вандали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vandali/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Apr 2024 18:00:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вандали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vandali/ 32 32 Искршени Урните во Могилата на непобедените во Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/iskrsheni-urnite-vo-mogilata-na-nepobedenite-vo-prilep/ Sun, 14 Apr 2024 14:25:17 +0000 https://republika.mk/?p=765952

Непознати сторители ги откорнале и дел ги искршиле мермерните плочки околу постаментите на спомениците „Урни“ на Могилата на непобедените во Прилеп. Мермерните плочки се откорнати, дел искршени околу три Урни.

Никој не знае кога тоа се случило, се претпоставува последните три-четири дена. Од прилепскиот Завод и музеј веднаш го осудија овој вандалски чин.

Ова, по се изгледа е намерен вандалски чин и најостро го осудуваме. Очигледно била потребна сила да се откорнат и да се уништат. Апелираме чуварската служба во Паркот на револуцијата да води повеќе сметка за состојбата на споменичните обележја на ова свето место. Како Музеј ќе ги преземеме сите мерки, но мора прво да се детектира состојбата, вели директорот на музејот Горан Цветкоски.

Обновата со мермерни плочки околу постаментите на спомениците – Урни на Могилата на непобедените и уредувањето на патеките и обновувањето на одредени оштетувања околу бистите на народните херои во Алејата на народните херои, што е дел од комплексот Парк на револуцијата, беше проект на Заводот и музеј од Прилеп кој заврши лани, во пресрет на националниот празник, „11 Октомври“.

The post Искршени Урните во Могилата на непобедените во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Непознати сторители ги откорнале и дел ги искршиле мермерните плочки околу постаментите на спомениците „Урни“ на Могилата на непобедените во Прилеп. Мермерните плочки се откорнати, дел искршени околу три Урни. Никој не знае кога тоа се случило, се претпоставува последните три-четири дена. Од прилепскиот Завод и музеј веднаш го осудија овој вандалски чин.
Ова, по се изгледа е намерен вандалски чин и најостро го осудуваме. Очигледно била потребна сила да се откорнат и да се уништат. Апелираме чуварската служба во Паркот на револуцијата да води повеќе сметка за состојбата на споменичните обележја на ова свето место. Како Музеј ќе ги преземеме сите мерки, но мора прво да се детектира состојбата, вели директорот на музејот Горан Цветкоски.
Обновата со мермерни плочки околу постаментите на спомениците – Урни на Могилата на непобедените и уредувањето на патеките и обновувањето на одредени оштетувања околу бистите на народните херои во Алејата на народните херои, што е дел од комплексот Парк на револуцијата, беше проект на Заводот и музеј од Прилеп кој заврши лани, во пресрет на националниот празник, „11 Октомври“.

The post Искршени Урните во Могилата на непобедените во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Вандали ги искршија клупите на Средно Водно https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vandali-gi-iskrshija-klupite-na-sredno-vodno/ Wed, 09 Aug 2023 10:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=670327

Вандалското однесување на несовесни граѓани за време на викендов на Средно Водно. Повторно е направена штета врз урбаната опрема, а екипи на ЈП Паркови и зеленило излегоа на терен и веднаш ги реконструираа парковските елементи во парк - шумата.

Надлежните со апел.

Апелираме на совесно и одговорно однесување на сите граѓани при посета на зелените парковски површини, велат од претпријатето.

The post Вандали ги искршија клупите на Средно Водно appeared first on Република.

]]>

Вандалското однесување на несовесни граѓани за време на викендов на Средно Водно. Повторно е направена штета врз урбаната опрема, а екипи на ЈП Паркови и зеленило излегоа на терен и веднаш ги реконструираа парковските елементи во парк - шумата. Надлежните со апел.
Апелираме на совесно и одговорно однесување на сите граѓани при посета на зелените парковски површини, велат од претпријатето.

The post Вандали ги искршија клупите на Средно Водно appeared first on Република.

]]>
Вандали ја запалија пораката на Бадникарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vandali-ja-zapalija-porakata-na-badnikarite/ Tue, 12 Apr 2022 08:58:56 +0000 https://republika.mk/?p=487209

Непознати сторители на јужните падини на Водно кај месноста Краста од несватливи причини ја искршиле, а потоа ја запалиле таблата на која пишуваше „Ѓубрето во планините не се чисти само! Понеси го дома”.

Скопските Бадникари беа непријатно изненадени и секако огорчени поради постапката на непознатите сторители, соопштија од Одборот за традиционална прослава на Бадник.

Причините за ваквата вандалска постапка, посочуваат од Одборот, се несфатливи и предизвикуваат гнев и неверување кај Бадникарите, кои уживаат неподелени симпатии и поддршка од своите сограѓани за скоро 30-годишната успешна активност, кои на Краста во пресрет на Божик ги берат бадниковите гранчиња и им ги делат бесплатно на скопјани на собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски” со безброј придружни манифестации кои станаа скопска традиција.

На спорната табла стоеше порака со еколошка содржина-не фрлајте отпадоци и чувајте ја околината, за која пристигнуваа пофалби и симпатии. Бадникарите се зачетници и чувари на традициите на саканиот град, хуманитарци и екологисти и не заслужуваат ваква долна и гнасна реакција на непознатите престапници! За овој вандалски чин ќе поднесеме соодветна пријава до институциите на системот до непознат сторител, информираат од Одбор за традиционална прослава на Бадник.

The post Вандали ја запалија пораката на Бадникарите appeared first on Република.

]]>

Непознати сторители на јужните падини на Водно кај месноста Краста од несватливи причини ја искршиле, а потоа ја запалиле таблата на која пишуваше „Ѓубрето во планините не се чисти само! Понеси го дома”. Скопските Бадникари беа непријатно изненадени и секако огорчени поради постапката на непознатите сторители, соопштија од Одборот за традиционална прослава на Бадник. Причините за ваквата вандалска постапка, посочуваат од Одборот, се несфатливи и предизвикуваат гнев и неверување кај Бадникарите, кои уживаат неподелени симпатии и поддршка од своите сограѓани за скоро 30-годишната успешна активност, кои на Краста во пресрет на Божик ги берат бадниковите гранчиња и им ги делат бесплатно на скопјани на собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски” со безброј придружни манифестации кои станаа скопска традиција.
На спорната табла стоеше порака со еколошка содржина-не фрлајте отпадоци и чувајте ја околината, за која пристигнуваа пофалби и симпатии. Бадникарите се зачетници и чувари на традициите на саканиот град, хуманитарци и екологисти и не заслужуваат ваква долна и гнасна реакција на непознатите престапници! За овој вандалски чин ќе поднесеме соодветна пријава до институциите на системот до непознат сторител, информираат од Одбор за традиционална прослава на Бадник.

The post Вандали ја запалија пораката на Бадникарите appeared first on Република.

]]>
Библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип мета на вандализам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bibliotekata-goce-delchev-vo-shtip-meta-na-vandalizam/ Mon, 07 Feb 2022 17:19:00 +0000 https://republika.mk/?p=455308

Искршени столчиња, ишарана фасада и остатоци од искршени стаклени шипиња затекнеле утринава вработените пред штипската Библиотека „Гоце Делчев“. Триесттина столчиња на амфитеатарот пред библиотеката биле мета на вандалите кои ги искршиле и ги фрлиле во тревата, а дополнително ја ишарале и задната страна од фасадата.

Сведоци сме на еден вандалски чин, кој е извршен на вчерашен ден во амфитеатарот пред библиотеката „Гоце Делчев“ Штип. Искршени се триесетина столчиња и е уништена со пишување на графити фасадата на библиотеката. Целиот настан е пријавен во МВР и ќе се превземат соодветни мерки со цел казнување на сторителите, вели директорот на Библиотеката „Гоце Делчев“- Штип, Тодор Џидров.

Тој исто така забележува дека не е прв пат овој простор да биде уништен од страна на вандали, а сега штетата се проценува на околу 30 илјади денари. Тој со апел до помладите да го зачуваат она што веќе е направено. На терен утринава беа и полициски случбеници од Полициската станица Штип кои извршија увид на местото на настанот.

The post Библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип мета на вандализам appeared first on Република.