ванчо чифлиганец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vancho-chifliganec/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 19:11:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ванчо чифлиганец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vancho-chifliganec/ 32 32 Граѓаните се жалат за високите згради на паркингот спроти „Ист Гејт“, инвеститорот Чифлиганец тврди дека се гради законски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/graganite-se-zhalat-za-visokite-zgradi-na-parkingot-sproti-ist-gejt-investitorot-chifliganets-tvrdi-deka-se-gradi-zakonski/ Fri, 04 Oct 2024 19:11:32 +0000 https://republika.mk/?p=822661

На неколку метри од зградата на Македонската телевизија на паркинг просторот спроти трговскиот центар „Ист Гејт“, ќе се гради малку понизок станбен и деловен објект од 15 ката. Ќе чини од 90 до 100 милиони евра, а се очекува да биде изграден за две години. Ќе има три дела, на аголот ќе биде највисокиот дел од 15 ката, другиот станбен објект ќе има 11, а бизнис центарот седум ката.

Граѓаните се жалат дека по изградбата на „Ист Гејт“ на улиците секојдневно се создава метеж, а дополнително со новиот станбен и деловен објект ќе биде ставен целосен крај на движењето и живеењето во овој дел од градот. Општина Центар ѝ издаде градежна дозвола на фирмата Адора инжинеринг, а сопственикот Ванчо Чифлиганец екслузивно за „Телма“ тврди се гради согласно закон.

За изградбата на објектот, Чифлиганец тврди дека се уплатени комуналии од околу пет милиони евра.

Според Деталниот урбанистички план, објектот ќе има максимална висина од приземје плус 18 ката. Издадената градежна дозвола е во согласност со параметрите на ревидираниот ДУП, донесен во јули минатата година.

Чифлиганец поднел барање за добивање градежна дозвола во јуни 2021, што според стариот план се дозволуваше дупло поголема површина за градба и формирање бетонски ѕид, но беше одбиен.

Општина Центар го смени ДУП-от за Крњево во јули минатата година. Со измените, ја намали површината на која може да се гради и развиената површина, но ја зголеми дозволената катност на зградите од 12 на 18 ката.

The post Граѓаните се жалат за високите згради на паркингот спроти „Ист Гејт“, инвеститорот Чифлиганец тврди дека се гради законски appeared first on Република.

]]>

На неколку метри од зградата на Македонската телевизија на паркинг просторот спроти трговскиот центар „Ист Гејт“, ќе се гради малку понизок станбен и деловен објект од 15 ката. Ќе чини од 90 до 100 милиони евра, а се очекува да биде изграден за две години. Ќе има три дела, на аголот ќе биде највисокиот дел од 15 ката, другиот станбен објект ќе има 11, а бизнис центарот седум ката. Граѓаните се жалат дека по изградбата на „Ист Гејт“ на улиците секојдневно се создава метеж, а дополнително со новиот станбен и деловен објект ќе биде ставен целосен крај на движењето и живеењето во овој дел од градот. Општина Центар ѝ издаде градежна дозвола на фирмата Адора инжинеринг, а сопственикот Ванчо Чифлиганец екслузивно за „Телма“ тврди се гради согласно закон.
За изградбата на објектот, Чифлиганец тврди дека се уплатени комуналии од околу пет милиони евра.
Според Деталниот урбанистички план, објектот ќе има максимална висина од приземје плус 18 ката. Издадената градежна дозвола е во согласност со параметрите на ревидираниот ДУП, донесен во јули минатата година. Чифлиганец поднел барање за добивање градежна дозвола во јуни 2021, што според стариот план се дозволуваше дупло поголема површина за градба и формирање бетонски ѕид, но беше одбиен. Општина Центар го смени ДУП-от за Крњево во јули минатата година. Со измените, ја намали површината на која може да се гради и развиената површина, но ја зголеми дозволената катност на зградите од 12 на 18 ката.

The post Граѓаните се жалат за високите згради на паркингот спроти „Ист Гејт“, инвеститорот Чифлиганец тврди дека се гради законски appeared first on Република.

]]>
БЕГ: Не е точно дека бесправно сме стопанисувале со топланите во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/beg-ne-e-tochno-deka-bespravno-sme-stopanisuvale-so-toplanite-vo-skopje/ Fri, 30 Sep 2022 14:10:55 +0000 https://republika.mk/?p=556037

Балкан енерџи груп АД Скопје (БЕГ) во пишано соопштение до медиумите порачува дека е неточна изјавата дека БЕГ бесправно стопанисувал со топланите бидејќи, како што велат, ги користеле согласно Договор за закуп со Топлификација, а согласно Закон за облигациони односи, договорот го наследува новиот сопственик на топланите.

-Во моментот кога „Адора“ ги купи топланите знаеше дека се под долгорочен закуп на БЕГ за вршење на јавната дејност, што беше наведено и во огласот за продажба. Согласно истиот Договор за закуп, БЕГ редовно исплаќаше месечна закупнина во висина од 2,6 милиони денари, колку што одобрува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), меѓутоа Адора ја враќаше бидејќи ценеше дека е недоволно, посочуваат од БЕГ.

Нагласуваат дека е неточна изјавата на сопственикот на Адора, Ванчо Чифлиганец дека БЕГ наплатил 1,6 милиони евра кои никаде ги нема.

-БЕГ од граѓаните наплаќаше согласно одлуки на РКЕ. Сите собрани пари од граѓаните БЕГ ги насочи да ги покрие трошоците за набавка на природен гас и електрична енергија. За жал овие трошоци беа многу повисоки од предвидените во тарифата за претходната грејна сезона и компанијата оствари големи загуби во првиот квартал и остана должна како на Адора така и на други доверители. Согласно правилата на РКЕ, компанијата има право да ги побарува остварените загуби од идните тарифи одобрени од РКЕ, по што ќе бидат подмирени обврските кон Адора и останатите доверители, потенцираат од БЕГ.

2022-09-30 14:41:41, од Валентин Јанковски

The post БЕГ: Не е точно дека бесправно сме стопанисувале со топланите во Скопје appeared first on Република.

БЕГ бесправно стопанисува со топланите, им наплаќа на граѓаните, а парите никаде ги нема https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/beg-bespravno-stopanisuva-so-toplanite-im-naplakja-na-gragjanite-a-parite-nikade-gi-nema/ Fri, 30 Sep 2022 14:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=555983

Адора инженериг и јас лично последниве 12 месеци поминуваме низ вистинска голгота по купувањето на Топлификација, вели бизнисменот Ванчо Чифлиганец во СТУДИО 10 на ТВ24.

Чифиганец вели дека топланите се платени 9,26 милиони евра и се купени на транспарентен начин. За мотивот за влегување во оваа инвестиција Чифлиганец вели дека дека е логичен след на растот на компанијата Адора која имаше 500 вработени, од кои 450 беа работници. За состојбата сега вели дека се останати само 27 вработени во менаџментот.

Кога дојдоа некои локални шерифи за градоначалници, на Адора ѝ беше оневозмоено да гради. Измислуваа мораториуми кои важеа само за Адора. Оттука, се решивме да влеземе во регулираниот бизнис на топланите. Пресметавме дека ќе можат да се вработат 100 врвни професионалци. Ние влеговме во топланите Исток и Запад за да и унапредиме, вели Чифлиганец.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/chifliganec-nasila-me-teraat-drzavni-institucii-da-potpisham-deka-gi-davam-pod-zakup-toplanite/

Тој објаснува дека Адора имала план да воведе еколошки иновации за загревање на Скопје преку т.н. базени со сол кои се загреваат на сончева енергија и се еколошки за азлика од мазутот.

Ние 12 месеци имаме сопственост над топланите но не се во наше владение. Стечајниот управник си зел награда од 150.000 евра, но ние владение немаме. Улогата на стечајниот управител е етичка и морална пред јавноста и пред купувачот. Министерството треба да ја преиспита оваа ситуација за понатаму да не се случуваат вакви работи. За платените пари треба да се добие наведената сопственост или да се вратат парите, но ништо од тоа иако на случајот работи цел тим адвокати, вели Чифлиганец.

Правниот тим на компанијата постојано поднесува барања и поднесоци до сите надлежни, меѓу кои и до Регулаторната комисија за енергетика, но без резултат.

Дали сегашната ситуација е времено преземање и национализација на Топлификација од страна на Владата, не знам, вели Чифлиганец.

Тој додава дека мора да се почитува приватната сопственост. Топланите се купени со кредит од НЛБ банка врз основа на хипотека во сооднос 1:4. Адора на овој кредит треба да врати камата од речиси милион евра во рок од десет години, вели Чифлиганец и додава дека годишната рата за кредитот е исто еден милион евра.

Чифлиганец објаснува дека недостигаат 1,6 милиони евра наплатени од граѓаните минатата година.

Адора нема да си дозволи да биде пречка скопјани да имаат топлинска енергија. Но, го бараме она што ни следува. Регулаторите не знаат каде се тие средства. БЕГ велат дека немаат пари и сметките им се празни. Технички, БЕГ веќе не постои во бизнис релациите. Долгот треба да го подмири Владата преку која било државна надлежна институција, а Адора ќе ги отстапи топланите на управување на државата со подмирување на закупнината за имотот за кој Адора плаќа данок на имот, вели Чифлиганец.

Од лани 22 декември БЕГ бесправно стопанисува со топланите без да има каков било договор со сопственикот, а тоа е Адора, објаснува Чифлиганец во СТУДИО 10 на ТВ24.

The post БЕГ бесправно стопанисува со топланите, им наплаќа на граѓаните, а парите никаде ги нема appeared first on Република.

]]>

Адора инженериг и јас лично последниве 12 месеци поминуваме низ вистинска голгота по купувањето на Топлификација, вели бизнисменот Ванчо Чифлиганец во СТУДИО 10 на ТВ24. Чифиганец вели дека топланите се платени 9,26 милиони евра и се купени на транспарентен начин. За мотивот за влегување во оваа инвестиција Чифлиганец вели дека дека е логичен след на растот на компанијата Адора која имаше 500 вработени, од кои 450 беа работници. За состојбата сега вели дека се останати само 27 вработени во менаџментот.
Кога дојдоа некои локални шерифи за градоначалници, на Адора ѝ беше оневозмоено да гради. Измислуваа мораториуми кои важеа само за Адора. Оттука, се решивме да влеземе во регулираниот бизнис на топланите. Пресметавме дека ќе можат да се вработат 100 врвни професионалци. Ние влеговме во топланите Исток и Запад за да и унапредиме, вели Чифлиганец.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/chifliganec-nasila-me-teraat-drzavni-institucii-da-potpisham-deka-gi-davam-pod-zakup-toplanite/ Тој објаснува дека Адора имала план да воведе еколошки иновации за загревање на Скопје преку т.н. базени со сол кои се загреваат на сончева енергија и се еколошки за азлика од мазутот.
Ние 12 месеци имаме сопственост над топланите но не се во наше владение. Стечајниот управник си зел награда од 150.000 евра, но ние владение немаме. Улогата на стечајниот управител е етичка и морална пред јавноста и пред купувачот. Министерството треба да ја преиспита оваа ситуација за понатаму да не се случуваат вакви работи. За платените пари треба да се добие наведената сопственост или да се вратат парите, но ништо од тоа иако на случајот работи цел тим адвокати, вели Чифлиганец.
Правниот тим на компанијата постојано поднесува барања и поднесоци до сите надлежни, меѓу кои и до Регулаторната комисија за енергетика, но без резултат.
Дали сегашната ситуација е времено преземање и национализација на Топлификација од страна на Владата, не знам, вели Чифлиганец.
Тој додава дека мора да се почитува приватната сопственост. Топланите се купени со кредит од НЛБ банка врз основа на хипотека во сооднос 1:4. Адора на овој кредит треба да врати камата од речиси милион евра во рок од десет години, вели Чифлиганец и додава дека годишната рата за кредитот е исто еден милион евра. Чифлиганец објаснува дека недостигаат 1,6 милиони евра наплатени од граѓаните минатата година.
Адора нема да си дозволи да биде пречка скопјани да имаат топлинска енергија. Но, го бараме она што ни следува. Регулаторите не знаат каде се тие средства. БЕГ велат дека немаат пари и сметките им се празни. Технички, БЕГ веќе не постои во бизнис релациите. Долгот треба да го подмири Владата преку која било државна надлежна институција, а Адора ќе ги отстапи топланите на управување на државата со подмирување на закупнината за имотот за кој Адора плаќа данок на имот, вели Чифлиганец.
Од лани 22 декември БЕГ бесправно стопанисува со топланите без да има каков било договор со сопственикот, а тоа е Адора, објаснува Чифлиганец во СТУДИО 10 на ТВ24.

The post БЕГ бесправно стопанисува со топланите, им наплаќа на граѓаните, а парите никаде ги нема appeared first on Република.

]]>
Чифлиганец: Купивме магла и ветер, топланите ги плативме а немаме владение над нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/chifliganec-kupivme-magla-i-veter-toplanite-gi-plativme-a-nemame-vladenie-nad-niv/ Fri, 30 Sep 2022 13:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=556067

Адора инженеринг ниту ќе биде пречка, ниту ќе биде алиби за (не)производство на топлинска енергија во Скопје, изјави Чифлиганец во емисијата Студио 10.

Во оваа држава може да се напише докторат за невладеење на правото и она што постојано го констатираат во своите извештаи Европската Унија и Стејт департментот. Странските инвеститори ја заобиколуваат нашата земја поради правната несигурност, сега се гледа и преку домашната инвестиција на Адора инженеринг во Топланите Исток и Запад.

Водителот Мишко Иванов изненадено констатира и праша како е можно тоа што сте го платиле да не можете да го добиете во владение, во меѓувреме, веќе 12 месеци некој друг бесправно да го користи, а вие ги плаќате ратите за кредитот. Дали можеби станува збор за злосторничко здружување меѓу институциите на дражавата, бидејќи прво БЕГ, а сега и државата сакаат бесправно да стопанисуваат со Топланите

Овде не владее правото, сопственоста е нешто свето. Работите треба со разговор, со дебата да се решаваат. Јас сум пријател, инвеститор кој ја сака оваа држава. Ова е домашна македонска инвестиција. Не мора државата да ги употребува членот 33 од Законот за управување со кризи, или членот 6 од Законот за енергетика, повикувам на разумни разговори. Ако сум изброил речиси 10 милиони евра, сакам адекватно без финансиска корист, да си ги наплатиме побарувањата и да се договориме со надлежните институции, ова го изјави Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на Адора инженеринг во Студио 10 на 24 вести.

Тој пред јавноста истакна дека Адора инженеринг нема да дозволи да биде ниту пречка, ниту алиби да не се произведува топлинска енергија во градот Скопје.

На институциите, на граѓаните, на скопјани, на метрополата на нашата земја Македонија, им порачувам дека ниту Ванчо Чифлиганец, ниту Адора инженеринг, ниту вработените, ниту моето семејство, нема да бидеме пречка или алиби за да нема топлинска енергија. И така немаме владение врз Топланите Исток и Запад, нека функционираат и нека работат. А јас ќе преживеам и ќе се борам понатаму. Кога ќе помине кризата, веројатно ќе покренам и некои други активности, со цел во Македонија да се менуваат состојбите на подобро, а не кон полошо, изјави Чифлиганец.

Тој додаде дека како бизнисмен се залага за владеење на принципот на еднаквост, на рамноправност, на владеење на правото.

Чифлиганец истакна дека поради нефункционирање на системот, на одредени институции и поединци, имотот на топланите е обезвреднет за 1,5 милиони евра. За амортизација секоја година од граѓаните се наплаќа по 600.000 евра, а од тоа само 10 отсто се инвестира, кај се тие пари, праша Чифлиганец.

И некој после на мене ќе покажува со прст дека условувам, напротив мене ме условуваат со невладеење на правото. Го бараме она што ни следува.  Регулаторната комисија треба да каже колку се тие средства и кој треба да ги исплати. БЕГ велат дека немаат пари и сметките им се празни. Технички, БЕГ веќе не постои во бизнис-релациите. Долгот треба да го подмири државата преку која било државна надлежна институција, а Адора ќе ги отстапи топланите на управување на државата со подмирување на закупнината за имотот, вели Чифлиганец.

Тој потенцира дека правниот тим на компанијата од 03.11. 2021 година, значи речиси една година се обидува и води голгота со институциите. А тоа значи дека од ноември лани БЕГ бесправно ги користи Топланите Исток и Запад. Поднесени се над 100 барања и поднесоци до сите надлежни институции.

Околу 25 дописи имаме поднесено до БЕГ за перземање на Топланите, исто толку и до стечајниот управник, до Регулаторната комисија за енергетика, до ЕСМ, до Владата, до надлежните министерства, но без резултат. Чифлиганец посочи дека бизнисмените сакаат да работат во Македонија, но под услови на рамноправност и фер односи во државата, без фаворизирање поради политички интереси.

Јас се согласувам дури и само да ми се покријат финансиските загуби и ќе им ги предадам топланите на оние кои бесправно ги користат, вели Чифлиганец.

Тој вели дека поради тие долгови за првпат во 45  години кариера ќе мора да потпише негативна годишна сметка. Чифлиганец се надева оти топланите функционираат,  бидејќи како што кажа тој воопшто не влегол таму и додава дека купиле „магла и ветер“. И покрај сето тоа Адора е спремна да направи купопродажен договор и да го продаде имотот за 8,8 милиони евра од кои 7 се отплата на преостанатиот кредит, објаснува Чифлиганец.

Чифиганец вели дека топланите се платени 9,26 милиони евра и се купени на најтранспарентен начин на јавна лицитација. За мотивот за влегување во оваа инвестиција Чифлиганец вели дека е логичен след на растот на компанијата Адора, која имаше 500 вработени, вредни инженери, техничари, архитекти, проектанти, пред се вредни работници.

Сега се останати само 27 вработени во компанијата.

Кога дојдоа некои локални шерифи за градоначалници, на Адора ѝ беше оневозможено да гради. Измислуваа мораториуми кои важеа за Адора и други компании. По сеопфатна анализа, направена од експерти се решивме да влеземе во регулираниот бизнис со топлинска енергија. Нашата мотивација беше да инвестираме во нови современи постројки, да добијат граѓаните подобра услуга и поволни цени. Сакавме да го имплементираме системот МОЛТЕН СОЛТ, инвестиција во фотоволтаици со кои се загрева солта, а солта ќе ја греа водата. Значи целосно нов, современ, еколошки начин на затоплување. Тоа значи целосно независен систем од енергенси како што е гасот, мазутот, нафтата. Сакавме сите 100 вработени во Топланите, врвни професионалци. Ние влеговме во топланите Исток и Запад за да ги унапредиме, вели Чифлиганец.

Зошто тоа не се случи, поради тоа што 12 месеци, плативме, имаме сопственост над топланите, но не се во наше владение. За платените пари треба да се добие наведената сопственост или да се вратат парите, но ништо од тоа во изминатите 12 месеци не се случи, вели Чифлиганец.

Стечајниот управник си зеде награда од 150.000 евра, но ние владение немаме, значи тој не си ја заврши работата. Министерството за правда треба да ја преиспита оваа ситуација за понатаму да не се случуваат вакви работи, додава тој.

Чифлиганец на крајот од интервјуто рече дека доколку некој не се согласува со изнесените ставови во интервјуто, повика на јавна дебата со него или со претставници на менаџментот на компанијата кои се одговорни за оваа инвестиција.

The post Чифлиганец: Купивме магла и ветер, топланите ги плативме а немаме владение над нив appeared first on Република.

]]>

Адора инженеринг ниту ќе биде пречка, ниту ќе биде алиби за (не)производство на топлинска енергија во Скопје, изјави Чифлиганец во емисијата Студио 10. Во оваа држава може да се напише докторат за невладеење на правото и она што постојано го констатираат во своите извештаи Европската Унија и Стејт департментот. Странските инвеститори ја заобиколуваат нашата земја поради правната несигурност, сега се гледа и преку домашната инвестиција на Адора инженеринг во Топланите Исток и Запад. Водителот Мишко Иванов изненадено констатира и праша како е можно тоа што сте го платиле да не можете да го добиете во владение, во меѓувреме, веќе 12 месеци некој друг бесправно да го користи, а вие ги плаќате ратите за кредитот. Дали можеби станува збор за злосторничко здружување меѓу институциите на дражавата, бидејќи прво БЕГ, а сега и државата сакаат бесправно да стопанисуваат со Топланите
Овде не владее правото, сопственоста е нешто свето. Работите треба со разговор, со дебата да се решаваат. Јас сум пријател, инвеститор кој ја сака оваа држава. Ова е домашна македонска инвестиција. Не мора државата да ги употребува членот 33 од Законот за управување со кризи, или членот 6 од Законот за енергетика, повикувам на разумни разговори. Ако сум изброил речиси 10 милиони евра, сакам адекватно без финансиска корист, да си ги наплатиме побарувањата и да се договориме со надлежните институции, ова го изјави Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на Адора инженеринг во Студио 10 на 24 вести.
Тој пред јавноста истакна дека Адора инженеринг нема да дозволи да биде ниту пречка, ниту алиби да не се произведува топлинска енергија во градот Скопје.
На институциите, на граѓаните, на скопјани, на метрополата на нашата земја Македонија, им порачувам дека ниту Ванчо Чифлиганец, ниту Адора инженеринг, ниту вработените, ниту моето семејство, нема да бидеме пречка или алиби за да нема топлинска енергија. И така немаме владение врз Топланите Исток и Запад, нека функционираат и нека работат. А јас ќе преживеам и ќе се борам понатаму. Кога ќе помине кризата, веројатно ќе покренам и некои други активности, со цел во Македонија да се менуваат состојбите на подобро, а не кон полошо, изјави Чифлиганец.
Тој додаде дека како бизнисмен се залага за владеење на принципот на еднаквост, на рамноправност, на владеење на правото. Чифлиганец истакна дека поради нефункционирање на системот, на одредени институции и поединци, имотот на топланите е обезвреднет за 1,5 милиони евра. За амортизација секоја година од граѓаните се наплаќа по 600.000 евра, а од тоа само 10 отсто се инвестира, кај се тие пари, праша Чифлиганец.
И некој после на мене ќе покажува со прст дека условувам, напротив мене ме условуваат со невладеење на правото. Го бараме она што ни следува.  Регулаторната комисија треба да каже колку се тие средства и кој треба да ги исплати. БЕГ велат дека немаат пари и сметките им се празни. Технички, БЕГ веќе не постои во бизнис-релациите. Долгот треба да го подмири државата преку која било државна надлежна институција, а Адора ќе ги отстапи топланите на управување на државата со подмирување на закупнината за имотот, вели Чифлиганец.
Тој потенцира дека правниот тим на компанијата од 03.11. 2021 година, значи речиси една година се обидува и води голгота со институциите. А тоа значи дека од ноември лани БЕГ бесправно ги користи Топланите Исток и Запад. Поднесени се над 100 барања и поднесоци до сите надлежни институции. Околу 25 дописи имаме поднесено до БЕГ за перземање на Топланите, исто толку и до стечајниот управник, до Регулаторната комисија за енергетика, до ЕСМ, до Владата, до надлежните министерства, но без резултат. Чифлиганец посочи дека бизнисмените сакаат да работат во Македонија, но под услови на рамноправност и фер односи во државата, без фаворизирање поради политички интереси.
Јас се согласувам дури и само да ми се покријат финансиските загуби и ќе им ги предадам топланите на оние кои бесправно ги користат, вели Чифлиганец.
Тој вели дека поради тие долгови за првпат во 45  години кариера ќе мора да потпише негативна годишна сметка. Чифлиганец се надева оти топланите функционираат,  бидејќи како што кажа тој воопшто не влегол таму и додава дека купиле „магла и ветер“. И покрај сето тоа Адора е спремна да направи купопродажен договор и да го продаде имотот за 8,8 милиони евра од кои 7 се отплата на преостанатиот кредит, објаснува Чифлиганец. Чифиганец вели дека топланите се платени 9,26 милиони евра и се купени на најтранспарентен начин на јавна лицитација. За мотивот за влегување во оваа инвестиција Чифлиганец вели дека е логичен след на растот на компанијата Адора, која имаше 500 вработени, вредни инженери, техничари, архитекти, проектанти, пред се вредни работници. Сега се останати само 27 вработени во компанијата.
Кога дојдоа некои локални шерифи за градоначалници, на Адора ѝ беше оневозможено да гради. Измислуваа мораториуми кои важеа за Адора и други компании. По сеопфатна анализа, направена од експерти се решивме да влеземе во регулираниот бизнис со топлинска енергија. Нашата мотивација беше да инвестираме во нови современи постројки, да добијат граѓаните подобра услуга и поволни цени. Сакавме да го имплементираме системот МОЛТЕН СОЛТ, инвестиција во фотоволтаици со кои се загрева солта, а солта ќе ја греа водата. Значи целосно нов, современ, еколошки начин на затоплување. Тоа значи целосно независен систем од енергенси како што е гасот, мазутот, нафтата. Сакавме сите 100 вработени во Топланите, врвни професионалци. Ние влеговме во топланите Исток и Запад за да ги унапредиме, вели Чифлиганец.
Зошто тоа не се случи, поради тоа што 12 месеци, плативме, имаме сопственост над топланите, но не се во наше владение. За платените пари треба да се добие наведената сопственост или да се вратат парите, но ништо од тоа во изминатите 12 месеци не се случи, вели Чифлиганец.
Стечајниот управник си зеде награда од 150.000 евра, но ние владение немаме, значи тој не си ја заврши работата. Министерството за правда треба да ја преиспита оваа ситуација за понатаму да не се случуваат вакви работи, додава тој.
Чифлиганец на крајот од интервјуто рече дека доколку некој не се согласува со изнесените ставови во интервјуто, повика на јавна дебата со него или со претставници на менаџментот на компанијата кои се одговорни за оваа инвестиција.

The post Чифлиганец: Купивме магла и ветер, топланите ги плативме а немаме владение над нив appeared first on Република.

]]>
Чифлиганец: Насила ме тераат државни институции да потпишам дека ги давам под закуп топланите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/chifliganec-nasila-me-teraat-drzavni-institucii-da-potpisham-deka-gi-davam-pod-zakup-toplanite/ Fri, 30 Sep 2022 11:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=555970

Адора инженеринг 12 месеци е сопственик на топланите Исток и Запад за кои има платено 9,26 милиони евра. Но, компанијата сѐ уште не може да добие владение врз топланите.

Поминуваме низ вистинска голгота по купувањето на Топлификација, вели бизнисменот Ванчо Чифлиганец во СТУДИО 10 на ТВ24.

Чифлиганец вели дека бизнисмените сакаат да работат во Македонија, но под услови на рамноправност и фер односи во државата, без фаворизирање поради политички интереси.

Јас се согласувам дури и само да ми се покријат финансиските загуби и ќе им ги предадам топланите на оние кои бесправно ги користат, вели Чифлиганец.

Тој вели дека поради тие долгови за првпат во 45 години кариера ќе мора да потпише негативна годишна сметка.

Мене насила ме тераат државни институции да потпишам дека ги давам под закуп топланите, но не се споменува исплатата на долговите од 550.000 евра за кои не се знае каде се. Се бара закуп во смисла на управување со топланите, а кредитите да продолжи да ги отплаќа Адора. Адора е спремна да направи купопродажен договор и да го продаде имотот за 8,8 милиони евра од кои 7 се отплата на преостанатиот кредит, објаснува Чифлиганец.

Чифлиганец вели дека се надева оти топланите функционираат оти тој воопшто не влегол таму и додава дека купиле „магла и ветер“.

The post Чифлиганец: Насила ме тераат државни институции да потпишам дека ги давам под закуп топланите appeared first on Република.