вандализам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vandalizam/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 10:52:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вандализам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vandalizam/ 32 32 Малолетници обиле багер во Капиштец, го придвижиле и удриле во паркирано возило https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/maloletnitsi-obile-bager-vo-kapishtets-go-pridvizhile-i-udrile-vo-parkirano-vozilo/ Sun, 17 Nov 2024 10:52:14 +0000 https://republika.mk/?p=838773

Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило.

Како што информираат од општина Центар, дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета. Полицијата веднаш изврши увид и ги презема сите мерки за утврдување на одговорноста.

Градоначалникот Горан Герасимовски апелира до родителите да разговараат со своите деца за сериозноста последиците на ваквото однесување.

Преминати се сите граници! Оштетен е јавен и приватен имот. Нарушена е безбедноста и јавниот ред. Не смее да се дозволи уништување на јавниот и приватен имот. Ваквото однесување мора да запре пред да се случи и нешто полошо. Повикувам на свест и одговороност“, порача Герасимовски.

Овој инцидент доаѓа неколку месеци по обивањето и кражбата на општинскиот комунален пункт во Капиштец, како и по уништувањето на реквизитите на детските игралишта.

Општина Центар, во текот на летото, објави видео снимки доставени од граѓани, на кои се гледаат сцени на деструкција, дивеење и загрижувачко однесување на млади лица на јавен простор во истата населба.

Градоначалникот тогаш побара засилено присуство на полицијата на терен. По вчерашниот инцидент, Герасимовски повторно потсетува дека безбедноста зависи од заедничкиот ангажман на граѓаните, Министерството за внатрешни работи и локалната самоуправа.

Клучно е да соработуваме и комуницираме за да се спречат ваквите инциденти. Само со заедничко залагање ќе имаме мирни населби и сигурен живот за нашите граѓани“, додаде Герасимовски.

The post Малолетници обиле багер во Капиштец, го придвижиле и удриле во паркирано возило appeared first on Република.

]]>

Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило. Како што информираат од општина Центар, дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета. Полицијата веднаш изврши увид и ги презема сите мерки за утврдување на одговорноста. Градоначалникот Горан Герасимовски апелира до родителите да разговараат со своите деца за сериозноста последиците на ваквото однесување.
Преминати се сите граници! Оштетен е јавен и приватен имот. Нарушена е безбедноста и јавниот ред. Не смее да се дозволи уништување на јавниот и приватен имот. Ваквото однесување мора да запре пред да се случи и нешто полошо. Повикувам на свест и одговороност“, порача Герасимовски.
Овој инцидент доаѓа неколку месеци по обивањето и кражбата на општинскиот комунален пункт во Капиштец, како и по уништувањето на реквизитите на детските игралишта. Општина Центар, во текот на летото, објави видео снимки доставени од граѓани, на кои се гледаат сцени на деструкција, дивеење и загрижувачко однесување на млади лица на јавен простор во истата населба. Градоначалникот тогаш побара засилено присуство на полицијата на терен. По вчерашниот инцидент, Герасимовски повторно потсетува дека безбедноста зависи од заедничкиот ангажман на граѓаните, Министерството за внатрешни работи и локалната самоуправа.
Клучно е да соработуваме и комуницираме за да се спречат ваквите инциденти. Само со заедничко залагање ќе имаме мирни населби и сигурен живот за нашите граѓани“, додаде Герасимовски.

The post Малолетници обиле багер во Капиштец, го придвижиле и удриле во паркирано возило appeared first on Република.

]]>
Повторно оштетен спортски терен во скопски Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/povtorno-oshteten-sportski-teren-vo-skopski-aerodrom/ Thu, 25 May 2023 14:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=644634

И покрај предупредувањата и забелешките, повторно вандализам во скопски Аеродром. За ова се огласија од Општина Аеодром кои апелираат на почитување на јавните површини.

Новиот повеќенаменски терен во ООУ „Љубен Лапе” и изминатата ноќ бил мета на вандалски чин од страна на неодговорни граѓани.

– Апелираме уште еднаш за почитување на површините кои се заедничка сопственост и наследство кое го оставаме на новите генерации. Со овие чинови, се придонесува кон ограничување на содржините кои им се достапни на учениците, а со тоа и ограничување на нивниот правилен раст и развој, повторно упатија апел од локлната самоуправа на Аеродром.

The post Повторно оштетен спортски терен во скопски Аеродром appeared first on Република.

]]>

И покрај предупредувањата и забелешките, повторно вандализам во скопски Аеродром. За ова се огласија од Општина Аеодром кои апелираат на почитување на јавните површини. Новиот повеќенаменски терен во ООУ „Љубен Лапе” и изминатата ноќ бил мета на вандалски чин од страна на неодговорни граѓани.
– Апелираме уште еднаш за почитување на површините кои се заедничка сопственост и наследство кое го оставаме на новите генерации. Со овие чинови, се придонесува кон ограничување на содржините кои им се достапни на учениците, а со тоа и ограничување на нивниот правилен раст и развој, повторно упатија апел од локлната самоуправа на Аеродром.

The post Повторно оштетен спортски терен во скопски Аеродром appeared first on Република.

]]>
Пијана група го обезглави Никола Вапцаров во Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pijana-grupa-go-obezglavi-nikola-vaptsarov-vo-delchevo/ Mon, 06 Mar 2023 09:31:26 +0000 https://republika.mk/?p=616317

Како резултат на вандалски чин настрада споменикот на големиот поет Никола Јонков Вапцаров кој е патрон на Центарот за култура во Делчево. Од Општината го одудија вандалскиот чин, велејки дека ова е резултат на несовесно однесување на пијана група на млади во Делчево, чии испади резултираат со вандализам и уништување на опрема.

Упатуваме осудува за овој чин на вандализам кој ги преминува сите граници на несовесно однесување, истакнаа од Општина Делчево, додавајки дека споменикот на културниот деец веднаш е вратен во првобитната состојба.

[caption id="attachment_616319" align="aligncenter" width="1080"] (Фото: МИА)[/caption]

Реакцијата доаѓа откако претходно беше украден дел од оградата на новиот пешчаки мост „Гоце Делчев" во центарот на градот.

Апелираме уште еднаш до граѓаните да се грижат за општинскиот имот и потсетуваме дека согласно со актуелните законски одредби, забрането е уништување на урбана и друга опрема за што е предвидена мандатна казна за сторителите, додадоа од Општината.

Во насока на спречување на вандалството во Делчево, претходно Општина Делчево на неколку локации постави надзорни камери, со цел поефикасно откривање на сторителите.

The post Пијана група го обезглави Никола Вапцаров во Делчево appeared first on Република.

]]>

Како резултат на вандалски чин настрада споменикот на големиот поет Никола Јонков Вапцаров кој е патрон на Центарот за култура во Делчево. Од Општината го одудија вандалскиот чин, велејки дека ова е резултат на несовесно однесување на пијана група на млади во Делчево, чии испади резултираат со вандализам и уништување на опрема.
Упатуваме осудува за овој чин на вандализам кој ги преминува сите граници на несовесно однесување, истакнаа од Општина Делчево, додавајки дека споменикот на културниот деец веднаш е вратен во првобитната состојба.
[caption id="attachment_616319" align="aligncenter" width="1080"] (Фото: МИА)[/caption]
Реакцијата доаѓа откако претходно беше украден дел од оградата на новиот пешчаки мост „Гоце Делчев" во центарот на градот. Апелираме уште еднаш до граѓаните да се грижат за општинскиот имот и потсетуваме дека согласно со актуелните законски одредби, забрането е уништување на урбана и друга опрема за што е предвидена мандатна казна за сторителите, додадоа од Општината. Во насока на спречување на вандалството во Делчево, претходно Општина Делчево на неколку локации постави надзорни камери, со цел поефикасно откривање на сторителите.

The post Пијана група го обезглави Никола Вапцаров во Делчево appeared first on Република.

]]>
Нов вандализам: Искорната и украдена бистата на Невена Георгиева – Дуња https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nov-vandalizam-iskornata-i-ukradena-bistata-na-nevena-georgieva-dunja/ Tue, 04 Oct 2022 07:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=557105

Нов вандализам и кражба на спомен-обележјата во градот. Искорната и украдена е бистата на младата хероина Невена Георгиева – Дуња која се наоѓаше во дворот на училиштето коешто го носи нејзиното име во скопската општина Кисела Вода. Постаментот е оштетен а искршени се и плочките на коишто беше поставена бистата.

Бистата на хероината од Народноослободителната војна Невена Георгиева – Дуња беше поставена во декември 2019 година, по повод на одбележувањето на 55-годишнината од основањето на ова основно училиште. Се работеше за нова биста откако претходната беше, исто така, украдена во 2016 година.

Неодамна, претседателот на државата Стево Пендаровски додели постхумно одликување за Невена Георгиева – Дуња коешто го примија членовите на нејзиното семејство.

The post Нов вандализам: Искорната и украдена бистата на Невена Георгиева – Дуња appeared first on Република.

]]>

Нов вандализам и кражба на спомен-обележјата во градот. Искорната и украдена е бистата на младата хероина Невена Георгиева – Дуња која се наоѓаше во дворот на училиштето коешто го носи нејзиното име во скопската општина Кисела Вода. Постаментот е оштетен а искршени се и плочките на коишто беше поставена бистата. Бистата на хероината од Народноослободителната војна Невена Георгиева – Дуња беше поставена во декември 2019 година, по повод на одбележувањето на 55-годишнината од основањето на ова основно училиште. Се работеше за нова биста откако претходната беше, исто така, украдена во 2016 година. Неодамна, претседателот на државата Стево Пендаровски додели постхумно одликување за Невена Георгиева – Дуња коешто го примија членовите на нејзиното семејство.  

The post Нов вандализам: Искорната и украдена бистата на Невена Георгиева – Дуња appeared first on Република.

]]>
Туристи сурфале низ Венеција, останаа без даските и се протерани од градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turisti-surfale-niz-venecija-ostanaa-bez-daskite-i-se-proterani-od-gradot/ Fri, 19 Aug 2022 07:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=541850

Јавноста и надлежните лица во Венеција се шокирани откако туристи неодговорно сурфале по водните канали на градот, вандализирале имоти и позирале полуголи.

Сурферите биле снимени додека сурфаат на електрични даски „е-Фоилс“ (eFoils), на венецискиот Голем Канал, кој, не само што е под заштита на УНЕСКО заедно со околните зданија, туку е и главна „сообраќајница“ на Венеција.

Видеото од сурфањето на Твитер го објави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, кој напиша дека „двајцата препотентни идиоти го исмевале градот“. Бруњаро, исто така, понуди бесплатна вечера за секој кој помага да се идентификуваат сурферите.

https://twitter.com/LuigiBrugnaro/status/1559808148843765760?cxt=HHwWgIC92ejPxqUrAAAA

На видеоснимката се гледа како сурферите ги избегнуваат „вапорето“ водните автобуси и такси под мостот Ријалто, а потоа минуваат и крај базиликата Салуто, една од најпознатите градби во Венеција. Кога минале под мостот Академија, еден сурфер паднал од даската, но продолжил да го снима својот пријател.

Венеција не е единственото место во Италија каде што туристите се однесуваат недозволиво ова лето. Претходно, луѓе со автомобил се спуштале по Шпанските скали во Рим, а други се возеле со скутер низ Помпеја.

Кусо по првата објава, градоначалникот повторно се огласи и потврди дека сурферите се најдени, оти им биле одземени даските вредни околу 25.000 евра, а двајцата се казнети и со по 1.500 евра. Тие потоа биле протерани од градот.

https://twitter.com/LuigiBrugnaro/status/1559895062695366656

Градските власти покренаа постапка против сурферите и поради напад кон угледот на Венеција.

The post Туристи сурфале низ Венеција, останаа без даските и се протерани од градот appeared first on Република.

]]>

Јавноста и надлежните лица во Венеција се шокирани откако туристи неодговорно сурфале по водните канали на градот, вандализирале имоти и позирале полуголи. Сурферите биле снимени додека сурфаат на електрични даски „е-Фоилс“ (eFoils), на венецискиот Голем Канал, кој, не само што е под заштита на УНЕСКО заедно со околните зданија, туку е и главна „сообраќајница“ на Венеција. Видеото од сурфањето на Твитер го објави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, кој напиша дека „двајцата препотентни идиоти го исмевале градот“. Бруњаро, исто така, понуди бесплатна вечера за секој кој помага да се идентификуваат сурферите. https://twitter.com/LuigiBrugnaro/status/1559808148843765760?cxt=HHwWgIC92ejPxqUrAAAA На видеоснимката се гледа како сурферите ги избегнуваат „вапорето“ водните автобуси и такси под мостот Ријалто, а потоа минуваат и крај базиликата Салуто, една од најпознатите градби во Венеција. Кога минале под мостот Академија, еден сурфер паднал од даската, но продолжил да го снима својот пријател. Венеција не е единственото место во Италија каде што туристите се однесуваат недозволиво ова лето. Претходно, луѓе со автомобил се спуштале по Шпанските скали во Рим, а други се возеле со скутер низ Помпеја. Кусо по првата објава, градоначалникот повторно се огласи и потврди дека сурферите се најдени, оти им биле одземени даските вредни околу 25.000 евра, а двајцата се казнети и со по 1.500 евра. Тие потоа биле протерани од градот. https://twitter.com/LuigiBrugnaro/status/1559895062695366656 Градските власти покренаа постапка против сурферите и поради напад кон угледот на Венеција.

The post Туристи сурфале низ Венеција, останаа без даските и се протерани од градот appeared first on Република.

]]>
Повторно искршена наплатната рампа на тетовскиот паркинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povtorno-iskrshena-naplatnata-rampa-na-tetovskiot-parking/ Mon, 11 Jul 2022 13:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=527047

Оштетена е една наплатна рампа на паркингот кај зелениот пазар, дел од затворените паркинзи на „Градски паркинг“ Тетово, информираат од претријатието. Втор пат се случува инфраструктурата од паркинзите да биде оштетена за време на празници кога паркингот не е во функција.

Непознати сторители ја оштетиле наплатната рампа на паркингот кај зелениот пазар во Тетово. Ова се случува втор пат за време на празник, после вандализмот на паркингот кај О.У. „Лирија” кој се случи за време на Рамазан Бајрам. Повторно апелираме до граѓаните да се однесуваат пристојно и да ги чуваат јавните објекти и опрема.Ваквото однесување дава грда слика и не му прилега на нашиот град. Да бидеме совесни и одговорни, информираа од ЈП „Градски паркинг“.

Од таму додаваат дека и случајот е пријавен во полиција.

The post Повторно искршена наплатната рампа на тетовскиот паркинг appeared first on Република.

Вандализам причина за прекинот на електричната енергија во Градскиот парк https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vandalizam-prichina-za-prekinot-na-elektrichnata-energija-vo-gradskiot-park/ Mon, 09 May 2022 09:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=499841

По реакција од чуварските служби на Град Скопје дека во Градскиот парк вчеравечер нема улично осветлување, надлежните градски екипи веднаш излегоа на терен во увид и во рок од 15-тина минути го санираа проблемот, информираат од Град Скопје.

При увидот утврдено е дека непознати сторители насилно ги отвориле кутиите (орманчиња) за електрична енергија кај ЗОО Скопје и во близина на споменикот на Гоце Делчев, а осигурувачите биле исклучени. По истото е веднаш постапено и беше вклучена електричната енергија за осветлувањето на Градскиот парк, информираат оттаму.

Додаваат дека Градот Скопје остро ги осудува ваквите дејствија.

Апелираме до граѓаните да не се врши насилно отворање на ормарите за електрична енергија, затоа што со тоа се доведува до опасност мрежата за електрична енергија и се загрозува безбедноста на посетителите на Градскиот парк. Службите во Градот Скопје по повод овој вандализам го известија Министерството за внатрешни работи, се надеваме на соодветно постапување од страна на надлежните институции, велат од Градот.

The post Вандализам причина за прекинот на електричната енергија во Градскиот парк appeared first on Република.

Стојкоски повика МВР најбрзо што може да го најде тој што пишувал „СОНК штрајк, убијци на деца“ на фасадата на градинката во Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stojkoski-povika-mvr-najbrzo-shto-moze-da-go-najde-toj-shto-pishuval-sonk-shtrajk-ubijci-na-deca-na-fasadata-na-gradinkata-vo-gjorche-petrov/ Fri, 15 Apr 2022 12:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=488991

Вандалски чин врз објект на детска градинка е забележан утринава во Ѓорче Петров. Сторителот или сторителите кои засега не се познати, со спрејови испишале графити со недолична содржина на ѕидовите од градинката Росица, клон Детелинка во Општина Ѓорче Петров.

Испишаните пораки, според нивната содржина, се наменети за членовите на СОНК кои се во генерален штрајк.

Градоначалникот Александар Стојкоски денеска излезе на лице место да види каква е фактичката состојбата. Истакна дека ова е досега невиден вандализам врз еден општествен објект.

Груба манифестација на незадоволство од непознат сторител во моментов. На овој начин се врши и невиден притисок и агресија врз самите негователи и воспитувачи кои се учесници во процесот на штрајк организиран од СОНК, што може да го видиме и на самиот објект. Го изразувам личниот револт и незадоволство од настанот, го осудувам и го повикувам МВР совесно и во многу брзо време да преземат дејствија против сторителот, изјави Стојкоски.

Утринава од страна на полициски служби, по пријавата која била околу 7 часот, извршен е увид.

https://youtu.be/q4uTC_YYOJ0

The post Стојкоски повика МВР најбрзо што може да го најде тој што пишувал „СОНК штрајк, убијци на деца“ на фасадата на градинката во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

Вандалски чин врз објект на детска градинка е забележан утринава во Ѓорче Петров. Сторителот или сторителите кои засега не се познати, со спрејови испишале графити со недолична содржина на ѕидовите од градинката Росица, клон Детелинка во Општина Ѓорче Петров. Испишаните пораки, според нивната содржина, се наменети за членовите на СОНК кои се во генерален штрајк. Градоначалникот Александар Стојкоски денеска излезе на лице место да види каква е фактичката состојбата. Истакна дека ова е досега невиден вандализам врз еден општествен објект.
Груба манифестација на незадоволство од непознат сторител во моментов. На овој начин се врши и невиден притисок и агресија врз самите негователи и воспитувачи кои се учесници во процесот на штрајк организиран од СОНК, што може да го видиме и на самиот објект. Го изразувам личниот револт и незадоволство од настанот, го осудувам и го повикувам МВР совесно и во многу брзо време да преземат дејствија против сторителот, изјави Стојкоски.
Утринава од страна на полициски служби, по пријавата која била околу 7 часот, извршен е увид. https://youtu.be/q4uTC_YYOJ0

The post Стојкоски повика МВР најбрзо што може да го најде тој што пишувал „СОНК штрајк, убијци на деца“ на фасадата на градинката во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>
„СОНК штрајк, убијци на деца“: Вандализиран објект на детската градинка „Росица“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sonk-shtrajk-ubijci-na-deca-vandaliziran-objekt-na-detskata-gradinka-rosica/ Fri, 15 Apr 2022 08:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=488764

Графити со недолична содржина насочени кон членовите на СОНК кои беќе петти ден се во генерален штрајк, утринава биле забележани на детска градинка во Општина Ѓорче Петров.

Градоначалникот Александар Стојкоски информира дека случајот е пријавен во МВР и очекува брзо пронаоѓање на сторителите.

Досега невиден акт на вандализам.Вандализиран е објектот на детската градинка Росица, клон Детелинка, во УЗ Мирче Ацев. Пријавено е до надлежните институции и го повикувам Министерство за внатрешни работи во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и соодветно да ги санкционира, објави Стојкоски.

Вчера во градинката „Калинка“ се случил инцидент. Полиција интервенирала кога родител на две деца со погрдни зборови и закани им се обраќал на директорката и воспитувачките на градинката, тропал по врати и ѕвонел на домофоните додека другите деца спиеле, откако се изнервирал кога ја дознал одлуката на Управата на градинката, сите деца од петте клона да бидат згрижени во еден објект.

За „Слободен печат“ раководителката на градинката објаснува дека одлуката сите деца да бидат згрижени во еден објект била донесена поради малиот број негувателки кои одлучиле да не го поддржат штрајкот на наставниците.

Засега е непознато дали денешниот инцидент е поврзан со вчерашниот.

The post „СОНК штрајк, убијци на деца“: Вандализиран објект на детската градинка „Росица“ appeared first on Република.

]]>

Графити со недолична содржина насочени кон членовите на СОНК кои беќе петти ден се во генерален штрајк, утринава биле забележани на детска градинка во Општина Ѓорче Петров. Градоначалникот Александар Стојкоски информира дека случајот е пријавен во МВР и очекува брзо пронаоѓање на сторителите.
Досега невиден акт на вандализам.Вандализиран е објектот на детската градинка Росица, клон Детелинка, во УЗ Мирче Ацев. Пријавено е до надлежните институции и го повикувам Министерство за внатрешни работи во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и соодветно да ги санкционира, објави Стојкоски.
Вчера во градинката „Калинка“ се случил инцидент. Полиција интервенирала кога родител на две деца со погрдни зборови и закани им се обраќал на директорката и воспитувачките на градинката, тропал по врати и ѕвонел на домофоните додека другите деца спиеле, откако се изнервирал кога ја дознал одлуката на Управата на градинката, сите деца од петте клона да бидат згрижени во еден објект. За „Слободен печат“ раководителката на градинката објаснува дека одлуката сите деца да бидат згрижени во еден објект била донесена поради малиот број негувателки кои одлучиле да не го поддржат штрајкот на наставниците. Засега е непознато дали денешниот инцидент е поврзан со вчерашниот.

The post „СОНК штрајк, убијци на деца“: Вандализиран објект на детската градинка „Росица“ appeared first on Република.

]]>
Клупи фрлени во езерцето, превртени тоалети, купишта ѓубре: Градскиот парк вандализиран од невоспитани идиоти https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/klupi-frleni-vo-ezerceto-prevrteni-toaleti-kupishta-gjubre-gradskiot-park-vandaliziran-od-nevospitani-idioti/ Tue, 18 Jan 2022 08:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=446154

Од ЈП „Паркови и зеленило“ објавија јавна реакција за некултурата и вандализмот покажан од посетителите на Градскиот парк во Скопје.

Како што велат од претпријатието, несовесните граѓани зад себе оставиле отпадоци и ѓубре доволни за да се наполни цел камион.

Како ова да не беше доволно, наидовме на три фрлени клупи во езерцето во врвиот дел на паркот по што веднаш ги извадивме, додека во вториот дел затекнавме превртена мобилна тоалетна кабина.

Упатуваме АПЕЛ до сите граѓани да не фрлаат ѓубре и совесно да ги користат и чуваат парковските елементи при посета на парковите и да се грижат за природата која е од огромно значење за сите нас - се вели во реакцијата на „Паркови и зеленило“.

The post Клупи фрлени во езерцето, превртени тоалети, купишта ѓубре: Градскиот парк вандализиран од невоспитани идиоти appeared first on Република.

]]>

Од ЈП „Паркови и зеленило“ објавија јавна реакција за некултурата и вандализмот покажан од посетителите на Градскиот парк во Скопје. Како што велат од претпријатието, несовесните граѓани зад себе оставиле отпадоци и ѓубре доволни за да се наполни цел камион.
Како ова да не беше доволно, наидовме на три фрлени клупи во езерцето во врвиот дел на паркот по што веднаш ги извадивме, додека во вториот дел затекнавме превртена мобилна тоалетна кабина.   Упатуваме АПЕЛ до сите граѓани да не фрлаат ѓубре и совесно да ги користат и чуваат парковските елементи при посета на парковите и да се грижат за природата која е од огромно значење за сите нас - се вели во реакцијата на „Паркови и зеленило“.

The post Клупи фрлени во езерцето, превртени тоалети, купишта ѓубре: Градскиот парк вандализиран од невоспитани идиоти appeared first on Република.

]]>