Ванчо Михајлов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vancho-mihajlov/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Aug 2023 12:48:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ванчо Михајлов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vancho-mihajlov/ 32 32 Миломир Мариќ раскажа за несудената средба со Ванчо Михајлов: Се слушнавме на телефон но по седум дена почина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milomir-marik-raskazha-za-nesudenata-sredba-so-vancho-mihajlov-se-slushnavme-na-telefon-no-po-sedum-dena-pochina/ Fri, 04 Aug 2023 12:41:42 +0000 https://republika.mk/?p=668708

Еден од најдобрите новинари во регионот Миломир Мариќ во интервју за „Курир.рс“ раскажа дека никогаш нема да прежали што не направил интервју со Ванчо Михајлов, еден од лидерите на историското ВМРО.

Тој вели дека речиси се било договорено во таа 1990 година во Рим да го сними Михајлов кој веќе бил сериозно болен но оти Иван починал во септември истата година.

Три месеци чекав средба со него во Рим и јас не можев да дојдам до него поради лошата политичка состојба во Италија во таа година кога имаше многу терористички напади.Михајлов го чуваа на некој имот крај Рим и никако не можев да дојдам до него. Се слушнавме на телефон но по седум дена почина-раскажа Мариќ. за несудената средба со Михајлов.

The post Миломир Мариќ раскажа за несудената средба со Ванчо Михајлов: Се слушнавме на телефон но по седум дена почина appeared first on Република.

]]>

Еден од најдобрите новинари во регионот Миломир Мариќ во интервју за „Курир.рс“ раскажа дека никогаш нема да прежали што не направил интервју со Ванчо Михајлов, еден од лидерите на историското ВМРО. Тој вели дека речиси се било договорено во таа 1990 година во Рим да го сними Михајлов кој веќе бил сериозно болен но оти Иван починал во септември истата година.  
Три месеци чекав средба со него во Рим и јас не можев да дојдам до него поради лошата политичка состојба во Италија во таа година кога имаше многу терористички напади.Михајлов го чуваа на некој имот крај Рим и никако не можев да дојдам до него. Се слушнавме на телефон но по седум дена почина-раскажа Мариќ. за несудената средба со Михајлов.
     
The post Миломир Мариќ раскажа за несудената средба со Ванчо Михајлов: Се слушнавме на телефон но по седум дена почина appeared first on Република.

]]>
Статутот и програмата на здружението „Ванчо Михајлов“ денеска пред Уставен суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/statutot-i-programata-na-zdruzhenieto-vancho-mihajlov-deneska-pred-ustaven-sud/ Wed, 14 Jun 2023 07:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=651094

Уставниот суд на денешната седница ќе разгледа една иницијатива за оценување на уставност и законитост и една иницијатива за оценување уставност на програма и статут на здружение на граѓани.

Политичката партија „Левица” поднесе иницијатива до Судот со која ги оспорува Статутот и Програмата на Здружението „Културен центар Иван Михајлов”.

Како што информирааат од Судот, подносителот наведува дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот, затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.

Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на  национална омраза и нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти.

На дневен ред на седницата е и иницијативата за оценување на уставност и законитост на член 236 став 2 алинеја 1 од Законот за социјална заштита „Службен весник бр.104” од 23.05.2019 година, член 1 став 1 точка 1 од Правилникот за начин на издавање, продолжување и одземање на лиценцата за работа на стручните работници („Службен весник бр.79” од 26.03.2020 година).

Според подносителката на иницијативата, во членот 236 став 1 и 2 од Законот за социјална заштита кој ја регулира постапката за лиценцирање, образовните профили кои можат да се стекнат со општа лиценца за работа не кореспондираат со членот 194 став 1 од истиот закон бидејќи сите стручни работници во установите за социјална заштита наведени во членот 194 став1  и членот 197, освен правник, педагог, социјален работник и психолог се дискриминирани во постапката за лиценцирање.

The post Статутот и програмата на здружението „Ванчо Михајлов“ денеска пред Уставен суд appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница ќе разгледа една иницијатива за оценување на уставност и законитост и една иницијатива за оценување уставност на програма и статут на здружение на граѓани. Политичката партија „Левица” поднесе иницијатива до Судот со која ги оспорува Статутот и Програмата на Здружението „Културен центар Иван Михајлов”. Како што информирааат од Судот, подносителот наведува дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот, затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост. Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на  национална омраза и нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти. На дневен ред на седницата е и иницијативата за оценување на уставност и законитост на член 236 став 2 алинеја 1 од Законот за социјална заштита „Службен весник бр.104” од 23.05.2019 година, член 1 став 1 точка 1 од Правилникот за начин на издавање, продолжување и одземање на лиценцата за работа на стручните работници („Службен весник бр.79” од 26.03.2020 година). Според подносителката на иницијативата, во членот 236 став 1 и 2 од Законот за социјална заштита кој ја регулира постапката за лиценцирање, образовните профили кои можат да се стекнат со општа лиценца за работа не кореспондираат со членот 194 став 1 од истиот закон бидејќи сите стручни работници во установите за социјална заштита наведени во членот 194 став1  и членот 197, освен правник, педагог, социјален работник и психолог се дискриминирани во постапката за лиценцирање.

The post Статутот и програмата на здружението „Ванчо Михајлов“ денеска пред Уставен суд appeared first on Република.

]]>
По Пендиков, бугарски пасоши добиваат и првите луѓе на затворениот клуб „Ванчо Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-pendikov-bugarski-pasoshi-dobivaat-i-prvite-luge-na-zatvoreniot-klub-vancho-mihajlov/ Fri, 19 May 2023 07:49:14 +0000 https://republika.mk/?p=642526

Претседателот и секретарот на затворениот бугарски културен центар „Иван Михајлов“ од Битола ќе добијат бугарско државјанство. На Љупчо Георгиевски и Благоја Шаторов бугарските пасоши ќе им ги врачи претседателот Румен Радев на свечена церемонија во неговата резиденција, соопшти БНР.

Указите за добивање бугарско државјанство, врз основа на нивното бугарско потекло, ги потпишала потпретседателката Илијана Јотова.

Минатата недела бугарско државјанство доби и секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, Христијан Пендиков.

The post По Пендиков, бугарски пасоши добиваат и првите луѓе на затворениот клуб „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот и секретарот на затворениот бугарски културен центар „Иван Михајлов“ од Битола ќе добијат бугарско државјанство. На Љупчо Георгиевски и Благоја Шаторов бугарските пасоши ќе им ги врачи претседателот Румен Радев на свечена церемонија во неговата резиденција, соопшти БНР. Указите за добивање бугарско државјанство, врз основа на нивното бугарско потекло, ги потпишала потпретседателката Илијана Јотова.   Минатата недела бугарско државјанство доби и секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, Христијан Пендиков.

The post По Пендиков, бугарски пасоши добиваат и првите луѓе на затворениот клуб „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>
Ќе биде ли ова изговор за ново вето? Бугарското МНР се жали дека власта во Скопје го забрани „Ванчо Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskoto-mnr-se-zhali-deka-vlasta-vo-skopje-go-zabrani-vancho-mihajlov/ Fri, 17 Mar 2023 09:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=620607

„Министерството за надворешни работи со зголемена загриженост ги следи случувањата во  Македонија поврзани со обидите за ограничување на правото на здружување на Бугарите во земјата“.

Вака ја коментира бугарското МНР одлуката на македонското министерство за правда да издаде негативно мислење за употребата на името на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов во Битола поради тоа што се асоцира со фашизмот и е провокативно, јавува БГНЕС.

Оваа реакција следува откако владина комисија вчера се изјасни против клуб со името на фашистичкиот соработник оти тоа ги навредува чуствата на Македонците

The post Ќе биде ли ова изговор за ново вето? Бугарското МНР се жали дека власта во Скопје го забрани „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>

„Министерството за надворешни работи со зголемена загриженост ги следи случувањата во  Македонија поврзани со обидите за ограничување на правото на здружување на Бугарите во земјата“.
Вака ја коментира бугарското МНР одлуката на македонското министерство за правда да издаде негативно мислење за употребата на името на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов во Битола поради тоа што се асоцира со фашизмот и е провокативно, јавува БГНЕС. Оваа реакција следува откако владина комисија вчера се изјасни против клуб со името на фашистичкиот соработник оти тоа ги навредува чуствата на Македонците

The post Ќе биде ли ова изговор за ново вето? Бугарското МНР се жали дека власта во Скопје го забрани „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>
Владата денеска треба да донесе став за новото име на „Ванчо Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-deneska-treba-da-donese-stav-za-novoto-ime-na-vancho-mihajlov/ Thu, 16 Mar 2023 09:08:35 +0000 https://republika.mk/?p=620188

Денеска истекува рокот кога владината Комисија за употреба на имиња треба да донесе став и да го достави до Министерството за правда во врска со прашањето за преименување на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола, заради усогласување со измените на Законот за здруженија. Врз основа на ставот на Комисијата, министерот за правда потоа треба да донесе одлука и доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар.

Од Министерството за правда за МИА изјавија дека се очекува владината Комисија за употреба на имиња денеска да го одржи состанокот, со оглед на истекот на рокот. Во изминатиот период биле направени промени на нејзиниот состав. Комисијата ја сочинуваат пет члена од кои по еден претставник од министерствата за правда и за култура, еден од Институтот за национална историја и двајца, кои доаѓаат од редовите на МАНУ.

- Се очекува одлуката на Комисијата. Министерот за правда целосно ќе ја почитува, наведуваат од Министерството за правда.

Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари.

Од Централниот регистар за МИА тогаш потврдија дека на 10 февруари е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ - Охрид  и дека постапката е во тек. Од здружението „Иван Михајлов“ од Битола, пак не било поднесено барање. Според изјавите за јавноста  на првиот човек на бугарското здружение во Битола Љупчо Ѓеоргиевски, тие немаат намера да извршат пререгистрација и презеле одредени правни лекови кои им стојат на располагање.

Според измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

The post Владата денеска треба да донесе став за новото име на „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

Проф. Ѓеоргиев: Македонија денес ја гледам како една понижена, потчинета држава на којашто и се оспоруваат сите легитимни права на сопствена идентификација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-gjeorgiev-makedonija-denes-ja-gledam-kako-edna-ponizena-potchineta-drzava-na-kojashto-i-se-osporuvaat-site-legitimni-prava-na-sopstvena-identifikacija/ Thu, 08 Dec 2022 16:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=583331

Република Македонија денес ја гледам како една понижена, потчинета држава, држава на којашто и се оспоруваат сите нејзини легитимни права на сопствена идентификација, и јазична, и културолошка, и во историска смисла. Тоа значи, би рекол, една држава доведена во подредена положба однадвор истакна проф. Ванчо Ѓоргиев во интервју за „Република“.

Тој стручно го објаснува делувањето на Ванчо Михајлов и сите негови контроверзи и обидот се она што е лошо кај него да се прилепи за ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vancho-gjorgiev-promenite-za-ohridskata-arhiepiskopija-se-odnesuvaat-na-nashite-a-ne-i-na-bugarskite-uchebnici/

Да, навистина името на Ванчо Михајлов е контроверзно, такво е, какво што е, и нема што да се додаде или одземе. Неговата улога е општопозната, дури на крајот и една Бугарија ја забрани, свесно или несвесно, неговата организација. Исто така, и на другата страна, еве ние бевме свдоци како се подметнуваа летоци, разни именувања на оваа организација, така и во последно време се обнови таа приказна, обидувајќи се некој ВМРО-ДПМНЕ да ја спореди со некогашното ВМРО на Ванчо Михајлов, да покажеме некојси континуитет. Да расчистиме, ВМРО-ДПМНЕ е современа политичка партија, регистрирана согласно законите на Република Македонија, со јасна политичка програма и цел, партија која што се бори во современи услови за развој на македонската држава. А, ако некој се обидува да бара некаков континуитет, тогаш треба да го бара во севкупното делување на ВМРО, да зборува и за ВМРО-Обединета, да зборува и за Македонската револуционерна организација од 1893, којашто го донесе Илинден и за оние илинденци, кои потоа пртставуваа континуитет помежу некогашната МРО и Илинден од 1944 година, на Второто заседание на АСНОМ. Ние сме сите сведоци каква беше улогата, да речеме, на Димитар Влахов, на Павел Шатев, како тие луѓе беа кооптирани, така што таквото етикетирање, што доаѓа сега, е некоректно и би рекол удбашки метод, метод познат за едно друго време од раните години на македонската држава, на југословенската федерација, од време на ИБ, методи коишто во недостаток на аргументи и понудена програма за излез од севкупната криза во којашто се наоѓа државата, не им останува ништо друго, освен да ги етикетираат другите со недолични и непристојни епитети или квалификации, коишто немаат, би рекол, ниту историска, ниту, пак, морална подлога, вели проф. Ѓоргиев.

https://www.youtube.com/watch?v=2xfSjZ_KBbU

The post Проф. Ѓеоргиев: Македонија денес ја гледам како една понижена, потчинета држава на којашто и се оспоруваат сите легитимни права на сопствена идентификација appeared first on Република.

]]>

Република Македонија денес ја гледам како една понижена, потчинета држава, држава на којашто и се оспоруваат сите нејзини легитимни права на сопствена идентификација, и јазична, и културолошка, и во историска смисла. Тоа значи, би рекол, една држава доведена во подредена положба однадвор истакна проф. Ванчо Ѓоргиев во интервју за „Република“.
Тој стручно го објаснува делувањето на Ванчо Михајлов и сите негови контроверзи и обидот се она што е лошо кај него да се прилепи за ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/vancho-gjorgiev-promenite-za-ohridskata-arhiepiskopija-se-odnesuvaat-na-nashite-a-ne-i-na-bugarskite-uchebnici/
Да, навистина името на Ванчо Михајлов е контроверзно, такво е, какво што е, и нема што да се додаде или одземе. Неговата улога е општопозната, дури на крајот и една Бугарија ја забрани, свесно или несвесно, неговата организација. Исто така, и на другата страна, еве ние бевме свдоци како се подметнуваа летоци, разни именувања на оваа организација, така и во последно време се обнови таа приказна, обидувајќи се некој ВМРО-ДПМНЕ да ја спореди со некогашното ВМРО на Ванчо Михајлов, да покажеме некојси континуитет. Да расчистиме, ВМРО-ДПМНЕ е современа политичка партија, регистрирана согласно законите на Република Македонија, со јасна политичка програма и цел, партија која што се бори во современи услови за развој на македонската држава. А, ако некој се обидува да бара некаков континуитет, тогаш треба да го бара во севкупното делување на ВМРО, да зборува и за ВМРО-Обединета, да зборува и за Македонската револуционерна организација од 1893, којашто го донесе Илинден и за оние илинденци, кои потоа пртставуваа континуитет помежу некогашната МРО и Илинден од 1944 година, на Второто заседание на АСНОМ. Ние сме сите сведоци каква беше улогата, да речеме, на Димитар Влахов, на Павел Шатев, како тие луѓе беа кооптирани, така што таквото етикетирање, што доаѓа сега, е некоректно и би рекол удбашки метод, метод познат за едно друго време од раните години на македонската држава, на југословенската федерација, од време на ИБ, методи коишто во недостаток на аргументи и понудена програма за излез од севкупната криза во којашто се наоѓа државата, не им останува ништо друго, освен да ги етикетираат другите со недолични и непристојни епитети или квалификации, коишто немаат, би рекол, ниту историска, ниту, пак, морална подлога, вели проф. Ѓоргиев.
https://www.youtube.com/watch?v=2xfSjZ_KBbU

The post Проф. Ѓеоргиев: Македонија денес ја гледам како една понижена, потчинета држава на којашто и се оспоруваат сите легитимни права на сопствена идентификација appeared first on Република.

]]>
КСЗД: Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kszd-klubot-vancho-mihajlov-ne-gi-otstrani-spornite-sodrzini-od-socijalnite-mrezi-vo-predvideniot-rok/ Tue, 29 Nov 2022 11:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=579544

Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција.

Како што информираа оттаму бидејќи истече рокот за отстранување на содржините на социјалните мрежи за кои е утврдено дека освен што шират вознемирувачки говор во кој се величаат ликот, делото и идеологијата на Михајлов, постојат и сериозни индиции дека имаат расна и ксенофобична содржина, предизвикуваат нетрпеливост, омраза и дискриминација и го повредуваат правото и слободата на поголем број на луѓе, сега понатамошната постапка ја води Основното јавно обвинителство.

Членот на Комисијата, Весна Бендевска потенцира дека иако имаат право да поведат прекршочна постапка, сепак решиле тоа да го препуштат на Основното јавно обвинителство, кое побарало од нив до достават информации и копии од спорните содржини објавени од страна на клубот на социјалните мрежи.

Спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон, со што топката ја префрламе на Основното јавно обвинителство, изјави Бендевска.

Таа додаде дека денеска истекува и рокот за препораките и во однос на спорното име и содржината на клубот, со што следен чекор е заседавање на Комисијата и утврдување на можна прекршочна постапка.

Бендевска појасни дека во однос на овие две препораки, Министерството за правда треба да достави писмо, бидејќи тие се задолжени да извршат вонреден надзор на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, а културниот центар треба да докаже пред Централниот регистер дека одлучиле да го сменат името.

На конференцијата беше информирано дека до Комисијата пристигнале голем број на претставки од граѓански здруженија кои се однесуваат на бугарската заедница во државава.

Впрочем ние сме затрупани со такви претставки, кои во најголем дел доаѓаат од здруженија на граѓани со оправдан интерес. Тие постапки се во тек и ги работиме, рече Бендевска.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) минатиот месец утврди дискриминација по основа на национална и етничка припадност во врска со формирањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Седиштето на Клубот беше отворено годинава во строгиот центар на Битола, чин што ја разбранува јавноста, но и институциите, поради спорното име и содржините објавени на социјалните мрежи.

The post КСЗД: Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок appeared first on Република.

]]>

Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција. Како што информираа оттаму бидејќи истече рокот за отстранување на содржините на социјалните мрежи за кои е утврдено дека освен што шират вознемирувачки говор во кој се величаат ликот, делото и идеологијата на Михајлов, постојат и сериозни индиции дека имаат расна и ксенофобична содржина, предизвикуваат нетрпеливост, омраза и дискриминација и го повредуваат правото и слободата на поголем број на луѓе, сега понатамошната постапка ја води Основното јавно обвинителство. Членот на Комисијата, Весна Бендевска потенцира дека иако имаат право да поведат прекршочна постапка, сепак решиле тоа да го препуштат на Основното јавно обвинителство, кое побарало од нив до достават информации и копии од спорните содржини објавени од страна на клубот на социјалните мрежи. Спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон, со што топката ја префрламе на Основното јавно обвинителство, изјави Бендевска. Таа додаде дека денеска истекува и рокот за препораките и во однос на спорното име и содржината на клубот, со што следен чекор е заседавање на Комисијата и утврдување на можна прекршочна постапка. Бендевска појасни дека во однос на овие две препораки, Министерството за правда треба да достави писмо, бидејќи тие се задолжени да извршат вонреден надзор на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, а културниот центар треба да докаже пред Централниот регистер дека одлучиле да го сменат името. На конференцијата беше информирано дека до Комисијата пристигнале голем број на претставки од граѓански здруженија кои се однесуваат на бугарската заедница во државава. Впрочем ние сме затрупани со такви претставки, кои во најголем дел доаѓаат од здруженија на граѓани со оправдан интерес. Тие постапки се во тек и ги работиме, рече Бендевска. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) минатиот месец утврди дискриминација по основа на национална и етничка припадност во врска со формирањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Седиштето на Клубот беше отворено годинава во строгиот центар на Битола, чин што ја разбранува јавноста, но и институциите, поради спорното име и содржините објавени на социјалните мрежи.

The post КСЗД: Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Никогаш не сум се согласувал со ставовите и позициите на Ванчо Михајлов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-nikogash-ne-sum-se-soglasuval-so-stavovite-i-poziciite-na-vancho-mihajlov/ Wed, 23 Nov 2022 10:42:38 +0000 https://republika.mk/?p=577275

Никогаш не сум се согласувал со ставовите и позициите на Ванчо Михајлов во однос на многу сутествени теми, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Неспорен историски факт е дека Ванчо Михајлов бил во одреден историски контекст прв човек на Организацијата, исто како што е вистина дека никогаш не сум се согласувал, ниту сум ги оправдувал неговите ставови, неговиот метод на работа и неговите позиции во однос на многу суштествени теми, вели претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Истите оние кои ја имаат мувата на капата поради предавствата и понижувачките решенија кои ги донесоа, мора да се служат со лаги, мора да се служат со подметнувања, додавања на работи кои не сум ги рекол за лажно да прикажат дека ВМРО-ДПМНЕ негува некаква врска со ликот чие име го носи и здружението кои тие дозволија да се отвори во градот на конзулите, во Битола.

А, историјата не е послужавник со кој можете да се почестите со работите што ви се допаѓаат, а да ги негирате тие што не ви се допаѓаат. Впрочем, истово ова, истиот таков фалсификат на селектирање го прави и актуелна Бугарија. Организацијата ВМРО е континуитет и на најсветлите историски синови и ќерки пред чии имиња се поклонуваме и чии дела ги славиме. ВМРО е континуитет и на Груев, на Делчев, Татарчев, Петар Поп Арсов, Сандански, Карев, Узунов, Патчев, Сугарев и плејада други херои, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: Никогаш не сум се согласувал со ставовите и позициите на Ванчо Михајлов appeared first on Република.

]]>

Никогаш не сум се согласувал со ставовите и позициите на Ванчо Михајлов во однос на многу сутествени теми, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Неспорен историски факт е дека Ванчо Михајлов бил во одреден историски контекст прв човек на Организацијата, исто како што е вистина дека никогаш не сум се согласувал, ниту сум ги оправдувал неговите ставови, неговиот метод на работа и неговите позиции во однос на многу суштествени теми, вели претседателот на ВМРО ДПМНЕ.
Истите оние кои ја имаат мувата на капата поради предавствата и понижувачките решенија кои ги донесоа, мора да се служат со лаги, мора да се служат со подметнувања, додавања на работи кои не сум ги рекол за лажно да прикажат дека ВМРО-ДПМНЕ негува некаква врска со ликот чие име го носи и здружението кои тие дозволија да се отвори во градот на конзулите, во Битола. А, историјата не е послужавник со кој можете да се почестите со работите што ви се допаѓаат, а да ги негирате тие што не ви се допаѓаат. Впрочем, истово ова, истиот таков фалсификат на селектирање го прави и актуелна Бугарија. Организацијата ВМРО е континуитет и на најсветлите историски синови и ќерки пред чии имиња се поклонуваме и чии дела ги славиме. ВМРО е континуитет и на Груев, на Делчев, Татарчев, Петар Поп Арсов, Сандански, Карев, Узунов, Патчев, Сугарев и плејада други херои, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: Никогаш не сум се согласувал со ставовите и позициите на Ванчо Михајлов appeared first on Република.

]]>
Чепреганов: Има ли контроверза во делувањето на Иван (Ванчо) Михајлов? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-ima-li-kontroverza-vo-deluvanjeto-na-ivan-vancho-mihajlov/ Thu, 17 Nov 2022 12:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=574952

ИМА ЛИ КОНТРОВЕРЗА ВО ДЕЛУВАЊЕТО НА ИВАН (ВАНЧО) МИХАЈЛОВ?!

Повторно овие денови македонската јавност ја бранува прашањето за значењето на ликот и делото на Иван (Ванчо) Михајлов во македонскиот општествен дискурс visa-vi отворањето на бугарските клубови „Иван Михајлов“ и „Цар Борис“ во Битола. За тоа дали е „контроверзна“ или „чиста како солза“ неговата активност во однос на македонската кауза во прилог приложуваме делови од текст од книгата на бугарскиот историчар Георги ДаскаловКлио наспроти Темида, Антон Калчев хуманист или воен злосторник, Воена издавачка куќа, 2013.(Клио срещу Темида, Антон Калчев, хуманист или военнопрестъпник, Военно Издателство, 2013), која е пишувана врз база на обемна библиографија од бугарска, германска, грчка и македонска провиниенција. (Цитатите се превод од книгата на Георги Даскалов, а текстот е парафразиран)

По распаѓањето на Кралството Југославија и формирањето на Независна Хрватска Држава на покана од Анте Павелиќ во Загреб се населува Иван Михајлов кој дотогаш бил во емиграција., пишува за „Пресинг ТВ„ поранешниот директор на Институтот за национална историја Тодор Чепреганов.

Уште во првите денови по поднесувањето на акредитацијата во хрватскиот главен град, во текот на јули 1941 година, новоназначениот бугарски полномоштен министер Јордан Мечкаров се среќава со И. Михајлов. Во таа прилика лидерот на ВМРО пред дипломатот изразува радост што иако не целосно „Македонија е веќе при мајката – Татковината“ и дека „друго решение не можеше да има. Нашите слогани за ‘автономија на Македонија’ за ‘самостојност’ и сл. беа само конјуктурни т. е. привремени. Главната, нашата далечна цел беше да се присоединиме кон Бугарија. Кој го зборува спротивното не е вистински Бугарин и доведува во заблуда“,

После неколку дена Ј. Мечкаров повторно се среќава со И. Михајлов, при што Михајлов истакнува: „Најважното е да не се дели Македонија. Нашите сили треба да бидат да ја задржиме цела, недопрена кон нас…Тешка загуба за Бугарите ќе биде ако треба да изгубиме такви убави и здрави бугарски краишта како Тетово, Струга, Гостивар, Кичево, Лерин, Воден Костур“.

Своето сфаќање во однос на идејата за автономна и независна Македонија И. Михајлов го изнесува и пред претставникот на германската телеграфска агенција дека „денешните Македонци не се ништо друго освен македонски Бугари…Теоријата за постоење на македонската нација – со свој јазик и т. н. е болшевички изум. Барањето за автономија и независност на Македонија се проповедала од нашата организација, бидејќи не можеше отворено да се сака обединувањето со Бугарија, и освен тоа, бидејќи на друг начин не можеше да се истакне појасно идејата за целокупноста на Македонија. За нас прашањето за слободата на Македонија е толку важна, колку и прашањето за целоста на Македонија, тие се неразделно поврзани помеѓу себе. Затоа присоединувањето на делови од Македонија кон Бугарија не претставува ослободување на Македонија бидејќи бевме принудени поради тактички размислувања во текот на десетлетија да се бориме со слоганот за автономија и независност. Некои лица од младото поколение ги сфатија неправилно задачите на нашата борба и така станаа плен на болшевизмот. Тие се сега имено во планините, сепак тие банди не бројат повеќе од 1000 души“.

Уште во текот на пролетта 1943 година веќе бил воспоставен контакт меѓу Берлин и И. Михајлов. Бил постигнат договор за подготовка од страна на германски специјалисти на радиотелеграфисти и диверзантски кадри од организацијата ВМРО. Било договорено и прашањето за формирање на бугарски доброволечки корпус во Егејска Македонија. Тоа се потврдува и со фактот што на покана на Михајлов, кон крајот на август 1943 година, во Загреб пристигнува Г. Димчев. Двајцата ја разгледуваат можноста за формирање на доброволечки корпус во Егејска Македонија.

Во разговорот од 4 ноември 1943 година меѓу раководителот на Абвер во Бугарија д-р Делиус (Ото Вагнер) и Хајдер од СС, последниот соопштува дека е договорено да се формираат доброволечки „македонски делови“ во грчка Македонија и во доверба истакнал дека „иницијативата за таа задача и овој потфат потекнува од познатиот македонски лидер Иван Михајлов“.

Кон крајот на 1943 година Берлин постигнува договор со ВМРО. Имено во писмото од 22 октомври 1943 година од кабинетот на СС Хајнрих Химлер до германското министерство за надворешни работи меѓу другото се истакнува: „Според договорот на рајхсминистерот на СС и соодветните надлежни места, македонското ВМРО во окупираните од Германија краишта на Јужна Македонија – што значи надвор од територијата на бугарската држава – е на располагање на рајхсфирерот на СС“.

На 4 ноември 1943 година во Загреб пристигнува Хајдер. При средбата со Михајлов биле прецизирани прашањата за воена соработка во рамките на еден „политички договор“. По враќањето на Хајдер во Берлин, Химлер дозволува формирање на бугарски вооружени единици. Таа идеја е поддржана од полномошникот на Рајхот за Југоисток Нојбахер. Според него тоа се вклопувало во германската стратегија „за поттикнување и обединување“ на сите сили во балканските држави, коишто војуваат против местните вооружени комунистички сили.

Во текот на ноември 1943 година И. Михајлов на покана од Берлин пристигнува во германскиот главен град. Примен е во одделот на Химлер и се среќава со Адолф Хитлер. При таа средба „договорено е формирање на 2-3 батаљони од егејските Бугари кои требало да бидат вооружени и опремени од германска страна“. Еден од условите бил бугарската влада да се согласи 500 македонски бегалци да преминат од Бугарија во Егејска Македонија за да се формира јадрото на замислените воени единици. Според д-р Ернст Катенбрунер, шеф на службата за сигурност, нивната главна задача била „уништување на комунистичките чети во Северна Грција“ и дека тие единици не требало да дејстуваат надвор од определените рамки за било какво остварување на политички цели бидејќи во спротивно ќе бидат „превземени репресивни мерки спрема И. Михајлов“.

На 26 ноември 1943 година меѓу Химлер и началникот на штабот на Врховното главно командување на Вермахтот генерал-фелдмаршал Вилхелм Кајтел е постигнат договор „најдобрите луѓе на ВМРО да се примат во служба во заштитните полициски сили“. Реализирањето на таа идеја им е доверена на Вецлер и Хелман во Софија кои во практика требало да ги ангажираат дејците на ВМРО за идните германски планови. Нивната мисија се држи во тајност од официјалните германски претставници во Бугарија, како и од самите бугарски власти.

Во исполнувањето на договореното на ВМРО со Германците во текот на декември 1943 година, членовите на илегалниот ЦК на ВМРО В. Куртев и Г. Настев развиваат во Софија и низ Бугарија активна дејност и ги организираат поранешните стари „војводи, четници и терористи“. Сите „со голем ентузијазам“ ја прифаќаат задачата да бидат префрлени во Егејска Македонија за заедничка борба со „местните Бугари“ против „грчките андарти“.

На 21 март 1944 година во Солун притигнува Д. Цилев, еден од најблиските соработници на И. Михајлов. „Тој е придодаден на Хајдер, како советник по прашањето на бугарското малцинство во Грција“. Од 1941 година кога се населува во Загреб И. Михајлов е во постојан контакт со своите соработници во Бугарија: В. Куртев, Г. Настев, Д. Цилев, А. Аврамов, К. Дрангов, Ј. Марков и др. Многу од нив го посетуваат во Загреб. Исполнувајќи ги неговите директиви тие воспоставуваат врски со бившите членови на ВМРО и ја возобновуваат нејзината организациона структура. Г. Димчев ги посетува Штип, Велес и Скопје каде се среќава со истомисленици. Во Скопје е одржана конференција на 25 души меѓу кои Димитар Чкатров, Димитар Ѓузелов и Стефан Светиев. Учесниците на конференцијата биле критички настроени кон линијата на ВМРО во лицето на И. Михајлов сметајќи дека ангажирањето со Германците е опасно и дека отишол многу далеку. Било разгледано и прашањето за односите со Титовите партизани во лицето на Македонската народноослободителна војска. По жестоки расправии е донесено решение да се воспостави контант со македонските партизани. Месните дејци на ВМРО во Македонија веќе биле убедени дека единствената алтернатива на идејата за присоединување на Македонија кон Бугарија е повторно враќање на слоганот „независна Македонија“. Во тој период Михајлов веќе располагал со информации дека Германците ја форсираат идејата за прогласување на независна Македонија. Уште кон крајот на јули 1944 година, кога започнува заладувањето на бугарско-германските односи, германското раководство гледа извесна можност да ги зајакне своите позиции на Балканот. За нејзиното реализирање се смета на И. Михајлов кој прифаќа, гледајќи го тоа како последна можност за реализирање на неговите планови за обединување на Македонија со Бугарија. Во почетокот на август 1944 година Михајлов преку В. Куртев ги запознава останатите раководители на ВМРО со германската идеја за прогласување на независна Македонија. За реализирањето на таа идеја по негови насоки се пристапува кон подготовките на неопходните услови за тоа во Вардарска Македонија. За таа цел во текот на август во Скопје престојуваат: В. Куртев, Г. Настев, А. Аврамов, Г. Атанасов, К. Дрангов и др.

Постепеното дистанцирање на Бугарија од нацистичка Германија и објавената кон крајот на август бугарска неутралност се причина Берлин се повеќе да игра на македонската карта. Во однос на ова е и залагањето на бугарскиот министер д-р Александар Станишев кој кон крајот на август 1944 година му предлага на германскиот полномошен министер Бекерле да објави „независност“ на Македонија и да биде ставена под германска заштита. Во контакт со соработниците на Михајлов тој започнува подготовка за реализирање на таа замисла во Вардарска Македонија. Во меѓувреме Станишев испраќа директива до скопскиот областен директор Тома Петров да подготви терен за прогласување на „независна Македонија“. Тоа прашање било разгледано и при средбата на членовите на ЦК на ВМРО, В. Куртев и Г. Настев. Се донел заклучок И. Михајлов да замине за Скопје. Во меѓувреме прашањето за заминувањето на Михајлов било дискутирано на 30 август 1944 година во Загреб со официјален германски претставник. На 4 септември 1944 година И. Михајлов пристигнува во Скопје. За време на дводневниот престој има средби со своите приврзаници: Куртев, Настев, Цилев, Аврамов, Атанасов и др. Поголемиот дел од присутните ја отфрлаат идејата за прогласување на независна Македонија, што нешто го поддржува и Михајлов имајќи го предвид развојот и успехот на НОВ и ПО на Македонија. На 7 септември 1944 година заминува од Македонија и завршува со неуспех неговата епизода околу прогласувањето на независна Македонија со Бугари, останувајќи доследен до крајот на својот живот негирајќи го сосема постоењето на македонска нација, јазик и култура.

The post Чепреганов: Има ли контроверза во делувањето на Иван (Ванчо) Михајлов? appeared first on Република.

Документи: Заев, Пендаровски и Ковачевски дале согласност за рехабилитација на Иван Ванчо Михајлов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dokumenti-zaev-pendarovski-i-kovachevski-dale-soglasnost-za-rehabilitacija-na-ivan-vancho-mihajlov/ Thu, 27 Oct 2022 06:45:00 +0000 https://republika.mk/?p=566071

„Граѓаните се здружуваат во Здружението, заради промоција на животот, идеологијата, РЕХАБИЛИТИРАЊЕ и осветлување на ликот и делото на Иван Михајлов како еден од најзначајните ликови во историјата на Македонија“.

Ова е содржината на членот 2 од Општите одредби од Статутот на здружението Културен центар Иван Михајлов, Битола, до кој дојде „Пресинг ТВ“.

Со други зборови, ова значи дека за првпат во историјата на Република Македонија, од нејзиното формирање како федерална единица во некогашната југословенска федерација, преку осамостојувањето и независноста на почетокот на 90-тите, па до денес, официјално, преку документ и дозвола на една државна институција се дава виза за рехабилитација на личноста, која досега се сметала за најголем крвник и негатор на Македонците и на македонскиот народ во целина.

И, се разбира, сето ова не со прикриена, туку со отворена согласност на претседателот на државата Стево Пендаровски, екс-премиерот Зоран Заев и актуелниот Димитар Ковачевски. Зашто, првите двајца беа овековечени на фотографија со бугарскиот „филантроп“ и главен спонзор на клубот, Милен Врабевски и просто незамисливо е да не биле запознати со целите на здружението!!!, анализира „Пресинг ТВ“.

Ако навистина не биле, тогаш првите луѓе на безбедносните агенции треба веднаш да бидат разрешени. А, последниот, пак, како „кафеносач на Заев“, што би рекол бугарскиот европратник Ангел Џамбаски, не презема ништо за да го спречи тоа!!!

Од оваа временска дистанца, станува јасно и зошто претседателот Пендаровски на 4 февруари годинава, правдајќи го заедничкото македонско-бугарско чествување на Гоце Делчев фактички го изедначи апостолот на македонското револуционерно дело со крвникот на Македонците, Ванчо Михајлов, не гледајќи во тоа ништо спорно! А, синоќа, пак, во вестите на телевизија Сител се обиде да „се пере“ како да не е од тука.

Треба да се преиспита и работата и името, побарав законски промени. Постојат државни институции како јавното обвинителство, да ја испитаат работата. Оваа форма на измените (измените на Законот за здруженија и фондации, кои се во собраниска процедура-н.з.) не значи ретроактивност, но тоа не значи дека не треба да се преиспита нивната досегашна работа. Самиот назив ги иритира Македонците. Зошто да дозволиме имиња, кои разгоруваат национална и верска нетрпеливост, изјави Пендаровски.

Треба ли да се потсетува по којзнае кој пат на фамозното интервју на Зоран Заев за БГНЕС и глупостите изнесени во него, но секако и на реакцијата на поранешниот премиер и претседател на државата и основач на СДСМ, Бранко Црвенковски за последиците од него?!

https://republika.mk/vesti/makedonija/edna-godina-po-povikot-na-crvenkovski-sdsm-da-se-ogradi-od-zaev-intervjuto-za-bgnes-mu-ja-zapechati-karierata/

Актуелниот премиер Ковачевски, во неколку наврати ја повторува изјавата дека кога се согласил со францускиот предлог почувствувал дека како некој со нож да му го сечел стомакот. На ваквото евтино популистичко „продавање гурабии“, нормално, следува прашањето зарем истото чувство не го имале ни Киро Глигоров, ни Борис Трајковски, ни Никола Кљусев, ни Бранко Црвенковски, ни Љупчо Георгиевски, ни Никола Груевски? Го имале, и тоа повеќе од сигурно, но ниту еден од нив едноставно не сакал да се коцка со македонскиот идентитет, историја, јазик, култура, традиции…

И тоа го платиле со висока и животна, и политичка цена. Затоа Ковачевски ни случајно не може да биде државник. Може да биде само обичен сервилен и послушен намесник, кој по паметот на ЗЗ тргнал да го рехабилитира бугарскиот фашизам во Македонија и да го елиминира македонизмот!!!

Во изминатите 30 години од независноста на Република Македонија, восочни фигури на Иван Ванчо Михајлов, за време на влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ, беа поставени во Музејот на револуционерната борба во Скопје и во Музејот во куќата на Андонови во Штип. Но, тоа апсолутно нема никаква врска со обид за негова рехабилитација, исто како што нема врска со обид за рехабилитација постоењето на фигурата на Адолф Хитлер во музејот Мадам Тисо во Лондон. Напротив, тоа значи дека на двата лика им се дава непобитно историско, но негативно значење.

Во последно време се проблематизира повикувањето на континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со исторското ВМРО, чиј последен лидер бил Иван Ванчо Михајлов. И тука нема ништо спорно! Зашто, во преземањето на историскиот континуитет не може да се одбираат само позитивни личности, а негативните да се бришат како да не постоеле.

Тоа му доаѓа исто како СДСМ, кој се повикува на историскиот контонуитет на КПМ, да го прескокнува или да го отфрла периодот на Лазар Колишевски, за чие име се поврзани масовни чистки, без судење, на своите идеолошки неистомисленици.

Или, да се негира соработката на некогашниот репресивен апарат со Вида Боева,  секретарката на Михајлов, и тоа со негово знаење, да се негира барањето на архивите на Михајлов, праќањето соработници за воспоставување контакти со него, да се негира средбата на делегација на комунистите со него при посетата на Скопје во 1944 година, да се негира линијата на работа на УДБ-а/УБК-Врховизам и македонски екстремизам најмалку до 2000 година… И едното и другото е едноставно невозможно.

Што, всушност, власта на СДСМ и на ДУИ, преку Иван Ванчо Михајлов ќе рехабилитира во Република Македонија? Фашизмот? Неговата политичка проституција? Негацијата на македонизмот? Не постоењето Македонци? Постоењето на Република Македонија како „Швајцарија на Балканите“? Или, како втора бугарска држава? Или, можеби припојување кон Бугарија и делумно остварување на руската идеја за велико-бугарскиот сон за Сан-стефанска Бугарија?

Па, токму заради одговорите на овие прашања Македонците еднаш веќе платија превисока цена! Само за потсетување на оние кои не знаат. Политбирото на ЦК КПЈ на 21 март 1945 година ќе одржи седница на која една од точките на дневниот ред ќе биде „изградбата на социјализмот во Македонија“. Состанокот ќе го заклучи маршалот Јосип Броз Тито истакнувајќи меѓу другото дека во Македонија се уште не е изживан ванчомихајловизмот.

-Тој живее во буржоазијата, па и во селанството. Партијата ги популаризирала. Тие треба прво да се раскринкаат на конкретни дела. Македонија треба да се задржува со сопствни сили. Треба да се риба Ченто во Партијата. Влахов треба да се повика овде. Прашањето на тие луѓе треба внимателно да се реши…Македонија се уште ништо не дала за оваа војна и ние ќе мора да пријдеме повеќе да дава за војната и обновата на земјата…, ќе рече меѓу другото Тито.

Заклучоците од состанокот ќе бидат пренесени во Македонија, со што всушност е направен преврат, односно ќе се анулираат одлуките на Првото засдание на АСНОМ, што ќе биде проследено со човечки жртви, страдања и уништени животи.

Неколку децении подоцна, во 2003 година, во интервју за тогашниот неделеник „Форум“, сега веќе покојниот академик Иван Катарџиев, меѓу другото, ќе рече:

-Точно е дека постоеше ембарго кон определени личности од нашето совремие, од првите години на повоениот период. Постоеше апсолутно ембарго кон проучување на делото на ВМРО на Тодор Александров и на Ванчо Михајлов, тоа е точно. Но, треба да се разбере дека новите власти што се инсталираа во Македонија во 44-та година немаа никаква кадровска основа, никакво искуство во историографијата за да можат да направат дистинкција за тоа што е што – на пример, дали ВМРО на Гоце Делчев е различно од она на Александров и Михајлов? Во претходна Кралска Југославија беше создадена претстава дека ВМРО е исто што и Ванчо Михајлов. Тоа сфаќање беше доминантно во владјачките кругови се до 1964 година кога се одржа едно советување во Скопје. Мито Хаџивасилев-Јасмин рече дека е крајно време да се престане со прогонувањето на младинците, кои на разни места пишуваат пароли „Да живее ВМРО“. Има и други примери. Во 44-та се говореше од тогашните моќници дека Гоце Делчев и Илинден не треба да се слават, бидејќи тој бил „Бугарин“, а Илинденското востание било „бугарско востание„“.

И сега, во 2022 година, што прави Република Македонија? Бугарската фашистичка и македонската комунистичка „култура“ или практика на злосторства да ја претвори во култура на сеќавање!!! Тотален апсурд!

Извор: Пресинг ТВ

The post Документи: Заев, Пендаровски и Ковачевски дале согласност за рехабилитација на Иван Ванчо Михајлов appeared first on Република.

]]>

„Граѓаните се здружуваат во Здружението, заради промоција на животот, идеологијата, РЕХАБИЛИТИРАЊЕ и осветлување на ликот и делото на Иван Михајлов како еден од најзначајните ликови во историјата на Македонија“.
Ова е содржината на членот 2 од Општите одредби од Статутот на здружението Културен центар Иван Михајлов, Битола, до кој дојде „Пресинг ТВ“. Со други зборови, ова значи дека за првпат во историјата на Република Македонија, од нејзиното формирање како федерална единица во некогашната југословенска федерација, преку осамостојувањето и независноста на почетокот на 90-тите, па до денес, официјално, преку документ и дозвола на една државна институција се дава виза за рехабилитација на личноста, која досега се сметала за најголем крвник и негатор на Македонците и на македонскиот народ во целина. И, се разбира, сето ова не со прикриена, туку со отворена согласност на претседателот на државата Стево Пендаровски, екс-премиерот Зоран Заев и актуелниот Димитар Ковачевски. Зашто, првите двајца беа овековечени на фотографија со бугарскиот „филантроп“ и главен спонзор на клубот, Милен Врабевски и просто незамисливо е да не биле запознати со целите на здружението!!!, анализира „Пресинг ТВ“. Ако навистина не биле, тогаш првите луѓе на безбедносните агенции треба веднаш да бидат разрешени. А, последниот, пак, како „кафеносач на Заев“, што би рекол бугарскиот европратник Ангел Џамбаски, не презема ништо за да го спречи тоа!!! Од оваа временска дистанца, станува јасно и зошто претседателот Пендаровски на 4 февруари годинава, правдајќи го заедничкото македонско-бугарско чествување на Гоце Делчев фактички го изедначи апостолот на македонското револуционерно дело со крвникот на Македонците, Ванчо Михајлов, не гледајќи во тоа ништо спорно! А, синоќа, пак, во вестите на телевизија Сител се обиде да „се пере“ како да не е од тука.
Треба да се преиспита и работата и името, побарав законски промени. Постојат државни институции како јавното обвинителство, да ја испитаат работата. Оваа форма на измените (измените на Законот за здруженија и фондации, кои се во собраниска процедура-н.з.) не значи ретроактивност, но тоа не значи дека не треба да се преиспита нивната досегашна работа. Самиот назив ги иритира Македонците. Зошто да дозволиме имиња, кои разгоруваат национална и верска нетрпеливост, изјави Пендаровски.
Треба ли да се потсетува по којзнае кој пат на фамозното интервју на Зоран Заев за БГНЕС и глупостите изнесени во него, но секако и на реакцијата на поранешниот премиер и претседател на државата и основач на СДСМ, Бранко Црвенковски за последиците од него?!   https://republika.mk/vesti/makedonija/edna-godina-po-povikot-na-crvenkovski-sdsm-da-se-ogradi-od-zaev-intervjuto-za-bgnes-mu-ja-zapechati-karierata/ Актуелниот премиер Ковачевски, во неколку наврати ја повторува изјавата дека кога се согласил со францускиот предлог почувствувал дека како некој со нож да му го сечел стомакот. На ваквото евтино популистичко „продавање гурабии“, нормално, следува прашањето зарем истото чувство не го имале ни Киро Глигоров, ни Борис Трајковски, ни Никола Кљусев, ни Бранко Црвенковски, ни Љупчо Георгиевски, ни Никола Груевски? Го имале, и тоа повеќе од сигурно, но ниту еден од нив едноставно не сакал да се коцка со македонскиот идентитет, историја, јазик, култура, традиции… И тоа го платиле со висока и животна, и политичка цена. Затоа Ковачевски ни случајно не може да биде државник. Може да биде само обичен сервилен и послушен намесник, кој по паметот на ЗЗ тргнал да го рехабилитира бугарскиот фашизам во Македонија и да го елиминира македонизмот!!! Во изминатите 30 години од независноста на Република Македонија, восочни фигури на Иван Ванчо Михајлов, за време на влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ, беа поставени во Музејот на револуционерната борба во Скопје и во Музејот во куќата на Андонови во Штип. Но, тоа апсолутно нема никаква врска со обид за негова рехабилитација, исто како што нема врска со обид за рехабилитација постоењето на фигурата на Адолф Хитлер во музејот Мадам Тисо во Лондон. Напротив, тоа значи дека на двата лика им се дава непобитно историско, но негативно значење. Во последно време се проблематизира повикувањето на континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со исторското ВМРО, чиј последен лидер бил Иван Ванчо Михајлов. И тука нема ништо спорно! Зашто, во преземањето на историскиот континуитет не може да се одбираат само позитивни личности, а негативните да се бришат како да не постоеле. Тоа му доаѓа исто како СДСМ, кој се повикува на историскиот контонуитет на КПМ, да го прескокнува или да го отфрла периодот на Лазар Колишевски, за чие име се поврзани масовни чистки, без судење, на своите идеолошки неистомисленици. Или, да се негира соработката на некогашниот репресивен апарат со Вида Боева,  секретарката на Михајлов, и тоа со негово знаење, да се негира барањето на архивите на Михајлов, праќањето соработници за воспоставување контакти со него, да се негира средбата на делегација на комунистите со него при посетата на Скопје во 1944 година, да се негира линијата на работа на УДБ-а/УБК-Врховизам и македонски екстремизам најмалку до 2000 година… И едното и другото е едноставно невозможно. Што, всушност, власта на СДСМ и на ДУИ, преку Иван Ванчо Михајлов ќе рехабилитира во Република Македонија? Фашизмот? Неговата политичка проституција? Негацијата на македонизмот? Не постоењето Македонци? Постоењето на Република Македонија како „Швајцарија на Балканите“? Или, како втора бугарска држава? Или, можеби припојување кон Бугарија и делумно остварување на руската идеја за велико-бугарскиот сон за Сан-стефанска Бугарија? Па, токму заради одговорите на овие прашања Македонците еднаш веќе платија превисока цена! Само за потсетување на оние кои не знаат. Политбирото на ЦК КПЈ на 21 март 1945 година ќе одржи седница на која една од точките на дневниот ред ќе биде „изградбата на социјализмот во Македонија“. Состанокот ќе го заклучи маршалот Јосип Броз Тито истакнувајќи меѓу другото дека во Македонија се уште не е изживан ванчомихајловизмот.
-Тој живее во буржоазијата, па и во селанството. Партијата ги популаризирала. Тие треба прво да се раскринкаат на конкретни дела. Македонија треба да се задржува со сопствни сили. Треба да се риба Ченто во Партијата. Влахов треба да се повика овде. Прашањето на тие луѓе треба внимателно да се реши…Македонија се уште ништо не дала за оваа војна и ние ќе мора да пријдеме повеќе да дава за војната и обновата на земјата…, ќе рече меѓу другото Тито.
Заклучоците од состанокот ќе бидат пренесени во Македонија, со што всушност е направен преврат, односно ќе се анулираат одлуките на Првото засдание на АСНОМ, што ќе биде проследено со човечки жртви, страдања и уништени животи. Неколку децении подоцна, во 2003 година, во интервју за тогашниот неделеник „Форум“, сега веќе покојниот академик Иван Катарџиев, меѓу другото, ќе рече:
-Точно е дека постоеше ембарго кон определени личности од нашето совремие, од првите години на повоениот период. Постоеше апсолутно ембарго кон проучување на делото на ВМРО на Тодор Александров и на Ванчо Михајлов, тоа е точно. Но, треба да се разбере дека новите власти што се инсталираа во Македонија во 44-та година немаа никаква кадровска основа, никакво искуство во историографијата за да можат да направат дистинкција за тоа што е што – на пример, дали ВМРО на Гоце Делчев е различно од она на Александров и Михајлов? Во претходна Кралска Југославија беше создадена претстава дека ВМРО е исто што и Ванчо Михајлов. Тоа сфаќање беше доминантно во владјачките кругови се до 1964 година кога се одржа едно советување во Скопје. Мито Хаџивасилев-Јасмин рече дека е крајно време да се престане со прогонувањето на младинците, кои на разни места пишуваат пароли „Да живее ВМРО“. Има и други примери. Во 44-та се говореше од тогашните моќници дека Гоце Делчев и Илинден не треба да се слават, бидејќи тој бил „Бугарин“, а Илинденското востание било „бугарско востание„“.
И сега, во 2022 година, што прави Република Македонија? Бугарската фашистичка и македонската комунистичка „култура“ или практика на злосторства да ја претвори во култура на сеќавање!!! Тотален апсурд! Извор: Пресинг ТВ

The post Документи: Заев, Пендаровски и Ковачевски дале согласност за рехабилитација на Иван Ванчо Михајлов appeared first on Република.

]]>
Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче https://arhiva3.republika.mk/kolumni/vo-makedonija-zenite-se-mazi-vesna-bendevska-so-tri-rala-pogolemi-m-od-tache-stevo-i-bujar-na-kupche/ Sat, 15 Oct 2022 17:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=561539

Предраг Димитровски

Комисијата за спречувње и заштита од дискриминација е првата и засега единствена институција во Република Македонија која директно одговори на антимакедонските провокации од страна на т.н. македонски Бугари со отворањето клубови и здруженија, чии имиња предизвикуваат револт и незадоволство меѓу македонските граѓани. Со одлуката и насоките, што ги одреди за културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Комисијата покажа дека постои начин соодветно да се одговори на политичката распродажба на се што е македонско од страна на власта на СДСМ, да се спречи дискриминацијата на Македонците и Евреите и да се одбрани нивното основно човечко достоинство.

Дефинитивно, во Македонија жените се мажи, а мажите се во здолништа. Поранешната шефица, а сега само член на Комисијата, Весна Бендевска, која го работеше предметот, покажа и докажа дека има три рала поголеми м….. од премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Бујар Османи на купче заедно!

Зашто, нивната сервилност, послушност, молчење и затворање очи пред тоа што, очигледно, било политички договорено пред неколку години со бугарската страна, ја замени со професионалност, дигнитет, храброст и достоинствено извршување на работните задачи и обврски. Но, пред се, со почитување на законските и уставните регулативи и првенствено на праксата на Европскиот суд за човекови права, што, пак, од друга страна целосно ги фрла во вода досегашните тврдења на власта дека се неопходни законски измени за да се спречи употребата на историски спорни, најблаго речено контроверзни имиња, имиња зад кои стои повампирувањето на бугарскиот наци-фашизам како политичка идеологија.

И првите медиумски реакции од страна на т.н. македонски Бугари само потврдуваат дека целта на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола ни најмалку не било добрососедството или заштитата на човековите права и слободи. Напротив, нападите врз Бендевска и одлуката на Комисијата директно говорат дека целта е елиминирање на антибугарскиот македонизам и отворање широки врати за бугаризација на општеството.

Ова од една страна, а од друга, прикажувањето на антикомунизмот во Македонија единствено како бугарско дело! Зашто, ако комунизмот бил во основа антибугарски, тогаш декомунизацијата на општеството мора да биде пробугарски! Според бугарската политичка мисла, ни комунизмот, ни антикомунизмот не биле и не можат да бидат чисто македонски! Зашто, нели, во царска Бугарија немало фашизам, како антипод на комунистичкиот тоталитарен систем, па судирот меѓу фашистите и комунистите за време на Втората светска војна, практично бил чисто идеолошки, а не меѓунационален судир.

Во вакви околности, одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвора и друга дилема, што се сведува на натамошниот меѓуинституционален однос во државата. Владата формира ад хок тело кое во иднина ќе треба да дава согласност за имињата, што т.н. македонски Бугари или било кој друг ќе сака да ги одбере за своите здрушенија или фондации. Член на тоа тело е и неизбжниот, „органски“ историчар, академикот и директор на Институтот за национална историја и копретседател на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и прашања за учебниците, Драги Ѓоргиев.

Истиот тој Драги Ѓоргиев, како добар „партиски измеќар“ во два наврати досега, бранејќи ги глупостите и ветувањата на неговиот патрон, екс-премиерот Зоран Заев, изјави, парафразирано, дека Бугарите за време на Втората светска војна биле окупатори, но не и фашисти. И сега, како тој Ѓоргиев ќе носи одлуки, на пример, и за Иван Ванчо Михајлов, и за Царот Борис Трети, и за Царот Фердинанд?! Или, како ќе ја применува одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација!? Како ќе одлучува за заедничко чествување на некоја од овие личности или за менување на учебниците!? Па, чудо од историчар да е, а не е, нему не му е местото таму.

The post Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

Комисијата за спречувње и заштита од дискриминација е првата и засега единствена институција во Република Македонија која директно одговори на антимакедонските провокации од страна на т.н. македонски Бугари со отворањето клубови и здруженија, чии имиња предизвикуваат револт и незадоволство меѓу македонските граѓани. Со одлуката и насоките, што ги одреди за културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Комисијата покажа дека постои начин соодветно да се одговори на политичката распродажба на се што е македонско од страна на власта на СДСМ, да се спречи дискриминацијата на Македонците и Евреите и да се одбрани нивното основно човечко достоинство. Дефинитивно, во Македонија жените се мажи, а мажите се во здолништа. Поранешната шефица, а сега само член на Комисијата, Весна Бендевска, која го работеше предметот, покажа и докажа дека има три рала поголеми м….. од премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Бујар Османи на купче заедно! Зашто, нивната сервилност, послушност, молчење и затворање очи пред тоа што, очигледно, било политички договорено пред неколку години со бугарската страна, ја замени со професионалност, дигнитет, храброст и достоинствено извршување на работните задачи и обврски. Но, пред се, со почитување на законските и уставните регулативи и првенствено на праксата на Европскиот суд за човекови права, што, пак, од друга страна целосно ги фрла во вода досегашните тврдења на власта дека се неопходни законски измени за да се спречи употребата на историски спорни, најблаго речено контроверзни имиња, имиња зад кои стои повампирувањето на бугарскиот наци-фашизам како политичка идеологија. И првите медиумски реакции од страна на т.н. македонски Бугари само потврдуваат дека целта на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола ни најмалку не било добрососедството или заштитата на човековите права и слободи. Напротив, нападите врз Бендевска и одлуката на Комисијата директно говорат дека целта е елиминирање на антибугарскиот македонизам и отворање широки врати за бугаризација на општеството. Ова од една страна, а од друга, прикажувањето на антикомунизмот во Македонија единствено како бугарско дело! Зашто, ако комунизмот бил во основа антибугарски, тогаш декомунизацијата на општеството мора да биде пробугарски! Според бугарската политичка мисла, ни комунизмот, ни антикомунизмот не биле и не можат да бидат чисто македонски! Зашто, нели, во царска Бугарија немало фашизам, како антипод на комунистичкиот тоталитарен систем, па судирот меѓу фашистите и комунистите за време на Втората светска војна, практично бил чисто идеолошки, а не меѓунационален судир. Во вакви околности, одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвора и друга дилема, што се сведува на натамошниот меѓуинституционален однос во државата. Владата формира ад хок тело кое во иднина ќе треба да дава согласност за имињата, што т.н. македонски Бугари или било кој друг ќе сака да ги одбере за своите здрушенија или фондации. Член на тоа тело е и неизбжниот, „органски“ историчар, академикот и директор на Институтот за национална историја и копретседател на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и прашања за учебниците, Драги Ѓоргиев. Истиот тој Драги Ѓоргиев, како добар „партиски измеќар“ во два наврати досега, бранејќи ги глупостите и ветувањата на неговиот патрон, екс-премиерот Зоран Заев, изјави, парафразирано, дека Бугарите за време на Втората светска војна биле окупатори, но не и фашисти. И сега, како тој Ѓоргиев ќе носи одлуки, на пример, и за Иван Ванчо Михајлов, и за Царот Борис Трети, и за Царот Фердинанд?! Или, како ќе ја применува одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација!? Како ќе одлучува за заедничко чествување на некоја од овие личности или за менување на учебниците!? Па, чудо од историчар да е, а не е, нему не му е местото таму.

The post Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче appeared first on Република.

]]>
Oва се членовите на Советодавното тело кои ќе одлучуваат за употребата на имиња на историски и други познати личности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ova-se-chlenovite-na-sovetodavnoto-telo-koi-kje-odluchuvaat-za-upotrebata-na-iminja-na-istoriski-i-drugi-poznati-lichnosti/ Wed, 05 Oct 2022 10:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=557572

Првата конститутивна седница на советодавното тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице се одржа денеска во Владата.

Како што информира владината прес-служба, улогата на ова тело ќе биде советодавна, односно ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи.

За претседавач на телото, членовите едногласно го избраа Бобан Петровски од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, а за заменик-претседавач Билјана Мицковска од Министерството за економија.

Советодавното тело има седум постојани членови кои се номинирани од самите институции, а двајца дополнително ќе се именуваат од граѓанските организации и други институции, зависно од личноста за која ќе се дискутира.

Постојани членови за телото се: Билјана Ристовска-Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Бобан Петровски, редовен професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје - за прашања од антички период и среден век/ д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје - за прашања од нов и најнов век, академик Драги Ѓоргиев, редовен член на МАНУ, Антонио Павлоски, посебен советник во Министерство за култура, Билјана Мицковска, раководител на Сектор за правни работи при Министерството за економија, Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и Ана Трајчева - регистратор во Централниот регистар.

Советодавното тело за својата работа до Владата ќе треба да достави годишен извештај, најдоцна до првата половина на март во тековната година за претходната година, заради нејзино информирање, стои во соопштението од Владата.

The post Oва се членовите на Советодавното тело кои ќе одлучуваат за употребата на имиња на историски и други познати личности appeared first on Република.

]]>

Првата конститутивна седница на советодавното тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице се одржа денеска во Владата. Како што информира владината прес-служба, улогата на ова тело ќе биде советодавна, односно ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи. За претседавач на телото, членовите едногласно го избраа Бобан Петровски од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, а за заменик-претседавач Билјана Мицковска од Министерството за економија. Советодавното тело има седум постојани членови кои се номинирани од самите институции, а двајца дополнително ќе се именуваат од граѓанските организации и други институции, зависно од личноста за која ќе се дискутира. Постојани членови за телото се: Билјана Ристовска-Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Бобан Петровски, редовен професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје - за прашања од антички период и среден век/ д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје - за прашања од нов и најнов век, академик Драги Ѓоргиев, редовен член на МАНУ, Антонио Павлоски, посебен советник во Министерство за култура, Билјана Мицковска, раководител на Сектор за правни работи при Министерството за економија, Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и Ана Трајчева - регистратор во Централниот регистар.
Советодавното тело за својата работа до Владата ќе треба да достави годишен извештај, најдоцна до првата половина на март во тековната година за претходната година, заради нејзино информирање, стои во соопштението од Владата.

The post Oва се членовите на Советодавното тело кои ќе одлучуваат за употребата на имиња на историски и други познати личности appeared first on Република.

]]>
„Ванчо Михајлов“ може, „Млади за Македонија“ не! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vancho-mihajlov-moze-mladi-za-makedonija-ne/ Thu, 08 Sep 2022 08:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=548562

Управниот суд на 14 септември ќе донесе одлука дали ќе ја уважи жалбата на невладиното здружение „Млади за Македонија“, чие име е оспорено од Министерството за правда уште од 2018 година, бидејќи во себе не ја содржи претставката „Cеверна“, пишува МКД.мк потстувајќи дека Министерството за правда пред две години не дозволи регистрација на здружение со име „Млади за Македонија“. Управниот суд вчера одржа јавна расправа.

Во одговорот до Управниот суд, Министерството за правда вели дека остануваат на донесеното решение со кое според Законот за здруженија се забранува употребата на терминот Македонија, кој може да се употребува само со одобрение од ресорното министерство.

По вчерашната јавна расправа во Управниот суд, застапникот на невладиното студентско здружение „Млади за Македонија“, адвокатот Тони Менкиноски, изјави дека ова здружение има генетско право да се идентификува како македонско и да го користи поимот Македонија.

Користењето на името „Македонија“ е основно човеково и генетско право и за овој предмет ќе одиме до крај, истакнаа адвокатот Тони Менкиноски и тужителот Димитар Џундев по јавната расправа во Управниот суд. Тие бараат поништување на решението на Министерството за правда и регистрација на здружението „Млади за Македонија“ од Гевгелија.

Повеќе на МКД.мк

The post „Ванчо Михајлов“ може, „Млади за Македонија“ не! appeared first on Република.

]]>

Управниот суд на 14 септември ќе донесе одлука дали ќе ја уважи жалбата на невладиното здружение „Млади за Македонија“, чие име е оспорено од Министерството за правда уште од 2018 година, бидејќи во себе не ја содржи претставката „Cеверна“, пишува МКД.мк потстувајќи дека Министерството за правда пред две години не дозволи регистрација на здружение со име „Млади за Македонија“. Управниот суд вчера одржа јавна расправа. Во одговорот до Управниот суд, Министерството за правда вели дека остануваат на донесеното решение со кое според Законот за здруженија се забранува употребата на терминот Македонија, кој може да се употребува само со одобрение од ресорното министерство. По вчерашната јавна расправа во Управниот суд, застапникот на невладиното студентско здружение „Млади за Македонија“, адвокатот Тони Менкиноски, изјави дека ова здружение има генетско право да се идентификува како македонско и да го користи поимот Македонија. Користењето на името „Македонија“ е основно човеково и генетско право и за овој предмет ќе одиме до крај, истакнаа адвокатот Тони Менкиноски и тужителот Димитар Џундев по јавната расправа во Управниот суд. Тие бараат поништување на решението на Министерството за правда и регистрација на здружението „Млади за Македонија“ од Гевгелија. Повеќе на МКД.мк  

The post „Ванчо Михајлов“ може, „Млади за Македонија“ не! appeared first on Република.

]]>
Левица поднесе Иницијатива за забрана на работа клубот „Ванчо Михајлов“ – Битола, повикувајќи се на член 65 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-podnese-inicijativa-za-zabrana-na-rabota-klubot-vancho-mihajlov-bitola-povikuvajkji-se-na-chlen-65/ Mon, 29 Aug 2022 11:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=545241

Епидемијата на неофашистички здруженија кои никнуваат на територијата на Македонија, под покровителство на пробугарските СДС и ДУИ, кои имаат за цел да провоцираат и промовираат фашистички и асимилаторски вредности, мора да запре, велат од Левица, додавајќи дека партијата поднела Иницијатива за забрана на работата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ - Битола до Основното јавно обвинителство во Битола, повикувајќи се на член 65 од Законот за здруженија и фондации.

Во Статутот на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“ Битола, донесен на Основачкото собрание на здружението, на седница одржана на 12 март 2019 година, се појаснува дека мисијата на Здружението е промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван (Ванчо) Михајлов.
Неспорно е дека граѓаните на РМ им се гарантира слободата за здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Меѓутоа, јасни уставни и законски одредби ги определуваат границите на остварување на оваа слобода, велат во соопштението од Левица.

Додаваат дека со своите програмски цели и теренски активности за промоција на идеологијата и рехабилитирање на ликот и делото на Иван Михајлов, дејствувањето на Здружението е насочено токму кон разгорување на национална омраза и нетрпеливост, преземајќи активности кои се спротивни на Уставот и закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.

Ноторен историски факт е дека според идеологијата на Иван Ванчо Михајлов, македонската нација и јазик не постојат! Здружението ја промовира оваа идеологија за промена на националната свест на македонскиот народ и во своите просотрии има поставено цитат од Иван Михајлов, во оваа насока.

Дејствувањето на Здружението е насочено кон негирање на слободите и правата на македонскиот народ за слободно изразување на националната припадност. Дополнително, Здружението на социјалните мрежи редовно објавува натписи со содржина со која разгорува национална омраза.

Рехабилитацијата на ликот и делото на Иван Михалов, кој светската историографија го смета за докажан соработник на Хитлер, е рехабилитација и глорификација на фашизмот и нацизмот - потикнувајќи чувство на национална и верска омраза и нетрпеливост кон Еврејската заедница во Македонија, реагираат од партијата.

Oд Левица очекуваат Основниот суд, во итна постапка, да донесе решение со кое се прифаќа во целост предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и се забранува работата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ - Битола.

The post Левица поднесе Иницијатива за забрана на работа клубот „Ванчо Михајлов“ – Битола, повикувајќи се на член 65 appeared first on Република.

]]>

Епидемијата на неофашистички здруженија кои никнуваат на територијата на Македонија, под покровителство на пробугарските СДС и ДУИ, кои имаат за цел да провоцираат и промовираат фашистички и асимилаторски вредности, мора да запре, велат од Левица, додавајќи дека партијата поднела Иницијатива за забрана на работата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ - Битола до Основното јавно обвинителство во Битола, повикувајќи се на член 65 од Законот за здруженија и фондации.
Во Статутот на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“ Битола, донесен на Основачкото собрание на здружението, на седница одржана на 12 март 2019 година, се појаснува дека мисијата на Здружението е промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван (Ванчо) Михајлов. Неспорно е дека граѓаните на РМ им се гарантира слободата за здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Меѓутоа, јасни уставни и законски одредби ги определуваат границите на остварување на оваа слобода, велат во соопштението од Левица.
Додаваат дека со своите програмски цели и теренски активности за промоција на идеологијата и рехабилитирање на ликот и делото на Иван Михајлов, дејствувањето на Здружението е насочено токму кон разгорување на национална омраза и нетрпеливост, преземајќи активности кои се спротивни на Уставот и закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.
Ноторен историски факт е дека според идеологијата на Иван Ванчо Михајлов, македонската нација и јазик не постојат! Здружението ја промовира оваа идеологија за промена на националната свест на македонскиот народ и во своите просотрии има поставено цитат од Иван Михајлов, во оваа насока. Дејствувањето на Здружението е насочено кон негирање на слободите и правата на македонскиот народ за слободно изразување на националната припадност. Дополнително, Здружението на социјалните мрежи редовно објавува натписи со содржина со која разгорува национална омраза. Рехабилитацијата на ликот и делото на Иван Михалов, кој светската историографија го смета за докажан соработник на Хитлер, е рехабилитација и глорификација на фашизмот и нацизмот - потикнувајќи чувство на национална и верска омраза и нетрпеливост кон Еврејската заедница во Македонија, реагираат од партијата.
Oд Левица очекуваат Основниот суд, во итна постапка, да донесе решение со кое се прифаќа во целост предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и се забранува работата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ - Битола.

The post Левица поднесе Иницијатива за забрана на работа клубот „Ванчо Михајлов“ – Битола, повикувајќи се на член 65 appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот клуб во Битола е сместен во куќа на депортирани Евреи: Германска новинарка ја откри суровата вистина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-klub-vo-bitola-e-smesten-vo-kukja-na-deportirani-evrei-germanska-novinarka-ja-otkri-surovata-vistina/ Mon, 08 Aug 2022 11:44:58 +0000 https://republika.mk/?p=538010

Куќата во која е сместен Бугарскиот културен центар во битолскиот Еврејски кварт некогаш припаѓала на еврејско семејство кое било депортирано за време на нацистичката ера.

Оваа информација ја открива германската новинарка Брита Хилперт во репортажа објавена на германскиот национален телевизиски сервис ZDF.

Новинарката Хилперт во репортажата го прашува директорот на бугарскиот центар Љупчо Горгиевски: Зарем не е бесчувствително Културниот центар да му се посвети на Иван Михаилов, кој соработувал со нацистите?

Но тој не смета дека тоа е проблем затоа што тој и Бугарите во Македонија имаат своја историја.

Соработката не е докажана (признаените историчари поинаку гледаат з.а.), поважна е неговата улога во историјата на Бугарите во Македонија. Историските книги треба да се променат – вели Горгиевски во репортажата за германскиот медиум.

Иван Михајлов бил докажан соработник на Хитлер, Мусолини и на Анте Павелиќ, кои заедно убиле над 6 милиони Евреи. Бугарските фашистички власти во Втората светска војна депортирале над 99 отсто од македонските Евреи кои никогаш не се вратиле од логорот на смртта Треблинка.

The post Бугарскиот клуб во Битола е сместен во куќа на депортирани Евреи: Германска новинарка ја откри суровата вистина appeared first on Република.

]]>

Куќата во која е сместен Бугарскиот културен центар во битолскиот Еврејски кварт некогаш припаѓала на еврејско семејство кое било депортирано за време на нацистичката ера. Оваа информација ја открива германската новинарка Брита Хилперт во репортажа објавена на германскиот национален телевизиски сервис ZDF. Новинарката Хилперт во репортажата го прашува директорот на бугарскиот центар Љупчо Горгиевски: Зарем не е бесчувствително Културниот центар да му се посвети на Иван Михаилов, кој соработувал со нацистите? Но тој не смета дека тоа е проблем затоа што тој и Бугарите во Македонија имаат своја историја.
Соработката не е докажана (признаените историчари поинаку гледаат з.а.), поважна е неговата улога во историјата на Бугарите во Македонија. Историските книги треба да се променат – вели Горгиевски во репортажата за германскиот медиум.
Иван Михајлов бил докажан соработник на Хитлер, Мусолини и на Анте Павелиќ, кои заедно убиле над 6 милиони Евреи. Бугарските фашистички власти во Втората светска војна депортирале над 99 отсто од македонските Евреи кои никогаш не се вратиле од логорот на смртта Треблинка.

The post Бугарскиот клуб во Битола е сместен во куќа на депортирани Евреи: Германска новинарка ја откри суровата вистина appeared first on Република.

]]>
На Османи не му пречи што клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола предизвикува негативни чувства кај Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-osmani-ne-mu-prechi-shto-klubot-vancho-mihajlov-vo-bitola-predizvikuva-negativni-chuvstva-kaj-makedoncite/ Tue, 26 Jul 2022 11:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=533360

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, дали називот на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, кој предизвикува негативни чувства кај Македонците, може да биде доведен во контекст на говор на омраза, тој рече дека тоа не е така, туку дека единствено станува збор за историска интерпретација.

Според шефот на македонската дипломатија, клубот нема да биде третиран според барањата во Протоколот за промена на натписите на спомениците и останатите објекти, како и деловите од учебниците, кои будат негативни чувства во Бугарија.

– Тоа би било погрешен пристап, затоа што различните историски интерпретации не смееме да ги ставиме под „говор на омраза“. Под говор на омраза, јасно кажува нашето законодавство што е – омаловажување поради карактеристики на човек и припадност во група и мислам дека ако го прошириме тоа во историските интерпретации, тогаш мислам дека отвораме поле на нови ризици, рече Османи.

Според министерот, говорот на омраза е насочен кон граѓаните од соседните држави во голема мерка и дека двете влади на Македонија и Бугарија, како што вели тој, ќе мора да кажат „стоп“ на таквиот негативен тренд.

The post На Османи не му пречи што клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола предизвикува негативни чувства кај Македонците appeared first on Република.

СДСМ-овците станаа поголеми комунисти од Лазо Колишевски и врховисти од Ванчо Михајлов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-ovcite-stanaa-pogolemi-komunisti-od-lazo-kolishevski-i-vrhovisti-od-vancho-mihajlov/ Tue, 12 Jul 2022 09:53:43 +0000 https://republika.mk/?p=527437

Централниот одбор на СДСМ, според партиското соопштение,  на синоќешната седница донел едногласна одлука да го поддржи процесот за отпочнување на преговорите за полноправно членство на земјава во ЕУ согласно Предлог – преговарачката рамка за пристапни преговори со Унијата од последниот европски предлог од 30 јуни 2022 година, предложен од француското претседателство.

Во соопштението натаму се посочува дека СДСМ како државотворна партија останува цврсто кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ во ниту едни околности. Овие определби и принципи СДСМ очекува да бидат поддржани од сите политички субјекти во Собранието преку носење на натамошни заклучоци за европскиот предлог, согласно собраниските процедури, посочуваат од најголемата владејачка партија.

Само ваквото делумно читање на партиското соопштение повеќе од јасно укажува дека од некогаш државотворната партија не останало апсолутно ништо. Напротив. Прифаќајќи ги одредбите од необјавениот протокол од вториот меѓувладин македонско-бугарски состанок, што они добро го знаат и отворено манипулираат со целата домашна јавност со неговото криење до последен момент, членовите на СДСМ практично стануваат поортодоксни комунисти од Лазар Колишевски и поголеми врховисти од Иван Ванчо Михајлов!-анализира „Пресинг ТВ“.

Зашто, ако се погледнат преземените обврски од протоколот, што го објавија бугарските медиуми, тогаш владејачката партија прифаќа отворена асимилација и бугаризација на Македонците! Полека и постапно, во период од десетина-петнаесет години, преку институциите на системот, медиумите и образованието на младите генерации.

Од овој факт нема бегање и попусти се сите негови убедувања на граѓаните од типот дека СДСМ преку Владата и институциите на системот доследно се придржува до Резолуцијата за македонските црвени линии усвоена од страна на македонското Собрание, дека имаме предлог кој гарантира чист македонски јазик во ЕУ, историски и билатерални прашања надвор од преговарачката рамка, што ќе значи и конечно затворање на сите идентитетски прашања.

Наследниците на македонските комунисти, нивните синови и внуци, им плукнаа в лице на нивните директни претци, на нивните родители и дедовци! А, меѓу нив има и такви, кои биле и носители на илинденски пензии! Со тоа уште еднаш се потврдува синтагмата на Карл Маркс дека историјата се повторува еднаш како фарса, а другпат како трагедија.

Без разлика дали актуелните членови на СДСМ на повторувањето на историјата ќе гледаат како на фарса или како на трагедија, како поортодоксни комунисти од тие на деценискиот комунистички лидер на Македонија, Лазар Колишевски, сега ќе треба да ги признаат и проголтаат сите гревови на своите претци. Веќе нема да мораат да носат Кинези само за да бидат комунисти, доволни ќе им бидат неистомислениците. Било идеолошките, оние со чист граѓански или со предзнак на ВМРО, било етнички поинаквите, оние кои се прокламирале за македонски Бугари, Турци, Албанци… А, посебно на Македонците од Бугарија, кои ги повикал да дојдат за да помогнат во формирањето и создавањето на македонската држава, а потоа бездушно рачистил со нив.

Во негацијата на се што е македонско, членовите на владејачкиот СДСМ го надминаа дури и последниот лидер на историското ВМРО, Иван Ванчо Михајлов. Неговиот врховизам може вода да му носи на овој актуелниот на СДСМ! Зашто, неговата негација на Македонците и на македонизмот било константа, а оваа на владејачката партија е новокомпонирана и затскриена зад прифаќањето на францускиот предлог. Македонизмот и Македонците ќе бидат избришани како молив со гумичка, во временски период од 10-15 години.

Кога власта по секоја цена е послатка од се, тогаш е нормално да се случуваат трансформации. Така, тие од СДСМ како ортодоксни србокомунисти, кои пред само неколку години за припадниците на ВМРО-ДПМНЕ извикуваа „Бугари, Бугари“, сега самите станаа Бугари! А, „Бугарите„ од ВМРО-ДПМНЕ, пак, станаа тоа што, всушност, и беа-Македонци, но без излитениот србокомунизам.

The post СДСМ-овците станаа поголеми комунисти од Лазо Колишевски и врховисти од Ванчо Михајлов appeared first on Република.

]]>

Централниот одбор на СДСМ, според партиското соопштение,  на синоќешната седница донел едногласна одлука да го поддржи процесот за отпочнување на преговорите за полноправно членство на земјава во ЕУ согласно Предлог – преговарачката рамка за пристапни преговори со Унијата од последниот европски предлог од 30 јуни 2022 година, предложен од француското претседателство. Во соопштението натаму се посочува дека СДСМ како државотворна партија останува цврсто кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ во ниту едни околности. Овие определби и принципи СДСМ очекува да бидат поддржани од сите политички субјекти во Собранието преку носење на натамошни заклучоци за европскиот предлог, согласно собраниските процедури, посочуваат од најголемата владејачка партија.
Само ваквото делумно читање на партиското соопштение повеќе од јасно укажува дека од некогаш државотворната партија не останало апсолутно ништо. Напротив. Прифаќајќи ги одредбите од необјавениот протокол од вториот меѓувладин македонско-бугарски состанок, што они добро го знаат и отворено манипулираат со целата домашна јавност со неговото криење до последен момент, членовите на СДСМ практично стануваат поортодоксни комунисти од Лазар Колишевски и поголеми врховисти од Иван Ванчо Михајлов!-анализира „Пресинг ТВ“.
Зашто, ако се погледнат преземените обврски од протоколот, што го објавија бугарските медиуми, тогаш владејачката партија прифаќа отворена асимилација и бугаризација на Македонците! Полека и постапно, во период од десетина-петнаесет години, преку институциите на системот, медиумите и образованието на младите генерации.
Од овој факт нема бегање и попусти се сите негови убедувања на граѓаните од типот дека СДСМ преку Владата и институциите на системот доследно се придржува до Резолуцијата за македонските црвени линии усвоена од страна на македонското Собрание, дека имаме предлог кој гарантира чист македонски јазик во ЕУ, историски и билатерални прашања надвор од преговарачката рамка, што ќе значи и конечно затворање на сите идентитетски прашања.
Наследниците на македонските комунисти, нивните синови и внуци, им плукнаа в лице на нивните директни претци, на нивните родители и дедовци! А, меѓу нив има и такви, кои биле и носители на илинденски пензии! Со тоа уште еднаш се потврдува синтагмата на Карл Маркс дека историјата се повторува еднаш како фарса, а другпат како трагедија. Без разлика дали актуелните членови на СДСМ на повторувањето на историјата ќе гледаат како на фарса или како на трагедија, како поортодоксни комунисти од тие на деценискиот комунистички лидер на Македонија, Лазар Колишевски, сега ќе треба да ги признаат и проголтаат сите гревови на своите претци. Веќе нема да мораат да носат Кинези само за да бидат комунисти, доволни ќе им бидат неистомислениците. Било идеолошките, оние со чист граѓански или со предзнак на ВМРО, било етнички поинаквите, оние кои се прокламирале за македонски Бугари, Турци, Албанци… А, посебно на Македонците од Бугарија, кои ги повикал да дојдат за да помогнат во формирањето и создавањето на македонската држава, а потоа бездушно рачистил со нив. Во негацијата на се што е македонско, членовите на владејачкиот СДСМ го надминаа дури и последниот лидер на историското ВМРО, Иван Ванчо Михајлов. Неговиот врховизам може вода да му носи на овој актуелниот на СДСМ! Зашто, неговата негација на Македонците и на македонизмот било константа, а оваа на владејачката партија е новокомпонирана и затскриена зад прифаќањето на францускиот предлог. Македонизмот и Македонците ќе бидат избришани како молив со гумичка, во временски период од 10-15 години. Кога власта по секоја цена е послатка од се, тогаш е нормално да се случуваат трансформации. Така, тие од СДСМ како ортодоксни србокомунисти, кои пред само неколку години за припадниците на ВМРО-ДПМНЕ извикуваа „Бугари, Бугари“, сега самите станаа Бугари! А, „Бугарите„ од ВМРО-ДПМНЕ, пак, станаа тоа што, всушност, и беа-Македонци, но без излитениот србокомунизам.

The post СДСМ-овците станаа поголеми комунисти од Лазо Колишевски и врховисти од Ванчо Михајлов appeared first on Република.

]]>
Како (не)реагираше Бугарија кога беше оштетен македонскиот клуб „Илинден“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-ne-reagirashe-bugarija-koga-beshe-oshteten-makedonskiot-klub-ilinden/ Tue, 07 Jun 2022 17:00:43 +0000 https://republika.mk/?p=512286

Откако пред неколку дена беше запален влезот клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола настанот беше пренесен во медиумите, актот беше осуден од македонските власти на владино ниво, веднаш беше започната истрага и за само неколку дена осомничениот е уапсен и притворен, истакнуваат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.

Во 2007 и во 2008 година на два пати беше напаѓан клубот на ОМО „Илинден“-ПИРИН во градот Гоце Делчев, беа скршени стакла, исцртани свастики и др. Полицијата одби да започне истрага зашто штетата не била доволно голема, медиумите не соопштија за настанот, властите не го осудија вандализмот и се разбира никој не беше казнет, велат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.

The post Како (не)реагираше Бугарија кога беше оштетен македонскиот клуб „Илинден“ appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Инцидентот во Битола е реакција на распродавањето на државните интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-incidentot-vo-bitola-e-reakcija-na-rasprodavanjeto-na-drzavnite-interesi/ Tue, 07 Jun 2022 15:32:34 +0000 https://republika.mk/?p=512294

ВМРО-ДПМНЕ не поддржува никаков вид на насилство и смета дека тоа не е одговор на проблемите, но воедно подвлекуваме дека инцидентот во Битола е реакција, на акцијата на власта поврзана со распродавањето на државните и национални интереси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на палењето на вратата на Клубот „Ванчо Михајлов“ од страна на пејачот Ламбе Алабаковски.

Таквата распродажба на националните интереси, дозволувањето и патронатството на провокации сервирани од источниот сосед, од страна на Владата на Македонија предизвикува кај голем број на граѓани фрустрација и бес. Во време кога се уште нема одговор каде се парите од Рекетот, во време кога се дозволи Ден Дончев да избега со туце пари кои ги зема како мито, кога Рашковски и Зекири се осомничени за огромни злоупотреби, кога нема виновни за горењето на пациентите во модуларната болница во Тетово, нема одговорност за несреќите во Ласкарци и Бугарија, кога Спасовски не одговара за нелегални пасоши издадени на белосветски мафијаши, спроведувањето на закон врз сторител на инцидент во Битола е замачкување на очите на јавноста за да се дефокусира вниманието од колективна неправда, срушениот правен систем и економската катастрофа во која живее народот, смета ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Инцидентот во Битола е реакција на распродавањето на државните интереси appeared first on Република.

Изгорени влезната врата и натписот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izgoreni-vleznata-vrata-i-natpisot-na-bugarskiot-klub-vancho-mihajlov-vo-bitola/ Sat, 04 Jun 2022 08:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=510946

Влезната врата и натписот „Ванчо Михајлов“ од Бугарскиот клуб на улица Рузвелтова во Битола Изгорени се. Внатре не е нанесена штета.

Љупчо Ѓоргиевски, претседателот на Културниот центар „Иван Михајлов“, вели дека пожарот е подметнат рано утрово во пет часот и дека соседите повикале пожарна и бил изгаснат, па не се проширил врз други делови од објектот.

Полицијата утрово извршила увид, но засега нема официјална информација за причините. „СДК“ неофицијално дознава дека има снимка на која се гледа потпалувачот.

The post Изгорени влезната врата и натписот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Влезната врата и натписот „Ванчо Михајлов“ од Бугарскиот клуб на улица Рузвелтова во Битола Изгорени се. Внатре не е нанесена штета. Љупчо Ѓоргиевски, претседателот на Културниот центар „Иван Михајлов“, вели дека пожарот е подметнат рано утрово во пет часот и дека соседите повикале пожарна и бил изгаснат, па не се проширил врз други делови од објектот. Полицијата утрово извршила увид, но засега нема официјална информација за причините. „СДК“ неофицијално дознава дека има снимка на која се гледа потпалувачот.

The post Изгорени влезната врата и натписот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола appeared first on Република.

]]>