Ване Цветанов, до неодамна човек од доверба на поранешниот премиер. Во својата најнова објава, Цветанов го преобјавува и познатиот разговор снимен меѓу Заев и најверојатно Александар Верушевски. Цветанов кој претходно управуваше со Советот за унапредување и надзор на ревизијата, по што беше разрешен, неодамна доби и кривична пријава за злоупотреба на службената функција. Во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 во октомври 2018 година Цветанов го спореди премиерот Зоран Заев со македонскиот револуционер Гоце Делчев!
Според мене, за визијата што ја има Зоран Заев, без разлика дали некои го етикетираат како предавник или не, тој е новиот и модерен Гоце Делчев во оваа држава, затоа што тој ги гледа работите сто години нанапред, рече Цветанов.
На неговиот профил сè уште стојат фотографии во кои го воспева неговиот „Пријател, Другар, ЛИДЕР и ЧОВЕЧИШТЕ Зоран Заев“.

The post Го нарекуваше модерниот Гоце Делчев, сега и за Ване Заев е зло appeared first on Република.

]]>
Ване Цветанов доби кривична, ја носел Дунавка во странство со државни пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vane-cvetanov-dobi-krivichna-ja-nosel-dunavka-vo-stranstvo-so-drzavni-pari/ Fri, 18 Nov 2022 18:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=575600

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за „злоупотреба на функцијата“ на Ване Цветанов, како претседател на државната институција Совет за унапредување и надзор на ревизијата, за противправна имотна корист од вкупно 4.656.876 денари (75.722 евра), во период од неколку години.

Меѓу неколку дела, тој се товари за заеднички службени патувања со својата невенчана сопруга Дунавка Трипуновска. Со својата партнерка потрошил 93.800 денари, а ја ангажирал како советник за да може да патуваат заедно во странство.

-Исто така, тој ги пречекорил границите на своето службено овластување, постапувајќи спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, спротивно на Статутот на телото и спротивно на Законот за ревизија, па без претходна Одлука за потреба од ангажирање на надворешно лице донесена од страна на Советот на телото, последователно склучил 3 Договори за ангажирање на надворешен советник за специјални цели во телото со Д.Т., која била негова невенчана сопруга, без предвиден надоместок за ангажираното лице. Притоа овие договори биле искористени и како основa за заеднички службени патувања во странство, за што по основ на дневници за службени патувања и патни и дневни трошоци, од сметката на телото неосновано и противправно биле исплатени парични средства во вкупен износ од 93.800 ден. (1.525 евра), се наведува во соопштението.

Цветанов, според МВР, без тендер набавил стоки и услуги во вкупен износ од 2.272.684 ден. (36.954 евра). Навацил стоки и услуги од 430.515 ден. (7.000 евра) за кои постои основано сомнение дека нема реална оправданост за набавка на истите за потребите на телото. Неосновано ангаќирал надворешни лица за сума од 1.803.237 ден. (29.321 евро). Иако веќе телото имало апликативен софтвер, набавил уште еден за 56.640 ден. (921 евра).

The post Ване Цветанов доби кривична, ја носел Дунавка во странство со државни пари appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за „злоупотреба на функцијата“ на Ване Цветанов, како претседател на државната институција Совет за унапредување и надзор на ревизијата, за противправна имотна корист од вкупно 4.656.876 денари (75.722 евра), во период од неколку години. Меѓу неколку дела, тој се товари за заеднички службени патувања со својата невенчана сопруга Дунавка Трипуновска. Со својата партнерка потрошил 93.800 денари, а ја ангажирал како советник за да може да патуваат заедно во странство. -Исто така, тој ги пречекорил границите на своето службено овластување, постапувајќи спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, спротивно на Статутот на телото и спротивно на Законот за ревизија, па без претходна Одлука за потреба од ангажирање на надворешно лице донесена од страна на Советот на телото, последователно склучил 3 Договори за ангажирање на надворешен советник за специјални цели во телото со Д.Т., која била негова невенчана сопруга, без предвиден надоместок за ангажираното лице. Притоа овие договори биле искористени и како основa за заеднички службени патувања во странство, за што по основ на дневници за службени патувања и патни и дневни трошоци, од сметката на телото неосновано и противправно биле исплатени парични средства во вкупен износ од 93.800 ден. (1.525 евра), се наведува во соопштението. Цветанов, според МВР, без тендер набавил стоки и услуги во вкупен износ од 2.272.684 ден. (36.954 евра). Навацил стоки и услуги од 430.515 ден. (7.000 евра) за кои постои основано сомнение дека нема реална оправданост за набавка на истите за потребите на телото. Неосновано ангаќирал надворешни лица за сума од 1.803.237 ден. (29.321 евро). Иако веќе телото имало апликативен софтвер, набавил уште еден за 56.640 ден. (921 евра).

The post Ване Цветанов доби кривична, ја носел Дунавка во странство со државни пари appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за Ване Цветанов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje-za-vane-cvetanov/ Fri, 18 Nov 2022 12:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=575426

Денеска (18.11.2022) Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против В.Ц.(44) од Кочани, поради постоење на основано сомнение дека од позиција на ВД претседател на тело основано од Владата на РСМ, во периодот од 2021 до 15.03.2022 година сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 5 во врска со член 45 „продолжено кривично дело“, предвидено и казниво во Кривичниот законик, со што за себе и за други лица, на штета на Буџетот на телото прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 4.656.876 денари (75.722 евра).

Пријавениот, како лице именувано од Владата на споменатата позиција за периодот од 24.07.2019 до 15.03.2022 година, ги сторил кривичните дела искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања, при што постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Статутот на телото, Законот за ревизија, како и спротивно на Законот за трансформација во редовен работен однос.

Имено, во текот на 2021, спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки пријавениот, без да спроведе постапка за јавни набавки која бил должен да ја спроведе, од неколку економски оператори набавил стоки и услуги во вкупен износ од 2.272.684 ден. (36.954 евра), набавки кои го надминуваат законски дозволениот износ од 12.000 евра во тековната година за набавки на стоки без спроведена постапка, додека во текот на 2022 продолжил со дејствијата и извршил набавка на стоки и услуги од неколку економски оператори во вкупен износ од 430.515 ден. (7.000 евра) за кои постои основано сомнение дека нема реална оправданост за набавка на истите за потребите на телото.

Исто така, тој ги пречекорил границите на своето службено овластување, постапувајќи спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, спротивно на Статутот на телото и спротивно на Законот за ревизија, па без претходна Одлука за потреба од ангажирање на надворешно лице донесена од страна на Советот на телото, последователно склучил 3 Договори за ангажирање на надворешен советник за специјални цели во телото со Д.Т., која била негова невенчана сопруга, без предвиден надоместок за ангажираното лице. Притоа овие договори биле искористени и како основa за заеднички службени патувања во странство, за што по основ на дневници за службени патувања и патни и дневни трошоци, од сметката на телото неосновано и противправно биле исплатени парични средства во вкупен износ од 93.800 ден. (1.525 евра).

На истиот начин, без претходна Одлука за ангажирање на надворешни лица за потребите на телото, спротивно на Законот за ревизија, Статутот на телото и Закон за трансформација во редовен работен однос, пријавениот склучил уште 18 Договори за ангажирање на надворешни лица по разни основи, за услуги за кои согласно Правилникот за систематизација на работни места и Листата на вработени во стручната служба на телото веќе биле вработени таков профил на кадри. Поради ваквите дејствија на пријавениот, од средствата на телото непотребно и неосновано биле исплатени парични средства во вкупен износ од 1.803.237 ден. (29.321 евро).
Дополнително, пријавениот, постапувајќи спротивно на Статутот на телото и спротивно на Законот за ревизија, без претходно донесена Одлука на одржана седница на телото, набавил апликативен софтвер од правно лице иако веќе имало склучено Договор со друг правен субјект кој договор бил во важност, од кој претходно биле набавени апликативни и софтверски решенија за потребите на телото. Со ваквото пречекорување на границите на своите службени овластувања пријавениот дополнително нанел штета на средствата во сопственост на телото во вкупен износ од 56.640 ден. (921 евра).

Со наведените инкриминирачки дејствија, пријавениот постапувал надвор од границите на своите службени овластувања со што го сторил кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 став 5 во врска со член 45 од Кривичниот законик и со тоа овозможил за себе и за други лица, на штета на Буџетот на телото, де се стекнат со противправна имотна корист од вкупно 4.656.876 денари (75.722 евра).

The post Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за Ване Цветанов appeared first on Република.

]]>

Денеска (18.11.2022) Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против В.Ц.(44) од Кочани, поради постоење на основано сомнение дека од позиција на ВД претседател на тело основано од Владата на РСМ, во периодот од 2021 до 15.03.2022 година сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 5 во врска со член 45 „продолжено кривично дело“, предвидено и казниво во Кривичниот законик, со што за себе и за други лица, на штета на Буџетот на телото прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 4.656.876 денари (75.722 евра). Пријавениот, како лице именувано од Владата на споменатата позиција за периодот од 24.07.2019 до 15.03.2022 година, ги сторил кривичните дела искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања, при што постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Статутот на телото, Законот за ревизија, како и спротивно на Законот за трансформација во редовен работен однос. Имено, во текот на 2021, спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки пријавениот, без да спроведе постапка за јавни набавки која бил должен да ја спроведе, од неколку економски оператори набавил стоки и услуги во вкупен износ од 2.272.684 ден. (36.954 евра), набавки кои го надминуваат законски дозволениот износ од 12.000 евра во тековната година за набавки на стоки без спроведена постапка, додека во текот на 2022 продолжил со дејствијата и извршил набавка на стоки и услуги од неколку економски оператори во вкупен износ од 430.515 ден. (7.000 евра) за кои постои основано сомнение дека нема реална оправданост за набавка на истите за потребите на телото. Исто така, тој ги пречекорил границите на своето службено овластување, постапувајќи спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, спротивно на Статутот на телото и спротивно на Законот за ревизија, па без претходна Одлука за потреба од ангажирање на надворешно лице донесена од страна на Советот на телото, последователно склучил 3 Договори за ангажирање на надворешен советник за специјални цели во телото со Д.Т., која била негова невенчана сопруга, без предвиден надоместок за ангажираното лице. Притоа овие договори биле искористени и како основa за заеднички службени патувања во странство, за што по основ на дневници за службени патувања и патни и дневни трошоци, од сметката на телото неосновано и противправно биле исплатени парични средства во вкупен износ од 93.800 ден. (1.525 евра). На истиот начин, без претходна Одлука за ангажирање на надворешни лица за потребите на телото, спротивно на Законот за ревизија, Статутот на телото и Закон за трансформација во редовен работен однос, пријавениот склучил уште 18 Договори за ангажирање на надворешни лица по разни основи, за услуги за кои согласно Правилникот за систематизација на работни места и Листата на вработени во стручната служба на телото веќе биле вработени таков профил на кадри. Поради ваквите дејствија на пријавениот, од средствата на телото непотребно и неосновано биле исплатени парични средства во вкупен износ од 1.803.237 ден. (29.321 евро). Дополнително, пријавениот, постапувајќи спротивно на Статутот на телото и спротивно на Законот за ревизија, без претходно донесена Одлука на одржана седница на телото, набавил апликативен софтвер од правно лице иако веќе имало склучено Договор со друг правен субјект кој договор бил во важност, од кој претходно биле набавени апликативни и софтверски решенија за потребите на телото. Со ваквото пречекорување на границите на своите службени овластувања пријавениот дополнително нанел штета на средствата во сопственост на телото во вкупен износ од 56.640 ден. (921 евра). Со наведените инкриминирачки дејствија, пријавениот постапувал надвор од границите на своите службени овластувања со што го сторил кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 став 5 во врска со член 45 од Кривичниот законик и со тоа овозможил за себе и за други лица, на штета на Буџетот на телото, де се стекнат со противправна имотна корист од вкупно 4.656.876 денари (75.722 евра).

The post Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за Ване Цветанов appeared first on Република.

]]>
Дунавка демантира дека сопругот Ване Цветанов ја вработил во државната институција каде што тој беше директор https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dunavka-demantira-deka-soprugot-vane-cvetanov-ja-vrabotil-vo-drzavnata-institucija-kade-shto-toj-beshe-direktor/ Wed, 16 Mar 2022 09:16:35 +0000 https://republika.mk/?p=473587

Дунавка Трифуновска, сопруга на Ване Цветанов, сега веќе разрешениот директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата демантира дека таа е личноста која нејзиниот сопруг ја ангажирал во советот поради што Владата го разреши. Цветанов беше на оваа функција од јули 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Во меѓувреме се огласи поранашната Мис на Македонија и манекенка, која тврди дека не била вработана во институцијта.

Поради злоупотребата на моето име и презиме во медиумите без мое одобрување и авторизација ве информирам дека јас не сум личноста што е вработена во институцијата што е раководена од мојот емотивен партнер. Тоа се професионалци во својата област пријавени на официјален оглас. Ова е исценирана конструкција во време кога институцијата гради нова иднина преку имплементација на европските директиви, која што е нотирана и во последните европски извештаи, напиша Трифуновска на Инстаграм.

The post Дунавка демантира дека сопругот Ване Цветанов ја вработил во државната институција каде што тој беше директор appeared first on Република.

]]>

Дунавка Трифуновска, сопруга на Ване Цветанов, сега веќе разрешениот директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата демантира дека таа е личноста која нејзиниот сопруг ја ангажирал во советот поради што Владата го разреши. Цветанов беше на оваа функција од јули 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам. Во меѓувреме се огласи поранашната Мис на Македонија и манекенка, која тврди дека не била вработана во институцијта.
Поради злоупотребата на моето име и презиме во медиумите без мое одобрување и авторизација ве информирам дека јас не сум личноста што е вработена во институцијата што е раководена од мојот емотивен партнер. Тоа се професионалци во својата област пријавени на официјален оглас. Ова е исценирана конструкција во време кога институцијата гради нова иднина преку имплементација на европските директиви, која што е нотирана и во последните европски извештаи, напиша Трифуновска на Инстаграм.

The post Дунавка демантира дека сопругот Ване Цветанов ја вработил во државната институција каде што тој беше директор appeared first on Република.

]]>
Владата потврди: Разрешен Ване Цветанов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-potvrdi-razreshen-vane-cvetanov/ Tue, 15 Mar 2022 21:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=473464

Владата го разреши Ване Цветанов од функцијата директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, велат владини извори.

Цветанов за директор на оваа институција беше поставен од поранешниот премиер Зоран Заев во 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Владини извори исто така најавуваат дека ќе има нови 12 советници во Владата, професори економисти, од кои двајца Германци, чии имиња ќе бидат објавени до крајот на неделата.

The post Владата потврди: Разрешен Ване Цветанов appeared first on Република.

]]>

Владата го разреши Ване Цветанов од функцијата директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, велат владини извори. Цветанов за директор на оваа институција беше поставен од поранешниот премиер Зоран Заев во 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам. Владини извори исто така најавуваат дека ќе има нови 12 советници во Владата, професори економисти, од кои двајца Германци, чии имиња ќе бидат објавени до крајот на неделата.

The post Владата потврди: Разрешен Ване Цветанов appeared first on Република.

]]>
Дунавка го „изгоре“: Разрешен Ване Цветанов поради тоа што си ја ангажирал партнерката на работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dunavka-go-izgore-razreshen-vane-cvetanov-poradi-toa-shto-si-ja-angaziral-partnerkata-na-rabota/ Tue, 15 Mar 2022 18:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=473377

„Centar.mk“ дознава од извори во Владата дека на денешната владина седница, Ване Цветанов бил разрешен од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата.

Разрешувањето доаѓа брзо по информациите во јавноста дека Цветанов, како Претседател на оваа државната институција, ја ангажирал сопствената жена, Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.

The post Дунавка го „изгоре“: Разрешен Ване Цветанов поради тоа што си ја ангажирал партнерката на работа appeared first on Република.

]]>

„Centar.mk“ дознава од извори во Владата дека на денешната владина седница, Ване Цветанов бил разрешен од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Разрешувањето доаѓа брзо по информациите во јавноста дека Цветанов, како Претседател на оваа државната институција, ја ангажирал сопствената жена, Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.

The post Дунавка го „изгоре“: Разрешен Ване Цветанов поради тоа што си ја ангажирал партнерката на работа appeared first on Република.

]]>
Дунавка ангажирана во државната институција каде директор е сопругот Ване, ја земал и на службени патувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dunavka-angazirana-vo-drzavnata-institucija-kade-direktor-e-soprugot-vane-ja-zemal-i-na-sluzbeni-patuvanja/ Wed, 09 Mar 2022 13:14:00 +0000 https://republika.mk/?p=470101

Ване Цветанов како претседател на државната институција Совет за унапредување и надзор на ревизијата ја ангажирал жена му Дунавка Трифуновска да му помага во работењето. Трифуновска која е поранешна мис на Македонија оди секој ден на работа во оваа државна институција, а како што вели Цветанов за САКАМДАКАЖАМ.МК за ангажманот не зема пари туку работи волонтерски.

Дунавка е ангажирана со договор за нула денари. Нормално дека жена ми ќе дојде да ми помогне во работењето кога гледа дома колку работа имам, а немам доволно вработени. Министерството за финансии не ми одобрува вработувања, а пред две години една вработена замина во пензија, лани во март и сметководителка ја напушти институцијата. И покрај тоа што законски ми следуваат вработувања и имаме пари, министерот за финасии не ми одобрува вработувања. Затоа Дунавка ми помага, а за тоа не добива ниту денар и немам зошто тоа да го кријам, вели Цветанов кого Владата на оваа функцијата го назначи во јули 2019.

Цветанов не смета дека има нешто спорно во тоа што Трифуновска со која имаат склучено само црковен, но не и граѓански брак, работи во институцијата со која тој раководи. Потврдува дека заедно со него одела на службени патувања дома и во странство.

The post Дунавка ангажирана во државната институција каде директор е сопругот Ване, ја земал и на службени патувања appeared first on Република.

]]>

Ване Цветанов како претседател на државната институција Совет за унапредување и надзор на ревизијата ја ангажирал жена му Дунавка Трифуновска да му помага во работењето. Трифуновска која е поранешна мис на Македонија оди секој ден на работа во оваа државна институција, а како што вели Цветанов за САКАМДАКАЖАМ.МК за ангажманот не зема пари туку работи волонтерски.
Дунавка е ангажирана со договор за нула денари. Нормално дека жена ми ќе дојде да ми помогне во работењето кога гледа дома колку работа имам, а немам доволно вработени. Министерството за финансии не ми одобрува вработувања, а пред две години една вработена замина во пензија, лани во март и сметководителка ја напушти институцијата. И покрај тоа што законски ми следуваат вработувања и имаме пари, министерот за финасии не ми одобрува вработувања. Затоа Дунавка ми помага, а за тоа не добива ниту денар и немам зошто тоа да го кријам, вели Цветанов кого Владата на оваа функцијата го назначи во јули 2019.

Цветанов не смета дека има нешто спорно во тоа што Трифуновска со која имаат склучено само црковен, но не и граѓански брак, работи во институцијата со која тој раководи. Потврдува дека заедно со него одела на службени патувања дома и во странство.

The post Дунавка ангажирана во државната институција каде директор е сопругот Ване, ја земал и на службени патувања appeared first on Република.

]]>